![]() |
|
Крштевање на мали деца? |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 11121314> |
Автор | |||||
DDarko ![]() Сениор ![]() ![]() Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Да, но од тие 400 милиони протестанти како бебиња се крстени 200 милиони, па потоа се обратиле кон Евангелската вероисповед и да потсетам, сите сме крстени како бебиња кој потекнуваме од Христијанско семејство.
|
|||||
![]() |
|||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Даре, од времето на апостолите до 3-4 век немаме крштевање на бебиња. Првото масовно покрстување на деца, всушност се случува кога паганинот Константин, шо врска немал од верата, од политички цели во 4 век наредува крштевање на целата популација и со тоа децата. Значи не се христијаните тие што отстапиле од таа света дејност (библиското крштевање), туку тоа биле прво католиците, а со нив у пакет и православните кои подоцна нели ке отстапат од нив.
И уште нешто. Одговори ми Даре, по што треба да се води еден христијанин, по мнозинството или по Божјиот Збор? Дали Исус кога беше искушуван од Сатаната во пустината да се поклони пред него рече: "Па целиот свет ти се поклонува, тогаш дај и јас да ти се поклонам", или пак рече: "Пишано е: само на Господ Својот Бог поклонувај му се!"
А околу тие "неколку илјадници" само да те потсетам дека во светот постојат околу 400 милиони протестанти! Само за спореда, вкупниот број на православни во светот е 218 милиони. Значи скоро половина ![]() Изменето од EvAngelos - 11.Август.2009 во 16:20 |
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
![]() |
|||||
izvoren ![]() Сениор ![]() Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Тогаш Исус им говореше на Јудејците што беа поверувале во Него: “Ако вие останете при Моето слово, навистина ќе бидете Мои ученици;
Jovan 8:31 Многу јасно кажал Христос кои може да бидат Негови ученици односно христијани. Затоашто тука им се обрака на Јудејците што поверувале во Него,ама нагласува ако вие останете при Моето Слово, и тоа неслучајно Го напоменал затоашто Бог ги познава срцата на лугето. Заклучок! Не значи дека сите што поверувале во Христос па станале и Негови ученици. Изменето од izvoren - 11.Август.2009 во 16:19 |
|||||
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
|
|||||
![]() |
|||||
DDarko ![]() Сениор ![]() ![]() Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
А ако погледнеме дека сите Христијани ги крштеваат своите деца уште како бебиња, само неколки илјадници Протестанти, отстапиле од таа света дејност.
|
|||||
![]() |
|||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Точно така. Ние можеме да се молиме и за некој муслиман и Бог, преку нашата вера, да го исцели, но тоа не значи дека преку нашта вера тој може сосила да се крштева или пак да добие опростување на гревовите и вечен живот.
Христијанството не е државна или национална религија како што тоа сака да го претстави МПЦ, туку тоа е ЛИЧНА ВЕРА. Секој лично ќе си одговара на судниот ден и тука нема да помогнат никакви врски, никакви кумови, чичковци, братучеди, директори и сл. Кај Бог нема фаќање врски, нема протекции, нема непотизам!
|
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
![]() |
|||||
AlDra ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Одлична анализа ЕвАнгелос!
|
|||||
Вера, надеж, љубов
|
|||||
![]() |
|||||
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Ветувањето не се однесува на крштевањето, туку на придобивките за оние кои што ќе се покајат и ќе се крстат, а тоа се: простување на гревовите и примање на дар од Светиот Дух. Ветувањето е дадено за сите, но не е дадено насила, туку ќе го примат само оние што ќе се покајат и ќе се крстат, а бебето може да се покае само откако ќе стане свесно за гревот, во спротивно тоа би било лажно/лицемерно покајание.
Понатаму, во фразата "ова ветување е за вас, вашите деца и за сите далечни..." делот "вашите деца" не се однесува на бебињата на тогашните слушатели, туку се однесува на нивните потомци (значи нивните возрасни деца, па потоа нивните возрасни внуци итн), во спротивно ќе заклучиме дека внуците на тогашните слушатели немаат дел во ова ветување. Но ние знаеме дека тоа ветување е за сите луѓе, па оттаму следува дека фразата "за вашите деца" динамично преведена значи "за вашите потомци".
Не знаев дека православните ги крштеваат и тревата, дрвата, врапчињата и магарињата
![]() Заборави да го напишеш и продолжението на горниот стих, кој продолжува: "Кој поверува и се крсти, ќе биде спасен." Редоследот е јасен! (хаха дури и се римува
![]()
А од каде знаеш дка имало мало дете во тие домови? Зарем не е ова вадење догма од молк? Зарем не е ова зборување во името на Светото Писмо онаму каде што тоа молчи?
ahmar1, одговори ми, дали може едно бебе сексуално да силува еден маж?
Не станува тука збор дали тие се достојни и дали смеат да бидат дел од црквата, туку дали се спремни согласно предусловите за крштевањето да бидат правилно и библиски крстени.
Зарем муслиманките бебиња не се достојни да бидат дел од црквата? Зарем тие не смеат да бидат дел од неа? Зарем не се и тие Божји созданија?
Или пак, тоа што Хитлер и Сталин ги "крштевале" како бебиња дали тоа ги удостоило да го примат Светиот Дух и да бидат дел од црквата?
Не знам за баптистите, нека се произнесат на ова прашање, но и јас би сакал да ти одговорам на ова прашање.
Не станува збор дека христијаните им забрануваат на децата да се крштеваат. Тие радо би ги облекле во Христос и пред тие да бидат родени доколку е тоа можно. Но факт е дека тоа не е можно. Да се "облечеш во Христос" значи СВЕСНО да се идентификуваш со Него, со Неговата смрт, погребување и воскресение. Да се облечеш во Христос значи да станеш Христолик, да го одразуваш Неговото учење, Неговиот карактер - нешта кои не се својствени за едно бебе кои ниту може да го знае Христовото учење, ниту знае кој е Христос, туку се што знае е да ја џвака цуцлата кога му се пие млеко
![]() |
|||||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|||||
![]() |
|||||
izvoren ![]() Сениор ![]() Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Сето ова што си го навел нема никаква врска со бебекрштевањето.Застапничка молитва постоела и постои во христијанството. Крштевањето е јавно индивидуално исповедање на верата во Исус Христос и покајание.Така да одбраната на бебекрштевањето ти е хаотична и неоснована. |
|||||
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
|
|||||
![]() |
|||||
AlDra ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 823 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Мислам дека веќе има отворено ваква тема, па би им сугерирал на модераторите таму да ги префрлат овие постови. Доста имав пишувано на оваа тема и не би сакал да се повторувам и овде.
|
|||||
Вера, надеж, љубов
|
|||||
![]() |
|||||
ahmar1 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Изворен,дали има примери во евангелието кога Христос лекувал болни,па дури и воскреснувал мртви поради верата на други луѓе,главно роднини и пријатели? мало потцетување..Слугата во капернаум оздраве поради верата на својот господар(Матеј 8.5-11),па ќерката на хананејката поради верат на својата мајка(Матеј15.22-28),ќерката на Јаир поради молбата на нејзините родители(Матеј9.18-25)и болното момче поради верата на таткото(која и не била голема на почетокот)Марко 9.17-27.Зашто тоа би било поразлично од кумот и бебете кои се крштева. Изменето од ahmar1 - 11.Август.2009 во 14:40 |
|||||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
|||||
![]() |
|||||
ahmar1 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Братко Еванглеосе,ептен доста работи си пишал,ќе се обидам да бидам што пократок и поконцизен(заради јасност и поголема прегледност).
Од Делата Апостолски селективно цитираш,еве ги стиховите кои се пред стихот 41: мислам тука настихот 38: А Петар им рече: “Покајте се! И секој од вас нека се крсти во името на Исус Христос за на проштавањето на вашите гревови, и ќе го примите дарот на Светиот Дух. 39. Зашто, ова ветување е за вас,за вашите деца и за сите далечни, колку што Господ, нашиот Бог, ќе ги повика кај Себе си.” Значи и после овој стих децата според тебе не се повикани од Христос?! Oва ти беше јако: "крштевањето е само завет и идентификација со Исус Христос." Ај пак да се вратaм на стихот 38 од Делата Апстолски кога Петар им зборува на јудејците, од каде логично произлегува дека покајанието без крштевањето не дава плод-простување на гревот. За каква сега идентификација ти збориш?! Ако нели сега треба да сме буквалисти зошто претходно не го спомнеш стихот 15 од Евангелието по Марко: Па им рече: "Одете по сиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." Вели да се проповеда на секое создание, а секое создание е и тревата, дрвата и врапчето и магарето. Но според тебе и твоја вера, децата не спаѓаат во тоа во никој случај изгледа! Ај сега за примерите за крштевање во Светото Писмо. Дела18:8 А Крисп, началник на синагогата, поверува во Господ заедно со целиот свој дом; и мнозина Коринтјани, слушајќи го Павле, поверуваа и беа крстени. Дела 16:33 Во истиот час таа ноќ тој ги прими дома и им ги изми раните. Потоа веднаш беше крстен тој самиот и сите негови домашни. 34 Тогаш ги одведе горе во својата куќа, постави трпеза и се зарадува со целиот свој дом, зашто поверува во Бога. Дела Ап.16:15 А кога беше крстена таа ,и нејзините домашни не замоли и рече: „Ако сте ме признале за верна на Господ, тогаш влезете во мојата куќа и престојувајте во неа!” И не принуди. Зарем немало ниедно дете во тие домови?! Но и ова сакам да го истакнам,нели светиот апостол Павле вели : 1 Коринтјаните 12:13 Зашто преку еден Дух сме крстени сите во едно тело - било Јудејци или Елини, било робови или слободни; и сите сме со еден Дух напоени. И во Галатјаните: 3:27 сите, што сте крстени во Христос, во Христос се облековте. Значи прво вели дека крстените примаат Дух Свети(зарем бебињата не се достојни за тоа?) Второ,вели дека во едно тело се крстени,а телото е Црквата(зерем децата не смеаат да бидат дел од црквата?) Трето, тој што се крстил во Христа во Христа се облекол(па кој се па баптистите да забрануваат децата во Христа да се облекуваат?) И за на крај(да не бидам предолг)те молам објасни ми ги овие стихови: Марко10:38 Но Тој им рече: „Не знаете што барате! Можете ли да ја испиете чашата што ја пијам Јас и да се крстите со крштавањето, со кое се крштавам Јас?” 10:39 Тие одговорија: „Можеме.” А Исус им рече: „Чашата, што ја пијам Јас, ќе ја пиете и вие, и со крштавањето, со кое се крштавам Јас, ќе се крстите; Се поставува прашањето -зарем апстолите не биле крстени претходно? за какво крштевање се збори тука? се надевам нема многу тешко да ти биде да одговориш. фати се сега за новиот завет и учи. Изменето од ahmar1 - 11.Август.2009 во 15:12 |
|||||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
|||||
![]() |
|||||
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
DDarko, drzhi se za temata...
|
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
![]() |
|||||
DDarko ![]() Сениор ![]() ![]() Миротворец Регистриран: 14.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 4356 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Eheh sveshtenikot duva vo bebeto, mozhebi neshto sluchajno si videl...
Ustvari mozhebi imash pravo, zatoa sega sum nastinat jas od promaja. ![]() Vie velite taka za nasheto krshtevanje, a pak shto jas da kazham za vasheto lazhno iscelenie? ![]() |
|||||
![]() |
|||||
izvoren ![]() Сениор ![]() Регистриран: 12.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 700 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
После ова објаснување на Evangelos секој нормален човек не треба да се двоуми дали воопшто треба или не треба да се крштеваат бебињата.
Сакам да надополнам дека и во крштевањето на бебињата има некои ритуални (пагански) елементи кадешто попот бара од кумот да плука по сатаната па да го згазне истото, па попот дува трипати во бебето, му отсекува од косата итн. Практично за време на крштевањето кумот ја има главната роља, тој се одрекува од сатаната, тој трипати кажува дека верува во Христос итн.Во тој случај излегува дека кумот се крсти, а не бебето. Изменето од izvoren - 11.Август.2009 во 13:05 |
|||||
Исус и рече: „Нeли ти реков дека ќе ја видиш Божјата слава, ако веруваш?”
|
|||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 11121314> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |