IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Најубавите стихови во Библијата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Најубавите стихови во Библијата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 98>
Автор
Порака Обратен редослед
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2013 во 06:31
Благој, сакам да верувам дека ти свесно можеби немаш ништо против другите вери или спрема човекот, но со самото прифаќање на учењето на твојата религија, ти во пракса правиш сосема друго т.е. несвесно ги осудуваш, (потценуваш, негираш ...) сите други кои не се како/со тебе.
Прочитај ги уште еднаш означените зборови од претходниот мој пост (секој пар во соодветна боја) и размисли за тоа.
Еве, со самиот цитат од библијата кој го наведуваш, повторно се гледа тоа за што ти зборувам:
Originally posted by Blagoj_s Blagoj_s напиша:

...
10 Испитувајте што Му е угодно на Господа!
17 Затоа не бидете неразумни, туку разберете што е Господова волја!
==Ефесјаните 5:10,17 ; Библија==

Значи јас, како атеист, сум неразумен човек затоа што не сакам да ја разберам и прифатам господовата воља?!
Ако ова не е потценување на друг кој не е како тебе, тогаш незнам што може тоа да биде!
Реков и на почетокот, ти иако свесно сакаш да ги почитуваш сите луѓе (што е сосема нормално), со самото прифаќање на одредена теолошка догма, ти го правиш сосема спротивното.
Да те прашам, дали јас сум против тебе?
Зошто те прашувам?
Затоа што не сум со тебе!
А штом не сум со тебе, значи сум против тебе! Зарем не вика така твојот месија? И што ќе правиш ти? Ќе ме имаш ли за мој пријател или непријател?


Р.Ѕ. Оваа ситуација ме потсети на една одамна прочитана книга „Глувци и луѓе“ од Џон Штајнбек, во која еден малку луд човек сакајќи да направи добро дело го прави сосема спротивното.
Те молам немој погрешно да ме разбереш дека сакам да те направам луд, туку поентата ми е да направам паралела меѓу намерата и крајниот исход.
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2013 во 11:19
Само да кажам дека немам ништо против ниедна религија а уште помалку омраза против човек- верувајте,секој има слободна волја на избор и ве молам не ме разбирајте погрешно.


10 Испитувајте што Му е угодно на Господа!
17 Затоа не бидете неразумни, туку разберете што е Господова волја!
==Ефесјаните 5:10,17 ; Библија==
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2013 во 10:08
Пред 6-7 месеци пишав еден пост (на страна 67) на кој од Меси го добив следниов одговор:
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Само цитирање на стихови, без анализирање и дискутирање за нив, мало е фајдето.

И го почитувам тоа.
Гледам сега Благој_с   си зема за право да коментира, па си реков, во ред е, некогаш е добро да се направи една мала пауза, да се пише некој пост оф топик.
Благој, те молам одговори ми, , се разбира доколку сакаш, зошто секогаш се обидуваш/те, да ја поврзеш твојата православна христијанска вера со убаавите човекови особини, еве на пример со моралот? Или уште попрецизно, зошто сите други кои не припаѓаат во твојата православна христијанска вера ги сметаш за неверници, плашливинепослушни, нечесни, неморални, „слепи“, неодлучни ... ?
Originally posted by Blagoj_s Blagoj_s напиша:

Да го избереме патот на вистината
... Постојат две големи начела според кои се раководат луѓето, едното е верност спрема Бога, а другото е неверност. На сите нас ни е потребна повеќе христијанска храброст за да високо го воздигнеме знамето со натпис: “Божјите заповеди и верата Исусова...” Демаркационата линија помеѓу послушните и непослушните мора да биде јасна и одредена. Мораме да бидеме цврсто определени Божјата волја да ја извршуваме во секое време и на секое место...
Христијанската сила се стекнува со верноста во Господовата служба. Момчињата и девојките треба да сфатат дека да се биде едно со Христа претставува највозвишена чест која што луѓето можат да ја добијат. Со најцврта верност тие треба да се изборат за морална независност, и таа независност треба да ја одржат наспроти сите влијанија кои што можат да се обидат да ги одвратат од вистинските начела.
Луѓе со силен ум ќе изнесуваат тврдења кои што немаат темел во вистината. Затоа очите на својот ум намачкајте ги со небесната маст за очи за да ја воочите разликата помеѓу вистината и заблудата. Истражувајте ги Светите списи, и секогаш цврсто држете се до правилото “Така вели Господ”.
Во својата книга “Патувањето на поклоникот”, Буњанин еден од сопатниците го нарекува “Попустлив”. Млади чувајте се од таквиот карактер. Со тоа се прикажани оние кои што се многу приспособливи и еластични, а всушност се како трска која што се витка на ветрот. Тие немаат сила на волјата. Сите млади треба да ја негуваат доблеста одлучност. Неодлучноста е вистинска стапица која што претставува пропаст за многумина. Ако не бидете цврсти и непоколебливи, вие зградата на својот карактер ја градите на темелите на непостојан песок.
Христовиот поглед на светот е правило на христијанскиот живот. Целото суштество треба да биде проникнато со живототворните начела на небото. На ништо друго не треба да му се посвети толку време и внимание како на здравата и посветена библиска побожност.

Каква е оваа ваша верска поука со која ги потценуцвате, ги омаловажувате ги навредувате сите останати кои не се како вас (припадници на други вери и атеисти)? Тоа ле е таа ваша здрава побожност? Или се придржуваш на поучните зборови на твојот месија: „Тој што не е со мене, тој е против мене“?
На тоа ли треба да ги учиме младите, а?

Затоа сметам дека е подобро да си продолжиш (се разбира, на оваа тема) со постирање на најубавите стихови од библијата. Не сакам ти да направиш грев со тоа што ќе постираш некои понеубави и лоши стихови и со тоа да ја предизвикаш божјата лутина, божјиот бес и божјата казна да падне врз тебе. Остави ми ги тие стихови мене, јас ќе ги пишам.

btw. Верувам дека не си ја приметил следнава порака (од стр. 78), па уште еднаш би те замолил да ми одговориш. Се разбира, доколку знаеш и сакаш!
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

Одамна ја немам прочитано библијата и, многу работи сум заборавил.
Колку што се сеќавам во неа тој секогаш е со лоша воља, се нешто забранува, постојано прети со некакви закани, со некакви казни,  со убиства, со страдања, жртви, крв  ... но не само што прети туку и ги извршува, постојано поддржува и помага војни (се разбира на сопствениот народ) ...
Неможам да се сетам, каде во библијата пишуваше дека бог бил расположен, дека се насмеал, дека се израдувал или дека тоа им го препорачува на луѓето?
Затоа би ги замолил читателите доколку ги најдат тие стихови, да ги пишат.


Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2013 во 10:27
Да го избереме патот на вистината

“Јас го одбрав патот на вистината, пред очите ги ставив Твоите одлуки. Јас цврсто се прилепив до Твоите прописи, о Господи, немој да ме посрамуваш!”
==Псалм 119:30-31 ; Библија==


Постојат две големи начела според кои се раководат луѓето, едното е верност спрема Бога, а другото е неверност. На сите нас ни е потребна повеќе христијанска храброст за да високо го воздигнеме знамето со натпис: “Божјите заповеди и верата Исусова...” Демаркационата линија помеѓу послушните и непослушните мора да биде јасна и одредена. Мораме да бидеме цврсто определени Божјата волја да ја извршуваме во секое време и на секое место...
Христијанската сила се стекнува со верноста во Господовата служба. Момчињата и девојките треба да сфатат дека да се биде едно со Христа претставува највозвишена чест која што луѓето можат да ја добијат. Со најцврта верност тие треба да се изборат за морална независност, и таа независност треба да ја одржат наспроти сите влијанија кои што можат да се обидат да ги одвратат од вистинските начела.
Луѓе со силен ум ќе изнесуваат тврдења кои што немаат темел во вистината. Затоа очите на својот ум намачкајте ги со небесната маст за очи за да ја воочите разликата помеѓу вистината и заблудата. Истражувајте ги Светите списи, и секогаш цврсто држете се до правилото “Така вели Господ”.
Во својата книга “Патувањето на поклоникот”, Буњанин еден од сопатниците го нарекува “Попустлив”. Млади чувајте се од таквиот карактер. Со тоа се прикажани оние кои што се многу приспособливи и еластични, а всушност се како трска која што се витка на ветрот. Тие немаат сила на волјата. Сите млади треба да ја негуваат доблеста одлучност. Неодлучноста е вистинска стапица која што претставува пропаст за многумина. Ако не бидете цврсти и непоколебливи, вие зградата на својот карактер ја градите на темелите на непостојан песок.
Христовиот поглед на светот е правило на христијанскиот живот. Целото суштество треба да биде проникнато со живототворните начела на небото. На ништо друго не треба да му се посвети толку време и внимание како на здравата и посветена библиска побожност.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2013 во 01:33
Ехе, има многу вакви мои омилени стихови. Ама сега веќе е доцна     
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2013 во 00:11
За ова имаме дискутирано и порано... демек, непогрешлиот Бог првин создава нешто што е добро, а потоа увидува дека не било добро, па сето тоа го уништува... нема логика нели ?

Е па нема кога книгите се пишувани, препишувани, менувани, додавани, вадени... настрана што тие не се пишана историја и не треба буквално да се разбираат. голема насмевка


Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2013 во 00:05

Генезис (Битие)

Глава 1:

27 Бог го создаде човекот во Својот лик, Тој го создаде во Божјиот лик; ги создаде машко и женско.  

31 И Бог виде сè што направи, и ете, беше многу добро. И бидна вечер, па утро - шести ден.


Глава 6:

5 Господ виде колку е голема човековата расипаност на земјата и дека секоја мисла во неговата памет секогаш е само зло.

6 Господ воздивна и се натажи во Своето срце дека го создаде човекот на земјата.

7 Господ рече: „Ќе ги истре**м луѓето што ги создадов од лицето на земјата - од човекот до ѕверот, ползачите и птиците во воздухот - зашто се покајав што ги создадов.


Зошто и нив? Што тие му згрешиле?

Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2013 во 13:04
11 ”Достоен си, Господи и Боже наш, да ја примиш славата, и честа и силата, зашто Ти си создал сè, и заради Твојата волја суштествува сè и е создадено.”
==Откровение 4:11 ; Библија==

„Амин! Благослов и слава; и премудрост и благодарност; и чест и сила и моќ на нашиот Бог во сите векови. Амин!”
==Откровение 7:12 ; Библија==

2 И видов нешто како стаклено море, измешано со оган, и оние кои го победија Ѕверот и неговиот лик и бројот на неговото име, - стоеја на стакленото море и имаа Божји китари,
3 и ја пееја песната на Мојсеја, Божјиот слуга, и песната на Јагнето, велејќи: „Големи се и прекрасни Твоите дела Господи Боже, Сèдржителу! Праведни и вистински се Твоите патишта - Цару на народите.
4 Кој нема да се уплаши од Тебе, Господи, и не ќе го прослави Твоето име? Зашто само Ти си свет; сите народи ќе дојдат и ќе се поклонат пред Тебе, зашто се покажаа Твоите праведни судови!”
==Откровение 15:2-4 ; Библија==
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2013 во 10:12
Јован 4:22 „Вие не знаете на што му се поклонувате; ние знаеме на што му се поклонуваме, зашто Спасението доаѓа од Јудејците.“
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Ноември.2013 во 12:31
Зашто, сите сте Божји синови преку верата во Христа Исуса, зашто сите, кои се крстивте во Христа, се облековте со Христа. Нема веќе ни Јудеец ни Грк, нема веќе ни роб ни слободен, нема веќе ни машко ни женско, зашто вие сите сте едно во Христа Исуса.
*Галатите 3:26-28

И славата што Ми ја даде, им ја дадов ним, за да бидат едно, како што Сме Ние едно
*Јован 17,22

Јас и Татко Ми едно сме.

*Јован 10,30
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2013 во 10:39
1 Јованово: 5:4,5

зашто сè што е родено од Бога, го победува светот; и ова е победата која го победи светот: нашата вера.
Кој е тој, кој го победува светот, ако не оној, кој верува дека Исус е Божји Син?



Надевај се на Него, народе, во секое време, излевајте ги срцата пред Него: Бог е наше засолниште!

Псалми 62:8
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Ноември.2013 во 12:27
БИБЛИЈАТА СТОИ ПРЕД СЕ ДРУГО

“Повикај Ме, и ќе ти одговорам и ќе ти откријам големи и недостижни тајни за кои што незнаеш ништо.” (Еремија 33:3 ; Библија)



Ниедно проучување не може толку да ја облагороди и да ја воздигне секоја мисла, секое чувство и секој копнеж како што тоа може да го направи проучувањето на Библијата. Ниедна друга книга не може да понуди такво задоволување на умот желен за сознанија ниту на срцето кое што ја бара вистината. Со стекнувањето на знаење за Божјата Реч и со слушањето на вистината, луѓето можат да се воздигнат од најголемите длабочини на незнаење и пониженост, и да станат Божји синови и да се дружат со безгрешните ангели...
Како воспитна сила Библијата е пред сето друго. Ништо не може да даде таква сила на секоја умна способност како напор да се сфатат чудесните вистина на откровението. Умот постепено се прилагодува на она на кое што постојано се задржува. Ако постојано е обземен само со неважните секојдневни случувања и грижи, умот отапува и слабее.
Со ширината и разноврсноста на својот стил и предмет, Библијата има по нешто со што може да го заинтересира секој ум и да апелира на секое срце. Нејзините едноставно изразени вистини опфаќаат начела што се возвишени како небото и кои што ја опфаќаат вечноста. Нема ситуација во животот, ниту развојна фаза во човечкото искуство за која што Библијата не содржи вредни поуки. Владетел и следбеник, господар и слуга, продавач и купувач, оној што дава на заем и оној што го прима заемот, родител и дете, учител и студент, - сите во Светото писмо можат да најдат поуки од непроценлива вредност.
Но, над сето друго, Божјата Реч пред нас го изнесува планот на спасението, покажува како грешните луѓе можат да се измират со Бога, ги изложува големите начела на вистината и должностите според кои треба да се раководиме во животот, и ни ветува божествена помош во примената на тие начела. Таа досегнува и подалеку од овоземскиот минлив живот, подалеку од кратката и мачна историја на човечкиот род. Пред окото на верата таа го открива широкиот видик на бескрајните векови - векови непомрачени со грев, незамаглени со тага и болка.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Ноември.2013 во 10:32
ОДГОВОР НА МОЛИТВИ

1 Јован

13 Ова ви го напишав вам, кои верувате во името на Божјиот Син, за да знаете дека имате вечен живот и да верувате во името на Божјиот Син.
14 И ова е смелоста која ја имаме кон Него: дека нè слуша ако просиме нешто по Неговата волја.
15 И кога знаеме дека нè слуша, што и да Го молиме, знаеме дека ги имаме добиено молбите што ги побаравме од Него.
16 Ако некој го види својот брат да врши грев, што не води кон смрт, нека моли, и ќе му даде живот, имено на оние, кои не вршат грев што води кон смрт. Има грев што води во смрт, за тој грев не велам да моли.
17 Секоја неправда е грев, а има грев што не води во смрт.
18 Знаеме дека ниеден, кој е роден од Бога, не греши, туку родениот од Бога се пази себеси и лукавиот не се допира до него.
19 Знаеме дека ние сме од Бога, а целиот свет е во власта на лукавиот.
20 Исто така, знаеме дека Божјиот Син дојде и ни даде разум, за да Го познаеме Вистинскиот. И ние сме во Вистинскиот, во Неговиот Син Исус Христос. Тој е вистински Бог и вечен живот.
21 Дечиња, пазете се од идолите. Амин!
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2013 во 10:40
Псалм 23

1 Господ *е Пастир мој, ништо нема да ми недостасува,
2 Он ме пасе на плодни пасишта и ме води на тихи води,
3 ја поткрепува душата моја, ме води по патот на правдата заради името Свое.
4 Кога би тргнал и по долината на смртната сенка, нема да се исплашам од злото, зашто Ти си со мене; Твојот жезал и Твојата палка ме успокојуваат.
5 Си приготвил пред мене трпеза на очиглед на непријателите мои, си ја помазал главата моја со елеј; и чашата твоја ме напојува со блаженство.
6 И милоста Твоја така да ме придружува преку сите денови на мојот живот, и јас ќе престојувам во домот Господов засекогаш
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 98>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,391 секунди.