![]() |
|
МУЗИЧКИ ВЕСТИ |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1112131415 32> |
Автор | |||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Се идентификувам со Надал
Популарната пејачка Шакира конечно проговори пред јавноста во врска со наводната врска со тенисерот Рафаел Надал. Таа објасни дека одлуката да го повика Надал во својот спот за песната Gypsy се должела на тоа што таа на некој начин се идентификува со него. Гласините за наводната врска помеѓу колумбиската поп ѕвезда и познатиот тенисер започнаа откако парот беше забележан на интимна вечера, по повод снимањето на спотот за новата песна на Шакира, Gypsy. извор |
|||
![]() |
|||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
"Аеросмит" ќе свири на 18 јуни во Бук*решт
Американската рок група "Аеросмит" ќе одржи концерт во Бук*решт на 18 јуни, соопшти агенцијата Медиафакс. Тој е дел од новата европска турнеа на групата, што започнува на 10 јуни во Шведска. Сé уште не е познато местото каде што ќе се одржи концертот во романската престолнина. "Вративме се, на барање на публиката, со поголем отсекогаш ентузијазам", вели солистот на групата Стивен Тејлор. Освен во Шведска групата ќе одржи концерти во Лондон, Грција, Холандија, Белгија, Шпанија, Франција, Чешка и Италија. |
|||
![]() |
|||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Боб Дилан ќе одржи концерт во Белград
Легендарниот американски кантавтор Боб Дилан во јуни ќе одржи концерт во белградската Арена. Публиката во Белград после 19 години и концертот што го одржа на 11 јуни 1991 година на стадионот „Галеника“ во Земун, ќе има шанса повторно да го слушне Дилан чиј настап го организира продуцентската куќа „Авалон“, неофицијално дознава српскиот весник „Блиц“. Роберт Ален Цимерман е роден во 1941 година во Минесота. Како тинејџер Дилан најголемиот дел од времето го поминувал слушајќи радио станици кои пуштале блуз музика, кантри и рокенрол. Во средно училиште основал две групи, а во школскиот Алманах како своја животна амбиција напишал дека би сакал да му се приклучи на Литл Ричард. Во 70-тите и 80-тите години Дилан експериментираше со музичките стилови што наиде на различни критика во јавноста. Тој на 7 јуни 1988 ја почна својата позната „Never ending“ турнеја која се уште трае, а до крајот на 2008 Дилан со својот бенд одржа повеќе од 2.100 концерти. Во октомври минатата година тој го издаде албумот „Christmas in the heart“ на кој се наоѓаат традиционални божиќни песни, а целиот приход од продажбата оди во хуманитарни цели. Во рамките на овогодишната турнеја која почнува на 12 март во Осака во Јапонија, освен во Белград Дилан ќе одржи уште еден концерт во земјите од регионот. Концертот во Скопје се уште не е извесен. |
|||
![]() |
|||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Утре започнува македонскиот избор за песна на Евровизија
Кој и со каква песна ќе не претставува на годинешниов Избор за песна на Евровизија е едно од најчесто поставуваните прашања во македонската јавност. Одговорот на поставеното прашање ќе го дознаеме во сабота некаде пред полноќ. Но, да тргнеме по ред. Македонија годинава по единаесетти пат ќе избира претставник за настап на најстарата европска музичка манифестација која ќе се одржи на 25, 27 и 29 мај во Осло, Норвешка. Според ждрепката, македонскиот претставник ќе настапи во првата полуфинална вечер. Доколку оствари пласман, ќе настапи во финалето на 55-тиот по ред Избор за песна на Евровизија. Македонскиот избор ќе се одржи на утре, задутре и во сабота во Универзалната сала во Скопје. Според програмата, во двете полуфинални вечери ќе бидат изведени 28 композиции. Најдобрите ќе настапат на финалната вечер во сабота на која ќе биде избран годинешниов македонски претставник. Победникот ќе го дадат гласовите на гледачите кои ќе можат да гласат преку телевоутинг и жири комисија во сооднос 50-50. Пропозициите за гласање ќе бидат детално објаснети во текот на трите фестивалски вечери. Жири комисијата ќе биде составена од шест члена и тие јавно ќе ги соопштуваат своите гласови. Телефонското гласање ќе започне со почетокот на краткото потсетување (рекапитулар) на сите финалисти и ќе трае 15 минути. Ќе може да се гласа од сите оператори, од фиксни и мобилни телефони и со испраќање СМС пораки. Според листата на учесници и годинава ќе доминираат млади, надежни пејачи, додека меѓу авторите има потврдени имиња и поранешни победници. Песните се со различен стил и истите ќе се изведуваат на матрица со вокал во живо. Маја Вукичевиќ - Се радувам на моето враќање на домашниот Избор за песна на Евровизија. Ќе настапам со песната „Фама”. Станува збор за супер модерна, динамична и би рекла клупска песна со певлив рефрен. Очекувам да победам, зашто инаку би била овде, хаха. Имам хит песна и сигурна сум дека по изборот ќе биде многу слушана. Посакувам успех на сите учесници. Влатко Лозановски - Пред се сакам песната „Летам кон тебе" да ја донесам онака како што сум ја испеал во студио. Станува збор за поп-рок балада со етно елементи. Се надевам дека на публиката ќе и се допадне песната, и секако би ми било голема чест и задоволство доколку таа песна ја претставува Македонија на Евровизија. Сепак на изборот има и други песни и квалитетни вокали и се надевам дека сите ќе дадат сè од себе и ќе се претстават во најдобро светло. Паркети - По втор пат ќе учествуваме на Евровизија. Нашата „Строубери” од пред две години се уште е многу слушана песна. Годинава ќе настапиме последни втората вечер со песната „Ти си киси феномен”. Брза е има леплив рефрен и убеден сум дека ќе се допаднеме на публиката. Најавувам одличен настап и зошто да не победиме, хаха. Посакуваме фер избор, поздрав до сите учесници, публиката и нека победи оној кој ќе биде НАЈдобар! ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
![]() |
|||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Ватикан објави своја листа на најдобри музички албуми
Официјалното гласило на Ватикан, весникот „Осерваторе Романо“ објави листа на најдобри поп и рок албуми на сите времиња, на која се најдоа и остварувањата на Мајкл Џексон, Битлси, Пинк Флојд, Оејзис и Ју-ту. Освен ирската група Ју-ту, сите останати изведувачи на листата се Американци или Британци, а нема ниту еден Италијанец. - Оваа листа е наш скромен водич за добра музика и тука е за да ве потсети дека постои и поинаква музика, наведува „Осерваторе Романо, повикувајќи ги Италијанците да ја слушаат понудената музика наместо „лесните ноти“ на италијанските фестивали, како што е светски познатиот „Сан Ремо“. Прв на листата е албумот „Revolver“ на Битлси од 1966, а потоа следуваат „If I could Only Remember My Name“ на Дејвид Крозби, „The Dark Side of the Moon“ на Пинк Флојд, „Rumours“ на Флитвуд Мек и „The Nightfly“ на Доналд Фајген. На шестото место е албумот на Мајкл Џекосн „Thriller“, седми е „Graceland“ на Пол Сајмон, осми е „Achtung Baby“ на Ју-ту, а на последните две места на топ 10 листата се „(What's the story) Morning Glory“ на Оејзис и „Supernatural“ на Карлос Сантана. ![]() |
|||
![]() |
|||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Шакира и Надал во љубовна врска?!
Според најновите информации по сè изгледа дека поп пејачката Шакира и тенисерот Рафаел Надал се повеќе од пријатели. -Беа сами на масата. Шепотеа и се смееја. Дефинитивно изгледаше како да се повеќе од пријатели. Тие снимаа таму неколку дена, пишува New York Post според зборовите на очевидец. |
|||
![]() |
|||
zamislena ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14571 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
...Шаде се враќа после десет годишна пауза....
![]() Со носталгија се сеќаваме на песните "Smooth Operator", "Hang on to Your Love" и "Cherish the Day", додека пеjачката од нигериско – британско потекло го најавува своето враќање на сцената по десет години пауза.
Нејзиниот нов албум со наслов "Soldier of Love", се најде на продажба од вторникот. Ова е шести студиски албум на оваа пеjачка во 25-годишната кариера и прв после најуспешниот "Lovers Rock" од 2000 година. Сите нејзини албуми се најдоа на табелата на Топ 10 листата, а "Lovers Rock" е продаден во 3,9 милиони примероци.
Во музичката индустрија иако не снимаше многу остави голем впечаток, додека деталите од нејзиниот приватен живот не ги откриваше........... |
|||
![]() |
|||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
![]() |
|||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
![]() Како изгледа Бијонсе наутро?
Конечно во јавноста излезе вистинскиот изглед на Бијонсе. Британскиот таблоид The Sun успеа да ја улови популарната пејачка на балконот на еден хотел во Рио, облечена во пижами. Бијонсе веќе неколку дена се наоѓа во Бразил каде се подготвува за турнејата низ Јужна Америка. - Сигурно сите се прашувате како изгледаат познатите ѕвезди наутро. Верувајте дека тие не изгледаат толку убаво како што ги замислуваме. Нивниот изглед на црвениот тепих лаже. Тоа морате да си го запомните. Познатите ѕвезди изгледаат исто како нас. Еве ја Бијонсе. Дали гледате некоја разлика помеѓу нејзиниот изглед рано наутро и вашиот. Сигурно дека не, изјави репортерот на The Sun.
|
|||
![]() |
|||
databis ![]() Сениор ![]() Регистриран: 26.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 177 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Видео од настапот на P!NK
Изменето од databis - 02.Февруари.2010 во 10:01 |
|||
![]() |
|||
zamislena ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14571 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Оваа година на Греми...
Бијонси Ноулс го одбележа 52 годелување на Греми наградите. Пејачката доби 6 награди што е најголем број на награди што до сега ги има освоено одеднаш. "Single Ladies" е прогласена за најдобра песна на годината и доби голем број награди кои беа дел од аренби категориите. .
"Fearless" е прогласен за најдобар албум на годината, а Тејлор доби уште три награди главно во кантри категори... Контровезната Лејди Гага освоила 2 Греми во категориите денс. Таа ги отворила наградите во дует со Елтон Џон. Додека настапувала викала како сака да стане ѕвезда. Блек Ајд Пис добија 3 Греми наградо и за најдобар рок албум беше прогласен "21st Century Breakdown" на Грин Деј.
|
|||
![]() |
|||
zamislena ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14571 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
...Многу екс ју ѕвезди биле шпиони на УДБА ... !!!
Живан Велисављевиќ, кој наводно работел како висок службеник на Државната безбедност на СФРЈ, тврди дека ги контролирал сите најпознати музички ѕвезди од тогашната заедничка држава. Според него, тој по налог на Стане Доланц ги регрутирал најпопуларните поп- и рок-бендови и музичари.
Интернет-порталот „Урбана Србија“ неодамна објави статија под наслов „Големиот заговор на југословенскиот рокенрол“, во која наводниотЖиван Велисављевиќ, тврди дека ги контролирал сите најпознати музички ѕвезди од тогашната заедничка држава. Според неговите зборови, тој по налог на Стане Доланц ги регрутирал најпопуларните поп- и рок-бендови и музичари што биле цврсто приклонети на хедонизмот и употребата на опојни дроги, и со тоа успеал да ја отапи борбената острица на протестите и многубројните прогресивни младинци да ги претвори во безопасни кловнови без јасна револуционерна идеја. Ангажманот на Велисављевиќ во Службата за државна безбедност почнал во 1968-та и траел до почетокот на 1990-тите години. Студентските демонстрации сериозно го погодиле Тито, но, и покрај тоа што успеал да ги смири, тој забележувал дека постојано се појавуваат нови жаришта. Во тој момент се појавуваат студентската криза и инвазијата на Чешка, па било потребно да се смири барем еден од фронтовите. По кратко време на Доланц му било дадено зелено светло да ја почне операцијата под шифрирано име „Милјацка“ и да ги регрутира младите музичари. Во соработка со своите најблиски соработници, Срѓан Андрејевиќ и Обрад Џорџевиќ, Доланц го избрал тогаш младиот Живан Велисављевиќ, за да раководи со операцијата „Милјацка“. Првиот регрут ми беше Горан Бреговиќ и со него немаше проблеми, вели Велисављевиќ. - Брега ја сакаше идејата за југословенството, сексот и дрогата, така што лесно се договоривме. Со Горан дури и применував еден систем што Службата го користеше со криминалците – им овозможуваше да крадат во странство, а да добиваат засолниште во Југославија, во замена понекогаш да работат за нас. Така и јас му овозможував на Бреговиќ да краде странски песни, да ги објавува овде како свои и во нив да го пропагира она што ќе му го кажевме ние - сведочи Велисављевиќ. По Горан Бреговиќ, кој бил „лесен плен“, следен на листата бил Здравко Чолиќ, кој во тоа време не бил толку едноставен за регрутирање. - Здравко Чолиќ беше исклучително талентиран изведувач и него не можевме да го регрутираме така лесно. Откако Чола беше уапсен во Охрид, поради размена на девизи, јас го посетив во затворот и за само 15 минути падна договорот - додава Велисављевиќ во своето сведочење. Откако и Здравко Чолиќ бил регрутиран, во одделот што го водел Велисављевиќ било решено целата југословенска поп-естрада да застане зад него. За тоа бил организиран таен состанок во „Скендерија“, на кој биле донесени сите битни композитори, меѓу кои: Арсен Дедиќ, Ѓорѓе Новковиќ, Корнелие Ковач, Бојан Адамиќ, Момчило Бајагиќ, Злаја Арсланагиќ од „Црвена јабука“, Изток Турк, Јасенко Хоура - „Прљаво казалиште“, Јура Стублиќ - „Филм“, Влада Дивљан - „Идоли“, Зоран Лесендриќ... - Ги сместивме во „Скендерија“, а тие не ни насетуваа што ги чека. Тогаш јас излегов на говорницата, се почувствував како Тито, и им реков дека секој од нив е должен да подготви по една песна за повратничкиот албум на Чола - додава Велисављевиќ. По состанокот во „Скендерија“, тимот задолжен за овој проект се согласил дека не може да се контролира безбедноста со толкав број луѓе, па на крајот било решено целиот албум да го сработи Бреговиќ. - Чола и беше потребен на Југославија во тоа време, и затоа на крајот се решивме за Брега. Во еден момент се чинеше дека повратничкиот албум на Здравко Чолиќ ќе биде најголем албум во историјата на поп-музиката. Се надевавме дека тоа за Чолиќ ќе биде истото она што своевремено „Смиле“ беше за легендарните „Бич бој“ - објаснува Велисављевиќ. Во своето признание Велисављевиќ вели дека во текот на работата еднаш се сретнал и со двоен агент. Тоа бил Изток Турк, лидерот на љубљанската група „Видеосекс“. - Изток работеше за нас, но во периодот кога групата го сними албумот „Лацримае Цхристи“, тој беше контактиран од германската безбедносна служба. Тој подоцна сакаше да ги прекине контактите со нив, но ние инсистиравме да ги продолжи. Не сум сигурен дека Турк ја предаде Југославија, и мислам дека и беше лојален до самиот крај. Но, како што поминуваше времето, тој полека се оддалечуваше од Југославија. За тоа сведочат неговите неуспешни обиди со „Видеосекс“ да сними песна на англиски јазик - раскажува Велисављевиќ. Според него, снимањето песни на англиски јазик всушност било смислена провокација од странските разузнавачки служби за да може да се колонизирала југословенската музичка сцена. Тој дополнува дека Брега, Чола, Бора Чорба и „Азра“ ги држеле како во окови. - Албумот на групата „Дивље јагоде“, кој беше снимен на англиски јазик, беше класичен заговор на британската тајна служба МИ6. Нив како свои агенти во тој период ги држеше озлогласениот Ентони Монктон. Тој својата кариера ја почна како рокенрол-оперативец за СФРЈ, за на крајот да заврши во Белград. За среќа, службата имаше свој адут во групата.Ален Исламовиќ беше наш човек и англиската кариера на „Дивље јагоде“ ја труеше од внатре. Тој беше здрав елемент во таа група и затоа и го наградивме со местото пејач и на „Бијело дугме“ - вели Велисављевиќ. И ден-денес, Велисављевиќ верува оти самите републички служби на државната безбедност работеле против заедничката држава, дури и во доменот на рокенролот. - Јасенко Хоура беше човек на хрватската републичка служба. Одговорно тврдам дека неговата песна „Мојој мајци“ е масло на загрепското одделение. Кога забележавме дека Бог и црквата често се споменуваат во песните на „Пилоти“, го приведовме Зоран Лесендриќ-Кики. Во текот на ноќта ни се јави шефот на белградското одделение и ни рече дека тој е нивен. Моравме да го пуштиме. Дури тогаш сфатив дека секоја републичка служба има свој бенд - додава Велисављевиќ. Покрај овие работи, Службата за државна безбедност била задолжена и за подготвување концептуални албуми, кои би се пуштале на радио во случај на војна, па дури и нуклеарна апокалипса. Тоа биле плочи подготвени за таканаречениот „Суден ден“. Според Велисављевиќ, на албумите работел кремот на југословенската сцена, во соработка со тим психолози. Некои од песните ги пишувал Кики Лесендриќ, а ги пеелеЗана Нимани, Ања Рупел и Марина Перазиќ. - Вакви песни во принцип се прават по нуклеарна војна, кога луѓето во бункерите и во скривниците треба да се стимулираат на продолжување на расата. Да се пушти таква песна во етер во регуларни околности е кривично дело. Тие снимки денес се наоѓаат во сефот на началникот на Службата - додава Велисављевиќ. Живан се гордее и со податокот дека Службата ангажирала дури тројца професори од Музичката академија и еден професор по книжевност, за да му помогнат на Бреговиќ да ја направи песната „Липе цвату“. Овие шокантни сведочења на Живан Велисављевиќ ја разбрануваа поранешната југословенска рок-сцена, особено вмешаните музичари. За да се потврди дали навистина постоела ваква обемна операција, која во детали ја објавува Велисављевиќ, некои српски весници контактирале со детективската агенција СИА за да ја откријат вистината. Но од таму доаѓаат уште помистериозни информации, дека Живан Велисављевиќ никогаш не работел во Државната безбедност на СФРЈ..... |
|||
![]() |
|||
dimigor ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 02.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 102 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
![]() |
|||
zamislena ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14571 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Оваа година, на Евроснгот во Норвешка , Србија ќе ја преставува песна од Горан Бреговиќ.......
Бреговиќ ќе напише три песни и за нив самиот ќе ги одбере изведувачите, а потоа публиката меѓу нив ќе го одбере српскиот претставник.
Еве ја неговата изјава околу тоа .....
Не можам да кажам дека знам што правам, но работите се движат така што некој ве прашува: Дали знаете?, а вие велите дека знаете. Ќе направам се што е во моја моќ тоа што ќе го напишам да биде добро. Не знам да пишувам песни како Жељко Јоксимовиќ и претходните наши претставници на Евросонг, но верувам дека ниту тие тогаш не знаеле. Евросонг секогаш знае да изненади. Само што ќе помислите дека оваква или онаква песна ќе победи, а на крајот ќе триумфира хеви метал музика или како минатата година „народњак“ од Норвешка. Па веројатно за толку години имам и јас право еднаш да зафркнам нешто, истакна Берговиќ, објаснувајќи дека песните кои ќе ги напише за изборот за Песна на Евровизија ќе бидат „весели и едноставни“.....
|
|||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1112131415 32> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |