![]() |
|
РАКОМЕТ - новости |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1112131415 18> |
Автор | |
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
В ЧЕТВРТОК, ВО СКОПЈЕ ДОАЃА КИЛ, ЕКИПАТА КОЈА ПОСЛЕДНИВЕ ДВЕ СЕЗОНИ ИГРАШЕ ВО ФИНАЛЕТО НА ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ Кавтичник: Металург може секого да победи дома ЧЕТВРТОК, 13.11.2008 Иако с$ уште е актуелен натпреварот кој во саботата го играше со
Барселона, Металург мора веднаш да се фокусира на тоа што следи. А
следи гостувањето на еден од двата најсилни и без двојби
најатрактивниот тим во моментов - Кил. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
"ЦРВЕНО-ЦРНИТЕ" НА ДОМАШЕН ТЕРЕН УБЕДЛИВО ГО ПОРАЗИЈА НЕМОЌНИОТ БОРЕЦ МЛАДОСТ
Вардар сигурно до нов триумф ВАРДАР ПРО - БОРЕЦ - МЛАДОСТ 42:22 (25:11) Сала: "Кале" во Скопје Судии:Ѓорѓиев и Папуџиев од Скопје Делегат: Климкаров ВАРДАР ПРО: Митревски, Косановиќ, Ракчевиќ 6, Макалоски 3, Прибак 2, Вујовиќ 1, Радуловиќ 9, Мојсоски 10, Алушовски 7, Кукрика , Маркоски 2. Седмерци: 6/8 Исклучувања: 2 мин. БОРЕЦ МЛАДОСТ:Петров, Паунков, Крстевски, Кочов, Стојановски 4, Илиев 8, Лазаревски И. 2, Андреев 1, Лазаревски А. 1, Темелковски 3, Ивановски, Узунчев 3. Седмерци:1/3 Исклучувања: 2 мин. Ново, очекувано надмоќно издание на "вардарците" на свој паркет, овој пат против екипата на Борец Младост од Велес Ракометарите на Вардар про останаа недостижни за послабиот противник, доминирајќи во текот на целиот натпревар за конечен триумф од цели 20 гола разлика, 42:22. По дербито со ривалот Металург и по еден бод од нивниот меѓусебен дуел, "црвено-црните" се вратија со победа и одново се на првото место, благодарение на подобрата гол разлика од единствениот ривал. Избраниците на тренерот Вујовиќ одиграа организирано, сигурно, и брзо напаѓаа. По некаде 6 минути игра резултатот беше 7:1 во корист на домашните. Предноста продолжи да расте, а највисоката разлика за тимот на Вардар Про во првиот дел беше постигнат токму пред крајот од полувремето, а изнесуваше 14 гола (25:11). На самиот почеток од вториот дел од мечот ракометарите на Вардар про направија мини-серија од три гола (28-11), но веднаш потоа се вратија и велешани намалувајќи го резултатот на 28:14, во 37 мин. Во овој дел од мечот се виде малку похрабра игра на ракометарите на Борец без оглед на високото водство на фаворизираниот противник. Меѓутоа, недоволно за позитивен впечаток. "Вардарците" останаа неприкосновени за послабиот противник постигнуваа голови од сите позиции и рутински ја водеа средбата кон крајот. Иако победникот веќе беше решен, гостите се обидуваа да го намалат високото водство, но тоа тешко им одеше од рака. На овој меч кам-бек имаше голманот на Вардар про Никола Митревски, кој се врати на ракометните терени по паузата поради повреда на коленото. |
|
|
|
![]() |
|
ZOTE ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 26.Мај.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 627 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Металург - Драмен 37-30 слики од уткамицата ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Кавадарчани без шанси во "Кале"
ВАРДАР ПРО - В.В ТИКВЕШ 35:23 (17:13) Сала: "Кале" во Скопје: Гледачи: 50. Судии: Попов и Чаневски. Делегат: Неделковски Вардар Про: Косановиќ (5 одб, 1 сед), Даскаловски (13 одб), Кисил 3, Макалоски 4, Прибак 8, Вујовиќ 1, Симовиќ 7, Радуловиќ 2, Ивановиќ 3, З. Мојсоски 4, Алушевски, Кукрика 2, Маркоски 1 Седмерци: 3/4 Исклучувања: 8 мин. Ц. Картон: Алушевски (директен) В. В. Тиквеш: Паунов (12 одб, 1 сед), Филипов (1 одб), Китев 2, Левов 10, Златев, Плетварски, Булуков 2, Грозданов 3, Соколов 3, Најдев, Јанчев, Нешков 1 Седмерци: 1/2 Исклучувања: 20 мин. Цартон: Китев (3х2), Плетварски, Нешков (директни) Вардар Про го има истиот проблем кој го има и Металург во домашниот шампионат. Проблем за "црвено-црните" е да се мотивираат за натпреварите кои ги играат во националниот шампионат и им даваат шанса да помалите екипи да покажат заби, дури и да се понадеваат на изненадување. В. В. Тиквеш не беше блиску до изненадување, но можат да бидат задоволни кавадарчаните од партијата која ја пружија во Скопје. Првите 20 минути од натпреварот минаа во изедначена игра и резултатски и на паркетот. 10:10 беше во 20. минута од мечот. Вардар по тоа со серија од 4:0 колку толку "се одлепи", но на полувреме се замина со само три гола предност за вицешампионот. Во продолжението В.В. Тиквеш беше рамноправен уште десетина минути, а по тоа разликата во квалитет дојде до израз. Вардар имаше водство од 22:17, кога влезе во ритам (пред с$ Немања Прибак) и направи серија од 7:0 по која на кавадарчаните не им остана многу што да направат. На крајот, убедливи 13 разлика за домашниот натпревар, на меч кој не беше толку нервозен и груб, иако имаше дури 4 црвени картони. Плетварски прв заработи билет за трибината откако опцу еден од судиите. Истата судбина го снајде и Китев, кој имаше 3 исклучувања. На крај, судиите правецот кон соблекувалните им го покажаа и на Нешков и на Алушевски. За малку беше избегнат инцидент. Алушевски беше во залет кон голот кога Нешков неспортски и многу ризично го бутна кон мантинелата. Потегот беше опасен и Алушевски можеше сериозно да се повреди. За среќа, успеа да се исконтролира да не падне, но не и да ги смири нервите. Го бутна Нешков, овој падна и за неколку секунди сите играчи на двата тима беа на паркетот. За среќа, страстите брзо се смирија, па мечот продолжи и се доиграа последните десет минути. ![]() |
|
|
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Вардар Про - Металург 27:27
Во нашиот ракометен шампионат се уште не е комплетирано првото коло, а веќе се игра натпревар за титула. Тоа е можно затоа што вицешампионот Вардар Про и актуелниот првак Металург немаат конк*ренција, па нивните четири меѓусебни пресметки ќе решаваат за тронот. На полувремето од денешната средба во салата „Кале“ беше 15:10 за Вардар Про. Црвено - црните дојдоа во водство благодарение на серијата од 6:1 во средината на првото полувреме за водство од 11:5, потоа само ја одржуваа предноста до крајот на полувремето. Очекувано во првото полувреме немаше голем број на погодоци, двете екипи праве доста грешки. Во првите осум минути од второто полувреме Металуг направи серија од 5:0 и го изедначи резултатот на 15:15. Се играше гол за гол до самиот финиш, во кој Вардар имаше предност од еден гол на 15 секунди до крајот, но Живковиќ погоди за Металург за конечни 27:27. Неманја Прибак беше најуспешен во домашниот тим со седум погодоци, Мојсоски и Ивановиќ потигнаа по еден помалку. Кај гостите најистакнати беа Шмигиќ со девет погодоци и голанот Борко Ристоски со 11 одбрани. Imaat sreka Metalurg kako i uvek!!! VARDAR SHAMPION!!! |
|
|
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
УТРЕ СЕ ИГРА ОДЛОЖЕНИОТ МЕЧ ОД ПРВОТО КОЛО, ДВАТА ЕДИНСТВЕНИ РИВАЛИ ЗА ТИТУЛАТА НА МЕГДАН ВО "КАЛЕ"
Вардар Про прв "сервира" Ждрепката уште во првото коло го смести дуелот меѓу единствените кандидати за титулата, Вардар и Металург. Првата пресметка е во среда, домаќин е вицепрвакот Вардар Про. Среда, 17 септември ВАРДАР ПРО - МЕТАЛУРГ 18:00 Сала: "Кале" во Скопје. Судии: Сашо Кркачев и Христо Бошковски Делегати: Неделко Неделковски и Драган Начевски Сезоната во машката Супер лига почна, се одиграа две кола, но официјалниот старт на Лигата беше во сенка на натпреварот на македонскиот првак во Лигата на шампионите и дуелот кој сите со нетрпение го очекуваат. Одложениот натпревар од првото коло во кој вицепрвакот Вардар Про на домашен терен го пречекува актуелниот првак Металург. Ова е четврта сезона во која битката за шампионската титула ќе се води меѓу овие два тима. Металург двапати се накити со шампионскиот пехар, на Вардар тоа му појде само еднаш од рака. Но, "црвено-црните" годинава важат за фаворити за освојување на шампионскиот пехар. Вардар "брцна" подлабоко во џебот, состави тим кој е значително посилен од ланскиот, одработе одлични подготовки на кои забележа убави резултати. Само двапати загубија "црвено-црните" во подготвителниот период, еднаш од Нордхорн и еднаш од ГОГ Свендборг. Но, затоа, пак, сега имаат во својата колекција "скалпови" од Иври, Пик Сегед, Босна... Металург од друга страна играше мошне променливо на подготвителниот период и нема резултати со кои може да се пофали, напротив. Запишани се и порази од анонимни екипи, тимови далеку од рејтингот на македонскиот првак. Скорот е негативен, но сликата барем резултатски ја поправаат двата официјални натпревари кои ги одиграа, со турскиот шампион Измир, преку кого дојдоа до пласман во натпреварите по групи во Лигата на шампионите. Ова го прави Вардар фаворит на првиот меч, иако тоа не мора да значи дека така ќе биде и на паркетот. Минатата сезона Металург играше одлично низ подготовките, па по тоа уште во првото полувреме од првото коло, за малку ќе се посрамотеше. Ланските дуели меѓу овие два тима беа единственото нешто вредно да се спомене од македонскиот шампионат. Самата битка за титулата повеќе од драматична, а Металург профитираше благодарение на победата од еден гол разлика во второто одмерување на силите, токму во "Кале". к*риозитет од лани е што и Вардар и Металург подобри резултати остварија играјќи на гости. Ова се однесува конк*ретно за битката за шампионската титула. Но, тоа беше лани, годинава, повторно, во принцип предноста на домашен терен си е предност која би требало да се искористи. За разлика од лани, сега Вардар прв "сервира", гостин е Металург, па со самото тоа и поголемиот притисок оди на плеќите на "црвено-црните", во пакет со улогата на фаворит која несомнено е на нивната страна. Играчки гледано, Вардар профитираше повеќе за време на преодниот рок. Нивно најголемо засилување секако е враќањето во тимот на Наум Мојсоски, македонскиот репрезентативец. Тој секогаш имал големо влијание во играта и беше еден од клучните играчи на сите дуели кои Вардар ги доби со Металург пред две сезони кога "црвено-црните" станаа шампиони. За разлика од лани, сега Вардар е одлично покриен и на позицијата лев бек. Анте Кукрика и Мите Караиванов се двата леви бека кои треба да донесат новитет, односно тоа што Вардар лани го немаше, шутеви од дистанца. Како и да е, се очекува најмногу време на теренот, на бековската линија да минуваат Радуловиќ, Мојсоски и Прибак. Марио Пејовиќ, црногорскиот пикер кој лани не покажа којзнае што, е заменет со Украинецот Владимир Кисил. Како тоа ќе функционира, треба да се види. Милан Косановиќ, српскиот голман кој дојде од Германија, би требало да ја донесе потребната сигурност на голот, која на Вардар лани му недостасуваше на клучните натпревари, со исклучок на финалето на Купот. Вардар во своите редови ќе има еден "одмаздник". Гоце Макалоски, крилото кое од Металург се пресели во Вардар и ќе има дополнителен мотив да се покаже и докаже не само на дуелите со Металург туку и на сите важни натпревари на Вардар. Докажување, но од други причини, како новак во тимот, ќе има и за крилото Ивановиќ, кое дојде од Партизан. Ракчевиќ, Прибак, Маркоски, Даскаловски, З. Мојсоски, Алушевски се играчи кои се добро познати, си ја знаат својата работа и знаат колку треба да дадат. Спротивниот табор, Металург задржа с$ што сакаше да задржи. Идејата тимот да биде истиот со едно екстра засилување пропадна со Сергеј Погорелов, кој требаше да донесе пресврт, нов момент. Но, тој беше далеку од можност да стане засилување, па мораше назад. Неговото место го зазема играчот кој на двата меча со Измир веќе почна да се "исплати" - Александар Станојевиќ. Така и Металург доби што сакаше, шут од дистанца од деснобековската позиција. Се чека на пролет да се приклучи и Ивановиќ и таа позиција ќе биде покриена. Вардар има еден, Металург два "одмаздника". Владо Недановски и Александар Јовиќ. Двата екс играчи на Вардар сигурно ќе имаат дополнителни мотиви уште на првиот дуел да покажат дека нивниот бивш клуб направил грешка. Металург дополнително ја засили голманската позиција. На лани одличниот Борко Ристовски му се приклучи Данило Брестовац и сега Металург ја има можеби најкомпактната двојка на македонски голмани. Се виде тоа на дуелите со Измир. За разлика од Вардар, кого немавме можност да го гледаме на официјален натпревар, Металург одигра два. Против послаб противник и очигледно со намера да скрие колку што може да се скрие за дуелите со Вардар. Колку е, пак, можно да се крие ова или тоа, можеби во целата таа приказна на играње со "пола сила" беше поважно да се заштитат играчите од некоја евентуална повреда. Турците играат прилично агресивно и опасно во Измир, во Скопје не беше опасна нивната игра до таа мерка. Но, не видовме многу од Металург. Не видовме практично ништо од најголемиот дел од играчите, лани носители, Ристовски, Шмигиќ, Лазаров... Многу јасно дека Металург со Вардар нема ни да се постави ни да игра како што тоа го правеше со Измир, но време да чекање - нема. Едноставно, сите ќе мора да играат на едно сосема поинакво ниво, за да има шанса Металург в среда. Што се однесува до важноста на натпреварот, тоа е, сепак, само прв меч кој нема да реши ништо. Ќе има уште три натпревари на кои ќе може да се надополни тоа што ќе се пропушти сега. Но, факт е дека екипата која ќе победи ќе биде во голема, огромна предност. Посебно, ако разликата е над 3 гола на пример. Лани само еден гол решаваше пред последната пресметка, но тешко дека ќе се повтори уште една таква изедначена сезона. Би било убаво за ракометната јавност да гледа мечеви со мала разлика, која малку од малку би го задржала вниманието на неутралните љубители и би надополнила, тоа што дербито се игра веќе во првото коло и што првенството ќе биде рано решено, најдоцна во првото коло од последниот круг. Лани битката за титулата безмалку ќе завршеше со општа тепачка, пред две години нешто слично. Годинава би било убаво за промена и за добро на целиот ракомет "клупите" да си седат мирни без оглед како се движат бројките на семафорот. Првото дерби ќе го судат Кркачев и Бошковски. Ова ќе им биде четвртпат да судат меч меѓу Вардар и Металург. Забелешки, грешки и незадоволство секогаш има(ло) за судењето, кој и да бил на "центарот". Веројатно исто ќе биде и сега. Но, немало преголеми тензии кога тие двајца ја делеле правдата, или со други зборови, никогаш директно не бил вперен прстот кон нив како виновници за поразот на некој од тимовите. За мир на клупите и сега ќе има два делегати. Драган Начевски веројатно ќе треба поголемо внимание да обрнува на клупата на Металург, а Неделко Неделковски истото тоа да го прави за клупата на Вардар. |
|
|
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ништо од "дил"со Сур
Македонскиот интернационалец Ацо Јоноски и натаму е во потрага по клуб каде ќе ја продолжи кариерата. По една сезона мината во екипата на Босна, Јоноски е во постојана потрага, преговори со разни екипи, а најблиску беше до враќање во Швајцарија и договор со екипата на Сур. Јоноски беше во Швајцарија, транираше со екипата, но дилот пропадна поради "најбитната"работа - парите. Сур не можел да даде толку колку што понудил и на Јоноски било да одлучи дали ќе прифати за игра за помалку пари или ќе си ја бара среќата на друго место. Втората варијанта била поприфатлива, па така сега одново е во потрага по клуб каде ќе настапува годинава. Јоноски пред да се договори со екипата на Босна, кој е неговиот последен клуб, една сезона играше во Швајцарија. Во екипата на Сент Гален, но не стигна да се покаже во вистинско светло поради честите повреди поради кои поголемиот дел од сезоната ја мина на терапии место на тренинзи. Пред тоа играше за македонските екипи Вардар и Пелистер. |
|
|
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ДВА МЕСЕЦИ ПОСЛЕ БАРАЖОТ СТИГНА ПОТВРДАТА ЗА ГОЛЕМИНАТА НА ТРИУМФОТ НА МАКЕДОНИЈА НАД ИСЛАНД НА ПАТОТ КОН СП 2009
Победа вредна олимписко сребро Олимписките игри во Пекинг и второто место на Исланд докажаа колку беше голема победата на сениорите кога во баражот за СП дојдоа до триумф токму над овој противник. Македонија не играше на Олимписките игри во Кина, но индиректно, по завршувањето на Игрите можеме да бидеме задоволни пред с$ од резултатот кој го постигна селекцијата на Исланд. Олимпиското сребро на оваа репрезентација ја зголеми вредноста на постигнатото на сениорите против Исланѓаните во баражот во кој успеавме да ги совладаме и да се пласираме на СП следниот јануари. На Мундијалот следниот јануари ќе ги нема сребрените од Пекинг. Ќе ги нема токму поради тоа што играа против Македонија во баражот и не успеаја да победат. Затоа, сега имаме причина за двојно задоволство. Сега сите ќе гледаат со уште поголемо внимание бидејќи овој триумф покажува многу работи. Триумфот во баражот покажа дека Македонија имаше квалитет да се најде и на Олимпијадата и таму да дотурка до голем резултат. Разликата во квалитетот меѓу репрезентациите постојано се намалува и затоа секој состав има причина за големи надежи од првенствата. Исланд во Пекинг настапи со истиот состав со кој на почетокот на јуни играше во квалификациите за ОИ, а потоа и во баражот против нашата репрезентација. Играше речиси идентично како против Македонија, но овој пат поучени од тој двобој не ги правеа грешките поради кои останаа без учество на Мундијалот. Уште во јуни на сите им беше јасно дека Македонија направи одличен резултат во баражот. Исланд секогаш се наоѓал во врвот на светскиот ракомет, а во Пекинг потврди дека Стефансон и колегите имаат квалитет и за медал. Сето ова е потврда дека и нашата репрезентација има состав кој е подготвен за многу повисоки дострели од победа во бараж. Самиот резултат на Исланд ни покажува дека немаме причина да стравуваме од никого ниту на Светското првенство. Ако можевме со Исланд, тогаш ќе можеме и против Германија, и против Полска, па и против Русија... Ова се моменти во кои можеме да уживаме само неколку дена. Можеме неколку денови да се фалиме со тоа дека сме успеале да ги исфрлиме на патот кон СП сребрените од Олимписките игри. Меѓутоа, не смееме никако да живееме до Мундијалот на славата дека сме постигнале голем резултат во баражот бидејќи таму ќе н$ чекаат многу потешки средби. Олимпијадата ни покажа дека сме на вистинскиот пат. Натпреварите во Пекинг ни дадоа причина да веруваме во нашите квалитети и да продолжиме по патот кој го трасираме веќе неколку години. Македонија имаше сили да излезе на крај со Исланд, а доколку направи одлични подготовки, тогаш и во Хрватска на стартот на следната година ќе може да излезе на крај со уште неколку квалитетни репрезентации. Не треба да заборавиме дека Исланд ќе дојде повторно во Скопје на квалификациски дуел. Овој пат тоа е за ЕП 2008. Сега оваа селекција ќе гостува како вицешампион од Олимписките игри. Тоа ќе биде шанса повторно да докажеме дека можеме да играме против најдобрите репрезентации во светот, а секако тоа ќе биде и нова можност да докажеме дека и нашата машка селекција веќе е кадарна да биде "рамо до рамо" со другите. ШТО ГИ ЧЕКА СЕНИОРИТЕ НА СП 2009? Дури три репрезентации од петте противници на Македонија во првата фаза на СП 2009 се натпреваруваа на ОИ во Пекинг, но ниту една не успеа да дојде до медал. Најдоброрангираната пред игрите, Германија, која е и носител на групата во која ќе игра Македонија на Мундијалот го имаше и најслабиот пласман. Германците завршија дури на 9. место, а разочарувачки беше и тоа што оваа селекција не успеа да го мине првиот круг. Игрите покажаа многу болни точки во играта на Германија, кои сигурно во јануари следната година ќе бидат поправени. Сепак, се виде дека нема потреба да се стравува од Бундес составот, но и тоа дека овој тим не е непобедлив. Полјаците беа меѓу фаворитите за трофеј, но токму од Исланд загубија во четвртфиналето. Оваа репрезентација играше одлично против секој од противниците. Има константна форма и не се случуваат големи падови. Оттаму оваа репрезентација ќе ни биде веројатно многу потежок ривал отколку Германците. Инаку, Полска заврши на 5. позиција. Русите веќе не се така квалитетни како порано, но повторно имаат генерација која може да дотурка далеку на големите натпреварувања. Иако претстојат промени, сепак, 6. место на игрите кажува многу за квалитетот. Меѓутоа, во однос на сите селекции овој состав имаше големи осцилации во играта. Селекциите на Тунис и Алжир не беа на игрите, но овие репрезентации заостануваат со квалитетот зад другите. ЕДЕН ПРОТИВНИК НА СЕНИОРКИТЕ НА ЕП ИГРАШЕ НА ОИ Германките сосема разочараа Носителот на групата во која ќе игра и Македонија на Европското првенство во декември кое се одржува кај нас, Германија целосно разочара со игрите на Олимпијадата. Оваа репрезентација која многумина ја сметаа за фаворит за медал ги разочара своите фанови со прикажаното на теренот. Почнаа лошо од првиот меч и продолжија со очајно лошата игра до крајот на своите настапи. Германките немаа доволно квалитет и не беа доволно добро подготвени. Поискусните не беа на потребното ниво и тоа на крајот им се одрази на пласманот. Загубија од Русија, Јужна Кореја, Унгарија и Шведска, а го совладаа само Бразил, што беше премалку и на крајот завршија на 11. место. Податок кој ни дава причина дека сениорките имаат шанса да ги добијат на Европското првенство. |
|
|
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
"ЦРВЕНО - ЦРНИТЕ" ДЕНЕСКА ГО ИГРААТ ВТОРИОТ МЕЧ НА ТУРНИРОТ ВО ДОБОЈ
Вардар по прва победа Македонскиот вицепрвак, екипата на Вардар Про, денеска во Добој ќе ја "брка" својата прва победа, на мечот со домаќинот, тимот на Слога Добој. Со оглед на високиот пораз на домаќините на дуелот со Иври, с$ освен победа на Вардар би било изненадување од "висока" класа на овој турнир. Вардар на првиот натпревар загуби од бундеслигашот Нордхорн со пет гола разлика. Има причини и да биде задоволен, има и за незадоволство. Голманот Косановиќ се покажа како добра инвестиција за премиерата, иако "црвено-црните" ќе мора многу да поработат на колективноста во играта за да можат да се класифицираат меѓу екипите кои бркаат трифеи низ Европа. Изненадување, ако може така да се каже, на турнирот беше високиот пораз на Босна од Адемар Леон од девет гола разлика. Но, најдобриот босански тим ќе има шанса денеска да се рехабилитира за таа партија на натпреварот со Пик Сегед. Вардар за противник ја има Слога, што во секој случај ќе биде убава можност да одигра мирен меч пред дуелот со францускиот Иври. Тој натпревар се игра денеска, со почеток во 17:15, а ќе биде пренесуван на Еуроспорт 2, денеска мечот со Слога (18:45), исто така ќе биде пренесуван на Еуроспорт 2. |
|
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ВАРДАР ОСИГУРУВАЊЕ ЗАМИНУВА ЗА СРБИЈА Од денеска во Врњачка бања Екипата на Вардар Осигурување, која минатата сезона го освои 3. место во Супер женската лига, од денеска ќе ги одработува подготовките во Србија во Врњачка бања. Ова е продолжување на традицијата "црвено-црните" да работат во подготвителниот период кај северниот сосед.Според планот за работа во Врњачка бања ќе бидат одиграни и неколку контролни средби. Предвидено е да се спарингува Жупа, Хипопластика, Врњачка бања... што ќе биде добра можност да се проверат квалитетите на тимот. Составот има и неколку принови. Покрај Дијана Милошоска во редовите на Вардар Осигурување дојдоа и Куксановиќ и Пујаз од Еуростандард Ѓ. Петров, како и Катерина Атанасоска, која во минатата сезона настапуваше во Првата лига. "Ќе имаме посилен тим од лани и очекуваме да постигнеме одново добар резултат. Со исклучок на Маневска, која е пред суспензија бидејќи се нема јавено на подготовките, а најавува заминување во друг тим за што с$ уште не е платена отштета, другите ракометарки останаа во тимот. Со тој состав сметаме дека можеме да останеме во врвот на табелата", вели генералниот секретар на "вардарките", Боте Георгиевски. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ВЧЕРА СТАРТУВАШЕ ЈУБИЛЕЈНИОТ 40. ТУРНИР НА ШАМПИОНИТЕ Добој ужива во врвен ракомет Македонскиот вицешампион Вардар Про е претставник од Македонија на турнирот со најдолга традиција на Балканот. Добој од вчера е во центарот на вниманието на ракометните збиднувања
на Балканот. 40. издание на традиционалниот турнир собра на едно место
8 екипи од седум држави, а меѓу нив е и македонскиот вице-првак Вардар
Про. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
"ВАРДАРЦИТЕ" НАЈДОБРИ НА ТУРНИРОТ ВО БИХ, КОЈ Е УВЕРТИРА НА СРЕДБИТЕ ВО ДОБОЈ
Вардар прв во Зеница ФИНАЛЕ ВАРДАР ПРО - ЗЕНИЦА 38:28 СРЕДБИ ВО ГРУПА Вардар Про - Коњух Ж. 35:28 Вардар Про - Металопластика 32:26 Екипата на Вардар Про го освои првото место на турнирот во Зеница, каде против составот на домаќинот дојде до висока победа од 38:28 со што и го освои првото место. На овој начин "црвено-црните" продолжуваат со одличните игри во подготвителниот период што само покажува дека формата на сите ракометари оди во нагорна линија. Финалниот дуел како што може да се забележи и од резултатот не донесе никакви проблеми за "вардарците" и тие заслужено успеаја да стигнат до триумф на мечот со Зеница. Добрата игра беше само продолжена бидејќи ракометарите на Вардар Про покажаа дека се силни и на двата натпревари одиграни во група. Средбите се одиграа во саботата, а и на првиот и на вториот дуел немаше никаков проблем за да се дојде до победа. Првата жртва беше составот на Коњух Живинице кој беше совладан со резутлат од 35:28, а потоа во вечерниот термин беше обезбедена уште една победа со која беше покажан квалитетот и на дуелот против Металопластика. Резултатот од 32:26 покажа дека финалето е потполно заслужено, а победата во него само потврди дека Вардар Про годинава има состав со кој сигурно ќе биде далеку поконк*рентен на Металург во борбата за титулата. После настапот на турнирот во Зеница, "вардарците" заминуваат за Добој каде што би требало да бидат уште од денеска. Ќе продолжат со тренинзи пред стартот на силниот турнир каде ќе се обидат да стигнат до својата втора победа во неколкуте досегашни учества. Калуѓеровиќ во МРК Вардар Вториот тим на Вардар Про с$ повеќе се засилува за новата сезона во која ќе има и деби настап на евро-сцената. Оваа екипа го доби и Милан Калуѓеровиќ од Вардар Про, па сега има уште посилен тим од досега. Покрај тоа во своите редови ги има и пикерите Дарко Јанев и Никола Маркоски, кои играа за јуниорската селекција на ланското СП, а двајцата важат и како одлични одбранбени ракометари. |
|
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ОД ФРАНЦИЈА ЛЕВИОТ БЕК СЕ СЕЛИ НА ЕМИРАТИТЕ Ангеловски во Ал Али Според информациите, тој се договорил на една година со тимот на Ал Али, а вчера требаше да замине во својот нов тим каде што ќе ја продолжи кариерата. Ангеловски пред три сезони беше најдобриот ракометар во домашното првенство. Беше еден од најзаслужните што Металург дојде до титулата и одигра една одлична сезона. Потоа кариерата ја продолжи надвор од Македонија, а играше во екипата на Тулуз. Иако имаше информации кои говореа дека тој ќе остане во оваа екипа, сепак, пред неколку дена дојде до разделба и тој стана слободен играч. За неговите услуги беше заинтересирана и екипата на Вардар Про. Сепак, во последен момент тој одлучи повторно да замине надвор од земјава и да игра за тимот на Ал Али. Се работи за искусен ракометар, кој зад себе веќе има големо искуство. Секако останува и во плановите на селекторот Темелковски за репрезентацијата за Светското првенство така што без разлика на далечината може да се очекува да биде во тимот за Мундијалот следната година во Хрватска. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Станојевиќ, цел на Металург
Иако во моментов има посилен тим од лани, Металург, сепак, не е во позиција да ужива во шампионските моменти и подготовките за Лигата на шампионите. Подговотките течат, Металург не е во незавидна позиција, но мора да се врати на ракометниот пазар и да бара играч од позицијата десен бек за да може да каже дека е комплетен и подготвен за дуелите од квалификациите за Лигата на шампионите против турскиот шампион Измир и посебно со засилениот Вардар во првото коло од националниот шампионат. Многу од нивните планови се сменија откако увидоа дека играчот кој требаше да донесе нови моменти во клубот, руската ѕвезда Сергеј Погорелов, нема да може да одговори на предизвикот. Потрагата по замена почна уште истиот момент. Се редат имиња кои се на списокот на желби на Металург, но до вчера немаше конкретен "дил" со евентуално засилување. Обидите да се ангажираат Џоно и Ковач полека излегуваат од комбинациите, но затоа влегува едно ново име. Србинот Александар Станојевиќ, 199 сантиметри високиот десен бек на Париз. Станојевиќ е ракометар кој поголемиот дел од кариерата го мина во екипата на Партизан, пред во сезоната 2006/07 да замине прво во Балинген (беше соиграч на вардаровото засилување Милан Косановиќ), а по тоа и во Гумерзбах, каде заедно со Русинот Денис Захаров требаше да го надополнат заминувањето на Кјун Шин Јон од Кореја. Една сезона по тоа, замина во Франција, во екипата на Париз, а сега доколку се биде во ред, би требало да продолжи во Металург. Но, засега ништо не е договорено. Останува да се види како ќе се развива оваа ситуација и дали Металург ќе ја затвори оваа позиција. Таму се уште и Олег Маљцев и Милош Ивановиќ. Србинот, како и да е, е во период на рехабилитација и прашање е дали ќе биде подготвен до почетокот на сезоната. Останува деновиве да се расчистат дилемите околу овој трансфер. Од клубот засега не коментираат околу шансите овој трансфер да биде реализиран. |
|
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1112131415 18> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |