IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Други хобија
  Активни теми Активни теми RSS - Пирс - Нега,Хигиена,Важни Прашања
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пирс - Нега,Хигиена,Важни Прашања

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 101112
Автор
Порака Обратен редослед
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2006 во 11:09
Ке почнеме вака

Што е Body Piercing ?
Пирсањето е тоа што и ни укажува самиот збор,убод направен во вашето тело направен од игла.Најпопуларни места за пирсање се ушите,носот,веѓата и папокот.

Пирсањето не е воопшто лесно.Потребно е време и посветеност за да ја имате способноста за правилно и вешто извршување на пирсањето. Пирсерот најчесто или е самоук или или бил чирак .Чиракувањето обично трае од 6 месеци до 2 години. А тие пак кои се самоуки или учеле од прирачници или биле водени од други кои се разбираат во тоа.

За да бидете сто посто сигурни и да не сте исплашени најдобро е кога ќе се припрема мајсторот вие да го замолите да гледате како го работи тоа.А тој треба---Најпрво да си ги измие рацете и да ги стави ракавиците.Опремата треба да е стерилна како и  иглите треба да се стерилни и запечатени во нивната оригинална опаковка и сето тоа да е поставено уредно едно до друго.НИКОГАШ НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ да ви биде ставен пирсот со игла која претходно била потопена во било каква течност.После пирсањето сите игли треба да бидат исфрлени бидејќи тие се за една употреба.
Опремата треба да е истерилизирана само во сув стерилизатор или во аутоклав стерилизатор.

Како се изведува

Откако мајсторот ќе се припреми  ја припрема личноста која ќе се пирса.Се бележи местото кое ќе се пирса, се премачкува за да се исчисти и колку што е можно да се стерилизира местото.Потоа се земаат потребниот вид на клештички со кои се прицврстува кожата на местото на кое ќе се буши потоа се притиска со иглата на означеното место при што на завршетокот на иглата се прикачува пирсот така да откако ќе се избуши кожата пирсот останува на бушеното место.После тоа повторно се премачкува местото и пирсањето е готово.

Дали има крварење

По правило секое бодење на кожата треба да пушти крв,што и го има во неки видови на пирсање,но повеќето пирсање кое се врши воопшто нема крв.

Користење на пиштол за пирсање

 Според мене тоа не е добра работа .Користењето на пиштол за пирсање без разлика на кој дел од телото(уши,нос..) е непрепорачливо бидејќи тешко се стерилизира или пак некои не ни може да се стерилизираат. Друго при поставувањето(изведувањето) го повредуваат ткивото кое се пирса и на тој дел кожата потешко и поспоро заздравува. Всушност, постои опрема за изведување на пирсањето која е попрактична и побезбедна во секој случај.

Пирсање на малолетници

Вообичаена процедура е тоа дека малолетници без дозвола од родител или старател не се пирсаат.Што значи секој малолетник треба да го поведе со себе својот родител или старател кој треба да даде согласност за извршување на пирсањето и со себе да носи лична карта или пасош,  а малолетникот својата здравствена книшка.



Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 101112
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,137 секунди.