IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 56>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Ноември.2014 во 21:46

ДОМАШНИ ПЕЧЕНИ ТУЛУМБИ

15

Состојки

  • 300 г брашно
  • 100 мл масло за готвење
  • 500 мл вода
  • јајца
  • 800 г шеќер (за шербет)
  • 400 мл вода (за шербет)

Подготовка

  1. Подготовка на смасата без јајца Во сад за готвење, на оган, ставете вода и масло и причекајте да зоврие. Откако ќе зоврие, ставете го брашното и мешајте се додека не добиете компактна густа смеса. Тргнете го од оган.
  2. Подготовка на смесата со јајце Додавајте едно по едно јајце и константно мешајте се додека не добиете изедначена смеса. На почеток јајце се меша малку потешко, но бидете упорни. Ќе добиете жолта и леплива смеса.
  3. Наполнет шприц со смесата за тулумби Шприцот за тулумби наполнете го со смесата.
  4. Формирање на тулумбите Истиснете го тестото директно врз хартијата за печење (постапка на формирање на тулумби), и со нож сечете го крајот.
  5. Спремни за печење Печете ги во загреана рерна, на 180 степени околу 25 минути или се додека не добијат златно кафена боја.
  6. Подготовка на шербет Во меѓувреме подгответе го шербетот: загрејте ја водата и додадете го шеќерот. Откако ќе зоврие, варете го уште 10 минути се додека не се добие фин сируп.
  7. Попарени со шербет Тулумбите попарете ги со шербетот и оставете ги барем 5-6 часа да впијат добро.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Ноември.2014 во 11:01

ДОМАШНИ БИСКВИТ КОЦКИ

25

Состојки
• 450 г брашно (состојки за бисквит)
• 1 јајце (состојки за бисквит)
• 150 г шеќер (состојки за бисквит)
• 1 лажичка сода бикарбона (состојки за бисквит)
• 50 г маргарин (состојки за бисквит)
• 2 лажици млеко (состојки за бисквит)
• 2 лажици мед (состојки за бисквит)
• 1 лажица какао во прав (состојки за бисквит)
• 2 ½ лажици брашно (фил)
• 400 мл млеко (фил)
• 3 лажици шеќер (фил)
• 1 кесиче ванилин шеќер (фил)
• 150 г путер (маргарин) (фил)
• 100 г чоколадо за готвење (глазура)
• 2 лажици масло за готвење (глазура)
Подготовка
1. Исечете три хартии за печење во големина на тавата за печење и една половинка (оригиналниот рецепт вика четири големи).
2. Подгответе го бисквитот: во сад за готвење, со миксер, изматете го јајцето заедно со маргаринот, млекото, медот, шеќерот, какаото во прав и сода бикарбоната. Откако смесата добро ќе се измати, садот ставете го на оган и со постојано мешање, варете се додека не запени.
3. Садот тргнете го настрана, додадете го брашното, измесете глатко тесто и поделете го на 2 дела (доколку сте поискусни може и на 3 дури и на 4 дела).
4. Додека е се уште тестото топло, расукајте го врз хартијата за печење, најтенко што можете. Со нож, исечете ги краевите за да добиете убава коцка и пресечете го на пола така да добиете два правоаголници.
5. Постапката повторете ја и со другите теста, притоа водејќи сметка да при сечење на краевите да добиете иста коцка како и претходната. За полесно, измерете ја првата и останатите правете ги според таа.
6. Остатокот тесто (од отсечените краеви), малку измесете го и направете уште еден правоаголник (пола коцка).
7. Рерната загрејте ја на 180 степени. Тестото, заедно со хартијата за печење, префрлете го врз тавата за печење која ја имате свртена наопачки. Секое тесто печете го околу 6-7 минути или се додека краевите не почнат малку да пукаат.
8. Правоаголници завиткајте ги во крпа и оставете ги така се додека не го подготвите филот.
9. Ставете го млекото да зоврие. Брашното, шеќерот и ванилиниот шеќер, настрана, измешајте ги со неколку лажици од млекото и кога ќе зоврие, додадете го во млекото. Мешајте се додека не добиете густа смеса како пудинг.
10. Смесата оставете ја да се олади и додадете го путерот. Матете со миксер се додека добиете фина, хомогена смеса.
11. Со филот, филувајте ги корите така да При филување, внимателно притиснете ги, внимавајќи да не ги искршите.
12. На пареа, растопете го чоколадото за готвење заедно со 3 лажици масло. Со оваа чоколадна глазура прелијте ги колачите и оставете ги во фрижидер минимум 5, 6 часа за да омекне бисквитот.



Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:25
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2014 во 09:16

СОВРШЕНИ ДОМАШНИ ПАДОБРАНЦИ

9

Состојки

  • 280 г ореви (мелени)
  • 500 г шеќер
  • јајца
  • 8 супени лажици шеќер
  • 3 супени лажици брашно
  • 250 г путер
  • 100 г чоколадо за готвење

Подготовка

  1. Подготовка на смеса со ореви Одвојте ги белките од жолчките во средно големо тенџере. Во белките ставете ги мелените ореви и половина килограм шеќер. Во едно тенџерче ставете околу 2 прста вода и ставете ја на оган да зоврие. Потоа тенџерето со белките, оревите и шеќерот ставете го одозгора.
  2. Подготвена смеса за падобранци Варете ја смесата на пареа на умерен оган 27 минути со мешање на секои 2-3 минути. Откако ќе се свари, тргнете ја настрана и оставете ја убаво да се олади.
  3. Изматени белки Во меѓувреме, изматете ги жолчките со додавање на 8-те лажици шеќер една по една, се додека не добиете компактна маса (бојата ќе осветли до многу бледо жолта).
  4. Варење на жолчките на пареа Префрлете ги изматените жолки во тенџерче, и повторно варете над пареа 13 д0 15 минути (додека шеќерот не се стопи убаво, а масата се згусне) со задолжително постојано мешање.
  5. Додавање на путер во смесата со жолчки Кога ќе се свари кремот, додадете го целиот путер исечкан на коцки за да се стопи побрзо и мешајте убаво.
  6. Додавање на чоколадо во смесата Чокладото растопете го на пареа или во микробранова печка, додадете го во кремот со жолчки и путер и мешајте додека смесата не се изедначи. Оставете го тенџерето да се олади до собна температура, а потоа ставете го во фрижидер (филот нема да ви се растекува ако го мачкате оладен).
  7. Спремни за печење Додека филот се лади, проверете дали смесата за тестото (белките, оревите и шеќерот) е на собна температура, па додадете ги 3-те лажици брашно и убаво промешајте. Со мала лажичка или со шприц за тулумби истиснувајте кругчиња во тавче обложено со хартија за печење (ако ставате со шприц ќе излезат убави округли).
  8. Испечени падобранци Печете ги во убаво загреана рерна на 160 степени точно 15 минути (ако се мали, 16 минути ако се средни или 17 минути ако се поголеми кругчињата). За да бидете сигурни, отворете ја рерната и пипнете одозгора. Треба да е мека површината но сепак да се чувствува како коричка. Кругчињата не смеат да бидат препечени.
  9. Сервирани падобранци Оставете ги да се оладат, а потоа спојувајте ги по две по големина. Ставете од филот со помош на нож врз едната половинка, залепете со другата и завртете ја горната за филот подобро да се распореди. Веднаш ставете ги во фрижидер и оставете ги преку ноќ пред да ги послужите.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2014 во 22:32

Колач од малини, чоколада, банани и путер од кикиритки


Приготвување:

За тестото: загрејте ја рерната на 170 степени.

Сварете го какаото во 300 мл врела вода и оставете го да се олади.

Измешајте ги сите суви состојки за тестото заедно.

Во 350 мл млеко додајте 1,5 лажица лимон и оставете го 10 минути, да се засири. Потоа додајте го кај сувите состојки, заедно со маслото и јајцата, и матете додека смесата да се изедначи. На крај додајте го течното какао, убаво измешајте и оставете го тестото да отстои околу 1 час.

Префрлете го тестото (нема проблем ако е потечно) во тава за печење, обложена со мрсна хартија, и печете го околу 25-30 минути. Оставете го да се олади.

За кремот: зовријте 400 мл млеко со 200 г шеќер. Настрана измешајте го пудингот во прав со останатите 100 мл млеко, додајте ја смесата во зовриеното млеко и гответе околу 3 минути мешајќи (како за пудинг). Оставете го да се олади.

Матете го обичниот путер додека да стане кремаст. Додајте му ги оладениот пудинг и путерот од кикиритки и мешајте додека да добиете еднолична смеса.

За филот: намачкајте го тестото со џемот од малини.

Исечете ги бананите на половина по должина и наредете ги врз џемот со исечената страна надолу. Одозгора намачкајте ја смесата од путер од кикиритки.

Ставете го колачот најмалку 1 час во фрижидер.

За преливот: искршете ја чоколадата на парчиња. Во меѓувреме, зовријте ја хоплата и додајте ја чоколадата за да се стопи. Оставете ја смесата од чоколада малку да се олади и прелејте ја врз оладениот колач.

Украсете со малини и послужете.

Состојки:

За тестото:

85 г какао во прав

250 г брашно

500 г шеќер

прстофат сол

3 ќесички прашок за печиво

1 ванилин шеќер

350 мл млеко измешано со 1,5 лажица лимон

130 г сончогледово масло

3 јајца

За кремот:

500 г обичен путер

500 мл млеко

200 г шеќер

1 ќесе пудинг од ванила

300 г путер од кикиритки

За филот:

1 тегла џем од малини

7 банани

За преливот:

200 г чоколада
200 мл хопла

малини, за украс (може и смрзнати)

 



Изменето од Valerija - 31.Октомври.2014 во 22:32
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2014 во 22:07

Лесна црно-бела чоколадна торта




Приготвување:

Стопете ги темната чоколада и слатката хопла во мало тенџере на многу ниска температура.

Кога чоколадата целосно ќе се стопи, тргнете го тенџерето од ринглата. Во него додајте ги јајцата и измешајте. Потоа додајте ги мелените бадеми, солта и сода бикарбоната.

Искршете ја белата чоколада на ситни парчиња, додајте 100 г од неа во тестото и убаво измешајте.

Намачкајте ја тавата или калапот за торта со путер.

Истурете го тестото во тавата, а потоа одозгора наредете ги останатите 100 г искршена бела чоколада.

Печете 20-25 минути на 180 степени.

Оладете ја тортата и послужете.

Состојки:

200 г чоколада

120 мл слатка хопла

2 јајца

150 г ситно мелени бадеми

половина лажичка сол

половина лажичка сода бикарбона

200 г бела чоколада

малку путер

 


Изменето од Valerija - 31.Октомври.2014 во 22:07
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2014 во 10:39

KINDER MILCHSCHNITTE: СОВРШЕН МЛЕЧЕН ДЕСЕРТ

12

Ова е рецепт за совршена копија на оригиналот! Ќе се заљубите во овој лесен колач, во вкусот на медот и слаткапа павлака.

Потребни состојки – тесто:

  • 200 гр брашно
  • 50 гр какао
  • 100 гр шеќер
  • ½ кесичка прашок за печиво
  • 250 мл млеко

Фил:

  • 500 мл свежа слатка павлака
  • 1 кесичка шлаг-фикс
  • 2 лажици мед

За премачкување на тестото:

  • 2 лажици мед

Подготовка:

Помешајте ги заедно сите суви состојки, бавно додавајќи го млеко во тенок млаз и мешајќи со жица за да не се создадат грутчиња.

Рерната загрејте ја на 160 степени.

Тестото размачкајте го во тавчето во тенок слој (или доколку тавчето ви е помало тогаш печете на два пати) и печете 15-20 минути.

Слатката павлака изматете ја цврсто, додавајќи го шлаг-фиксот и медот. Кората премачкајте ја со медот и доколку сте испекле една голема, тогаш пресечете ја по должина.

Изматената слатка павлака нанаесете ја врз едната кора, лесно израмнете ја со нож и поклопете ја со другата кора.
Нежно притиснете ја кората одозгора да се залепи за филот, па добиениот колач ставете го фрижидер да отстои еден час за да се олади, по што можете да го исечете на коцкички и да го послужите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2014 во 08:37

Чоколадна торта со цимет која воодушевува


Неодолива комбинација на кремаста структура, вкусно чоколадо и  мирис на цимет ќе ве остават без здив. 

Потребни состојки:

  • 4 јајца
  • цимет
  • 225 гр. шеќер
  • 100 гр. брашно
  • 75 гр. густин
  • 2 лажички прашок за печење
  • 1 лажица мелени лешници
  • 5 лажички какао
  • 7 лажици рендано чоколадо
  • 50 гр. путер
  • 8 листови од желатин
  • 200 мл. млеко
  • 50 гр. чоколадо
  • 150 мл. чоколаден јогурт
  • 800 мл. павлака
  • 2 лажици шлаг

Подготовка:

Рерната загрејте ја на 180 степени. Изматете ги јајцата, половина лажица цимет, четири лажици вода и 175 гр. шеќер. Измешајте го брашното, густинот и прашокот за печење, просејте преку кремот, додадете ги мелените лешници, лажица какао и лажица рендано чоколадо. Додајте го путерот и замесете. Смесата сипете ја во калап со пречник од 26-на сантиметри, кој претходно сте го обложиле со хартија за печење. Печете околу 30 минути. Извадете, тргнете ја хартијата и изладете.

Тестото два пати  хоризонтално пресечете го. Долната кора зацврснете ја со прстен. Растопете го желатинот. Загрејте го млекото со ½ лажица цимет и 50 гр. шеќер, не варете. Во таа смеса растопете го чоколадото. Сипете го желатинот, измешајте и малку изладете. Чоко-јогуртот сипете го полека во млаката смеса. Земете 600 мл. павлака и соединете ја со смесата.

Со 1/3 од кремот премачкајте ја долната кора, покријте потоа со другата, со 1/3 премачкајте, ставете ја третата и потоа премачкајте ја и неа со остатокот од кремот. Тортата ладете ја четири часа. Тргнете го прстенот. Измешајте го шлагот, додадете малку цимет и лажица какао, но и 200 мл. павлака, па со сето тоа премачкајте ја тортата од околу, посипете со две лажици изрендено чоколадо. 

По желба украсете со уште рендано чоколадо, мелени лешници или шлаг со вкус на чоколадо.

Пријатен апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2014 во 10:25

Вкусен колач со ореви


ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 2 чаши брашно

* пола лажиче цимет

* 1 лажиче сода бикарбона

* 1 чаша мелени ореви

* 1 чаша кисело млеко

* 125гр стопен путер

* 1 чаша шеќер

* 4 жолчки

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  • Ги матиме жолчките и шеќерот додека не се добие хомогена смеса.
  • Потоа го додаваме путерот, киселото млеко измешано со сода бикарбона и брашното.
  • Повторно матиме со миксер, но побавно. Ги додаваме оревите и циметот и мешаме внимателно.
  • Откако ќе добиеме целосно хомогена смеса, ја истураме во претходно подмачкана и набрашнета тава. Печеме на 200 степени, околу 30 минути.
  •  По желба, пред сервирање преливаме со малку топен карамел и сладолед.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2014 во 20:58

ЕСПРЕСО-КАРАМЕЛ КОЦКИ

11

Состојки
• 250 г мелени бисквити (бисквит подлога)
• 50 г шеќер (бисквит подлога)
• 170 г путер (бисквит подлога)
• 120 мл неутрална павлака (карамел)
• 100 г путер (карамел)
• 300 г кафеав шеќер (може и обичен) (карамел)
• 1 лажица вода (карамел)
• 300 г чоколадо за готвење (еспресо-чоколадна подлога)
• 120 мл неутрална павлака (еспресо-чоколадна подлога)
• 1-2 лажици инстант кафе/нескафе (еспресо-чоколадна подлога)

Подготовка
1. Плехот за печење (20 x 20 см) намастете го и обложете го со хартија за печење.
2. Бисквитите доколку не се мелени, измелете ги. Путерот заедно со шеќерот растопете го и додадете ги мелените бисквити. Смесата измешајте и додека е сеуште топла префрлете ја во плех и рамномерно распределете ја.
3. Рерната загрејте ја на 180 степени и печете го колачот 10-тина минути. Оставете да се олади барем 15-20 минути.
4. Подготовка на карамел: Во сад, на оган, со постојано мешање, растопете го путерот заедно со шеќерот. Кога шеќерот ќе се карамелизира додадете павлака и малку вода и мешајте се додека не добиете густа карамел смеса (околу 5 до 7 минути). Истурете ја смесата врз топлиот бисквит и оставете го малку да се олади па ставете го во фрижидер, во длабоко, за да се стврдне.
5. На пареа растопете го чоколадото па додадете ја павлаката и кафето. Добро измешајте и смесата истурете ја врз добро стегнатиот карамел.
6. Колачот оставете го добро да се стегне во фрижидер, во длабоко, пред да го сечете на коцки. Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2014 во 21:08

РЕСАНА НА ДОМАШЕН НАЧИН

7

Денешниот рецепт е посветен на сите оние кои се љубители на слатките, вкусни десерти. Ресана колачот е микс на намирници што можат да се најдат во сечиј дом. Топло ви препорачуваме да го направите.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За кори

  • 4 јајца
  • 20 лажици шеќер
  • 24 лажици млеко
  • 24 лажици брашно
  • 2 кесички прашок за печиво

За фил

  • 250 гр. шеќер
  • 1 дл. вода
  • 4 лажички џем по (можност од портокал)
  • 1 портокал или 2 мандарини

Глазура

  • 100 гр. чоколадо
  • 3 лажици масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

За кори:

Од двете јајца се одвојуваат белките од жолчките и се матат пенасто, се додаваат 10 лажички шеќер и се мати додека не се стопи, па се промешуваат и двете жолчки. Се ставаат 12 лажички млеко, 12 лажички брашно и 1 прашок за пециво.

Сето тоа се промешува и се става во подмачкан и со брашно посипан-плех. Се пече во загреана рерна на температура од 250 степени околу 10 минути. На истиот начин се приготвува и другата кора. Потоа со помош на алатка ( најчесто чаша) од корите се сечат кружни парчиња тесто.

За фил:

Се раствора 250 грама шеќер во 1 децилитар вода. Една кора се дроби и се додава во растворениот шеќер, добро се промешува и се ставаат 4 лажици џем (изборот на џемот е ваш), сето тоа се соединува и потоа се додава изрендан портокал. Уште еднаш добро се промешува и се нанесуваат на кружните парчиња тесто.

Глазура:

За крај се стопува чоколадото со масло и се премачкува колачот.

Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2014 во 21:06

СОЧЕН ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧ

8

И сочно и чоколадно. Нема подобра комбинација од ова. Колач кој едноставно се подготвува, а нуди неповторливо гастрономско доживување. Добар апетит и пишете како ви се допадна.

Состојки

  • јајца
  • 70 г шеќер
  • 120 г брашно
  • 1/2 кесичка прашок за печиво
  • 1 лажица какао во прав (или рогач)
  • 200 мл млеко
  • 70 мл масло за готвење
  • 3 лажици мармалад или џем (ние користевме џем од боровинки)
  • ПРЕЛИВ
  • 100 г шеќер
  • 100 г путер (маргарин)
  • 50 мл вода
  • 100 г ореви (мелени)
  • 2 лажици чоколаден крем (еурокрем)

Подготовка

Изматете ги белките заедно со шеќерот, па постепено, додајте ги жолчките.

Во смесата додадете го млекото, маслото за готвење, неколку лажици мармалад и добро измешајте.

Брашното измешајте го заедно со прашокот за пециво и какаото во прав. Додадете го во смесата и повторно добро измешајте.

Садот за печење (20 x 20 см) обложете го со хартија за печење и внатре истурете ја смесата.

Печете во загреана рерна, на 200 степени, околу 25 минути.

Во меѓувреме, подгответе го преливот. Во сад, на оган, водата, шеќерот и путерот растопете ги. Додадете го чоколадниот крем и оревите и се добро измешајте.

Топлиот и испечен колач, со виљушка, прободете го на повеќе места и веднаш попарете го со топлиот чоколаден прелив.

Колачот оставете го да се олади, а потоа ставете го во фрижидер уште неколку часа за убаво да се стврдне.

Исчете го колачот на коцки и сервирајте го веднаш. Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2014 во 21:05

ФАНТАСТИЧЕН РЕЦЕПТ ЗА ЧОКОЛАДНА ТОРТА СО БАНАНИ

17

Потребни состојки:

За кора:

8 белки

250 г. шеќер

50 г. чоколадо

50 г. маргарин или маслац

120 г. брашно

За фил:

10 банани

8 жолчки

500 мл. млеко

100 г. брашно

2 лажици ванилин шеќер

250 г. шеќер

250 г. маргарин или маслац

100 г. чоколадо за готвење

Потребно е уште:

малку млеко за полевање на кората

малку рендано чоколадо за украсување.

Подготовка:

За почеток преполовете ги потребните состојки за кора. Во сад за мешање ставете 4 белки и изматете ги во цврст снег. Потоа постепено додавајте 125 г. шеќер матејќи го сето време.

Посебно стопете 25 г. чоколадо и 25 г. маргарин, а потоа додадете ги во снегот од белки.

На крајот измешајте 60 г. брашно и сето тоа убаво да се соедини.

Помала тепсија обложете ја со хартија за печење, сипете ја смесата и печете во загрена рерна на 200 степени. Проверете со чечкалица дали е кората печена.

Постапката повторете ја со останатиот материјал и направете уште една кора.

Жолчките, шеќерот, ванилиниот шеќер и брашното изматете ги во малку млеко, а остатокот од млекото сварете го. Во топлото млеко измешајте ја подготвената смеса и продолжете со варење, мешајќи сето време, додека смесата не се згусне.

Густата смеса тргнете ја од рингла, додадете 100 г. чоколадо искршено на коцки и чекајте да се стопи, а потоа добро промешајте и оставете да се олади. Во оладената смеса додадете мек маргарин и матете додека убаво се соедини.

Филот поделете го на два дела, а оставете малку и за украсување.

Првата кора малку натопете ја во млеко, ставете на послужавник и намачкајте го филмот. Врз него наредете банани по должина исечени на половина. Врз бананите ставете ја втората половина од филот и ставете ја втората кора натопена во млеко. Премачкајте со остатокот од фил и украсете со рендано чоколадо.



Изменето од Valerija - 20.Октомври.2014 во 21:05
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Октомври.2014 во 14:39

Подгответе: Лесна торта од чоколадо и костени

Костенот и чоколадата ќе направат торта која со сигурност ќе го збогати вашето мени на десерти.

neodolivo-vkusna-kombinacija-na-kosteni-i-cokolada-1

Тортата се прави брзо и едноставно и со сигурност ќе ви стане омилениот сладок оброк.

Ако сте огромни обожаватели на слаткото, тогаш ова е есенската комбинација за вас:

Потребни состојки:

  • 6 јајца
  • 80g шеќер
  • 2 супени лажички какао
  • 60g пченично брашно
  • 5 супени лажички млеко

За крем:

  • 150g пире од костени
  • 300ml крем
  • 300ml млеко
  • 1 крема за колачи од чоколадо
  • 100g чоколадо

Начин на подготовка:

Во еден сад ставете ги жолчките од јајцата и шеќерот, па со помош на миксер измешајте ги додека не се соединат. Потоа додајте го какаото промешано со брашното. Белките од јајцата лесно вмешајте ги во смесата.

На дното од калапот за торта ставете хартија за печење, а потоа добро премачкајте со путер. Во калапот, додајте ја подготвената смеса, измазнете го тестото и печете 40 минути во загреана рерна на 180 степени.

Печеното тесто извадете го од рерна и оставете го во калапот да се лади, а потоа распрскајте го млекото врз него.

Пирето од костен разредете го со 100ml крем.

Земете сад во кој ќе ги ставите ладното млеко, остатокот од слаткиот крем и кремот за колачи од чоколадо, па мешајте со миксер додека да добиете еднолична смеса. Потоа додајте го стопеното чоколадо и пирето од костен.

На веќе изладеното печено тесто, додајте го кремот, а потоа оставете ја тортата да се олади.

Украсете со шлаг или чоколадни трошки. 

podgotvete-lesna-torta-od-kosten-i-cokolada-01.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Октомври.2014 во 20:27

ЧОКОЛАДНА ТОРТА БЕЗ БРАШНО

14

Чоколадната торта е непогрешлив избор кога сакате да ги задоволите вкусовите на повеќе луѓе, бидејќи ретко кој може да му одолее на чоколадното задоволство. Убавиот вкус и топливоста во уста се главни адути на овој рецепт за чија подготовка се потребни само 3 состојки.

Потребни состојки:
– 175g темно чоколадо
– 7 јајца
– 140g путер

Начин на подготовка:
Рерната загрејте ја на 130 степени. Чоколадото искршете го на коцки и растопете го на пареа, а пред самиот крај додадете го и путерот кој претходно ќе го исецкате на парчиња. Жолчките одвојте ги од белките. Жолчките изматете ги пенесто и додадете го претходно стопеното и изладено чоколадо. Во друг сад изматете ги белките и лажица по лажица додавајте ги во претходно направената смеса, постепено мешајќи додека смесата не се соедини. Смесата истурете ја во калап обложен со хартија за печење и покријте со фолија за печење. Калапот ставете го во поголема тава за печење која ќе ја наполните со жешка вода на ниво до половина калап. Печете 25 минути, а потоа тортата оставете ја на собна температура и посипете ја со шеќер во прав. Можете да ускрасите со свежи јагоди или малини.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,578 секунди.