Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Март.2016 во 21:40 |
ХОРОСКОП: САМО ЕДНА ЖЕНА МОЖЕ ДА ГО ИМА СЕКОЈ МАЖ ШТО ЌЕ ГО ПОСАКА. ТАА Е ФАТАЛНА, ШАРМАНТНА И НЕВЕРОЈАТНО СЕКСАПИЛНА...Која жена важи за најголемата заводничка меѓу хороскопските знаци? Само една жена може да го има секој маж што ќе го посака. Таа е фатална, шармантна и неверојатно сексапилна. Станува збор за жената Близнаци. Жената Близнаци е непредвидлива и својата пријателски настроена и љубезна маска многу бргу може да ја замени со оддалеченост и ароганција. Од потенцијалниот партнер бара ментална компатибилност за да биде заинтересирана, бидејќи оваа дама не дозволува никој да си игра со нејзиното тело, ако не е способен интелектуално да ја предизвика. Интелектуално љубопитна, комуникативна, духовита и брилијантна, жената Близнак е и многу модерна. Не постои отворање на изложба, премиера или некој друг значаен настан кој таа ќе го пропушти. Близнаците постојано сакаат нови работи, па тоа може да ги натера да трошат многу пари и да изгледаат прилично ексцентрично. Жената Близнак постојано ги прилагодува сопствените потреби, а истото се обидува да го направи и со својот партнер. Промената е важна за нејзиниот живот и психичкиот развој. Подготвена е да ги употреби сите женски оружја, својот шарм и привлечност за да го добие тоа што го посакува.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Март.2016 во 21:39 |
ХОРОСКОП: КОИ СЕ КРИТЕРИУМИТЕ ПО КОИ МАЖОТ ЈА ИЗБИРА СОВРШЕНАТА ЖЕНА ЗА НЕГО?Колку и да сте сигурни дека е случајност, судбина, љубов на прв поглед или во што и да верувате, големи се шансите хороскопскиот знак да има „замешано прсти“ во изборот. Овен Него му е важно да не мора да прави големи компромиси, односно бара жена која ќе биде прилагодлива на него и на која секогаш тој ќе и биде на прво место. Мажот Овен својата машкост ја гледа во потребата секогаш да биде најубав, најзгоден и најпаметен, затоа попрво би одбрал жена со помало искуство, за тој да може да е прв во дел од работите. Потребна му е жена која е полна со разбирање на неговиот темперамент и покрај која тој ќе може да биде глава на куќата. Овенот сака слаби девојки, црвенокоси или русокоси. Бик
На овој маж од големо значење му е неговата избраничка да биде добра во кревет, но и во кујна. Можно е кујната сепак да биде пресудна. Потребна му е жена покрај која има мир и може да се опушти. Не сака кога девојките многу зборуваат и се тензични околу секоја ситница. Тој ќе одбере некоја хедонистичка душа слична на себе. Но, ако се одлучите за Бик маж, бидете подготвени вечно да се прилагодувате на неговиот испланиран и организиран живот. Тие сакаат средени девојки кои добро мирисаат, се секогаш нашминкани и добро облечени. Дури и да имате некој килограм вишок, тоа нема да им пречи затоа што облините им се слабост. Близнаци
Овој знак првенствено бара забавна жена со смисла за хумор. Него му е потребно да се чувствува лесно и помладо од своите години, па жената која ќе ја одбере мора да е подготвена за многу авантури и промени. Досадните приказни за финансии ни малку не го возбудуваат. Потребна му е насмеана жена полна со детска наивност. Близнаците сакаат ситни девојки и слаби, но со оглед на тоа дека сакаат се да пробаат, не се задржуваат до точни карактеристики. Рак
Ракот е во потрага по жена која во секоја ситуација ќе му биде втора мајка. Потребна му е заштитнички настроена партнерка покрај која ќе биде сигурен, а тоа да не ја намали неговата машкост. Ако не се сложувате со неговата мајка или сестра, кажете и збогум на врската. Идеалната жена мора да биде во хармонија со семејството. За Раковите важно е жената да биде добра во кујната. Исто така преферираат жени со облини, а градите им се посебно важни. Неретко бираат партнерки со светла боја на коса и очи. Лав
Жената која ќе се согласи на врска со Лав маж треба да биде подготвена да биде публика до крајот на животот. Неговата избраничка секогаш треба да му посветува доволно внимание и константно да му угодува на барањата. Сепак, Лавот знае да биде галантен и дарежлив, па има начини на кои ќе и се оддолжи за тоа. На него му е потребна топла и емотивна партнерка, затоа што не сака студени и незаинтересирани жени. Лавовите бираат атрактивни девојки со надградби од секаков тип (нокти, коса, силикони не им пречат). Важно е да привлекувате внимание во толпата за тој да ве гледа како трофеј. Девица
Мажот Девица бара совршена жена без маана, па можеби затоа често остануваат сами. Тука спаѓа беспрекорно готвење, пеглање, средување на куќата, но и физички беспрекорен изглед. Важно му е да имате средени нокти, фризура, шминка, затоа што овој маж ужива во естетското совршенство. Девиците не ги привлекуваат наметливи партнерки. Попрво ќе одберат слатка и харизматична девојка која по малку се срами. Физички, сакаат складни и ситни женски тела. Вага На моменти мажот Вага делува пофеминизиран од девојката, но тоа никогаш не смее да му го кажете ако сакате да биде среќен. Потребно е неговата избраничка да му се воодушевува на стилот и убавината. Неговата колекција парфеми ќе ја засени онаа на партнерката. Мажот Вага бара добро воспитана, грациозна и женствена партнерка со култура и манири. На него му е поважно да имате добар стил, отколку да знаете да готвите. Не го привлекуваат девојки кои изгледаат евтино, туку оние кои имаат мера во се. Кај неговата девојка мора се да биде складно и со совршени пропорции. Не обожава облини. Скорпија
За мажот Скорпија да биде задоволен, треба да најде партнерка со бујна фантазија, подготвена за авантури, простување, но и секогаш заинтересирана за секс. На него му е потребна жена која ќе ги задоволи сите физички потреби. На моменти е љубоморен и посесивен, па затоа партнерката ќе мора да знае да одржи баланс и да премолчи. Тој тешко простува. Му се допаѓаат страствени девојки кои зрачат со енергија и сексапил. Харизмата му е поважна од облините и физичкиот изглед. Стрелец
Него му е потребна партнерка која во секој момент ќе има доволно толеранција и разбирање и покрај која ќе може да си дозволи слобода. Љубоморните жени може да заборават на овој маж. Неговата партнерка никогаш не смее да проба да го контролира, затоа што така мажот Стрелец најлесно се оддалечува. Во суштина, него му е потребна партнерка која ќе биде во близина кога му треба, но ќе го остави на мира кога сака да биде сам. Го привлекуваат високи девојки со долги нозе, виткана и руса или светла коса. Јарец
Потребна му е неверојатно трпелива партнерка. Тој тешко се одлучува за врска, а уште потешко за брак. Ако сепак реши да се ожени, тоа ќе биде со жена која само ќе се вклопи во неговиот животен план, а нема да го измени. Важно му е да му ги поддржувате амбициите и да имате разбирање за работите кои му се приоритетни. Мажот Јарец го привлекуваат слаби девојки, често постари, со темна коса или очи. Лесно ги забележува оние со малку погруби црти на лицето. Водолија
Пред да ја одбере својата партнерка, мажот Водолија мора да ја знае како пријателка. Ќе ја ожени онаа која ќе се прилагоди на неговиот авантуристички дух и начин на живот. Потребна му е жена која ќе ги почитува неговите идеали и ќе се сложува со неговите верувања. Ќе се смири само со партнерка која има широки и необични погледи на светот, а не некоја која ќе му пере и пегла. Водолијата нема некој одреден тип на девојка, него го привлекува насмевката и харизмата. Риби
Потребна му е уметничка душа која ќе го разбере и со која секогаш ќе може да фантазира и да ги споделува идеите. Ако некоја девојка се обиде да го спушти на земја и да го врати во реалноста, автоматски отпаѓа од играта. Не сака песимисти и ладни личности. Потребна му е жена која ќе верува во него дури и кога сите останати ќе се сомневаат. Мажите Риби сакаат необични девојки кои носат нешто специфично и оригинално во себе. Колку и да звучи клише, душата му е поважна од телото.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Март.2016 во 08:15 |
Што очекува секој маж од својата партнерка? Кои се критериумите по кои ја избира совршената жена за него? Колку и да сте сигурни дека е случајност, судбина, љубов на прв поглед или во што и да верувате, големи се шансите хороскопскиот знак да има „замешано прсти“ во изборот. Овен Него му е важно да не мора да прави големи компромиси, односно бара жена која ќе биде прилагодлива на него и на која секогаш тој ќе и биде на прво место. Мажот Овен својата машкост ја гледа во потребата секогаш да биде најубав, најзгоден и најпаметен, затоа попрво би одбрал жена со помало искуство, за тој да може да е прв во дел од работите. Потребна му е жена која е полна со разбирање на неговиот темперамент и покрај која тој ќе може да биде глава на куќата. Овенот сака слаби девојки, црвенокоси или русокоси. Бик
На овој маж од големо значење му е неговата избраничка да биде добра во кревет, но и во кујна. Можно е кујната сепак да биде пресудна. Потребна му е жена покрај која има мир и може да се опушти. Не сака кога девојките многу зборуваат и се тензични околу секоја ситница. Тој ќе одбере некоја хедонистичка душа слична на себе. Но, ако се одлучите за Бик маж, бидете подготвени вечно да се прилагодувате на неговиот испланиран и организиран живот. Тие сакаат средени девојки кои добро мирисаат, се секогаш нашминкани и добро облечени. Дури и да имате некој килограм вишок, тоа нема да им пречи затоа што облините им се слабост. Близнаци
Овој знак првенствено бара забавна жена со смисла за хумор. Него му е потребно да се чувствува лесно и помладо од своите години, па жената која ќе ја одбере мора да е подготвена за многу авантури и промени. Досадните приказни за финансии ни малку не го возбудуваат. Потребна му е насмеана жена полна со детска наивност. Близнаците сакаат ситни девојки и слаби, но со оглед на тоа дека сакаат се да пробаат, не се задржуваат до точни карактеристики. Рак
Ракот е во потрага по жена која во секоја ситуација ќе му биде втора мајка. Потребна му е заштитнички настроена партнерка покрај која ќе биде сигурен, а тоа да не ја намали неговата машкост. Ако не се сложувате со неговата мајка или сестра, кажете и збогум на врската. Идеалната жена мора да биде во хармонија со семејството. За Раковите важно е жената да биде добра во кујната. Исто така преферираат жени со облини, а градите им се посебно важни. Неретко бираат партнерки со светла боја на коса и очи. Лав
Жената која ќе се согласи на врска со Лав маж треба да биде подготвена да биде публика до крајот на животот. Неговата избраничка секогаш треба да му посветува доволно внимание и константно да му угодува на барањата. Сепак, Лавот знае да биде галантен и дарежлив, па има начини на кои ќе и се оддолжи за тоа. На него му е потребна топла и емотивна партнерка, затоа што не сака студени и незаинтересирани жени. Лавовите бираат атрактивни девојки со надградби од секаков тип (нокти, коса, силикони не им пречат). Важно е да привлекувате внимание во толпата за тој да ве гледа како трофеј. Девица
Мажот Девица бара совршена жена без маана, па можеби затоа често остануваат сами. Тука спаѓа беспрекорно готвење, пеглање, средување на куќата, но и физички беспрекорен изглед. Важно му е да имате средени нокти, фризура, шминка, затоа што овој маж ужива во естетското совршенство. Девиците не ги привлекуваат наметливи партнерки. Попрво ќе одберат слатка и харизматична девојка која по малку се срами. Физички, сакаат складни и ситни женски тела.
Вага На моменти мажот Вага делува пофеминизиран од девојката, но тоа никогаш не смее да му го кажете ако сакате да биде среќен. Потребно е неговата избраничка да му се воодушевува на стилот и убавината. Неговата колекција парфеми ќе ја засени онаа на партнерката. Мажот Вага бара добро воспитана, грациозна и женствена партнерка со култура и манири. На него му е поважно да имате добар стил, отколку да знаете да готвите. Не го привлекуваат девојки кои изгледаат евтино, туку оние кои имаат мера во се. Кај неговата девојка мора се да биде складно и со совршени пропорции. Не обожава облини. Скорпија
За мажот Скорпија да биде задоволен, треба да најде партнерка со бујна фантазија, подготвена за авантури, простување, но и секогаш заинтересирана за секс. На него му е потребна жена која ќе ги задоволи сите физички потреби. На моменти е љубоморен и посесивен, па затоа партнерката ќе мора да знае да одржи баланс и да премолчи. Тој тешко простува. Му се допаѓаат страствени девојки кои зрачат со енергија и сексапил. Харизмата му е поважна од облините и физичкиот изглед. Стрелец
Него му е потребна партнерка која во секој момент ќе има доволно толеранција и разбирање и покрај која ќе може да си дозволи слобода. Љубоморните жени може да заборават на овој маж. Неговата партнерка никогаш не смее да проба да го контролира, затоа што така мажот Стрелец најлесно се оддалечува. Во суштина, него му е потребна партнерка која ќе биде во близина кога му треба, но ќе го остави на мира кога сака да биде сам. Го привлекуваат високи девојки со долги нозе, виткана и руса или светла коса. Јарец
Потребна му е неверојатно трпелива партнерка. Тој тешко се одлучува за врска, а уште потешко за брак. Ако сепак реши да се ожени, тоа ќе биде со жена која само ќе се вклопи во неговиот животен план, а нема да го измени. Важно му е да му ги поддржувате амбициите и да имате разбирање за работите кои му се приоритетни. Мажот Јарец го привлекуваат слаби девојки, често постари, со темна коса или очи. Лесно ги забележува оние со малку погруби црти на лицето. Водолија
Пред да ја одбере својата партнерка, мажот Водолија мора да ја знае како пријателка. Ќе ја ожени онаа која ќе се прилагоди на неговиот авантуристички дух и начин на живот. Потребна му е жена која ќе ги почитува неговите идеали и ќе се сложува со неговите верувања. Ќе се смири само со партнерка која има широки и необични погледи на светот, а не некоја која ќе му пере и пегла. Водолијата нема некој одреден тип на девојка, него го привлекува насмевката и харизмата. Риби
Потребна му е уметничка душа која ќе го разбере и со која секогаш ќе може да фантазира и да ги споделува идеите. Ако некоја девојка се обиде да го спушти на земја и да го врати во реалноста, автоматски отпаѓа од играта. Не сака песимисти и ладни личности. Потребна му е жена која ќе верува во него дури и кога сите останати ќе се сомневаат. Мажите Риби сакаат необични девојки кои носат нешто специфично и оригинално во себе. Колку и да звучи клише, душата му е поважна од телото.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Март.2016 во 08:56 |
Тие се опасни, диви, богати со знаење и зборови, подготвени за нов скок, не се плашат од ништо и затоа се непобедливи. Дали и вие ги имате овие карактеристики? Ако сте еден од овие 4 хороскопски знаци, со сигурност: Овен Жените родени во знакот на Овен се непобедливи затоа што обожаваат да победуваат. Само имаат една негативност - одат до крајност на деструктивност. Лав
Тие се полни со самодоверба и секогаш подготвени за скок од висина. Каде и да се појават привлекуваат внимание, па ретко кој маж нема да се сврти по нив. Од Лавиците зрачи сексапил, а прочуени се по желбата за докажување. Скорпија
Опасна, зафркната Скорпија која знае кога да биде безобразна, а кога фина и мила. Добро знаат да го проценат времето кога е соодветно да бидат една од двете спротивности. Тие ветуваат многу работи кои другите нема шанса да ги исполнат. Рак
Жените ракови се непобедливи благодарение на една сосема поинаква тактика - полни се со лажно разбирање. Но, кога ќе дојде крајот на преправањето, внимавајте. Опасноста дури тогаш почнува.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Март.2016 во 21:30 |
ЖЕНСКИ ХОРОСКОП ЗА ПРОЛЕТ/ЛЕТО 2016 ГОДИНАШто ти подготвиле ѕвездите за престојната топла сезона? Дали ќе се издигнете во професијата или пак ќе ја сретнете љубовта на вашиот живот? Проверете си: Овен Љубов, нов партнер и зголемување До 11 август Јупитер ќе биде во Лав – петтиот твој дом кој е задолжен за романтиката, страста, креативноста и самоизразувањето. Имаш уште неколку месеци, во кои можеш да разбиеш барем неколку срца. Ако сакаш да свртиш нова страница, ќе имаш врати, на кои можеш да затропаш. Прашањето е дали си подготвена за промена, бидејќи петтиот дом не само што носи романтика, но и плодност. За овни, кои копнеат за деца, ова е добра вест. Останатите треба да бидат внимателни и да користат заштитни средства. Освен во љубовта среќата ќе те придружува и во работата. Бик Бебе или миленичиња Поволните промени со кои ти започна годината, во почетокот те исполни со ентузијазам. Тој малку по малку згаснува, па на преден план испливува заморот од дополнителните ангажмани. Во мај Ти претстои важна средба. Емоционалната интелигенција треба да ти е на втор план, за да не се повторуваат грешките од минатото. Јупитер е во четвртиот дом до 11 август, што отвора можност да купиш или да продадеш имот, да го зголемиш семејство (ова вклучува и евентуална бременост или нов миленик) или сериозна промена во начинот на живот. Близнаци Нови идеи, нова среќа Пролет процвета и дојде време да излезеш од зимскиот сон. Насочи ја неисцрпната енергија во проекти за самообразование и најди начин да ги споделиш новите идеи со луѓе кои ќе ги ценат. Ова ќе се покаже плодност. Оваа година Сатурн поминува низ Стрелец – седмиот дом, одговорен за обврските и врските. Тоа значи дека главен акцент ќе има односот со другите. Како Близнак сакаш да избегаш од обврските, но во 2016 година ќе мораш да земеш некои важни одлуки како во личниот, така и во професионалниот живот. Рак Каде е богатство? Излези од дупката, бидејќи околу тебе се вртат многу пари. Можно е оваа година да имате најголеми примања во вашиот живот. Клучот за успехот можеби се наоѓа во случајното решение кое ќе се случи во јуни. Сакаш спокојството на домот и животот без стрес и промена, но сега имаш ретка можност. Не ја испуштајте шансата поради стравот од нешто ново и непредвидливо. Грижете се за вашето здравје. Јадеш премногу нездрава храна, а твоето тело има потреба од прочистување. Започнете здрав режим на исхрана со повеќе салати и овошје. Лав Направи ново CV, ве очекуваат промени Секој Лав сака да слушне: “Ова е ВАШАТА година!”. Па, добро, кога, ако не сега, ќе го слушнеш со добра причина: Лавови, ова е вашата година. Во животот секој има моменти во кои се отвараат не една, туку истовремено сите дупки кон идните успеси. Во наредните месеци можеби ќе ја почувствуваш среќата на промени. Време е сериозно да се зафатите со она што го правите најдобро. Побарај ново работно место и направи ново професионално CV – токму сега не е соодветно да се однесуваш со презир кон својот талент и да ги испуштиш сите важни можности. Девица Крај! Стануваш забавна Оваа година ќе се одморам. Ова е спротивно на амбициозната кон која се склонат твоите прецизни планови , но Јупитер е во Лав – 12-от твој дом, а тоа значи да не избрзуваш со ништо. Единствениот правилен начин да ги контролираш нештата, е како се откажеш од контролата. Насочи го вниманието кон проштевање и помирување со луѓете со кои сте раздвоени. Во 2016 година ќе заминеш на патување во твојата омилена дестинација – каде ќе имаш малку одмор за левата хемисфера на твјот мозок. Извади ја прашината од гитарата во плакарот, или велосипедот од гаража или земете ги четките и боите и дејствувај! Вага Нови пријатели Колку и да е чудно за комуникативна жена како тебе, сега е времето да ги зголемиш твоите пријателски кругови. Заедно со старите верни другари ќе запознаеш нови познанства кои ќе прераснат во прекрасни пријателства. Јупитер (планетата на патник) е во 11-от дом кај тебе – домот, кој е поврзан со социјалните врски и новите технологии. Почни да водиш нов блог или веб-сајт. 2016-та е годината на добротворноста. Секоја акција во таа насока ќе ти се исплати десеткратно – макар и во нематеријални аспект. Шкорпија Ќе блеснеш… Во споредба со она што беше минатата година, 2016 година ќе биде среќна за тебе. Веќе поминаа неколку месеци, во кои да забележиш дека ѕвездите се малку благонаклонети. И тоа не е ништо! Од средината на мај допрва почнува да ти оди се од рака. Има само еден услов: да не дозволуваш ниската самодоверба да ти попречи да го направиш првиот чекор кон успехот. Не се стеснувај – овозможи да блеснеш. Овој совет се однесува не само за кариерата, туку и за твојот личен живот. Што се однесува до љубовта, 2016-а за тебе ќе заврши триумфално со огномет. Стрелец Пролет е твоето задоволство Сенката на Јупитер ќе расфрли по патот на твоите страдања, болки, грижи и горчина, но сето тоа ќе биде привремено. Оние потфати за кои мислиш дека се ризични има шанса да излезат успешни. Хаотичните флертови исто така може да доведед до нешто добро. Доаѓа пролет, твоето задоволство, искористете ја. Топлите денови ќе бидат исполнети со авантури и немири. Авантурите нма да се само пријатни, ќе бидат и корисни за иднината. Колку и да е чудно, влегувате во речиси благоразумна фаза. Јарец Летни авантури Нема да го познаеш Јарецот во тебе ова лето. Уште отсега си се упатиле кон борба, духовноста и мистиката те повикуваат на издржливост. Затоа, не треба многу да се изненадите на среќата. Во тебе се буди и уметничкиот почеток. Со расцветувањето на овошните дрвца , ќе процвета и творечката природа на твојот хороскопски знак. Слободните ќе бидат активни и иако важат за ладни личности тие отворено ќе приоѓаат на спротивниот пол. Кој не ризикува – не може да профитира. Со оваа филозофија слободните Јарци ќе имаат успешни летни авантури. Водолија Сè што е љубов Се што не е поврзано со љубовта, би било празни епови, кога го опишуваат она што доаѓа од Водолија. Како типична Водолија, ти си во фаза, поволна за романтичните и партнерските односи. Од 12 август за тебе започнува 13-месечен период (до септември 2016 година), во кој Јупитер влегува во Девица – во осмиот дом, кој е одговорен за интимните врски и за спојувањето. Значи на претставниците на овој знак им претстои едно убаво лето, што може да заврши со врзување. Од јули ќе имаш голема среќа со парите, но мора да внимаваш да не се плеткаш со нечесни луѓе. Риби Што и да допреш, станува злато Никогаш толку несебични и посветени на спасувањето на сите твои потреби, во наредните месеци на Рибите им е дојден моментот да запловат гордо во своите води. Како типичен претставник на овој знак себечноста ќе биде забележана, а за креативните напори ќе бидеш наградена. Помошта секогаш треба да биде неповратна а ти ќе го разбереш тоа на најдобар пријатен начин – ќе добиеш финансиска награда. Од средината на оваа година започнува тригодишен период на твојот успех во твојата кариера. Единствениот услов е да се стегнеш и да земеме работите во свои раце.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Март.2016 во 15:41 |
ХОРОСКОП: ЅВЕЗДИТЕ ОДРЕДУВААТ КОЛКУ ПАРИ ЌЕ ЗАРАБОТИТЕИстражувањето што го направи веб страната CareerBuilder.com покажува на кои знаци ѕвездите им се навистина наклонети. Со анализирање на одговорите и платите што ги заработуваат припадниците на различните хороскопски знаци, дошле до интересни поклопувања. Така се покажало дека биковите, скорпиите, лавовите и раковите во просек заработуваат повеќе од 100 илјади долари месечно, што е повеќе од било кое друго просечно примање. Голем број астролози ги поврзуваат парите со втората и осмата астролошка куќа со која владеат биковите и скорпиите, така што не зачудува што овие два знака се најдоа на лицата на најбогатите. Голем број бикови под влијание на Венера развиваат префинет вкус па затоа луксузниот живот за нив е потреба што ќе им создаде чувство на сигурност, стабилност и удобност. Но, вредните бикови имаат смисла и за управување со сопствените пари, па нема да дозволат непотребно растурање на пари. Скорпијата исто така е во потрага по удобен живот, што најчесто им е овозможено поради вродените способности за инвестирање. Поради моќната енергија на една скорпија, дури и најскриените желби може да станат стварност. Лавовите сакаат да бидат забележани и да ги почитуваат, па многу често тоа и го постигнуваат. Нивниот енергичен настап е нешто што сите ќе го запомнат и поради што просто ќе ги обожаваат. Ваквиот општествен углед често им овозможува многу пари затоа што лавовите ќе вложуваат големи суми за да ја финансираат својата облека, подароци и раскошни вечери за блиските лица. Пожртвуваните ракови ги води желбата да го обезбедат сопственото семејство и грижливо да го уредат сопствениот дом. За да го постигнат тоа, тие ќе развијат работна етика и амбиција па оваа желба наскоро ќе им стане стварност. Вредните и успешни ракови најчесто ќе продолжат да го живеат животот скромно, уживајќи во благодетите и сигурностите што си ги обезбедиле. На врвот на листата на хороскопск знаци на коишто ѕвездите не им се наклонети на ова поле се водолиите и јарците.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 29.Февруари.2016 во 21:14 |
ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ И ЉУБОМОРАТА: НА ШТО ВИ ЉУБОМОРАТ ЛУЃЕТО ВРЗ ОСНОВА НА ЗОДИЈАКОТ?Љубомората е сосема нормална емоција која скоро сите поразвиени суштества ја чувствуваат. Кучињата се љубоморни, мачките се љубоморни и секако луѓето. Што мислите каква е поврзаноста меѓу хороскопските знаци и љубомората? На што ви љубоморат луѓето врз основа на зодијакот? Овен „Netflix and chill“ е нешто што никогаш нема да го искусите со енергичниот Овен. Тие се забавни, авантуристичкиот дух им ги полни градите и секогаш се подготвени да испробаат нешто ново. Тие ја имаат енергијата која многу од нас ја посакуваат и шарм кој им помага да ги освојат луѓето – особено оние новите лица. Бик
Биковите не се заморуваат со ничие мислење. Многу од луѓето го велат ова, но ретко кој го мисли. Останатите најмногу им завидуваат на Биковите поради нивниот личен идентитет и поради тоа што го прават токму она што сакаат без да чекаат одобрение од општеството. Близнаци
Вие имате енергетски шарм кој ги тера луѓето да ви веруваат. Вие сте весели и креативни и за разлика од другите типови на креативни луѓе, вие знаете како да ги продадете вашите идеи за да можете да преживеете. Рак
Најголема причина за љубомора кон Раковите е нивниот капацитет за љубов. Никој нема да ве сака толку длабоко и толку целосно како што може Ракот. Од нив најмногу се плашат бившите партнери кои потајно знаат дека нивниот бивш/а е посреќен/а и поздрав/а со партнер во знакот Рак. Лав
Успешноста на Лавот и неговите признанија постојат само затоа што тој ги бара. На нивни многу суптилен начин тие јасно кажуваат дека никој не смее ни да се обиде да ги згази, нити пак нивната напорна работа и труд да помине незабележана. Девица
Девиците се експерти во решавање проблеми – никој не може да се снајде како што можат тие, а тоа е нешто што секој го сака. Токму поради оваа причина тие се барани како пријатели, вработени и дури романтични партнери. Вага Вагата е социјално суштество кое обожава да се дружи и е одличен пријател – а тоа е главната причина за љубомора. Нивната социјална природа е совршена – доволно шармантна за да има голем број пријатели, но и доволно грациозна за секој од нив да се чувствува сакано. Скорпија
Вие сте борбени и страсни и никој не може да ве опише како пасивни. Сите останати посакуваат да го имаат вашиот елан. Дури кога се грижат за нешто, тие ја немаат вашата огромна енергија и фокус. Стрелец
Она на што најмногу им завидуваат на Стрелците е нивната смисла за хумор. Тие имаат можност да бидат непристојни, но сепак никој да не им замери. Сите им љубомориме на Стрелците поради нивната моќ да направат да нѐ боли стомакот од смеење. Јарец
Јарците се стоици и се силни. Им љубомориме поради нивната способност да бидат гледани како идиоти или како ѓаволчиња. Ова звучи како негативна карактеристика, но тоа е дарба – Јарецот никогаш не си оди во кревет без да го добие тоа што го сака. Тие секогаш го имаат она што го посакуваат затоа што го бараат. Водолија
Водолиите имаат големо срце кое го делат со сите, дури и со луѓето надвор од нивниот круг на пријатели. Тие гласаат, тие волонтираат, тие стануваат вегани, тие искрено премногу се грижат – многу повеќе него останатите луѓе, а тоа е за пофалба. Риби
Рибите имаат креативен ум кој ќе се помни со генерации. Тие се вистински уметници и дури ако поради нивната тивка и повлечена природа не бидат веднаш забележани, порано или подоцна луѓето околу нив ќе бидат восхитени од тоа како им функционира мозокот.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Февруари.2016 во 08:58 |
Сте забележале ли некогаш дека различни луѓе, сосема различно реагираат на критиките? Некои од нив едноставно ги прифаќаат како конструктивни и учат нешто од нив, додека пак други се навредуваат или бегаат. Според астрологијата, секој од хороскопските знаци ја прифаќа критиката на свој начин, па добро е да го знаете тоа доколку во иднина решите да се соочите со некој од нив. ОвенКако еден од најтемпераментните знаци, ако на Овенот не му се допаѓа тоа што го чул, тој ќе реагира многу бурно. Подобро немојте да го изнервирате со директна критика, бидејќи тој ќе се налути и драматично ќе ја напушти просторијата во која сте. БикИако важат за многу тврдоглави личности, Биковите ќе се обидат непријатните ситуации да ги решат на дипломатски начин. Имено, Бикот најверојатно ќе глуми дека не ја чул критиката или несоодветната забелешка, па ќе продолжи да говори за времето. БлизнациКако еден од знаците кои најмногу зборуваат, Близнаците изгледа едвај чекаат да чујат нешто што не им по ќеиф со цел да започнат дебата на таа тема. И секако, потоа ќе направат сè што е во нивна моќ за да докажат дека тие се во право. РакЕмотивниот и чувствителен Рак не е секогаш расположен за слушање груби зборови. Доколку тој се почувствува навредено или на кој било начин загрозено од страна на соговорникот, тогаш едноставно ќе се повлече. Понекогаш се случува и да пушти неколку солзи. ЛавАко земеме во предвид дека тој обожава да е во центарот на вниманието, Лавот може дури и да биде импресиониран од критиката. Всушност, тој ќе успее непријатната ситуација да ја претвори во своја корист така што ќе започне расправија во која ќе зборува само за себе. ДевицаПрагматичната Девица уште во старт ќе ве осуди дека имате предрасуди, па ќе почне да ви објаснува дека тоа е не убаво и дека треба да го промените вашето мислење. На крај, можеби дури и самата да се критикува. ВагаСекоја ситуација, дури и онаа која е најнепријатна, Вагата може да ја сврти на нешто радосно. Таа со својот шарм ќе се обиде дури и од најлошите ситуации да го извлече најдоброто, па токму затоа и критиките не ги гледаат како најстрашното нешто што може да им се случи. СкорпијаНикој не сака да си игра со Скорпијата бидејќи таа може да ве „прободи“ директно во срцето и да ве остави да патите со денови. Таа е една од оние знаци кои едноставно не можат да прифатат критика и најчесто се бранат со директен напад. СтрелецНепредвидлив и шеговит, Стрелецот има способност дури и непријатниот разговор да го прекине така што ќе ви каже дека му е жал и дека воопшто не сте требале ни да почнете да разговарате на оваа тема. ЈарецДоколку тврдоглавиот и таинствен Јарец се најде во непријатна ситуација, тој учтиво се повлекува и во иднина се обидува да ги избегне сите оние кои биле дел од тој настан. Тој можеби нема бурна реакција, но никогаш не ги заборава ниту пак, опростува добиените критики. ВодолијаНепријатно? Што е непријатно? За неа едноставно сè е нормално бидејќи таа знае дека сите ние сме луѓе, или вонземјани, зависи со каков вид Водолија зборувате и токму поради тоа со тек на време ќе направиме грешка. Случајно или намерно. РибиИако критиката нема да им биде по волја, Рибите нема да се трудат да избегаат од непријатната ситуација, туку едноставно ќе се обидат да ја разберат, да научат нешто од неа и потоа да ја надминат.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Февруари.2016 во 08:56 |
Некои луѓе се родени под среќна ѕвезда, но тоа не може да се каже за овие три хороскопски знаци кои од самото раѓање ги следи лоша среќа. Проверете од што треба да се чувате ако сте некој од овие три знаци. ДевицаДевиците се болно педантни и опседнати со перфекционизмот во секоја смисла. Кога се нервозни или напнати ги смирува средувањето на домот. Нема да запрат сè додека нештата околу нив не бидат наместени по нивниот распоред. Но, проблемот е поголем бидејќи тие се такви и во животот, па сѐ мора да им биде организирано и на место. Кога работите ќе тргнат спротивно од нивните замисли, или ќе тргнат на лошо, тие одма почнуваат да се преиспитуваат и да се прашуваат зошто ова морало да им се случи ваш на нив. Тешко се соочуваат со проблемите и од мали ситници знаат да направат драма. ВагаВагите не поднесуваат неправди и на сите начини се обидуваат да ја истераат правдата до крај, дури и тогаш кога тоа нема никаква врска со нив. Меѓутоа, проблемот е што тие секогаш и секаде гледаат неправди, па постојано се во судир со неволјата. За вагите, најголемата лична неправда е стареењето кое не можат да го прифатат како природен процес и не се помируваат со тоа сè додека се живи. Тие одат на третмани за подмладување, хируршки зафати и спремни се да потрошат многу пари само да ја зачуваат својата младост. РибиРибите живеат во паралелен универзум и ретко ја согледуваат реалноста. Кога се наоѓаат во такви ситуации кога мораат да живеат во реалниот свет, тие реагираат бурно, а некогаш и неконтролирано. Можеби токму поради тоа никогаш не ги вадат своите розови очила. За нив светот е онаков каков што тие го гледаат и не отстапуваат од својата визија. Меѓутоа кога ќе се соочат со некој вистински проблем, не знаат како да се носат со него и со последиците. За нив не е чудно ако подлегнат на некој порок за да се соочат со тешкотиите на реалноста.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Февруари.2016 во 08:55 |
Кога станува збор за љубовните врски, луѓето не можат да зависат само од компатибилноста. Но, астрологијата и љубовните врски се поврзани кога сакаме да ја пронајдеме таа компатибилност и да го откриеме карактерот на другата личност. Кога ги знаеме основните особини на одредени хороскопски знаци, тогаш можеме да имаме некаква идеја за тоа што сакаме и што треба да очекуваме. Познати ни се 4 групи хороскопски знаци: водени, земјени, огнени и воздушни и сите поединечно делат некои заеднички карактеристики. Астролошка компатибилностКога се работи за компатибилноста, реба да ја гледаме поголема слика. Кога станува збор за пријателски однос или пократкотрајна врска, еден пар може да биде многу добар. Но, ако не се внимателни, во оној момент кога искрата ќе исчезне, тие ќе станат поопуштени и ќе ја изгубат забавата која ја очекуваат од врската. Знаејќи го тоа, партнерот ќе се обиде да пронајде компромис и разбирање. Сепак, не постојат правила кои велат дека не треба да бидеме со спротивните знаци, бидејќи спротивностите можат да ги надополнат сите наши карактерни недостатоци. Сѐ што е потребно е трпение и желба да дознаеме нешто повеќе за личноста која сме ја избрале за партнер и да се обидеме да ги комбинираме меѓусебните разлики за да ја направиме врската уште поуспешна. Спротивностите се привлекуваатМногу луѓе се држат до нивните компатибилни знаци бидејќи така предложуваат и советуваат астролошките книги и истражувања. Но, возможно е да се има добра и функционална врска и кога се во прашање два спротивни знака, бидејќи и двајцата партнери ќе работат многу понапорно за да имаат што подобар однос и да ја задржат возбудата. Со разбирањето на природата на хороскопскиот знак на нашите партнери можеме да ја вежбаме нашата толеранција и да поработиме на нашиот личен напредок. Но, ова бара и поголем напор и труд во одделот на комуникацијата. Подлабоко истражувањеНа крајот од денот, не е сѐ до астрологијата, туку е до оние две личности кои одбиваат да се откажат од себе и од својата врска и нивната одлука секојдневно да го поминуваат времето со оние кои ги сакаат. Како што старееме сите посакуваме да имаме трајна и здрава врска, но, не можеме да зависиме само од нашиот најдобар пар. Треба да научиме како да го извлечеме најдоброто од работите кои сакаме да ги задржиме со нас и покрај нас. За да го направиме тоа, понекогаш можеме да ја искористиме астрологијата како водич, но најмногу и најважно од сѐ, треба да го разбереме животот и да учиме од секоја личност која ќе ја запознаеме.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Февруари.2016 во 08:51 |
Иако очекуваме со месец март да дојде и поубаво време, расположение и нови љубовни прилики, астролозите предвидуваат компликации за три хороскопски знаци. Јупитер е главна планета во март, па ќе има големо влијание во текот на целиот месец и тоа на следниве знаци. БикАко компликациите не се појавиле во јануари и февруари, сигурно ќе се појават во текот на месец март. Ова е чувствителен период за Биковите. Можни се емотивни блокади, периоди на изолација или емотивно оддалечување, потешкотии, нарушувања предизвикани од надворешни влијанија, проблеми коишто ќе влијаат на партнерот, кризи и финансиски ограничувања. Наш совет е да ја соберете внатрешната сила, да реагирате смирено и да имате многу трпение. БлизнациОва е комплициран период за овој знак. Со Сатурн и Марс кај Близнаците, во текот на март тие ќе се наоѓаат на опасно тло. Повеќе од година дена, Сатурн ги отежнува односите со другите, а сега му се придружува и Марс. Вие и вашиот партнер би требало да се поставите дипломатски, доколку би сакале да ги избегнете проблемите. Ова може да се должи на фактот што заедно, рамо до рамо, ќе поминувате низ проблемите или пак вашиот партнер ќе има проблеми (здравствени, деловни и слично) коишто ќе влијаат и врз вас. Во секој случај, атмосферата нема да биде ни малку опуштена. ВагаСè до 12-ти март 2016 година, Венера е во фаза на љубовта и страста на Вагите. Ова е одличен период којшто би требало да го искористите, затоа што после тој период работите нема да бидат толку сјајни. Од 12-ти март Венера влегува во неповолна ситуација, па затоа очекувајте грижи и обврски. Овде љубовта не се развива слободно и љубовните врски на Вагите автоматски се поврзуваат со работата и обврските. Марс, владетелот на врските кај овој знак, влегува во Стрелец на 6-ти март и тука останува до крајот на месецот. Во оваа позиција, Марс има проблем: тој е близу Сатурн којшто исто така има врска со одговорностите, блокадите и ограничувањата.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Февруари.2016 во 08:06 |
На некои од хороскопските знаци во 2016-та година ѕвездите ќе им бидат благонаклонети и можат да очекуваат големи финансиски добивки. Еве што предвидува хороскопот: Овен Припадниците на овој знак сакаат слобода, независност и самостојност. Енергични се, импулсивни и се пронаоѓаат во потполно нови и оригинални работи во кои доаѓа до израз нивната смисла за организација. Но, не се занесувајте премногу, бидејќи има големи шанси да останете извисени. Пасивноста нема да ви донесе никакво материјално богатство, затоа подобро е што побрзо да ги засукате ракавите и да се посветите на работата. Покритичен период може да ви биде февруари и март, но вашата вродена гордост ќе се активира па ќе работите работи кои не се на вашето ниво, само да избегнете бламирање пред својот познаник кога ќе мора да побарате да ви позајми пари. Ако успеете да ја надминете својата импулсивност и инертност, другата половина на годината може да ви биде релативно успешна на финансиско поле. Бик
Биковите никогаш нема да започнат работа која детално не ја испланирале. Подобро не би презеле ризик, отколку да згрешат и да се каат подоцна. Познато е дека Биковите и парите не одат заедно, бидејќи тие сакаат да се луксузираат, но оваа година ќе биде поразлична. Ве чекаат многу пари на пролет и од тие пари многу добро ќе живеете. Уште една позитивна работа што ги очекува Биковите е бранот од нови корисни контакти. Не ја исклучувајте можноста да се позајмите пари од најблиските, пак. Близнаци
Личностите родени во овој знак се оптимисти, комуникативни и често водат доста брз живот. Меѓутоа, во текот на 2016-та година нив ги очекува прилична парична гужва. Ќе се позајмуваат од сите страни, а најмногу од роднини бидејќи тие се на прво место. Потпрете се на себеси и пробајте, посебно во втората половина на годината, да ја работите секоја работа која ќе ви биде понудена, бидејќи реално не можете многу да бирате, а долговите мора да се вратат. Близнаците кои ќе ги решат своите работни задачи внимателно, темелно и одговорно нема да ги изгубат своите позиции. Меѓутоа, нивното ангажирање нема да биде адекватно наградено. Рак
Раковите се чувствителни души на кои им е потребна нежност, љубов и пријателство. Еден емотивец како Ракот лесно се врзува за секој заработен денар. Штедењето пари во текот на целата година ќе оди лесно, без сериозни проблеми и компликации, меѓутоа не очекувајте да станете мултимилионер, сепак знаете каде живеете и какви си приликите овде. Ако сакате да инвестирате, добрите прилики за вас се пекара, теретана, продавница за храна за миленичиња и хемиско чистење. Запаметете – она што би го вложиле, може да ви се врати многу ефикасно за година или две. Потребно е само да верувате во себе и во својата визија. Лав
Најнесреќен човек на светот може да биде Лав без авторитет или Лав во пензија. Лавовите оваа година, како и секоја друга, константно заработуваат пристојно, ама и трошат уште попристојно. За нив зборот штедење не постои, па така редовно одат во минус. Нема потреба да се плашите од работниот ден, потребно е само да знаете како да ги задржите вашите пари. Наместо да ги вложувате во гардероба, шетање и луксузни патувања, инвестирајте во недвижнини. Да, еднаш се живее, затоа треба и добро да се живее. Можна е појава на проблеми во втората половина на годината. Во последните три месеци од 2016-та можен е прилив на девизни средства благодарение на соработка со лица од странство. Меѓутоа, ако не трошите рационално на крајот од 2016-та година, можете повторно да се најдете на нула, затоа бидете внимателни со финансиите. Девица
Лицата родени во овој знак често можат да се заборават во работата која ја работат. Тивки се, повлечени, промислени и уживаат во работата која бара внимателно планирање и усогласување на повеќе детали. На пресметливите Девици ништо не може да им избега. Тие постојано знаат точно со колку пари располагаат. Знаат дури и колку комшијата заштедил за црни денови. Приходите во 2016-та година нема да ја разочараат Девицата, а посебно плодни периоди ќе има на есен и во зима. Постои можност за промена на работното место или напредување во кариерата што би можело позитивно да се одрази на вашиот буџет. Како по обичај, своите пари ќе ги чувате. Немате многу доверба во банките, па парите грижливо ќе ги штедите, криете, и повремено ќе ги броите, далеку од останатите во куќата.
Вага Основната цел која се провлекува низ 2016-та година е напорна работа, колку и да не сте љубител на големите напори за работа. Сепак може да се радувате, бидејќи оваа година ќе ви биде исклучително успешна, посебно на припадниците од овој знак со уметнички способности. Без оглед на тоа колку понекогаш ви е тешко што вашиот приватен живот мора да трпи, нека ве мотивира мислата дека оваа година ќе заработите повеќе од било која друга година. Исто така, може да очекувате ненадејни добивки на финансиски план во периодот од септември до декември, и тоа во вид на наследство. Ова може да ви донесе изненадувачка среќа, ама најпаметно е тие пари да не ги потрошите во целост. Или ставете ги на страна или паметно вложете ги, само никако не ги позајмувате, бидејќи постои можност никогаш да не ви бидат вратени. Скорпија
Скорпиите имаат голема моќ – многу често се во состојба да читаат меѓу редови. Многу се интелигентни, истрајни, со голема концентрација и се големи психолози, писатели, детективи, хемичари. Сепак, припадниците на овој знак ги очекува многу критична година. Кај вас ќе доминира голема паника за пари, такада препорачливо е да водите сметка од кого ги земете. Поради неповолната финансиска ситуација и проблемите, ќе бидете под голема тензија и ќе имате кавги со колегите и партнерите кои ќе бидат неизбежни. Оваа приказна не се однесува на Скорпиите кои работат приватен бизнис, бидејќи за нив 2016-та ќе им биде релативно успешна. Сепак, тоа ќе се почувствува дури во октомври и ноември. Ќе биде проблематично и треба да бидете истрајни и трпеливи, но работите ќе почнат да се одвиваат во ваша корист. Стрелец
Лицата родени во овој знак се исклучително независни и борбени, со голема потреба да бидат постојано во акција. Како и секоја година во 2016-та година ќе правите големи планови. Но, немојте да се занесувате многу … Тие планови се успешни само во вашата глава. Кога ќе се симнете на земја, ќе видете дека не е баш лесно да ги наполните џебовите со пари. Стрелците кои се без постојан приход, среќата ќе им проработи во периодот меѓу март и јули, кога ќе заработат од работа која нема никаква врска со нивното образование. Оние пак, со постојана работа, ќе имаат повеќе и повеќе работни обврски, а тоа нема воопшто да се одрази на нивната финансиска состојба. Јарец
Јарците се многу реални и вредни личности, познати како неуморни и совесни работници. Работата ја сфаќаат доста сериозно, многу се амбициозни и секогаш полека, ама сигурно се качуваат кон замислениот успех. За Јарците, 2016-та година подготвува нешто убаво. Ако малку се потрудите, резултатите ќе бидат неверојатни. Конечно, сè за што работевте, оваа година ќе го даде својот резултат. Напредокот во кариерата е неизбежен, а со тоа и огромната сума на пари. Сепак, не се опуштајте премногу во текот на годината, колку и да сте во завидна позиција, бидејќи во спротивно, сè би можело да се сруши како кула од карти. Затоа, бидете паметни за потоа да не кукате дека другите ви се криви за сопствените грешки. Водолија
Водолиите се луѓе со слободен и независен дух, па многу често напредуваат со револуционерни идеи. Нивната финансиска состојба во 2016-та година е поврзана со мали проблеми. Колку и да се трудат, Водолиите нема да успеат да задржат пари во своите раце. Дури и кога ќе дојде периодот на добра заработка, ќе ви излезат нови непредвидени трошоци. Некои Водолии ќе пронајдат спас во склучување брак од интерес, но не мора многу да брзаат, бидејќи финансиската состојба ќе се подобри од септември. Од септември пак ќе изгрее сонце за Водолиите, па ќе можат да се надеваат на стабилен извор на приходи или значајно зголемување на платата. Риби
Личностите родени во овој знак се големи хуманисти со развиена способност да ги разбираат другите. Секогаш се спремни да помогнат, вредни се, но и неодлучни и умешни во водење на финансиските средства. Во 2016-та година сите ќе сакаат да бидат во ваша кожа, бидејќи Риби е еден од ретките знаци кој во оваа година ќе биде во голем плус. Дури нема да има потреба и многу да кукаат, бидејќи тука е фактот со парите кои им доаѓаат од сите страни. Тоа не значи дека можете баш да се опуштите, бидејќи и ќе ви биде потребна и работата за да се чувствувате добро. Вие многу добро знаете како да се расположите со пари, така да во 2016-та година ќе заштедите само мал дел од нив.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Февруари.2016 во 21:38 |
ВО КОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК СЕ КРИЕ ВАШАТА СРОДНА ДУША?Секоја љубовна врска е различна, со свои позитивни и негативни страни, но изгледа кај некои парови работите се одвиваат многу полесно отколку кај други. Станува збор за љубовната компатибилност помеѓу самите знаци. Па, во кои знаци се крие вашата сродна душа? Овен: Водолија, Лав, Близнаци и Стрелец Овенот и Водолијата можат да имаат несогласувања, но помеѓу нив има огромна привлечност. Тие подеднакво ја сакаат независноста, додека проблемите настануваат ако Овенот сака да доминира. Активноста и авантурата ги поврзува со Близнаците, па токму затоа и одлично се надополнуваат. Но, љубомората на Овенот може да создаде проблем. Ексцентричноста, страста како и хуморот се карактеристики кои ги поврзуваат Овенот и Лавот. Нивните караници често служат како предигра, додека бракот им е стабилен. Со Стрелецот можат да развијат огромна љубов, но поради натпреварувачкиот дух мора да научат како да прават компромиси. Бик: Рак, Девица, Јарец и Риби Бикот и Ракот се многу компатибилни, па затоа и уживаат во својата љубов тивко, но постојано. Проблеми скоро и да немаат, сè додека помеѓу нив постои привлечност. Со Девицата до израз им доаѓа романтиката, како и заедничките проекти, но можат да се појават проблеми доколку Бикот загуби интерес. Јарецот и Бикот се скоро совршен пар, бидејќи делат слични вредности. Проблемите настануваат кога се појавува рутина. Биковите се многу различни од Рибите, но тоа ги привлекува, а проблемите се појавуваат кога не комуницираат доволно. Близнаци: Лав, Овен, Водолија и Вага Близнаците и Лавовите доживуваат голема страст, романтика и многу уживања, но можат да се појават несогласувања доколку на Близнакот му досади да го толерира Лавот. Со Овните ги поврзува голема хемија, но може да настане проблем доколку Близнаците не им дозволуваат на Овните да водат. Ако постигнат компромис, тие имаат долга иднина. Со Вагите одлично се согласуваат, овозможувајќи им слобода и поддршка, но работите нема да бидат толку добри доколку настане губење на довербата. Водолијата ги привлекува поради својата спонтаност. И покрај тоа што сексот им е одличен, тие многу често се караат. Рак: Скорпија, Риби, Бик и Девица Раковите и Биковите одлично се согласуваат и имаат шанси за долготраен однос исполнет со многу љубов. Нивната врска може да биде загрозена доколку настане неверство. Со Скорпијата одлично се надополнуваат, но можат да настанат проблеми доколку Ракот е премногу чувствителен и врзан, а Скорпијата груба. Девиците им овозможуваат емоционална сигурност и голема љубов, но треба да внимаваат на тој начин да не го изгубат сопственото „јас“. Со Рибите имаат многу турбуленции, но ако ги надминат караниците помеѓу нив ќе се развие голема страст. Лав: Овен, Близнаци, Стрелец и Вага Лавовите и Овните се поврзани преку ексцентричноста и страста, како и хуморот. Нивните караници им се како предигра, додека бракот им е стабилен. Со Близнаците доживуваат голема страст, романса и уживање, но проблемите се појавуваат ако тие престанат да ги толерираат. Со Вагата имаат комплициран однос, но истовремено и многу страстен и забавен, кој не може да трае доколку постои љубомора од двете страни. Во односот со Стрелецот тие се поврзани со почитување и лојалност, па затоа и имаат големи шанси за стабилен брак. Девица: Бик, Јарец, Скорпија и Рак Девиците и Биковите се поврзани со практичност, романтика и животен стил. Проблемите можат да се појават доколку Бикот изгуби интерес поради перфекционизмот на Девицата. Со Јарецот имаат можност за идеална врска, со стабилен и исполнет однос доколку не се обидуваат постојано да доминираат еден врз друг. Со Раковите можат да доживеат голема емоционална сигурност и љубов, но треба да внимаваат да не го изгубат сопственото „јас“. Со Скорпијата имаат необјаснива поврзаност, но можат да се појават несогласувања доколку Девицата не пристанува на компромиси. Вага: Близнаци, Лав, Водолија и Стрелец Вагата и Близнаците одлично се сложуваат, бидејќи тие си овозможуваат меѓусебна слобода и поддршка. Нивната врска ќе напредува сè додека тие имаат доверба еден во друг. Со Лавот имаат комплициран однос, кој истовремено е и страстен и забавен, но може да им се појаваат проблеми под влијание на љубомората. Вагата и Стрелецот имаат непредвидлив однос, па токму затоа и многу се забавуваат. Тие лесно комуницираат и скоро и да немаат проблеми. Со Водолијата имаат турбулентна врска, во која уживаат, но постојано се на работ од раскинување. Сепак тоа не ги спречува да престанат да се трудат. Скорпија: Рак, Девица, Јарец и Риби Скорпиите и Раковите одлично се надополнуваат, но можат да настанат проблеми доколку Ракот е премногу чувствителен и врзан, додека Скорпијата е груба. Со Девиците имаат необјаснива поврзаност, која може да биде нарушена доколку не прифаќаат компромиси. Со Јарците имаат сексуална, како и интелектуална врска, додека пак бракот многу често им е успешен. Можат да настанат несогласувања само доколку Скорпијата ги изневери. Со Рибите се многу различни, но со доволно разговор и труд тие можат да создадат одлична врска. Стрелец: Овен, Лав, Водолија и Вага Со Овните ги поврзува силна физичка и емоционална врска, како и заеднички интереси, но нивниот натпреварувачки дух може многу лошо да им влијае. Во односот со Лавовите, тие имаат силна почит и лојалност, па токму затоа и имаат големи шанси за стабилен брак. Стрелците и Вагите меѓусебно се разбираат и многу се трудат, па токму затоа и нивниот однос може да биде пример за другите. Водолијата ќе го смири Стрелецот и со страст ќе го води низ животот, но сè ќе тргне наопаку доколку ја изгубат довербата. Јарец: Бик, Девица, Скорпија и Риби Јарците и Биковите се скоро совршен пар бидејќи делат слични вредности. Помеѓу нив може да настане голем проблем доколку влезат во рутина. Со Девицата имаат скоро идеална врска бидејќи односот им е стабилен и исполнет. Може да настане проблем поради борбата за доминација. Со Скорпиите имаат одлична сексуална, како и интелектуална врска, па затоа и бракот најчесто им е многу успешен. Јарците и Рибите се надополнуваат со своите спротивности, па затоа и се добар пар. Водолија: Овен, Близнаци, Вага и Стрелец Водолијата и Овенот имаат слаби страни, но ги поврзува неверојатна привлечност. Тие сакаат независност, па затоа можат да им се појават проблеми доколку Овенот сака да доминира. Со Близнаците имаат ист менталитет и однос исполнет со многу хемија, како и караници. Со Вагите имаат турбулентна врска, исполнета со многу уживања. Дури и покрај тоа што често се на работ на раскинување, тие се верни и упорни. Водолиите знаат како да ги смират Стрелците, но помеѓу нив може да се појави голем проблем доколку ја изгубат довербата. Риби: Бик, Рак, Јарец и Скорпија Рибите се многу различни од Биковите, но токму тоа многу ги привлекува. Тие имаат проблеми само доколку не комуницираат доволно. Односот со Ракот им е многу турбулентен, но ако ги надминат караниците можат да имаат одлична врска. Со Скорпијата имаат страствена врска, која може да напредува со многу разговор и труд. Рибите и Јарците се надополнуваат со своите разлики, па затоа и имаат успешен брак.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Февруари.2016 во 16:07 |
ОВА СЕ НАЈМАЖЕСТВЕНИТЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ПО КОИ ДОКАЖАНО ЖЕНИТЕ ЛУДУВААТ ПО НИВ!< border="0" ="0" marginheight="0" marginwidth="0" scrolling="no" ="0" ="0" width="100%" id="I0_1455894328558" name="I0_1455894328558" ="https://apis.google.com/se/0/_/+1/fast?usegapi=1&size=medium&count=true&origin=http%3A%2F%2Fpopara.mk&=http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2016%2Fzhivot%2Fljubov-i-seks%2Fova-se-najmazhestvenite-horoskopski-znaci-po-koi-dokazhano-zhenite-luduvaat-po-niv%2F&g=3p&ic=1&jsh=m%3B%2F_%2Fscs%2Fapps-static%2F_%2Fjs%2Fk%3Doz.gapi.bg.KKyZhSqnHx8.O%2Fm%3D__features__%2Fam%3DAQ%2Frt%3Dj%2Fd%3D1%2Ft%3Dzcms%2Frs%3DAGLTcCP27x0UU7l77XRolHVAnfmMZY999g#_methods=onPlusOne%2C_ready%2C_%2C_%2C_resizeMe%2C_renderstart%2Concircled%2Cd%2Ce%2C&id=I0_1455894328558&parent=http%3A%2F%2Fpopara.mk&pfname=&rpctoken=36920326" -gapiattached="true" title="+1" style="margin: 0px; padding: 0px; border-width: 0px; border-style: none; outline: 0px; vertical-align: line; max-width: 100%; : static; top: 0px; width: 90px; left: 0px; visibility: ; height: 20px; : transparent;">
Изменето од Valerija - 19.Февруари.2016 во 16:08
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|