![]() |
|
РАКОМЕТ - новости |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1011121314 18> |
Автор | |
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Во Скопје и Охрид утре стартува женското ракометно ЕП
Македонија од утре до 14. декември ќе биде домаќин на 8-то Европско првенство во ракомет за жени - сениорки. Во спортските сали „Борис Трајковски“ во Скопје и во „Биљанини извори“ во Охрид, ќе настапат вкупно 16 европски селекции поделени во четири групи. Во групата „А“ ќе се натпреваруваат: * Франција * Унгарија * Данска * Романија Групата „Б“ ја сочинуваат екипите на: * Норвешка * Португалија * Шпанија * Украина Во третата „Ц“ група се селекциите на: * Русија * Шведска * Австрија * Белорусија Македонската репрезентација е во групата „Д“ со: * Германија * Хрватска * Србија Избраничките на селекторот Владимир Глигоров својот прв натпревар ќе го одиграат против Германките на 2. декември во салата „Борис Трајковски“ со почеток од 20 часот и 15 минути. Во последниот подготвителен меч македонските ракометарки синоќа во Скопје загубија од Шпанија 26:28. Европското првенство утре ќе стартува во 17 часот и 45 минути со натпреварот во Скопје меѓу Хрватска и Србија. Во Скопје ќе се играат натпреварите од групите „А“ и „Д“, а во Охрид „Б“ и „Ц“. Организаторите тврдат дека се е подготвено за почеток и за успешно одвивање на Европското првенство. |
|
|
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ракометарите ремизираа со Естонија
Најдобрите македонски ракометари успеаа само да ремизираат 28:28, во реванш натпреварот со Естонија, во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство што во 2010 ќе се одржи во Австрија. Во првото полувреме не ни одеше баш најдобро, а Естонците го искористија тоа и успеаа да ни парираат со 15:15 на крајот од првиот дел. Второто полувреме Естонците повторно стартуваа многу поорганизирано од нашите ракометари, поведоа и со 19:17 во првите 10. минути од вториот дел. Во 16-та минута од второто полувреме дојдовме во водство од 20:22 и одржувавме предност од два гола до 26. минута, кога Естонците изедначија на 25:25. На крајот 28:28, Естонците успееја да ни освојат значаен бод во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство што во 2010 ќе се одржи во Австрија. Ova e Katastrofa sto se desava so nasite sportisti vo bilo koj Sport!!!! Za nisto ne ne biva edna estonija nemoze da ja pobedime vo gosti! Sega ke sanjame EP! ![]() |
|
|
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Македонија славеше против Естонија со 31:22
Убаво е кога ќе се победи но уште поубаво е кога триумфот го следат и високи амбиции. Најдобрите македонски ракометари фуриозно во стил на елитна репрезентација го почнаа маршот до Австрија 2010-та. Во Борис Трајковски 31:22 против Естонија. Фаворитската улога не им беше товар на момците на Илија Темелковски да ја завршат задачата. Одиграа добро, колку што е потребно и поглед на конечниот резултат ги става во позадина повремените осцилации во играта. Естонците делуваа како да знаат што ги очекува па во тој правец почна натпреварот. Ние веднаш исчекоривме резултатски и наскоро имавме 6:1 во наша полза. Гостите најдоа начин да ја задржат оваа дистанца и на полувреме се замина со 13:8. Најдобриот наш период беше на почетокот од вториот дел кога стигнавме до максималните плус 11, 24:13. Со серија од 5:0 противникот се врати на едноцифрена негатива која остана до последниот свиреж. Борко Ристовски се издвои со 18 одбрани, најефикасен беше Кире Лазаров со шест гола, два повеќе од Миркуловски, од Темелков и од Алушевски. Верзија за печатење Верзија за печатење |
|
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПОДГОТОВКИ НА ЖЕНСКАТА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Радуловиќ ќе мирува до ЕП ![]() - Не е толку сериозно, во прашање е само истегнување, но Вале доби препорака да мирува барем два дена. Потоа ќе и биде извршен уште еден лекарски преглед. Се уште не сум решил дали ќе игра на последниот контролен меч со Шпанија в недела. Можеби, ќе биде попаметно да добие поштеда за да не ризикуваме ништо - оцени селекторот Владимир Глигоров. Со исклучок на Радуловиќ, репрезентацијата вчера тренираше во комплетен состав, што не беше случај претходниот ден. Во работата повторно се вклучи и Наталија Тодоровска, која уште од турнирот во Унгарија, одигран викендов, се жалеше на температура, а Драгана Пецевска ја санираше повредата на вратот. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
НАШИТЕ НАЈДОБРИ РАКОМЕТАРИ ГИ ПОЧНУВААТ КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП 2010
Со Естонија како да е Исланд Нашите најдобри ракометари за момент ќе го заборават Светското првенство во Хрватска за да се фокусираат на денешниот старт на квалификациите за Европското првенство 2010 во Австрија. Естонија им е стар познајник, но не и муштерија, бидејќи еднаш ги ![]() - Не треба да ги мешаме работите. СП и дуелите со Естонија се нешто сосема различно. Ние сме фаворити и така ќе се поставиме, но на теренот ќе се однесуваме како да играме против Исланд. Ни тргна годинава, машкиот ракомет е во нагорна линија, но тоа не треба да не крене во облаци, туку треба да ја искористиме оваа позитивна атмосфера што сите ја чувствуваме - вели капитенот Кире Лазаров. Во ситуација кога до почетокот на Мундијалот остануваат нешто повеќе од месец и половина, и овие дуели со Естонија ќе послужат како дел од подготовките и никој не се сомнева во позитивниот исход. - Одиме постепено. Подготовките за СП фактички стартуваат со овој двомеч со Естонија. Атмосферата е на завидно ниво и очекувам да продолжиме таму каде што застанавме на успешниот пат. Овие две победи ќе ни бидат од големо значење кога циклусот ќе продолжи напролет, а во прилог ни оди и ремито на Исланд против Норвешка на гостински терен. Не се сомневам во нашата квалитетна игра и во добриот резултат, но само доколку бидеме максимално ангажирани, бидејќи Естонците имаат интернационалци низ Европа - рече селекторот Темелковски, кој додаде дека списокот за подготовките за СП ќе го прошири со по еден голман и пикер и со две крила. Средбата се игра во салата "Борис Трајковски", со почеток во 17.30 часот. Според новиот систем, првите две селекции од секоја група обезбедуваат директен пласман. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Рекордна победа на прилепскиот ракометен прволигаш
"Пиварите" со 57 голови за 60 минути Ракометарите на прилепскиот прволигаш Златен даб го истурија својот бес по неочекуваниот пораз во Куманово, нивни прв сезонава, врз фенерџијата Младост. Младиот ресенски состав замина со мрежа наполнета до врв, примајќи 57 голови за 60 минути, што е рекордно постигнување на прилепчани во сите конк*ренции во кои се имаат натпреварувано. Прилепските ракометари важат за главни кандидати за експресно враќање во Суперлигата, но на последните две гостувања потфрлија. И додека за нерешениот исход против Повардарие беше барано алиби во грубата игра на домаќините, за поразот во дербито во Куманово нема оправдување. Затоа избраниците на Петрески и на Нешкоски одиграа максимално мотивирано во 10. коло и го изрешетаа голот на последнопласираниот тим во лигата, победувајќи со 57:18 |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
ZOTE ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 26.Мај.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 627 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Сит екој сакаат д аодат да гледаат евроспко жени макеоднска репрезентациа имате карти по евтин ицени.
![]() |
|
![]() |
|
HI)H( ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Јуни.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 258 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
MAKEDONIJA
|
|
1 Година верен форумџија
|
|
![]() |
|
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПРЕТСТАВНИКОТ НА МАКЕДОНИЈА ВО КПК, ВАРДАР ПРО, ПОВТОРНО ИСПАДНА ОД ШВАЈЦАРЦИТЕ Кадетен и годинава подобар КАДЕТЕН - ВАРДАР ПРО 33:25 (19:14)
Дури тројца ракометари не го дочекаа крајот на средбата одиграна
синоќа. Во 33. минута при еден дуел Маркоски и Пунгартник паднаа на
земјата, а од искусниот ракометар на Кадетен имаше обид за удар. По
сето тоа настана мешаница од која најдебелиот крај го извлекоа двајцата
ракометари кои и ја почнаа целата ситуација. Добија директни црвени
картони и се преселија на трибините. Шест минути подоцна на Маркоски му
се придружи и десното крило Ивановиќ, но овој црвен картон остана чуден
за сите бидејќи е доделен без објаснување и за прекршок за кој најмногу
би требало да се доделат две минути. |
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|
![]() |
|
Trine ![]() Нов член ![]() ![]() Регистриран: 07.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 26 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Pobeda na Metalurg Skopjenad DHK vo Drammens hallen.
Fotograf Atle Olav Dahl. ![]() Navivachi na Metalurg Fotograf Katerina Dahl ![]() Изменето од Trine - 23.Ноември.2008 во 23:16 |
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Пораз на ракометарките од Хрватска
Најдобрите македонските ракометарки загубија убедливо од селекцијата на Хрватска со 37:27, во првиот меч на Панон куп турнирот во унгарскиот град Сомботели. Ослабениот состав на Владимир Глигоров, без болната Радуловиќ и повредените Андреева и Бајрамовска, имаше неуспешна прва контрола, пред претстојното Европско првенство што за десетина дена почнува во нашата земја. Шанса за подобрување на впечатокот, нашиот национален тим ќе има утре и в недела, во преостанатите две средби на турнирот, против домаќинот Унгарија и со Австрија. ![]() |
|
|
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
КПК, 3. РУНДА
ВАРДАР ПРО (МКД) - КАДЕТЕН (ШВА) 33:27 Сала: СРЦ "Кале" во Скопје. 2000 Гледачи, Судии: Петер Херцег и Петер Суди од Унгарија. Делегат: Владимир Ранчик од Словачка. |
|
|
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Вујовиќ ја гледа својата екипа во следната рудна
Македонскиот ракометен претставник во Купот на победниците на куповите, Вардар Про, се подготвува за следниот натпревар од 3. коло против екипата на Кадетен Шафхаузен. Тренерот Веселин Вујовиќ вели дека ја гледа својата екипа како патник во следната рудна. „Годинава имаат изменета екипа, за разлика од онаа што играше со нас лани, но имаат и многу засилувања. Ние нема да калкулираме со бројот на головите кои ќе ги постигнеме. Одиме на победа, без разлика со колку голови ќе биде изразена. Нема фаворит на овој дуел, но Вардар Про го гледам како патник во следната рунда“, изјави Веселин Вујовиќ. Натпреварот ќе се одигра во СРЦ „Кале“, в сабота со почеток во 18 часот. ![]() Вујовиќ: Вардар Про го гледам како патник во следната рунда |
|
|
|
![]() |
|
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПРОТИВНИКОТ НА ВАРДАР ПРО, ЗАСИЛЕН СО ИСКУСЕН РАКОМЕТАР ОД СЛОВЕНИЈА
Пунгартник потпиша за Кадетен Составот на Кадетен од Швајцарија ќе биде засилен со Роман Пунгартник од Словенија за дуелите против Вардар Про од КПК кои ќе се одиграат следните два викенди во Скопје и во Шафхаузен. Искусниот ракометар од Словенија веќе се договори со Швајцарците и тој ќе остане во овој тим до крајот на сезоната. Се работи за играч кој има големо меѓународно искуство и тоа ќе биде голем плус за оваа екипа на натпреварите против "црвено-црните". Во кариерата има многу титули, а има и во европските купови. Досега има играно и за тимови како што се Кил и Хамбург и оттаму Кадетен ќе биде засилен за дуелите со "вардарците". Затоа, пак, на дуелите со Вардар Про, Швајцарците најверојатно ќе бидат без Унгарецот Даниел Будај. Тој се повреди на еден од последните тренинзи и како што засега стојат работите најверојатно нема да биде во тимот ниту за едниот ниту за другиот натпревар. Според вестите од Шафхаузен тој би требало да се врати на тренинзите дури на крајот на овој месец. Се работи за повреда на менискусот која доколку не биде залечена најверојатно ќе мора да биде извршен и оперативен зафат за да се реши целата ситуација. Што се однесува до средбите од домашниот шампионат таму на последниот дуел Кадетен забележа победа од 25:21 (полувреме 12:12) на домашен терен против Криенс, а на табелата и натаму е втор зад Амичитиа која има бод повеќе. Против Криенс најефикасни беа Патраил и Линигер кои имаа по седум погодоци, додека Старцан имаше пет гола. ДУЕЛОТ ОД 11. КОЛО ОДИГРАН ПРЕДВРЕМЕ Нова победа за Вардар Т. ПРОЛЕТ - ВАРДАР ПРО 22:31 (11:17) Сала: Расадник во Скопје. Судии: Кркачев и Бошковски од Скопје. Делегат: Климкаров од Велес. ТИНЕКС ПРОЛЕТ: Чупаркоски, Цветкоски, Тренчоски, Иваноски, Спасовски, Димовски 3, Младеновски 2, Котески, Постоловски 9, Петрушевски 2, Матлиески 4, Стефанов 2, Василески Седмерци: 2/5, Исклучувања: 8 мин. ВАРДАР ПРО: Косановиќ, Митревски, Кисил, Макалоски 4, Прибак, 4, Вујовиќ 3, Симовиќ 2, Радуловиќ 5, Ивановиќ 1, Мојсоски 3, Алушевски 4, Мојсовски 4, Кукрика, Маркоски 1 Седмерци: 2/3, Исклучувања: 4 мин. Ракометарите на Вардар Про дојдоа до нова победа во првенството откако на дуелот од 11. коло против Т. Пролет овој пат полесно дојдоа до бодовите во Расадник. Вардар победи со 31:22 и заработи нови три поени. Вториот дуел од ова коло ќе се одигра денеска кога во СРЦ "Кале", МРК Вардар ќе ја пречека екипата на Преспа. Филипос минимално против Димос Екипата на Филипос Верија која е противник на МРК Вардар во натпреварот кој во недела ќе се одигра во СРЦ "Кале" од Челенџ купот на последниот дуел од домашниот шампионат успеа да дојде до победа од 26:25 против составот на Димос. Филипос победи како гостин на овој меч и сега после седум средби се наоѓа на 4. позиција во шампионатот на Грција, а има пет победи и два порази. Засега најдобар стрелец на екипата е Дејан Унчанин кој со 34 гола или 5,67 по натпревар се наоѓа на 16 место на листата на стрелците. На 18 позиција е Димитриос Бадис кој досега има 30 погодоци. |
|
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1011121314 18> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |