|
Што прави оваа влада?! |
Внеси реплика | страница <1 910111213 200> |
Автор | |||||||||||
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Што прави оваа влада!
Што сака, како сака и како што и одговара, и сите дремиме ко мисири и мисирки
|
|||||||||||
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
|||||||||||
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Комеморацијата на митот за чесноста на актуелната Влада ќе се одржи утре во Музејот на ВМРО, соопштија од Центарот за комуникации и уредување вести. На овој тажен чин, последни од митот ќе се испратат претставници на граѓаните, медиумите, дипломатскиот кор, стопанственици и други субјекти кои веруваа во овој мит додека беше жив. На присутните ќе им се обратат Ивона Талевска од името и на новинарите и на бизнисмените, како и министерот за здравство Никола Тодоров како претставник на Владата. Во име на дипломатскиот кор беше предвидено да говори евроамбасадорот Аиво Орав, но тој последниве години не знаеме дали е присутен во државава, така што неизвесно е дали ќе присуствува на комеморацијата. Како што е познато, митот за чесноста на оваа Влада ненадејно умре кога на виделина пукна аферата за корумпирање на уредници со милионски суми евра. Поради зголемено присуство на џипови, улиците околу музејот за време на комеморацијата ќе бидат затворени за сообраќај. Погребот ќе биде извршен задутре во Алејата на великаните. |
|||||||||||
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|||||||||||
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Па сега редно е и баба му на Латас да влези со еден тендер за набавка на воена опрема,а дедо му на Миленко со тендер за набавка на опрема за оптички надзор на земјината орбита од напад на вонземјани.
Догодина да сме здрави и живи можи и вујната на Јанко да ја вклучиме во набавката на беспилотни летала ..... |
|||||||||||
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Шилегов: Груевски се крие, Тодоров се правда, а милионот кај Талевска! (ВИДЕО)- Министерот за здравство Никола Тодоров во тотална конфузија се обидува да се огради од милионскиот тендер доделен на мајката на уредничката на Сител, Ивона Талевска. Тодоров тврди дека Министерството за здравство случило договор со фирма ВИСАРИС ДООЕЛ, управувава од едно лице. Тоа го тврди Тодоров, за што дури и жалеше, изјави на денешната прес-конференција Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.
Договорот за милионскиот тендер, како што рече Шилегов, е склучен помеѓу Министерството за здравство и внимавајте, фирмата ВИСАРИС МКД, со адреса Градски парк – Градски стадион без број, Република Македонија. < width="425" height="350" ="http://www.youtube.com//-Cejgf88In0" border="0" allowfullscreen="" style="border-style: none; outline: 0px; vertical-align: line; : transparent; margin: 0px; padding: 0px;"> - Додели го тендерот па потоа ќе се покажат вистинските сопственици на фирмата. Која е таа логика, прво да се добие милион евра на тендер а потоа да се поклони доминантата сопственост на фирмата и тоа баш на мајката на Ивона Талевска? Кој лобира овие фирми да ги добиваат тендерите на овој начин за парите потоа да завршат на вистинското место?- праша Шилегов. |
|||||||||||
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|||||||||||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Ништо ново за овие криминалци....само што изгледа станале невнимателни.... Бизнисот од 40 илјади евра за кој вчера објавивме документи е ситница во однос на бизнисот од милион евра на фирмата на новинарката Ивона Талевска со Министерството за здравство за кој денеска ви презентираме документи, рече на денешната прес конференција портпаролот на СДСМ Петре Шилегов. < width="500" height="281" ="http://www.youtube.com//YeuKgOEgWVI?feature=o" border="0" allowfullscreen=""> -Премиерот Никола Груевски молчи за бизнисот од 40 илјади евра даден на мајката на уредничката на Сител Ивона Талевска. Молчи и министерот за здравство Никола Тодоров. Молчи и Ивона Талевска. Сите тројца вчера не кажаа ни збор за доделениот бизнис на фирмата во која одговорна за контакт со трговијата на медицинска опрема е уредничката Талевска. Денеска ќе ви кажеме зошто молчат. Затоа што зделката што вчера ја обелодени СДСМ е ситница во однос на бизнисот кој Владата го доделила на семејната фирма на уредничката бизнисмен Ивона Талевска. Еве официјален документ кој покажува дека фирмата на Талевска Визарис МКД добила од Груевски и Тодоров и бизнис во здравството тежок милион евра- рече Шилегов. Тој презентира официјален документ од Бирото за јавни набавки, кој покажува дека министерството на Никола Тодоров склучило договор со фирмата во која мнозински сопственик е мајката на Ивона Талевска, во вредност од 62.701.048 денари. -Тоа е зделка од милион и 28 илјади евра со фирмата Визарис МКД, чија сопственичка е Лимба Талевска, а лице за контакт самата уредничка на Сител и главен и одговорен уредник во весникот Вечер, Ивона Талевска. Милион евра, пари на граѓаните, завршиле или ќе завршат на сметката на фирмата на Талевска. Значи, додека едни новинари скапуваат по затворите, многумина новинари професионалци се на улица, некои чесно едвај доаѓаат до егзистенција, а други ги одработуваат агендите на власта за нецели 200 евра, оваа напредна уредничка, бизнисмен, лице за контакт, Ивона Талевска, помага да се таложат државни пари на семејно конто. Кога Тодоров се фали со милиони евра потрошени во здравството, сега е јасно каде одат милионите. СДСМ бара од премиерот Груевски, да не се крие и да не молчи за оваа, досега невидена корупција во медиумите, што ја отвора овој скандал. Премиере Груевски одговорете: Вака ли го раните медиумското “чудовиште“ кое изеде егзистениции на илјадници луѓе во земјава, криејки ги вашите криминали и создавајки со лаги непостоечка реалност? Вака ли се купуваат уредници? Со милиони евра пари на граѓаните? Затоа ли медиумите контролирани од вас и уредниците поставени од вашата Влада, вклучително и националниот сервис Македонската телевизија, воопшто не го објавија вчерашниот прес на СДСМ за овој тежoк скандал?! Јавноста очекува одговори- рече Шилегов. Изменето од Ninja 35 - 11.Јануари.2014 во 14:25 |
|||||||||||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|||||||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
JАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 12/2014 за вработување на 1 државни службеници во Канцеларија на претседателот на Владата за следните работни места:
|
|||||||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||||||||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
еве што прави... |
|||||||||||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Го влече ѓаволот за опашката Мине - немине време и бап на устата на Грујо :
Ако некој сака предвремени избори - спремни сме во секое времеГледај си таму работата како едно време 24/7 кога те избраа наместо да даваш надежи на опозицијата . Оти оне не спијат и немат паметна работа и ќе те изненадат кога најмалку очекуваш и тогаш ќе се каеш за пропуштената можност да владееш како Путин вечно .
Изменето од емил - 29.Декември.2013 во 12:18 |
|||||||||||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Браво бе Грујо. Така и со 4-те училишта преименувани на албански. Ќе си постојат таблите 7 (или не знам колку) години и после ќе нема потреба да се тргнат. |
|||||||||||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Ништо друго и не треба да очекува човек од овие политички проститутки... Ги заболе и Грујо и Спиро за македонски превод на името....власта и братот Ахмети се важни... Груевски пресече лента на „Конгреси и манастирит“- ново училиште со албански назив и на кирилица и на латиница„Конгреси и манастирит“ е новото основно училиште во општина Чаир кое името го носи во чест на албанската азбука усвоена на Битолскиот конгрес пред 105 години. Училиштето денеска беше пуштено во употреба, но на училишната табла името не е преведено на македонски јазик, туку само препишано со кирилица – така и на кирилично писмо стои „Конгреси и манастирит“ наместо „Битолски конгрес“. Ова име, според министерот за образование и наука, седум години стоело на стариот објект на училиштето и затоа немало потреба да се менува. Министерството за образование и наука сеуште без решение и за 4-те чаирски училишта кои општината самоволно ги преименува мината година со имиња на албански херои, но кои стојат само на училишните табли, а не и офоцијалните документи. Груевски без одговор за преименувањето и на училиштата во Чаир, кои што повеќе од една година ја брануваа јавноста и предизвикаа тензии на меѓуетнички план, но затоа со конкретен придонес за соживотот во Чаир. Од државниот буџет за новото училиште во Чаир се потрошени околу 2 милиони евра. |
|||||||||||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Ги стимулира граѓаните да бидат макучка поодговорни кога купуваат
Министерството за финансии ќе организира наградна игра за поттикнување на финансиска и фискална дисциплина, најави министерот за финансии Зоран Ставрески. Наградната игра ќе ја спроведува Државната Лотарија. Право да учествува има секој граѓанин кој во плико ќе испрати најмалку 20 фискални сметки, независно од нивниот износ. Наградната игра стартува на 30 декември и ќе трае цела 2014. Предвидени се 9 кола кои ќе се организираат на секои 45 дена, во секое предвидени се награди – автомобил, лаптоп, смарт фон, велосипед, а главната награда е стан или дуќан. Вредноста на наградите во секое коло, изнесува околу 20 илјади евра. |
|||||||||||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Откако поебаа речиси 200000 граѓани да купат половно крш возило од некој европски отпад, сега и ќе наплатат бза тоа...
Ќе расте цената на регистрацијата кај постарите возилаРегистрацијата за половни автомобил ќе поскапи e eдна од предложените измени на Законот за животна средина кои влегоа во собраниска процедура.
Освен силата на моторот која беше главен критериум во одредување на давачката, сега се бара во формирањето на цената да влезат и годините на старост на возилото и горивото кое го користи. Од министерството за животна средина, креатор на предложените измени, за 24 вести тврдат дека зголемување на цената нема да има, иако досегашниот еден критериум за утврдување на надоместокот на регистрацијата ќе биде надополнет со плус две ставки. За граѓаните не е прифатливо евентуалното воведување на повиска давачка. Од 2010 година, во земјава влегле повеќе од 150 илјади половни возила. Пиковите во увозот биле достигнати во 2010 кога се внесени нешто повеќе од 62 илјади возила, а до септември годинава македонските граѓани купиле 26.220 возила од странство. Владата во неколку наврати го пролонгираше увзот на стари возила со образложение дека ќе се обнови возниот парк и ќе се даде шанса на сите граѓани да дојдат до евтин автомобил. |
|||||||||||
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
|
|||||||||||
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Техничките факултети години наназад не се привлечни поради самата програма,професорите,отсуството на практичен дел и немањето на капацитети во државата каде идните инжињери ке се вработат.
Доколку се заострат критериумите за студирање со цел да се извлечат повеке пари од студентите тогаш не знам кој би студирал на нашите универзитети кога за иста цена а дури и помала но со подобар квалитет во наставата идниот студент ке можи да си бира студирање во некоја друга земја. |
|||||||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Од една страна Владата ги повикува младите да се запишуваат на технички факултети, а од друга страна не прави ништо во насока на нивно привлекување. На пример, намалување на школарината (независно дали во државна или приватна квота), обезбедување сигурно место во студентските домови, доделување стипендии, давање некој вид субвенции за станарината ... а зошто не и укинување на приватната квота (со самофинансирање)?
И не само тоа што не прави олеснителни работи, туку напротив, ги заострува критериумите на студирање. Незнам за другите технички факултети, но на Електро од годинава има воведено ново правило за ликвидирање на предметите од прв семестар во рок од 9 месеци од завршувањето на нивното слушање. Односно до Септември следната година. Доколку некој студент кој е во државна квота не успее, тогаш преминува во приватно студирање. А дали некој од владиниве бирократи се запрашал зошто децата не сакаат да студираат на техничките факултети? Зошто повеќе се ориентираат на право, економија, филологија ... |
|||||||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||||||||
Внеси реплика | страница <1 910111213 200> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |