|
ЗБУНЕТОВА ТЕМА |
Внеси реплика | страница <1 910111213 137> |
Автор | |
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
momentalno se fativ za dab, mi treba inspiracija
|
|
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ima domashno za pishuvanje. Saka sega na pocetok da fati 5, pa posle da si zivee na "stara slava" A i ova so besplatnite ucebnici, od merak ne gi ispushta od race. Zbunce na mama, ostaj neshto i za vtoro polugodie |
|
sanja-a
Сениор Only God Can Judge Me! Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 13457 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Изменето од sanja-a - 16.Септември.2009 во 14:01 |
|
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн |
|
sanja-a
Сениор Only God Can Judge Me! Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 13457 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тогаш ме пронајдоа твоите усни како ловец долгоочекуван плен и немилосрдно ме совладаа...
|
|
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
Delicia
Сениор *dream catcher* Регистриран: 20.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 10984 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Влажната топлина повторно не’ враќаше на почетокот како строг учител од кој знаевме дека имаме многу да научиме...
Маестро
|
|
...It just takes a second to realize how wrong you are, about... everything...
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
fragola
Сениор Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3829 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
I get enough exercise...just pushing my luck.
|
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...лежам на песокот, низ дланки го испуштам да тече како времето кое измина од моментот кога го преминавме мостот. Месечината ги осветлува брановите кои шумат и повремено ме допираат по стапалата. На нешто скокотливо се сетив.
На истово место и со истата желба со поглед го милував твоето тело кое наежено затрепери. Не беше од ветерот, не’ обвиваше топлина додека се доближувавме еден кон друг додека песокот шушкаше под нас. Мојот поглед минуваше низ твојата коса која се преливаше кон лицето се’ до вратот кој се истегна чекајќи усни. Те допрев нежно со нив чувствувајќи сладок вкус, минував со усните низ образот за да стигнам до очите чии трепавици ме скокоткаа, а кога дојдов до челото моите дланки се најдоа во твојата коса и проговорија дека тука има богатство од раскошна мекотија и како две палави деца разиграно ја расплетуваа. Тогаш ме пронајдоа твоите усни како ловец долгоочекуван плен и немилосрдно ме совладаа. Не ги чувствував нозете, се претворија во облак, немав тежина додека дожд од бакнежи ми минуваше низ лицето и телото. Ги видов ѕвездите на поинаков начин, се поблиску им’ бев, кон една почнав да паѓам. Ме пречека меко и очекувано, како отсекогаш тука да сум припаѓал, знаеше што ми треба и ми понуди дарови, ги отворив како радосно дете на кое му се исполниле желбите затоа што е сакано. Се наоѓав во изобилие од сочни и зрели плодови, не знаев што попрво да пробам, те сакав целата наеднаш, од коренот па до највисокиот лист. Ниеден дел не изоставив, се’ беше мое. Рацете ни’ се преплетуваа, усните и јазиците, нешто се отвори, не’ повикуваше да влеземе. Радосно се најдовме во друг свет знаејќи дека никогаш нема да се загубиме, долго бевме во земјата на чудата и не се изморувавме. Бевме тивки како сенки, бевме бучни како грмотевици... Влажната топлина повторно не’ враќаше на почетокот како строг учител од кој знаевме дека имаме многу да научиме... Изменето од zbunet - 31.Август.2009 во 19:38 |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
sanja-a
Сениор Only God Can Judge Me! Регистриран: 12.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 13457 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
аххх...
|
|
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
,,како снег почна да паѓа тишината врз светот,,
колку е топол овој снег... |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
... сега сум оној што сум и се што сум ти го должам занавек зошто никогаш нема да знаев кој сум. Брановите ме примија под свое откако им кажав дека сакам да те видам, ми дадоа облик на делфин и заедно запловивме додека папагалот стоеше на карпата и мрмореше зборови кои ги научи од мене затоа што често ги употребував кога бев незадоволен. Ми се придружи и делфинот на кој никогаш не му дадов име, изрипувавме од водата со голема брзина следејќи го правецот кон сонцето. Сонцето секогаш свети над тебе и затоа знаев каде си додека моќно ги совладував брзините, на китовите им го пресекував патот, изненадено се повлекуваа како и што им створив забуна на џиновскиот октопод и гусарскиот брод кои меѓусебно се бореа за територија на отворениот океан, ни безимениот делфин веќе не можеше да ме прати.
Ја преминував секоја можна водена брзина, почнав да лебдам над водата, експлозии од звук почнаа да грмат додека се приближував кон светлината која ја преставуваш, копното и неговите ѕидолики креации почнаа да се наѕираат, преку нив се простираше твојата светликавост како ѕвездена прашина, над тебе сонцето ме чекаше. Тунел од светлина пред мене се појави, ја прифатив и таа брзина, експлозии од звукови и бои ми го замаглија видот, но чувството ми беше непогрешливо, се’ што постоеше дојде до неговата највисока точка. Нешто подалеку до каде ти се простираше погледот, светот застана...и јас. Се слушна само уморната воздишка на времето и како снег почна да паѓа тишината врз светот. Ја видов бојата на тишината околу крајот на тунелот на светлината кој водеше до тебе. Само те гледав, не се приближував, сепак не бев дел од светот во кој постоиш. Светлини и бои се прикажуваа во секое твое движење, само околу тебе светот постоеше со сите сенки на кој им даваше живот. Во длабочината на твоите очи се наѕираше тага и кога ќе застанеше погледнуваше кон океанските далечини, не знаеше дека гледаш кон мене, само молчев и бев невидлив. Сенките те повикуваа и бараа, неуморно ги оживуваше, чамецот кој ти го дадов, скапуваше. Дури кога заспа во сонот ти пријдов. Заборави дека сонуваш, веднаш ме прифати како никогаш да не го напушти островот. Се’ беше тука како што беше, по секој бакнеж го изговарав твоето име, а ти моето, немаше тага во нашите очи, само искреа. Колку ги забрзував милувањата, твоето заспано тело се’ погрчевито ја туткаше постелата, се виткаше и изрипуваше како делфин од вода, а твоите движења и милувања ме претворија во непоколеблива светлина. Сите наши сетила спремно одговараа, се истражуваваме како што никогаш на јаве не би можеле. Ме впиваше до последна капка...и повторно...и пак... Во утрото петлите ги кукyрикаа нашите имиња, а ти изрипа од постелата и се загледа низ прозорот со треперливи усни и тело кое вибрираше заради будни и отворени сетила. Се загледа подалеку од таму до каде вообичаено ти се простираше погледот и виде нешто како облак од светлина кој гледа кон тебе. Облакот го изговори твоето име со звук наменет само за твои уши и исчезна во правец на далечините на океанот оставајќи зад себе експлозија на бои и звуци... Изменето од zbunet - 29.Август.2009 во 12:30 |
|
Внеси реплика | страница <1 910111213 137> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |