|
Посни јадења |
Внеси реплика | страница <1 910111213 14> |
Автор | |
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пинџур....... Пиперки дробени од фрижидер (или свежи- ама сеуште се скапи ) се пржат. Потоа се додава салце од патлиџани. Сето полека си крчка и пред да се тргне од оган се става малку ситно сецкан лук и магдонос...... |
|
МИР со сите
|
|
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Еве ви уште еден предлог...... ориз со спанаќ......рецептата ви е позната.......100% сум сигурна..... Наместо кисело млеко употребете кечап на крај.......ако сакате киселкаст вкус..... Изменето од polzavce - 12.Март.2009 во 02:56 |
|
МИР со сите
|
|
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Риба со зеленчук...... Се сецкаат компири, моркови, брокула, лук, кромид, праз, пашканат и се запржуваат на маслиново масло. Се додава вода (топла)и зачини и се ставаат во рерна. Пред да биде готово тавата се вади од рерна и се става претходно варената риба да се запече...... |
|
МИР со сите
|
|
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
За оние кои сакаат нормално посно јадење еве ја вашата омилена пица...... Тестото се премачкува со кечап, се редат печурките, сецканите маслинки, растителниот кашкавал, се става оригано, се пече и готово јадење за час........ |
|
МИР со сите
|
|
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пита со готови кори...... Се премачкуваат корите со зејтин и кисела вода. Се става од филот кој може да биде различен и се пече питата...На врвот може да се стави интегрален сусам, ленено семе, овесни снегулки и сл...... Фил: Пржен праз.... Пржени парчиња соја со растителен кашкавал..... Пржен спанаќ со малку кромид..... |
|
МИР со сите
|
|
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Палента со зеленчук....... Палентата се вари во врела вода две минути.......Се додава во неа маргарин, маслиново масло, соја сос, сенф, вагета, сол и претходно варен зелечук (грашок, боранија, бролула....и сл) Готово е јадењето....... |
|
МИР со сите
|
|
Sunny
Сениор Fantasy girl Регистриран: 01.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 19874 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Karamel torta (mojata omilena posna torta )
2 casi seker, 2 casi voda, 1 casa malso, posno cokoladno za gotvenje, 4 casi brasno 1 casa meleni orevi, 1 casa kokos, 100 gr seckano zele ili suvo grozje, 2 vanili i pecivo sekerot se karamelizira, se dodava vodata, koga ke se stopi karamelot se ostava da se ladi, potoa se dodavaat ostanatite sostojki i se pece. |
|
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!
|
|
Valeta
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 24220 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЌОФТИЊА ОД ЛЕЌА
леќа, хељда, морков во ист сооднос (на пр. по ½ шолја од сите) средината од 2-3 парчиња стар леб по желба праз/кромид/лук/магдонос сол, бибер, кари, вегета Леќата се вари околу 30 мин. (да биде цврсто зрното) и се цеди. Хељдата се мие, се вари во малку вода (колку да ја покрие), првата вода се фрла; во втората вода се додава сол; кога ќе ја впие целата вода тогаш е сварена. Морковот се бари на пареа или се вари (ако се употребува праз истата постапка како за морковот). Зеленчукот се сечка на ситно, се меша со леќата и хељдата (ако нема хељда, може ориз или просо), се додава сув леб и се зачинува по вкус. Смесата се меша убаво, се остава да отстои за да го впие вишокот течност, се обликуваат ќофтиња (или ќебапи). Се редат во тавче посипано со брашно (може палента или презла место брашно) и се печат во претходно загреана рерна до 200°С околу 40 минути до 1 час. |
|
Вистината е нашата најценета сопственост. Затоа ја употребуваме толку штедливо.
|
|
Valeta
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 24220 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Салата со грав 2 зелени салати(марули) главица кромид поголема чаша варен грав сол црн бибер оцет масло Подготовка: Измијте и иситнете ги листовите зелена салата, па додајте ги варениот грав и кромидот исечен на тркалца, па се прелијте со мешавина од оцет, масло, сол и црн пипер и измешајте. |
|
Вистината е нашата најценета сопственост. Затоа ја употребуваме толку штедливо.
|
|
Valeta
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 24220 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПОСНИ КОЛАЧИ
Бомбички од компир Потребно: 250 г компири (или еден поголем) 250 г шеќер 250 г мелени ореви Друг потребен материјал: шеќер во прав вода Подготовка: Компирот измијте го и ставете во солена вода да се вари. Додека е врел излупете го и испасирајте го. Шеќерот залијте го со 200 мл вода и ставете го да се шпинува, околу 6-7 минути т.е. додека не почне да се лепи за ѕидовите на садот. Потоа во него додадете ги мелените ореви, испасираниот компир и масата убаво измешајте ја да се изедначи. Оставете малку да се олади, па кинете мали парчиња (колку половина од орев) и од нив обликувајте топчиња - бомбички, што потоа ќе ги валкате во шеќер во прав. Така подготвените бомбички, ставени во хартиени кошнички оставете ги 1 до 2 часа на воздух да се засушат. |
|
Вистината е нашата најценета сопственост. Затоа ја употребуваме толку штедливо.
|
|
Eli
Сениор Регистриран: 30.Ноември.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1968 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ova e stvarno mnogu vkusno.. |
|
Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..
|
|
Delfin
Сениор Регистриран: 29.Јуни.2005 Статус: Офлајн Поени: 15178 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
хм... супер ...ете идеи ...тенкс |
|
Valeta
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 24220 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И нешто благо
Посна торта со јаболка 2 јаболки 150 гр.сецкани ореви 50гр. суво грозје 1 мала лажичка сода бикарбона 2 лажици мармалад 150 мл. масло за јадење 150 гр. шеќер, 150 мл. вода. Во тенџере на оган ја ставаме водата,во садот ги додаваме шеќерот и маслото, и мешаме. потоа ги додаваме сувото грозје, оревите и мармаладот. Содата ја мешаме со брашното и ја додаваме во тенџерето , го рендаме едното јаболко на покрупната страна од рендето и мешаме.Тркалезниот калап за печење го намрсуваме со маргарин, и ја истураме содржината.Печеме на температура од 170 степени 40 мин.Ја вадиме тортата во чинија. Преостанатото јаболко го сечеме на тенки полукругови, и ги прелеваме со сок од лимон да не потемнат, ги редиме во форма на венец врз тортата, непокриената површина на тортата ја наросуваме со шеќер во прав. |
|
Вистината е нашата најценета сопственост. Затоа ја употребуваме толку штедливо.
|
|
Valeta
Сениор Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 24220 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чорба „сваштара“
2 моркови 1 тиквичка 250 гр. грав 2 излупени компира 2 домата, корен од целер. главица кромид,100 гр. ориз масло за јадење, сол и црн пипер. Во тенџере на оган се вари гравот,компирите,морковите и целерот се сецкаат на коцки. По 30 минути гравот го тргаме од оганот и го цедиме. Во тенџере се додава маслото,кромидот и се запржува, се додаваат парчињата целер,морковите и компирите, исцедениот грав, тиквичката и излупени и исецкани домати. се налева вода околу 2 л. Вариме на тивко 1 час.Потоа во чорбата го додаваме оризот Се додава црн пипер и вегета. Чорбата се вари уште 20 мин. |
|
Вистината е нашата најценета сопственост. Затоа ја употребуваме толку штедливо.
|
|
Внеси реплика | страница <1 910111213 14> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |