Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Декември.2014 во 09:47 |
Розови и вкусни: Англиски колачиња со „весела“ глазура
Англичаните си гo сакаат чајот и колачите кои се служат со него. Тоа е неоспорно. Поради таа љубов кон слатките, колачите и бисквитите кои ги пијат во времето за чај, тие секоја година стануваат поиновативни во подготвувањето на истите. 
Ви претставуваме одличен рецепт за брзи, вкусни и колоритни колачи кои ќе ги обожаваат не само децата, туку и возрасните.
Состојки:
За колачите: - 3 шолји брашно
- 1 пакетче прашок за печиво
- ½ шолја путер на собна температура
- 1 шолја шеќер
- 2 јајца на собна температура
- 1 лажичка ванила екстракт
- ¼ шолја слатка павлака

За глазурата: - ½ шолја омекнат путер на собна температура
- 3 шолји шеќер во прав
- 1 лажичка екстракт од ванила
- Млеко по потреба за конзистентноста која сакате да ја добиете од глазурата
- Боја за колачи
- Трошки во боја
Смесата е доволна за 25 колачи
Инструкции за подготвување на колачите:
Во еден сат измешајте ги брашното и прашокот за печиво, а во друг со миксер изматете ги путерот и шеќерот додека не стане смесата пенеста и лесна. Во садот со путерот додадете ги јајцата едно по едно и миксајте додека не се соединат со смесата, а за крај додадете ги ванилата и слатката павлака па добро измиксајте повторно. 
На крај додадете го брашното и прашокот за печиво од првиот сад и добро измешајте. Тестото кое ќе го добиете ќе биде многу лепливо, па за подобро да се расука ставете го во целофан, па во фрижидер неколку часа (дури и преку ноќ ако можете), но ако не можете подолго време да го држите во фрижидер, тогаш оставете го во фрижидер за длабоко замрзнување околу 1 час.
 Откако ќе бидете подготвени за расукување, набрашнете ја масата и расукајте го тестото со дебелина од половина сантиметар и со калап (а ако немате тркалезен калап, послужете се со чаша) извадете тркалезни колачи и ставете ги во тавче обложено со хартија за печење.
 Печете ги колачите на 220 степени целзиусови 6-7 минути. Важно е да не ги печете повеќе од тоа, и покрај тоа што ќе изгледаат бели одозгора а заруменети од рабовите, тие ќе бидат совршено испечени со текстура како бисквити.
Извадете ги од рерната и оставете добро да се изладат.
Инструкции за подготвување на глазурата:
Изматете го путерот и шеќерот во прав и лажица по лажица додавајте од млекото додека не ја добите посакуваната текстура на глаузрата. Нека не биде премногу течна и не премногу цврста бидејќи нема да можете да ја размачкате врз колачите и во двата случаи. На крај додадете ја бојата за колачите која ќе ја одберете. Можете да ја поделите глазурата на повеќе дела и да експериментирате со повеќе бои. Розе, сина, зелена, жолта... Изборот е ваш.
 
Премачкајте ги оладените колачиња со готовата глазура и ставете трошки во боја одозгора.
Bon appétit !!!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Декември.2014 во 16:05 |
НУТЕЛА ТОРТА СО ОРЕВИСостојки: За тесто: 4 јајца 4 лажици шеќер 4 лажици мелени ореви 4 лажици чоколадо во прав 4 лажици брашно ½ пакетче прашак за пециво Крем: 6 жолчки 500 гр шеќер во прав 350 гр маргарин 300 гр нутела 16 лажици ореви 2 пакетчиња ванилин шеќер Останато: 50 гр чоколада за готвење 3 лажици масло за јадење Начин на подготовка: 1. Изматете ги јајцата заедно со шеќерот, чоколадата во прав, оревите, брашното и прашокот за пециво. Тестото поделте го на 3 дела и еден по еден поставете ги во плех поросен со брашно и печете на 200 степени 25-30 минути. 2. Жолчките изматете ги на пареа заедно со шеќерот и ванилиниот шеќер, додадете го маргаринот, нутелата, оревите и поделете ја смесата на 3 дела. 3. Поставувањето оди по следниот редослед: кора-крем-кора-крем-кора-кремот да биде најгоре. Стопете ја чоколадата заедно со маслото и внимателно премачкајте го кремот од горе. Ставете ја тортата во фрижидер неклоку часа пред сервирање.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Декември.2014 во 08:10 |
За сите вљубеници во чоколадото, а и за оние кои мислат дека можат да одолеат, оваа торта ќе сакате да ја изедете цела. 
Вкусна, сочна, чоколадна и неодолива. Сигурно можете да одвоите малку време и да ја подготвите само за вас или и за вашите пријатели. Потребни состојки: Тесто: - 220 g брашно
- 400 g шеќер
- 80 g какао
- 2 лажички прашок за печиво
- 220 g путер
- 250 ml кафе
Фил: - 250 g шеќер
- 400 ml павлака за готвење
- 300 ml млеко
- 200 g чоколадо со 70 % какао
- 35 g густин

Подготовка: Во еден сад сипете го брашното за тесто, какаото, сода бикарбоната и прашокот за печиво. Додајте го стопениот путер, шеќерот и кафето, па изматете го добро. Печете во рерна загреана на 180 степени околу 1 час. Оставете да се излади. За филот, на тивок оган ставете ја павлаката за готвење, шеќерот, млекото и густинот. Додајте го чоколадото и мешајте додека се згусне. Оставете го филот да се излади, па ставете го во фрижидер за да се стегне. Пандишпанот од тесто преполовете го и премачкајте ја едната половина со филот. Одозгора ставете ја втората половина и целата торта премачкајте ја со останатиот фил. Нема да успеете да издржите, а да не ја пробате веднаш! 
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Ноември.2014 во 12:08 |
ТРИАГОЛНИЦИ СО ЛЕШНИЦИ
Триаголници со лешници
- 1.Брашното измешајте го заедно со омекнатиот магарин, додадете шеќер, ванилин шеќер, јајца и прашок за пециво. Се добро иаматете.
- 2.Со миксер, белките изматете ги заедно со шеќерот. Внимателно и мешајќи до лажица, додадете ги мелените и сечканите лешници.
- 3.Тавата за печење намастете ја и ставете хартија за печење. Истурете тестото, израмнете а одозгора ставете го филот.
- 4.Печете на 170 степени, околу 30 минути. Додека е сеуште топло, исече го колачот на триголници. На крај украсете со чоколадо.
Изменето од Valerija - 01.Декември.2014 во 08:11
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Ноември.2014 во 11:58 |
КОЛАЧИЊАТА НА БАБА МИ
Колачињата на баба ми
- 1.Од сите состојки се замесува тесто, а брашно се додава додека да се добие нелепливо тесто, како за леб.
- 2.Се формираат топчиња, а од нив се формираат долгнавести црева, како сукало, со дебелина колку прст. Се поставуваат 2 такви долгнавести форми едно до друго и со остар нож се сечат по 2 колачиња со должина околу 5 см. Секој пар од така пресечените колачиња, се реди на намрсено тавче и тоа така како што се сечени,секој пар кој е заедно сечен, едно до друго на мало растојание. Се печат на 180 степени. Веднаш по печењето, тавчето се затресува за да се пододлепат, бидејќи ако се остават така да се оладат стануваат кршливи.
- 3.Секој пар од колачињата се поврзува со мармалад по сопствен избор или некој чоколаден крем.
- 4.Залепените колачиња се потопуваат до половина во чоколадна глазура, а потоа тоа делче се валка во кокос или (малку потпечени,а потоа мелени) ореви, бадеми, лешници.
- 5.За глазурата се варат сите состојки, пасе остава сосема малку да се олади.
Изменето од Valerija - 30.Ноември.2014 во 12:09
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
evangeline
Модератор
Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Ноември.2014 во 16:50 |
БИСКВИТ ТОРТА СО ОРЕВИ
Потребни намирници: 3 пакетчиња бисквити 200 мл млеко 100 гр ореви 750 мл млеко 200 гр шеќер 2 јајца 2 супени лажици брашно 1 пакетче ванилин шеќер Млекото (750мл) треба да зоврие. Се додава шеќерот и се меша додека се раствори. Брашното се меша со јајцата (2) и ванилиниот шеќер. Во тоа се додава и млекото со шеќерот и се меша постојано додека се добие крем. Бисквитите се кршат и со нив се покрива дното на садот за печење. Се поливаат со млекото (200мл) и со кремот се прави втор слој. Потоа повторно еден ред кршени бисквити, па слој од кремот се додека имате материјал. На крај се завршува со слој крем и мелени ореви.
|
|
 |
evangeline
Модератор
Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Ноември.2014 во 16:45 |
ДИЕТАЛЕН МАК КОЛАЧ
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: За 4 лица: 200 грама интегрално пченично брашно 2 лажици маслиново масло 2 лажици мак 2 јајца 80 грама кафеав шеќер 1 прашок за печиво НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Пенасто изматете го шеќерот и маслото, додадете го брашното и продолжете да матите. По 2 минути матење со миксерот додадете ги јајцата, прашокот за печиво и макот и се убаво соединете. Добиената смеса сипете ја во подмачкан и побрашнет калап за печење. Печете на загреана рерна на 200 степени, 30 минути. Уживајте во вкусот!!!
|
|
 |
evangeline
Модератор
Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Ноември.2014 во 16:44 |
МЛЕЧНА КИНДЕР ТОРТА

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: За пандишпан: 5 јајца 5 лажици шеќер 5 лажици брашно 5 лажици какао 1 ванилин шеќер 1 лажичка прашок за пециво За фил: 200 ml слатка павлака 2 лажици мед ½ ќесичка желатин 4 лажици вода За глазура: 50 грама чоколадо за готвење 2-3 лажици млеко 2-3 лажици зејтин ПОДГОТОВКА: Се матат жолчки, шеќер и ванилин шеќер. На тоа се додаваат брашното, какаото и прашокот за пециво. Белките се матат посебно и двете густи смеси се спојуваат. Смесата се става на обложен плех со хартија и сето тоа се пече 15 минути на 180 степени. Кога кората ќе се олади, се преполовува. Се мати слатката павлака, на која се додава 1 лажица мед. Желатинот со 4 лажици вода се вари додека не зоврие и сето тоа се додава на смесата со слатката павлака. Филот се нанесува на кората и тоа се поклопува со другата половина. По желба, колачот се прелива со глазура, која веднаш по варењето на чоколадото, млекото и зејтинот, се мачка врз кората. Кога ќе се олади, се сече на коцки… Децата уживаат во овој колач…Израдувајте ги ! а Вие… Уживајте!!!
|
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Ноември.2014 во 20:46 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Ноември.2014 во 16:55 |
Вкусни и поинакви чоколадни коцки
Збогатете ја вашата трпеза или пак изненадете ги вашите блиски со неодоливи костен коцки.
Потребни состојки: - 250 гр. путер
- 250 гр. шеќер во прав
- 500 гр. пире од костен
- 150 гр. чоколадо
Подготовка:
1. Измешајте го добро путерот со шеќерот во прав и додадете лажица по лажица од пирето од костен. Изматете се миксер додека не добиете пенеста смеса.
2. Изматената смеса поделете ја на два дела, па во едниот ставете 100 гр. растопено чоколадо. Добро измешајте ги потоа заедно.
3. По желба, смесата можете да ја поделите на четири дела, па повторно да ја соедините. Формирајте ролат или пак развлечете ја како за коцки, прилијте го колачот, па кога сетоа тоа ќе се стегне исечете на коцки. Оставаме на вашата фантазија за тоа како ќе изгледа овој вкусен колач. 
Пријатен апетит!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Ноември.2014 во 21:47 |
Манчмелоу торта
Категорија: десрти Време на подготовка: 95 минути Тип на кујна: македонска Состојки: Кекси 200 гр Млеко 2 л Јафа кекси 400 гр Манчмелоу 6 мини пакувања Маргарин 2 Шеќер 16 лажици Шлаг 4 кесички Пудинг од ванила 4 кесички Шеќер во прав 200 гр Упатство за подготовка: Во 1 литар млеко ставете 8 лажици шеќер и 4 пудинга од ванила. Згответе ги и оставете ги да се оладат. Во друг литар млеко ставете 8 лажици шеќер и згответе пудинг од чоколадо. Посебно заматете 1 маргарин со 100 гр шеќер во прав па соединете ги со пудингот од чоколадо. Посебно заматете го вториот маргарин со 100 гр шеќер па соединете го со пудингот од ванила. Начин на редење: наредете кекс во послужавник, половина црн крем, јафа кекс, половина жолт крем, манчелоу, втората половина на жолтиот крем, втората половина на црниот крем и одозгора шлагот изматен со вода.
Изменето од Valerija - 13.Ноември.2014 во 21:47
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Ноември.2014 во 21:19 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Ноември.2014 во 17:27 |
ДОМАШНИ ФЕРЕРО РОШЕР СОСТОЈКИ- 100 гр наполитанки (од лешник или чоколадни)
- 100 гр лешници
- 200 гр нутела
- 150 гр чоколадо за готвење (може и млечно)
- 4-5 супени лажици масло за готвење
ПОДГОТОВКА- Распоредете ги лешниците во тава за печење, а потоа ставете ги да се печат околу 8-10 минути во загреана рерна на 180 степени.
- Извадете ги и оставете да се оладат, а потоа излупете ги и ситно исецкајте ги или издробете ги во блендер.
- Грубо искршете ги наполитанките (моето искуство вели дека најдобри и најсвежи се секогаш наполитанките на Европа) во подлабок сад, а потоа додадете ги издробените лешници и нутелата и измешајте добро.
- Од смесата вадете со една мала лажичка и со дланките обликувајте топчиња. Ако смесата ви е премногу мека, па обликувањето оди тешко, ставете го садот во фрижидер околу 30 минути да се олади, а потоа правете ги топчињата. На крајот ставете ги топчињата во фрижидер најмалку 1 час за убаво да се стврднат.
- На пареа растопете го чоколадото и додадете го маслото, а потоа секое топче потопете го во смесата и вратете го во фрижидер да се стврдне уште еднаш.
- Кога глазурата убаво ќе се олади, секе топче ставете го во украсна корп**ка.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Ноември.2014 во 21:48 |
КАРАМЕЛ ПЛАЗМА КОЛАЧИЊА Состојки- 300 г мелени бисквити
- 100 мл вода
- 100 г путер
- 50 г шеќер (состојки за карамел крем)
- 10 г путер (состојки за карамел крем)
- 50 мл слатка павлака (состојки за карамел крем)
- 1 кесичка шлаг крем од ванила (состојки за фил)
- 125 мл ладно млеко (состојки за фил)
- 80 г мелени бисквити (состојки за фил)
- малку чоколадо (рендано)
Подготовка Во блендер, ги мелеме бисквитите. Додаваме вода и растопен путер и мешаме се додека не добиеме хомогена смеса. Доколку тестото ви се распаѓа, додадете уште малку вода и повторно добро измешајте го тестото од бисквити. Калапчињата во кој ќе ги печете колачињата добро намачкајте ги со путер. Ставете од тестото од бисквити во калапчињата и со прсти подеднакво распоредете го. Печете ги во загреана рерна, на 180 степени, околу 7-10 минути или се додека не се исуши тестото и станат малку крцкави. Во меѓувреме, подгответе го кремот од ванила. Со миксер, прашакот за подготовка на крем изматете го со 125 мл ладно млеко. Во готовиот крем од ванила, додадете мелени бисквити и со лажица измешајте. Карамел крем: растопете го путерот, па додадете го шеќерот. Гответе го на умерен оган, со констатно мешање, се додека не се растопи шеќерот и добие кафена боја. Слатката павлака стоплете ја (но не да зоврие). Садот со шеќер тргнете го од оган и постепено, со константно мешање, додавајте од павлаката. Вратете го на оган само уште една минути и потоа карамелот е готов. Ванила кремот ставетего во шриц и наполнете ги колачињата. Одозгора сипете од подготвениот карамел. Пред сервирање, врз колачињата, наросете малку рендано чоколадо. Добар апетит!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |