|
Најубавите стихови во Библијата |
Внеси реплика | страница <1 910111213 98> |
Автор | |
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Евреите 1
1 Бог, Кој во старо време, многупати и на многу начини им зборуваше на оците наши преку пророците, 2 во последиве дни им зборува преку Синот, Кого го постави за наследник на се, преку Кого ги создаде и вековите 3 и Кој, бидејќи светлост на славата и обличје на Неговото присуство, и држејќи се со Своето моќно слово, откако преку Себе ги очисти нашите гревови, седна на десната страна на престолот на вечичието на висините |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ИСАИЈА 55
6 Барајте Го Господа додека може да се најде, повикувајте Го додека е близу! 7 Безбожникот нека го остави својот пат, а неправедникот своите замисли. Нека се врати при Господа, Кој ќе му се смилува, кон нашиот Бог, зашто Тој ќе го умножи опростувањето. 8 „Зашто вашите мисли не се Мои мисли, и Моите патишта не се ваши патишта,” слово е Господово. 9 „Небото е високо над земјата, така Моите патишта се над вашите патишта, и Моите мисли над вашите мисли. 10 Како што паѓа дожд и снег од небото непрекинато додека земјата не се напои, не се оплоди и не се зазеленее, за да му даде семе на сејачот и леб за јадење, 11 така Словото што излегува од Мојата уста не се враќа при Мене без плод, туку го прави она што го сакав и ќе го изврши она заради кое го испратив. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Псалм 139
2 Ти знаеш кога седнувам и кога станувам, веќе оддалеку ги знаеш моите мисли. 3 Дали одам или лежам, Ти гледаш сè, познати ти се сите мои патишта. 4 Додека мојот збор уште не дошол до јазикот, а Ти, Господи, веќе сè знаеш. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
2 Коринтјаните 3:3
Зашто е очигледно дека сте Христово писмо, составено преку нашата служба; напишано не со мастило, туку со Духот на живиот Бог; не на камени плочи, туку врз плочи - на човечките срца. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЈОСИФ И МАРИЈА
Јосиф и Марија морале според тогашните закони да појдат во Витлеем на попис. Марија била бремена и го носеле Исуса. „Така и Јосиф отиде од Галилеја, од градот Назарет, горе во Јудеја, во Давидовиот град, кој е наречен Витлеем, зашто беше од Давидовиот дом и семејство, да се запише со Марија, свршената со него жена, која беше бремена...“ Лука 2,4.5. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ХРИСТОС Е НАД СЕ
Колосјаните 1 15 Тој е образ на невидливиот Бог, Првороден на секое создание, 16 зашто во Него е создадено сè што е во небесата и на земјата; видливо и невидливо, било престоли, или господства, или началства, или власти; сè е создадено преку Него и за Него. 17 И Тој е пред сè и сè во Него има свое сплотување. 18 Тој е и Глава на Телото, на Црквата: Тој е почеток, Првороден од мртвите, за да биде Прв во сè, 19 зашто во Него благоволи да се всели сета полнота, 20 и преку Него да измири кон Себе сè што е на земјата или на небото, творејќи мир преку крвта на Неговиот крст. 21 И вас, кои бевте некогаш отуѓени и непријатели, во своето мислење и во лошите дела, 22 сега ве измири преку смртта на Неговото човечко тело, за да ве изведе пред Себе: свети, непорочни и без вина, 23 само ако останете во верата засновани и цврсти и непоколебливи во надежта на Евангелието, кое го чувте, кое е проповедано на целото создание под небото и на кое јас, Павле, му станав служител. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ИСАИЈА 51:4 „Слушај ме внимателно, народе Мој, Послушајте ме народи! Зашто Законот доаѓа од Мене и Моето право за светлина на народите.
ИСАИЈА 51:7 Послушајте Ме, вие кои ја познавате правдата, народе, во чие срце е Мојот Закон. Не бојте се од човечките хули, не плашете се од навреди! |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
1 Сè има свое доба, и секоја работа под небото свое време.
==Проповедник 3:1 ; Библија== 6 Гласот наложува: „Викај!” Одговорив: „Што да викам?” - „Секое тело е како трева, неговата сета убавина е како полски цвет. 7 Тревата се суши, цветот свенува, кога Господовиот здив ќе помине преку нив. Навистина, народот е трева. 8 Тревата се суши, цветот овенува, но Словото на нашиот Бог останува довека.” 9 Искачи се на висока гора, гласнику на Добрата вест, Сионе! Поткрени го силно својот глас, гласнику на Добрата вест, Ерусалиме! Издигни го, не бој се, речи им на јудејските градови: „Еве Го вашиот Бог!” 10 Ете, Господ Бог доаѓа со сила, владее со Својата мишка! Еве ја со Него и Неговата плата, а пред Него Неговата награда. ==Исаија 40:6-10 ; Библија== |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
145
17 Праведен Си, Господи, на сите Твои патишта, и добар Си во сите Твои дела. 18 Господ е близу до сите кои Го повикуваат, до сите што Го призиваат искрено. 19 Тој ги исполнува желбите на оние кои се бојат од Него, ги слуша нивните повици и ги спасува. 20 Господ ги пази оние, кои Го љубат, а ќе ги сотре сите злосторници. 21 Нека мојата уста искажува фалба на Господа, и секое тело нека Го слави Неговото свето име, секогаш и довека. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Матеј 15
7 Лицемери! Добро Исаија пророкуваше за вас, велејќи: 8 ’Овој народ Ме почитува со усните, а нивното срце е далеку од Мене. 9 Но напразно Ми се поклонуваат, учејќи науки, што се човечки заповеди.’” 10 И го повика мноштвото и им рече: „Слушајте и разберете! 11 Не она, што влегува во устата го онечистува човекот, туку она што излегува од устата, тоа го онечистува човекот.” 12 Тогаш учениците Му се приближија и рекоа: „Знаеш ли, дека фарисеите се соблазнија кога го чуја тој збор?” 13 А Тој одговори и рече: „Секоја садница, што не ја насадил Мојот небесен Татко, ќе биде откорната. 14 Оставете ги. Тие се слепи водачи на слепите; а ако слепец води слепец, обата ќе паднат во јама.” 15 А Петар одговори и Му рече: „Објасни ни ја параболава.” 16 А Исус им рече: „И вие ли сте уште без разбирање? 17 Не разбирате ли дека сè што влегува во устата оди во стомакот и се исфрла надвор? 18 А она, што излегува од устата, произлегува од срцето, и тоа го онечистува човекот. 19 Зашто од срцето произлегуваат: зли мисли, убиства, прељуби, блудства, кражби, лажни сведоштва, хули. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
14 Надевај се на Господа, охрабри се! Нека биде цврсто твоето срце! Да, чекај Го Господа!
==Псалм 27:14 ; Библија== 20 Оној, Кој го сведочи ова, говори: „Да, доаѓам скоро!” - Амин! Да дојди! Господи Исусе! 21 Благодатта на нашиот Господ Исус Христос со сите вас. Амин! ==Откровение 22:20-21 ; Библија== |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
псалм 119
Праведен си, Господи, и прави се Твоите судови. 138 Твоите сведоштва што си ги заветувал се правда и величествена вистина. 139 Мојата ревност ме подјадува, зашто моите угнетувачи ги забораваат Твоите зборови. 140 Твоите зборови се испитани многу, затоа Твојот слуга ги љуби. 141 Мал сум и презрен, но Твоите наредби не ги заборавам. 142 Твојата правда е вечна правда и Твојот Закон е чиста вистина. 143 Ме снајдоа тешкотии и неволји; но Твоите заповеди се моја наслада. 144 Вечна е правдата на Твоето сведоштво, вразуми ме, и ќе живеам. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
13 зашто: „Секој, кој ќе го повика Господовото име, ќе се спаси.”
14 Но, како ќе Го повикаат Оној, во Кого не поверувале? А како ќе поверуваат во Оној, за Кого не чуле? А како ќе чујат без проповедник? 15 И како ќе проповедаат, ако не се испратени, како што е напишано: „Колку се прекрасни нозете на оние, што проповедаат мир, кои го навестуваат доброто!” ==Римјаните 10:13-15 ; Библија== 13 Никој нема поголема љубов од оваа: да го положи сопствениот живот за своите пријатели. ==Јован 15:13 ; Библија== |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Псалм 103
1 Благословувај Го Господа, душо моја, и сè што е во Мене: Неговото свето име! 2 Благословувај Го Господа, душо моја, и не заборави ги Неговите добротворства: 3 Тој ги проштава сите твои гревови, Тој ги исцелува сите твои болести; 4 Тој ти го спасува животот од распадливост, те овенчува со добрина и љубов; 5 Ти го исполнува животот со добрини, твојата младост се обновува како на орелот. 6 Господ прави праведни дела, и на угнетуваните им ја враќа правдата, |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Внеси реплика | страница <1 910111213 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |