|
Макробиотика |
Внеси реплика | страница <1 910111213 25> |
Автор | |
Storm5
Сениор Регистриран: 30.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 226 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПРЕДМЕНСТРУАЛНИОТ СИНДРОМ И ИСХРАНАТА
Напишано од Др. Јадранка Бибан - Спец. гинеколог акушер Сè поголем процент на жени денес страдаат од таканаречениот предменструален синдром или ПМС. Можете да прочитате илјадници страници од медицинската литература (од областа на гинекологијата), каде овој синдром се опишува како состојба на општа нелагодност кај жената во периодот пред менструацијата, како состојба на изразена нервна раздразливост, чести главоболки кои се од мигренозен тип, подуеност на стомакот, опстипација или пролив, болна осетливост на дојките, несоница...ПМС завршува со почеток на новиот циклус, но со тоа обично не завршуваат тегобите. Најмногу жени кои страдаат од ПМС, а особено девојчиња, се судруваат со силни болки во текот на менструацијата, кои некогаш завршуваат со колапс... Синдромот на ПМС е совршено опишан, би се рекло дека е совршено изанализиран и проучен од страна на медицината. Ако сте лекар кој специјализира гинекологија, или без разлика, ако сте лекар кој трага по методите со кои може да им помогне на своите пациентки да се ослободат од ПМС синдромот, во литературата можете да најдете многу совети и лекции за лекување на синдромот, и тоа се пред сè: хормонска таблетарна терапија, депо на хормони кои се инјектираат, лекови против главоболки, лекови за измокрување на „вишокот течности“, седативи, витамини, па дури и поудобни душеци за спиење, напивки за „протерување“, итн. За болната менструација, се разбира, можете да понудите лекови против болки, кои треба да се земаат во првите денови на менструацијата. И тоа е сè...од лекарот... Но, ако сте пациентка која сепак бара малку поинаков начин на комуникација со докторот, и одеднаш го запрашате докторот: Докторе, зошто јас имам ПМС и болна менструација? Тогаш веќе ќе дојдете во ситуација да се судрите со конфузното и нејасно објаснување на повеќето доктори кои ќе ви кажат: Тоа е сè уште нејасна работа; или Тоа е заради вашата ендометриоза; или Тоа е затоа што имате аденомиоза на матката; или Тоа е затоа што имате миоматозна матка. Ова објаснување на пациентката ништо не и значи. Искрено, и на докторот не треба ништо да му значи. Зошто? Затоа што ПМС и болната менструација не се јавила затоа што жената имала миом или аденомиоза или ендометриоза, туку затоа што причините за појава на сите тие работи сè уште се присутни во организмот. Кои се причините за нивно појавување, е прашање кое воопшто не се анализира во современата медицина. Кога современата медицина би се занимавала многу повеќе со начинот на исхрана на луѓето, тогаш ќе пронајде многу решенија за состојбите за кои засега има само привремени, или би се рекло, „маскирачки“ решенија. Имено, исхраната која избегнува продукти од животинско потекло и масти воопшто, придонесува за намалување на нивото на естрогени хормони во крвта, кои се причина за голем број на пореметувања, кои водат до спомнатите состојби на ПМС и болни менструации. Со намалувањето на мастите во исхраната, се намалува нивото на естрогени во крвта. Од друга страна, со намалување на консумирањето на животинска храна, се зголемува внесот на растителната храна која изобилува со растителни влакна, кои помагаат за намалување на нивото на естрогени во крвта, исто така. Тоа го прават на тој начин што го зголемуваат излачувањето и исфрлањето на естрогените преку дигестивниот тракт. Така, ако јадете повеќе грав, грашок, компир, зелка, ориз и друг зеленчук, ќе имате далеку помало ниво на естрогени во крвта, отколку ако јадете риба, свинско, телешко, јајца, млеко, сирење и сл. Кога ќе почнете на овој начин да го контролирате нивото на естрогени во крвта на нормално ниво, тогаш нема да ги чувствувате негативните ефекти од зголеменото ниво на естрогени, а тоа е ПМС и болните менструации. Но сепак, треба да се спомене дека со елиминирањето на животинската храна и мастите од исхраната, нема да почувствувате ефект ако сè уште јадете замастени манџи и преливи за салати, пржени компири, маргарин, чипс и друг вид на пржени грицки... Затоа, за да се ослободите вистински од проблемите на ПМС и на болните менструации, треба да научите како да направите вистински промени во исхраната. Затоа, програмата на 8-КА е едукативна програма, која ве едуцира за причинско-последичната поврзаност на начинот на исхраната и болестите, како и лекување на болестите со начин на исхрана. Таа програма истовремено значи и успех во справувањето со вишокот на килограми на многу природен начин, без напорно и депресивно броење на калории. Со следење на новиот начин на исхрана, многу пациентки за многу брзо време се ослободуваат од мигренозните главоболки, напнатоста на дојките, нервозата, раздразливоста, опстипацијата, подуеноста на стомакот. Многу девојчиња се ослободуваат од силните менструални болки и повторно се способни да се вратат на секојдневните обврски, на учењето, спортувањето и сл. За да се почувствува максималниот ефект од промената на начинот на исхрана, препорачувам да се обидете тоа да го спроведете барем два месеци. УШТЕ НЕШТО ЗА МЕНСТРУАЛНАТА БОЛКА Кога зборуваме за мастите, тогаш да споменеме дека различни видови на масти различно делуваат во организмот. Така, животинските масти содржат големи количини на заситени масти, кои се во цврста состојба кога се на собна температура, додека растителните масти се во облик на незаситени течни масла. Мастите учествуваат во создавањето на простогландини во организмот. Тоа се соединенија кои учествуваат во воспалителните процеси, болката, мускулните контракции и во згрутчувањето на крвта. Затоа, простогландините всушност се главните актери во создавањето на менструалната болка, и затоа лекарите при болни менструации даваат лекови кои го блокираат дејството на простогландините. Но, проблемот е во тоа што и тие лекови, покрај позитивното дејство, што е намалувањето на болката, имаат многу поголемо негативно дејство во организмот. Од друга страна, со начинот на исхрана може да се контролира создавањето на простогландини во организмот и на тој начин организмот природно да се ослободи од болната менструација, без притоа да му се нанесува дополнително оптоварување и уништување на одбранбениот систем. Некои луѓе сакаат да го зголемат нивото на таканаречените корисни масти во организмот, па земаат Омега-3, или рибино масло и слично. За жал, и тие луѓе многу грешат, затоа што земањето на масти во вакви облици е причина за бројни други пореметувања во организмот. Подобра стратегија е онаа која се базира на земање зелена растителна храна, како што се лиснатите зеленчуци, мешункастите растенија (грав, грашок, боранија, леќа), а да се елиминира животинската храна. И витаминот Б6, исто така, игра улога во намалувањето на менструалната болка. Лекарите денес многу лесно препишуваат таблети со витаминот Б6. Сепак, многу попаметно е пациентите да се едуцираат како нивниот организам природно да се обезбеди со доволни количини на витамин Б6. Овој витамин игра улога во намалување на нивото на естрогени хормони, со тоа што го олеснува нивното преработување во црниот дроб. Доволни количини од витаминот Б6 има во житарката, гравот, бананите и јатките. Рафинираните брашна немаат витамин Б6. Кога се зема од овие видови храна кои се богати со Б6 витаминот, во организмот нема да има недостаток од истиот. Но, кога се зема таблета витамин Б6, може да дојде до несакани ефекти од истиот, кои се изразуваат во нервни пореметувања. |
|
Storm5
Сениор Регистриран: 30.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 226 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДЕНЕШНИТЕ ЖЕНИ НЕМААТ РАСИПАНИ ГЕНИ
Напишано од Др. Јадранка Бибан - Спец. гинеколог акушер Голем процент од жените денес страдаат од гинеколошки заболувања кои го уништуваат квалитетот на нивниот живот. Две третини од жените денес страдаат од таканаречениот менопаузален синдром и најпродуктивниот период од животот го поминуваат барајќи излез од неподносливата состојба во која се наоѓаат. Од друга страна голем број на жени кои сеуште не се во периодот на менопауза секој месец страдаат од таканаречениот предменструален синдром кој со денови го нарушува нивното психичко и физичко здравје преку зголемен крвен притисок, напнатост, надуваност, болки во стомакот и дојките, ужасни главоболки, несоница, раздразливост... Илјадници девојчиња страдаат од болни менструации и со денови изостануваат од секојдневните обврски на училиште или на факултет, заради онеспособеност, малаксалост и понекогаш екстремно искрварување. Илјадници жени се судруваат со проблемот на екстремни крварења, тумури на матката или цисти на јајниците. Многу од нив се советувани да направат операција и да извадат дел од своите генитални органи како решение за нивниот проблем. Колку млади жени денес страдаат од полицистични јајници, кои се обвинуваат за неплодност и други хормонски пореметувања. Колку жени страдаат од ендометриоза. Што се случува со жената во современото општество? Дали жената го губи квалитетот на своите гени и станува организам кој е помалку вреден и осуден на рана пропаст и страдање? Дали природата го менува својот став спрема женското тело и одлучува да го уништи казнувајќи го на страдања и болки? Колку гинеколози искрено и отворено размислуваат за тоа зошто толку многу патологија кај жените се јавува денес? Колку се помислува на вистинските причини за сите овие болести...Дали во женското тело има орган повеќе? Дали тумурите на матка се јавуваат затоа што во телото на жената има матка...? Дали предменструалниот синдром се јавува затоа што женското тело лачи женски хормони? Ако е така тогаш какви хормони треба да лачи женското тело? Машки? Дали цисти на јајници се јавуваат затоа што во женското тело без потреба има јајници? Ако се размислува со мозокот на ножот, излегува дека органите во женското тело се виновни за болестите кои ги манифестираат, па затоа најдобро е да се отстранат, и жената така помалку ќе биде жена и помалку ќе биде болна... Но свесните луѓе, особено вистинските стручњаци не размислуваат така. Се разбира дека гените на денешната жена не се помалку вредни од гените на жените во минатото. Тие се исти. Се промениле само животните навики кај жените. А тоа не се лекува со операција или со таблети. Не се виновни женските органи или женските хормони за болестите кај жената. За најголемиот број гинеколошки проблеми одговорноста треба да се бара во нездравата исхрана и лошите навики. Со сосема едноставна промена на исхраната, со елиминирање на лошите навики, најголемиот број гинеколошки проблеми кај жената буквално исчезнуваат. Вистинските стручњаци тој факт никогаш не треба да го занемарат! |
|
Storm5
Сениор Регистриран: 30.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 226 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
РАКОТ НА ДОЈКА МОЖЕ СПОНТАНО ДА ИСЧЕЗНЕ?
________________________________________ Истражувањето кое беше направено во врска со ракот на дојка и чии резултати беа објавени во Archives of Internal Medicine, 24 Ноември 2008 година, од страна на истражувачот Per-Henrik Zahl, покажаа, „...Некои од инвазивните карциноми на дојка кои биле откриени со мамографија, покажале спонтано исчезнување“. Имено истражувачите нашле 22% почеста појава на карцином на дојка кај жените кои правеле мамографија секоја втора година, за време од 6 години, за разлика од оние жени кои правеле мамографија еднаш за тие 6 години (1909 жени наспроти 1564 жени на група од 100 000 жени). ... Ако очекуваме, секој од овие откриени карциноми да продолжил да се развива, тогаш би требало после 6 години да се открие ист број на карциноми кај жените кои правеле редовна мамографија на секои две години и кај оние кои правеле еднаш мамографија во 6 години, наспроти добиениот резултат на помал број на карциноми кај оние жени кои правеле скрининг еднаш во 6 години. Заклучокот на истражувачите бил „...Се чини дека некои од карциномите кои се откриваат со чести мамографии, воопшто не би се развивале, односно спонтано би се повлекле и не би биле регистрирани кај жените кои се прегледуваат поретко, односно на 6 години.“ Како и да е, настрана од резултатите и заклучоците од оваа студија, спонтано повлекување на карциномите на дојка, без никаква терапија, постои и многу такви случаи се опишани во секојдневната пракса на лекарите. И не само на карциномите на дојка. Спонтано повлекување е забележано и кај карциномите на простата, мозок, бубрег, грлото на матка кај жени, дебело црево и сл. Многу пациенти кај кои е дијагностициран карцином на дојка, па и на друг орган, се крајно депресивни и се чувствуваат безнадежно. Голем придонес за таквото сфаќање има општо прифатеното мислење за неизлечивоста на карциномите. Ваквото мислење е многу опасно кога е подржувано од самите доктори, затоа што безнадежноста и страдањето на пациентот е фактор за брзо пропаѓање на организмот по дознавање на дијагнозата. Пациентите имаат право да знаат дека дури и таканаречените напреднати форми на карциноми можат да бидат излечени и да завршат со таканаречената спонтана ремисија или исчезнување. Она што е стопостотно сигурно е фактот дека повлекувањето на карциномите оди секогаш со напорите на пациентот да ги сменат своите деструктивни животни навики со здрави животни навики. Една од најсилните, најпродуктивните здрави животни навики е комплетна промена на начинот на исхрана, односно елиминирање на храната која „ја храни болеста“ со храна која го подига и го обновува имунитетот. Така, доаѓа навистина до повлекување на болеста, состојба која е општо позната како спонтана ремисија на болеста или спонтано излекување. Кога напорите но и средствата би се насочиле кон едукација на жените која е храната која треба да ја јадат како заштита од карциномот на дојка, многу посреќни жени би имало за разлика од онаа ситуација кога се организираат хуманитарни манифестации за подобрување на условите на лечење на болните кои примаат цитостатици. |
|
Storm5
Сениор Регистриран: 30.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 226 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
SOVETI ZA POCETNICITE
_____________________ Ako makrobiticki produkti se mesaat so cokolada i druga hrana koja ja jadat site, i dokolku nema dovolno aktivnosti pa ke apne tek ponekoj makrobioticki produkt , na primer, snegulki so jogurt i mleko i slicno - togas sigurno nema da oslabi covek pa nit ke se izleci od nekoj vid na rak nit pa ke spreci pojava na cisti i kancer. Ovde ne vazi pravilo 'od se ponesto' ili ' moite jadele sve pa i ja i nisto ne ni e' a toa spored Michio Kushi doaga postepeno pa nekoi i ne se svesni da imat rak ili im pasga sekerot itn. efekti na makrobioticka hrana se custvuvaat relativno brzo no od ishrana treba da se eliminira sekoja stetna hrana od 2te osnovni koi se kancerogeni i nosat bolesti. Zeni i mladi devojki se nepotrebno optovareni so linija ili strav od debelnj; nie maskite uvek sme sakale krupnicki a slabi ne bas tolku. Pod uslov da go sozvakate sekoj zalak detalno, mozete da jadete makrobioticki produkti kolku sto sakate i pak nema da se zdebelite nit ke se razbolite. Za dobar sex ili teska rabota potrebna e izdrzlivost a hrana za izdrzlivost e makrobiotickata vegan. So pomos na makrobioticka ishrana mozno e da se smeni krvnata grupa, pa duri i da se odredi polot na fetus.Taka pisuva Micio Kushi. ZAMENI STETNI PRODUKTI SO ZDRAVI ________________________________ Zameni stetni produkti so zdravi i konsultiraj se so makrobioticki instruktor ili procitaj nekoja kniga za makrobiotika. Namesto bel oriz zemaj integralen oriz i drugi zitarki Namesto rafiniran seker zemi prirodni zsladuvaci Namesto rafinirana sol koristi morska sol. Namesto nekvalitetni kancerogeni sosovi koristi sojin sos tamari koj e prepoln so enzimi. NAMESTO BELI PECIVA I LEB KORISTI LEB OD CELO ZRNO NA ZITARKI ( takov jadele hipokrat i rimski vojnici ) so priroden kvas. Koristi priroden kvas za leb - Industriskiot kvasec ja razreduva krvta. Vo spektar na makrobioticki produkti za se postoi soodvetna zamena. |
|
Storm5
Сениор Регистриран: 30.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 226 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
10 работи што можеби не сте ги знаеле за срцето
_______________________________________________ Срцето отсекогаш било тема за луѓето, со цели томови посветени на значењето на љубовта. Научниците денес откриваат дека пумпата за крв во нашето тело е многу покомплексна отколку што прво се мислело. 1. Сексапил. Ако веќе не вежбате класично, направете малку „гимнастика под чаршафите“. Вашето срце ќе ви биде благодарно. Истражувањето спроведено врз 2.500 мажи на возраст помеѓу 49 и 54 години покажало дека доколку доживуваат оргазам барем три пати неделно, ја преполовуваат веројатноста за смрт од некоја срцева болест. Сексот слободно може да се смета и за вежбање: проценето е дека при една енергична сексуална средба согоруваат околу 200 калории, што е еднакво на 15 минутно брзо трчање. 2. Женско срце. Жените се во предност околу некои работи за срцето, но кога се работи за кардиоваскуларните болести - главни се мажите. Со децении на срцевите заболувања и инфарктите се гледа како на машки болести, а тоа е далеку од вистината. Годишно, во САД, од срцеви заболувања умираат 500.000 жени, што е за 50.000 повеќе од мажите. Жените не доживуваат срцев удар како на филмовите: со остри болки во градите и губење на свеста. Наместо тоа, тие се жалат на умор, болка или притисок во срцето и дополнителни симптоми како мачнина и болки во грбот и вилицата. 3. Закрепнување на срцето. Скршеното срце при невозвратена љубов толку боли, што посакувате да имате „ново“ срце или барем прибор за поправање. Овие две опции може наскоро да станат и лесно достапни. Научниците ги истражуваат црвеноточкестите саламандри за да развијат терапија за луѓето со физичко оштетување на срцето. Саламандрите се водоземци кои ги регенерираат оштетените делови од своето тело, па дури и срцето. Во друго истражување, научниците во лабораторија одгледале срце што чука од матична клетка од ембрион. 4. Од срце за срце. Наизглед глупавиот поглед со кој ве гледа кучето, или попатното триење на мачката од вашата нога ве тера да помислите дали е возможно тие да комуницираат со вас. Една неодамнешна студија ги става и коњите на списокот животни коишто можат да ги распознаат човечките емоции. Научниците откриле дека биењето на срцето на коњот се усогласува со биењето на срцето на човекот којшто го допира. Коњскиот детектор на емоции еден ден ќе може да ја замени апаратурата за стрес-тест. 5. Големи срца. Некои луѓе навистина имаат поголеми срца од другите. Но, зголеменото срце повеќе е знак на срцево заболување отколку на знак за вљубеност. Најчестиот тип на зголемување, наречен дилатирачка кардиомиопатија се појавува кога срцевите комори се истегнати и зголемени. Испакнатините го ослабнуваат пумпањето на срцето и се намалува дотокот на крв во органите. Ако не се лечи, зголеменото срце за кратко време откажува. 6. Смејте се, тоа е добро за вас. Смеењето од срце, она од кое ви се насолзуваат очите, прави многу повеќе од подобрување на расположението. Истражувањата покажале дека смеењето на глас ги отпушта мускулите на крвните садови со што се подобрува дотокот на крв во следните 45 минути. Кардиоваскуларните болести се последица на оштетувањето на токму овие мускули. Тоа и не е баш за смеење... или можеби е... 7. Пијте за своето срце. Една чаша црвено вино оди право кон срцето, но неодамнешните истражувања покажуваат дека истиот ефект го имаат и белите вина. Научниците го оправдуваа ефектот на црвеното вино со лушпата од грозјето, бидејќи таа е полна со одредени антиоксиданси. Бидејќи грозјето се лупи за да се добие бела варијанта од виното, многу научници претпоставуваа дека овие вина немаат позитивни ефекти на здравјето на срцето. Но лабораториските опити со глувци покажале дека внатрешноста на зрната е полна со други состојки погодни за срцето. Затоа, кога треба да изберете вино - следете го своето срце. 8. Моќна пумпа. За помалку од една минута, вашето срце пумпа крв до секоја клетка од вашето тело. И во текот на денот со околу 100.000 отчукувања лансира 9.000 литри крв богата со кислород, низ 96.650 километри крвни садови кои ги поврзуваат ткивата и органите во нашето тело. Тоа е доста добра работа за мускул со големина на тупаница. 9. Скршено срце. Скршеното срце може да предизвика губење на свеста. Истражувањата покажале дека раскинувањето со саканата личност или пак вест за смртта на сакана личност буквално може да доведе до скршени срца во облик на зголемен ризик од срцев удар. Овие трауми доведуваат до зголемено ниво на хормон на стрес кој привремено го „зашеметува“ срцето. Резултатот се симптомите на срцев удар: болки во градите и тешкотии со дишењето. Но ова заболување на срцето се лекува со блага терапија и одморање. 10. Знак на љубов. Со тежина од околу 280 грама, мускулот исполнет со крв наречен срце стана универзален знак на љубов. Старите Грци верувале дека срцето е седиштето на духот, Кинезите го сметаат за центар на среќата, а Египќаните мислеле дека од него потекнуваат емоциите и интелектот. Сепак, никој не е сигурен од каде точно потекнува поврзувањето на срцето со љубовта. Една од тезите е дека срцето го добило ова значење во античкиот грчки град Кирена во денешна Либија. Оваа колонија била позната по растението наречено Силфиум - чијашто мешунка била полна со зрна во облик на срце. Силфиумот имал лековити својства, а можно е да се користел како растително контрацептивно средство. |
|
Storm5
Сениор Регистриран: 30.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 226 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
VITAMINI I MINERALI
Konzumiranjeto na vitamini i minerali e potrebno na covekovoto telo za odrzuvanje na negovite normalni funkcii, za metabolizmot i za jaknenje i odrzuvanje na immuniot sistem. Dnevnata potreba na vitamini,minerali i balansni sostojki e slednava (preporacana doza spored Svetska Zdravstvena Organizacija): • Beta-Carotin 5 mg • Vitamin A 0,8 mg • Vitamin C 60 mg • Vitamin E 10 mg • Vitamin B1 1,4 mg • Vitamin B2 1,6 mg • Vitamin B6 2 mg • Vitamin B12 1 µg • Biotin 150 µg • Folna kiselina 200 µg • Niacin 18 mg • Pantothenska kisleina 6 mg • Vitamin D 5 µg Vitamini: Beta-Carotin (Provitamin A) -za zdrava koza i dobar vid -vazen koenzim za pravilna funkcija na kozata, ocite, immuniot sistem -pri pravilno doziranje sluzi za dopolnitelna sonceva zastita Biotin (Vitamin H)-za zdrava koza i nokti -sostaven del na mnogu enzimi pri metabolizmot -neophoden za razgraduvanje na masnotii i jaglenhidrati Folna Kiselna ( Vitamin B3) -sostaven del na mnogu enzimi -neophoden za funkcii na nervniot sistem i kozhata -pomaga pri procesi na detoksikacija Pantothenska Kiselina ( Vitamin B5) -ja potkrepuva vnatresnata izgradba na razlicni tkiva -sostaven del od procesite na detoksikacija na organizmot Vitamin B1 (Thiamin) -vazen za nervniot sistem i Jaglenhidrantniot metabolizam -biten za dobra koncentracija Vitamin B2 (Riboflavin) -sostaven del za Hem-metabolizmot (osnoven del na eritrocitite) -biten za dobar vid -za zastita i zazdravuvanje na kozhata Vitamin B6 ( Pyrodixin) -pomaga pri metabolizmot na belkovinite i nervniot sistem -neophoden za gradenje na Hemoglobinot vo organizmot. Vitamin B12 (Cobalanin) -neophoden za obnovuvanje na krvnite kletki i site procesi na obnovuvanje -ima ucestvo vo zacuvuvanjeto energija vo forma na Glukogen kaj muskulite Vitamin C (Askorbinska kiselina) -uste narecen zastiten vitamin poradi negovata uloga kaj immuniot sistem -najbiten vitamin za detoksikacijata, obnovuanjeto na krvnite kletki -neophoden za zdrava kozha,zabi i koski Vitamin D -neophoden za Koski i zabi (nedostatok na ovoj vitamin predizvikuva Rachitis) -neophoden za Metabolizmot na Kalcium i Fosfor Vitamin E -biten za metabolizmot na masnoti -ima funkcija na antioxidativ i neophoden za prevencijata od rak i arterioskleroza Vitamin K -neohoden za site reakcii pri kaskadata na Agregacija na krv pri povredi Minerali Kalcium -najvazen mineral za jaki i zdravi koski, optimalna rabota na musklulnoto tkivo, za srceto -nedostatok na ovoj mineral predizvikuva Osteoporoza Chrom -biten za site anabolni i katabolni reakcii vo organizmot -ja potkrepnuva rabotata na muskulnoto tkivo i prodonesuva za redukcija na masnoto tkivo Zhelezo -sostaven del od Hemoglobinot, neophoden za fukncijata na eritrocitite, i za site enzimi pri kletocnoto disenje -najgolema potreba na zelezo imaat sportistite (poveke zelezo, poveke eritrociti, podobra kletocno disenje) i zenite za vreme na bremenost Jod -potreben za produziranje na hormonite na stitnata zlezda koi se odgovorni za gradenjeto na koskite, Metabolizmot, procesite na rastenje i normalna funkcija na mozokot Kalium -neohoden za normalna funkcija na srceto i bubrezite, istotaka za nervnoto i muskulnoto tkivo -eden od najbitnite faktori za regulacija na kolicestvoto na voda vo teloto Bakar -potreben za produkcija na odredeni enzimi vo teloto -sostaven del na kletkite od immuniot sistem -go regulira vgraduvanjeto na Hemoglobin vo eritrocitite Magnezium -igra vazna uloga vo aktiviranjeto enzimi za dobivanje na energija na kletkite(od ATP) -ima vazna uloga vo gradbata na koskite i ligamentite -vo stresni situacii se zgolemuva potrebata na ovoj mineral Selen -golema uloga za zastita na kletkite pri toksikacija -go jacnee humoralniot immunsistem -vrzuva toksicni teski metali vo organizmot -stisti od zakalkuvanje na arteriite -nedostatok na ovoj mineral predizvikuva slabeenje na immuniot sistem, a so toa se zgolemuva rizikot za infekcii Cink -sostaven del na mnogu enzimi -coenzim pri reakciite na razgraduvanje na shekeri i belkovini vo teloto -go jaknee immuniot sistem Balansni sostojki -sostaven del na rastitelnite substancii -golema uloga za ishranata i za digestivnata flora,pobrza digestija i cistenje na digestivniot trakt -pomagaat pri isfrlanje na toksicni sostojki od teloto -go namaluvaat rizikot za rak i go namaluvaat nivoto na cholesterol vo krvta Primeri za balansi sostojki: -Amylazi, Lactazi i proteazi -Coenzum Q10 -Isoflavon -L-Carnitin -Lecithin -mlecni bakterii -Omega 3 kiselini __________________ Don't dream your life - live your dream!!! |
|
Storm5
Сениор Регистриран: 30.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 226 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
10 нус-ефекти на храната!?!
__________________________ Кога на човек му се јаде, веројатно прва работа што му паѓа на памет е вкусот на она што му се јаде. Второ што им паѓа на памет на многумина се калории, масти и шеќери, емулгатори итн. Освен дебелеење, храната може да предизвика и многу здравствени компликации. Нус-ефектите обично им се припишуваат на лековите. Но, и лековите исто како и храната се супстанција што се внесува во организмот и која може да предизвика најразлични несакани последици. Еве листа од 10 најчести нус-ефекти предизвикани од храната што ја јадеме: 1. Телесен одор. По истражувачки пат е откриено дека црвеното месо негативно се одразува на телесниот одор. 2. Акни. Храната што изобилува со заситени масти и масни киселини го стимулира појавувањето на акни. Истражувачите велат дека млекото има токму спротивен ефект. 3. Алергија. Алергиите се главна несакана последица од исхраната. Теоретски, секоја храна може да предизвика алергија. Во пракса, 8 видови на храна се одговорни за 90% од алергиските реакции на храна: млеко, јајца, кикирики, оревчиња (Бразилски, лешници, бадеми и ореви), риба, школки, соја и пченица. 4. Габични инфекции. Габичните инфекции се предизвикани од прекумерна концентрација на квас во организмот, така што храната која влијае врз нивото на квас, може да биде одговорна за овие инфекции. Значи: шеќери, оцет, скроб, рафинирани јаглехидрати, квасец и производи што содржат квасец (ПИВО!!!). 5. Киселини. Долга е листата на видови храна што можат да предизвикаат киселини: лимонести овошја, пржена и мрсна храна, оцет, домати, чоколадо. 6. Висок холестерол. Холестеролот најмногу е присутен во храна од животинско потекло. Високиот холестерол го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар. Многу холестерол има во: мозок (телешки, свински, јагнешки), јајца, органи (џигер, бубрези, слезина). 7. Камења во бубрег. Оние што конзумираат многу животински протеини а малку течности се со зголемен ризик да добијат камења. Повеќе студии имаат покажано дека зголемено количество на внесен калциум, а намалување на солта, претставува превентива од повторно појавување на камења. 8. Оштетување на меморијата и способноста за учење. Кај постари лица чија исхрана е богата со заситени масти, зголемена ингестија на храна богата со бакар може да предизвика брзо намалување на нивната способност за размислување, учење и помнење. 9. Отекувања и собирање на вода. Исхрана богата со сол, натриум или шеќер, може да предизвика ваков проблем. На телото му е потребна константна концентрација на сол во неговите ткива. Кога концентрацијата ќе се зголеми, телото неутрализира преку задржување на течности. 10. Мигрена и главоболки. Храната предизвикува главоболки преку промена на мозочната хемија или менување на тонусот на крвните садови. Чести предизвикувачи: сирење, пиво, црвено вино, чоколада, храна богата со нитрити. |
|
Storm5
Сениор Регистриран: 30.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 226 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
POSTEPEN PREOD NA MAKROBIOTICKA ISHRANA
Preodot na popriroden nacin na ishrana i na popriroden nacin na zivot ne bi trebalo da stvori nikakvi seriozni konflikti von as. Koga ke prejdeme na noviot nacin na ishrana, najdobro e da go zapocneme so nekolku osnovni jadenja, kako sto se integralniot oriz zgotven vo express-lonec, miso supa, nekolku jadenja od zelencuk, eden vid algi i banca caj. Potoa, postepeno, od den na den, od nedela vo nedela, ke mozeme da go prosiruvame nasiot izbor na prirodni produkti i da ucime i voveduvame novi nacini na kuvanje. Istotaka, morame da go pocituvame sopstveniot bioloski ritam i licnoto tempo na razvitok. Vo mnogu slucai pominale, 10, 20 ili duri 30 godini na vnesuvanje na nezdrava kancerogena hrana za da se razvie pretkancerozna sostojba. Zavisno od nasata licna situacija, ke ni bidat potrebni nekolku meseci, a vo nekoi slucai i nekolku godini, za da se vratime na normalnite varivni, disni, cirkulatorni, ekskretorni i nervni funkcii. Ne bi trebalo toj PROCES NA ISCELUVANJE vestacki da go zabrzuvame. Vazno e da se zapocneme so promenata koja void kon zdravjeto.Vo preodniot period ponekogas ke go posakame vkusot, konzistencijata, mirisot I drugite karakteristiki na nasite stari nezdravi jadenja i pijaloci osobeno onie so koi ne hranele vo detstvoto. Vo tekot na prvite nekolku nedeli ili meseci na noviot nacin na ishrana, silnata zelba za starata hrana obicno go ODRAZUVA prirodniot process na odstranuvanje, koj kaj nas e vo tek. Parlelno so podobruvanjeto na nasata zdrastvena sostojba, toksinite i sluzot, porano natalozeni vo nasiot krvotok i vnatresnite organi – bivaat odstraneti od organizmot preku crevata I isfrleni so mokracata, potenjeto i preku drugite funkcii za izlacuvanje. Napustajki go naseto telo, cestickite na odstranetata hrana cesto se vtisnuvaat vo nasata svest, i nie gi custvuvame kako zelba za taa hrana. Podocna, koga nasata sostojba ke se stabilizira, takvata promena na zelbite ke pokazuva deka vo nasata ishrana e poremetena ramnotezata so toa sto ke vidime koja hrana ne privlekuva. Taka, ako ne privlekuva ovosniot sok ili sladoledot, togas nasata ishrana verojatno e premnogu solena, prekuvana i, opsto zemeno so poveke kontraktiven karakter. Ako, megutoa, ne privlekuva ribata, jajcata I drugite zivotinski produkti, toa znaci deka vnesuvame premnogu slatko, tecnosti i drugi mnogu expanzivni produkti. Tie porivi se eden od nacinite na koi nasiot organizam ne predupreduva na neramnotezata vo nasata ishrana. Procesot na odstranuvanje e cesto prosleden ne samo so ovie povremeni zelbi tuku i so nekoi nenormalni fizicki manifestacii, koi moze da potraat od 3 do 10 dena, a vo nekoi slucai duri i do 4 meseci – SE DODEKA POTPOLNO NE NI SE IZMENI KVALITETOT NA KRVTA. Ako nasata vrodena konstitucija e silna I dobro struktuirana, takvite reakcii se obicno zanemarlivi. Megutoa, ako nasiot razvoj vo embrionalniot stadium i vo detstvoto trpel poradi haoticnata ishrana, ako sme vnesuvale vo sebe mnogu hemikalii, lekovi i drogi, ili ako vo minatoto sme imale nekoja operacija ili abortus, reakciite na odstranuvanje ke bidat poizrazeni. Bez ogled na toa sto e pricinata na toa, ne treba da se zagrizuvame ako se pojavat vakvi reakcii. Tie se sostaven del od prirodniot process na isceluvanjeto i znacat deka nasite sistemi se REGENERIRAAT, odstranuvajki i isfrluvajki se ona sto bilo prekumerno, vishok, sto se nasobiralo vo tekot na mnogute godini. Tie reakcii moze,nacelno, da se podelat na slednite privremeni sostojbi: OPST ZAMOR – Custvoto na opst zamor moze da se pojavi kaj lugeto koi porano jadele redovno i prekumerni kolicini na zivotinski proteini i masnotii. Energetskata aktivnost koja togas von iv se slucuvala bila rezultat na silnoto kalorisko isfrluvanje na tie prekumerni produkti namesto pozdravite, pobalansirani i pospokojni aktivnosti. Cesto takvi luge odprvo custvuvaat zamor i blaga mentalna depresija se dodeka noviot nacin na ishrana ne im stane izvor na energija za nivnata aktivnost. Toj period na zamor obicno ne trae poveke ode den mesec BOLKI – Ponekogas se pojavuvaat i bolki, osobeno kaj lugeto koi porano vnesuvale prekumerni kolicini na tecnosti, seker, ovosje i drugi extremni expanzivni produkti i pijaloci. Tie bolki – kako sto se glavobolkata I bolki vo oblasta na crevata, bubrezite I gradniot kos – se pojavuvaat poradi postepenoto sobiranje na abnormalno prosirenite tkiva i nervni kelii. Tie isceznuvaat – postepeno ili odednas – stom abnormalno prosirenite oblasti na teloto ke se vratat vo normalna sostojba. Toa obicno trae od 3 do 14 dena, zavisno od nasata poranesna sostojba. VRUCINA, TRESKA I KASLICA – Koga noviot nacin na ishrana ke pocne da sozdava pozdrav kvalitet na krv, pocnuva i isfrluvanjeto na vishokot supstancii – prekumerni kolicini na tecnosti, masnotii i mnogu drug material. Ako do toa vreme funkciite na bubrezite, urinarniot system i disnite organi ne stanale seuste normalni, isfrluvanjeto ponekogas dobiva vid na povisena temperature, treska ili kaslica. Tie pojavi se privremeni i tie bez nikakvo posebno lecenje isceznuvaat vo rok od nekolku dena. NENORMALNO POTENJE I CESTO MOKRENJE – Osven predhodno opisanite simptomi, nekoi luge vo tekot na nekolku meseci, odvreme navreme, patat i od nevoobicaeno potenje, a drugi od nevoobicaeno cesto mokrenje. Nivniot predhoden nacin na ishrana bil takov sto vnesuvale redovno premnogu tecnosti vo forma na voda, razni pijaloci, alcohol, ovosje, ovosni sokovi, mleko i mlecni proizvodi. So namaluvanjeto na ovie kolicini na tecnosti, koi bile premnogu golemi, i masnotiite, koi bile nasobirani vo forma na tecnosti – organizmot se vraka vo normalna, uramnotezena, zdrava sostojba. Koga postepeno ke se povrati ramnotezata vo metabolizmot, ovie pojavi ke prestanat. LACENJE NIZ KOZHATA I NEVOOBICAENI TELESNI MIRISI – Megu oblicite na lacenje spaga i ispustanje na nevoobicaeni mirisi od povrsinata na celoto telo, kako i preku disenjeto, mokrenjeto ili praznenjeto na crevata, a cesto, kaj zenite, i preku vaginalna sekrecija. Toa obicno im se slucuva na licata koi porano vnesuvale prekumerna kolicina na zivotinski masnotii, mlecni proizvodi i rafiniran seker. Pokraj toa, kaj nekoi luge se pojavuvaat – samo za kratko vreme – osipi na kozata, crveni otoci na vrvovite na prstite na racete i nozete i cirevi. Ovie vidovi na lacenja se osobeno karakteristicni za licata koi porano bile naviknati da vnesuvaat zivotinski masnotii, mlecni proizvodi, seker, zacini, lekovi i drogi, i za onie so hronicno losi funkcii na crevata, bubrezite i crniot drob. Megutoa, ovie oblici na lacenje prirodno prestanuvaat I obicno isceznuvaat bez nekoja posebna nega vo rok od nekolku meseci. DIJAREJA ILI KONSTIPACIJA – Lugeto so hronicno poremetuvanje na crevata, cii nezdravi prehrambeni naviki gi predizvikale ovie poremetuvanja, moze povremeno da patat od dijareja (obicno preku den), ili od konstipacija (do 20 dena). Vo ovoj slucaj, dijarejata e oblik na isfrluvanje na natalozenata stagnantna materija vo crevata, vklucuvajki ja neapsorbiranata hrana, masnotijata, sluzta i tecnosta vo organizmot. Konstipacijata e posledica na procesot na steganje na crevniot trakt, koj, poradi prethodniot nezdrav nacin na ishrana, e abnormalno prosiren. Bidejki so stesnuvanjeto se vraka normalnata elasticnost na crevniot trakt, se obnovuva i redovnoto praznenje na crevata. SMALUVANJE NA SEXUALNIOT PORIV I VITALNOSTA – Kaj nekoi luge se javuva slabeenje na sexualnata vitalnost ili libidoto, koja ne mora da bide proprateno so custvo na zamor. Pricinata za taa pojava e zatoa sto telesnite funkcii se angazirani vo otstranuvanjeto na faktorite na neramnoteza vo site delovi na organizmot, pa zatoa liceto ne raspolaga so vishok na vitalnost koj bi gi iskoristil vo sexualnite aktivnosti. Osven toa, vo nekoi slucai, i vo polovite organi vo tek e aktiven process na isceluvanje, blagodarejki na izmenetiot kvalitet na krvta, pa ovie organi seuste ne se spremni da ja prevzemat normalnata aktivnost. Takvite sostojbi traat samo kratko vreme, obicno nekolku nedeli, a najveke nekolku meseci. Stom se zavrsi periodot na procistuvanje od vishokot otrovni materii vo organizmot, se vraka i zdravata vitalnost i zelbata za sexualna aktivnost. PRIVREMENO NEDOBIVANJE MENSTRUACIJA – Kaj nekoi zeni moze da dojde do privreno nedobivanje menstruacija. Pricinata za ova i vo ovoj slucaj e toj sto vo tekot na isceluvanjeto na celiot organizam vitalnite organi mora da bidat prvi koi ke ja primat energijata. Pomalku vitalnite funkcii, vklucuvajki gi i reproduktivnite aktivnosti, podocna bivaat obnoveni. Periodot na nedobivanje menstruacija e razlicen kaj razlicni lica. Megutoa, koga menstrualniot ciklus ke se obnovi, menstruacijata e zdrava i prirodna i pocnuva da se prilagoduva na normalniot 28-dneven mesecen ciklus, ne sozdavajki nikakvi nelagodnosti, kako sto mozda porano bil slucaj da bide propraten so nelagodnosti. Mentalnata bistrina I emocionalnoto spokojstvo togas bivaat zajaknati, sto vazi i za fizickata elasticnost. MENTALNA RAZDRAZLIVOST – Kaj nekoi lica koi dolgo zemale stimulansi, drogi i lekovi, otkako ke go smenat nacinot na ishrana, se javuva – emocionalna razdrazlivost. Takvata emocionalna sostojba go odrazuva prilagoduvanjeto na krvta i raznite telesni funkcii posle preoganjeto na ponakov kvalitet na hrana; razdrazlivosta obicno pominuva posle edna do nekolku nedeli, zavisno od toa kolku silno bile pogodeni telesnite sistemi so predhodnite zemanja na drogi i lekovi. Dolgogodisnoto zemanje na rafiniran seker, kafe I alcohol, kako I povekegodisnoto pusenje cigari, vodat kon privremena emocionalna razdrazlivost koga ke se prekine so toa I koga ke se prejde na nov nacin na ishrana. Od ‘The Cancer Prevention Diet’, By Michio Kushi ALERGIJSKI REAKCII NA ZITARKITE - PRICINI _________________________________________ Mozebi MASTITE i PROTEINITE od MLECNITE PROIZVODI se ODGOVORNI za nekoi vidovi na ALERGIJSKI REAKCII. Vo tekot na mnogute godini, jas, Michio Kushi, davav soveti na mnogu luge koi od nekakva pricina bile alergicni na integralnite zitarki. Spored moe mislenje ( Michio Kushi ), lugeto se ALERGICNI na GLUTEN ili DRUGITE SOSTOJKI na - psenicata, ovesot, pcenkata, ili proizvodi od integralno brasno - verojatno uste od raganje KONZUMIRALE redovno ili premnogu MLECNI PROIZVODI ili redovnop ili premnogu RAFINIRAN SEKER. A kolkava e taa kolicina ? TOa e BILO KOJA KOLICINA, ako postoi alergicnost na integralnite zitarki. Najverojatno deka problemot pocnuva vo najranoto detstvo. Na bebinjata koi se hranele ili se hranat so KRAVJO ili VESTACKO MLEKO na cucla - im NEDOSTASUVA KOLOSTRUMOT na nivnata majka, mlekoto koe se laci nekolku dena po raganjeto na bebeto. KOLOSTRUMOT e potreben da STVORI JAK IMUNITET i ZDRAVA CREVNA FLORA pred bebeto da bide podgotveno da ja vari vo zeludnik cvrstata hrana. Bebinjata hraneti od shishe ppodlozni se na bolestite vo detstvoto a podocna na alergiskite reakcii, osobeno ako i ponatamu konzumiraat redovno ili preterana kolicina na MLECNI PROIZVODI i RAFINIRAN SEKER. KONZUMACIJATA na MLECNITE PROIZVODI i RAFINIRAN SEKER mnogu godini, dodveduva do PROMENA vo KELIITE na ZELUDNIKOT i CREVATA, vklucuvajki gi i RESICKITE vo tenkoto crevo ( mali strukturi slicni na pipki koi se zadolzeni za apsorpcijata na hranata ). CELOKUPNIOT ORGANIZAM mozda se PRILAGODUVA na POGOLEMITE MOLEKULI na ZIVOTINSKIOT PROTEIN od MLEKOTO i IZOBILSTVOTO na KALCIUM i drugite hranlivi materii vo kravjeto mleko. Istovremeno, mozebi doaga do NEPOVOLNI REAKCII NA voobicaenite INTEGRALNI ZITARKI - tie reakcii gi narekuvame ALERGIJSKI REAKCII. Ako ste ALERGICNI na GLUTENOT od ZITARKITE, osobeno na toj od - psenicata, ovesot ili pcenkata - obidete se da gi ZAMENITE so - INTEGRALNIOT ORIZ ili PROSOTO - koi SODRZAT pomalku GLUTEN. Istotaka, ZGOLEMETE ja kolicinata vo ishrana na zelencukot i jadete poveke mahunarki, kako i proizvodi od niv. Postepeno SMALUVAJTE ja kolicinata na MLECNITE PROIZVODI i HRANA so RAFINIRAN SEKER i slicno, dodeka ne bidete vo sostojba POTPOLNO da gi IZBEGNUVATE. Za nekolku nedeli, obidete se da jadete malku GLUTEN od INTEGRALNITE ZITARKI. Postepeno, mozebi ke vi bide mozno da gi svarite i apsorbirate integralnite zitarki BEZ NIKAKVI neprijatni ili ALERGIJSKI REAKCII. od kniga " The Macrobiotic way", By Michio Kushi |
|
Storm5
Сениор Регистриран: 30.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 226 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Polzavce ?
Algi ima vo prodavnici za zdrava ishrana i najdobro tamu da ti kazat kako se koristat a se mnogu korisni ama skapi! |
|
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сторм, кај да најдам алги во Македонија? Кај се продаваат? како се кнзумираат? Те молам некој рецепт....плс....
а, ДА......имаат ли непријатен вкус? |
|
МИР со сите
|
|
Storm5
Сениор Регистриран: 30.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 226 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Повеќе од 40.000 Јапонци над 100 години
___________________________________________ Повеќе од 40.000 луѓе во Јапонија се на возраст од 100 или повеќе години, што е за десет отсто повеќе отколку минатата година, се вели во анализа на Министерството за здравство на таа држава. Од вкупно 40.399 „стогодишници“, 87 отсто се жени, соопшти Министерството. Во 1998 година таа цифра била 10.000 луѓе. За само две години бројката на лица кои имаат 100 години се зголемила од 30.000 на 40.000 и според аналитичари тоа ќе биде еден од предизвиците на новата Влада на Јукио Хатојама и неговата Демократска партија избрани минатиот месец. Јапонија има најголем просек на животен век од 85 години. Научници сметаат дека тоа се должи на здравата традиционална храна составена претежно од риба, зеленчук и ориз додека аналитичари на тоа го додаваат и исклучителниот систем за здравствена заштита. Најстарата жена на Островот има 114 години и живее во Окинава во јужниот дел од државата каде статистички има најголем број луѓе на возраст од 100 или повеќе години. Најстариот маж има 112 години и живее во префектурата Кјото. Во моментот, според локални медиуми во просек има три лица кои работат на еден пензионер, но за 50 години се очекува тој сооднос да биде речиси еден вработен на еден пензионер. Демократската партија се заложи за пензиски систем со минимум од 765 долари пензија за оние кои имаат мали примања или немаат доволно основи за пензија. Јапонија е втора на листата на држави каде има луѓе на возраст од 100 или повеќе години, зад САД (повеќе од 96.000), но бројот на жители во САД е повеќе од двојно поголем од оној во Јапонија. |
|
Storm5
Сениор Регистриран: 30.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 226 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЗРНЕСТ ЛЕБ (традиционален производ) СО ЛЕН
Напишано од Младеновски Ласте - дипл.инж.технолог Правилниот начин на исхрана е битен фактор во животот на секој од нас, што ни овозможува здравје, среќа и исполнетост. Целта на правилната исхрана е да го одржи здравјето и да ја спречи болеста, бидејќи здравјето не значи само отсуство на болест , туку и нормално извршување на психофизичките активности. Науката денес ни дава сè повеќе докази дека нашето здравје во најголема мера зависи од тоа како се храниме. Брзиот развој на технологијата придонесе видот на производите што се користат во секојдневната исхрана да е сè поголем. Воедно, и бројот на хемиските супстанции кои се користат во производство на земјоделските култури и во преработките е сè поголем, со што сè повеќе се нарушуваат природните закони и го оддалечуваат човекот од природата, а како последица се јавуваат модерните заболувања за кои медицината не може да најде лек. Исхраната составена од природни, нерафинирани продукти ги обезбедува сите хранливи состојки неопходни за добро здравје. Еден природен и нерафиниран продукт, како што е житарката, во себе содржи макрохранливи состојки и микрохранливи состојки, пред сè во природна форма и во оптимално количество за задоволување на дневните потреби. Убаво избалансираната исхрана му помага на организмот да воспостави урамнотежен метаболизам и силен одбранбен механизам. ЗРНЕСТ ЛЕБ (традиционален производ) СО ЛЕН е производ на БИОВИТАЛ, добиен од интегрални органски житарки од цело зрно, со помош на природно кисело тесто, печен во земјана печка на дрва, без адитиви и конзерванси. ЛЕНОТ во исхраната и во медицината се користи многу години. Хипократ го користел за лекување на системот за варење на храната. Во составот на ленот има 25% протеини, поради што е многу хранлив, мастите се застапени со 30-40 %, од нив 57 % омега-3 незаситени –есенцијални масни киселини. Ленот е исто така богат извор на линолна, линоленска киселина, како и на лигнин. Богат е со растителни влакна кои помагаат во регулацијата на перисталтиката. Од витамините, ги содржи витамин А, Ц, Е, Б комплексот, вклучително Б12. Најмногу е присутен витаминот Ф - 2,50мг. Нашиот организам не може сам да го создаде овој витамин, па е потребно секојдневно да се внесува преку храната. Тој игра главна улога во создавање на одбранбена рамнотежа. Биолошко-активниот витамин Ф е многу значаен. Поради недостаток од него, најмногу страда здравјето на луѓето. Недостаток на витамин Ф предизвикува инфекции, најчесто кијавица, алергии кои се локализираат на кожата или на дишните патишта, кожата постанува сува, се создава првут, и кожата изгледа постара. Витаминот Ф делува на слузокожата на органите за варење. Недостатокот предизвикува намалување на тенкиот слој, со што станува многу пропустлива и ги пропушта токсичните материи кои се наоѓаат во цревата. Ако овие материи не се неутрализираат со помош на црниот дроб, тие почнуваат да го трујат нашиот организам, што се манифестира преку постојан замор, што претставува најава за појава на некое заболување како рак, болест на крвните садови, тромбоза, нарушување на црниот дроб, намалена отпорност на вируси, камен во жолчка. Што може витаминот Ф да помогне за подобро здравје? Го спречува таложењето на лошиот холестерол во артериите, ги намалува триглицеридите. Придонесува за здрава кожа, нокти и коса. Овозможува заштита од штетното делување на X-зраците. Го помага растењето, делувајќи на активноста на жлездите. Го чува срцето здраво и ги намалува кардиоваскуларните заболувања. Го спречува ракот. Го подобрува имунитетот. Го намалува високиот крвен притисок. Го спречува ревматоидниот артритис. Ја спречува опстипацијата. Помага во смалувањето на тежината, согорувајќи ги заситените масти. Од минералите се присутни: калциумот, магнезиумот, сулфурот, цинкот, а калиумот го има 7 пати повеќе отколку во бананата. |
|
Storm5
Сениор Регистриран: 30.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 226 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ЗРНЕСТ ЛЕБ (ТРАДИЦИОНАЛЕН ПРОИЗВОД) СО ИНТЕГРАЛЕН ОРИЗ
Напишано од Младеновски Ласте - дипл.инж.технолог Фосфорот е присутен во секоја клетка на нашиот организам. Учествува скоро во сите физиолошки хемиски реакции, неопходен е за нормална градба на коските и забите. Помага во асимилација на нијацинот. Важен е за правилно работење на срцето. Многу е важен за функционирање на бубрезите. Потребен е за пренос на нервни импулси. Фосфорот го потпомага растот на организмот и неговото обновување. Го помага метаболизмот на масти и скроб. Ги смалува болките од артритис. Оризот (Oryza sativa) е житарка со потекло од тропска Азија, претставува основна храна на повеќе од половина на луѓето. Успева скоро во сите делови на светот, а посебно на топли и влажни места. Кај нас пределите околу Кочани имаат идеални услови за одгледување на квалитетен ориз кој се одгледувал уштe пред нашата ера. Постојат околу 1000 видови на ориз, дури и такви видови кои успеваат и на суви места. Покрај во исхраната, се употребува во индустријата, козметиката и медицината. Оризот е многу хранлив. Сиромашен е со масти, а богат со скроб (70 до 80 %), што го прави лесно сварлив. Богат е со минерали: најмногу има Фосфор (116 милиграми) и калиум (98 милиграми), нешто помалку ги има магнезиумот, калциумот, манганот, железото, сулфурот, бакарот, цинкот, флуорот, кобалтот. Калиумот со помош на натриумот ја регулира рамнотежата на течности во организмот и го нормализира ритамот на срцето. Помага за јасно размислување, со тоа што праќа кислород до мозокот. Помага во исфрлање на отпадните материи од организмот. Помага во снижување на крвниот притисок, и помага во лачењето на алергии. Витамини кои ги има во интегралниот ориз се следните: Б1, Б2, Б3, Б6, Б12, Б15, биотин, холинг, фолна киселина, инизитол, парааминобензоева киселина, Б5, витамин Е. Но овие карактеристики се однесуваат само за интегралниот ориз, бидејќи белиот глазиран ориз е без овие многу важни микрохранливи и лековити состојки. По своите биолошки карактеристики интегралниот ориз претставувал не само храна, туку и лек. Бил многу применуван во старата кинеска медицина. Бил синоним за мир кај Јапонците. Неговите лековити својства ги призна и модерната медицина. Оризот има значајна улога во диеталната исхрана и во народната медицина. ЗРНЕСТИОТ ЛЕБ (ТРАДИЦИОНАЛЕН ПРОИЗВОД) добиен од ИНТЕГРАЛЕН ОРИЗ (цели зрна), по својот состав има најурамнотежен однос на протеини, јаглехидрати, масти, минерални материи и витамини. Се произведува на ТРАДИЦИОНАЛЕН начин со помош на природно кисело тесто. Печен е во земјана печка на дрва, со што се зачувуваат хранливите и лековитите состојки. Во себе НЕ содржи адитиви, конзерванси, пестициди, ГМО, шеќер. Овој леб помага во лечењето на туберкулоза, и воопшто, болестите на белите дробови, помага при преобилни менструации, крварење, лекување на цревниот и желудочниот катар, пролив. Го снижува високиот крвен притисок . ЗРНЕСТИОТ ЛЕБ (ТРАДИЦИОНАЛЕН ПРОИЗВОД) добиен од ИНТЕГРАЛЕН ОРИЗ е богат со целулозни влакна, кои го подобруваат празнењето на цревата, го подобрува лачењето на желудочните сокови, а односот на неговите биолошки состојки воспоставува рамнотежа во организмот. Поради високата содржина на скроб и калиум, лесно е сварлив и се препорачува за диететска исхрана. Непрекинато дава енергија - околу 2 калории во минута, за разлика од рафинираниот шеќер кој ослободува 30 калории. Толку голема количина предизвикува дебелеење и болести кои се поврзани со дебелината, како дијабетес, кардиоваскуларни болести, карцином и други заболувања. Научно е докажано дека ефикасно го поттикнува лачењето на урината, па се препорачува на личности кои боледуваат од пораст на уреата во крвта. Има значаен придонес во развојот на коските и забите. Претставува и МАКРОБИОТСКИ производ, бидејќи односот на составните компоненти е избалансиран (7 наспрема 1): 7 делови се јаглехидрати, 1 дел се белковини, како и во макробиотиката. За несреќа, во денешната исхрана луѓето користат храна богата со протеини од животинско потекло и тој однос изнесува 2 наспрема 1, што дополнително го оптоварува метаболизмот, како и некои органи: црн дроб, бубрези, панкреас, и се создаваат слободни радикали и токсични материи кои штетно влијаат врз здравјето на организмот. ЗРНЕСТИОТ ЛЕБ (ТРАДИЦИОНАЛЕН ПРОИЗВОД) во својот состав покрај интегралниот ориз содржи: пченица, ’рж, семки од тиква, сончоглед, лен, сусам, со што му се зголемува хранливоста и лековитите вредности. Од сегашното излагање може да заклучиме дека ЗРНЕСТИОТ ЛЕБ (ТРАДИЦИОНАЛЕН ПРОИЗВОД) добиен од ИНТЕГРАЛЕН ОРИЗ, од повеќе аспекти го подобрува здравјето на луѓето. Совршено избалансираниот сооднос на соствните компоненти овозможува правилно функционирање на организмот, регулирајќи го метаболизмот и хормоналниот статус. Присуството на прости и сложени шеќери овозможува континуиран прилив на енергија без драстични скокови на шеќерот во крвта, со што се спречува трансформацијата на шеќерите во масти и се штити панкреасот од прекумерната работа. - Со секојдневна употреба го намалува ризикот, во некој случаи го лекува диабетесот тип 2. -Има важна улога во спречување на белодробни заболувања. - Овозможува правилно функционирање на нервниот систем, мускулите, срцето, ја подобрува психолошката состојба, го помага памтењето, дејствува смирувачки, ја намалува болката, помага во одбрана при стресни моменти. - Го намалува ризикот од рак, срцев удар, тромбоза и дебелеење. - Го намалува нивото на хорестерол и триглицериди. - Го зајакнува имунолошкиот систем. - Спречува формирање на камен во бубрег. - Ги спречува ревматските заболувања. - Го намалува заморот и го подобрува видот. - Ја подобрува лактацијата. - Го успорува опаѓањето и побелувањето на косата и придонесува за здрава кожа и нокти, ја заштитува кожата од ултравиолетово зрачење. - Помага за правилен раст и плодност. - Придонесува за побрзо зараснување на раните. - Ја подобрува функционалноста на репродуктивните органи. |
|
Storm5
Сениор Регистриран: 30.Септември.2009 Статус: Офлајн Поени: 226 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Р’ЖАН ЛЕБ
Напишано од Младеновски Ласте - дипл.инж.технолог Р’жаниот леб се изработува од 100% р’жано брашно добиено од цело зрно на р’ж произведен по принципот на органското производство, со природно кисело тесто, печен во земјана печка на дрва. Р’жта (Secale cereale) е едногодишно растение кое потекнува од Задкафказие. Најмногу се одгледува во Северна Eвропа, а кај нас во ридско-планинските предели. По своите хранливи вредности е приближно еднаков со пченицата. По своите пекарски карактеристики заостанува зад пченицата, бидејќи содржи помало количество на глутен. Хранливите и лековитите својства на р’жаниот леб потекнуваат од неговиот состав и од начинот на неговото добивање. Во својот состав содржи комплексни јаглехидрати, белковини, незаситени масти, витамини и минерали. Комплексните јаглехидрати постепено се метаболизираат во организмот и го снабдуваат континуирано со енергија. За време на варењето скробот се разложува до гликоза, познат како крвен шеќер. Овој крвен шеќер го снабдува мозокот и централниот нервен систем со енергија, целулозните влакна придонесуваат за подобро функционирање на дигестивниот тракт и го штитат организмот од модерните хронични заболувања. Белковините се соединенија составени од аминокиселини и од нив е изграден организмот на човекот. Во р’жаниот леб се содржани следните амино киселини: триптофан, треонин, изолеуцин, леуцин, лизин,тирозин, метионин, цистин, фенилаланин, тирозин, валин, хистидин, алин, аспоргин, глутамин, глицин, пролин, серин. Триптофанот е есенцијален (потребен) елемент кој мозокот го користи во комбинација на Б6, нијацин и магнезиум, за да произведе сератонин, невропренесувач, кој помага при спиењето, го смалува чувството на болка, делува како антидепресив, ја намалува мигрената, го намалува и го контролира стресот. Фенилаланинот е есенцијална аминокиселина, го смалува чувството на глад, го зголемува сексуалниот нагон, го подобрува памтењето и психичката спремност. Лизинот е есенцијална аминокиселина, потребна за растење и обнова на ткивата, производство на антитела, хормони и ензими, ја подобрува концетрацијата, спречува херпесни инфекции. Глутаминот го зголемува коефициентот на интелигенција, го намалува чувството на замор, депресија и импотенција. Го зголемува волуменот на мускулите кај здрави личности кои се занимаваат со спорт. Цистинот е важна хранлива состојка која го успорува стареењето, го штити организмот од слободните радикали, X-зраците и од нуклеарна радијација. Метионинот е есенцијална аминокисилина која помага во разложување на маснотиите и е силен антиоксиданс, и во комбинација на холин и фолна киселина, штити од одредени видови на тумор. Недостатокот на метионин кај лабораториските животни го зголемува холестеролот, предизвикува опаѓање на влакната и појава на артериосклероза. Глицинот ја регулира жолчната киселина во желудникот и киселоста во крвта и е неопходен за функционирање на централниот нервен систем. Тирозинот ја подобрува работата на мозокот, го намалува апетитот, ја подобрува работата на тироидната жлезда. Незаситените масти главно се содржат во никулецот и му помагаат на црниот дроб да создаде лецитин, кој помага во спречувањето од формирање на наслаги на холестерол во крвните садови, ја смалуваат опасноста од добивање на инфаркт, артериосклероза, го намалуваат крвниот притисок, ја смалуваат вискозноста на крвта, како и создавањето на камен во жолчката. Незаситените масти го стимулираат производството на антитела во градната жлезда, кои ги уништуваат вирусите и микробите, а со тоа го јакнат имунолошкиот систем. Го ублажуваат реуматоидниот артритис, ги намалува триглицеридите во крвта. Витамини кој ги има во р’жаниот леб се следните: Б1, Б2, Б3, Б6, Б12, Б15, биотин, холинг, фолна киселина, инизитол, парааминобензоева киселина, Б5, витамин Е, витамин Ф, витамин П, витамин Т, витамин А. Од минералите застапени се 7 основни минерали: калциум, јод, железо, магнезиум, фосфор, селен, цинк, како и други минерали: хром, манган, молбден, ванадиум, бакар,натриум. Од сегашното излагање може да заклучиме дека р’жаниот леб, од пoвеќе аспекти го подобрува здравјето на луѓето. Совршeно избалансираниот сооднос на состaвните компоненти овозможува правилно функционирање на организмот, регулирајќи го метаболизмот и хормоналниот статус. Присуството на прости и сложени шеќери овозможува континуиран прилив на енергија, без драстични скоковi на шеќерот во крвта, со што се спречува трансформацијата на шеќерите во масти и се штити панкреасот од прекумерна работа. - Со секојдневна употреба го намалува ризикот, во некој случаи го лекува диабетот тип 2. -Овозможува правилно функционирање на нервниот систем, мускулите, срцето, ја подобрува психолошката состојба, го помага памтењето, дејствува смирувачки, ја намалува болката, помага во одбрана при стресни моменти. - Го намалува ризикот од рак, срцев удар, тромбоза и дебелеење. - Го намалува нивото на хорестерол и триглицириди. - Го зајакнува имунолошкиот систем. - Спречува формирање на камен во бубрег. - Ги спречува реуматските заболувања. - Го намалува заморот и го подобрува видот. - Ја подобрува лактацијата. - Го успорува опаѓањето и побелувањето на косата и придонесува за здрава кожа и нокти, ја заштитува кожата од ултравиолетово зрачење. - Помага за правилен раст и плодност. - Придонесува за побрзо зараснување на раните. |
|
Внеси реплика | страница <1 910111213 25> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |