Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Март.2016 во 08:06 |
ДОЗНАЈТЕ ГИ НАЈДЛАБОКИТЕ ТАЈНИ НА ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИСепак вашиот хороскопски знак ги издава вашите стравови и вашите најголеми тајни, но не грижете се, тоа сепак ќе ви донесе повеќе корист отколку штета. Овен Овенот лесно станува зависен од луѓето кои ги сака, но никогаш нема да го признае тоа, бидејќи се плаши дека таквата зависност ќе биде погрешно сфатена. Бик
За разлика од другите знаци Бикот е тој кој е способен за голема посветеност и стабилна врска. Иако има изразена сексуална природа, тој ќе чека сè до моментот кога ќе се почувствува целосно сигурен за да го покаже тоа. Близнаци
Длабоко во срцето Близнаците чувствуваат голема несигурност во врска со љубовта и потребно им е постојано убедување дека се на вистинскиот пат. Зборувајќи постојано и премногу, луѓето често мислат дека Близнаците кажуваат сè што им паѓа на памет, но вистината е дека нивните вистински чувства се секогаш длабоко скриени. Рак
Најмногу од сè Раковите се плашат од тоа дека ќе бидат повредени, па овој страв ги прави многу ранливи. Како што подлабоко ги запознавате така тие ќе се отвораат пред вас и ќе попуштаат во својата одбрана, затоа бидете трпеливи и имајте разбирање. Лав
Целата потреба од докажување, потреба од внимание е само маска со која Лавот ја прикрива несигурноста во себе. Лавовите имаат една карактеристика која се нарекува „лажна самодоверба“, а најголемиот страв им е дека некој може да го открие тоа. Девица
Иако Девиците навидум изгледаат смирено, приземјено и резервирано, во нив често се случува вистинска ерупција од мисли и чувства. Иако ништо од тоа нема да видите на површина, најголемиот проблем со кој се спротивставуваат е нивниот сопствен критицизам. Вага Најголемата тајна на Вагата е што таа може да тргне во очајна потрга по љубов доколку се почувствува многу осамено и очајно. Ваквиот очај може да ја доведе до промискуитет и безуспешна потрага по љубов. Сепак доброто е што со текот на годините ова се намалува и зрелите Ваги речиси и да го немаат овој проблем. Скорпија
Скорпиите имаат многу тајни и уживаат во тоа. Не се изненадувајте ако ви е потребно многу време за да ги дознаете дури и најосновните работи за нив. Нивната најголема тајна е дека знаејќи многу за нив ќе бидете чекор пред нив и во еден момент ќе го искористите тоа. Стрелец
Стрелците се отворени личности па оттука потекнува и нивната најголема тајна – стравот од врзување. Иако на моменти им се допаѓа идејата за долгорочна врска штом почнат да стануваат дел од такво нешто чувствуваат паничен страв и често знаат да избегаат. Јарец
Јарците имаат скриена желба да бидат најдобри во сè што прават. Заради тоа ретко покажуваат знаци на слабост, а нивната најдлабока тајна е стравот од неуспех. Само наведете некој од нивните неуспеси и веднаш ќе се обесхрабрат и ќе заборават на сите успеси кои ќе постигнале. Водолија
Водолиите се секогаш опкружени со луѓе но сепак, на моменти се чувствуваат многу осамено. Нивната најголема тајна потекнува од чувството на оддалеченост и неповрзаност со луѓето околу нив. Гледајќи дека понекогаш другите имаат чувства кои тие не ги почувствувале ги прави да се чувствуваат осамени и изолирани. Риби
Огромната срамежливост е веројатно нивната најголема тајна, ова особено важи за машките припадници на овој знак. Рибите се најранливиот знак во зодијакот па затоа бидете многу внимателни како разговарате со нив бидејќи само еден погрешен збор може да ги доведе до депресија.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Март.2016 во 08:11 |
Топлите денови ни пристигнаа, заедно со календарската пролет. Што може да очекувате од нив? Нова љубов, поголема енергија или подобро здравје? Зависно од хороскопскиот знак и поставеноста на планетите, откријте за што е идеална оваа пролет: Овен Без никакви сомнежи оваа пролет ќе бидете полни со енергија и ентузијазам. Најповолниот период ќе трае до 18-ти април, кога ќе бидете витални, силни, ќе имате доволно елан за нови деловни почетоци, а најмногу од сè од рака ќе ви одат соработките со поединци во странство. Од 18-ти април би можело полека да ви се активираат некои проблеми од минатото, па тој период не е поволен за било какви ризици. Бидете внимателни на секој чекор. Во љубовта исто така после 18-ти може да се вратите на стари проблеми, а решенијата ќе ви делуваат како невозможен поим. Сепак, со помош на својата внатрешна сила ќе го надминете кризниот период. Не се предавајте на депресијата и апатијата. Бидете физички активни кога сте нерасположени, движете се, шетајте и бидете во друштво на пријатели. Бик
Во текот на оваа пролет ќе бидете максимално насочени кон љубовните случувања и стекнувањето на нови познанства, ширењето на кругот на пријатели, излегувања, дружења... Може да очекувате позитивна атмосфера и во поголемиот дел од пролетта ќе бидете во добро расположение. Амбициите ќе ги исполните во текот на април, кога ќе бидете нешто поагресивни и поангажирани на работен план. Ќе имате желба да водите, да се докажете и да останете на врвот. Месец мај пак, ќе ви донесе нова љубов. За сите слободни Бикови мај е поволен период за нови врски кои ќе прераснат во стабилни партнерства. Ако веќе имате партнер - ќе успеете да го подобрите односот и љубовта да процвета. Оваа пролет ќе се чувствувате добро во своја кожа и ќе ширите позитивна енергија каде и да се појавите. Близнаци
За вас поволниот период трае до 29-ти април. Сепак, не може да се каже дека сè ќе ви оди лесно оваа пролет, дури и кога положбата на планетите ви е наклонета. Можно е повремено да чувствувате недостиг на енергија. До 29-ти април паметно е да се посветите на работата, да бидете активни и посветени на тимската работа, како и на сите прилики да дојдете до подобрување на финансиите. од 29-ти април до 23-ти мај ве очекува негативен период кога не треба да планирате патувања или почетоци на важни обврски. На љубовен план подобро ќе се снајдат слободните Близнаци затоа што ќе имаат шанси за флерт на секој чекор. Ако сте во врска или брак - партнерот ќе сака да ви наметне нови правила и одговорности кои нема да му одговараат на вашиот разигран и слободен дух. Рак
Може да очекувате мирна, весела и прекрасна пролет без многу стрес и гужви. Евентуално во текот на април може да бидете во гужви и нервози, па затоа во овој период најдобро е да се посветите на деловните можности за напредок и да ја подобрите комуникацијата со надредените. Од мај веќе влегувате во мирна фаза во која сте стабилни и на свој терен. Љубовта ќе ви се појави - во тоа нема сомнежи. Очекувајте познанство со личност која ќе биде прилично упорна во своите намери да ве освои. Како и секогаш, до последен момент нема да покажете дали сте заинтересирани или не, но кога ќе дојде до врска, ќе се топите во љубовната атмосфера. Родените во третата декада од овој знак сепак би требало да внимаваат, посебно кога се работи за безбедноста во сообраќајот и здравствените проблеми. Лав
Вие сте знак кој веројатно оваа пролет ќе има најмалку компликации и проблеми. Ќе имате доволно енергија, оптимизам и поддршка, па може да бидете максимално активни на сите полиња. Ве очекува бурен љубовен период затоа што ќе бидете привлечни за спротивниот пол. Ќе освојувате каде и да се појавите, исклучиво на база на страста и физичката привлечност со која зрачите. Затоа, ќе освојувате исклучиво партнери за површни врски. На работен план ќе биде онака како што планиравте, со тоа што нема да имате многу време за одмор. Не спиете доволно, но не губите многу. Оваа пролет е идеален период да го обликувате своето тело и да ослабете некој килограм. Поволниот период ќе ви трае до 29-ти мај, искористете го паметно. Девица
Големи се шансите оваа пролет да не знаете каде се наоѓате, во секоја смисла. Можно е обврските да ве притиснат од сите страни и да немате доволно време за себе. Гледањето на филмови и излежувањето низ дома ќе бидат мисловни именки. На работа ќе бидете максимално активни, па таман кога ќе ги завршите обврските, ви пристигнуваат нови. Многу Девици ќе работат без слободен ден или тој слободен ден ќе го поминат во решавање проблеми, ако не деловни - тогаш семејни. Имате впечаток дека ништо не е под контрола, а тоа никако не ви одговара. Пролетта ќе си поминува, а вие ќе имате впечаток дека ниту еден ден не сте им посветиле на саканите. Забавете малку во периодот од 29-ти април до 23-ти мај.
Вага Највозбудливите случувања на љубовен план ви доаѓаат токму во месец април. Во тој период конечно ќе излезете од зимскиот сон, па ќе бидете во потрага по партнерство, љубов и хармонија. Самотијата не терен на кој добро ќе се снајдете, па затоа од април зграпчете ја приликата за врска и не ја пуштајте. Ќе најдете партнер или партнерка која совршено одговара на вашите физички идеали и не треба да се двоумите дали да го направите првиот чекор. Покрај динамичните и доминантни личности конечно ќе си ги вратите насмевката, страста и еланот. Минатото оставете го и не кревајте ако ве бараат лицата кои сте ги оставиле. На работното место сè ќе ви оди под рака, иако покрај љубовните успеси, работните нема да ви бидат приоритет. Скорпија
Нема сомневање дека сакате да верувате во љубов, но оваа пролет ќе ви се докажува спротивното. Секое утро и секоја ноќ се заспивате мислејќи на пари. Сè друго ќе оставите на страна и ќе смислувате нови начини да дојдете до заработка. Не може да се каже дека ќе се збогатите преку ноќ, но дефинитивно ќе ја подобрите финансиската состојба. Работете напорно, никој ништо нема да ви подари. Колку и да заработувате ќе сакате повеќе, па ќе ги поместите сопствените граници. Доколку сте во брак или врска, партнерот ќе се обиде повторно да ве освои во текот на месец мај. Затоа, колку и да заработувате, парите не може да ви го загреат креветот. Не ги игнорирајте емоциите и внимавајте на приоритетите. Стрелец
Оваа пролет ќе бидете оптоварени со одговорности и ограничувања. Внимавајте на своето здравје. Во еден момент ќе ви изгледа дека имате доволно сила за сè, а веќе во следниот ќе се чувствувате префорсирано и ќе се препуштите на обичната настинка. Пред да правите било што, зајакнете го својот имунитет. Не дозволувајте заради работа и стрес да си го запуштите телото, здравјето нема цена. Во текот на оваа пролет многу Стрелци ќе имаат шанса да пораснат и да станат посериозни, во спротивно бегањето од обврските и одговорностите може да ви донесат штетни последици. Во љубовта немате многу трпение и нежност, фокусирани сте на своите потреби, па ситуацијата нема да биде најидеална. Нешто полесна љубовна ситуација доаѓа со самиот крај на пролетта. Јарец
Оваа пролет ќе се движите нанапред, но не многу брзо. Не може да се каже дека времето ви влијае позитивно на ентузијазмот, но во секој случај сонцето ќе ви влијае позитивно. Држете се до плановите кои ги имате зацртано. Не дозволувајте било кој да ве убеди во некои лажни вредности и да ви ветува големи работи и лесни пари - по свое искуство би требало да знаете каква завршница имаат овие ветувања. Мај ќе биде поволен за преговори, но ништо не потпишувајте до 23-ти мај. Во љубовта ве очекуваат позитивни искуства, посебно со личности од блиска околина - работното место или соседството. Ќе ви се вратат некои прекрасни емоции кои сте ги заборавиле. Не ви се брза, па затоа дајте си време и трпение да уживате во флертот и запознавањето. Водолија
Нема да имате многу турбулентни случувања и драстични промени во текот на оваа пролет. Имате прилично стабилни очекувања во главата, фокусирани сте на своите цели во работата и покрај тоа наоѓате доволно време за дружби, излегување и привлекување на вниманието. Добро ќе се чувствувате при склопувањето на нови познанства или обновувањето на стари пријателства. Може да се каже дека конечно се враќате во елемент и нервозата која ја чувствувавте во текот на зимата полека исчезнува. Вашиот вечен оптимизам се враќа. Ако сте во брак очекувајте убави случувања во кругот на домот и семејството во текот на месец мај. Искористете го периодот до 29-ти мај, затоа што потоа може да ви се вратат некои проблеми од минатото. Риби
Вие сте вечен сонувач и оптимист кој со убавото време гледа нови, убави прилики да започне нови поглавја. Имате големи планови за иднината, но сепак, оваа пролет не би било лошо да се спуштите на земја. Оваа пролетна фаза не ви е поволна за работа. Можете да очекувате доста притисок, што од страна на надредените, што од самите себе, затоа што ќе им робувате на големите амбиции, наместо тие да ви послужат за успех. Тешко ќе се опуштате и ќе наоѓате време за мирување. Љубовта ја оставивте некаде зад себе. Не е дека немате прилики за флерт, само не сте доволно мотивирани. Оваа пролет ќе бидете во потрага по некој добар и цврст партнер, наместо по емотивен. Попатните авантури се возможни, но нема да дозволите да ви одземат премногу време и енергија.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Март.2016 во 20:59 |
Астрологијата не е секогаш тука за да ни ги открие нашите најдобри особини и да ни помогне да ја пронајдеме нашата сродна душа. Понекогаш, таа се врти малку и на темната страна и ни ги открива нашите најлоши особини. Во продолжение прочитајте какви личности би биле доколку го живеевте животот по најлошото сценарио и кога би биле антагонистите во сопствената животна приказна. ОвенВојник, лидер, склон кон игри и интриги, импулсивен, што е последица на неговиот колеричен темперамент. Луѓето ги гледа како објекти, посебно жените и оние кои се поразлични од него, и откако ќе ја заврши комуникацијата, ги турка на страна и ги заборава. Овните се добри економисти и обично добро заработуваат. Како маани можат да им се издвојат гордоста, брзоплетоста и егото, а во најлош случај можат да бидат садисти. Познати личности родени во знакот на Овен: Казанова, Марлон Брандо, Никита Хрушчов, Адолф Хитлер БикТемпераментен, дипломат, тврдоглав и мрзлив, освен ако не е добро платен за работата. Материјалист, често успешен во политиката и воените дела, но и во економијата и финансиите. Мецена за уметностите, а има талент да создаде нешто и сам. Ужива во храната, виното и доброто друштво. Како карактерни маани му се издвојуваат непопустливоста, склоноста кон алкохолот и љубомората. Познати личности родени во знакот на Бик: Сократ, Тито, Макијавели БлизнациПривлечни но ладни, интелигентни но неемотивни, самокритични но сакаат да ги критикуваат и другите. Бројот на лоши особини им е еднаков на бројот на добри особини. Контрадикторен, дуален знак кој денес вели едно, утре друго, а потоа го преанализира сѐ она што го кажал. Познати личности родени во знакот на Близнаци: Платон, Лорка, Паскал, Сартр РакВоден знак со променливо расположение кој се пронаоѓа во секоја професија, но му треба време за да се одлучи само за една. Поетска и уметничка душа, емотивен, темпераментен, не покажува слабост кога е повреден или кога нешто му смета. Ја цени самотијата, но има потреба и од социјализација. Понекогаш склон на пороци. Познати личности родени во знакот на Рак: Тесла, Рокфелер, Фрида Кало, Хенри VIII ЛавДиктатор, не ги признава своите грешки, секогаш сака да биде во право, мирен е само кога е свесен дека е послаб од луѓето во околината каде што се наоѓа. Понекогаш може да биде добар дипломат. Вешт манипулатор, способен да ја натера масата да го сака и почитува и покрај неговите мотиви и методи. Кога има моќ, тогаш навистина има моќ. Исто како и со кралот на џунглата, така и со лавовите најдобро е да се нахранат и да им се даде простор за да не ја тиранизираат околината. Познати личност родени во знакот на Лав: Наполеон Бонапарта, Мусолини, Карл Јунг, Коко Шанел ДевицаСамокритични, добри во сѐ што работат, понекогаш тврдоглави и мрзливи. Аналитичен и импулсивен знак со променлив карактер. Боемска душа, што подразбира комар, алкохол, секс и рокенрол. Познати личности родени во знакот на Девица: Толстој, Мајкл Џексон, Фердинанд Порше, Агата Кристи ВагаЕдинствениот воздушен знак кој знае искрено да ги покаже своите емоции. Склони се кон убавите и ретки работи и се добри декоратори. Со вистинските луѓе знаат да бидат добри пријатели, а со погрешните, најголеми непријатели. Како карактерни маани им се издвојуваат неодлучноста, тоа што не знаат што сакаат и што можат да очекуваат од себе, тоа што многу трошат и што понекогаш можат да бидат невротични. Познати личности родени во знакот на Вага: Алфред Нобел, Мигел де Сервантес, Франц Лист, Еленор Рузвелт СкорпијаМистериозни, понекогаш депресивни, успешни во динамичните работи. Неверојатно привлечни, многу љубоморни, импулсивни и ја обожаваат одмаздата. Склони на кршење и деструкција на себе и на сите околу нив. Како маана им се издвојува тоа што често знаат да уживаат во пороците. Ракот и Скорпијата се непобедлива комбинација, а со Бикот ја достигнуваат чистата страст. Познати личности родени во знакот на Скорпија: Леон Троцки, Пабло Пикасо, Марија Кири, Кристофер Колумбо СтрелецФилозоф, безгрижен, луд возач, често коцкар и општ хазардер. Никогаш не се откажува, ниту пак сака да признае кога ќе направи грешка. Нивниот збор мора секогаш да биде последен, но често знаат и мудро да молчат. Не ја сакаат конзервативната природа, максимално се отворени и склони кон дебатите. Веруваат повеќе во науката и фактите, отколку во некоја виша сила. Со нив е многу тешко да се соработува. Познати личности родени во знакот на Стрелец: Марк Твен, Волт Дизни, Џими Хендрикс, Френк Синатра ЈарецМатеријалисти, тврдоглави, своеволни, можат да бидат одлични математичари или програмери. Ако се согласат да направат некоја работа, ќе ја сработат до совршенство. Ги прифаќаат само цврстите докази за која било тема, посебно духовноста, и е тешко да ги разубедите. Цинизмот и ароганцијата не им се непознати, а понекогаш знаат и туѓите успеси да си ги припишат на свое име. Познати личности родени во знакот на Јарец: Исак Њутн, Ал Капоне, Мартин Лутер Кинг Џуниор, Умберто Еко, Молиер ВодолијаПаметни, понекогаш скоро генијални, сестрани со променлив карактер и плитки емоции. Генерално добри пријатели, но луѓето знаат да им замерат поради нивната искреност и отвореност. Сакаат да се шегуваат, понекогаш знаат и да навредат, но способни се да бидат и хумани. Од една страна се алтруисти, а од друга страна знаат да бидат и злобни. Познати личности родени во знакот на Водолија: Линколн, Томас Едисон, Џејмс Дин, Галилео РибиМоже да се каже дека сите знаци се обединети во знакот на Рибите. Се соочуваат со кризи на идентитетот, дивергентност која предизвикува една поделеност на сите страни, контрадикторност и најсилно изразено променливо однесување. Интелигентни, генијални, немилосрдни и неверојатно добри тактичари. Од сите знаци, астролозите велат дека Рибите имаат најголема веројатност да станат ладнокрвни убијци. Познати личности родени во знакот на Риби: Ајнштајн, Нострадамус, Мојсеј, Шопен, Микеланџело, Коперник
Изменето од Valerija - 21.Март.2016 во 21:00
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Март.2016 во 20:55 |
Илјадници години човекот барал знаци и знаење во ѕвездите. Астрологијата настанала 2000 години пред новата ера и внимателно била проучувана од древните Индијанци, Маи, Грци, Кинези и Арапи. И не само тоа, таа била користена како начин за проучување на човечките особини и мотивации, како што покажуваат истражувањата на Карл Јунг. Со помош на набљудување и анализа се открило дека постои корелација помеѓу движењето на небесните тела и животот на Земјата. Но, и покрај тоа многу луѓе имаат различни ставови за астрологијата. Додека некои се скептични и сметаат дека тоа не е наука, други се колнат во астрологијата, наведувајќи силни аргументи во нејзин прилог. Според астрологијата, задоволството и духовниот мир можат да се пронајдат врз основа на вашите особини. Во продолжение ќе ги пронајдете дванаесетте различни астролошки особини и препораки кои ќе ви помогнат да најдете внатрешен мир. ОвенВие сте страствени, динамични и самоуверени, имате бурен живот и често сте импулсивни. Како да пронајдете рамнотежа: - Одржувајте рамнотежа – во распоредот најдете време за релаксација.
- На работа обидете се да бидете продуктивни.
- Канализирајте ја вашата енергија на вежбање или трчање.
- Најдете рамнотежа и со релаксирачки активности како готвење, читање или градинарство.
БикВие сте сигурна, топла и одлучна личност, меѓутоа некогаш можете да бидете тврдоглави и посесивни. Како да пронајдете рамнотежа: - Не отфрлајте ги туѓите гледишта.
- Кога чувствувате дека сте заглавени, најдете мир во природата.
- Бидете свесни како вашите постапки влијаат на другите.
- Обидете се со медитација да ги насочите вашите мисли.
- Истражете го светот на мирисите и лечете се со ароматерапија.
БлизнациВие сте интелигентна, сестрана и темпераментна личност, но од друга страна можете да бидете и нервозни и недоследни. Како да пронајдете рамнотежа: - Не работете премногу.
- Хранете се балансирано и не прескокнувајте оброци.
- Научете да ги опуштите нервите, со растителни масла и топла бања.
- Одморете го мозокот.
- Научете ги техниките на дишење и секојдневно практикувајте ги.
РакВие сте грижлива, интуитивна и заштитничка душа, но често се борите со промена на расположението, осетливост и неможност да се опуштите. Како да пронајдете рамнотежа: - Не заборавајте да се грижите за вашите сопствени потреби, тоа не е себичност, туку е важно за вашата благосостојба.
- Практикувајте медитација, јога и таи чи.
- Живејте според вашиот ритам.
- Научете да поставувате граници.
- Отфрлете сѐ што не ви е потребно.
ЛавВие сте храбра, креативна и посветена личност, но сакате да давате заповеди и немате голема толеранција. Секогаш сакате да сте во право. Како да пронајдете рамнотежа: - Развивајте ја способноста да слушате, така што ќе им допуштите на другите да дојдат до израз.
- Секој ден одвојувајте време за себе и правете нешто што сакате.
- Избегнувајте зачинета и мрсна храна која ви ја одзема енергијата и ви ја поместува рамнотежата во организмот.
- Пијте многу вода.
ДевицаВие сте аналитична, практична и работлива личност, но некогаш знаете да претерате со перфекционизмот, а знаете да бидете и претерано критични и немирни. Како да пронајдете рамнотежа: - Откажете се од рутината и бидете спонтани.
- Опростете – и на себеси и на другите.
- Излезете од вашиот мозок и влезете во своето тело.
- Заменете ја негативноста со прифаќање.
- Направете распоред за спиење и одморете го вашиот мозок.
ВагаВие сте романтична и идеалистичка личност, но понекогаш знаете да бидете наивни, претерано попустливи и неодлучни. Како да пронајдете рамнотежа: - Направете список на задачи кои треба да ги завршите – тоа ќе ви помогне да останете организирани и да избегнете стрес.
- При носење важни одлуки, наведете ги сите причини „за“ и „против“.
- Покажете ги вашите чувства преку песна, сликање или јога.
- Допуштете си уживање, но бидете умерени.
СкорпијаВие сте страствена, интуитивна и привлечна личност, но исто така знаете да бидете љубоморни и опсесивни. Како да пронајдете рамнотежа: - Практикувајте смирувачки техники кога сте под стрес, како на пример длабоко дишење, визуелизација и слично.
- Обидете се со хидротерапија како начин за смирување на духот и телото.
- Простете им на другите за да избегнете бескрајни расправии.
- Секогаш гледајте ја поголемата слика и немојте да се губите во деталите.
СтрелецВие сте искрени и добронамерни. Имате смисла за филозофија и хумор, но исто така често сте оптимистични без причина, знаете да бидете неодговорни и немирни. Како да пронајдете рамнотежа: - Користете го спорт за насочување на енергијата.
- Научете како да најдете рамнотежа меѓу оптимизмот и реалноста.
- Преиспитајте го вашиот живот.
- Научете свесно да ги контролирате чувствата.
- Најдете радост во малите нешта.
ЈарецВие сте духовита, практична и дисциплинирана личност, но понекогаш тоа се граничи со фатализам и песимизам. Како да пронајдете рамнотежа: - Откажете се од лошите врски и опкружете се само со позитивни луѓе.
- Мислете на своите вредности и соништа секогаш кога носите одлуки.
- Како вашиот внатрешен дијалог влијае на вас? Ако е негативен, работете на вашата самодоверба.
- Опуштете го телото и умот низ практични вежби.
- Запомнете дека среќата е избор.
ВодолијаВие сте инвентивни, имате слободен дух и секогаш сте пријателски расположени, но исто така може да бидете непредвидливи и емоционално нестабилни. Како да пронајдете рамнотежа: - Бидете автентични.
- Направете распоред на вашите активности, така што ќе најдете време за себе.
- Ценете ја ранливоста и фактот дека тоа ве прави посилни.
- Бидете свесни за сегашноста.
РибиВие сте осетлива, сочувствителна и имагинативна личност, но исто така можете да бидете таинствени и несигурни. Како да пронајдете рамнотежа: - Ослободете се од сѐ што ви создава стрес.
- Немој да се сожалувате и избегнувајте ја улогата на жртва.
- Дајте му слобода на романтичниот ум, но не заборавајте да се вратите на земјата.
- Научете да наоѓате рамнотежа помеѓу левата и десната хемисфера на мозокот.
- Развијте здраво ниво на скептицизам и тоа ќе ве заштити од манипулации.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Март.2016 во 20:53 |
Исто како што секој месец е различен, така и секој хороскопски знак носи свои специфични карактеристики кои го одликуваат само него. Затоа, доброто познавање на луѓето е клучно за да дознаете како да ги расположите и да ставите насмевка на нивното лице. Во продолжение прочитајте ги најсоодветните комплименти кои можете да им ги дадете на сите хороскопски знаци кои гарантирано ќе им го разубават денот. Овен„Не постои начин на кој нема да бидете успешни во животот.“
Бик„Вие сте најдосетливата личност која сум ја запознал.“
Близнаци„Вие сте многу креативен гениј.“
Рак„Ме сакате подобро од сите други.“
Лав„Ви се восхитувам.“
Девица„Толку сте паметни, што ми е тешко да го следам вашиот интелект.“
Вага„Не знам како ќе ги решев сите мои проблеми ако не ве познавав.“
Скорпија„Никогаш не ми е доста од вас.“
Стрелец„Не постои досаден ден кога вие сте тука.“
Јарец„Вие сте најинтелигентниот и најприлагодливиот партнер кој некој може да го посака.“
Водолија„Има повеќе добро во светот затоа што вие сте се родиле.“
Риби„Вие сте многу помудри и подлабоки од другите луѓе.“
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Март.2016 во 20:51 |
Сите хороскопски знаци имаат свои посебни карактеристики кои ја одликуваат нивната природа. Некои од нив можат да бидат посмирени, додека други немаат многу трпение и не умеат да ја контролираат својата импулсивност. Во продолжение прочитајте за 3-те хороскопски знаци на кои импулсивноста и динамичноста им се главни особини. ОвенОвните се на врвот на оваа листа бидејќи нивниот владетел е Марс или богот на војната. Тие неретко знаат да изгубат контрола и за да се смират им е потребно повеќе време и напор. Најчесто размислуваат во таа насока која гарантира успех најпрвин за нив, а потоа за другите. Меѓутоа, иако се потешки за соработка и понекогаш не сакаат да ги признаат своите грешки, сепак Овните никогаш не се откажуваат и токму поради нивната силна огнена волја, моќ и блага ароганција се секогаш успешни во кое и да било поле на животот со кое одлучиле да се занимаваат. ЛавНа сите ни е позната поговорката „Не го вознемирувајте лавот додека спие“. Лавовите не се толку агресивни кога не се предизвикани. Ним не им многу грижа за тоа што се случува околу нив, но затоа не сакаат кога некој ги вознемирува без причина. Доколку некој се обиде да ги симне од нивниот трон, тогаш ќе се најде во канџи од кои нема да може лесно да избега. Лавовите генерално не ги сакаат расправиите и не се мешаат во нив, но знаат да бидат многу незгодни кога некој ги провоцира и ги става нивните ставови под знак прашалник. Тие се многу вешти, способни и самоуверени и можат лесно да се ослободат од секоја пречка која ќе им застане на патот. СтрелецСтрелците секогаш ја погодуваат целта и ако некој се обиде да ги спречи во нивниот успех, тогаш знаат да бидат многу агресивни. Стрелците имаат високо мислење за себе и често тоа е добро оправдано. Тие се темпераментни, силни, страсни и посветени, но не умеат добро да тактизираат, па затоа понекогаш не можат да се согласат на компромисите и заедничките решенија. Но, нивната цел им е секогаш јасна и видлива и ќе направат сѐ за да ја исполнат, а ако се осмелите да ги исфрлите од ритам, тогаш целата негативна енергија ќе ја насочат кон вас.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Март.2016 во 09:37 |
Секој има по некоја тајна која се обидува по секоја цена да ја задржи скриена длабоко во себе и да не ја покаже пред другите. Сепак вашиот хороскопски знак ги издава вашите стравови и вашите најголеми тајни, но не грижете се, тоа сепак ќе ви донесе повеќе корист отколку штета. Овен Овенот лесно станува зависен од луѓето кои ги сака, но никогаш нема да го признае тоа, бидејќи се плаши дека таквата зависност ќе биде погрешно сфатена. Бик
За разлика од другите знаци Бикот е тој кој е способен за голема посветеност и стабилна врска. Иако има изразена сексуална природа, тој ќе чека сè до моментот кога ќе се почувствува целосно сигурен за да го покаже тоа. Близнаци
Длабоко во срцето Близнаците чувствуваат голема несигурност во врска со љубовта и потребно им е постојано убедување дека се на вистинскиот пат. Зборувајќи постојано и премногу, луѓето често мислат дека Близнаците кажуваат сè што им паѓа на памет, но вистината е дека нивните вистински чувства се секогаш длабоко скриени. Рак
Најмногу од сè Раковите се плашат од тоа дека ќе бидат повредени, па овој страв ги прави многу ранливи. Како што подлабоко ги запознавате така тие ќе се отвораат пред вас и ќе попуштаат во својата одбрана, затоа бидете трпеливи и имајте разбирање. Лав
Целата та потреба од докажување, потреба од внимание е само маска со која Лавот ја прикрива несигурноста во себеси. Лавовите имаат една карактеристика која се нарекува „лажна самодоверба“, а најголемиот страв им е дека некој може да го открие тоа. Девица
Иако Девиците навидум изгледаат смирено, приземјено и резервирано во нив често се случува вистинска ерупција од мисли и чувства. Иако ништо од тоа нема да видите на површина во себе, најголемиот проблем со кој се спротивставуваат е нивниот сопствен критицизам.
Вага Најголемата тајна на Вагата е што таа може да тргне во очајна потрга по љубов доколку се почувствува многу осамено и очајно. Ваквиот очај може да ја доведе до промискуитет и безуспешна потрага по љубов. Сепак доброто е што со текот на годините ова се намалува и зрелите Ваги речиси и да го немаат овој проблем. Скорпија
Скорпиите имаат многу тајни и уживаат во тоа. Не се изненадувајте ако ви е потребно многу време за да ги дознаете дури и најосновните работи за нив. Нивната најголема тајна е дека знаејќи многу за нив ќе бидете чекор пред нив и во еден момент ќе го искористите тоа. Стрелец
Стрелците се отворени личности па оттука потекнува и нивната најголема тајна – стравот од врзување. Иако на моменти им се допаѓа идејата за долгорочна врска штом почнат да стануваат дел од такво нешто чувствуваат паничен страв и често знаат да избегаат. Јарец
Јарците имаат скриена желба да бидат најдобри во сè што прават. Заради тоа ретко покажуваат знаци на слабост, а нивната најдлабока тајна е стравот од неуспех. Само наведете некој од нивните неуспеси и веднаш ќе се обесхрабрат и ќе заборават на сите успеси кои ќе постигнале. Водолија
Водолиите се секогаш опкружени со луѓе но сепак, на моменти се чувствуваат многу осамено. Нивната најголема тајна потекнува од чувството на оддалеченост и неповрзаност со луѓето околу нив. Гледајќи дека понекогаш другите имаат чувства кои тие не ги почувствувале ги прави да се чувствуваат осамени и изолирани. Риби
Огромната срамежливост е веројатно нивната најголема тајна, ова особено важи за машките припадници на овој знак. Рибите се најранливиот знак во зодијакот па затоа бидете многу внимателни како разговарате со нив бидејќи само еден погрешен збор може да ги доведе до депресија.
Изменето од Valerija - 19.Март.2016 во 09:37
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Март.2016 во 16:33 |
Некои страста ја разбираат само како физичка привлечност кон други лица, додека други страста ја пронаоѓаат во работата и секојдневието. Се прашувате кои се најстраствените знаци во Зодијакот? Овие 3 знаци вложуваат огромна страст во сè што прават: Овен Овенот е страстен секогаш и постојано. Такви се и на работа, и во кревет. Сакаат да освојуваат, но вниманието може да им го задржат само интересни луѓе, додека на другите нема да посветат ни минута. Забавни се, но и сами бараат забава, бидејќи не поднесуваат досада. Работите во животот ги прифаќаат со многу страст, поради што често се многу агресивни и подготвени за кавга. Сакаат провокации, бидејќи знаат дека тоа води кон страстен завршеток. Тие никогаш не се рамнодушни - или се караат или страсно сакаат некого. Лав
Лавот, како што кажува и самото име, е вистински ѕвер – и во борба и кавга и во кревет. Едно е сигурно, ако ги заинтригирате, ќе завршите во кревет со кралот. Хедонистичкиот начин на живот не подразбира кавги, па затоа ретко ќе ги вовлечете во такво нешто. Но, кога ќе влезат во такво нешто, кршат сè околу себе токму заради нивната страст. Освојувањето на срцето на Лавот е многу тешко, но ако успеете во тоа очекувајте страст и голема љубов. Покажуваат голема страст, но ја очекуваат истата и од партнерот. Страста не изостанува ни при работењето, бидејќи сакаат да бидат на тронот и да ги победуваат другите. Лавовите се страствени во сè што прават, бидејќи сакаат да бидат најдобри и на сè гледаат како на натпревар и борба за превласт. Скорпија
За Скорпијата се вели дека е најстраствениот хороскопски знак. Иако сакаат да доминираат и покажуваат страст во креветот, тие се и многу емотивен знак. До нив е многу тешко да се допре и многу е тешко да ја пробудите нивната страст, а оној кој ќе успее во тоа може да се надева на возбудлива ноќ која долго ќе ја памети.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 17.Март.2016 во 15:54 |
ОВА СЕ ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ КОИ ЌЕ ОСТАНАТ СИНГЛ ЗАСЕКОГАШ!Тоа не значи дека овие три хороскопски знаци се предодредени да биде самци, туку само ќе мора да обрнат внимание на некои црти од својот карактер поради кои среќната врска им „бега“ многу полесно отколку на другите. Близнаци За Близнаците карактеристична е љубопитната, речиси детската природа. Токму таа преголема љубопитност ги тера во истражување на светот и запознавање на најразлични луѓе. Во тоа им помага нивната комуникативност и тоа што кон луѓето секогаш се пријателски настроени. Ретко кога имаат каков било вид на предрасуди па токму таа особина често ги вовлекува во емотивни невољи. Накратко, ова е најневерниот знак во Зодијакот. За Близнаците е карактеристично за партнер неретко да одберат недостапна личност – или некоја која е сосема незаинтересирана за нив, или некоја која е веќе во врска или во брак. Ако првиот случај е во прашање, во состојба се неутешно да страдаат, но не се откажуваат, бидејќи се убедени дека другата страна сепак ќе се промени. Голем проблем на Близнаците е тоа што главата често им е во облаците па не ја гледаат реално состојбата на работите. Оваа нивна маана доаѓа до израз и кога ќе се вљубат и отпочнат врска со зафатена личност. Сметаат дека е доволно да се биде внимателен и стрплив, па се ќе се преиначи во нивна корист. Бидејќи тоа најчесто не се случува, ќе изгубат многу време во исчекувањето на она што го посакуваат и на крајот ќе бидат сосема скршени. Најлошо од се е што тие навистина сакаат брак и деца, но во повеќето случаи не одбираат адекватна личност за реализација. Имајќи предвид дека се многу друштвени и се движат насекаде, запознаваат многу луѓе, а некои од нив им изгледаат интересни, но за нив се само краткротрајна врска. Дури и ако со некого отпочнат семеен живот, среќата е со краток век. Близнаците најмногу ги интригираат новитети и предизвици, но наместо да ги бараат секогаш и наново во некој друг, можеби би требало да бараат начин како да ја зачинат својата врска. Лав Вистински претставник на огнен знак – енергичен, забавен и динамичен, така што освојува каде што ќе се појави. Исклучително се зборлести па го привлекуваат вниманието на спротивниот пол, што им овозможува остварување на најголемите желби – да бидат обожавани и во центарот на вниманието. Врските во кои влегуваат често се исклучиво од сексуална природна, иако другата страна неретко очекува нешто повеќе од тоа. Лавовите се вистински срцекршачи и не водат многу сметка дали некого ќе повредат, дури и кога станува збор за личност со која имаат деца. Меѓутоа, како по правило, и за него секогаш ќе се најде некој кој е фатален. Тогаш е во состојба на таа личност да и го понуди целиот свет, да и приреди најлуди изненадувања и да ја искаже својата љубов на многу необични начини. Колку и да е таа врска интензивна и полна со страст, Лавот на крајот најчесто останува сосема уништен, бидејќи другата страна не може да ја поднесе импулсивноста, брзите одлуки и претераниот авантуризам на еден Лав. Всушност, голем проблем на Лавот е тоа што сака личноста која ја сака секогаш да биде тука за него, а за себе смета дека сепак најдобро функционира кога ништо не го попречува. Без оглед на врската и врскичките по таа фатална љубов, тој најчесто староста ја поминува осамен, размислувајќи за тоа како животот би му бил сосема поинаков доколку останале заедно. Водолија Водолиите се исклучително интелигентни и елоквентни, што во комбинација со нивниот шарм ги прави неодоливи. Меѓутоа, тоа во нивниот случај најчестоо не е предуслов за среќа и емотивна исполнетост. Знаат добро да ги советуваат другите за љубовни проблеми, но кога станува збор за нив, тие самите паѓаат во бездна. Секогаш го слушаат срцето и често се впуштаат во врски со оние кои не се добри за квалитетен емотивен однос. Иако на Водолијата тоа од почетокот и е јасно, хазардерската природа ги тера да останат во таа врска, бидејќи ги интересира што ќе биде на крајот. Воопшто не знаат да тактизираат, а на партнерот му се предаваат не 100 туку 200 отсто. Дури и кога ќе влезат во некоја макар приближно нормална врска, на нејзиниот партнер најчесто му пречи тоа што Водолијата не ја интересираат нормите и што на светот гледа со поинакви очи од повеќето луѓе. Кога ќе почувствува дека другата страна се обидува да ја зароби, извесно време можеби ќе се обидува да се адаптира, но најчесто бега како од ѓавол. Тоа ќе го направи дури и ако е во прашање семејство, бидејќи на Водолијата и е помалку важен привидот на идилично семејство од сопствената слобода. Водолијата не сака да игра по ничии правила, туку да живее според сопствените. Во повеќето случаи, за тоа плаќа со самотијата.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
outlook123
Сениор
Maya
Регистриран: 16.Октомври.2014
Статус: Офлајн
Поени: 1633
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Март.2016 во 22:21 |
abe ova prirodata da ne si poigrala so mene..
|
едно е - не се две
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Март.2016 во 08:00 |
Како што секој хороскопски знак има физички карактеристики по кои се одвојува од останатите, женските хороскопски знаци може да ги препознаете и по деколтето. За некои знаци карактеристично е бујното деколте, додека други сакаат да создадат илузија со полни градници. Трети пак, уживаат во малите гради. Овен Интересно е што најголемиот дел од манекенките се родени во овој знак, што значи дека нивните гради се едвај видливи. Сепак, жените родени во знакот на Овен не трошат многу пари на скапи градници, туку уживаат во слободата на малите гради. Бик
Прекрасното деколте е заштитен знак за Биковите, барем додека не ја преминат 30-та година. Потоа гравитацијата си го прави своето. Можеби затоа се најсклони кон пластични операции и спротивставување на природата. Близнаци
Жените Близнаци се ситни, но заоблени и многу креативни кога треба да ги истакнат градите. Верувајте дека после провокативната маичка со врвки нема да ве интересира точно колкави се. Рак
Овие жени се витки и симпатични, но по правило имаат мали гради. Сепак, најдобро е да не им го кажете тоа. Наместо да коментирате, уживајте во нивните останати атрибути, како на пример задникот кој е нивен заштитен знак. Лав
Природата за Лавиците е прилично дарежлива. Тие ги имаат најголемите гради помеѓу женските хороскопски знаци и главно тоа е тоа по што спротивниот пол ги памети. Не се плашат да покажат со што располагаат. Девица
Девиците не се горди на своето деколте, па често го кријат, иако не изгледа баш мало. Тие се перфекционисти кои не се задоволни од симетричноста на своите гради, па затоа секој комплимент им е добредојден.
Вага Имаат доволно за сите и главно затоа никој не ги гледа во очи. Можеби не сакаат толку многу да го разголуваат деколтето колку што сакаат да шетаат без градник. Скорпија
Знае со што располага и сака да ги разголи квалитетите. Има пристојна големина на гради, но никогаш не се симетрични. Сепак, ако Скорпијата реши да не носи градник, бидете подготвени дека вниманието ќе ви биде на минимум. Стрелец
Жените стрелци имаат мали гради, но обожаваат да ги покажуваат. Дури и ако носат А корпи, тоа ќе биде полн градник и деколте до папокот. Кога е потопло, може и намерно да го заборават градникот. Јарец
Жените во овој знак ги имаат најчувствителните гради и само со нивна стимулација може да доживеат оргазам. Што се однесува до изгледот, може да се пофалат со симетрични гради на кои добро им прилега секој градник и блуза. Водолија
Градите на Водолиите обично се совршени за мажите кои се привлечени од големината. После Лавовите, овие жени се вистински среќнички кога сакаат да се разголат. Единствен недостаток е што не може да не носат градник, затоа што гравитацијата и големината не одат заедно. Риби
Еден збор - совршенство. Не носат често деколте, така што ќе ви треба време да откриете каков облик и големина имаат. Сразмерното деколте со прекрасно негувана кожа е квалитетот со кој Рибите може да се пофалат.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Март.2016 во 14:21 |
КАКВА ДАМА САКА НЕГОВИОТ ХОРОСКОПСКИ ЗНАКЗа да знаете како да го освоите неговото срце, прво треба да знаете што тој посакува од својата партнерка. ОВЕН Овенот сака акција. Бидете секогаш чекор пред него со идеите и поведете го вие во незаборавен ноќен провод. БИК На Бикот пријателите му се многу важни, но тешко ги наоѓа во својата средина. Затоа, ако сакате да го импресионирате направете забава и повикајте ги најинтересните луѓе кои сте ги запознале. БЛИЗНАЦИ Тој е вљубен во технологијата но и во иновациите. Покажете му што се можете да направите со женската штикла, верувајте тој ќе биде импресиониран. РАК На ракот хронично му недостасува разбирање. Интимна вечер со пријатна музика и топол поглед е доволно за да бидете единствената личност која ќе ги дознае сите негови тешки моменти од животот. ЛАВ Лавот е храбар, но му недостасува партнер кој ќе го следи во неговата храброст. Затоа направете нешто што ќе го импресионира и секако не заборавајте да го претставите пред вашите пријатели. ДЕВИЦА Иако тој живее од денес до утре, дамата која ќе ја организира својата недела однапред му е многу привлечна. Дајте му до знаење дека сте многу букирана и тој ќе се бори да освои место во вашиот распоред. ВАГА Бидете му поддршка и дивите му се искрено. Тој со вас ќе се чувствува како крал на универзумот и ќе биде неизмерно задоволен. ШКОРПИЈА Тој ја сака моќта и интелигентните дами. Тоа за вас треба да биде вистински предизвик и да се послужите со манипулативни техники. Како? Па кога ќе чека внимание вие бидете незаинтересирана, а кога ќе помисли дека тоа е тоа и дека не ве интересира изненадете го со жежок бакнеж. СТРЕЛЕЦ Тој е авантурист и секоја акција надвор од градот е полн погодок. Само погрижете се на таа мала авантура да отидете сами за да ја задржите интимноста. ЈАРЕЦ Јарецот се интересира за макровселената, еволуцијата, револуцијата, вечниот живот, теориите на заговор. Затоа постојано вадете факти кои ќе ја задоволат неговата потреба и така ќе сака постојано да ве гледа. ВОДОЛИЈА Здодевни му се луѓето кои во се се сложуваат со него. Затоа започнете тема во која ќе заземете целосно спротивен став и добро ќе се спречкате, за потоа да можете да ги смирите страстите во прегратка. РИБИ Него го интересираат тајни бидејќи е опседнат со вистината и се сето она што е во човековата фантазија. Поминете вечер во раскажување на вашите фантазии, но и вистински сцени од вашиот живот на кои ќе ви завидува, а во исто време ќе станете негова опсесија.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Март.2016 во 14:20 |
КОИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ГО ПРОСТУВААТ НЕВЕРСТВОТОНекогаш љубовта не оди многу мазно и се појавуваат некои ситни проблеми но и изневерување од страна на едниот партнер. Некои успеваат да поминат преку тоа, додека за други тоа значи крај на врската. Во продолжени прочитајте кои хороскопски знаци имаат големо срце и пред се најголемо разбирање во овие критични ситуации. БЛИЗНАЦИ Близнаците се познати по својата променливост. Тие на партнерот кој ги изневерил ќе му кажат дека му простуваат, но тој цело време ќе се прашува дали тоа е вистина. Но најверојатно Близнаците со тек на време ќе го простат тоа предавство бидејќи тие тешко се одвојуваат од саканата личност. РАК Раковите се емотивни личности кои брзо се врзуваат. Поради својата добрина ќе ја простат индискрецијата на својот сакан ако тој искрено се покае и покаже дека му е жал за тоа што се случило. Но она од што партнерот нема да се “спаси“ се долги разговори со многу објаснување зошто го сторил тоа. ВАГА Вагите го сакаат својот мир и ќе направат се за ситуацијата околу нив да е таква. Од таа причина лесно ја простуваат изневерата на партнерот. Но, за Вагата да помине преку тоа потребно и е да сфати зошто партнерот го направил тоа. Дури потоа ќе продолжи да живее по својот тек. ВОДОЛИЈА Водолијата и Вагата спаѓаат во воздушни знаци кои сакаат мир. Па затоа Водолијата е полна со разбирање и знае дека луѓето грешат, а простувањето и е нормална постапка која смета дека секој треба да ја направи. Водолијата ќе “го преџвака“ изневерувањето дури тогаш кога ќе добие објаснување кое ќе ја задоволи. РИБИ Рибите се емотивци на кои љубовта им е се. Ако не простат чувствуваат константен притисок, па тоа е една од причините поради која ќе му го простат овој чин на партнерот. Иако нема да им биде лесно сепак за нив простувањето е единствено добро решение.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Март.2016 во 08:28 |
Откријте кои денови се добри за остварување на плановите, а кои денови се поволни за љубов и пријателства? Дека секој ден не е ист, веруваат азиските народи, па затоа се трудат да прават сè во свое време. Така настанал овој кигаку хороскоп кој може да ви предвиди кој ден за што е поволен, во текот на еден месец. Конкретно, календарот со среќни и несреќни денови за март изгледа вака: Таиан - Среќен ден Одличен за почеток на нови работи, отворање бизнис, градење дом, преселување или пат. Односно, за секаков почеток. Шјаку - Среќно пладне
Овој ден имате среќа само помеѓу 12 и 14 часот на пладне. Утрото и попладнето не се добри за новитети и промени. Томобики - Јави се на пријателите
Ова е ден за дружење со блиските, но и ден кога со активностите кои вие ги правите позитивно влијаете на околината. Сакимаке - Среќно попладне
Ова е ден кога имате среќа само попладне. Наутро се препорачува да намалите со активностите. Буцумецу - Лош ден
Овој дене е добар за нови почетоци, селење или пат. Одложете се што може и бидете пасивни. Сакигаци - Среќно утро
Претпладнето ви е посреќен дел од денот, па затоа сите обврски завршете ги рано наутро. Попладнето и вечерта мирувајте.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|