![]() |
|
РАКОМЕТ - новости |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 910111213 18> |
Автор | |||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Се подготвува нов пекол за Исланд
![]() Стар и добро познат противник и веројатно Македонија и Исланд се двете репрезентации кои најчесто се среќавале во квалификации и баражи во последните 10 години. Само еднаш, и тоа пред нешто помалку од една година, Македонија успеа да добие бараж меч со Исланд. Доволно за да одиме на мундијал, да се вратиме на големата сцена и да сфатиме дека нам местото отсекогаш и ни било меѓу европската и светската елита. Тоа што досега не немаше е последица на "се и сешто" што се случуваше минатите 10-тина години во сениорскиот состав на Македонија. Дали со пласманот на СП Хрватска, конечно, тоа го оставивме зад нас, ќе дознаеме во јуни. Под услов денеска уште еднаш да го победиме Исланд. Во Македонија Исланд го имаме победено двапати, еднаш загубивме и еднаш двата натпревари ги игравме како гости. Како гости, никогаш ги немаме победено. Македонија настапува ослабена во однос на мечот кој се играше во јуни. Ванчо Димовски, Раде Стојановиќ и Наум Мојсоски нема да бидат во составот од тој натпревар. Исланд исто така нема да биде комплетен. Најголемото олеснување, Олафур Стефансон нема да игра. Нема да игра ниту џиновскиот пикер Сигур Сигурдсон (се простија од играње во репрезентацијата), "специјалистот" за одбрана Вигир Сваврсон е суспендиран поради црвениот картон од мечот со Норвешка, десното Александар Петерсон е повреден, од утрово и информацијата дека Еинар Холмгеирсон, десниот бек на германскиот Гумерзбах, нема да настапи денеска, со што десната страна на Исланд ќе биде далеку послаба. Македонија би требало да биде во предност на овој натпревар, без оглед што игра против актуелниот олимписки вицепрвак. Исланд не замина на "годишен" одмор по олимписките игри и учествуваше на неколку турнири каде ја воигруваше новата репрезентација, а ремито кое го одиграа во Норвешка говори за каква репрезентација станува збор, без оглед што во тимот ја нема првата ѕвезда, Олафур Стефансон. Предноста која Исланд ја има во однос на Македонија на овој меч е во моментната форма на играчите. Нивните клучни играчи се дел од Бундес-лигата каде веќе цел месец се игра среда-сабота и тие би требало да се во топ форма. За разлика од нив, кај нас бековската линија со исклучок на Кирил Лазаров буквално има одиграно само два меча, двата дуели на Металург со Париз. Другото се тренинзи, а дуелот кој требаше да биде генерална проба, пресметката меѓу Вардар и Металург, РФМ ја одложи. Така, Исланѓаните поразиграни влегуваат во овој натпревар, но веројатно пола од нивната нова екипа се уште не знае каков амбиент ги чека вечерва во "Борис Трајковски". За македонската репрезентација исклучително важно ќе биде да игра не пред полни, туку пред преполни трибини. Вчера и завчера многумина имаа мака да најдат, да купат влезен билет за вечерашниот натпревар, што говори дека салата сосема сигурно ќе биде премала за да ги прими сите кои ќе сакаат во живо да ја гледаат машката сениорска репрезентација. Вчера беше организирана и прес-конференција на која беа селекторот, тренерот, Ристовски и Алушевски. Кирил Лазаров, од кого се очекуваше да се појави пред јавноста го немаше, поради како што објави селекторот настинка. Тој тренирал на вечерниот, но го пропуштил утринскио тренинг. Имаше уште една промена во составите кои ги водеа прес-конференциите. Генералниот секретар Марјан Начевски ја водеше прес-конференцијата, но никаде во салата го немаше директорот на репрезентацијата, Ристо Чокрев, што не беше досега случај. Доволно е да се знае дека тие двајца се "спротивставените" страни од таборите на новоизбраниот претседаел Михајловски и противкандидатот Јорданов. Ситуација доволна да отвори прашања, на кои одговор ќе бараме по завршувањето на натпреварот со Исланд. > Изменето од fiks - 18.Март.2009 во 10:17 |
|||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||
![]() |
|||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
ПРВИОТ ПОРАЗ НА КОМЕТАЛ ИЛИ ОСТАВАРУВАЊЕТО НА НАЈДАЛЕЧНАТА ЖЕЛБА НА МНОГУ КЛУБОВИ СЕ СЛАВИ "КАКО ШТО Е РЕД
До вчера беше научна фантастика... некој македонски клуб да го победи Кометал Ѓ. П. во домашното првенство. На самата помисла на нешто такво ќе ве исмееја и направеа будали сите кои макар малку разбираат ракомет. "Се врти тркалото" е старата и уважена мудрост, а во нејзината точност се уверија... поточно се уште не можат да поверува македонската спортска јавност. Неприкосновениор Комета;л, непобедливиот шампион ја заокружи, не најнеуспешната, туку најтрагичната сезона во клупската историја. Не само што не направи ништо "вредно помена" во Европа, туку успеја да ја сруши традицијата која траеше откако траше македонското ракометно првенство. Кометал Ѓ. П. или ако сакате повеќе Ѓ. Петров загуби првенствен натпревар во македонската "Супер" лига. Лигата е далеку од "супер", а клубовите далеку од некое забележително европско ниво, но Ѓ. Петров ниту во оваа конк*ренција не можеше да ја задржи улогата на непобедлив. Жално, јадно, трагично за екипата која пред седум години беше европски шампион, тим кој во последните 9 години има 3 европски ЛШ финалиња, екипа која успеја да собере преку 100.000 луѓе на улиците на Скопје да ја прославуваат нивната и наша европска шампионска титула. Сега, односно во саботата се славеше во Кичево. Налик на Скопје од 2002. Зурли и тапани низ улиците, автомоболи кои возат полека и трубат, буквално сите ресторани и кафулиња во славеничка атмосфера, локалните радија и ТВ бомбардирани со позадрави и честитки за големата победа на Кале Кичево над Кометал Ѓ. П. Навистина тоа веќе не е Кометал, туку само Ѓ. Петров, но... наследник е на сите негови титули, но без разлика како се вика спонзорот, оваа екипа во ракометна Македонија има само едно име "Кометал Ѓорче Петров". А Кометал во саботата го допре дното. Додуша, само за прв пат. Како оди, веќе нема да биде ни чудо да се опишуваат поразите на овој клуб, нешто за што веќе рековме, без трошка грижа ќе бевме прогласени за "лудаци" ако го прогнозиравме. Но го прогнозираа и посакуваа, не малку, многу клубови. "Се случи тоа што го очекуваа и посакуваа многумина. Во ситуацијата во која сме, без толку многу играчи, со судии кои не заслужуваат да судат вакви натпревари, Ѓ. Петров загуби натпревар", изјави тренерот на скопскиот тим Владимир Глигоров. Тој останува на кормилото на скопскиот клуб. Во ситуацијата во која се најде, се чини се ни можеше да направи повеќе. Се покажаа сите напревилности, сето аматерско работење, не само на управата. Во прв ред ги ставам играчите. Професионалноста не се брои на трансакциска сметка, како што тие очигледно ја бројат, па тренинзите станаа "зезање", а, ако не си спремен, повредите се не само очекуван туку единствен реален епилог. Крајниот е оној што Ѓ. Петров го имаше во Кичево. Веројатно ќе го има во уште некоја варијанта. Ќе се слави во уште некој град. На Кометал му останува да се привикне на улогата "лузер", а на спротивната страна, во Кичево се славеше на сите страни, со огномети, зурли, тапани и солзи радосници. "Не знаете колку пати сме ги гризеле усните и ние и верувам сите други од немоќ и фурстрации кога сме играле со Кометал и сме губеле со десетина и повеќе голови разлика. Сме се молеле на бога да се најдеме еден на еден со нив, но без странци. Наши играчи со нивни играчи. Еден на еден. Еве се случи и тоа и тоа е најубавиот меч за нашиот тим. Не се ситиме што Кометал сега е слаб, навистина ни е жал што е таква ситуацијата кај нив и им посакуваме што побрзо да излезат од кризата. Но, знаете, кога во една лига еден е доминантен 17 годни дека за другите не е лесно воопшто. Не е лесно да докажеме никому дека работиме како што треба затоа што, ' ќе дојде Кометал и ќе те победи со 100 разлика'. Е па, сега дојде и ние го победивме. И ние, Кале Кичево и ќе останеме запишани во историјата дека први сме го направиле тоа. И сега ќе одиме на тоа да ги победиме и во Купот и да ставиме крај на нивната доминација", вели претседателот на кичевскиот тим, Љупчо Петковски Шеќерко. "Ова мора, едноставно, мора, да биде потстрек на сите кичевски фирми и локалната самоуправа да почнат да не сфаќаат сериозно и да почнат да не помагаат. Ние развиваме пионерски, младински итн. школи, анагжираме играчи се чудиме од месец во месец како ќе излеземе на крај, но никој не не сфаќаше сериозно затоа што имаше еден "голем" тим - Кометал. Ете го... ние сме првите кои го победиле, срушивме мит за нивната надмоќ и сега очекувам конечно да почнат да не сфаќаат такви какви што сме", вели Шеќерко. Колку што е познат, Кале, во ракометниот свет во Македонија далеку попознат е нивниот директот Масаро. Во ракометот е едвај 4-5 години, но нема кој не го знае, најмногу поради забавнбиот карактер. "Си фантазиравме на почетокот на сезоната, на пример, ако ги имавме бившите ни играчи, Карбеска, Лашкоска, Андрејева, Ацковска дека оваа година би можеле да го победи Кометал. Го победивме и ако пројде еден ден мене не ми се верува. Ваква еурофрија не сум доживеал и ова вреди за се што сме вложиле и нервози и пари и се досега. Чувството не неописиво. Станавме првите кои по повеќе од 15 години го совладале Кометал. Невозможно, не ми се верува. Ова е датум кој секоја година ќе го славиме со роденденска торта и кога секогаш ќе се споменуваат имињата на екипата и раководството кои први го победија Кометал Ѓ. П. Секогаш ќе се споменува Масаро, Шеќерко, Сани, Ивана, Симона, Благица, Јелена итн. Ќе се прераскажува секој гол секој пенал, исклучување, неповторливо... ", изјавува Масаро без да ја крие возбудата. Останува сега на Кале Кичево да продолжи таму кај што застана. Ѓ. Петров им ја разубаве годината, но има уште многу да се игра, иако верувам, што и да се случи на крајот, кичевскиот тим ќе има гоолема насмевка на лицето. Р. Ѓ. Спремни за компјутеризација "Слушнавме што вети претседателот на РФМ Михајловски. За мене како сопственик на кабелска телевизија тоа не само што не е проблем, туку е и полесно. Ние сме спремни за компјутеризација. Имаме опрема, луѓе, останува РФМ да ни донесе софтвер. Ние и сега имаме некакви пробни програми, но официјалниот како што го има ЕХФ го чекаме од РФМ. Доста ни е од машини за куцање и едвај чекам да ја фрлам во ѓубре. Досега не можевме да правиме компјутерски записници затоа што РФМ не ни дозволуваше. Се плашам само дали се другите спремни за такво нешто, еве Кометал на пример итн...", коментираше Петковски Шеќерко за најавата на Михајловски за компјутеризација на РФМ. Прием кај градоначалникот Ракометарките на Кале Кичево по повод победата над Кометал ќе бидат гости на коктел кој за нивна чест ќе ја организира Владо Толески, градоначалникот на Кичево. Кичевките очигледно привлекоа внимание, сега треба да привлечат и спонзори, а локалната власт е посебно во помалите места, вистинското место каде што треба да се почне. |
|||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||
![]() |
|||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Од денеска, во комплетен состав
Конечно, се е завршено и сето внимание може да биде насочено кон настанот кој за македонските љубители на ракометот е на прво место. Дуелот меѓу Македонија и Исланд од квалификациите за пласман на ЕП 2010 кое ќе се одржи во Австрија. Македонските репрезентативци вчера имаа слободен ден, по двата дена тренинзи на кои учествуваа само играчите од домашното првенство. Денеска би требало во комплетен состав да се појават на тренинг со оглед на тоа дека беше најавено петте интернационалци да бидат на тренинг денеска. Тренинзите на репрезентацијата од "Автокоманда" се селат во "Борис Трајковски", каде в среда во 20:15 часот ќе почне долго очекуваниот натпревар, прв за Македонија во оваа календарска година на свој паркет и воопшто прв меч по настапот на репрезентацијата на мундијалот. Затоа и владее огромна заинтересираност за следење во живо на овој натпревар, меч за кој влезен билет ќе чини 200 денари, а билети, барем како што најави РФМ пред два дена, во продажба ќе има од денеска. "Продолжуваме комплетни, сите интернационалци се дојдени и очекувам веќе со првиот тренинг атмосферата да биде на многу повисоко ниво и да почне да не фаќа еуфоријата од играњето на домашен терен, важен натпревар пред полна сала. Се обидувавме да останеме изолирани од сите овие настани, дали ќе има сето ова што се случуваше некакво влијание врз тимот, ќе видиме. Хендикеп е што нема да игра Наум Мојсоски, но што не може, ќе мораме без него. Мите Стоилов ќе ја покрие таа позиција заедно со Миркуловски и така ќе ја одработиме средбата", изјави Илија Темелковски, додавајќи дека нема да има промени иако ја разгледувал варијантата евентуално да биде повикан во тимот еден од централните бекови кои играат во странство (Марјан Колев, Горан Кузманоски или Бранко Ангеловски). |
|||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||||
![]() |
|||||
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Раде ме удри, затоа го вратив назад!
![]() Сега доаѓа еден малку поинаков период. Сега е ред да се направат анализи, да се види што е сработено, а што не е. СП е еден успешно завршен циклус, новите предизвици веќе се на врата и треба веднаш да се продолжи таму каде што се застана. А продолжуваме со информации кои сигурно нема да ја израдуваат, ниту, пак, да ја остават рамнодушна македонската ракометна јавност. Селекторот Илија Темелковски денеска ќе поднесе извештај до Дисциплинската комисија на РФМ, ќе бара постапка против играчот Радослав Стојановиќ. Со ова би требало да бидат отстранети сите дилеми и да биде даден одговор на прашањето на голем број на навивачи, зошто на ова првенство не играше Раде Стојановиќ. "По мечот со Германија, во ходникот ме пресретна Стојановиќ. Со мене беше и тренерот Шундовски. Пруживме рака да се поздравиме, во стилот 'загубивме, тоа е тоа'. Но, тогаш, со другата рака ме удри и продолжи како ништо да не било. Реагирав јас, реагираше и Шундовски, но Стојановиќ си продолжи", вели селекторот Темелковски. "Веднаш го информирав раководството на репрезентацијата за настанот и донесовме став ова да го решаваме по мундијалот. Ова беше тајната која ја чуваше во соблекувалната македонската репрезентација. Во интерес на атмосферата во тимот, атмосферата меѓу другите играчи, во интерес на реномето на македонската репрезентација на мундијалот во целост. Информацијата, сепак, си најде начин како да излезе од соблекувалната, но беше од редот на шпекулации. Се до вчера, кога Темелковски излезе во јавност со деталите. "Сега немам што и зошто да кријам. Реков, штом заврши ова ќе излезам во јавност, а денеска доставувам и пријава до Дисциплинската комисија на РФМ", вели Темелковски. Што претходеше на сето ова? Стојановиќ, кој беше стартер и во квалификациите и на баражот, не беше во составот на првите четири натпревари. Темелковски вели од тактички причини. "Не бев убеден дека Стојановиќ е подготвен, тој не ги одработи подготовките максимално поради повредата на коленото. Тоа е едно, друго лично сметам дека повеќе можи да пружи на зона 6:0 отколку на длабока. Заради тие две причини не беше на дуелите со Тунис и Алжир. Откако го совладавме Алжир, решив да не го менувам тимот и за со Полска. Одигравме одлично и со Полска, па истиот состав остана и со Германија. Загубивме, но без разлика, како и да завршеше мечот со Германија, Стојановиќ сигурно ќе беше во тимот за натпреварот со Русија. Но, инцидентот се случи по мечот со Германија и по тоа веќе немаше смисла да го оставам во тимот и затоа беше вратен назад, а на негово место повикан Стојан Стоилов", вели Темелковски. Во јавноста на големо се шпекулира(ше) дека Стојановиќ не бил во составот за сметка на некој друг, конкретно - Филип Лазаров. Наводно бил вршен притисок за тој да мора да игра, а од приказната не е изоставен ниту Кирил Лазаров. "Тоа се глупости. Стојам зад изјавата дека никој не ми се мешал во составувањето на составот. Имав целосна слобода во работата, нормално се консултирав со тренерскиот тим, но притисоци за тоа кој да игра, а кој не, немало од никого", вели Темелковски. "Можам да претпоставам зошто шпекулациите одат во тој правец. Нашата лева страна не беше како десната. И не може, затоа што десно го имаме Кире Лазаров. Луѓето веројатно очекуваат и од другата страна таква ефикасност, но тоа не е изводливо во нашиот тим. Филип тука е постојано на удар. Јас од левите бекови и барав да разиграат за десната страна и центрите. Имаше некои избрзани шутови од таа страна, грешки, но тоа е дел од играта", вели Темелковски. Темелковски пријавата до дисциплинската ќе ја достави денеска, процедурата пред носење одлука предвидува да се достават изјави, што значи дека во најдобар (најбрз) случај епилог на ова ќе има следната недела. ![]() Секоја приказна има најмалку две страни, а репрезентативниот бек ги демантира изјавите на селекторот. "Дека не го удрив - не го удрив. Ако го удрев сето тоа поинаку ќе изгледаше", вели Раде Стојановиќ. "Се поздравивме, не беше 'најпријателски', беше малку неспортско од моја страна, но не го удрив! Зошто Темелковски дава вакви коментари и изјави не знам. Веројатно сака вака да ги прикрие недостатоците и заткулисните игри. Македонија направи убав успех, но јас сум убеден дека можевме многу повеќе доколку се беше како што треба. Сега во ситуацијата јас излегувам жртва на тие игри. Зошто? Не знам. Можеби не сум финансиски доволно подготвен за да играм во поставата на Темелковски", вели Стојановиќ. "Не е точно дека не сум бил физички подготвен за игра. На Златибор одработев максимално и сметам дека бев меѓу физички најподготвените играчи во репрезентацијата. Го пропуштив само турнирот во Швајцарија, поради коленото, но сето тоа беше под контрола на докторите. Значи, повредата не е причина поради која не играв, причините се други. А нив ги знае селекторот. Тоа е се што имам да кажам и немам намера да се впуштам во медиумски докажувања со него", вели Стојановиќ. Се ближат нови квалификации, важни натпревари со Исланд, Норвешка. Стојановиќ може ќе биде, можеби не на тие списоци. "Јас не играм за Темелковски или за овој-оној. Играм за Македонија. Професионалец сум, значи, ако ме повикаат да играм за Македонија ќе играм", вели Стојановиќ. |
|||||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|||||
![]() |
|||||
Tanjuska ![]() Сениор ![]() Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 120 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Македонија 11-та, Лазаров рекордер со 92 гола
Македонските ракометари собраа сили на најубав можен начин да го завршат својот историски настап на 21. Светско првенство во Хрватска. Го освоија 11 место со победата над азискиот шампион Јужна Кореја од 32:31, а капитенот Кирил Лазаров со постигнатите 15 гола стана најдобар стрелец на сите мундијали со вкупно 92 погодока. Да биде уште послатко историското остварување на најдобриот десен бек на првенството според многумина, досегашниот рекорд го имаше Кореец, Кјунг-шин Јун, кој на СП 1995 во Исланд постигна 86 гола. Македонија одигра одлично против Кореја. Од самиот старт водеше, дури во еден момент во првиот дел и со четири гола разлика. Но Кореја успешно се врати и ја направи завршницата исклучително интересна. При резултат 30:30 имавме играч помалку, но тоа не го спречи Стојанче Стоилов на 30 секунди пред истекот на времето да го постигне победоносниот гол, инаку негов премиерен на првенството. Тој беше дополнително повикан за вториот круг на местото на Радослав Стојановиќ. |
|||||
![]() |
|||||
Tanjuska ![]() Сениор ![]() Регистриран: 18.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 120 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
ФОТО: Еуфоричен пречек за македонските ракометни херои
Повеќе од илјада вљубеници во ракометот доцна вечерва им приредија спектакуларен пречек на најдобрите македонски ракометари, кои на Светското првенство во Хрватска го освоија 11 место. Илјадници шалови, капи, маици, знамиња со името и боите на нашата држава вечерва беа доминантен дел од кореграфијата на аеродромот "Александар Велики". Еуфорично, со развеани знамиња и насмевка на лицата, македонските граѓани се обидуваа да стигнат до спомен фотографија со своите миленици. Погледајте повеќе слики од атмосферата на аеродромот "Александар Велики" и прочитајте ја целата вест на www.sportnet.com.mk |
|||||
![]() |
|||||
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
|
|||||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|||||
![]() |
|||||
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
На пат со позитивни мисли
Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска заминува за Хрватска каде што в сабота ќе го одигра првиот натпревар на Светското првенство против селекцијата на Тунис. Ракометарите денеска патуваат за Вараждин каде ќе претстојуваат до следниот четврток. По десет години Македонија одново е на Светското првенство, а вчера репрезентацијата беше во центарот на вниманието. Денот почна со приемот кај премиерот на Македонија, Никола Груевски. Продолжи со прием од поглаварот на македонската православна црква, г. г. Стефан, а последниот прием беше во Агенцијата за млади и спорт. Сите приеми завршија со прес-конференцијата која се одржа во РФМ, а на неа говореа селекторот Темелковски, како и ракометарите Кире Лазаров и Ванчо Димовски. "Сите сме свесни за тоа колку е голем предизвикот што го носи самото учество на Светското првенство во Хрватска. Затоа и подготовките беа засилени во овој период. Сакаме колку е можно поподготвени да настапиме на Мундијалот и да се прикажеме во најдобро светло. Задоволен сум од сработеното и од она што го видов на контролните натпревари досега, како и од мотивираноста која беше на максимално високо ниво". ![]() Во минатиот период имаше доволно време за да се видат квалитетите на сите ривали од првата рунда, а од сето ова може да се заклучи дека ќе треба да се одигра максимално во текот на целиот шампионат. "Во Вараждин не чека силна група во која ќе мораме да дадеме максимум доколку сакаме да постигнеме успех. Мораме против сите да одиграме на ниво и очекувам да стигнеме до добар резултат. Ќе одиме чекор по чекор на првенството. Тунис е нашиот прв противник. Има добар тим, кој с$ почесто прима европски стил на игра. Ракометарите настапуваат претежно во Франција, но ние се подготвуваме за нив и се надевам дека сите ќе можат да дадат 100 посто на теренот". Ракометарите на тренинг минаа повеќе од 25 дена. За овој период имаа можност да одиграат и пет контролни средби. Сето тоа беше доволно за да се види каков е квалитетот на нашата селекција, а може да се заклучи дека сите ракометари се подготвени за игра. "Атмосферата во репрезентацијата е одлична. Здравствениот билтен е добар и сите 16 ракометари се подготвени за настап. Ме радува фактот што на контролните средби со Саудиска Арабија и Црна Гора во тимот ги имавме и Ванчо Димовски и Раде Стојановиќ кои се многу важни за репрезентацијата. Тие се подготвени за настап и нам тоа ќе ни користи максимално", заврши Темелковски. На изјавите на селекторот се надоврза и капитенот Кире Лазаров, кој кажа дека не треба да има кревање во воздух предвреме туку мора да се оди смирено и чекор по чекор на сите натпревари. "Некако се прави еуфорија пред овој настап на првенството. Тоа е добро, но мораме да бидеме внимателни. Се гледа дека сме единствени и максимално сложни. Сепак, мораме да ја спуштиме топката на земја и смирено да ги дочекаме натпреварите кои ни претстојат. Ние сме нови на ова натпреварување и немаме доволно искуство. Затоа мораме да бидеме внимателни. Мораме да одиме чекор по чекор и да играме добро. Едно е да играме контролни, а друго ваков тип средби и затоа мораме да бидеме максимално организирани пред секој дуел", коментираше Лазаров. |
|||||
|
|||||
![]() |
|||||
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Македонија го освои првото место на божикниот турнир во Скопје
Остана само уште финализирањето на формата во пресрет на Светското првенство што идната сабота стартува во Хрватска. За таа цел македонската ракометна репрезентација, предмалку во последниот контролен натпревар ја совлада Црна Гора со 32:27 и го освои првото место на божикниот турнир во Скопје. Добар резултат и игра во кои со најмногу 10 голови учествувал Лазаров и кои дополнително ќе влијаат на позитивната атмосфера и самодовербата пред првиот натпревар против Тунис на 17 јануари. И нашите мундијалски противници ги проверуваат можностите. Полска загуби од Чешка со 33:32, Русија го победи Египет со 35:29, додека Германија вечерва игра со Аргентина. |
|||||
|
|||||
![]() |
|||||
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Македонија ја совлада Саудиска Арабија
Македонските ракометни репрезентативци ја победија селекцијата на Саудиска Арабија со 27:20, во првиот меч на божиќниот турнир на три нации, што викендов се одржува во Скопје. За разлика од дуелот со истиот противник на минатонеделниот турнир „Жолт куп“ во Швајцарија, кога нашиот тим победи само со еден гол разлика, во салата „Борис Трајковски“ вечерва многу полесен триумф над репрезентацијата што исто така ќе учествува на претстојното Светско првенство. Епилогот беше најавен уште при водството од 11:6 во 20-та минута, а победата речиси потврдена со убедливите плус осум гола на полувреме, кога беше 17:9. Во продолжението селекторот Илија Темелковски можеше да тестира повеќе различни тактички варијанти. Последната контрола на формата и на подготвеноста пред мундијалот во Хрватска што почнува наредниот викенд, македонскиот национален состав ќе ја има утре вечер против селекцијата на Црна Гора. Саудиска Арабија и Црна Гора в недела ѓе го затворат овој мини-турнир во Скопје. |
|||||
|
|||||
![]() |
|||||
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Ракометарите го освоија „Жолтиот куп“
Машката ракометна репрезентација на Македонија го освои „Жолтиот куп“, што е главна мундијалска подготовка. Во мечот за пехарот, Македонија одиграа 31:31 со домаќинот Швајцарија, но е прва поради поголемиот број постигнати голови. Во вкупната разлика и двете репрезентации имаат плус 12. до овој резултат нашите ракометари стигнале со фуриозен финиш, откако постојано ја бркале предноста на Швајцарија која на пет минути пред крајот изнесувала и пет голови. Трета е Саудиска Арабија која ја совлада Турција со 27:23. |
|||||
|
|||||
![]() |
|||||
nelson ![]() Сениор ![]() ![]() НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
"Натпреварот против Германија, беше тежок и неизвесен"
- da be , vo prvite 10 min... |
|||||
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
|||||
![]() |
|||||
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
На стартот пораз од Германија
![]() Шансата за победа македонските ракометарки ја пропуштија на почетокот од вториот дел кога на пет пати имавме нерешен резултат, по што следеше серија од 5:0 за противникот, на крајот миленичките на домашната публика да се изборат само за пораз од три гола разлика. Сепак, и поразот ги убеди сите присутни во салата "Борис Трајковски" дека Македонија има сили да ја мине групата и да се пласира во вториот круг. Најпрецизна во нашиот тим со 8 постигнати голови беше Портјанко, додека Тодоровска постигна 6 гола. Андреева имаше 11 успешни интервенции. Во репрезентацијата на Германија Краусе беше најефикасна со 11 постигнати гола. Клара Волтеринг, која зад своето име запиша 18 одбрани беше нерешлива енигма за "црвено - жолтите". "Свесни сме дека правевме грешки. Ќе се обидеме истите да ги отстраниме на мечевите со Хрватска и Србија." - изјави капитенот Наталија Тодоровска по натпреварот. "Натпреварот против Германија, беше тежок и неизвесен. Во желбата да прикажеме што подобра игра правевме и недопустливи грешки. Сепак, задоволен сум од ангажманот на моите избранички и се надевам дека на претстојните мечеви ќе заиграме многу подобро." - додаде селекторот на Македонија, Владимир Глигоров. Селекторот на германската репрезентација, на прес конференцијата по натпреварот изрази задоволство од постигнатиот резултат, при тоа додавајќи дека е среќен од остварената победа, особено ако се има предвид фактот дека е остварена во пеколната атмосфера создадена од страна на домашните навивачи. ![]() |
|||||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
|||||
![]() |
|||||
butel2 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 26.Јули.2005 Статус: Офлајн Поени: 4138 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
igraa odlicno, i da ne vlezese Veselinka i dobiese 2-3 smesni gola, moze i ke pobedevme
|
|||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 910111213 18> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |