|
Поучни случки |
Внеси реплика | страница <1 910111213 23> |
Автор | |
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не оплакувај се поради твојата сопруга (Брачни совети) – Старец Јосиф Ватопедски И, денес сум принуден да зборувам за ова прашање, исто така. Тоа е во некоја смисла смел потфат, но потребата ме предизвика да го покренам ова прашање, кога секој ден ги слушам мажите како велат “жена ми е ваква, жена ми е таква, сите жени се ѓаволи …”. Па, прашувам: “Извини, мил пријателе, но оваа жена за која зборуваш – зарем ти не се ожени со неа?” “Да.” “Па тогаш, кога си се оженил со неа, зарем не ја најде сета љубов, нежност и среќа во нејзината личност?” “Да.” “Па, зошто се промени сега? Таа е истата личност и кога си се оженил со неа, и сега. Гледаш ли дека ти си виновен?” Верниот сопруг кој не ја напуштил својата прељубодејна жена Ќе ви кажам за уште една карактеристика на соодветен брачен другар, која е исклучително тешко да се најде во наше време. Но, ние сретнавме еден таков човек. Тој беше на секој начин совршен карактер, христијанин, и целосно социјален (живееше во светот – заб.на прев.). Тој се ожени подоцна, околу триесетата година, не затоа што не беше благонаклонет кон бракот, но затоа што мислеше дека тоа е така како што треба да биде. Така, тој ја кажуваше својата молитва со вера, и си најде млада девојка со која се ожени. Девојката беше млада, десет години помлада од него. Набргу, откако се ожени со неа, таа го започна своето злодело. Тој се преправаше дека не забележува; ја гледаше како своја ќерка, а себе си – како нејзин татко. Како и да е, тие имаа важни бизнис интереси во странство и требаше да одат таму, дури иако само привремено. Така тој ја зеде и отидоа во странство. Кога стигнаа, таа стана многу своеглава, и си велела на себе: “Тој намерно го направи ова за да ме оттуѓи од мојата средина. Ќе го напуштам.” Така таа го напушти и го остави. Се врати во Грција, и каде мислиш дека отиде? Во едно од оние “казино” места, и почна да го живее животот на слободна жена – на онаа која е платена. Мажот, меѓутоа, од денот кога таа замина од него, никогаш не престана да се моли со солзи и упорно, всушност, да изнудува од Бога: “Седобар, јас нема да се откажам, јас нема да Те оставам Сам; Ти беше Оној Кој ми ја даде мојата жена. “Од Господа човекот и жената се усогласени” (според Библијата). Ја сакам својата жена. Ако младата девојка беше измамена, зарем мора да биде изгубена? Зошто слезе Ти на земјата? Зарем не дојде да ги најдеш оние кои се изгубени, да ги исцелиш болните, да ги воскреснеш мртвите? Јас нема да се откажам. Нема да Те оставам да се успокоиш. Ја сакам мојата жена; врати ми ја.” Тој плачеше цели две години. Неговата молитва на крајот беше услишана и младата жена се вразуми. “Оф леле,” призна таа, “Бог ќе мора да создаде уште еден пекол, бидејќи овој е премногу мал за мене!” Така таа седна и му напиша писмо, велејќи: “Јас не се осмелувам да се обратам на твоето име; го немам тоа право. Ако се вратам, ќе ме прифатиш ли како твоја слугинка?” Тој одговори: “Љубов моја, зошто го спомна тој збор и ги повреди моите чувства? Зарем не бев јас што те испрати на одмор и јас копнеев мојата љубов да се врати во моите раширени раце?” Така, тој отиде и ја чекаше на аеродром, како што се договорија. Кога таа пристигна, падна и почна да се тепа себе си и да плаче. Тој ја зеде во своите раце. “Љубов моја, зошто си ваква и ги повредуваш моите чувства? Копнеев повторно да те видам. Ајде сега да си одиме дома, ние никогаш не се разделивме – секогаш бев со тебе.” Од тогаш, оваа млада девојка се покажа како верна жена. Овој е ставот кој мажот – сопругот – треба да го завземе. Ако сопружниците се како овие, тогаш покажи ми која жена е лоша? |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во простреланиот шинел на руски војник во Втората Светска војна, било најдено неговото проштално писмо, напишано не до блиските, туку до семоќниот Бог во кого свето поверувал во претсмртниот час…
Слушај, Боже… Досега никогаш Со Тебе не сум зборувал, но денес Сакам да Те поздравам. Знаеш, кога бев дете ми велеа Дека Ти не постоиш. И јас будалата, поверував. Никогаш не ги созерцував твоите созданија. А еве, денес ноќва гледав, Од кратерот издлабен од граната, Во небото ѕвездено над мене. Одеднаш разбрав, восхитувајќи му се на светот Колку сурова може да биде измамата. Не знам, Боже, ќе ми подадеш ли рака, Но јас ќе ти кажам и Ти ќе ме разбереш: Не е чудно ли што среде ужасниов ад Одеднаш ми се откри Твојата светлина и Те познав? И освен тоа немам што друго да кажам, Само тоа, дека радосен сум што Те познав. На полноќ назначени сме за напад, Но не се плашам: Ти нѐ гледаш… Сигнал. Во ред. Мора да одам. Ми беше добро со Тебе. Уште сакам да речам, Како што знаеш, битката ќе биде лоша, И можеби, ноќва на твоја Порта ќе тропнам. И ете, иако до сега не Ти бев пријател, Ќе ми дозволиш ли да влезам, кога ќе дојдам? Изгледа, плачам. Боже мој, Ти гледаш, Се случи со мене тоа – прогледав. Прости, мој Боже, одам. Не верувам дека ќе се вратам. Колку чудно, но сега од смртта не се плашам. |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
BOG E NASEKADE Nekoj ateist prasal nekoj rabin zosto BOG ja izbral kapinata, taa trnliva grmushka za mesto od kade sto ke zboruva so Mojsej. Rabinot odgovoril:" Ako BOG izberese maslinovo drvo ili jabolknica za da razgovara so Mojsej, ti pak bi go postavil istoto prasanje. Sepak, ke ti odgovoram. BOG ja zede malata, bedna, bodlikava grmushka. za da ni pokaze deka nema mesto na Zemjata kade sto Toj ne e prisuten." Da, BOG e nasekade i moze da go sretneme nasekade: vo sekojdnevieto, vo najmracnata temnina, vo najpustata pustina, vo najtrnlivata grmushka, vo najrasplamteniot ogan. AMIN! |
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
КАПЕТАН НА БРОДОТ Еден ново именуван капетан на брод бил мошне горд на својот чин.Управувајќи со својот брод,во една бурна ноќ,капетанот забележал нешто во правецот во кој што се движел.Му наредил на својот човек за врски да ја упати следната порака: „Променете го својот к*рс за 10 степени кон југ! Следувал одговор: „Променете го вие својот к*рс за 10 степени кон север! Капетанот се чувствувал навреден и бил решен да не попушта.Затоа, повторно упатил порака:Променете го вашиот к*рс! Јас сум капетанот на бродот! Следел брз одговор: Смени го својот к*рс! Јас сум светилникот на брегот! Често пати, секој од нас се однесува како капетанот на бродот. Се движиме самоуверено по сопствениот животен пат,ги уважуваме само своите права.Но Бог и неговото упатство за нашиот животен к*рс, Библијата како светилник не предупредуваат на карпест предел на кој што можеме да доживееме бродолом.Ако сакаш безбедна „ пловидба" по свoјот животен пат,смени го својот к*рс. Не очекувај од светилникот(Бог) да Го прилагодува Својот к*рс спрема твојот. Биди разумен капетан на сопствениот брод и почитувај ги добронамерните предупредувања кои доаѓаат од светилникот. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Otvorena vrata Pred dvaeset i pet godini, posle zavrsuvanjeto na gimnazijata vo Germanija, pominav tri meseci patuvajki niz Skandinavija. Dodeka pominuvavme so kolata koja ja preuredivme da vo nea prenokevame, prijatelite i jas vidovme prekrasni predeli, ezera, i pejsazi od koi ne mozete da ostanete ravnodusni. Odevme po Lapland, sosema blizu do polarniot krug i uzivavme vo letnite denovi koga sonceto ne zaogase. Taka sedejki na naj severnata tocka vo Evropa vidovme kako sonceto se spusta, odvaj go dopira horizontot a potoa povtorno se krevase. Slikav iljadnici fotografii, no ona sto me posebno iznenadi bea mnogute razliciti vrati. Vo podracjeto na dolgite i temnite zimi boite imaat posebno znacenje. Vidov sini, crveni, zeleni i portokalovi vrati. Cesto pati vo gradovite, posebno vo centrite, barav vrata i go slikav ona sto bese najinteresno. Vo mojot zivot vratite imaat posebno znacenje. Na samiot pocetok od mojot duhoven zivot so Isusa otkriv vazno hristijansko nacelo. Naceloto ''neka bide Tvojata volja'' od Matej 6,10 najdobro se objasnuva so slikata na vrata. Bidejki sum se predal na Spasitelot, go molam da ja zatvori ili otvori vratata. Se sekavam kako mnogu pati vo zivotot sum stoel pred zatvoreni vrati, iako sum posakuval da se otvorat, da bi podocna razbral deka podobro bilo sto bile zatvoreni tie vrati. Isto taka se sekavam mnogu pati vo mojot zivot imase vrati niz koi ne sakav da pominam, no sepak sum pominal. Za da vlezam niz tie vrati bila e potrebna vera i hrabrost, no posledicite bile so mnogu blagoslovi. Na stariot bliski istok vratata bila poveke od vleguvanje vo grad. Ne samo sto prestavuvala zastita, tuku bila i centar na zivotot. Vo takvite vrati bile izgradeni prostorii koi gi koristele staresinite i sudiite za obavuvanje na svoite dolznosti. (Ruta 4,1.2) Podocna na toj prostor se citala Torata (Pismoto); podocna na tie mesta bile izgradeni sinagogi. Isus ukazal na vaznosta na vratata.: ''Jas sum vrata.'' (Jovan 10,9) A potoa dodal: ''Koj ke pomine preku mene,ke se spasi.'' Koga ke se osvrneme okolu sebe, ke vidime mnogu vrati koi ne povikuvaat da dojdeme. Nekoi od niv izgledaat mnogu privlecni, no ne go ispolnuvaat toa sto go vetuvaat. Drugi vrati mozebi ne se taka privlecni, no mozat da ni otvorat novi horizonti koi mozat da ni pomognat da rasteme i da go prosirime svoeto srce i um za nepoznatoto. Bi sakal da znam koja vrata me ceka vo ova godina na zivotot. Znam deka Toj, koj rekol deka e vrata preku koja treba da pominam kako bi vospostavil zaednica so Nego, podgotven da zaedno so mene pomine niz otvorenata vrata, a drugata da ja zatvori.Koga gi gledam starite fotografii koi gi napraviv vo Skandinavija, se prisetuvam na Bozjeto vodstvo vo minatoto. Povtorno se vosh*tuvam na negovoto vodstvo vo minatoto vo mojot zivot. Zatoa da zememe malku vreme sekoj den da se prisetime na otvorenite i zatvorenite vrati. A koga ke se najdeme pred novi vrati, da go zememe za raka Onoj koj e Vrata - i zivot! Neka te Toj vodi vo tvojot zivot. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Bozji glas ''I uvoto sto slusa i okoto sto gleda, Gospod gi napravi dvete.'' (Poslovici 20,12) Prstite mi letaat preku masinitata za pisuvanje brzajki da ja zavrsam rabotata koja trebase da ja predadam na vreme. Itnosta na rabotata me bese opfatila celosno taka da ne posvetuvav vnimanie na nisto drugo okolu mene. Odednas eden tivok glas se slusna vo mojata kancelarija: ''Odi i pobaraj ja Nensi.'' Nemam sega vreme. Do pladne moram da ja zavrsam rabotata, si rekov vo sebe. Prstite i ponatamu brzo udiraa po testaturata; ne obrakav vnimanie na glasot. Posle pet ili desetini podocna toj istiot glas povtorno ja poremeti mojata koncentracija. ''odi i pobaraj ja Nensi.'' Nemam vreme, si rekov vo sebe. Moram ova da go zavrsam. Sigurna sum deka so Nensi se e vo red. Prodolziv da rabotam. Nansi sakase da si igra nadvor od kukata. Dodeka neziniot postar brat bese na uciliste, taa celo pretpladne pominuvase vo gradinata igrajki si. Tamu toa peto godisno devojce si naogase zanimacija so zivotnite i bilkite. Nie ziveevme na krajot od ulicata blizu do bolnicata Bela Vista vo Portoriko. Toa bese idealno mesto za ljubitelite na prirodata kako sto bese Nensi. Povtorno se slusna istiot glas, no sega pojak: ''odi i pobaraj ja Nensi!'' Ovoj pat glasot go privlece moeto vnimanie ''Tripati,, Sepak da poglednam sto e so nea'', si rekov poluglasno. Koga trgnav da ja pobaram, ja pronajdov kako mirno spie na zidot ne posirok od 20 sm. Od dvete strani mozese da padne vo bezdna visoka 4 metri. Taka vo son deteto mozelo da padne i sekako bi se povredilo. Tivko se dobliziv, i nezno go izgovoriv nejzinoto ime. Nejzinite oci ja vidoa mojata nasmevka i jas vnimatelno ja zedov vo svoite race. I ja simnav od zidot. Ti blagodaram Boze! Ti blagodaram za angelot cuvar i za Tvojata upornost! Pomogni mi vo idnina sekogas da bidam poslusna koga prv pat ke mi prozboris. Navistina sum blagodarna na Boga sto e uporen. Toj me vika nezno i uporno. Negoviot glas me potsetuva na promenite sto treba da gi napravam vo mojot zivot... Uverena sum deka Toj nikogas nema da me ostavi i napusti i deka negoviot glas sekogas ke me vodi. Mojata zadaca e da slusam i da odgovoram. |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Samo usta ''Gospod rece: Bidejki ovoj narod mi pristapuva samo so ustata, i me pocituva samo so usnite, a srceto mu e daleku od mene, i negovoto pocituvanje nauceno od covecki odredbi. Zatoa, eve, i natamu ke postapuvam cudno so ovoj narod-cudno i precudno: i ke propadne mudrosta na negovite mudreci...'" (Isaija 29,13.14) Decata si igraat so drveni puski i ''pukaat'' edni na drugi. Pastorot Viliam Bus go prasuva edniot od niv: ''Kako funkcionira tvojata 'puska'?'' Deteto odgovorilo: ''Vsusnost taa i voopsto ne puka, seto toa jas go pravam so ustata.'' Se pravam samo so ustata, toa e toa. Se zboruva no nisto ne se slucuva. No koga ne se samo zboruva, tuku koga e na delo Bozjata ljubov, Crkvata napreduva. Изменето од Blagoj_s - 15.Април.2010 во 11:42 |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
DALI SME VNATRE VO AVIONOT ? (Vistinska slucka) Za vreme na Vtorata svetska vojna vo Stalingrad Germanskite vojnici bile opkoleni od Sovetskite armii. Od Germanija bile isprateni nekolku avioni za da gi evakuiraat ranetite vojnici. Koga trebalo da letne posledniot avion, se napolnil so raneti. Togas pocnale da doagjaat uste vojnici i polesno raneti i polusmrznati. Site sakale da vlezat, no vekje nemalo mesto . Nemajki drug nacin,tie se ispofakjale odnadvor za kriljata, za bravite,za drzacite, sekade kade sto mozele da se drzat. Togas avionot letnal. Koga se spustil na bezbeden aerodrom, nieden od fatenite odnadvor ne bil vekje prisuten-site bile duvnati od vozdusnata struja ili poradi smrznatite race se otpustile. Samo onie sto bile vnatre se spasile... Evangelieto na ISUS, Koj umre za nas i voskresna, e takov avion za spasuvanje. So nego moze da se odleta od opsadata na beznadeznosta i vo nego ima dovolno mesto. No, ima mnozestvo lugje koi ne se vnatre,tuku se nepravilno nafateni odnadvor. Navistina, tie lugje odat na Veligden i na Bozik na Crkva. Se vrsat duri i krstevanja, a ponekogas duri se odi i na Crkva i na drugi datumi. Si mislat, covek e krsten, no sloboden e da si veruva vo sto saka. Koga ke se umre,treba da bides zakopan so pop i so toa da se potvrdi deka ste bile dobar Hristijanin. No dali e toa taka? Lugjeto taka samo visat odnadvor. Se dodeka ne go primime HRISTOS vo nasite srca i ne ziveeme so Nego, ke bideme kako onie lugje sto visele nadvor od avionot i nema da bideme vnatre i ke bideme duvnati . Samo onie sto bile vnatre se spasile. Dali sme vnatre? Ke ima mnogu nespaseni lugje koi znaele za ISUS, no ne se kacile so Nego. Treba da go sfatime ova: da veruvame vo ISUS znaci da se kacime kaj Nego. Samo taka ke dobieme vecen zivot. "A zivotot vecen e toa, da Te poznaat Tebe, Ediniot vistinski Bog, i isprateniot od Tebe Isusa Hrista"( Jovan 17:3) ( Temeleno na propoved na poznatiot germanski propovednik Wilhelm Busch) |
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мило ми е што ти се допадна
|
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
maria_magdalena
Сениор trouble seeker Регистриран: 25.Октомври.2007 Статус: Офлајн Поени: 8706 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Многу убаво четиво. |
|
МИСЛИТЕ СЕ ОСЛОБОДЕНИ ОД ДАНОК.
|
|
Blagoj_s
Сениор Регистриран: 28.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 3057 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Bog deluva nevidlivo za nas ''I koga se obrati posebno kon ucenicite rece: Blazeni se ocite, koi gledaat ova, sto vie go gledate! Zasto, vi velam deka mnogu proroci i carevi sakaa da go vidat toa, sto vie go gledate, i ne vidoa…!'" (Luka 10,23.24) Louis Daguerre se vbrojuva vo pionirite na fotografijata. Zaedno so Neimcen ja razvil takanarecenata ''heliografska reprodukcija''. Daneseka toa go vikame: fotografiranje. Eden od prvite tipovi na fotografija poteknuva od 1839 godina i nosi naslov ''Paris Boulevard''. Na taa slika moze da se vidi tipicen pariski bulevar. Za edna takva prva fotografija inpresionira ostrinata na slikata. No sepka na posmatracot ova fotografija ostava vpecatok na napustenost i osamenost. Celata ulica e potpolno prazna. Po senkata na steblata moze da se konstatira deka slikata e slikana pod vedro nebo. Celata gletka izgleda kako da e se izumreno, osven edna zabeleska. Dolu levo na slikata se gleda covek kako cisti cevli. Toa e za prv pat slikan covek. No, kako toa da e sam? Sekogas ima luge koi gi prati custvo na osamenost vo ovoj svet kako ovoj covek. Ima i mnogu vernici koi se custvuvaat osameno, izgubeno, kako ovoj covek od slikata! No da se vratime na slikata. Koga Louis Daguerre ja slikal ova fotografija, na toj bulevar bilo i te kako zivo. No tehnikata so koja se sluzil Daguerre bila taka spora sto na slikata ostanale fiksirani samo predmetite koi ne se dvizele. Se sto se dvizelo ne bilo snimeno. Edinstveno koj ostanal na slikata bil covekot koj mirno stoel dodeka cistacot mu gi cistel cizmite. Imeno, ocigledno postoi i nesto sto ne mozeme da go vidime. Koga bi vo svojot licen svet mozele da go napravime vidliv Bozjiot svet, nie bi primetile eden sosema drug svet. Sekako bi se cudele na seto ona sto Bog pravi vo ovoj svet za nas.! |
|
www.myspace.com/sblagoj
|
|
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Грозје на љубовта Околу 330 год. после Христа, свети Макариј Египетски се населил во еден скит. Полека-полека, околу св. Макариј се собрале илјадници монаси кои ги прифаќале неговите совети и зборови. Но, и многу мирјани од целиот Египет доаѓале кај овој Божји светител, за да примат плод од неговата љубов. Неговата слава се распространила по целата земја. Еден ден, во монашкото село дошле некои поклоници за да го видат авва Макариј. Се разбира, од градот му донеле една полна кошница грозје. Тие останале мошне долго кај старецот, ги чуле неговите скапоцени совети, и духовно збогатени, тргнале кон градот. - Ова е за тебе, оче, – му рекле на заминување. Знаеме дека многу сакаш грозје. Земи го, те молиме. Авва Макариј им се заблагодарил на поклониците и со насмевка ги испратил. Среде наугледната колиба, се наоѓала една преполна кошница со прекрасно миризливо грозје. Редок дар, бидејќи во тој крај немало ништо слично. - Сигурно ќе биде многу слатко, – си помислил аввата и тргнал да го вкуси. Но, како што се наведнал, здогледувајќи ги преку прозорецот колибите на останатите подвижници, почувствувал вина. - Не е праведно јас да го задржам грозјето. Останатите отци воопшто не го ни вкусиле. Ќе го однесам на авва Петар, стар е и многу ќе му се допадне. Така, го зел грозјето и за миг го однел кај авва Петар, кој навистина бил најстар во скитот. - Оче, ми го донесоа ова грозје, па помислив дека многу ќе ти се допадне. Би сакал да ми сториш љубов и да го задржиш, – љубезно рекол авва Макариј. - Ти благодарам, оче, Бог да те благослови, – одговорил старецот, и авва Макариј се вратил во својата колиба. Авва Петар го зел грозјето и тргнал да го вкуси. - Чекај малку, – помислил. – Другите отци воопшто не го вкусиле. Знам дека авва Исидор многу сака грозје. И без многу размислување, ја зел кошницата и му ја однел. - Старче, ми го донесоа ова грозје. Стори ми љубов и задржи го. Знам дека многу ти се допаѓа – рекол авва Петар, нудејќи го својот дар на авва Исидор. - Бог да те благослови, – одговорил тој и го зел. Но, ниту третиот отец не го задржал саканото грозје. - Не е праведно да го задржам, – рекол авва Исидор и го однел на следниот отец. А тој – на следниот. До крајот на денот, кошницата со грозјето поминала низ сите оскудни колиби и никој не ја задржал, мислејќи дека е попотребна на другиот. Кога кошницата стигнала во последната колиба, монахот кој живеал во неа, помислил: - Грев е да го задржам ова грозје, многу му се допаѓа на авва Макариј. – и се упатил кон неговата колиба. - Оче, прости ми, но знам дека ти се допаѓа ова грозје. Стори ми љубов и земи го. Тогаш, авва Макариј гледајќи ја кошницата полна со грозје, недопрена, онаква каква што ја добил на почеток на денот, Го прославил Бога што скитот имал такви монаси, кои се одликувале со толкава љубов и сочувство. Во тој момент, некои монаси дошле од далеку за да земат благослов од Старецот, а тој, со радост на лицето, им рекол: - Јадите, деца мои, од ова грозје на љубовта. Тоа е најслатко грозје на светот. И тогаш им ја раскажал целата случка. Изменето од Maran Ata - 09.Април.2010 во 07:51 |
|
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
|
*moon*
Сениор Регистриран: 27.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7657 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
koj zne kolku zali za se sto se slucuva vo ovozemniot zivot, mislata mi e za Gospod
|
|
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
........ Изменето од laki_bu - 09.Април.2010 во 22:50 |
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
Внеси реплика | страница <1 910111213 23> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |