|
ПЕСНАРИЦА НА МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ |
Внеси реплика | страница <1 89101112 30> |
Автор | |
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Одоздола иде, бабо
Одоздола иде, бабо мори, одоздола иде, одоздола иде, бабо мори, едно лудо младо. Бела коња јава, бабо мори, бела коња вјава, бела коња вјава, бабо мори, со пушка на рамо. Право, право оди, бабо мори, право, право оди, право, право оди, бабо мори, на нашата порта. Ожени ме мамо, женет да одам Ожени ме мамо, женет да одам, Пуста беќарштина, веќе не се трпи. Ожени ме мамо за наш'то комшивче, За наш'то комшивче, личното Мариче. Кога низ двор шета, босо по налани, Тенка снага крши, срцето ми гори. За нашето комшивче, личното Мариче, јас не можам мамо, по неа изгорев. Дење сал' гледам, ноќе ја сонувам, ноќе ја сонувам, сон не ме фаќа. Оздола идет еден млад војвода Оздола идат еден млад војвода, по него одат седум, осум души, нане мила нане, седум, осум души. [2x] На рамо ми носат пушки малихери, на гради ми носат чифте патрондаши, на глава ми носет црни фес капчина, нане мила нане, црни фес шапчиња. [2x] Право ми тргет горе за Рашанец, првиот ми беше Аргир Маринче, вториот ми беше тој Васил Зимов, нане мила нане, тој Васил Зимов. [2x] Третиот ми беше Стеван к*ртела, четвртиот ми беше Јанко Димитров, нане мила нане, Јанко Димитров. [2x] Бог да го убие Вељан од Речица, [2x] нане мила нане, Вељан од Речица што ги предаде седум осум души Седум осум души, сè млади момчина се млади момчиња, сите Македонци нане мила нане, сите Македонци. [2x] |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Од умот се поизгубив
Од умот се поизгубив з' едно лично девојче, пет години го милував, па се страмев, па се срамев да ѝ речам. Оди мајко проговори, скришем, скришем да ѝ речиш, оди мајко проговори, скришем, скришем, скришем, скришем да ѝ речиш. Збогум синко, мили синко, јас ќе одам да ѝ речам. Добро јутро мила ќерко. Дал бог добро, дал бог добро стара мајко. Син ми ќерко те милувал па се срамел да ти речит, син ми ќерко те милувал, па се срамел, па се страмел да ти речит. Кога син ти ме милувал, заш не казал од порано? Кога син ти ме милувал, з'ш не кажал, з'ш не кажал од порано? Сега си сум посвршено з' едно лично ергенче, сега си сум посвршено, з'едно лично, з'едно лично охриѓанче. Одам, одам мајчице Штом ќе блеснат први зраци мајко разбуди ме, моја пат ме чека далечен сега дал ќе се вратам јас дома. Рефрен: Одам, одам мила мајчице в тугина одам ќе бидам сама. [2х] Барам малку среќа јас судбата дал' ќе ми даде тој ме чека не знам ни сама дал' ќе се вратам јас дома. Рефрен Одиш ти Сите песни, сите ѕвезди сите очи плачат што те нема сите цветој, сите лисја, сите реки носат тажни води. Али, али стојам сама јас во дворој али стојам сама, али јас во дворој срце капат твојте зборој. Одиш ти, одиш ти и ми оставаш празни дни но и ти ќе си сам кому соништа јас да дам. Рефрен Малку надеж да ми дадеш за да слеам в срце две-три траги како песна, како пролет да те чекам преку сите таги. |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Од Битола до Вевчани
Од Битола до Вевчани сè сардисано [2х] ура, ура Ставре војвода. Го сардиса млад Ставре Ушекутков [2х] ура, ура Ставре војвода. Ставре имат машко срце не се предават [2х] ура, ура Ставре војвода. Ставре има бердан пушка не се предава [2х] ура, ура Ставре војвода. Прва бомба што ми фрли в конопиштата [2x] ура, ура Ставре војвода. Па ми удри десет души од аскерот [2х] ура, ура Ставре војвода. Сврти пушка во градата Ставре војвода [2х] ура, ура сам се убива. Ура, ура за Македонија. Од врв Пирин Планина Од врв Пирин Планина очаен глас се слуша, Македонија плачи. [2х] Проклета и триклета да бидиш ти Европо, блуднице Вавилонска. [2х] Французи, Англичани, Италијанци и Немци, сакаат да сме под ропство. [2х] Од рода сум Славјанка, земја со злато полна, зато завижџет толку. [2х] Од кога е зора зазорила Од кога е, мила моја мајчице, зора зазорила, мила моја мајчице, зора зазорила. Од тогаш е, мила моја мајчице, војска заврвела, мила моја мајчице, војска заврвела. Сабјите им светат, мила моја мајчице, како јасно сонце, мила моја мајчице, како јасно сонце. Бајрактар им беше, мила моја мајчице, мојто верно либе, мила моја мајчице, мојто верно либе. Ќе се борат, мила моја мајчице, за Македонија, мила моја мајчице, за Македонија. Изменето од Miki_P - 08.Декември.2008 во 18:05 |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Облак се вие, орлите пиштат
Облак се вие, орлите пиштат, Балканот ја пее грозната песна, Дали врни, грми' ил се земја тресе, Или се борја од корен корнат? Ниту врни, грми, нит' се земја тресе, Ниту се борја од корен корнат. Буки се сечат, спици се прават, На Македонците под нокти редат. Фурни се горат, железа се топат, На Македонци усти затворат. Дали има уште, кој да не знае, До каде е наш'та Македонија? Има ли уште, кој да не знае, До каде е наш'та Македонија? Штип, Куманово, Струмица и Струга, Гевгелиско поле, дур' до Солуна, Таму живеат само Македонци, Само Македонци, славни јунаци. Огин го гори Брезово Огин го гори Брезово, Македонијо, Македонијо. Ордан со чета навлегол, Македонијо во поробено Брезово. И на дружина говори, Македонијо: „Станете браќа, не спијте. Земете бомби, к*ршуми, со душман ќе се биеме“. Ордан на чета говори, Македонијо, Македонијо: „Земајте бомби, к*ршуми, тиран сомлете, слобода да добиеме“. Грмеа бомби, к*ршуми, Македонијо, крвава борба започна. И викна Ордан војвода: „Го зазедовме Брезово“! Огрејала месечина Огрејала месечина, леле огрејала месечина, од Солуна до Тетово. [2х] Не ми била месечина леле [2х] тук' ми биле три невесте три нејесте Сетолчанке. Прво теглат за Тетово леле прво теглат за Тетово, кај бакалот чичо Кољо. [2х] Добро утро чичи Кољо море добро утро чичи Кољо, дал бог добро три нејесте три нејесте Сетолчанке. Да ми дадеш драм белило леле да ми дадеш грам белило, драм белило драм црвило [2х] Наши мажи гурбетчие леле наши мажи гурбетчие кај ќе дојдат ќе ти платат. [2х] |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Никнало, никнало, цвеќе шарено
Никнало, никнало, Цвеќе шарено, Пред моми, пред моминото Пенџерче. Дење го, дење го Моме вадело, Ноќе го, ноќе го Момче крадело. Дејгиди, дејгиди, Момче будало, Не знаеш, не знаеш, Моме да љубиш, Тук' знаеш, тук' знаеш Цвеќе да крадеш. Цвеќето, цвеќето Е за мирисање, Момето, момето Е за љубување. Нико, Нико меанџико Нико, Нико мори, меанџико, чини есап Нико да ми платиш, што ти служев, Нико, три години, сум решило Нико да се женам. Еј Стојане, море измеќаре, ако сакаш Стојан да се жениш, јас си имам Стојан, измеќарки, која сакаш Стојан, таа земи. Нико, Нико мори, меанџико, татко ми оставил проклетија, да не земам, Нико, јас девојка, тук' да земам, Нико, јас вдовица. Еј Стојане, море, млад Стојане, ако сакаш, Стојан, ти вдовица, ако сакаш, Стојан, ти вдовица, седи овде, Стојан, земај мене. |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Низ двори се шета мома Катерина
Низ двори се шета мома Катерина, бело променета како галабица. Оф аман, аман како галабица. [x2] Ситно кротко оди како еребица [x2] Оф аман, аман како еребица. [x2] Оздола ми иди едно лудо младо сива коња јава, коња разигрува. Оф аман, аман и на коња вели: [x2] Играј коњу играј, ти да се наиграш јас ќе те продавам на мома кадуша. Оф аман, аман на мома кадуша. [x2] Штом ми го дочула мома Катерина и на лудо вели коња не продавај Оф аман, аман коња не продавај. [x2] Како твојта коња сегде редум има како мома Ката нигде редум нема. Оф аман, аман нигде редум нема. [x2] Низ корија зелена босо моме шета Низ корија зелена босо моме шета [х2] еј моме ле моме босо е. [х2] Ми нагази момето трнче чиникотче [х2] еј моме ле моме босо е. [х2] Никој нема мале ле трнче да извади [х2] еј моме ле моме босо е. [х2] Се нафати мале ле младото овчарче [х2] еј моме ле моме босо е. [х2] Изменето од Miki_P - 08.Декември.2008 во 17:47 |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Немам мило, немам драго
Немам мило, немам драго, нит пак сакам ти да знајш, како бродот без кормило, јас ќе скитам по светот. Ќе си скитам јас езера, без надежи, без љубов, дури јас не си го најдам, денес мојот студен гроб. По полиња, по горите, кај ќе стигнам, ќе спијам, ќе се влечкам по тревите и по полските цвеќа. Ќе се качам на Венера, на најсветлата ѕвезда, ќе ѝ кажам јас на неа, што сум патил по светот. Ќе се качам в' парахода и ќе викнам с' голем глас: „Збогум мила, збогом драга, јас ќе одам далеку“. Немој ме, мила мамо, луто да колниш Немој ме, мила мамо, луто да колниш, Оти сум станал мамо, младо спаивче. Ја, спремај ми го мамо брзото коњче, Јас ќе си одам мамо, Благино село. Ако е Блага, мамо болна легнала, Јас ќе се сторам мамо, младо докторче, И ќе ја лечам мамо, без пари. Ако е Блага, мамо за друг свршена, Јас ќе се сторам мамо, младо касапче, И ќе ја сечам мамо, парче по парче. Нешто ќе те прашам сине Нешто ќе те прашам сине право да ми кажеш. Право да ми кажеш сине, без да ме излажеш. Зошто сине болен лежиш, време три години? Време три години, па и шест месеци? Штом ме прашаш стара мајко, право ќе ти кажам. Право ќе ти кажам мајко, без да те излажам. Кога си бев стара мајко, на млади години, арамија шетав мајко по бојски планини. На пат сретнав стара мајко, момче и девојче. В раце си држеа стара мајко, едно машко дете. Јас им реков стара мајко, оган да запалат. Оган да запалат стара мајко, дете да испечат. Кога го печеа мајко мене ме гледаа. Кога го јадеа мајко, мене ме колнеа. Зато сум ти стара мајко толку болен, лежам. Време три години, па и шест месеци. |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Недалеку во Воден града
Недалеку во Воден града, на североисточна страна, дружина е поседнала на зелена рудина. Пред дружина е ставено рудо јагне печено, чаша вино наполнета на трева је клаена. Секој пијат и се радвит, едно срце благословлјат, за дружина се напиват слобода посакуват. Сите дружно да се збијме, Битола да се најме, в' Цариграда да тргниме, Македонија ослободиме. Нели сторивме вера и клетва Нели сториме, севдо мори вера и клетва ни да се мажиш, севдо мори, ни да се женам. Леле, лепа мори, ни да се женам. Ти да ме чекаш, севдо мори, До три години, Ти не ме чека, севдо мори, Ни три недели Леле, лепа мори, ни три недели. До Солун ојду, севдо мори, Абер ми дојде, Што се армаса, севдо мори, За мојто кумче. Леле, лепа мори, за мојто кумче. Ме поканае, севдо мори, Кум да ве венчам, Со кои раци, севдо мори, Венци да држам, Леле, лепа мори, венци да држам. Со уста реку, севдо мори, Да се ќердосаш, Со срце веља, севдо мори, Пак моја да си, Леле, лепа мори, пак моја да си. Нели ти реков моме Донке Нели ти реков моме Донке нели ти думав да не љубиш моме Донке битолски ергени? [x2] Они те лажат моме Донке Они те мамат Сè со тија моме Донке тие пусти пари. [x2] Битолски ергени Донке сè се мајтапчии ќе ти ветат моме Донке нема да те земат. [x2] |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не си го продавај Кољо чифликот
Не си го продавај Кољо чифликот мама не ме дава Кољо за тебе. [2х] По меани одиш Кољо, рујно вино пиеш, дома рано не си одиш да спиеш. [2х] Колку ти чини Кољо чифликот, толку ми чини Кољо лицето. [2х] По меани одиш Кољо, рујно вино пиеш, дома рано не си одиш да спиеш. [2х] Не си го продавај Кољо трлото, мама не ме дава Кољо за тебе. [2х] По меани одиш Кољо, рујно вино пиеш, дома рано не си одиш да спиеш. [2х] Колку ти чини Кољо трлото, толку ми чини Кољо грлото. [2х] По меани одиш Кољо, рујно вино пиеш, дома рано не си одиш да спиеш. [2х] Не стој Доне, Донке Не стој Доне, Донке не гледај ме [2х] од гледање Донке фајде нема. Рефрен: Не стој Доне, Донке [2х] не гледај ме, еј. Не стој Доне, Донке не гледај ме од гледање Донке фајде нема. Дани дуни, дани дунини [3х] фајде нема. Кога појдов Донке во Битола во Битола Донке за Солуна. [2х] Рефрен Не стој Доне, Донке [2х] не гледај ме, еј. Не стој Доне, Донке не гледај ме од гледање Донке фајде нема. Сите моми Донке ги заљубив само тебе Донке те засакав. Рефрен Не стој Доне, Донке [2х] не гледај ме, еј. Не стој Доне, Донке не гледај ме од гледање Донке фајде нема. Отфрли си Донке ал шамија да ти видам бело лице. Рефрен Не стој Доне, Донке [2х] не гледај ме, еј. Не стој Доне, Донке не гледај ме од гледање Донке фајде нема. Невесто лична калешо Невесто лична калеша, синоќа ти лафот чиневме тебе млада да оставиме. Девере, најмал девере каква ми мана најдовте мене млада да оставите? Невесто лична калешо, девет години, в' десетта, каму ти лулка до тебе и в' лулка машко детенце? Девере, најмал девере, девет години, в' десетта, постела не сум послала, со момче не сум легнала. Дека што пие, там спие, дење и ноќе не иде, името ми е невеста, на срце сум си девојка. |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не се бели Маре мори не се црви
Не се бели Маре мори не се црви [x2] не се толку Маре дотерувај. [x2] Ми се смеат Маре мори комшиите [x2] другарите Маре еснафите. [x2] Кого си го Маре погледала [x2] секому си Маре болест дала. [x2] Кому два дни, Маре мори, кому три дни [x2] а на мене Маре три години. [x2] Ти ме стори Маре мори суво дрво [x2] суво дрво Маре јаворово. [x2] Земи оган Маре мори запали ме [x2] запали ме Маре изгори ме. [x2] Не се кревај на големо Не се кревај на големо, Јовано, Јованке, Барем да си од колено, Јовано, Јованке, Пиле шарено. Ја елај ми на колено, Јовано, Јованке, Отпетлај ми доламата, Јовано, Јованке, Пиле шарено. Ред по редум, девет реда, Јовано, Јованке, Да ми видиш кошулава, Јовано, Јованке, Пиле шарено. Од к*ршуми издупена, Јовано, Јованке, А со крв е облеана, Јовано, Јованке, Пиле шарено. Не се фаќај Доне, Донке Не се фаќај Доне, Донке до мене срце ми прегоре Донке за тебе. Еј што те заљубив е, е, еј па те изгубив. Кога војник Доне, Донке јас одев ти орото Доне, Донке го водеше. Еј што те заљубив е, е, еј па те изгубив. Ти до мене Доне, Донке заигра, срцето ми Доне, Донке разигра. Тогај збор ми Доне, Донке ти даде по година срцето си продаде. Еј што те заљубив е, е, еј па те изгубив. Ни година Доне, Донке не пројде за другого Доне, Донке си појде. Не ме играј Доне, Донке не збори оти знаеш Доне, Донке што стори. Еј што те заљубив е, е, еј па те изгубив. Тргни рака Доне, Донке од мене срце веќе не ми игра за тебе. Еј што те заљубив е, е, еј па те изгубив. |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не плачи мило либе, не жали
(Параходот) Параходот ми пристигна збогум либе подај рака не плачи мило либе, не жалај јас пак ќе се вратам. Очите ти насолзени, устето ти насмејано не плачи мило либе, не жалај јас пак ќе се вратам. Ја земи си бело крпче, избриши си црни очи не плачи мило либе, не жалај јас пак ќе се вратам. Не прибирај мајко стројници Не прибирај мила мајко стројници а, а мила мајко ле, јас си имам мила мамо либе комшивче. Комшивче ле мила мамо, комшивче а, а мила мајко ле едно лично лудо младо терзивче. Не дели ме мила мамо од него а, а мила мајко ле боса ќе бегам мамо по него а, а мила мајко ле животот го давам мамо за него. Не раѓај мајко, лична Македонијо Не раѓај мајко, лична Македонијо, Не раѓај ќерки убави. Твоите ќерки, мајко Македонијо, Тиран ти граба на сила. Ти раѓај само, мајко Македонијо, Ти раѓај само синови. Знаме да развеат по Македонија, Народ да зберат, поробен. Твоите синој, по горја, планини, Крв си пролеват за тебе. Момите лични, убави прикажани, Венат си млади аргатки. |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не ми седи коконо
Не ми седи коконо не ми седи достојно, не ми седи мори крај портите. Ќе поминат коконо, ќе поминат достојно, ќе поминат мори клети турци. Ќе ти речат коконо, ќе ти речат достојно, ќе ти речат мори потурчи се. Ти да речеш коконо, ти да речеш достојно, Ти да речеш мори не се турчам. Не се турчам аго бре, не се турчам бегу бре, не се турчам да загинам. Не оди Сефер село Карбуница Нели ти реков, седи не оди, седи не оди, село Карбуница? Бре Сефер, аго бре, бре, клето Турче, бре. Бре Сефер, аго бре, бре клети арамија. Не оди Сефер село Карбуница, село Карбуница горе Ѓурчевица. Бре Сефер, аго бре, бре, клето Турче, бре. Бре Сефер, аго бре, бре клети арамија. Таму ми те чекат славните комити, славните комити, сè одбор јунаци. Бре Сефер, аго бре, бре, клето Турче, бре. Бре Сефер, аго бре, бре клети арамија. Тебе ќе фатат, глава ќе ти сечат, глава ќе ти сечат арамиска. Бре Сефер, аго бре, бре, клето Турче, бре. Бре Сефер, аго бре, бре клети арамија. Ќе ти пресечат глава до рамена, глава до рамена, нозе до колена. Бре Сефер, аго бре, бре, клето Турче, бре. Бре Сефер, аго бре, бре клети арамија. Не плачи Лено мори Не плачи Лено мори, не жалај де, не рони солзи мори крвави. Не топи море шајаче шарено, зар тука не је мори правено. В' Желево село мори предено, в' Желево село мори убаво. В' Желево село мори предено де, в' Желево село мори ткаено, охридски извор мори белено, на мермер града мори шиено. Девет терзии море го шиеле, триста си игли мори скршиле, товар си конци мори свршиле, в' Лерина града донесено, де, и на Елена ѝ е дарено, да носи Елена мори, да пее. |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не кажувај либе добра ноќ
Не кажувај либе добра ноќ не оди дома рано ти, најзгодно време е во ноќта прекрасна е оваа ноќ за нас. [х2] Сите спијат а ние сме сами користи драги ти мене, милувај бакнувај бескрајно волшебна е ноќ за љубење. [х2] Јас знам дека друга љубиш ти јас знам дека друга мамиш ти срцево мое е за тебе и не би го дала јас за друг. [х2] За мене пролет не развива за мене цвеќе не цути за мене ти си прва љубов и последна ќе ми бидеш ти. [х2] Не лажете се другарки Не лажете се другарки љубов да водите, љубовта е отровна отровен беше и тој. На улицата го сретнав, со друга стоеше со грбот ми се заврте и тивко ми рече. Јас си заљубив друга, заљуби си и ти. Писмата твои ги изгорев, изгори ги и ти. Од тука право дома на мама ѝ кажав. Запалив силен оган писмата ги изгорев. Од дома право си тргнав во Рилскиот манастир. Облеков црната руба до црната земја. Излегов да се прошетам и него го видов, со грбот му се завртев и тивко му реков. Познаваш ли ме познаваш која калуѓерка сум? Јас сум калуѓерката што верно те љубеше. Тогај се земја затресе и небо загрми, двајца се прегрнавме и мртви паднавме. Nе ми го лажи Ѓорѓи момето Не ми го лажи Ѓорѓи момето, џанам, момето ми е Ѓорѓи малечко. Момето ми е Ѓорѓи малечко, џанам, од седум-осумнаест години. Не ти го лажам бабо момето, џанам, оно се само лаже по мене. Оно се само лаже по мене, бабо, по мојта рамна снага висока, по мојта руса коса кадрава. Изменето од Miki_P - 08.Декември.2008 во 17:33 |
|
Miki_P
Сениор Регистриран: 29.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 985 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Народе Македонски
Народе Македонски, со какви идеи си ти? Доста веќе, разбуди се, свести се не спиј ти. Не знаеш кој си, што си, други тебе знајат, страм голем је за тебе, сам да се не знајеш. Исклаја жени, деца, во село Загоричани, а пред аскерот турски, фрлајте оружјето. Опинци долри носат, писќули долери, фустани раскапани, ем празни патрони. Каде е Караиванов и дружината му? Мелас, Каравангелис Битола в затвор је тој. Нарочува бело Менде, порочува Нарочува бело Менде, порочува: „Како знојеш, аџи Павле да си дојеш“. Да си доеш, аџи Павле пред Петровден, пред Петровден, аџи Павле, две недели. Ако не доеш, аџи Павле, пред Петровден, ќа го најеш бело Менде оможено. Не виткај се Софче Не виткај се Софче, не крши се како змија низ тревата, ко риба низ водата. Софче, алтан чедо на мајка Софче, не ги гори ергените. Кога на оро Софче заигруваш како сонце огрејуваш, без вино ме опиваш. Софче, алтан чедо на мајка Софче, не ги гори ергените. Јас сиромав Софче, сам самувам кога тебе те сонувам окa вино испијувам. Софче, алтан чедо на мајка Софче, не ги гори ергените. Не виткај се Софче, не крши се како змија низ тревата, ко' риба низ водата. Софче, алтан чедо на мајка Софче, не ги гори ергените. |
|
Внеси реплика | страница <1 89101112 30> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |