IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Љубов
  Активни теми Активни теми RSS - Напиши љубовен текст (дневник на вашата душа)...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Напиши љубовен текст (дневник на вашата душа)...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 58>
Автор
Порака Обратен редослед
Radijator Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Radijator Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2012 во 07:57
.............Гледам прекрасна жена, ама те гледам тебе............Прегрнувам перница и те замислувам тебе...........Лежам во кревет со непозната и давам корпа, бидејќи те гледам тебе во неа................Под сомневање е ставена мојата сексуална определба.............................Ама што да правам, таков сум јас, знам само едно..................ТИ СИ ЕДНА ,ЕДИНСТВЕНА И УНИКАТНА И ТЕ САКАМ САМО ТЕБЕ И НИКОЈ ДРУГ !!!!!!!
Just because i see the world with my own eyes, that doesn't make me a sinner !!!
Кон врв
vivi1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Легенда

Регистриран: 20.Јули.2005
Статус: Офлајн
Поени: 18941
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај vivi1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Септември.2012 во 16:18
ova od dusa ti dojdeизненадување
vivi
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Септември.2012 во 01:38
Мојата душа не е патека да поминеш и да си заминеш,мојата душа не е огин да се стоплиш и отидеш мојата душа е божји храм влезеш ли остануваш засекогаш
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Септември.2012 во 01:29
Јас на еден , ти на друг крај, како анѓели во небесен рај. Анѓелите се среќаваат со Бога, а ја и ти кога?!трепкање
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Септември.2012 во 01:22
...го симна шлемот, ги провре прстите низ косата...и низ моето срце....мечтаење
Кон врв
DARKDOG Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 218
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DARKDOG Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2012 во 10:51

Што барам јас овде? Прашање кое постојано ми одѕвонуваше во главата ама никој не ми го одговараше. Делевме бакнежи, прегратки, постела… а сепак не бев доволно добар за да ме претстави како момчето покрај кое се чувствува среќна. А дали навистина беше среќна? Беше! Ама очигледно јас не бев. Јас по се изгледа бев странецот на ова место… личност која мора да го крие својот идентитет за да не повреди нечија суета и имиџ.. Не беше истата онаа која до вчера ми го даваше своето срце, онаа чии воздишки ме исполнуваа, онаа која трепереше секогаш кога ќе ја допрев… Сега за нeа бев само личност која ја знае од видување, од мојот допир бегаше како од змија, погледот и насмевката и беа наменети за друга особа… и повторно… Што барам јас овде? За да бидам само уште една нашминкана и насмеана будала, да глумам некој кој никогаш не сакам да бидам?
Сакав да си заминам и да исчезнам одовде. Но, каде ќе одев?
На местото кое си го нарекувавме љубовно гнездо? Покрај реката која ги знаеше сите наши тајни? Во паркингот каде што го имавме првиот бакнеж?
На кое место и да одев во овој град секаде имаше дел од неа, дел од нејзиниот мирис, дел од нејзината коса, дел од нејзината рака… дел од неа… сè ме потсетуваше на неа… и можеби затоа останав. Решив повторно да ја проголтам кнедлата наречена гордост, повторно да бидам оној кој не сакав да бидам, бледа сенка на моето јас.
Заврши приемот, јас заминав порано, а таа дојде подоцна, за да не забележи никој дека сме биле заедно. Беше насмеана до уши и постојано ми кажуваше колку прекрасна вечер имала, како тоа сите ги одушевила со она што имала да го каже, како тоа сите и се воодушевувале на неа. А јас? Зарем немаше да ме праша како јас си поминав?
Очигледно не. Дури и додека водевме љубов чувствував дека нејзините воздишки се за поминатата вечер, а не за моменталното уживање. Ги затворив очите и се обидов да заспијам, да заборавам на сè она што доживеав денес.
Се роди ново утро, се растегнав, ги протрив очите, а таа сеуште спиеше невино во нашиот кревет. Ја бакнав во челото и тргнав кон кујната за да ја изненадам со појадок во кревет. Не бев многу вешт во готвењето меѓутоа она што го правев беше со љубов и можеби затоа имаше посебен неодолив вкус. Полека ја милував по лицето истовремено бакнувајќи ја за да се разбуди. Ги отвори очињата, ме погледна, се изненади од тоа што го виде и се израдува.
- Леле… фала ти… вау… колку е прекрасно… ммммммммм… дури и вкусно… мммм, фала ти многу фала ти…
Уживав додека ја гледав како појадува, како залче по залче ужива во она што јас и го бев спремил. Душата ми беше исполнета. Бев среќен. И тогаш… уште еден шок.
- Еј миличок, ќе може ли да те замолам за една услуга? Ќе ми дојдат подоцна некои луѓе вчер. Дали ќе можеш да прошеташ низ градот без мене? Задржи се неколку часа, види се со пријателите, прави што сакаш, да бидам на само со нив? Може?
Како велат старите? Убавото секогаш кратко трае!
- Во ред е. Ќе одам, немај гајле. Ѕвони ми кога ќе завршиш.
Се облеков набрзина, и со наведната глава излегов од станот. Не успеав ни да ја бакнам за довидување, таа и без тоа беше зафатена со средување на станот за гостинот кој требаше да пристигне.
Во градот веќе владееше предновогодишна атмосфера. Сите беа растрчани, подготвувајќи се за најлудата ноќ. Трговците ги триеја рацете од заработените пари. Само јас се губев во метежот, никој не ни ме забележуваше дека постојам. Бев како точка на крајот од текстот, сите свесни за моето постоење, но никој не ме забележува и никој не ми обрнува внимание. Го поминав плоштадот и тргнав да пешачам по кејот. По се изгледа ја бев згрешил локацијата, затоа што на кејот беа само парови седнати на клупи или држејќи се за рака пешачеа долж коритото на реката. Во нивните очи ја гледав безгрижноста, онаа безгрижност која велеше дека не се грижат дали некој ги гледа, дали некој им завидува, дали некој ги озборува, туку едноставно уживаат во моментот… во љубовта што ја имаат… Колку ли само посакував да сум јас на нивното место. Да ја почувствувам и јас таа среќа… да уживам во љубовта…
Зарем е можно толку многу да ја сакам за да и дозволувам да си игра така со мене? Како да бев премногу навикнат на неа за да можам да ставам крај на врската, која всушност не беше ни врска. Врската подразбира меѓусебно разбирање и поддржување нели? Без разлика на сè, тешко ми беше.
Мојата самодоверба веќе одамна почнуваше да исчезнува затоа што постојано наоѓав изговори за нејзиното однесување, дека е во право кога така ми прави. Можеби и јас не сум доволно вреден за да ме претстави пред другите, можеби другите ќе го исмејат нејзиниот избор. Но, чекај… А што е со моите чувства? Што е со она што јас го чувствувам и имам да го покажам? зарем тоа не се смета како моја одлика? Зарем јас сум натрапникот во оваа приказна? Како 13-то прасе бев отфрлен и моето мислење како да воопшто не беше важно.
Очигледно имав криза на идентитет. Се изгубив во светот. Се прашував кое е моето место под ова небо? Каде ли јас припаѓам?
Сакав да се ослободам од цела болка што ја носев во себе, сакав да чувстувам дека љубовта е реална. Јас морам некаде да припаѓам!
Бев збунет, гледајќи секаде само за да сфатам дека не е се така како што бев замислил. Ми пречеа туѓите погледи, чувстував презир од страна, како да сите ми се потсмевааа. Не можев веќе да издржам. Застанав на мостот, погледнав кон реката… и без многу двоумење се фрлив кон неа… комплетно отфрлајќи го сето она што цели 11месеци го градев… Не бев пливач што значеше дека ќе се борам само неколку секунди со водата пред комплетно да исчезнам од овој свет. Слушав во позадина како луѓето велат “Еееј… се фрли човек во реката… помогнете му… викнете полиција…“. Но, што и да стореа веќе беше доцна. Никој не можеше да ми помогне затоа што ЈАС самиот не си помогнав. Како што паѓав си го гледав пред себе целиот свој живот, сите победи, порази… сите насмевки, сите солзи… сите доживувања… сето она што ме правеше тоа што бев…
И тогаш… слушнав нечиј глас.
- Каде одиш чедо? И зошто си толку себичен? Зарем мислиш дека никој на овој свет не се грижи за тебе? Зарем мислиш дека си сам?
Никогаш нема да бидеш сам, освен ако ти не сакаш да бидеш. Постојат многумина кои уживаат во твоето присуство, постојат многумина кои им е мило да те видат, постојат многумина кои се среќни кога си со нив, постојат и многумина кои те мразат, кои не им е пријатно твоето присуство, постојат и никој од нив нема да исчезне, затоа што така сме се родиле, да не сакаат и да не мразат доволен број на луѓе. Никој не е совршен. Ако не постојат луѓето на кои не им се допаѓаш како ќе знаеш што грешиш, тие секогаш ќе внимаваат на твоите грешки исто како што твоите пријатели би внимавале на твоите победи. Затоа ти се потребни и двете страни за да можеш да си донесеш правилна одлука.
А што направи ти сега? Се откажа од себе.
Најлесно во животот е да се откажеш, а најтешко е да започнеш. Оние кои се откажуваат никогаш не успеваат да го пронајдат она што сакаат.
И кажи ми? ВРЕДЕШЕ ЛИ ДА СЕ ОТКАЖЕШ???

 

Кон врв
DARKDOG Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 218
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај DARKDOG Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2012 во 10:49

Таа е убава. Тој е шармантен. Таа е прецизна. Тој е несериозен. Таа е воркохолик. Тој сака да се излежува. Таа била бубалица. Тој бил седум пати на полагање и обично се снаоѓал. Таа е кариеристка. Тој е невработен. Таа потекнува од угледна фамилија. Тој е дете на разведени родители. Таа е дружељубива. Тој има само тројца пријатели. Таа е строга. Тој е опуштен. Таа живее здрав живот. Тој пуши и пие. Таа гребе грепки на лотарија. Тој игра покер и рулет. Таа спортува. Тој е дебел. Таа го полни фрижидерот во недела. Тој го празни до среда. Таа гледа документарци. Тој игра видео игри. Таа има мачка. Тој понекогаш посакува да ја отруе.
Таа ја обожава сината боја. Тој ги разликува само трите на семафорот и кон нив е апсолутно рамнодушен. Таа обожава чевли. Тој има еден пар патики од прелани. Таа секој втор ден пие кафе со сестра
ѝ. Тој со својот брат не се видел осум месеци, го избегнува бидејќи му должи пари. Таа ги знае родендените на сите од фамилијата на памет. Тој до сега четири пати си го заборавил својот. Таа сака цвеќиња. Тој сака зелка и марула. Таа сака да прелистува модни списанија. Тој сака да чита новина додека седи на шоља. Таа посакува, тој барем еднаш да ја изненади со романтична вечера по повод годишнината на нивната врска. Тој секогаш јаде хамбургер пред телевизор на тој ден. Таа сака романтика. Тој мисли дека таа премногу гледа шпански серии. Таа сака масажа под свеќи. Тој го сака задното седиште на автомобилот. Таа сака тивка музика. Тој сака да се откачат на рок журка. Таа сака да се држат за рака додека шетаат. Тој се чувствува истормозен од оваа формалност.
Таа сака тој да
ѝ се обраќа со милни зборови. Тој сака да ѝ се обраќа со „ГАД„. Таа сака да водат лјубов. Тој сака секс. Таа инсистира секогаш во спалната соба светлото да е изгаснато. Тој сака да ужива во секоја несовршеност од нејзиното совршено тело. Таа сака да добива ситни подароци од него како знак на внимание. Тој сака да ја гледа додека таа спие. Таа сака комплименти. Тој сака да ѝ пишува пораки на фрижидерот: „те сакам,„. Таа сака долги разговори по телефон. Тој сака само да слушне дека таа е во ред. Таа понекогаш смета дека тој не ја заслужува. Тој мисли дека е среќно копиле и го смета истото. Таа се залага за моногамна врска, но понекогаш флертува. Тој никогаш не погледнал друга жена. Таа го сака. Tој неа повеќе од себеси…

 

Ако некои животи создаваат совршен круг, другите се оформуваат на начин кој не можеме да го предвидиме и разбереме. Загубата е дел од животното патување, но ни покажува што е скапоцено како љубовта.
Зошто вака почнувам? Зошто вака продолжувам?
Седнат во мојата соба, во просторот во кој се чуствувам пријанто, исполнето, …..Тонот и сликата од телевизорот го одвлекува моето внимание, но сепак јас сум јас…. Емотивен,прашувајќи се колку е чуден животот заедно со луѓето во него.
Знам една девојка…
За неа ќе зборувам….
Поминала доста тешки моменти во животот…
Губи личност што и значи, но продолжува…
Губи личност што ја сака и е заљубена во него, но продолжува…
Губи личност за која се би направила, но продолжува…
Сама со своите мисли , без него ,продолжува…
Тешко е, но тоа е…
Утра исполнети со солзи, сонови реални, но сепак неостварени. Првата љубов не се заборава… таа опстојува и трае. Не верував во тоа никогаш, но и јас никогаш не ја заборавив. Во сонови го гледа, во сонови го бакнува, го прегрнува, но не е вистински тие се сонови за кои сонува повторно да бидат реалност како некогаш. Го сакаше премногу, и значеше премногу и свесна дека неможе без него, но собира сила да се соочи со тоа на кое не може да поверува, продолжува понатаму…. Се знае не може да направиш да бидеш сакан се што можеш да направиш е да бидеш некој кој може да биде сакан… Девојката заљубена на сто начини останува во љубов… После толку време се се менува… се се ипревртува. Се е старо-ново, ново-старо, старото продолжува како што очекуваше… Таа девојка е повторно среќна. Повторно е со него. Повторно се заедно, продолжуваат…. Неочекувано, но овојпат вистинито, реално и вистинито….соновите се исполнија повторно е со него. И сите тие погледи, бакнежи, прегратки повторно се споиа. Тој и го промени животот со само еден поглед, со еден збор. Неверојатно среќна, продолжува…..

 

 

Бев клошар во очите на сите околу мене, а не бев свесен ни зошто. Можеби поради тоа што бев добар кон сите, на никому зло не посакував и верував во добрината на луѓето. По се изгледа бев премногу наивен и можеби токму затоа бев честопати повредуван. И во љубовта немав среќа, затоа што имав да понудам само срце кое искрено љуби и сака. Тоа едноставно беше премалку за сите оние девојки кај кои се обидов. За мене потоа почна да кружи муабет дека се нудам на сите девојки од сите сум одбиван. Не ми беше лесно, како се да правев погрешно. Почнав полека да се губам себе и својот идентитет. Неможев повеќе да издржам да гледам како пропаѓам и токму затоа решив повеќе да не си ја вложувам својата енергија во бесполезни работи, туку да се насочам кон своето надградување и унапредување. Полека, но сигурно почнував да си го пробивам својот пат во животот. Можеби немав девојка покрај мене, но сепак имав работа која што ме исполнуваше максимално. Колку повеќе работев и вложував, толку повеќе успеси почнаа да ме следат и врати насекаде да ми се отвараат. Бев среќен поради тоа што ми се исплатеше секоја жртва што ја бев дал, секоја капка пот што ја вложував во своите дела, се ми се враќаше.
Почнав да го живеам својот сон.. Сега во нејзините очи сум друг, а не сфаќа дека јас бев и останав истиот. Не сум променет ни најмалку. Па ако не ме сакаа тогаш. зошто би ме сакала сега? она што ме опишува туку се нешто кое доаѓа и си оди.
Немав никој кога ми беше најпотребно и кога бев на дното, па што ќе ми се сега кога имам се што посакувам? Не ми се потребни дволични луѓе и умилкувачи. Светот и без тоа е преполн со нив, нели?
Научив да уживам во сето она што си го заслужив со многу труд и мака.
Најголемата поука што ја извлеков од тоа беше дека “Човек е вреден се додека луѓето имаат корист од него, а потоа? Потоа станува минато”
Јас не станав минато затоа што не дозволив никој да ме искористува туку се што вложував вложував во себе и во она што знаев дека знам да го правам најдобро и ми се врати и мило ми е поради тоа. Затоа и тебе ти препорачувам. Престани да се угледуваш на другите и да посакуваш да живееш некој друг живот. Ти веќе имаш се што ти е потребно да си го оствариш својот сон, само што сеуште не си почнала. А што чекаш?
Утре е веќе доцна за почеток, почни од денес и не запирај. Светот ќе се поклони пред твојата големина. Биди голема и оствари го сето она за кое си мечтаела.

 

 

Беше тоа уште една вообичаена ноќ помината сам во мојата соба, дружејки се со ново шише алкохол,полна пепељара пикавци и многу мизерија.
Ме чека нова борба, се влечам, собирам сила да го подигнам лицето од подот и размислувам на тебе грешна светицо.
Твојот отров ме обвива со тага и неможам да се сокријам.
Разумот ми вели “не, доста е” додека срцето бие трпеливо, наоѓа надеж и сеуште моли за уште малку време.
Но, денот може да дојде, кога јас ке го изгубам ова срце и сета надеж ќе изчезне засекогаш, кога сето ова ке биде сеќавање на една слатка мизерија.

Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2012 во 01:47
Немој..

Немој никаде да одиш. Не вели ништо. Погледни ме: ова е само живот, нема ништо страшно овде. Остани. Направи перница за мене од твоето рамо. Направи кревет од твојата душа. Да ти сонувам. Да ти бидам како што си ми. Не вели ништо. Ќе ти ја постелам кожава, можеш да ја облечеш ако ти студи. Можеш да го избришеш времето со неа. Остани. Ќе ти бидам време и никој нема да знае дека часовникот отсекогаш зборувал тишина. Ќе ти ги прераскажам сите љубовни приказни и ќе знаеш дека беа мои само за да научам дека во љубовта траеш колку што траеш во очите. Ми светиш во зеницата. Ми светиш во главата. Ги закопувам стравовите со овој збор. Се плашам само од сопствената желба за добро. Во добрината може да те прегази цело небо. Може да те размине секој човек. Мојата добрина за тебе ја нарекувам живот. Остани. Доброто се враќа со смеење. Ќе ти се врати како чекање. Човек мора да им се радува на лампионите, колку елката да има смисла. Ти ги чувам сите свои дарови под мојата стреа. Нема да скапаат никогаш. Нема никој да ги земе. Нема побезбедно место за твоето лице од оваа бучност во мене: кога светот ми го вика твоето име, а јас знам дека се повторува моето. Си имаме исто име. Така добро ми натежнува. Како раснење. Во името и со него. Човек секогаш може да си го избере сопственото име.
Остани. Немој никаде да одиш. Не вели ништо. Погледни ме: времето стои кога не си тука. Ништо не се случува. Никој не доаѓа. Зборот расне во мене за цел век живеење. Раснам во себе. Тоа твоите очи ми направиле живот.
Не стигнувај никаде со друго лице во очите. Гледај ме. Не оставај ме. Чувај ме како што те чува тапанот во моето срце. Со удари кои одбројуваат живот. Со тропот на чевел кој гази на мост што се клати- колку да стигне од другата страна на виножитото. Не стигнувај никаде без моите допири. Без моето време. Ќе нема кој да ти го чува стравот во сонот. За тоа сум јас. За да ти го заспивам сонот кога ноќта ти е отидена во некоја друга ноќ некаде. За да те вратам дома- во оваа соба каде времето почнува и завршува. Речи ми го она кое ти го велам. Повтори ми го срцето како што те повторувам со јазикот. Немам глас. Ми ги знаеш сите зборови. Речи нешто. Не вели ништо. Немој без моето лице да одиш. Не заборавај ме.
Немој никаде да одиш. Легни во мене. Сонувај. Ќе нé покријам двајцата со сето кое го имам. Ова горе. Едно небо. Толку мое. Легни ми на градите. Слушни ми го срцето. Тоа твоето име тропа внатре. Така заспивам. Така те будам. Со себе за тебе низ векот кој претстои.
Вдиши.
Ќе има друг сон за нас.
Направени сме од сништа, јас и ти. И ѕвездите.
Ова овде е само дел. Сето стои во идно време. Претесен збор.
Остани. Рано е. Ѕвездата уште не ми излегла на челото. Таму ме бакна прв пат. Таму те носам: како белег од раѓање по кои се познаваат оние кои го знаат небото.
Не кажувај ништо. Зборот – име ми вреди во животот колку живот.
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Април.2012 во 17:34
п.с. Ова не е љубовен текст, ама е напишан од душа...

Денес сум среќна како никогаш, среќна затоа што те немам покрај мене, среќна затоа што сум слободна... Случајно или не, разбрав дека се средуваш (ако може да се нарече твоето живеење “средување„). Мило ми е што јас такво нешто не дочекав... Му благодарам на Бога, што сепак ме насочи на прав пат, ме тргна од тебе.Покрај тебе научив да го ценам она што мислев и дека не е толку важно. Со многу болка и крв го платив времето поминато со тебе и сеуште плаќам, но мило ми е што и ти го дочека своето. Знам дека ако останев со тебе,ќе живеев како во пекол,а животот во гетото ќе беше бајка. После толку време се смеам и имам мир во душава, ноќите не се проклетство, туку спокој, утрата не се казна, туку подарок...Иако моето не е завршено, се надевам дека ќе го најдеш твојот спокој покрај твоето ново семејство...
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
LGBT Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 23.Март.2012
Статус: Офлајн
Поени: 114
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LGBT Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Март.2012 во 19:56
Хеј, знаеш како затреперувам секој пат кога ќе те видам знаејки дека никогаш нема да те имам за тоа што си стрејт?
Знаеш колку солзи имам пролеано?
Ме убива помислата дека можам да завршам сама, само затоа што со мојата сексуална ориентација сум во малцинството.
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2012 во 01:01

Тажни чекори ....
Болни воздишки помеѓу мртвите ѕидови на нејзината осамена соба...
Одекнува зората - и таа повторно е сама...
Повторно ги крие своите солзи...
И повторно се опива со тагата!!...
Беа среќни нејзините денови кога таа уживаше во нишките на љубовта... Едвај го чекаше секое изгрејсонце и секој нов, нареден ден за да може да сака со уште поголема сила и уште повеќе да биде сакана од својата љубов, она што за неа претставуваше извор на енергија, среќа... Живот!
Кога ќе ја почувствуваше силата на неговата дланка, таа и беше најсилна, можеше се... Не беа важни сите препреки и бариери...
А пак неговата топла прегратка и го топеше срцето и смируваше душата неизмерно... Засекогаш!
Секој негов допир за неа беше свет!
Секој негов бакнеж таа го почитуваше, паметеше и го пазеше како очите....
Секој нов ден им носеше нова радост... Иако по малку, тие тоа го ценеа.. Ронка по ронка, дел по дел - собраа богатство од љубов кое не би го менувале за ништо на светот..
Кога таа тагуваше, тој само со еден свој поглед и испраќаше нежна утеха и поддршка за да ја крени главата и да продолжи напред! А кога тој немаше кому да се обрати, таа беше неговата верна сенка и рамо за плачење кое останало од порано и ќе останува и понатаму...
Шетаа под сонцето и мирните облачиња.. Беа единствени, сами, среќни..Сонцето им ги галеше лицата со својот блескав сјај, а ветрето си поигруваше со децата во нив!
Шетаа под ѕвезденото небо... Таа имаше покрај него што и да посакаше, тој и воопшто и беше се...! Но, сеуште не и симнал ѕвезда.. Неговите две очи беа најсветлите и најпрекрасни ѕвезди за самото девојче во целиот свет!! Ништо повеќе не и требаше, меѓусебно се надополнуваа и ја гасеа жедта за нивната силна љубов!!
Пристигна и наредното утро... Часовникот не ѕвона, таа веќе беше будна и нестрпливо го потеруваше времето напред за да ја пречека својата љубов! Есен, тажни лисја низ патиштата, а во нејзиното срце чуден немир.. Што се случува? Каде е? Грешам ли?
Не дојде, ни тој ден, ни наредниот... Се изгуби во бескрај, а и таа се изгуби... Не знаеше каде е нејзиниот дух, тој го поведе со себе.. Тој беше нејзиниот живот, па како можеше сега и него да го загуби?? Толку ли беше способна? Толку ли таа искажа љубов??
Се обвинуваше со минути, часови, денови... Времиња!
Го изгуби неговиот допир во далечината...
Таа сакаше и беше сакана, значи постоеше!
А како ќе постои од денес натаму?? Да се заклучи во своето тело или да маскира насмевка? Не знаеше сама, не бараше помош....
Ја опиваше тагата, ја труеше нејзината душа!

Го гореше нејзиното срце и го посетуваше пеколот!

Опиумот се повеќе ја заспиваше отколку што ја будеше нејзината тенка снага...

Продолжи да ја живее сенката што останалa од нејзиниот живот, бидејќи оригиналниот замина.... 


Засекогаш!!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2012 во 19:19
ТВОЈА СУМ

Од некаде се појави
и срцево во окови ми го стави.
Ме зароби.
Со кого војуваш
чувару на моите замоци?
Со онаа со која
бесрамно љубов водиш
во глуво доба?
Твоја сум.
Душава тебе ти припаѓа.
Поради тебе и во пеколот 
спремна сум да горам!
Демон ли си?
Ангел ли си?
Твоја робинка ме направи.
Скини ги синџирите 
во кои ме окова.
Поведи ме по зелена ливада
со полско цвеќе.
Како млада селанка
босонога,
љубов води со мене
покрај река.
Покажи ми како со рака
врвовите на планините
да ги допрам,
стави го сонцето
во моите очи.
Смири го немирот 
во мене.
Скроти ме!
Урни ги бедемите
кои ги изградил животов 
околу мене.
Сакам без страв да те љубам.
Само ЈАС и ТИ.
Две судбини во проклетствово
што се вика ЖИВОТ!!



На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Февруари.2012 во 11:59

Никогаш нема да можеш да ги избегнеш злобните коментари и озборувања на твоја адреса! Без разлика што правиш или не правиш, што зборуваш или што премолчуваш, секогаш ќе има незадоволни! Едноставно запомни, дека ако беше никој, немаше и да те коментираат!

Животот не ти ги дава луѓето што ти ги сакаш. Тој ти ги дава оние од кои имаш потреба. Да ти помагаат. Да те повредуваат. Да те сакаат. Да те напуштат. И да те направат човекот што треба да бидеш…

Љубовта е да ја раздаваш душата без жал и во истиот миг да заборавиш кому што си му дал!

Нема полесна вежба за срцето од тоа да протегнеш раце и да го подигнеш духот на некого!

Ако остануваш – остани за секогаш!

Ако заминуваш – стори го тоа денес!

Ако се промениш – тоа нека биде на подобро!

Ако зборуваш, биди убеден во тоа што го кажуваш…

Понекогаш она што ти дава сила е твојата слабост…

Не секогаш е лесно да зборуваш тивко…Особено кога живееш во опшество на глуви!

Пазете се од луѓе кои се обидуваат да ги омаловажат вашите успеси и амбиции. Малите луѓе секогаш ќе го прават. Додека вистински големите ќе ве направат да почуствувате дека и вие можете да станете големи!

Кога си навистина важен за еден човек, тој секогаш ќе најде време за тебе – без извинување, без лаги и без неисполнети ветувања.

Можеш ли да бидеш сигурен која болка е полоша – шокот од тоа што веќе се случило или болката од она што никогаш не било?

Кога ја пишуваш историјата на својот живот, не дозволувај друг да го држи пенкалото!

Животот е премногу краток, за да го поминеме во чудење. Ако сакате да направите нешто, направете го. Секогаш! Дури и ако после се покаете, дека не било тоа што сте си го мислеле…

Живеј за себе и запомни – пред да зборуваш, слушај, пред да пишеш, мисли, пред да повредиш, почуствувај, пред да мразиш, сакај, пред да се предадеш прво пробај, пред да умреш, живеј!


......напишано  од  Попара......

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2012 во 10:29

Како го помина денот што за сите беше обичен
освен за мене  заради здивот што го издишуваш во него...???

Дали ноќва сонуваше  и дали јас бев внатре?
Како ги толкуваше моите слики ....а како моите зборови?
Дали денеска имаше проблем ...со конвенционалноста на светот
или некој ти се додворуваше...зашто не знаеше дека постојам
На што мислеше додека гледаше  ...во стапалата што те враќаа дома?
Дали бојата на лисјата ...е бојата на нашите души
и дали измаглината те носи ...кон сонот додека буден чекаш
денот да те поздрави.....?
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 58>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.