IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за торти и други благи работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за торти и други благи работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 56>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јануари.2015 во 13:11

ВКУСНИ БОМБИЦИ СО БАНАНА, КОКОС И ЧОКОЛАДО

18

Потребни состојки:

  • 3 банани
  • 150гр шеќер во прав
  • 150гр мелени ореви(може и мелени бисквити, тогаш намалете на шеќерот во прав)
  • 150гр кокос

Подготовка:

Испасирајте ги бананите со вилушка, додадете ги другите состојки и се добро измешајте да се соедини. По потреба додадете ореви или кокос. Направете бомбици и валкајте ги во рендано чоколадо или кокос.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2015 во 16:38

ТРИ ЛЕЧЕ

Состојки

  • тесто
  • 10 јајца
  • 10 лажици шеќер
  • 10 лажици брашно
  • прелив
  • 1 литар млеко
  • 500мл слатка павлака
  • 500мл кондензирано млеко
  • 300гр готов карамел

Подготовка

Се кршат  јајцата со шеќерот и се додава брашното, лажица по лажица за да се изедначи смесата. Се пече во длабок плех 20×30.

На страна се мешаат трите млека и кога пандишпанот е готов со печење, се прелива.

Се сече на коцки и се става карамел ( готов карамеил или пак со стопени карамели)

Добар апетит!



Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:25
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2014 во 08:34

Новогодишен брз спас: Чоколаден колач за некоја минута


Како се ближи Нова Година така ние имаме се помалку време за да ја подготвиме празничната трпеза која сме ја испланирале. Најчесто за десертот планираме нешто големо, за на крај да брзаме и да направиме некоја торта или пак колач набрзина.

Ние ви предложуваме наместо празниците да ги поминете покрај рерната во кујна, слаткиот и брз спас се крие во колачот која може да ја направите за неверојатни 15 минути. Направете повеќе вакви парчиња одеднаш и ете ви цела торта. Доколку сакате повеќе шолји колач тогаш за толку зголемете ги дозите.

Овој рецептот ќе ви заштеди време и обезбеди слатко уживање на празничната трпеза:

Состојки:

  • 30 гр. какао во прав
  • 90 гр. брашно
  • Малку сол
  • Прашок за печиво
  • 20 гр. шеќер
  • 6 мали лажички билно масло
  • 80 мл. млеко
  • Половина лажица екстракт од ванила

Подготовка:



Помешајте ги сувите состојки. Потоа додајте ги течностите и добро промешајте.

Смесата ставете ја во мал калап за торта, а ако сакате поголема количина зголемете ја количината состојките пропорционално.

Печете на 180 степени околу 12 до 15 минути.

Ако сепак сакате малку да ја декорирате тортата, чоколадната глазура или растопениот еурокрем е секогаш ефектно решение.

Пријатен апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Декември.2014 во 10:26

 Овошна елка

Потребни состојки:

  • 300g мелени бисквити
  • Сок од еден портокал

За фил:

  • 500ml млеко
  • 8 лажици шеќер
  • 9 лажици брашно
  • 250g путер
  • 2 лажици шеќер во прав

За украсување

Неколку кивија и кандирани рибизли

Подготовка:

Измешајте ги бисквитите и сокот од портокал и од смесата направете облик на поголема елка. За да го подготвите филот прво ставете 300 ml млеко да се загрее, а на страна во 200 ml млеко измешајте ги шеќерот и брашното. Кога ќе зоврие загреаното млеко, додајте ја смесата со брашното и шеќерот. Варете 1-2 минути. Изматете ги и путерот и шеќерот во прав, па додадете ги во изладениот фил и сетот тоа соединете го со миксер.

Исфилувајте ја кората и внимавајте да го задржи обликот на елка, а потоа исечкајте ги кивијата на тенки кругови и наредете ги врз филот , а рибизлите додајте ги како лампиони.

napravete-gi-5-te-najvkusni-novogodisni-elki-3.jpg



 Елки - пуслици

Потребни состојки:

  • 150g шеќер
  • 1 лажичка лимонов сок
  • Прехранбена зелена боја
  • Малку шеќер во прав и стопено чоколадо

Подготовка:

Изматете ги белките со шеќерот. Откако ќе добиете еднолична смеса додајте го лимоновиот сок за да ви остане поцврст шлагот. Измешајте и додајте ја зелената прехранбена боја, па со шприц на хартија за печење во плех формирајте елки. Печете ги во рерна околу 60 минути на 130 степени. На крај наросете малку шеќер во прав како да има снег и на врвот додајте мала ѕвезда направена од стопеното чоколадо.

napravete-gi-5-te-najvkusni-novogodisni-elki-4.jpg



Изменето од Valerija - 28.Декември.2014 во 10:27
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2014 во 08:48

Спас во последна минута: Чоколадна торта готова за 15 минути


Наместо празниците да ги поминете покрај рерната во кујна, слаткиот и брз спас се крие во тортата која може да ја направите за 15 минути.

spas-vo-posledna-minuta-cokoladna-torta-gotova-za-15-minuti-01.jpg

Рецептот кој ќе ви заштеди време и осигура слатко уживање на празничната трпеза е следниов:

Состојки:

  • 30g какао во прав
  • 90g брашно
  • Малку сол
  • Прашок за печиво
  • 20g шеќер
  • 6 мали лажички билно масло
  • 80мл млеко
  • ½ лажица екстракт од ванила

Подготовка:

Помешајте ги сувите состојки. Потоа додајте ги течностите и добро промешајте.

Смесата ставете ја во мал калап за торта, а ако сакате поголема количина зголемете ја количината состојките пропорционално.

Печете на 180 степени околу 12 до 15 минути.

Ако сепак сакате малку да ја декорирате тортата, чоколадната глазура или растопениот еурокрем е секогаш ефектно решение.

Наместо празниците да ги поминете покрај рерната во кујна, слаткиот и брз спас се крие во тортата која може да ја направите за 15 минути.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2014 во 22:02

ПОЛНЕТИ ВАНИЛИЦИ

Состојки:- 2 јајца
– 1 лажица павлака
– 1 лимон
– 350 гр брашно за тесто
– 125 гр шеќер за тесто
– 1 прашок за печиво за тесто
– 125 гр путер за тесто
– 4 лажици млеко за тесто
– 250 гр мелени ореви- за фил
– 150 гр суво грозје-за фил
– 200 гр шеќер за фил

Подготовка:

Во сад за матење ги ставаме брашното, путерот и млекото. Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчКите. Жолчките ги додаваме во садот за матење, а белките ги оставаме во сад настрана. Го вклучуваме миксерот но со мешалките за тесто. Во садот додаваме 125 гр шеќер. Откако состојките ќе се соединат го исклучуваме миксерот. Лимонот го сечеме на половина. Го цедиме во цедалка. Мелените ореви ги ставаме во поголем длабок сад. Додаваме 200 гр шеќер. Го додаваме сувото грозје, павлаката и лимоновиот сок. Мешаме со лажица. Во садот за матење го додаваме прашокот за печиво. Го месиме тестото со рака. Тестото го ставаме на набрашнета работна маса и го месиме со раце. Од тестото формираме долгнавеста форма. Ја сечеме на половина. Од првата половина формираме долгнавеста форма. Ги набрашнуваме работната маса и тестото. Со сукалка развлекуваме правоаголна кора. Ја превртуваме кората на работната маса. Уште малку ја рассукуваме. Со готварска четка краевите на кората ги премачкуваме со масло за јадење. На средината на кората нанесуваме половина од претходно подготвениот фил. Виткаме ролат. Краевите на ролатот ги свиткуваме кон внатрешната страна за да не испаѓа филот. Тавата за печење ја намрснуваме со путер. Во тавата ги ставаме двата ролата. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 30- тина минути на температура од 180 степени. Ја вадиме тавата од рерна. Со алатка ги оделуваме ролатите еден од друг. Го ставаме првиот ролат на даската за сечење. Ролатот го сечеме на парчиња со широчина од два сантиметри. Со цедалка парчињата ги наросуваме со шеќер во прав. Полнетите ванилици скалесто ги редиме на чинија за колачи.



Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:24
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2014 во 19:42

Колач со кафе


Состојки:

120 гр. брашно
1 лажичка екстракт од ванила
400 гр. шеќер
2 лажици инстант кафе
150 гр. чоколадо за готвење
250 гр. путер несолен
1 лажица цимет
1/2 лажичка сол
5 јајца големи

Упатство:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете ја решетката на средина. Намастете и ставете малку брашно во правоаголна тава (33 x 23 cm). Во тенџере растопете го путерот, чоколадото и кафето со постојано мешање додека не се изедначи. Тргнете го тенџерчето и оставете да се излади (додека не стане млако). Додадете го шеќерот и екстрактот од ванила и мешајте со жица за матење. Додавајте едно по едно јајце и продолжете со матење, додека не се изедначи смесата. Во друг сад измешајте ги брашното, солта и циметот и со постојано мешање додавајте ја чоколадната смеса. Вака приготвената смеса распоредете ја во тавата за печење и печете околу 25 до 30 минути. Оставете го колачот да се излади и исечете го на коцки (5cm).



Изменето од Valerija - 21.Декември.2014 во 19:42
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2014 во 19:25

ПОВКУСНО ОД ОВА НЕМА: ПАРФЕ ТОРТА

13

Состојки:

Кора:

3 јајца

7 лажици шеќер

7 лажици брашно

2 лажици какао

5 лажици млеко со рум

Темен крем:

10 лажици шеќер

300 мл вода

3 жолчки

2 јајца

200 гр чоколадо

250 мл слатка павлака

3 пакетчиња желатин

Бел крем:

10 лажици шеќер

300 мл вода

3 жолчки

2 јајца

200 гр бела чоколада

250 мл слатка павлака

3 пакетчиња желатин

Прелив:

50 гр чоколадо

2 лажици масло

Подготовка:

Кората ја добиваме така што од белките матиме со шеќер цврст снег, па ги додаваме жолчките, брашното и какао. Печеме во тркалезен калап околу 25 см пречник. Печената и оладена кора се попрскува со млекото со рум.

Темен крем:

Шеќерот и водата се варат, се матат 2 белки и посебно 5 жолчки. Сирупот од шеќер внимателно се додава во белките па потоа и жолчките се спојуваат со зашеќерените белки. Оваа смеса се меша со жица, не со миксер. Оставете да се олади па во ладното додадете ја слатката павлака и на крај желатин. Оваа смеса се префрла во тркалезен калап со исти димензии како оној за кората и се остава добро да се стегне и олади.

Светол крем:

Се се прави исто како и за темниот крем, само што чоколадата е бела. И овој крем мора да отстои во истиот калап како и темниот крем и кората.

Двата крема кога ќе се стегнат ставете ги врз кората, прво темниот па светлиот. Стопете чоколадо со масло на пареа и со ова украсете ја тортата.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2014 во 19:24

ЛЕСНА И ПРЕВКУСНА БУТЕР ТОРТА

13

Состојки:

1 кг бутер тесто (замрзнато лиснато тесто- само да напоменам дека пред употреба треба да стои барем 12 часа во фрижидер за да се одмрзне убаво за да може да се обработи понатаму )

1,5 пакетчиња пудинг од ванила

750 мл млеко

15 супени лажици шеќер

100 гр путер

200 мл слатка павлака

150 гр чоколадо за готвење

Растегнете го бутер тестото и поделете го на три еднакви правоаголници. Парчињата поставете ги во тавички обложени со хартија за печење. Корите се печат во претходно загреана рерна на висока температура се додека не добијат златно-кафена коричка. Направете го пудингот според упатството. Оставете да се олади, па во пудингот додадете го матениот путер и добро измешајте. Додадете ја во кремот и матената павлака, при што се меша само во еден правец за да не спласне. Ставете ја првата кора во соодветна според димензии тавичка и намачкајте ја со дебел слој од кремот. Потоа следува второто бутер тесто и повторно крем. На крај оди третото бутер тесто кое се покрива со стопеното чоколадо. Торатата треба да отстои 5-6 часа во фрижидер пред да се сервира.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Декември.2014 во 17:12

Вкусни божиќни колачиња: Слатки ѕвезди


Ова време од годината е совршено за да се топлите по дома и да подготвувате вкусни божиќни колачиња. Ние овојпат решивме да ви понудиме рецепт за слатки ѕвездички, а доколку користите мармалади од разновидно овошје, тогаш ќе добиете и разнобојни колачиња.

Потребни состојки:

За тесто:

  • 250 гр. маргарин (или 200 гр. путер)
  • 500 гр. брашно
  • 150 гр. шеќер
  • 2 јајца
  • 1 ванилин шеќер

За филот:

  • Мармалад
  • Прав шеќер за посипување

Подготовка:

Измешајте го брашното, шеќерот и прашокот за печење и ванилиниот шеќер. Додадете го исецканиот маргарин и замесете ја смесата. Потоа додадете јајца и уште еднаш премесете.

Расукајте го тестото, па потоа со модла вадете ѕвездички. На секоја втора ѕвезда со помала модла во вид на ѕвездичка извадете ја средината. Доколку немате модли, тогаш сечете го тестото со нож во вид на ѕвезди.

Испечете го тестото. Откако ќе добиете кекс, спојте ја полната и ѕвездичката со дупка во средината намачкајте со мармалад. Истото направете го и со помалите ѕвездички, па сервирајте ги заедно со големите. Сите посипете ги со шеќер во прав.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2014 во 23:36

ВИСТИНСКА ЧОКО-МАНИЈА

27

Одличен десерт за љубителите на чоколадото !!!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За кора:

250 грама путер

140 грама шеќер во прав

140 грама чоколадо за готвење

5 жолчки

5 белки

140 грама брашно

За фил:

7 јајца

7 лажици шеќер

125 грама путер

100 грама бело чоколадо

За глазура:

140 грама шеќер во прав

¼ литри топла вода

180 грама чоколадо за готвење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Путерот пенасто изматете го, додадете го шеќерот и убаво изматете. Стопете ја чоколадата и додадете ја на изматениот путер. Со постојано миксирање додадете една по една жолчка. Од белките направете шлаг и додадете го во смесата од путер и жолчки, убаво измешајте со лажица и пополека со постојано мешање додадете го брашното.

Калапот за тестото намачкај те го со путер и посипете го со брашно. Налиј те го тестото.

Печете на 150 степени Целзиусови 1 час.

Жолчките сварете ги на пареа. Додадете го чоколадото и оставате да се олади. За тоа време направете шлаг од белки и пенасто изматен путер. Сите состојки убаво измешај те ги.

Глазурата за тортата припремете ја на следниот начин. Шеќерот во прав прелиј те го со ¼ литар топла вода и мешајте додека шеќерот не се стопи. Потоа додадете ја чоколадата и садот ставете го на оган и варете се до моментот додека целото чоколадо не се стопи и не добиете маса со густина на прелив.

Оладениот пандишпан поделете го на 2 кори. 1 кора нека биде потенка. Редите кора, фил –кора-фил- глазура. Декорирајте по желба.

Уживајте во вкусот!!!

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Декември.2014 во 23:33

БЕЛАТА ДОЛИНА

26

Потребни состојки за кората:

–      6 белки

–      200 гр шеќер

–      лажица оцет

За првиот фил:

–      12 жолчки

–      200 гр шеќер

–      4 лажици пудинг од ванила

–      1 л млеко

–      250 гр маргарин

За вториот фил

–      300 гр чоколада

–      250 гр маргарин

За декорација:

–      2 кесички желатин

–      1 л млеко

–      250 гр шеќер

–      350 гр шлаг крема од ванила

Подготовка:

Изматете цврст снег од белките, па додавајте лажица по лажица ид шеќерот и на крајот оцет. Смесата поделете ја на два дела. Испчете две кори.

За првиот фил: изматете ги жолчките со шеќерот, пудингот и 100 мл млеко. Постепено додавајте ги во останатото млеко кое врие. Мешајте постојано. Откако ќе добиете густ крем, тргнете го садот од оган. На страна изматете го пенесто маргаринот, па додадете го во изладениот крем.

Растопете ја чоколадата на тивок оган. Маргаринот изматете го пенесто и во него додадете ја изладената растопена чоколада.

За декорацијата: изматете го желатинот во ладна вода со шеќерот и варете го петнаесетина минути на тивок оган. Изматете ја шлаг кремата и соединете ја со изладениот желатин. Филувајте по овој редослед: кора, прв фил, кора, втор фил, па декорација.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2014 во 21:26

Слатки бомбици од бадеми и кафе


Збогатете си ја трпезата со вкусни топчиња со вкус на јаткасти плодови и омиленото кофеинско уживање. Послужете ги и изнудете слатка насмевка!

slatki-bombici-od-bademi-i-kafe-01.jpg

Потребни состојки:

  • 150g мелени бадеми
  • 150g шеќер во прав + 4 до 5 лажици за валкање
  • 4 лажици инстант кафе
  • 2 белки
  • 1 ванилин шеќер

Подготовка:

Помешајте ги бадемите, шеќерот во прав, ванилиниот шеќер и кафето, па со непрестанато мешање додајте ги матените белки додека смесата не стане густа.

Направете топчиња, извалкајте ги во преостанатата изматена белка, а потоа во неколкуте лажици шеќер во прав.

Ставете ги во подмачкан плех со хартија за печење и печете 10тина минути.

По желба украсете ги со стопено чоколадо или сечкани бадеми.

Послужете и уживајте!


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2014 во 21:14

БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: ЛЕДЕНА ЧОКОЛАДНА ТОРТА СО БИСКВИТИ

17

Состојки:

3 пакетчиња шлаг крем од чоколадо

0,5 л чоколадно млеко

100 мл млеко

200 гр маргарин

150 гр чоколадо

100 гр шеќер во прав

2 жолчки

350 гр бисквити

Подготовка:

Изматете ги шлаг кремите со двете врсти млеко. Чоколадото стопете го, па оставете малку да подолади.
За тоа време изматете го маргаринот со шеќерот и жолчките, па на крај додадете го стопеното чоколадо.
Смесата истурете ја во изматениот шлаг крем и измиксирајте да се соедини.
Додадете ги бисквитите искршени на парчиња. Убаво измешајте и излијте ја смесата во калап обложен со најлон фолија. Ставете ја во замрзнувач неколку часа или преку ноќ за да се стегне. Се декорира по желба со рендана чоколада, шлаг, павлака и сл.

Тортата се чува во замрзнувач, лесно се сече откако ќе се извади и се служи студена.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 56>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.