IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за солени јадења
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за солени јадења

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 30>
Автор
Порака Обратен редослед
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2012 во 18:17

Сочна печена мисирка




СОСТОЈКИ
• 1 мисирка од 4–5 кг
• неколку парчиња тенко исецкана димена сланина
• 1 главица кромид
• 1 праз
• малку лук
• сол
• вегета
• 1 дл масло за јадење
• 2–3 дл бело суво вино
• чаша пиво
• 2 ловорови листови

ПРИГОТВУВАЊЕ
Откако целосно ќе ја одмрзнете мисирката, премачкајте ја со вегета и толчен лук. Направете засеци по нејзината површина со помош на нож и наполнете ги засеците со сланина и лук. Потоа, мисирката ставете ја во огноотпорен сад, заедно со маслото, ловоровиот лист и белото вино. Оставете ја да отстои минимум 4 часа (пожелно е да ја оставите цела вечер) со повремено превртување, за  рамномерно да впие од виното од сите страни.

Внатре во мисирката ставете ја главицата кромид и исецканиот праз. Ставете ја да се пече во добро загреана рерна на 250℃. По 15-тина минути, намалете на 150℃ и оставете да се пече околу 4 часа.

Откако ќе испари целата течност, прелите ја со пиво и печете уште малку, односно додека не зарумени. Откако ќе ја извадите од рерната, пред да ја послужите можете да ги извадите кромидот и празот. Како прилог, најдобро би оделе печени компири.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2011 во 20:41

Полнети компири со кашкавал и печурки

 


Кога треба да приготвите јадење за повеќе луѓе, многу е тешко да подготвите нешто со кое сите ќе бидат задоволни.

Треба да смислите јадење кое е составено од едноставни состојки, кои ќе бидат прифатени од повеќето гости. Совршена комбинација за такви ситуации се компири и кашкавал. Во таков случај, нема да погрешите.

Полнети компири со кашкавал и печуркиОвој рецепт, кој претставува балканска комбинација од швајцарскиот раклет и лазањи, е вкусна и креативна комбинација, направена од состојки кои се омилени за многумина.

СОСТОЈКИ
• 8 компири со иста големина
• 200 гр шампињони или вргањ
• 100 гр кашкавал (едамер или друг погоден за топење)
• 1 главица кромид
• магдонос, лук, сол, бибер
• бешамел сос

ПРИГОТВУВАЊЕ
Излупете ги компирите и ставете ги да се варат. Кога ќе бидат малку омекнати (доволно за да можете да ги издлабите), исечете ги на половинина и на средина издлабете ги со лажица.

Во меѓувреме, исецкајте и издинстајте го кромидот, сѐ додека не добие златно-кафена боја. Потоа, додадете ги исецканите печурки.

Посебно направете бешамел сос со маргарин, брашно и млеко, или можете да ставите само хопла за готвење. Дури е уште топол бешамелот, додадете ги сите состојки. Со смесата наполнете ги компирите, зачинете по ваш вкус и ставете ги да се печат во огноотпорен сад.

Печете 20 минути, дури не добијат златеста боја

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2011 во 20:10

Палента на црногорски начин

 



Вкусната палента може да претставува одличен почеток на еден ваш ден. Ќе ве направи да се чувствувате повторно како малото детенце, кое го однеле кај баба на чување, а таа со многу љубов и внимание ви подготвила топол, вкусен и здрав појадок.

Палента на црногорски начинОвој појадок ќе ви стопли во студените зимски денови, а воедно и ќе ве расположи.

СОСТОЈКИ
• 2–3 средни компири
• 1,5 чаша пченкарно брашно
• 1 лажица сол
• 800 мл млака вода
• кајмак или сирење (препорачливо кајмак)

ПРИГОТВУВАЊЕ
Излупете ги компирите и пресечете ги на половина. Потоа, ставете ги во солена вода да се варат. Кога ќе провријат, ставете го пченкарното брашно.

Оставете го да врие уште 10 минути, потоа намалете го огнот и оставете да се крчка уште дваесетина минути.

Потоа, со дрвена лажица убаво промешајте, додека не се соединат компирот и брашното. По 10-тина минути, тргнете го садот од оган и оставете го да се стврдне. Во палентата додадете кајмак или рендано овчо сирење и сервирајте со јогурт или кисело млеко.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2011 во 20:05

Сочна печена мисирка



Почнува сезоната на празници и слави, а со тоа и постојаната паника во кујната. Годинава можете да го промените малку вообичаеното мени и наместо печено прасе, да направите печена мисирка. Но, она што е најважно е дека со овој рецепт ќе ставите крај на сувите, тврди и невкусни мисирки кои сте ги припремиле досега.

Сочна печена мисиркаОваа е еден начин да добиете совршено мека и сочна мисирка, а со тоа и да се покажете како одлична домаќин/ка.

СОСТОЈКИ
• 1 мисирка од 4–5 кг
• неколку парчиња тенко исецкана димена сланина
• 1 главица кромид
• 1 праз
• малку лук
• сол
• вегета
• 1 дл масло за јадење
• 2–3 дл бело суво вино
• чаша пиво
• 2 ловорови листови

ПРИГОТВУВАЊЕ
Откако целосно ќе ја одмрзнете мисирката, премачкајте ја со вегета и толчен лук. Направете засеци по нејзината површина со помош на нож и наполнете ги засеците со сланина и лук. Потоа, мисирката ставете ја во огноотпорен сад, заедно со маслото, ловоровиот лист и белото вино. Оставете ја да отстои минимум 4 часа (пожелно е да ја оставите цела вечер) со повремено превртување, за  рамномерно да впие од виното од сите страни.

Внатре во мисирката ставете ја главицата кромид и исецканиот праз. Ставете ја да се пече во добро загреана рерна на 250℃. По 15-тина минути, намалете на 150℃ и оставете да се пече околу 4 часа.

Откако ќе испари целата течност, прелите ја со пиво и печете уште малку, односно додека не зарумени. Откако ќе ја извадите од рерната, пред да ја послужите можете да ги извадите кромидот и празот. Како прилог, најдобро би оделе печени компири

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2011 во 07:43
Полнето свинско каре
 
СОСТОЈКИ (за 8 лица)
• 1,5 кг свинско каре
• 1 лажица микс од зачини
• сенф
• сол и бибер

за полнење
• 100 гр пилешки џигер
• 100 гр шампињони
• 100 гр праз (само белиот дел)
• 30 гр чадена сланина
• масло за готвење
• 100 гр ориз
• 100 гр тврд кашакавал
• 2 јајца
• магданос

ПОДГОТОВКА

за свинско каре
Одвојте го свинското каре од коската и засечете го по должина, така што ќе направите голем квадратест одрезок. Потоа, истолчете го со чекан за месо, ставете сол и бибер.

Премачкајте ја страната на која ќе ги редите состојките за полнење со сенф, посипете малку зачин и оставете го месото на страна. Откако ќе ја приготвите смесата, наредете ја врз месото, свиткајте го во форма на ролат и заврзете го со кујнски конец.

Ставете го во сад за печење, врз хартија за печење, на која сте ставиле масло. Печете 60 минути на температура од 170℃ со повремено полевање со вода. Сервирајте исечено на тенки кругови.

за полнење
Исечкајте ги шампињоните на листови. Измијте го убаво празот и белиот дел исчекајте го на тркалца. Сланината и пилешките џигерчиња нека бидат ситно исечкани.

Оризот нека биде полу сварен и врз него изрендајте го кашкавалот. Кратко пропржете ги сланината и празот на масло. Потоа, додадете ги шампињоните и џигерчињата. Посолете и кратко пржете. Тргнете од оган.

Откако малку ќе се излади, изматете ги јајцата и додете ги кон смесата. Потоа, ставете магданос и ориз и малку пропржете.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2011 во 07:40
Говедско Строганоф
 
СОСТОЈКИ (за 4 порции)
• 2 лажици путер
• 2 лажици маслиново масло
• 1 лажица црвен пипер
• 1 кромид, ситно исечкан
• 250 гр печурки, исечкани
• 700 гр говедско филе, исечкано на парчиња
• 2 лажици сенф
• 1½ филџан павлака
• 2 лажици сок од лимон
• 3 лажици сенаменско брашно
• сол и бибер

ПРИГОТВУВАЊЕ
Ставете го путерот во тавче за готвење и кога ќе се стопи додадете го кромидот и пржете додека да добие кафена боја. Кога кромидот ќе биде готов, додадете ги печурките и пржете ги додека да добијат убава златна боја. Кромидот и печурките пренесете ги на чинија.

Измешајте го брашното со солта, биберот и црвениот пипер и извалкајте ги парчињата говедско во него. Испржете го месото на маслиновото масло, додадете го кромидот и печурките, промешајте убаво и намалете ја температурата. Додадете ја павлаката, сенфот и сокот од лимон, промешајте неколку пати и послужете наросено со црвена пиперка.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2011 во 07:38
Пилешко месо со бадеми
 
 
СОСТОЈКИ
  • 300 гр пилешки стек, правоаголно сецкан  
  • 1 кромид сецкан на кругови    
  • сол, бибер, кари    
  • 300 гр бадеми    
  • масло за јадење    
  • соја сос      

ПРИГОТВУВАЊЕ    

Ставете ги бадемите во сад со топла вода и оставете ги малку да накиснат, за да бидат лесни за лупење. Потоа, излупете ги или поедноставно, купете бадеми без лушпа. Во сад за пржење загрејте малку масло.      Пропржете го месото, додадете го кромидот и малку вода. Динстајте неколку минути, а потоа додадете соја сос, сол, бибер и кари. Во меѓувреме, малку запржете ги бадемите. На крајот, додадете ги во пилешкото месо

Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2011 во 22:31

Солени рафаело топчиња





Состојки

  • 500 гр. пилешко бело месо
  • 200 гр. фета сирење
  • 4 варени јајца
  • Околу 50 гр. шунка
  • Околу 100 гр. рендано тврдо сирење (гауда, ементалер…)

Подготовка

1. Пилешкото месо сварете го во солена вода, изладете го и сомелете го.

2. Фета сирењето изгмечете го со виљушка.

3.Сварените јајца ситно исечете ги.

4. Месото, сирењето и јајцата убаво измешајте ги за да се добие компактна смеса.

5. Шунката исечете ја на коцки со големина околу 1ˣ1 см, а тврдото сирење изрендајте го.

6. Од придготвената смеса формирајте топчиња, во секое ставете парче шунка и тркалајте ги во изренданото сирење.

7. Добро изладете ги.


Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Декември.2011 во 14:37
Пилешко месо со бадеми
 
СОСТОЈКИ
• 300 гр пилешки стек, правоаголно сецкан
• 1 кромид сецкан на кругови
• сол, бибер, кари
• 300 гр бадеми
• масло за јадење
• соја сос

ПРИГОТВУВАЊЕ
Ставете ги бадемите во сад со топла вода и оставете ги малку да накиснат, за да бидат лесни за лупење. Потоа, излупете ги или поедноставно, купете бадеми без лушпа. Во сад за пржење загрејте малку масло.

Пропржете го месото, додадете го кромидот и малку вода. Динстајте неколку минути, а потоа додадете соја сос, сол, бибер и кари. Во меѓувреме, малку запржете ги бадемите. На крајот, додадете ги во пилешкото месо.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2011 во 23:12

Јуфки со павлака

 

 

Јуфки со павлака

СОСТОЈКИ
• 50 гр путер
• 200 гр кисела павлака
• 2 кг јуфки
• 2 јајца
• 250 гр кравјо сирење

ПРИГОТВУВАЊЕ
Јуфките се варат во солена вода, потоа се процедуваат и се измиваат со ладна вода. Се враќаат во садот на тивок оган, се додава путерот и се промешуваат.

Во огноотпорен, со масло за јадење подмачкан сад за печење, се редат ред јуфки, ред кисела павлака, измешана со јајцата и потоа ред сирење. Редете ги така, сѐ додека имате состојки.

На крај прелијте со павлака и јајце. Печете во загреана рерна околу 20 минути.

Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Ноември.2011 во 13:00
ПЕЧЕН СЕНДВИЧ СО СИРЕЊЕ



 

Состојки:

- 2 парчиња леб, по можност француски леб (багет)

- путер

- козјо сирење (или друго сирење по желба)

- домати

- рукола (или друга зелена салата по желба)

- пршута (тенко исечкана)

- мек кашкавал (гауда, ајдамер...)

 

Подготовка:

Намачкајте го лебот со путер од сите страни (надвор и внатре). Внатре ставете парче козјо сирење. Врз сирењето наредете домат, рукола, пршута и мек кашкавал, затворете го сендвичот и ставете го во рерна. Печете го на слаб оган додека не се зарумени лебот.

 

Послужете веднаш.


Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Ноември.2011 во 19:54

Кошнички од мисиркино месо и зеленчук

 
solen%20recept

Потребни состојки:

10 големи листови марула

50 гр. ориз

300 гр. мисиркино месо

1 китка ситно сецкан магдонос

1 кромид

½ лажичка босилек

½ лажичка нане

100 гр. варена пченка

Масло за јадење

Сол и црн пипер

1 голем домат

Припрема:

Во мало тенџере на оган ставете го оризот да се вари околу 10тина минути. Во тавче на оган со загреано масло ставете го ситно исецканиот кромид да се испржи. Потоа додадете го ситно сецканото мисиркино месо и пржете околу 5 минути со повремено мешање.

Откако месото ќе биде испржено, отстранете ја тавата од оган и исцедете го вишокот на масло. Во тавчето додајте до сварениот ориз, магдоносот, босилекот, нането и пченката. Посолете и наросете црн пипер, па добро промешајте.

Наредете ги листовите зелена салата, па врз секој лист  нанесете од смесата со мисиркино месо. Врз смесата додадете ситно сецкан домат. Добар апетит!

Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2011 во 21:43
Гиро
 
 

СОСТОЈКИ
• 1 кг свинско месо
• бел оцет

за микс од зачини или зачин за гиро
• 3 мали лажици сол
• 1 ½ мали лажици црвен пипер
• ¼ мала лажица бибер
• ¼ мала лажица оригано

за гиро пита
• 6–8 парчиња пита леб
• ½ шолја ѕаѕики
• 1 среден кромид, исечкан
• 2 домати, исечкани на тркалца
• помфрит
• маслиново масло

ПОДГОТОВКА
Измешајте ги црвениот пипер, солта, биберот и ориганото во мал сад.

Исечкајте го месото колку можете потенко и потоа истапкајте го со помош на дрвен чекан. Наредете ги парчињата месо во сад со рамно дно и попрскајте со миксот од зачини и потоа со малку оцет. Распоредете го оцетот рамномерно по месото, покријте го садот и оставете да се маринира меѓу половина и 2 часа во фрижидер.

Извадете го месото од фрижидер и исечете го на парчиња со ширина 1–1,5 цм или должина 5–6 цм. Испржете ги без масло во тава. Парчињата месо треба да добијат кафена боја и да бидат крцкави.

Намастете ги гиро питите со маслиново масло и оставете ги во рерна неколку минути, за да се стоплат и да омекнат. Потоа, наредете 2–3 парчиња домати, малку кромид, гиро месо, 1 лажица ѕаѕики сос и помфрит.

Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2011 во 21:28
 
 
 

Лахмаџун

 

СОСТОЈКИ (за 4–6 порции)
• 1 мала лажица шеќер
• 40 гр сув квасец
• 2 шолји брашно
• 1 ½ мала лажица сол
• ¼ шолја маслиново масло
• 3 големи лажици пире од домати
• 1 голема лажица ситно исечкан магданос
• ½ мала лажица бибер
• ¼ мала лажица ким
• 1/8 мала лажица цимет
• 100 гр ситно сечкано јагнешко месо
• 2 чешниња лук
• 1 шери домат
• 1 мал кромид
• ¼ мала лажица црвен пипер

ПОДГОТОВКА
Измешајте шеќер, квасец и ¾ шолја вода во мал сад и загрејте ја смесата на температура од околу 110℃. Смесата приготвувајте ја околу 10-тина минути или поточно додека не стане пенеста. Потоа, во друг сад, ставете брашно и сол и  во средина ставете ја смесата со квасец. Измешајте добро, за да добиете тесто. Потоа, тестото префрлете го на работна површина на која сте ставиле малку брашно. Замесете го тестото (околу 5–6 минути). Пренесете го замесеното тесто во сад кој е малку намаслен и покријте со платична фолија. Оставете го тестото да нарасне двојно (околу 1 час). Потоа, тестото поделете го на 4 дела и од секој дел направете топка. Пренесете ги топките од тесто на побрашнета хартија за печење. Прекријте со влажна крпа и оставете да отстои 45 минути.

Во меѓувреме, направете го „топингот“. Во голем сад измешајте масло, пире од домати, магданос, бибер, ким, црвен пипер и цимет. Промешајте добро. Потоа, додадете ги и јагнешкото месо, лукот, доматите, кромидот и зачинете со сол. Повторно промешајте и оставете настрана.

Загрејте ја рерната на температура од 250℃. Со помош на сукало, од топката тесто направете диск со дијаметар од 25 сантиметри. Поставете го тестото на хартија за печење, ставете 3–4 лажици од смесата со месо и убаво размачкјате ја по цела должина на тестото. Додадете сол. Подигнете го тестото заедно со хартијата и ставете го во сад за печење. Печете сѐ додека не добие златно-кафена боја, односно 6–8 минути. Истото направете го и со другите топки тесто.

Гарнирајте со крупно сечкана зелена салата.

 
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 30>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,391 секунди.