IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести > Избори
  Активни теми Активни теми RSS - Изборно гласање од дијаспората
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Изборно гласање од дијаспората

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 54>
Прашање: Дали дијаспората треба да гласа на македонски избори?
Одговор Гласови Статистика
28 [30,11%]
8 [8,60%]
56 [60,22%]
1 [1,08%]
Не може да гласате на оваа анкета

Автор
Порака Обратен редослед
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2015 во 11:46



„Дајте им на нашите гастeрбајтери сами да платат и да издвојат пари за избори во дијаспората и веднаш ќе се откажат и од изборите и од Македонија“,  или дилемата „за кого гласаат тие, што знаат за Македонија“, пишува и се коментира по социјалните мрежи. Партиски комшиски селски инает е во прашање, интересите на тие кои ги лажат и убедуваат или интересот е Македонија? Па, и тоа е релативно, се коментира деновиве, со отворањето на темата „Кражба или мутенж со гласовите на дијспората“, па се вели :„…за кого зборуваме, каков глас очекуваме од дијаспората? -Глас на  пензионерска  структура,  изслужени работници, пензионери кои копнеат за некаков екс југо- македонски одмор на наше море и Охрид, за тогашното  братство и единство, за тие кои ни сопствените деца не ги научиле македонски да зборуваат или не ги донеле да ја видат Македонија или за млади интелектуалци македонски потомци и високо образовани личности кои би ја повлекле со својата остроумност Македонија напред и кои знаат нешто повеќе  за татковината од знамето од Вергина!?“ .

Тоа се големите  дилеми за што расправаме денеска, а партиите кои ги бројат придобивките жестоко полемизираат и прашуваат за што зборуваме -за гратис бројка пратеници кои по својот избор ги дискриминираат пратениците во Македонија или за вистински народни избраници и претставници кои треба да знаат  кого застапуваат. Дијспората не треба да се игнорира и треба да се респектира нејзиниот удел и глас, но под рамноправни услови како и за македонскиот пратеник, велат од експертската јавност. Има форми кои можат да се договорат, електронски гласови, или гласање во матичната држава, но бројот на гласачите ист како и бројот за избран пратеник во Македонија- никако поинаку. 10.000 за пратеник во Македонија и 800 во дијаспора е измама, кражба и  дискриминација и не може понатаму да опстојува, порачуваат и експертите и партиите, при што е нарушен еден од базичните принципи за еднаквост на гласот дефиниран во препораките на Венецијанската комисија.

Една држава, еден закон еднакви права – тоа е демократија и тоа се правилата на игра!

Колку за потсетување на последниот изборен циклус за организација на гласањето на дијаспората при што во сите три изборни единици кои ги опфаќаат Македонците надвор од Македонија гласале вкупно околу 7 000 гласачи, за тој процес биле вложени 1,1 милион евра или цели 25 % од вкупните трошоци за организација на изборниот процес.

Гласањето на дијаспората е најавено како главна точка на дневен ред од состанокот на работната група на четирите политички партии сo посредникот на Европската унија Питер Ван Хојт, закажан за денеска попладне.

Работните групи на партиите по договорот од Пржино, расправаат околку два аспекта на гласањето на дијаспората: еднаквоста на гласот во Македонија и оној во дијаспората и вториот околу рационалноста на финансиските средства вложени во овој процес.

Дијаспората за прв пат гласаше на претседателските избори минатата година. Гласаа државјаните на Република Македонија кои се на привремен престој во странство повеќе од 3 месеци или се на привремена работа или престој во странство повеќе од 1 година.

Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2014 во 13:10
Originally posted by Ninja 35 Ninja 35 напиша:


ама јбг...на Груевски му е битна бројката од три пратеници, го заболе за другото....

 

Груевски ако не го  болеше одамна да се беше повлекол од постот што го зафаќа . Нели ви видовме вас кога бевте на власт . вртење со очи


Изменето од емил - 10.Март.2014 во 13:11
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2014 во 13:08
Originally posted by Ninja 35 Ninja 35 напиша:

гласањето на дијаспората е промашена работа од повеќе аспекти....
финансиски е неисплатливо, иселениците не се заинтересирани, батем така изгледа според бројот на пријавени.
тие пратеници изгласани од 2000 гласачи не може да имаат иста тежина со тие што се изгласани од 20000 гласачи.
и најважно од се според мене, што има некој од надвор што еднаш во годината доаѓа во македонија или поретко , да решава за судбината на тој што живее тука.
ама јбг...на Груевски му е битна бројката од три пратеници, го заболе за другото....

 

Е тоа то сакаш да потенцираш во твојот коментар , а останатото е колку да кажеш нешто. Разбери секој граѓанин на Македонија го има истото право како тебе да гласа независно дали живее во Бардовци или Брисел . Сите сме рамни . Нели тоа ни учи антирасизмот дека сите чивеџи имаат рамни права .  

И 2000 гласа од дијаспората не верувам декаќе променат нешто на изборите ако сите гласат . Ама таму е работата што македонците не гласат а , циганите и албанците си гласат и нивните партии си пласираат нивните пратеници . Туку не ти е крива диаспората , а соседот што не можеда одбере некоја одопциите ли да оди и да пушти празен глас .
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2014 во 12:22
гласањето на дијаспората е промашена работа од повеќе аспекти....
финансиски е неисплатливо, иселениците не се заинтересирани, батем така изгледа според бројот на пријавени.
тие пратеници изгласани од 2000 гласачи не може да имаат иста тежина со тие што се изгласани од 20000 гласачи.
и најважно од се според мене, што има некој од надвор што еднаш во годината доаѓа во македонија или поретко , да решава за судбината на тој што живее тука.
ама јбг...на Груевски му е битна бројката од три пратеници, го заболе за другото....

Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2014 во 11:55
Немаше никаква потреба од ова,
но ете и тоа го воведоа како новина...нас секако никој не не праша
други одлучуваат за се.
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2014 во 09:35

Јас сум се изјаснила дека нема да гласам, од принцип.
А и понудата не ми се допаѓа.намигнување

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2014 во 09:34
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:




А некои треба да прелетаат и по 2-3.000 км.
За да гласаат за Ѓорѓето или за Стево.замисленост



 

Ееееее  ,токму ќе си ја видиш Струмица баш пред Велигден . Ајде , ајде не се жали . Ако ти е дотолку ( а верувам дека не ти е ) до Ѓоргето или Стево ќе најдеш прилика да си  дадеш гласот .
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2014 во 09:00

3624 Македонци од дијаспората пријавени за гласање.

А некои треба да прелетаат и по 2-3.000 км.
За да гласаат за Ѓорѓето или за Стево.замисленост



Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2014 во 10:24
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2014 во 18:26

Дијаспората сака избори, но бара и нов начин на гласање


За греотка, одма владата да организира обуки во конзуларните претставништва низ светов.среќа
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
којсумјас Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4543
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај којсумјас Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Март.2013 во 09:45
А бе зошто...
дијаспората не гласа на локални избори...?изненадување
они мора да знаат...
дека уличкава наша, треба да се асфалтира...
дајте ви се молам...
мислам, пуштете ги нека гласаат за нови фасади...

и за комшикава што била на советничка листа бре...изненадување

Кон врв
Pavaroti Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

Експерто нумеро 2

Регистриран: 03.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pavaroti Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2012 во 20:39
Многу е побезболно за Македонскиот народ кога гласаат иселениците, небитно на какви избори. Кога требаше моите сограѓани да излезат и глаасаат за референдумот за локална самоуправа они ја упрскаа работата. Мака ми што повеќето од упрскувачите што гласаа тогаш „за“ за време на кризата си се опуштаа на плажа
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2012 во 17:16
Факт е Анастеа дека позади нивните ставови стои политички инструирана позадина.. Повикување на уставноста пред моралноста е неприфатливо за секое човечко суштество. Во име на уставот ја газиш правичноста и чесноста и даваш правец на живеење на другите за кои воопшто и не те засега. Битно уставот тоа ти го дозволува, а уставот и законот е креиран за интересите на некои сосема трети, за полесно да стигнат на власт и можноста за лесно богатење. Со самото гласање од дијаспората стануваш соучесник на таквите. Нормално ако веќе не си еден од нив.
Убаво кажа некој во постарите постови.. преголема е желбата да се управува со животот на другите.

The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Септември.2012 во 17:11


Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:


Не се согласувам за гласање од дијаспората за било какви избори во Македонија, освен за гласање на евентуален референдум за промена на името, што е нешто кое се однесува на сите Македонци, било каде да се наоѓаат и за што сите треба да се слушнат.
И ова не е прашање на патриотизам, да не ги мешаме работите, туку прашање за ПРАВО НА ОДЛУЧУВАЊЕ во името на граѓаните кои живеат во Македонија, за нивната иднина и секојдневен живот.
Макар и да си поголем патриот од многумина кои живеат дома, што е лично чувство, не смееш да си дозволиш право да одлучуваш за секојдневието на друг, да одлучуваш кој ќе ја води државата која е и твоја, ама во која не живееш...
Од страна можеш да имаш свое мислење, можеш да следиш, да знаеш и да се грижиш за состојбите, но не и да решаваш во името на луѓето кои се дома и ќе ги трпат на грб последиците и од твоето гласање.

Според мене не е исправно... и не е чесно...


Уште не сум си го сменила мислењето. Се разбира, ова е само мој личен став.
И уште ми е криво кога ве читам како се карате на темава. Македонци со Македонци...тага

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 54>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.