IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - “Антиквизација“ или кому му пречат нашите корени?!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

“Антиквизација“ или кому му пречат нашите корени?!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 891011>
Автор
Порака Обратен редослед
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2009 во 16:55
Originally posted by anastea anastea напиша:

Како мислиш “античките македонци да се дел од нивната историја“?
Античките македонци се дел од историјата на македонците.
Поточно, нашиот континуитет како народ не оди само до 6-ти век туку и поназад и не само до периодот на Александар Македонски. Тоа е историја и континуитет на еден народ, кој во текот на таа историја нормално и се мешал во различни историски периоди со различни народи кои опстојувале во регионот, но голем дел од нашите гени сеуште се задржале и укажуваат на нашето древно потекло. Има доволно артефакти, документи, генетски истражувања кои го потврдуваат ова, па и дел од грчките историчари и археолози, кои сеуште не подлегнале на грчката антимакедонска пропаганда, го тврдат истото.
И не те разбрав, какво е тоа “создавање фиктивно минато“?збунетост
па ова ти што го кажа го мислам и јас, затоа кажав ако докажат
 доколку излезат со докази за тоа што го тврдат, слободно ќе им го предадам тој дел од историјата, само што тие не сакаат да слушнат за било каква дебата и споредба на теориите од двете страни
а фиктивното минато мислев на тоа што тие си присвојуваат се од антиката, демек грција била тогаш и дека хелените се всушност Грци
дури и антиката е наречена „античка грција“ само поради нив, дали постоело нешто како Грција во античките времиња? НЕ


Изменето од zabegan - 17.Февруари.2009 во 17:03
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Legenda883 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 701
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Legenda883 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2009 во 15:56
Originally posted by LouWeed LouWeed напиша:

podobar e ovoj....

"More Greek historians are raising their voices and displeasure with the Greek Government who via numerous policies spanning 80 years have replaced their history with scenes from a disney movie, the facts with myths."
 
E sega ne e bitno koj e podobar...bitno e deka i vo dvata ja kazhuvaat vistinata. намигнување   големо%20гушкање
 
Jas go odbrav prviot, kako "bottom line" na ona shto mozhe niv samite da im se sluchi ako prodolzhat ponatamu so nivite gluposti, a patem beshe spomnato deka SE UZURPATORI. трепкање
 
A bez pardon vtoriov e mnogu pozabaven. среќа 
 
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2009 во 14:32
Археолозите и историчарите имаат доблест да го признаат она што нивните политичари никогаш нема да го кажат:

"Alexander came to Athens as a conqueror, an enemy". The parallel would be if the Polish decided to erect a statue of Hitler in Warsaw.


Треба ли поголемо признание од ова?
Неколку недели дебатата за ова се криела од грчката јавност, за да не и наштетат на владата???
А нашите плукачи по минатото, уште со тапани да удрат, се натпреваруваат кој најдалеку и најгнасно ќе плукне... и после се чудат (кобајаги) кој ни ја поткопува позицијата?!!









Кон врв
LouWeed Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
I AM THE KING OF ROCK&ROLL

Регистриран: 28.Мај.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13012
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LouWeed Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2009 во 14:15
podobar e ovoj....

"More Greek historians are raising their voices and displeasure with the Greek Government who via numerous policies spanning 80 years have replaced their history with scenes from a disney movie, the facts with myths."

Изменето од LouWeed - 17.Февруари.2009 во 14:15
Кон врв
Legenda883 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 701
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Legenda883 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2009 во 14:01

Mnogu realen citat izvadok od prehodnata statija;

"While trying to usurp the history of a whole region, Athens historians and archeologists are worried Greece may lose the history that rightfully belongs to them."
 
Prevod;
 
Dodeka probuvaat da ja uzurpiraat istorijata na celiot region, Atinskite istorichari i arheolozi se zagrizheni deka Grcija mozhe da ja izgubi istorijata shto pravichno im pripagja na niv.
 
среќа 
Кон врв
LouWeed Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
I AM THE KING OF ROCK&ROLL

Регистриран: 28.Мај.2005
Статус: Офлајн
Поени: 13012
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LouWeed Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2009 во 13:24
Кон врв
Legenda883 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 701
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Legenda883 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2009 во 13:14

Nash*te koreni im prechat na onie SHTO NE KRADELE SO VEKOVI, i kitele so nash*te perja!

Za da mozhat da si go zadrzhat toa shto go kradele....prisiluvaat nie se odkazheme od "nasledstvoto" i nashiot identitet - za TIE da mozhat da go koristat i LEGALIZIRAAT NIVNIOT KRIMINAL. голема%20насмевка
 
 
 
 
Кон врв
Legenda883 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 701
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Legenda883 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2009 во 13:08

Stranava od originalnata statija NA GORNIOT POST beshe pratena od ZOTE, vo istorija pod-forumot.

 
 
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2009 во 00:37
Грчката наука контра политичарите

Александар Велики во Атина дошол како војсководец и освојувач и не заслужува негов споменик да се постави на плоштад во централното градско подрачје на грчката метропола. Ова се аргументите на грчките научници, со кои тие му одолеваат, засега успешно, на политичкиот притисок од властите, кои инсистирале, статуата на античкиот крал, да краси еден од плоштадите во Атина.

Со ова грчките археолози, кои се многу ценети од страна на државата и важат за моќно лоби, застанаа во одбрана на егзактните показатели за значењето на ликот и делото на Александар Велики за општеството, контра властите, чие поимање е засенето од политички потреби. За ова пишува денешното издание на британскиот весник „Гардијан“.

Обелоденува дека веќе подолго време меѓу археолозите и политичарите се води вербална војна за потребата да се постави статуа на Александар Велики во централното атинско подрачје. Весникот пишува дека статуата била изработена уште во 1972-та година, а од Министерството за култура била земена пред 17 години. Од тогаш статуата на големиот антички војсководец, пишува „Гардијан“, лежи во депо прекриена со прашина. Желбата на грчките политичари, статуата да ја види светлината на денот, особено се засилила, по најавите дека македонските власти планираат да постават статуа на античкиот крал, на скопскиот плоштад.

Весникот цитира изјава на претставник на скопската локална власт, кој информирал дека статуата на Александар Велики на коњ, ќе се наоѓала во центарот на фонтана од која ќе се слушале песните на Тоше Проески. Споменикот ќе се викал - пејачка статуа, пишува „Гардијан“. И дека со тоа Македонија ќе им оддаде почит на двајцата синови на начин каков што Грција никогаш не може ниту да замисли, пишува „Гардијан“.


Кон врв
BlgarskiTigar Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 53
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BlgarskiTigar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2009 во 00:26
Originally posted by anastea anastea напиша:

Како мислиш “античките македонци да се дел од нивната историја“?Античките македонци се дел од историјата на македонците.Поточно, нашиот континуитет како народ не оди само до 6-ти век туку и поназад и не само до периодот на Александар Македонски. Тоа е историја и континуитет на еден народ, кој во текот на таа историја нормално и се мешал во различни историски периоди со различни народи кои опстојувале во регионот, но голем дел од нашите гени сеуште се задржале и укажуваат на нашето древно потекло. Има доволно артефакти, документи, генетски истражувања кои го потврдуваат ова, па и дел од грчките историчари и археолози, кои сеуште не подлегнале на грчката антимакедонска пропаганда, го тврдат истото.И не те разбрав, какво е тоа “создавање фиктивно минато“?збунетост



Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2009 во 00:24
Како мислиш “античките македонци да се дел од нивната историја“?
Античките македонци се дел од историјата на македонците.
Поточно, нашиот континуитет како народ не оди само до 6-ти век туку и поназад и не само до периодот на Александар Македонски. Тоа е историја и континуитет на еден народ, кој во текот на таа историја нормално и се мешал во различни историски периоди со различни народи кои опстојувале во регионот, но голем дел од нашите гени сеуште се задржале и укажуваат на нашето древно потекло. Има доволно артефакти, документи, генетски истражувања кои го потврдуваат ова, па и дел од грчките историчари и археолози, кои сеуште не подлегнале на грчката антимакедонска пропаганда, го тврдат истото.
И не те разбрав, какво е тоа “создавање фиктивно минато“?збунетост
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2009 во 00:12
Originally posted by anastea anastea напиша:

Дел од нашата интелектуална и политичка елита во последно време ни скова еден термин “антиквизација“ или “букефализација“, како погрден термин кој ќе се користи за опфаќање на се’ она што се нарекува потрага по нашите антички корени.

Сведоци сме дека дел од таа “елита“ не бира средства и зборови со кои ќе нападне се што има некаква врска со антиката, со политиката на поставување споменици, со интензивирање на археолошките истражувања, именување на објекти според имињата на историски личности, па некои од нив одат и до таму да сопствениот народ кој изразил интерес за своите историски корени да го наречат пациент, заразен со антички вирус, македоноиди, психијатриски случаи, болно племе...

Во исто време, чудно и симптоматично ми е што, во меѓувреме додека се ова се прави, никој никаде не се одрекол од своите словенски елементи во потеклото и дека ги негирал или оспорил нашите историски личности од словенскиот период.

Па зошто тогаш ова копање по нашето минато толку многу им пречи на овие господа? Зошто се дрзнуваат така безобразно да плукаат по него и да се потсмеваат со овој дел од нашата историја, омаловажувајќи го на секој начин нашето културно, историско и цивилизациско наследство?

 
па словенската историја и најголем дел од народот не ја негира и не ја омаловажува, едноставно ја прифаќаме теоријата на мешање на народите
а инаку со остатокот се согласувам, и мене ми смета како само овој дел од историјата се напаѓа од страна  на Македонија и Грција
искрено ако докажат дека античките македонци се дел од нвната историја нека биде така
само работата е што сакам да се разјасни еднаш за секогаш, кој од каде потекнува и чија историја е, едноставно тие што се нарекуваат експерти треба да излоезат со се што пронашле, секаква документација и артефакти, па да го решиме тој проблем

инаку слободно нека го присвојат, имаме ние многу побујна историја од славната елада, па нека си се фалат они со своите филмови и претстави за историјата

голем дел од вината за овој проблем ја превзема македонската власт, која терајќи инает не гледа што прави и дека го прави истото тоа што го прави Грција, а тоа е создавање на фиктивно минато во корист на политиката
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2009 во 23:56
Она што сакав да го кажам, преубаво и едноставно во својот текст “Антиквизација“ го срочил д-р Васко Наумовски:

Во различни временски периоди македонските интелектуалци го даваат сопствениот придонес во јавните дебати, и тоа на различни теми: од заштитата на животната средина до врвните политички приоритети. Меѓу нив, во последните месеци се наметнува како најдинамична дебатата за потеклото на македонскиот народ, неговите корени, историски развој, како за некои потези на власта што се однесуваат на промоција на личности од историјата и нивните успеси.

Приказната е за некаков процес на наметнување нова свест кај народот, негирање на словенските елементи во потеклото, и „антиквизација“ на историјата. Не се сеќавам дека некој јавно се одрекол од словенските корени, дека ги негирал светите Кирил и Методиј, светите Климент и Наум, или, пак, царот Самуил. Но веројатно тоа е единственото нешто што може да се наметне како обвинение.

Критиките се однесуваат на плановите за изградба на споменици, именување објекти со имиња на историски личности, веење на шеснаесеткракото сонце од Кутлеш од страна на граѓаните итн. Секоја од нив со сопствено објаснување.

Секоја европска метропола „врие“ од споменици - на историски личности, настани или на апстрактни уметнички изрази. Скопје до пред неколку години можеше да се пофали со десетиците споменици на херои од НОБ, сите во иста форма и димензија. Ако не грешам, првиот споменик на коњаник во Скопје е оној на Скендер-бег. Во градот без споменици, се критикуваат намерите за изградба на обележја со личности од сите историски периоди - од антиката до денес, при што најголем дел од нив се однесува токму на поновиот дел од македонската историја, а не на антиката. Но антиката е секогаш поинтересна за критикување.

Како посебно определена цел за обвиненија е секое споменување на Александар Трети Македонски. Без длабоко навлегување на деталите од неговиот живот и успеси, може да се констатира дека станува збор за личност што е дел од светското цивилизациско наследство, за кого Македонија никогаш не претендирала да биде ексклузивно „нејзин“. Со Александар се гордеат и во Грција, но и оние од Египет, и од Иран, и од Ирак. Во согласност со неговите патишта, со неговото име не треба да се именува само патот низ Македонија, туку сите патишта што ја поврзуваат Европа со Азија, длабоко низ Блискиот Исток, до Египет. По својата суштина, тој не е делител, туку обединител.

А Филип Втори, пак, меѓу другите, е гордост дури и на Бугарите, кои му се неизмерно благодарни за основањето еден од нивните најголеми градови што постојат и до денес - Пловдив (Филипол). Значи, се доведуваме со ситуација во која целиот свет може да и оддава почит на античката македонска цивилизација, освен Македонија. Го чекам моментот кога овие „спасители“ на словенството ќе ги обвинат и продуцентите на оној британски квиз за кои Александар потекнува од Македонија, а не од Грција.

Македонија е веројатно единствената држава каде што видни интелектуалци, политичари и новинари се потсмеваат на споменувањето на сопствената татковина во Библијата, како и на нејзиното културно, историско и цивилизациско наследство. Се прашувам што ли ќе направеа историчарите и интелектуалците на Ирска, Луксембург, Естонија или на Словачка ако нивните земји беа во Библијата, или, пак, доколку имаа некој сличен на Александар во нивната историја.

Додека другите држави прават од ништо - нешто, градат споменици на луѓе и се гордеат со настани што имаат само локално или национално значење, нам ни се негира правото да им оддаваме почит на оние што се дел не само од македонската туку и од светската историја, оние за кои се изучува на часовите по историја во сите училишта во светот, оние за кои знаат сите.

Друг интересен аспект се нападите дека во тој наводен процес на „антиквизација“ граѓаните се оддаваат на веење на знамето со македонското сонце од Кутлеш (веројатно за нив и ова име треба да се забрани - повеќе им годи Вергина), што повторно било провокација. Ако за тоа се бара виновник, тогаш нека ги обвинат сите пратеници што во 1992 година речиси едногласно го усвоија тој симбол за државно знаме, вклучително и тогашните министри во владата и тогашниот претседател на државата, кои со гордост се заколнуваа и се поклонуваа пред него. Ако се бараат виновници за „антиквизацијата“ - таа почнала токму тогаш.

Уште многу пред денешниве антиисторичари, првата асоцијација за името Македонија е Александар Велики и неговиот печат врз историјата. Негирањето на постоењето на макар и најмала врска на Александар со Република Македонија секако е дел од напорите за создавање на перцепцијата дека денешната Македонија нема никаква врска со античката, а со тоа и нема право да се нарекува токму така - Македонија. Тоа е и основната идеја зад предлозите од типот „Нова Македонија“.

Не случајно, оние што го негираат македонското наследство од антиката се истите оние што повикуваат на широкоград компромис со Грција, дури и тој да значи обезличување на нашиот идентитет. Барем се доследни.

Кон врв
BlgarskiTigar Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 53
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BlgarskiTigar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2009 во 23:53
Това се децата на УДБА,ништо ново,пациенти от санаториум.

Изменето од BlgarskiTigar - 16.Февруари.2009 во 23:53
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 891011>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.