IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Историја на Грција
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Историја на Грција

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8910
Автор
Порака Обратен редослед
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2008 во 23:29
Сите знаеме дека грците се чукаат во гради со нивната античка историја и слава, но како стигнаа од античка грција до модерна грција, како се поврзани денешните грци со античкиот народ во територија та на денешна грција? Што се случувало во нашата ера, во средниот, во новиот век? Од каде името Грција? Какво е влијанието од другите народи низ историјата?
Значи се што знам за нив е нивната славна старовековна историја, па имам огромна празнина се до нивното ослободување од османлиска власт и признавање на нивната држава во 1830 год. (можеби ја згрешив и годинатацрвенеење)
Иако ги мразам грците, темава не ја отворив за да збориме против нив, туку чисто да си разјаснам кои и од каде се грците

Ќе ве замолам да давате некои точни историски факти, според кои ќе се ориентираме
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Bitushanec Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 16.Јануари.2006
Локација: Skopje (Cair)
Статус: Офлајн
Поени: 8
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Bitushanec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2007 во 16:09

Сега, малку да се позанимаваме со грците. Веќе со векови слушаме од нив како ние, Македонците сме Словени, а тие антички Елини. Вистината е сосема далеку од елинистичките тврдења. Уделот на словенскиот елемент во современиот македонски народ е ист колку и уделот на словените во грчкиот народ. Византискиот Император, Константин Порфиногенет вели: „цела Македонија и скоро цел Пелопонез се словенизирани“ (Ибид; с.86). Значи, денешните Хелени, можат да полагаат право на континуитет со античките Хелени како и денешниве Македонци со античките Македонци. Историските факти велат дека и цела Елада била словенизирана со исти словенски племиња како и македонските. Само во источен Хелас (денеска погрешно го нарекуваме Грција) останале џепови со автохтоно грчко-ромејско население (Macedonia and Greece - The Struggle to Define a New Balkan Nation, John Shea, McFarland and Company Inc., North Carolina, 1997; p.86 ). Не само Хелада, туку и Епир и Тесалија во 8от век биле целосно словенизирани (Strabonos Epithomatus 8 век, C. Muller, Geographi graeci minores, Paris 1882, p.574). Имаме запис дека само грците од Елада поради аварословенските напади, се иселиле од Хелада (Пелопонес) на блиските острови (On the Chronicle of Nonemvasia see Charanis, op. cit., pp. 147 ff.), а на нивно место се населуваат словени; баш тие, денешните „Хелени“ полагаат право на континуитет со античките Хелени, а нас Македонците на прават чисти Словени! 
 
Во Грција, поправо источна Тесалија и горна Елада се населило најголемото балканско словенско племе Велегезитите. Во јужен Епир и  западна Тесалија се населиле Војунитите (Вајунити). На Пелопоз се населиле бројни словенски племиња од кои најголеми биле Езерците на исток, а Милингите на запад.

Словенските племиња на Балканот
 
Византискиот патриарх Николај ГП (1084-1111 г.) во едно синодално послание напишал дека  218 години словените владееле со Елада, па Ромеите (Византијците) не смееле да се покажуваат таму (Weithmann M.W. Die slawische Bevolkerung auf der Griechischen Halbinsel. Munchen, 1978. S. 54-197). Археологијата докажува дека словенски биле и островите Крит, Евбее, Тасос, Корфу, Самос, Егине, Теносе, Левкосе и други. (Шишманов Ив. Славянскита селиша в Крите и на другите острови. София, 1897 ). Од 7 век  цел Пелопонез бил во словенски раце, па се до 847 г. кога Коринскиот Стратег успеал да ги покори пелопонеските словени, со исклучок на кнежевствата на Милингите и Езерците
[ (Const. Porphyr., De admin. imp., ed. Bon., стр. 220—221. — А. Васильев, Славяне в Греции, пак там, стр. 423—424.). Од таму дознаваме дека покрај Милинги и Езерци, на Пелопонез живееле и мноштво други словенски племиња, на кои поради нивното покорување на Византија им се изгубил идентитетот.
 

Словенски населби и правци на движење на Словените


За време на грчкото националослободително востание 1821-1829 г., се пеела една песна за премавнување на различностите на различните етноси кои ја населувале Елада и создавање елинска нација : „Албанци, Власи, Бугари (Гркофоните сите Словени ги нарекувале Бугари), луѓе кои говорите на други јазици, придружете се“  ( 1. Victoria Clark, Why Angels Fall. A journey through Orthodox Europe from Byzantium to Kosovo Macmillan: London, 2000 ISBN: 0 333 75185 X; 2. FATHER GREGORY TILLETT, The British Orthodox Church). Езерците и Милингите останале голема сила која се спротиставувала на Византија, па забележано е нивно големо востание против Византија околу 940 г. (Ср. Rambaud, каз. съч., 269—270).


Сите археолошки испитувања во Грција докажуваат целосно словенизирање на таа територија, па дури и гордата Спарта била словенска во средниот век (Werner J. Slawische Bugelfibein des 7. Jahrhunderts // Reinecke Festschrift. Mainz, 1950. S. 150-172; Idem. Neues zur Frage der slawischen Bugelfibein aus stidosteuropaischen Landern // Germania. Anzeiger des Romisch-Germanischen Kommission. Bd. 38. 1960. S. 114-120; Chausi-dis N. The Magic and Aesthetic Functions of Mythical Images in the South Slav Traditional Culture // The Magical and Aesthetic in the Folklore of Balkan Slavs. Belgrade, 1994. P. 5-20).
 
 
Сега да ги видиме кои се тнр. "Грци" од Егејска Македонија. Во 1923 г., по грчко-турската војна (1921-1922 г.) за Тракија, потпишан е договор меѓу Турција и Грција за размена на населението по верска основа. Сите православни жители на Турција требало да се иселат во Грција, а сите грчки муслимани требало да се иселат во Турција, без разлика на етносот. Тогаш, се сели 1/3 од егејските Македонци кои биле исламизирани во Турција, а на нивно место доаѓаат Карамани.
 
Караманите (Karamanlides) се православни турци Мала Азија: Pamphylia, Isavria, Cappadocia, Kilikea и Lycaonia. Тие го фомирале првото турско султанство, Караманија;  припаѓаат на турското племе Bozdoğаn, кое припаѓа на народот Оghous, составен дел на турската нација. Караманија постои како независно сиултанство од 13-15 век, кога нивните турски браќа Селџуци ги покоруваат, но и покрај тоа најголемиот дел од Караманите си ја задржува својата христијанска вера.
 
Караманите биле потчинети на Цариградската Патријаршија, која сите свои поданици настојувала да ги грцизира. Политиката на Патријаршијата билa: секој патријаршиски поданик е Грк. Затоа, Караманите и останатите православни Турци се одвојуваат во посебна турска православна црква од крајот на 19 век. Ефтим Баба, Водачот на Турската православна црква жестоко се противел на депортацијата на Караманите во Грција, бидејки тие биле етнички Турци, православни, а не Грци (Teoman Ergene, İstiklal Harbinde Türk Ortodoksları [Turkish Orthodox During the War of Independence] (Istanbul, 1951), passim. // Macar, op.cit., 84-94 Turkish Orthodox Patriarchate).
 
Околу 850.000 православни Турци се преселени во Грција, иако нивна желба била да останат во Турција (December 4, 1922, “The New York Times” Page 16, Col. 3). Турција, како доминантно муслиманска земја сакала да се ослободи од христијаните Турци, а да ги прими балканските муслимани во нивното општество. Грција, заедно со нејзините верни сојузници, пред се Англија, секогаш православните Турци ги идентификуца како Грци, иако нивен мајчин јазик бил турскиот (E.Z.Karal "Osmanli Tarihinde Turk Dili Sorunu", "The Turkish Language Problem in Ottoman History) page 25.).
 

Најголемиот дел од овие Карамани се населени во егејска Македонија, за да го неутрализираат македонското население. Тие православни Турци, сега се најголеми Грци и полагаат право дека се "правите" Македонци. Секако, ова го прават поради стравот да не им се одземат имотите кои припаѓаа на протераните егејски Македонци, а грчката држава им ги подари. И додека Караманите, грчките Словени полагаат право на Александар  Македонски и шират лаги дека современите Македонци се чисти Словени, македонските историчари и политичари седат со скрстени раце.

Не учествувам на Форумов веќе 6 години и сакам да го ИЗБРИШАМ профилот/корисничкото име „Битушанец“ од ИДИВИДИ Форумот, ама НЕ можам! Администратори избришете го ова "Bitushanec" корисничко име,плиз
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 8910
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.