IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 157>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2016 во 21:43

Проверете со кои хороскопски знаци се сложувате, а од кои треба да “бегате“


proverete so koi horoskopski znaci se slozuvate a od koi treba da begate naslovna
Дама.мк
Напишано од Дама.мк

Дознајте со кои хороскопски знаци одлично се сложувате, а од кои би требало да се дистанцирате.

Ако сте Овен тогаш ве привлекува Вагата, добро ви е и со Лавот и Стрелецот, не е лошо со Водолијата и Овенот, а бегајте од Ракот и Јарецот.

Ако сте Бик, ве привлекува Шкорпијата, добро ви е со Девицата и Јарецот, не е лошо со Ракот и Рибата, а бегајте од Лавот и Водолијата.

Ако сте Близнаци ве привлекува Стрелецот, добро ви е со Вагата, Овенот и Водолијата, не е лошо со Бикот и Лавот, а бегајте од Девицата и Рибите.

Ако сте Рак ве привлекува Јарецот, добро ви е со Шкорпијата и Ракот, не е лошо со Бикот и Девицата, а бегајте од Вагата и Овенот.

Ако сте Лав ве привлекува Водолијата, добро ви е со Стрелецот и Овенот, не е лошо до Вагата и Близнаците, а бегајте од Шкорпијата и Бикот.

Ако сте Девица ве привлекуваат Рибите, добро ви е со Јарецот и Бикот, не е лошо со Шкорпијата и Ракот, а бегајте од Стрелец и Близнаците.

Ако сте Вага ве привлекува Јарецот, добро ви е со Шкорпијата и Близнаците, не е лошо со Стрелецот и Лавот, а бегајте од Јарецот и Ракот.

Ако сте Шкорпија ве привлекува Викот, добро ви е со Рибите и Ракот, не е лошо со Јарецот и Девицата, а бегајте од Лавот и Водолијата.

Ако сте Стрелец ве привлекуваат Близнаците, добро ви е со Овенот, Лавот, Бикот и Ракот, не е лошо со Водолијата, а бегајте од Рибите и Девицата.

Ако сте Јарец ве привлекува Ракот, добро ви е со Бикот и Девицата, не е лошо со Рибите и Шкорпијата, а бегајте од Овенот и Вагата.

Ако сте Водолија ве привлекува Лавот, добро ви е со Близнаците и Вагата, не е лошо со Овенот и Стрелецот, а бегајте од Ракот и Шкорпијата.

Ако сте Риби ве привлекува Девицата, добро ви е со Ракот и Шкорпијата, не е лошо со Бикот, а бегајте од Близнаците и Стрелецот

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2016 во 15:32

ТВРДОГЛАВ, УПОРЕН, ЕНЕРГИЧЕН И РЕАЛЕН: ОВА Е НАЈДОБРИОТ ЉУБОВНИК ВО ЗОДИЈАКОТ!

22


Тврдоглави, упорни, енергични, реални. Ова се најважните особини на Биковите. Иако тврдоглавоста се смета за нивна најголема особина и мана, љубовта е место каде што Биковите апсолутно се докажуваат. Се сметаат за најголемите љубовници во Зодијакот, сакаат да ги привлекуваат луѓето, но никогаш не преземаат иницијатива.
Бикот е личност која поседува сила која раздвижува планини, со својата упорност и неоткриената тајна на љубовните вртлози. Биковите се познати по својата практичност и реалност. Нивната конкретна смисла за реалност ги восхитува луѓето околу нив кои таквите квалитети не ги познаваат. Можете заради тоа да ги обвините дека воопшто не знаат да фантазираат или дека романтичноста низ нивната призма делува толку сиромашно. Ќе ве држат за рака, ќе се шетаат под полна месечина или во прекрасна природа, а притоа радосно ќе раскажуваат како денес го зготвиле гулашот.

Што се однесува до љубовта и љубовните интриги, овие луѓе најчесто имаат среќа. Венера, планетата на благосостојба и љубов, се наоѓа во центарот и управува со нивниот знак, но не со оној откачен стил како кај Вагата, туку на еден практичен и допирлив начин. Донесува врзаност за реалноста, здрава смисла и желба за поседување.

Сакаат да бидат опкружени со убави нешта, убави мажи или жени, луксузни предмети, уметнички слики. Убавината во нивниот живот е многу застапена и изразена. Околу себе создаваат чувство на пријатност и опуштеност, па дури и во канцелариите внесуваат ситници кои ја отсликуваат нивната душа. Иако се крајно практични, имаат смисла да го одберат партнерот. И тоа обично е партнер кој е романтичен и со богата фантазија, нежен дух, поетични. Навидум чиста спротивност од нив.

Понекогаш Биковите изгледаат затворени и неприступачни, но едноставно не допуштаат на било кој да им го троши нивното време и стрпливост. Знаат секому да му речат: Стоп!

Припадниците на овој знак се познати по оптимистичката филозофија и практичното усмерување. Сакаат да им помагаат на другите и ја сакаат уметноста. Уживаат во добри книги или претстави, и најмногу во гурмански подготвени јадења. Нивната одмереност, постојаност и реалниот пристап на животот се легендарни во Зодијакот.

Најголема мана на овој зодијачки знак е тврдоглавоста и тоа до тој степен што околината често ги смета за дрски и непристоји. На второ место се посесивноста и љубомората. Кога ќе го одберат партнерот, не го испуштаат од вид, сакаат да имаат целосна контрола на она што го прави. Често претеруваат во јадење и пиење или избегнување на спортски активности заради што имаат и здравствени тешкотии.

Динамични се, упорни и енергични, но кога ќе завршат со некоја работа, истиот миг стануваат пасивни и троми. На работен план никогаш не постапуваат импулсивно и непромислено. Многу се внимателни, и не им дозволуваат на другите да им пречат во нивните планови. Газат се друго за да ги остварат своите цели.

Големи се ентузијасти дури и во најтешките животни ситуации. Изгледаат како нескршливи и полни со сила. Меѓутоа нивната тврдоглавост е особина која често ги кочи во животот, а сепак тие од неа не отстапуваат. Бидејќи животната филозофија им е насочена кон практични нешта, не си дозволуваат некои нереални соништа или цели. Но потребата секогаш тие да се во право ги тера да се спротивставуваат на авторитети или на сите оние кои сакаат да го сменат нивното мислење. Во тие мигови доаѓа до израз нивниот недостаток на такт, нееластичност на духот, како и недостаток на дипломатија.

Но, благодарејќи на својата упорност, сепак постигнуваат големи успеси. Прилично се чувствителни на околината и на туѓите мислења и секогаш одат во крајност – ако не се согласувате со мене, значи сте против мене. Навистина, би требало малку да се потактични во животот.

Интелектот им е приземен, со реални цели и амбиции. Љубовта пак им е храна. Без неа едноставно тешко живеат и многу патат. Мораат да сакаат, да поседуваат некого, дури и да е тоа погрешна личност. Ако се обидете да им го поместите нивниот дневен распоред и планови, бидете сигурни дека одеднаш ќе се соочите со бесен Бик подготвен да ве набоди со роговите и тоа без да извадите црвено платно. Сами сте виновни!

Биковите и парите секогаш одат заедно. Се разбира, не се сите Бикови богати, но бидете сигурни дека не се ни сиромашни и секогаш имаат црн фонд. Својот дом и кралство тие го градат секогаш споро, но цврсто и сигурно. Во секоја секунда знаат колку пари имаат до ситници, дури и во малите касички, ги знаат цените на сите производи и заколнати непријатели се на расфрлање пари. Својот имот го чуваат и шират многу внимателно!


Се согласувамголема насмевка

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2016 во 13:04

ХОРОСКОП: ЉУБОВНИ КОМБИНАЦИИ КОИ СЕ ОЛИЦЕТВОРЕНИЕ НА СТРАСТ И ГОЛЕМИ ЕМОЦИИ

25

Во Зодијакот постојат повеќе љубовни комбинации кои се олицетворение на страст и големи емоции, па токму таквите привлечности се неизбежни.

Дознајте на кој хороскопски знак сте слаби и барем еднаш во животот ќе го имате за партнер.

1. Овен и Вага

Веќе при првото среќавање на овие знаци се појавуваат искри. Енергијата и сексуалноста на Овенот и шармот и префинетоста на Вагата создаваат силна хемија. Оваа љубовна врска е голем предизвик за двете страни, па тешко дека ќе одолеат да не се пробаат како пар.

Проблемите во односот може да настанат кога пристојното однесување и начин на живот на Вагата ќе започнат да го нервираат Овенот. Вагата од друга страна пак, ќе се обиде да го направи Овенот попристоен.

За врската да успее, потребно е овие два знаци својата природа да ја спојат во заеднички активности, наместо да се препираат.


2. Бик и Скорпија

Кога нежниот Бик ќе се отвори пред Скорпијата и во неа ја види страста која ја носи, доаѓа до огромна сексуална поврзаност. Кога ќе влезат во врска не можат да се заситат еден од друг, но кавгите се исто така неизбежни.

Бикот се изморува од темпото на Скорпијата, додека на Скорпијата и пречи пасивноста на Бикот.

Само ако страста од спалната соба може да се пренасочи кон заедничко дружење, работите може да се подобрат.


3. Близнаци и Стрелец

Привлечноста меѓу овие два знака не е само физичка, туку се одразува и на ментално ниво. Љубопитните Близнаци и Стрелците кои вечно филозофираат, ги обожаваат меѓусебните разговори.

Близнаците може да ги изнервира само ставот дека Стрелецот сè знае најдобро, додека Стрелецот може да му замери на партнерот за повремената незаинтересираност и склоноста кон озборување.

Решението е во заедничките патувања.

4. Рак и Јарец

Чувствителноста на Ракот и моќта на Јарецот претставуваат совршен спој.

Страста може да биде кратко попречена од емоциите на Ракот, а Јарецот повремено да го игнорира, додека на Јарецот може да му здодее неодлучноста и несамостојноста од другата страна.

Задолжително мора да се потсетуваат дека не се само партнери, туку и љубовници, ако сакаат да успеат.


5. Лав и Водолија

Кралот на светот не може да и одолее на слободната Водолија која го признава само својот авторитет. Бунтовничкиот дух е освежување за Лавот, додека за Водолиите најпривлечна е харизмата на Лавот.

Преголемата потреба за внимание на Лавот и противењето на Водолиите може да доведе до сериозни проблеми.

Спасот мора да го најдат во креветот, далеку од сите луѓе и познаници.


6. Девица и Риби

Девицата сака ред, а Рибите ги одбива рутината, па затоа ова е доволно спротивно за да се привлечат. Врската ја гледаат како единствен начин да си го променат животот, па Девицата обожава да ја научи Рибата на ред, додека Рибата ја учи Девицата како да се опушти.

Во одреден момент несериозноста на Рибите може да и попречи на Девицата, а потребата за контрола на Девицата да биде препрека за другата страна.

Подготвеноста на компромис може да ја спаси врската.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2016 во 20:11

Голем љубовен хороскоп за месец април 2016-та


Месец април е време на големи промени, некои хороскопски знаци ги очекуваат флертувања и љубовни предизвици, па ќе уживаат без да размислуваат за последиците, а други ќе се одлучат да се борат за својата врска.

golem-ljuboven-horoskop-za-mesec-april-01.jpg

Што ве очекува на љубовен план во април?

Овен

Ако веќе подолго време сте сами, во текот на април нема да имате потреба да се грижите за вашиот љубовен статус. Ова ќе биде време кога нема да знаете што да правите со бројните можности кои вас буквално ви доаѓаат пред нозе. Личност во знакот Лав би била одлична комбинација за авантура, а подоцна можеби и за сериозна врска. Препуштете се на емоциите, но не ја занемарувајте вашата  интуиција. На крајот на април припадниците кои се во врска ќе имаат помалку искушенија, а проблемите во врската ќе можат да ги пребродат само ако вложат повеќе напор и го уверат партнерот во својата посветеност.

Бик

Април е ваш месец, бидејќи токму тогаш ќе можете да им покажете на поранешните љубовници дека вам одлично ви оди без нив. Ова ќе биде месец кога вашата силна личност, став и неодолив шарм ќе дојдат во прв план и едноставно ќе бидете во центарот на вниманието. Марс ќе ви даде сила, па конечно ќе успеете да го направите првиот чекот. Ако веќе подолго време сте сами, на еден Овен можете слободно да му кажете „Да“ без воопшто да размислувате.

Близнаци

Игривите Близнаци секогаш го добиваат тоа што го посакуваат, а на почетокот на пролета опасно посакуваат еден од огнените знаци. Со оглед на тоа што шармот и флертот ви се второ име, треба да ги искористите и да заведете некој Лав или Стрелец. Во втората декада од месецот лошата комуникација во врската може да доведе до расправии, па ѕвездите ги советуваат Близнаците да посветат малку повеќе внимание на нивниот партнер, доколку сакаат врската да продолжи.

Рак

Романтичните Ракови не мораат повеќе да чекаат, бидејќи пролетта и април ќе ги исполнат нивните очекувања кога е љубовта во прашање. Полето на љубовта потполно ви се отвора веќе од средината на април кога ќе запознаете интересна личност на работа или на некое неочекувано место. Сатурн можеби ќе ви врати некој од минатото, но одлуката останува на вас дали да се вратите на стариот љубовен предизвик или дали ќе дадете прилика на некоја потполно нова личност.

Лав

Како и секогаш, кога доаѓа убавото време и пролетта, огнените Лавови не можат да се смират и се склони на флертување и љубовни авантури повеќе од вообичаено. Секако, ретко кој ќе остане имун на вашиот шарм, посебно во април. Оние кои се веќе долго време сами ќе запознаат некоја личност поради која пеперутките повторно ќе проработат. Една Девица или Скорпија ќе бидат одличен избор за врска или авантура. Лавовите кои се во врска во април ќе одлучат дали сакаат да ја спасат својата врска или да ја прекинат. Не носете одлуки во бес и пред нив добро размислете.

Девица

Можеби се плашите да се сретнете со некој од минатото, но токму тоа ќе ви се случи во април. Размислете дали е можеби нешто што сте го очекувале и нешто на што сте се надевале претходните месеци. Април е месец кога многу подобро е да останете сингл, бидејќи само еден лош избор може повторно да ви донесе проблеми.


golem-ljuboven-horoskop-za-mesec-april-1.jpg

Вага

Пролетта и април ќе ви донесат во животот некоја млада личност на која тешко дека ќе останете имуни. Без грижи, релаксирајте се и не размислувајте за последиците, бидејќи конечно ќе дојдат вашите пет минути. На Вагите кои се во врска, ѕвездите им препорачуваат конечно да соберат храброст, да кажат „Да“ и да не ги одложуваат плановите за заедничка иднина. Крајот на април носи мали несогласувања помеѓу партнерите кои можат да ги решат само ако се потполно искрени и не ги слушаат приказните од страна.

Скорпија

Страсните Скорпии долго чекаа да дојдат нивните пет минути кога се во прашање љубовта и врските. Токму сега можат да земат оддишка, бидејќи во април сè ќе се одвива по нивните планови. Без оглед на статусот, Скорпиите толку ќе уживаат во вниманието на спротивниот пол, што постои можност да се појави флертување и на работното место. Сепак, внимавајте да не бидат тоа надредените, па следниот месец да ја изгубите можноста и за љубов и за работа. Сконцентрирајте се на некоја личност во знакот на Лав или Јарец со кои ве очекуваат убави заеднички моменти.

Стрелец

Април на слободните Стрелци ќе им донесе многу позитивна енергија кога е во прашање љубовта. За нив нема да постојат никакви препреки во однос на освојувањето на личности од спротивниот пол. Токму затоа, оваа пролет може да ви се случи да западнете во забранета љубов. Стрелците кои неодамна раскинале, ѕвездите ги советуваат да не се враќаат на минатото, туку да ја остават моменталната ситуација таква каква што е. Во април ве очекуваат бројни предизвици и нови ситуации кои морате да ги искористите на вистинскиот начин.

Јарец

Јарците ќе мораат уште малку да бидат трпеливи и да го почекаат нивното време за љубов. Април ќе биде месец кога ќе ги лечите старите љубовни рани и ќе се подготвувате за нова животна епоха. Ѕвездите ги советуваат Јарците да не избрзуваат во донесувањето на одлуки кои се поврзани со нивниот љубовен статус. Дозволете времето да одлучи наместо вас. Јарците кои се во врска ќе имаат помалку недоразбирања во втората декада од април.

Водолија

Слободните Водолии во текот на април ќе уживаат со полни гради. Убавото време, добрата енергија и љубовниот занес ќе ве раздвижат и конечно ќе ги признаете вашите емоции на некој од огнените знаци. Најдобро од сè е што вашата внатрешна сила и позитивните вибрации ќе ве натераат да не се плашите од одбивање, ниту од последиците. Слободно релаксирајте се и излезете на јавни места, бидејќи токму тука може да ве чека вашата сродна душа. Водолиите кои се во врска ќе се концентрираат на плановите за заедничка иднина, но една расправија во април ќе им ја разниша моменталната сигурност.

Риби

Емотивните Риби во текот на април ќе се соочат со бројни искушенија. На прво место ќе се запрашате дали да ѝ дадете втора шанса на старата врска или дали можеби подобар избор е да излезете на пијачка со некоја Скорпија. Што и да изберете, не морате да се грижите за исходот. Април е месец во кој ќе бидете поштедени од разочарувања и емотивни рани. Рибите кои се во врска ќе уживаат во заедничките моменти со саканата личност и токму сега ќе посакаат уште посериозна врска.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2016 во 19:01

АКО ОВОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК ВИ КАЖЕ „ТЕ САКАМ“, ДА ЗНАЕТЕ ДЕКА ВЕ ЛАЖЕ

13
Ако ви кажат дека ве сакаат можеби би требало таа изјава да ја заверат на нотар. Станува збор за родените во знакот Близнаци.

За нив зборовите „Те Сакам“ се исто како „Добар ден“ и немаат никакво значење. Доколку ги потсетите дека ви ги изговорил овие зборови што би требало да ги сфатите сериозно, тој ќе се прави наудрен.

Доколку се сети дека ви изјавил љубов, ќе каже дека само се шегувал. На Близнаците им треба многу време за да се врзат, но најмногу и над се, најмногу се сакаат себе си. Она што е сигурно – со нив во врска неможе да ви биде здодевно. Знаат да бидат духовити, забавни, авантуристи, но врзувањето и бракот тешко им одат од рака.

Ако се вљубите во близнак бидете внимателни, затоа што секогаш ви се заканува опасност да ви го скрши срцето. Дури и кога тоа го прави на своја штета. Може да страда затоа што не сте заедно, да му биде тешко, но тоа нема да го признае ниту под тортура.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2016 во 21:32

ХОРОСКОПСКИОТ ЗНАК ЌЕ ВИ ПОКАЖЕ ДАЛИ ЌЕ ИМАТЕ СРЕЌА ВО ЉУБОВТА

8

Маните ( лошите особини) својствени за секој хороскопски знак најчесто се причина да дојде до раскинување на врската. Кога човек знае каде греши, многу се поголеми шансите следен пат да не ги повтори истите грешки.

Според вашиот зодијачки знак дознајте каде најчесто грешите во љубовта. Вашиот хороскопски знак ви ги открива грешките кои ги правите на љубовно поле. Проверете:

Овен
Самоувереноста на овенот, која на почетокот на врската можеби била привлечна за другиот партнер, со текот на времето може само да се претвори во пречка. Овните мораат да поработат на својот егоизам и понекогаш да го стават партнерот на прво место. Компромисот исто така е основа на секоја добра и квалитетна врска. Нивните брзоплети реакции понекогаш знаат да претставуваат проблем во врската, бидејќи на другите им е тешко да се справуваат со нивните изливи на бес.

Бик
Биковите кои се во долга и стабилна врска, често знаат да се запостават. Тие се чувствуваат пријатно, па претеруваат со храната и пијалаците, не внимавајќи на физичкиот изглед, што после некое време на партнерот може да му стане непривлечно. Покрај тоа, тие стануваат и мрзливи за романтика, а партнерот почнуваат да го сфаќаат здраво за готово. Биковите се склони на партнерот долго да му замеруваат за истите грешки и секогаш ги водат истите кавги.

Близнаци
Близнаците се склони кон флерт, па партнерот покрај нив може да се чувствува несигурно. Не оставаат впечаток на стабилност и сигурност, поради што саканата личност мисли дека не може да се потпре на нив. Имаат тенденција често да го менуваат мислењето и расположението, а тоа е уште една карактеристика која им пречи на другите.

Рак
Раковите уште на почетокот од врската стануваат зависни од партнерот, а спомнувањето на заеднички живот и брак во рана фаза од врската, секого може да преплаши. Кога се во врска, партнерот станува центар на нивниот свет, поради што тие често се чувствуваат загушено. Лесно се навредуваат и се многу чувствителни, па многу лесно можат да останат повредени.

Лав
Големото его на лавот е нешто со кое партнерот треба да научи да се носи. Не е лесно да се живее со личност која лесно се навредува и која после тоа со денови му замерува на партнерот за истата ситница. Лавовите секогаш се ставаат себеси на прво место и тоа со текот на времето станува вистински проблем. Не ги признаваат своите грешки, а покрај тоа се склони кон флертување, па партнерот покрај нив не се чувствува баш сигурно.

Девица
Срамежливите девици тешко ги откриваат своите вистински емоции, па нивниот партнер не знае што всушност тие чувствуваат. Живеењето со девица може да биде многу напорно бидејќи тие се премногу критични и секогаш знаат да најдат маана во сè. Тежнеат кон совршенство, но не сфаќаат дека треба да уживаат во малите, обични работи, кои го прават животот совршен. Нивната опседнатост со чистотата и здравјето, знае да иритира.

Вага

Љубовниот живот на вагите знае да биде хаотичен, бидејќи честопати одбираат погрешни партнери, кои не се добра основа за врска. Кога се во врска, се многу неодлучни и постојано размислуваат дали нивниот партнер е оној вистинскиот. Освен тоа, претставниците на овој знак се многу склони и кон флерт. Не сакаат да се расправаат, па го кажуваат она што нивниот партнер сака да го чуе, што може да стане проблем, бидејќи искреноста е темел на секоја успешна врска.

Скорпија
Скорпиите секогаш тежнеат да одат на сѐ или ништо, па не е лесно да се следи нивниот чекор. Во врските стануваат љубоморни и посесивни, па неретко го гушат партнерот. Освен тоа многу се таинствени, па љубената личност секогаш се чувствува како Скорпијата нешто да крие од нив и не е потполно искрена. Скорпиите се злопамтила кои никогаш не простуваат сосема, а ситните кавги редовно ги претвораат во долготрајни караници, исполнети со обвинувања и обиди за емоционална манипулација.

Стрелец
Стрелците се честопати нечувствителни и невнимателни, па ги повредуваат чувствата на нивниот партнер, а не се ни свесни за тоа. Живеат за возбуда и акција и затоа сѐ им досадува брзо. Нивниот партнер се чувствува како да мора постојано да биде интересен, што му создава голем притисок. Најголемиот проблем во љубовните врски на стрелецот, е неговата потреба да има потполна слобода и свој посебен социјален живот, а тоа секако не им одговара на многу негови партнери.
Јарец

Јарецот е отсутен и дистанциран додека не стекне потполна доверба во неговиот партнер, а тоа е многу долготраен процес, поради што неговиот партнер ќе се исфрустрира. Во ниеден случај не е лесно да се живее со меланхолична личност која се грижи за секоја ситница, а неговиот песимизам се пренесува и на околината. На јарците им недостасува спонтаност, тие се многу оптоварени со нивната работа, поради што животот со претставник на овој знак, станува монотон.

Водолија
Потребата на водолијата за слобода и индивидуалност може да биде исцрпувачка за нејзиниот партнер, кој понекогаш се чувствува дека сите други луѓе на светот ѝ се поважни од него/неа. Богатиот друштвен живот на Водолијата, ги прави многу нејзини партнери љубоморни. Во некои случаи недостатокот од интимност и романтика може да доведе до оддалечување на партнерите. Воедно, љубената личност секогаш знае што Водолијата мисли, но не знае што чувствува, бидејќи таа избегнува да зборува за емоции.

Риби
Рибите живеат во свој свет и честопати го идеализираат нивниот партнер, но нивните нереални очекувања е навистина тешко да се задоволат. Честопати се впуштаат во врски со личности кои не ги заслужуваат или личности кои имаат тајни љубовни врски настрана. Обично имаат комплициран љубовен живот, а поради нивната пожртвуваност спремни да се трпат многу, а тоа нивните партнери често ги искористуваат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2016 во 17:48
Мене ми е знакот таков,да пишано ми е да не верувам.
Кон врв
marchi.be Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 08.Март.2016
Статус: Офлајн
Поени: 30
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marchi.be Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2016 во 14:32
od posledniov komentar na valerija bogami si procitav nesto sto mi e 1000% pogodeno samo sakam da gi prasam ostanatite clenovi dali veruvaat vo horoskop?
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2016 во 08:58

ШТО ВЕЛИ ХОРОСКОПОТ: ДАЛИ ПАРТНЕРОТ ВЕ ЛАЖЕ?

15

Овен

Мажите родени во знакот на Овен вообичаено многу бурно реагираат на какво било обвинување за работа за која се всушност виновни. Според тоа, ако вашиот партнер е Овен и на вашите обвинувања наместо само да се насмее реагира прилично агресивно – тогаш веројатно и вие имате сериозна причина сериозно да се налутите!

Бик

Биковите се типично сигурни во себе и самосвесни но стануваат прилично несигурни кога се обидуваат нешто да сокријат или пак да излажат. Ако почнат да покажуваат изразена љубомора, немојте да се тешите мислејќи дека тоа е така поради тоа што ве сака. Најверојатно тоа ќе значи дека има некои проблеми кое се обидува да ги сокрие од вас.

Близнаци

Кога Близнаците ќе почнат да се бранат од далеку и да ви велат да не им дишете во врат, да ги оставите на раат да прават што сакаат, дека вие не мора да знаете се што прават и сл. тоа значи дека се сомнителни дека нешто матат. Мажите родени во знакот Близнаци обично сакаат да разговараат за се и сешто и да разменуваат информации, а почнуваат да кријат само тогаш кога навистина имаат што да сокријат!

Рак

Раковите се многу среќни и задоволни ако го минуваат времето со семејството или партнерот, па така, ако одеднаш почне да ви изгледа оддалечен или расејан, тогаш сигурно има нешто што го мачи а не сака да ви го каже. Раковите не сакаат да бидат сами подолго време, па доколку сте попречени да поминувате многу време со него, тој лесно може да почне да си го минува времето со некоја друга!

Лав

Мажите родени во знакот Лав можат да станат опседнати со контролата и да почнат да прават кавги со кои само сакаат да го свртат вниманието од нивните активности. Според тоа, доколку забележите дека партнерот Лав често иницира кавги и почнува да ви кажува што смеете а што не смеете да правите, ваквото негово однесување слободно можете да го протолкувате како маска зад која сака да сокрие нешто.

Девица

Мажите родени во знакот на Девица се многу емотивни и мили, но кога се обидуваат нешто да сокријат тие ги оттргнуваат емоциите од гласот и разговорот. Ако одеднаш стане рамнодушен и ладен или пак на пример почне да ви вели дека можете да правите што сакате, тоа него не го интересира, тогаш имате силни причини да станете сомничави дека нешто крие!

Вага

Мажите родени во знакот на Вага се многу умешни во лажењето кога знаат дека немаат друг избор. За да се спасат самите, тие прибегнуваат кон емотивна манипулација така што прават партнерката да се чувствува како грозна личност само и само затоа што споменала нешто сомнително.

Скорпија

Скорпијата знае да стане прилично непријатна кога крие нешто. Ако одеднаш почне да ве напаѓа со лоши коментари и забелешки на вашиот изглед или интелигенција, можете да бидете сигурни дека со тоа всушност се обидува нешто да сокрие и да го сврти вниманието од нејзините лоши постапки.

Стрелец

Стрелците се прилично релаксирани и безгрижни така што даваат м,ногу јасни знаци дека се обидуваат нешто да сокријат. На пример, ако повеќе пати го прашате за истата работа може во секој нов одговор да изменува одредени детали од приказната. Ако навистина ве мами со друга, може да биде толку невнимателен што лесно ќе пронајдете пораки, телефонски броеви, па и женска облека во неговиот стан.

Јарец

Кога маж роден во знакот на Јарец почнува да лаже, неговата главна стратегија е да ја префрли вината на партнерката. Дури и да го фатите во лагата, ќе се обиде и тоа да го сврти против вас и да ве обвини дека вие сте го довеле до таква ситуација. Доколку се уште не е фатен, а нешто мати, ќе забележите дека има помалa доверба кон вас.

Водолија

Мажот Водолија може да биде многу убедлив во лагите, затоа што без разлика во каква ситуација ќе се најде тој ќе остане ладен и ќе ве гледа во очи и ќе ве лаже. За да дојде до ваква ситуација прво емотивно ќе се оддалечи, што можете да го протолкувате како знак дека нешто не е во ред. Тој ќе се обиде да се повика на вашата логика а не на вашите емоции.

Риби

Мажите родени во знакот на Риби имаат совест и лесно се издаваат кога лажат. Ако одеднаш забележите дека се труди повеќе и прави повеќе работи за вас отколку вообичаено, ако почне да ви купува подароци, да ви се јавува по сто пати или да ви помага во домот, најверојатно чувствува вина поради нешто.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2016 во 18:17

Астролошки предвидувања: Кои хороскопски знаци ги очекуваат тешки пролетни и летни месеци?



Токму поради фактот што Сатурн се наоѓа во Стрелец, припадниците на овој знак, особено оние кои се родени во првата декада, ќе се најдат пред големи животни искушенија. Но, тоа не значи и дека овие нешта ќе имаат лош крај. Сè зависи од распоредот и положбата на клучните планети во наталната карта на Стрелците.

Астролошки предвидувања: Кои хороскопски знаци ги очекуваат тешки пролетни и летни месеци?

Истото нешто ќе се случи и со припадниците на знаците Риби и Девица, поради квадратот кој Сатурн од Стрелец го прави врз нивното Сонце. Ова можат да го забележат и Близнаците, поради опозицијата на Сатурн во нивното Сонце. Изгледа Близнаците најдолго ќе го чувствуваат овој лош период, кој може да премине дури и во следната година, односно сè додека Сатурн се наоѓа во знакот на Стрелец.

Што се однесува до Раковите и Јарците, тие ќе почувствуваат потешкотии во првата декада од јули, додека Овните во првата декада од април. Вагите можат да поминат без големи потешкотии во пролетните месеци, но кога Уран ќе биде во транзит низ Овен, ќе им донесе ненадејни и бурни промени на животното поле.

Најтешките денови, односно најбурните, ќе ги доживеат оние знаци кои имаат истакната Месечина или лични планети во Стрелец, Близнаци, Риби, Девица, Овен, Рак, Јарец или Вага. Имајќи го тоа на ум, Јарците имаат најголеми шанси да бидат подложени на огромни искушенија. И тоа не поради нивната вродена склоност на мака и патење, туку поради положбата на Плуто во соѕвездието Јарец.



Изменето од Valerija - 27.Март.2016 во 18:17
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2016 во 10:04

ОВА СЕ ПАРОВИТЕ КОИ СПОРЕД ХОРОСКОПОТ СЕ ОСУДЕНИ НА ПРОПАСТ: ВИДЕТЕ КОИ ЗНАЦИ НИКАКО НЕ СЕ ЗА ВАС!

19

Некои врски, ако верувате во астрологијата, едноставно не можат да успеат. Затоа поштедете се себе си од разочарување па видете кои знаци никако не се за вас.

Овен и Близнаци

Овните се секогаш расположени за нови љубовни авантури, па често во врска се впуштаат непромислено. Не сакаат луѓе кои многу кукаат. Не се согласуваат со Рибите, кои се премногу емоционални за нив, со Близнаците постојано се расправаат и со Девиците.

Бикот никако со Стрелец

Со Биковите управува Венера, па тие се совршени за сериозна врска, но дури кога ќе најдат некој што им одговара. До тогаш уживаат во врскички. Најлошо се согласуваат со Овен, со кој поради јаките карактери често се расправаат, со Близнаците и со Стрелците.

Близнаците не се согласуваат со Рибите

Близнаците лесно се вљубуваат, но исто така лесно и престануваат да сакаат ако се разочарани. Ги одбиваат предвидливи луѓе. Во љубовта најлошо се согласуваат со Бик, кои се премалку амбициозни за нив, со Рак кои се премногу предвидливи и со Риби.

На Ракот не му оди со Овенот

Раковите се романтични души кои сакаат да се трудат околу вистинската љубов. Ги одбива егоизмот, а во врските најлошо се согласуваат со Стрелецот и покрај големата привлечност, затоа што никогаш не се сигурни во нив. Освен тоа, лошо функционираат и со Близнаци.

Лавот не може со Близнаците

Лавот во врската сака да почувствва сигурност и дека е на прво место на партнерот. Ги одбиваат луѓе кои постојано се грижат и пренесуваат лоша енергија. За нив најлоши партнери се Близнаците, кои премногу размислуваат, Рибите, кои ненамерно ќе ги повредат и Јарците.

На Девицата не и одговара Вагата

Тие внимателно го избираат партнерот, па тешко донесуваат одлука за некого да се врзат. Ги одбиваат пасивни луѓе и оние кои мудруваат. Најлошо им е со Овен, кои се поставуваат директорски над нив, но не им е сјајно ни со Вага, кои не ја разбираат нивната критичност.

Вагата не се согласува со Ракот

Вагите ги одбиваат оние кои лажат и кои не им оставаат впечаток дека се доверливи. Не можат со Девиците, кои се премногу комплицирани за нив, со Шкорпии кои им се премногу песимистични и со Раковите кои се премногу традиционални.

Шкорпијата не функционира со Овенот

Таа бара врски во кои ќе се чувствува исполнето. Најлоши се во комбинација со Овенот, со кои често се расправаат, со Близнаци кои ја поттикнуваат нивната љубомора, и со Стрелец со кои не се чувствува сигурно.

Стрелецот не може со Бикот

Тие во љубовт сакаат се или ништо. Ги одбиваат меланхолични и оние кои не знаат што би со себе. Стрелците се најлоши во комбинација со Бик, кој за нив е премногу посесивен, со Рак кој не е спонтан и со Девица.

Јарецот не е за врска со Овен

Јарецот на прв поглед изгледа како љубовта да не му е важна, но всушност така се брани од разочарувања. За нив не се врски со Овен, кои ги сметаат за нестрпливи и наивни, со Близнаци затоа што мислат дека немаат идеал кон кој тежат, како ни со Стрелец.

Водолија и Бик

Лесно се вљубуваат, но во врската се чувствуваат како да се заробени. Ги одбиваат неморални и провидни луѓе. Тие во љубовта не се согласуваат со Бик, затоа што не можат да им дадат сигурност, со Раковите кои им се досадни и со Девиците.

Рибите не можат со Овен

Рибите бараат идеален партнер од соништата, а ги одбиваат оние кои се однесуваат неразумно и оние кои имаат површни погледи на живот. Не се согласуваат со Овните кои им се агресивни и нетактични, со Близнаци кои немаат разбирање за другите и со Лавовите кои лесно може да манипулираат со нив.



Изменето од Valerija - 27.Март.2016 во 10:05
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2016 во 18:03

КЛУЧНИ СЕКС АДУТИ НА СЕКОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК

8
Овен

Сексот со нив тешко може да се движи во рутина. Во однос на нивната издржливост – ретко ќе ве остави разочарани.
Тие се многу спонтани и сакаат своите партнери да ги изненадуваат со подароци.
На нив секогаш може да сметате – да се борат за вас ако тоа е потребно.
Припадниците на овој знак се склони кон возбуда и авантура – со нив никогаш нема да биде досадно.

Бик

Карактеристично за Бикот е што има најлојален карактер во зодијакот и знаат да чувствуваат безгранична почит кон партнерот. Многу се сензуални и тоа се одразува во сексуалниот живот. Имаат силно либидо и важно за нив е туѓото задоволство.
Во моменти на стрес, Бикот секогаш ќе биде таму за да ви овозможи комфор и да се грижи за вас.

Близнаци

Тие прво се навистина заинтересирани за многу теми и затоа уживаат во проучувањето на партнерот и сите негови интереси.
Нивниот мозок работи брзо и генерално се многу духовити, но и секогаш ќе се смеат духовитоста нивниот партнер . Со нив не ќе мора да се грижите за недостаток на комуникација – тие се вистински експерти за отстранување на секоја непријатна тишина.
Пријателството е многу важно за нив и нивниот партнер пред се треба да му биде пријател, а потоа љубовник.
Навикнете се на нивните секси провокации.

Рак

Имаат вродена природа да се предадат на другиот. Покрај нив не треба да се плашите да ги окажете чувставата. Најомилениот начин на ракот да го поминува времето е да биде прифатен од својот партнер. Секогаш се обидуваат сексот да биде полн со страст и емоции. Исто така инвестираат време и енергија домот да биде топло и удобно место и за партнерот.

Лав

Со нивната сила и самодоверба се многу привлечни. Тие знаат како да ги покажат своите чувства, така што нема да ви недостигаат бакнежи, прегратки и допири.
За лавовите вљубеноста е најубавиот дел од животот затоа љубовта никогаш не ја земаат здраво за готово. Благодарение на својот креативен и страстен карактер, тие се одлични љубовници.

Девица

Секогаш ќе биде таму за да даде поддршка на партнерот кога е најпотребно. Имаат широко поле на интерес, затоа со нив лесно ќе разговарате на било која тема.
Под студената надворешност се крие кревка и топло внатрешност, која се гледа во полн сјај во љубовта.
Исто така се стремат кон совршенство во сите области на животот, што се одразува и во сексот – секогаш се потготвени да биде подобро.

Вага

Вагата со својата препознатлива шармантна и романтична природа, дури и по многу години од врската нема да запре да го заведува партнерот.
Предиграта за нив е многу важно и секогаш ќе издвојуваат доволно време за да бидат сигурни дека партнерот е среќен.
Нивната желба за убава и стабилна врска значи дека потенцијалните конфликти сакаат да ги решат со мирен разговор.

Шкорпија

Комбинацијата од страст и силен интезитет на либидото што ја има Шкорпија е гаранција за добар секс!
Меѓутоа љубовната врска, за разлика од обичниот флерт, ја градат многу сериозно и се лојални партнери. Нивниот мистериозен карактер и вечна мистерија е предизвик за партнерите, што придонесува за возбуда во врската.

Стрелец

Со оптимистички пристап кон животот Стрелецот во врската носи позитивност, слобода и подготвеност за компромис.
Тие се секогаш искрени, па можете да сметате на целосната вистина и во најлоша ситуација. Припадниците на овој знак се и идеалисти, па секогаш го гледаат најдоброто во своите партнери.
Со оглед дека има многу енергија, водење љубов со Стрелец е вистинска спортска активност!

Јарец

Карактеристично за овој знак е тоа што се спремни кон постигнување на длабока, значајна и долготрајна врска. Практични се во животот и во однос на чувствата, така што ќе се избегне драма во секоја прилика. Во сексот се отворени и преземат иницијатива , а нивното моќно либидо не се намалува со возраста.

Водолија

Доколку сте во врска со Водолија ќе направи да се чувствувате како да сте во љубов со вашиот најдобар пријател. Водолија живее во свет на идеи и креативност, токму затоа вие ќе бидете во можност да ги споделите. Исто така ако вашиот партнер е Водолија ќе си го запгатите дефинитивно љубовниот живот – тие се омилени меѓу знаците.
Поради нивната креативна природа, се перверзни во кревет.

Риба

Припадниците на овој знак се многу сензуална и подготвени за секс во секое време и насекаде.
Рибата ја изразува својата љубов и восхит секогаш на оригинален и речиси поетска начин.
Тие се подготвени да се жртвуваат за доброто на врската. Со оглед на тоа дека се големи романтичари, љубовта ја доживуваат како онаа од филмското платно.



Изменето од Valerija - 26.Март.2016 во 18:03
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2016 во 12:39

ТРИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ ЧИЈА БИВША ЉУБОВ ЌЕ ИМ СЕ ВРАТИ ВО ЖИВОТОТ

7

Доколку сте помислиле дека сте избегале од минатото, подгответе се за спротивното бидејќи неколку непланирани средби можат да ве навратат на стари спомени. Токму тоа целосно ќе ги смени вашите планови, па затоа ќе имате и само 2 избора – да стапите во брак или целосно да се заборавите еден со друг. Само 3 хороскопски знаци до крајот на оваа година ќе имаат конфузни љубовни ситуации, па откријте дали и вие сте едни од нив…

1. Овен

Минатото се подготвува да ве потсети. Во овој случај нема да важи онаа реченица: „Минато, те молам опрости ми“, бидејќи како што досега сите врапчиња на гранките научиле – кармата секогаш доаѓа. Некоја ваша бивша љубов ќе воспостави контакт со вас така што ќе ви се јави со зборовите: „Те барам како пријател, да видам како си и што правиш…“ Токму во тој момент играта може да започне. Има големи шанси околу ноември да се смирите и да започнете сериозна врска, па можеби дури и брак. Па, нека ви е со среќа, време беше да се смирите!

2. Близнаци

Близнаците ќе вкусат дел од „колачот“ кои судбината и кармата им го подготвуваат. Припадниците на овој знак најчесто лесно се провлекуваат низ големи и застрашувачки настани, но изгледа дека овој пат нема да можат да побегнат од духовите од минатото. Оние кои се осамени веќе подолго време, дури сега успеваат да остварат силно и стабилно партнерство, додека пак, оние кои се во емотивни односи ќе налетаат на преиспитување на цврстината на својата врска. Нешто во вас ќе ве натера да контактирате со некој кој одамна не сте го чуле, а за кој сè уште ве врзува нешто длабоко од внатре.

3. Рак

На Раковите не им е сè мед и млеко. Ситуацијата изгледа вака: Вие во секое поле од животот чувствувате притисок, вклучувајќи го домот, партнерството, бракот, па дури и работата. Проблемите на емотивниот план ќе успеете да ги решите со мир, трпение, истрајност и решителност.  Но, и вам ве следува борба со духовите од минатото. Вие нема да можете да одолеете да одговорите на еден повик од онаа личност која сè уште го чува вашето срце, па ќе отрчате по уште една доза пред да продолжите понатаму со вашиот живот. За оние Ракови на кои љубовта во текот на целата година им бегала, ќе имате шанса за нова во декември, па обидете се да не ја пропуштите таа можност.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2016 во 12:35

ЖЕНИТЕ ВО ОВОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК СЕ НАЈДОБРИ ЗАВОДНИЧКИ

12

Жените близнаци се непредвидливи и својата друштвена и љубезна маска многу брзо може да ја заменат со дистанца и арогантност. Од потенцијалниот партнер бараат ментална компатибилност за да бидат заинтересирани, затоа што оваа дама не дозволува игра со нејзинотот тело за некој што не е способен да ја предизвика интелектуално.

Жените близнаци се мошне модерни. Тие се многу љубопитни, комуникативни, духовити, брилијантни. Нема ниту едно отварање на изложба, театарска премиера и значаен собир што таа би си дозволила да го пропушти.

Постојаната желба за нешто ново кај близнаците доведува до разорувачки ефект на буџетот и често до ексцентричен изглед што истовремено е резултат на егзебиционизмот што е типичен за овој хороскопски знак. Тие константно прилагодуваат се и сешто на сопствените потреби и тоа се обидува да го направи и со партнерот. Промената е важна за нејзиниот живот и за психичкиот развој.

Таа е подготвена да ги употреби сите женски оружја, својот шарм и привлечност за да го добие она што го сака. Оваа дама лесно се вљубува и затоа тежнее кон тоа да има повеќе од еден љубовник истовремено.

Мошне се комуникативни, итри и во сосотојба се со сопствениот шарм да го опијат секого што ќе стапи во контакт со нив.



Изменето од Valerija - 24.Март.2016 во 12:38
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,344 секунди.