![]() |
|
РАКОМЕТ - новости |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 89101112 18> |
Автор | ||||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Металург дојде до раскрсница
![]() Цела сезона беше подредена на двата дуела кои се играа последните денови. Тука требаше да се направи тој чекор што ќе ја направеше оваа година посебна за Металург, но тоа не се случи. Како одигра екипата тогаш кога најмногу требаше за управата на клубот значи дека дошле до раскрсница. Односите со РФМ од корисна соработка дојдоа до момент кога "заедно" веќе нема да ја има и тука "љубов" нема да има уште долго време. Полошо секогаш може да биде. Тренерско-играчкиот дел доби слобода да работи како што мисли дека треба, немаше плеткање на управата во тоа што се работеше, резултатите беа тие по кои ќе се мери успехот. Претседателот на клубот, Ристо Чокрев, е најкомпетентен во моментов да коментира какви ќе бидат односите со РФМ и кои се клупските планови. "Вардар победи и сега е блиску до титулата, но јас нема да му ја честитам победата. Премногу работи се случија во претходницата на овој меч за да биде се спортски и да си подадеме рака. Се чини ќе успее сценариото кое го форсира Вардар. Да биде само Вардар, да се има само еден клуб и се друго да не постои. Систем кој функционираше довчера во женскиот ракомет, само Кометал и никој друг. Систем кој е поддржан и од генералниот секретар Марјан Начевски, комисиите, судиите. Ние неколку години им ги мрсевме сметките, создадовме клуб кој не функционира по нивните правила на игра, покажавме дека може и поинаку да се работи. Но... ќе видиме дали ќе продолжиме така. Сега кога имаат апсолутна власт во РФМ, прашање е дали тоа вреди. Видовте што се случи кога требаше да се игра. Менуваа термини, манипулираа со комисии, прописи, одолговлекуваа и на крајот дојде ред да играме, кога ние имавме многу повредени играчи. Настрана се, имаа и великодушна поддршка од судиите кои упорно го одржуваа во живот кога имавме водство, направија се за да поведе, а по тоа беше лесно", вели претседателот на Металург, Ристо Чокрев. Ова е само првиот дел од приказната, причини за поразот се бараат во сопствените редови. "Отсуството на два-три играчи не смее да биде оправдување за играта која ја прикажавме. Ако толку се зависи од два играчи, зошто тогаш ги чуваме другите? Сигурно не за да одиграат вака како што одиграа. Оваа екипа не е од вчера. Се создаваше неколку години, за да пружи вистинска борба, кога најмногу треба. Со Амичитија и посебно со Вардар. Видовме како вратија. Без борбеност, без жестина, храброст... Сите имаа своја шанса, видов кој колку пружи и многу од овие играчи следната година сигурно нема да бидат во Металург. Не заслужуваат и нема да бидат дел од иднината на овој клуб. Имаа шанса да излезат од просечноста, да покажат дека се вредни за поголеми дострели...еве што покажаа. Не направивме наша игра, цела година. Игравме на бранови, десет минути добро, дваесет слабо, десет лошо... и така. Нормално, сезоната уште не е завршена, стручниот штаб и играчите имаат шанса да ме разубедат. Да направат игра со која ќе го победат Вардар девет разлика. Тогаш јавно ќе се извинам што сум се посомневал", вели Чокрев. Како ќе биде натаму, ќе покаже времето, од Металург велат дека овде не застанува времето. "Ние себеси се гледаме како брана која стои меѓу македонскиот ракомет и потоп. Ако не сме ние, остане ли Вардар сам, како што сакаат и во тој правец работат многумина, целиот ракомет ќе се удави. И ќе има силен Металург и следната година, му се допаѓало тоа некому или не. И не само тоа, ќе настојуваме и да се најде начин да се 'дигне' од пепел и некој друг тим. Да не се решава се на два меча, каде што можат да пресудат судии, комисии или слично", вели Чокрев. Очигледно, ќе имаме многу што да чуеме од "Автокоманда" следниот период. |
||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||
![]() |
||||||
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Вардар Про го совлада Металург со 32:24
Вардар Про го совлада Металург со 32:24 во дербито на македонското ракометно првенство и со тоа направи значаен чекор кон шампионската титула. Во салата „Борис Трајковски“ црвено-црните не само што ја остварија првата победа во третото сезонско соочување со Металург, туку со убедливите плус-осум дојдоа до ситуација и со пораз во наредниот натпревар со ривалот, поради подобра гол-разлика да се радуваат на целосен триумф во шампионатот. Претходните два меѓусебни меча завршија нерешено, а со оглед на квалитетот, единствените конк*ренти за пехарот можат да загубат бодови само кога играат еден против друг, што значи дека во 4. средба на Вардар Про би му одговарал пораз до осум гола за да ја врати титулата во своите витрини. Само на почетокот Металург ја имаше контролата и водеше со 4:1, а потоа вардарци влегоа во ритам и пред одморот не само што ја анулираа предноста на противникот туку и создадоа предност од 15:13. На средина на вториот дел Вардар Про ја направи клучната разлика, а потоа и ја зголеми за конечни 32:24. Најефикасни на натпреварот со по седум гола беа Наумче Мојсовски од победничкиот тим и крилото на Металург, Чантурија. Bravo Majstori! Vardar Sahmpion! http://www.youtube.com/watch?v=CvM_EurjEno&feature=player_embedded http://www.youtube.com/watch?v=yNDpdz7VjJM&feature=player_embedded |
||||||
|
||||||
![]() |
||||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Металург достојно се прости од Европа
![]() Одигравме неочекувано лошо прво полувреме, кое противникот го доби со 12:8. По одморот очигледно беше дека советите на тренерот на Металурзи, Шундовски вродија со плод, а како и што се очекуваше мечот кулминацијата ја доживеа во последните 10 минути од пресметката. Токму тогаш Металург го покажа своето вистинско лице, Борко во елемент бранеше и кога преполната сала "Борис Трајковски" ја гледаше топката во неговата мрежа, одбрана го достигна посакуваното ниво, Миркуловски 'украде' неколку топки за атмосферата да се вжешти до точка на вриење, а Јовиќ дополнително ја крена публиката на нозе со прецизните лоб удари од пенал. Особено што спроти себе го имаше вечерва расположениот до максимум противнички голман Васкевичиус. Чуварот на мрежата на Амичитија несомнено е и играч на натпреварот со 23 успешни интервенции зад своето име. Но, и при водство од три разлика за нашиот тим на три минути до последниот судиски свиреж и речиси добиен натпревар, среќата ни го сврте грбот. Имавме можност и дефинтивно да го решиме прашањето на патникот во следната рунда во наша полза, но Јовиќ при резултат од 24:22 од пенал со силен удар меѓу нозете на Васкевичиус ја погоди пречката од противничкиот гол. Кратко потоа, во последните секунди од дуелот и противникот доби удар од седум метри, кој неговите играчи успешно го реализираа, ги поставија конечните Металург - Амичитија 24:23 и благодарение на предноста која ја остварија во првиот меч со победата од 31:29, се пласираа меѓу четирите најдобри во второто по ранг клупско натпреварување во ракометна Европа. Во нашиот тим очигледно беше отсуството на тројцата стандардни ракометари: Маљцев, Димовски и Шмигиќ. Во такви околности Стојановиќ беше најпрецизен со 7 погодоци, Јовиќ постигна 6. Борко Ристовски мечот го заврши со 11 успешни интервенции. Сепак, Металурзи достојно се простија од евро сцената, а публиката во преполната сала "Борис Трајковски" со аплауз ги испрати своите миленици кон соблекувалната. Новиот предизвик за тимот од Автокоманда е веќе в среда, кога го играат градското дерби со Вардар Про, кое најверојатно ќе го даде името на освојувачот на шампионската титула во домашниот шампионат. |
||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||
![]() |
||||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Металург во поход кон најдобриот клупски резултат
![]() Победа од три гола разлика во реванш четвртфиналето од Купот на куповите против Амичитиа ќе ги однесе играчите од Автокоманда до најголемиот клупски резултат, влез во четворката. Таму каде што досега беа Пелистер (против Лемго) и Вардар во два наврати (против Адемар Леон и Загреб). Минималниот пораз во Цирих во неделата (29:31) треба да се сфати сериозно бидејќи во оваа фаза од натпревари сите екипи добро играат и дома и на гости, а тоа добро го знаат и во тимот на Металург. Најголем товар во играта ќе го понесе бековската линија и пред се репрезентативецот Филип Миркуловски, кој истакна дека швајцарскиот тим е опасен ривал. - Амичитиа има многу репрезентативци, со многу интернационалци, а ние ако сакаме да стигнеме до полуфиналето, мораме да одиграме квалитетно во сите 60 минути, а не како во Цирих само едно полувреме. Тренерот на Металург, Звонко Шундовски се уште има проблеми со составот. Нема да играат Ванчо Димовски и Иван Шмигиќ, а на повреда се жали и Олег Маљцев, но се очекување да се појави на теренот. Натпреварот почнува во 18 часот и 30 минути во салата „Борис Трајковски“. Се очекува трибините да бидат исполнети до последното место и Металург да ја добие поддршката и од „осмиот играч“. Во другите натпревари од 1/4 финалето се среќаваат: Босна (БиХ) - Кадетен Шафхаузен (Швајцарија) 22:27 (прв натпревар), Пик Сегед (Унгарија) - Нордхорн (Германија) 25:34, Констанца (Романија) - Ваљадолид (Шпанија) 23:38. |
||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||
![]() |
||||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Металург "брка" рекорд на гледаност
![]() За првпат во "Борис Трајковски" е поставена уште една, четврта трибина која е сместена позади голот на северната страна на салата, под службените простории. Таа е помала од другите "М" трибини и има капацитет од околу 200 гледачи. Со тоа "Борис Трајковски" ќе може да прими повеќе од 6200 гледачи и доколку се реализира тоа, службено ќе биде најпосетен меч досега. Дуелите кои Македонија ги играше со Исланд засега го држат рекордот и доколку беше и тогаш поставена монтажната трибина сигурно ќе беше преполна. Истото важи и за дуелите на женската сениорска репрезентација на Македонија од Европското Првенство одржано во декември минатата година. Но, тогаш беа повелечени и трибините "М", кои се наоѓаат позади записничката маса на западната страна и со тоа капацитетот на салата беше намален за околу 500 гледачи. Не ни осмелуваме да правиме споредби со дуелите на Кометал од неговата златна ера. Веројатно и стадион ќе беше премал за дуелите од 2002 на најславниот македонски клуб, но тогаш во Скопје немаше "саглам" сала, па едвај 2000 гледачи имаа задоволство да го гледаат мечот. Тука некаде е дуелот Пелистер-Лемго, нема официјална бројка за тој натпревар, но со оглед на официјалниот капацитет на салата во Битола, сепак, тоа е помал број. За дуелот на Металург со Амичитија не владее еуфорија каква што нормално има кога игра репрезентацијата на Македонија, но далеку е поголема заинтересираноста да се гледа овој натпревар отколку што имаше на натпреварите за Кил и на Барселона на пример. Активниот резултат од Цирих, убавото време и погодниот термин, шансата македонска екипа по четвртипат да се најде во 1/2 финалето на КПК, условите кои ги нуди "Борис Трајковски", но и растечката популарност на ракометот се причините поради кои се бараше билет повеќе деновиве. Посебно стратегијата која ја форсира Металург. Без навивачки групи, без организирано навивање, со спроведување на системот со нумерирани седишта што се покажува како "магнет" за се поголем број обични љубители на ракометот кои сакаат да дојдат во сала, да минат час и пол на ракометен натпревар и точно да знаат на кое седиште седат, поточно и да можат да си се вратат назад на своето место дури и да решиле да излезат надвор на воздух. Атмосферата не е таа која ја има на натпреварите кога има навивачки групи, но е убава и привлечна, а Металург е презадоволен од ваквиот тренд и во зависност на резултатите кои ќе ги оствари во домашниот шампионат сезонава (да биде првак) во клупските планови стои и можност за комплетна преселба на клубот во "Борис Трајковски" за наредната сезона. Во продажба според информациите од вчера претпладне имало останато уште околу 1500 билети кои се по цена од 100 денари. Што се однесува до Металург, екипата веќе тренира во арената, од вчера е и во некој вид карантин. Прес-конференцијата за натпреварот се одржа вчера. "Наша цел е да организираме уште еден натпревар во кој македонската публика ќе може да ужива. Пласман во полуфинале не е мала работа, ние не го претставуваме само Металург, ја претставуваме Македонија и мислам дека на секој љубител на спортот во државата ќе му биде мило да има македонски претставник во Европа во полуфиналето. Затоа сакаме и да ја задржиме концентрацијата и да не влетуваме во приказните кои деновиве се кружат низ цела Европа. Што се однесува до нас, нема случај Металург-Барселона. Ние сме кристално чисти и ова само може да ни одземе енергија, па затоа не сакам ништо сега да коментирам. Наскоро, ако треба ќе одржиме нова прес-конфренција на која ќе зборуваме само за тоа, сега најважно ни е да ја елиминираме Амичитија и да се пласираме во полуфиналето на КПК", вели потпретседателот на Металург, Филип Христов, кој вчера слично настапи и на официјалната прес-конференција. Вести нови од таборот на Металург нема. Освен што на списокот на повредени е ставен и Олег Маљцев. Тој имаше проблеми и на натпреварот во Цирих, па затоа и не беше во составот за дуелот со В. В. Тиквеш одигран во средата. За среќа, не се работи за нешто сериозно и тој в сабота ќе биде во составот. Деновите до мечот ќе се работи со намален интензитет. Нема нови моменти ниту од Цирих. Најважното од таму: Енди Шмит ќе дојде и ќе игра. Повреден е, колку ќе биде кадарен да покаже, ќе видиме. "Нас не не интересира, ниту се оптоваруваме со тоа дали и колку ќе може да игра Шмит. Се подготвуваме како тој да е 100 насто фит. Видовме за каква екипа се работи, знаеме со каков квалитет располагаат, но сметаме дека имаме реални шанси да ги елиминираме и да се пласираме во полуфиналето. Може да се види од нивните резултати дека добро играат и на гостински терен. Се трудиме да бидеме максимално сконцентрирани на тој меч. Маљцев има мали проблеми, но сметаме дека ќе биде подготвен да игра в сабота", изјави тренерот Звонко Шундовски, кој разбирливо не сакаше да навлегува во коментари за тоа што и како ќе игра Металург в сабота. Средбата е закажана за 18:30 часот, а ја судат Литванците Мазејка и Гателис, кои се целосна енигма за македонскиот тим. |
||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||
![]() |
||||||
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Eve nekolku informacii cim veke me izdade blue
![]() ![]() I ako rezultatot kazuva deka Metalurg dobro pominal vo Svajcarija ne bese toa sto go ocekuvaa nasite navivaci, mnogu slaba igra 52min gubese Metalurg so -6 pa na kraj nekako se izvlekoa... Imase okolu 100-120 Makedonci koj navivaa od vreme na vreme ali ne bese ni najmalku kako na Vardar-Cirih...Drugo e koga ima koj da vodi ![]() АМИЧИТИЈА - МЕТАЛУРГ 31:29 (16:10) Сала: Саалхален" во Цирих, Швајцарија. Гледачи: 500 Судии: Иван Какадор и Еурико Николау од Португалија. Делегат: Бјарне Мунк Јенсен од Данска Svajcarcite najavia deka imase 1000 gledaci... ![]() |
||||||
|
||||||
![]() |
||||||
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
aha
![]() |
||||||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||||||
![]() |
||||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
А бил на мечот Блу?
|
||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||
![]() |
||||||
La Ninja ![]() Сениор ![]() ![]() She Hulk Регистриран: 13.Јуни.2006 Статус: Офлајн Поени: 1605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Za ova pojke informacii od Vardar koj izglea najveke navivase tamu iako e za Vardar
![]() ![]() |
||||||
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
||||||
![]() |
||||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
|
||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||
![]() |
||||||
гoстин ![]() Сениор ![]() Регистриран: 29.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 7557 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Македонија против Литванија, Холандија и Хрватска
Противници на женската ракометна репрезентација на Македонија во квалификациите за Европското првенство 2010 во Данска и Норвешка се Литванија, Холандија и Хрватска. Така изгледа седмата квалификациска група. Македонија се најде во вториот од четирите барабани во денешната ждрепка поради добриот рејтинг и тоа и овозможи да добие два (условно кажано) полесни противници. Фаворит број еден во нашата (седма) група е Хрватска, која е со најдобар рејтинг. Натпреварите започнуваат во септември, а завршуваат во мај идната година. Ќе се игра по систем секој со секого дома-гости. Првите две репрезентации ќе обезбедат пласман на ЕП 2010. Во другите групи: * Група 1: Романија, Украина, Португалија и Швајцарија * Група 2: Унгарија, Шведска, Чешка и Азербејџан * Група 3: Франција, Австрија, Исланд и Финска или Велика Британија * Група 4: Германија, Белорусија, Словенија и Италија * Група 5: Шпанија, Србија, Турција и Грција * Група 6: Русија, Полска Словачка и Црна Гора |
||||||
|
||||||
![]() |
||||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Македонија против Литванија, Холандија и Хрватска
![]() Македонија се најде во вториот од четирите барабани во денешната жрепка поради добриот рејтинг и тоа и овозможи да добие два (условно кажано) полесни противници. Фаворит број еден во нашата (седма) група е Хрватска, која е со најдобар рејтинг. Натпреварите започнуваат во септември, а завршуваат во мај идната година. Ќе се игра по систем секој со секого дома-гости. Првите две репрезентации ќе обезбедат пласман на ЕП 2010. |
||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||
![]() |
||||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Одложен ракометниот натпревар Белгија - Македонија
![]() Неможноста да се полета за Белгија, а и немањето друга алтернатива да се стигне навремено на теренот на противникот ги натера одговорните од Македонската ракометната федерација да побараат од Европската ракометна федерација да донесе одлука за одредување друг термин за одигрување на натпреварот Белгија - Македонија. |
||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||
![]() |
||||||
fiks ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ![]() ![]() ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||
Шансите за пласман на ЕП сега се само теоретски, еуфоријата е стишана, сега на ред се анализите и лечењето на раните.
Се вративме два чекори назад ![]() Македонија загуби од Исланд на домашен терен, седми загубен меч од овој противник на вкупно деветте одиграни квалификациски средби. Би рекле ништо ново во тој поглед, иако има многу нови моменти. Овој Исланд е далеку од репрезентацијата со која се боревме минатите години, далеку и од оној Исланд кој го совладавме минатата година, и тоа прилично убедливо. Исланд веќе го нема Олафур Стефансон, го нема ниту Сигфус Сигурдсон, за мечот од средата ги немаше ниту Сваварсон, Холмгеирсон и Петересон, бонус: Атласон, Оскарсон и нивниот најдобар стрелец низ квалификациите Логи Геирсон! Исланд во средата имаше само две познати имиња: Гудјон Валур Сигурдсон и Роберт Гунарсон. За нивната голема надеж Палмарсон нема да пишуваме бајки, иако беше еден клучните, затоа што тој има само 19 години. Но и ваквиот Исланд беше подобар од Македонија, и тоа пред 6500 гледачи во "Борис Трајковски". Што се случи со македонскиот тим за расплетот да биде ваков? Да почнеме со ред, со тоа што сите најмногу сакаат да го чујат: германските судии Бернд и Рајнар Мете. Многупати сме пишувале дека со нив никогаш не е пријатно да се игра, постојано сакаат да покажат колку се тие главни на теренот и се прототип на судии поради кои сите имаат негативен имиџ кај публиката. Ја сецкаа играта, дозволија да се игра прегрубо, што му одговараше на Исланд, чии играчи на тој начин многу полесно можеа да излезат на крај со македонските напаѓачи. Секогаш кога Македонија ќе се "дигнеше", кога ќе се "запалеа" трибините, некако експресно губевме топка во напад. Немаше течност натпреварот, многу малку ракомет имаше на тој меч. На крајот, клучните моменти. При водството 25:24 на Македонија, невообичаено долго играа Исланѓаните под пасивен напад, а македонските судиски стручњаци забележаа и дека имало чекори, момент пред топката да дојде до стрелецот на голот. Веднаш по тоа две технички грешки ни досудија, а ќе се направи анализа дали било престап од Макалоски и дали немало фаул над Ѓоргоноски и тоа беа моментите кои го решија победникот. ![]() А зошто Македонија одигра вака и дали можеше поинаку, останува да проанализираме. Нема сомнеж, бековската линија освен Кирил Лазаров не функционираше. Вкупно 2/6 од Филип Лазаров, Мите Стоилов и Филип Миркуловски. Премалку за главната напаѓачка сила на Илија Темелковски. Го чуваа Лазаров, го тепаа Миркуловски, а другите не беа закана. Нерешителност, посебно во првиот дел без шут од девет метри, па на Исланд не му беше ниту премногу тешко да се одбрани, затоа што нашите бекови не шутираа. Ацо Јоноски внесе малку свежина во вториот дел и прашање е зошто толку доцна доби шанса да игра. Тоа оди на сметка на селекторот. Но, не е доволно да се каже дека играле лошо, важно е зошто играа лошо бековите. Единствено што можеме да констатираме е дека во моментов не се подготвени да одиграат подобро. Што на крајот па и да очекувате од играчите кои за 2 месеци имаат одиграно 1 натпревар? Оваа екипа е налик на тим кој се вратил од лоши подготовки и сега ги игра првите мечеви. Надворешната линија на Македонија со Исланд во најголем дел беше Металург плус Кире Лазаров. А репрезентативците од Металург од СП до сега имаат одиграно само 2 натпревари, во КПК со Париз. Од тие два, вториот е далеку од нешто вредно да се спомене. Металург немаше квалитетни подготовки поради термините. Веднаш по СП дојде Париз, а веднаш по тоа Вардар. т.е требаше да биде Вардар. Одложувањето кое се случи имаше големо влијание и врз репрезентацијата. Металург по Париз почна да се подготвува за Вардар и обратно, кога дојде моментот да се одигра, се одложи. И така се изгуби многу драгоцено време. Веројатно најдобрата идеја, веднаш штом стана јасно дека Металург и Вардар нема да играат до средината на април, ќе беше веднаш да се собере репрезентацијата и да се договорат 2-3 контролни меча, со квалитетен тим на кој акцент ќе беше ставен на играта на Мите Стоилов, Филип Лазаров и Филип Миркуловски. Да се обидеше стручниот тим да "врати" некој од овие три играчи. Не е оправдување отсуството на Мојсоски, затоа што тој и да не ја обновеше повредата, прашање е колку ќе можеше да игра во средата. Но, сите имаа поважни работи од репрезентацијата, а тоа беа кавгите и изборите во РФМ, кои дојдоа во најнезгоден момент. Селекторот апелираше да не останат во втор план, а останаа. Но, едно е да се апелира, а друго е да се истапи со план и да се реагира, да се бори да не остане во втор план. Значи остана се како што остана, Металург остана да тренира во Скопје, патем играјќи еден првенствен меч со Т. Пролет од кој фајде не виде никој, а Вардар замина во Ц. Гора за да игра натпревари. За белја таму се доповреди Мојсоски. Не обвинуваме за тоа, можеше да се случи каде било, кога било. Дојдовме во ситуација да играме без Наум Мојсоски и немавме решение. "Ќе се обидеме со овие играчи кои ги имаме овде, Стоилов ќе се обиде да покрие на центар ..." гласеше изјавата на селекторот. Е тоа е импровизација. А модерниот спорт не трпи импровизации. Видовме преку Јоноски дека погрешна политика се води кога се интернационалците (па и домашните играчи) во прашање. Веќе не би чудело и да почнат да го одбиваат, затоа што биле игнорирани толку долго. Петровски, Мајнов, Павловски, Кузманоски, итн.. до вчера Јоноски, утре ќе биде некој друг. Да се одберат 12 и тие да бидат тие и "во лето и во зима" е лоша и погубна политика, едноставно ние немаме доволно играчи за да се откажеме од кого било. А токму тоа го правиме. Ништо, дури ни една акција не е изменета од тоа што го игравме на сите натпревари на СП. Само што сега играме полошо од тогаш, затоа што не сме подготвени. Ако на Исланд се гледало СП, тогаш точно знаеле кој, што и како игра во нашиот тим. Целокупната атмосфера во репрезентацијата очигледно е "срушена" по мундијалот и тоа што се случуваше, па така излеговме неподготвени на меч со Исланд. Што ќе се случува сега? Ќе помине Белгија, битно е да победиме затоа што во спротивно срамот ќе биде навистина голем. А дури по тоа ќе дојде еден од клучните моменти. Дали ќе остане Минчо Јорданов член на УО, односно координатор на машките репрезентации? Одбие ли, тогаш одново репрезентацијата се враќа под команда на Михајло Михајловски или личност кој тој ќе ја одбере. Дотогаш, преостанува единствено да бидеме стрпливи. Изменето од fiks - 20.Март.2009 во 11:01 |
||||||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 89101112 18> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |