IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Поучни случки
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Поучни случки

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 23>
Автор
Порака Обратен редослед
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Мај.2010 во 11:50

Приказна за неродените близнаци




Во мајчината утроба, сеуште неродени, разговараат близнаци. Едниот од нив е верник, а другиот не.

Наверниот : Веруваш ли во живот после раѓањето?

Верниот: Па секако! На сите им е јасно дека постои живот после раѓањето. Ние сме овде само за да станеме доволно силни и добро да се подготвиме за она што подоцна не’ чека.

Неверниот: Па тоа е глупост! Никаков живот после раѓањето не постои, ниту пак може да постои! Можеш ли воопшто да замислиш како тој живот би можел да изгледа?

Верниот: Не ги знам точно сите детали, но верувам дека таму ќе има повеќе светлина и дека, можеби, сами ќе одиме и со свои усти ќе јадеме.

Неверниот: Каква бесмисленост! Нема шанси сами да одиме и со свои усти да јадеме. Тоа би било навистина смешно! Та ние имаме папочна врвка која не’ храни. Знаеш, би сакал да ти кажам нешто навистина сериозно: живот после раѓањето не може да постои и заради тоа што нашиот живот – папочната врвка – и без тоа е премногу краток.

Верниот: А јас сум сигурен дека може и да постои. Само што се’ ќе биде малку подруго од сега. Јас тоа навистина можам да го замислам.

Неверниот: Но, никој не се вратил од таму! Животот, едноставно, се завршува со раѓањето. И воопшто, живот – тоа е само огромно страдање во темница.

Верниот: Не и не! Навистина не се сложувам со тебе. Не знам точно како ќе изгледа нашиот живот после раѓањето, но во секој случај, знам дека ќе ја видиме мама и таа ќе се погрижи за нас.

Неверниот: Мама? Зарем навистина веруваш во мама? Па каде, воопшто, се наоѓа таа?

Верниот: Таа е насекаде и во се’ околу нас. Ние пребиваме во неа и благодарејќи на неа се движиме и живееме. Без неа, ние, едноставно, не можеме да постоиме.

Неверниот: Е, тоа е навистина апсолутна бесмисленост! Јас не сум видел никаква мама и затоа очигледно е дека таа едноставно и не постои.

Верниот: Никако не можам да се сложам со тоа. Јас, понекогаш, кога се’ наоколу ќе се стиши, ја слушам како пее и чувствувам како го набљудува овој наш свет. Силно верувам дека нашиот вистински живот ќе започне после раѓањето. А ти?


Преземено од блогот Маран Ата


Изменето од Maran Ata - 27.Мај.2010 во 11:52
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2010 во 20:10


    



Додека се обидувал да замисли како Бог теши, писателот М.Е. Парс својата мисла ја изразил со следните прекрасни зборови:

„Дете на мојата љубов ,потпри се цврсто! И дозволи ми да ја почуствувам тежината на твојата грижа. Го знам твојот товар, зошто јас сум го вообличил. Јас го ставив во своја рака и сторив од него тежината да биде најлесна за тебе. Кога го ставив врз твојата повиена силуета, реков: Ќе бидам близу и додека се потпираш врз мене, тој товар ќе биде мој, а не твој.“

Додека ги пишувал овие зборови писателот можеби ги имал на ум зборовите што ги изговорил апостол Петар : „Сите ваши грижи оставете ги на Него зошто Он се грижи за вас.“(1 Петрово 5,7)

Христијанинот верник не е оставен во мрак на безнадежност кога животните искушенија му се закануваат да го уништат. Тој има извор на утеха и на совет – некого во кого може да се надева. Тој има прибежиште.

Сепак тоа не значи во условите на човечките можности сите страдања можат да се објаснат и наполно да се сфатат. Веројатно никој наполно не го разбира проблемот на болката и болестите или зошто Бог дозволува свирепост во односите со луѓето. Овој дел на човечкото искуство покренува многу прашања на кои напразно бараме одговори.

Секој од нас ќе искуси болка. Кога во безизлезот и во збунетоста вие и јас ќе поставиме прашање: „Зошто требаше да ми се случи тоа мене?“ или “Зошто оној што ми е толку мил мораше да помине низ сето тоа?“, на тоа не постојат лесни одговори. Постојат тајни во кои човечката моќ на сфаќање не може да проникне.

Не е тешко да се пронајде причината за многу несреќи. На пример, ако некое лице пие, а вози, лесно можеме да разбереме зошто настанала несреќа. Ако некој пуши и добие рак на белите дробови, научниците не се многу изненадени со појавата на трагичните последици. Дејството на законот за “сеидбата и жетвата“ често се покажува мошне остро.

Но што да се каже за невиното дете што го убил пијан возач? Или за младичот што живеел живеел здрав и чист живот, а сепак доживеал смртен удар на страшна и неизлечлива болест? Апостол Петар ја допира оваа тајна со следниве зборови: “Возљубени, не чудете се на огненото искушение, што ви се праќа поради испитувањето, како нешто ново да ви станува “(1 Петрово 4,12)

Кога ќе се соочиме со неочекувани проблеми, со непријатни искушенија, со тешки недоразбирања и со лични трагедии, забораваме дека тоа што не снашло не е ниту нова ниту непозната појава. Според текстот на апостол Петар, верниците на црквата пред две илјади години воделе борба со истите искушенија. Таа борба е постара и од искуството на апостолската црква. Во книгата за Јов, што се смета за најстара книга на Библијата, суштината на живеењето на Земјата е изразена вака: “Роден од жена, човекот е кратковечен и презаситен од неволји“ (За Јов 14,1) Се чини дека оваа слика во својата долга историја ниту малку не се изменила. Овој свет е преполн со неволји, со болки, со страдања и со смрт. Мнозина беспомошно застануваат пред фактот што катастрофите и несреќите подеднакво ги погаѓаат и побожните и грешниците. Понекогаш се чини дека побожните поднесуваат поголем дел од општите човечки страдања. Тоа го забележал пистаелот на химни, Асаф, и тоа свое сознание го преточил во стиховите на 73 Псалм. Сјајното напредување на грешните и искушенијата на светите и за него биле загатка се додека Бог не му помогнал да го сфати конечниот исход. Библијата нагласува дека страдањето дошло на овој свет како последица на гревот. Кога на гревот не би му било дозволено да влезе на оваа планета, не би имало ниту страдања. Кога Бог ќе го отстрани гревот и ќе ја обнови земјата, нема повеќе да има солзи ниту жалост, ниту болка, ниту тага. “Бог ќе избрише секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има повеќе, ниту плачење, ниту викање, ниту болест нема да има повеќе, зошто првото помина.“ ( Откровение 21,4)

Меѓутоа, фактот што гревот предизвикува страдања не значи дека секој поединец ќе страда само поради гревот што го сторил во својот живот. Вистина е дека многу неволји поднесуваме затоа што други ги предизвикале во нашиот живот.

Понекогаш, како во случајот на Јов, ѓаволот предизвикува неволји. Постојат и болни искуства што Бог дозволува да дојдат на нас затоа што сака да оствари посебна цел што не можеме да ја согледаме. Сега “знаеме нешто“ и “сега гледаме нејасно како во огледало, а тогаш – лице во лице, сега знам нешто, а тогаш ќе знам како што сум познат“ (1 Коринќаните 13,9 -12)
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Majkl Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Majkl Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2010 во 19:15
Originally posted by pcelka pcelka напиша:

сакав да биде онака како што ќе
одлучи Бог. Секое мое будење, наутро, првата помисла
ми беше , јас се разбудив, Ти благодарам Господе..!
Ти си знаеш, како треба ...! Тоа не беа молитви, туку
еден вид Благодарност до Бог, што ми подарува ново утро , ден, вечер....
Па тоа е најправилната молитва. Најефективно е кога бараме и дозволуваме волјата Божја да се врши, само тој знае што е најдобро за нашата душа и тело.

Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2010 во 16:22
Originally posted by pcelka pcelka напиша:

Мојата омилена тема , одамна не сум ја посетила...
Незнам колку е ова поучна случка, повеќе е моја приказна, но сакам да ја напишам тука....

Од почетоков на годинава работев напорно и долго на еден
проект.Почнаа да ми се јавуваат главоболки, но си мислев
дека сето тоа е од напор.Ама не било така.
Болките стануваа секојдневни и неподносливи... отидов на лекар, резултатите........ шок........ Во прв момент мислев дека целиот мој свет ..ми се урна....колку беше болката голема, толку растеше бесот и лутината во мене.
И безброј прашања од типот, Зошто Мене ??? Од каде сега
ова ??? Зарем малку ми беа другите несреќи ???
Една реченица од Евангелос како да ме врати во
колосек..... Не го вперувај прстот во Бог...! И тогаш
си реков, што е тука е ...
Заминав од овде, и после неколку испитувања надвор...
состојбата не беше таква односно резултатите не покажаа
како овдешните....... Не сакав никој да се моли за мене
не се молев ни јас.сакав да биде онака како што ќе
одлучи Бог. Секое мое будење, наутро, првата помисла
ми беше , јас се разбудив, Ти благодарам Господе..!
Ти си знаеш, како треба ...! Тоа не беа молитви, туку
еден вид Благодарност до Бог, што ми подарува ново утро , ден, вечер....
Сега неколку дена сум дома, многу подобра од како заминав
следнава недела пак се враќам, да ги дозавршам терапиите
И се надевам дека се ќе биде во ред, и дека мојот 24 ти
роденден ќе си го славам тука, а не горе на небото
со Тоше...како што си помислив.

Многу сум им благодарна на Православие и Евангелос..
...а највеќе на Тетратка, кој постојано
беше со мене   ...      


Taka e Pcelke, BOG najdobro znae kako treba... ostavi se vo Negovi race .

Golem pozdrav do tebe i ti se vosh*tuvam na tvojata hrabrost i duhovna sila.

 Golem pozdrav i do site sto gi navede koi  ti davale poddrska , jas ke se molam za tebe . BOG neka te blagoslovi големо%20гушкање
Кон врв
Pravoslavie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Октомври.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1732
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pravoslavie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Мај.2010 во 01:30
Originally posted by pcelka pcelka напиша:

Мојата омилена тема , одамна не сум ја посетила...
Незнам колку е ова поучна случка, повеќе е моја приказна, но сакам да ја напишам тука....

Од почетоков на годинава работев напорно и долго на еден
проект.Почнаа да ми се јавуваат главоболки, но си мислев
дека сето тоа е од напор.Ама не било така.
Болките стануваа секојдневни и неподносливи... отидов на лекар, резултатите........ шок........ Во прв момент мислев дека целиот мој свет ..ми се урна....колку беше болката голема, толку растеше бесот и лутината во мене.
И безброј прашања од типот, Зошто Мене ??? Од каде сега
ова ??? Зарем малку ми беа другите несреќи ???
Една реченица од Евангелос како да ме врати во
колосек..... Не го вперувај прстот во Бог...! И тогаш
си реков, што е тука е ...
Заминав од овде, и после неколку испитувања надвор...
состојбата не беше таква односно резултатите не покажаа
како овдешните....... Не сакав никој да се моли за мене
не се молев ни јас.сакав да биде онака како што ќе
одлучи Бог. Секое мое будење, наутро, првата помисла
ми беше , јас се разбудив, Ти благодарам Господе..!
Ти си знаеш, како треба ...! Тоа не беа молитви, туку
еден вид Благодарност до Бог, што ми подарува ново утро , ден, вечер....
Сега неколку дена сум дома, многу подобра од како заминав
следнава недела пак се враќам, да ги дозавршам терапиите
И се надевам дека се ќе биде во ред, и дека мојот 24 ти
роденден ќе си го славам тука, а не горе на небото
со Тоше...како што си помислив.

Многу сум им благодарна на Православие и Евангелос..
...а највеќе на Тетратка, кој постојано
беше со мене   ...      


Да не пукнеш... баш пријатно ме изненади што се појави на Вероисповед... мислев дека си замина од таму... ама не било така . Многу ме израдува што оние редови и редови, кои ти ги отчукаа овие две раце, ти биле на добро и ептен ми е ќеф што си жива, здрава и свесна дека “...секое добродавање и секој совршен дар е од озгора, од Него - Отецот на Светлината, и дека треба Нему да Му оддаваме Слава и БлагоДарност и Поклонение, на Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин!“ - како што велиме при крајот на секоја Литургија.

Дај Боже да бидеш сосема во ред!

Фала и Слава на Бога!
Нека биде Името Господово Благословено од сега па довека! Амин!
Да погледнеме околу нас, таму има МНОГУ СТРАДАЛНИЦИ. Да им помогнеме!
Оди на подфорумот Хуманост на дело
Запамети, ЉУБОВТА ДЕЛОТВОРИ!!
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2010 во 16:31
Понекогаш се непотребни, но понекогаш се и неопходни. Бог ќе ни суди за она што сме го кажале, а не сме требале, но ќе ни суди и за она што сме го премолчиле, а сме требале да го кажеме.
Повикани сме да охрабруваме, да говориме за силата на Бог и да ги охрабруваме луѓето да се молат. Оној што ја знае и ја искусил моќта на молитвата не може да молчи за неа.

"Молете и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори." (Исус во Матеј 7:7, Библијата)

"Досега ништо не баравте во Мое име; барајте и ќе добиете, за да биде вашата радост полна." (Исус во Јован 16:24, Библијата)

"Ако останете во Мене и ако Моите зборови останат во вас, барајте што и да посакате, и ќе ви биде." (Исус во Јован 15:7, Библијата)

"И така, исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да оздравите!" (Јаков 5:16, Библијата)

Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Tetratka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Септември.2008
Локација: дрвара
Статус: Офлајн
Поени: 5153
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tetratka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2010 во 15:21
ДОКСА ТУ ТЕУ...!!!

Понекогаш Зборовите се непотребни!...

за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!

Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2010 во 13:27
pcelka, повеќето форумџии знаат дека и јас поминав низ сличен, а можеби и малку потемен тунел од оној низ кој што сега поминуваш и се надевам и молам дека ги доодуваш ти.
И јас пред година дена слично на тебе пишав на една тема (Благодарност до Бог?) за моето патешествие низ тој тунел, со посебен акцент на Божјата рака која верно ме водеше низ тој тунел преку чија светлина темниот тунел беше навистина силно осветлен.
Јас бев болен од рак, имав 2 операции и 8 хемотерапии. А ме снајдоа и други несреќи кои не ги пишувам тука јавно, но ти ги пишав тебе лично.

Многумина ме гледаа со сожалување дека минувам низ тој темен тунел, чудејќи се како е можно да гледам светлина во таа темнина и како е можно да стојам цврсто оптоварен со целиот тој товар врз моите плеќи, а да не се скршам. Тие се чудеа на тоа, затоа што ме гледаа само мене и не можеа да го видат Бог кој цврсто ме држеше исправен, Бог Кој ми даваше сила, светлина, надеж, вера, мир кој го надвисува човечкиот мир и песни во срцето со кои што непрестанав да го славам дури и во тие моменти.

Originally posted by pcelka pcelka напиша:


И безброј прашања од типот, Зошто Мене ??? Од каде сега
ова ??? Зарем малку ми беа другите несреќи ???


Многумина ми ги поставија тие прашања кои што си ги поставила и ти: Зошто баш тебе да те снајде оваа несреќа? Некои од неверниците ми велеа: Па нели ти си со Бог, тогаш зошто баш тебе те снајде ова?
На ова им одговарав: Па зарем не е подобро што ме снајде мене, отколку тебе? Зарем не е подобро што ме снајде мене кој верувам во Бог, помирен сум со Него и имам надеж за вечниот живот, отколку да те снајдеше тебе кој немаш надеж за животот после смртта и која претставува фатален крај за тебе?
Еден неверник еднаш ми рече (парафразирам): "Џабе веруваш во Бог, види што те снајде." Овој човек, кој патем многу ми беше драг, за жал почина лани.

Интересно е тоа што откако јас бев излечен од оваа опака болест, никој од неверниците не ми го постави прашањето: Зошто баш ти? Зошто баш ти преживеа, а многумина починаа?
Имено, додека идев на хемотерапииите и болниците запознав неколку пријатели (ги нарекувам хемо-пријатели). Четворица од нив веќе починаа. Четвртиот почина пред 4 дена. Еден беше и со поран стадиум од мојот. Зошто тие починаа, а мене ме снајде да преживеам? Никој не ми го постави ова прашање. Интересно нели?

Originally posted by pcelka pcelka напиша:


Не сакав никој да се моли за мене
не се молев ни јас.сакав да биде онака како што ќе
одлучи Бог. Секое мое будење, наутро, првата помисла
ми беше , јас се разбудив, Ти благодарам Господе..!
Ти си знаеш, како треба ...! Тоа не беа молитви, туку
еден вид Благодарност до Бог, што ми подарува ново утро , ден, вечер....


Темава е "Поучни случки". Се надевам дека твојата поука што ја оставаш тука не е да не се молиме кога сме во тешки ситуации, затоа што таа поука би била спротивна на Христос кој неколку пати ги поучуваше учениците: "Молете се, молете се, молете се, барајте, чукајте..."

Originally posted by pcelka pcelka напиша:


Многу сум им благодарна на Православие и Евангелос..
...а највеќе на Тетратка, кој постојано
беше со мене   ...      


Те советувам да напишеш: повеќе на Тетратка (еве една гушка и од мене до него големо%20гушкање), а највеќе на Бог кој беше постојано со тебе и сеуште е со тебе големо%20гушкање
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2010 во 12:21
Мојата омилена тема , одамна не сум ја посетила...
Незнам колку е ова поучна случка, повеќе е моја приказна, но сакам да ја напишам тука....

Од почетоков на годинава работев напорно и долго на еден
проект.Почнаа да ми се јавуваат главоболки, но си мислев
дека сето тоа е од напор.Ама не било така.
Болките стануваа секојдневни и неподносливи... отидов на лекар, резултатите........ шок........ Во прв момент мислев дека целиот мој свет ..ми се урна....колку беше болката голема, толку растеше бесот и лутината во мене.
И безброј прашања од типот, Зошто Мене ??? Од каде сега
ова ??? Зарем малку ми беа другите несреќи ???
Една реченица од Евангелос како да ме врати во
колосек..... Не го вперувај прстот во Бог...! И тогаш
си реков, што е тука е ...
Заминав од овде, и после неколку испитувања надвор...
состојбата не беше таква односно резултатите не покажаа
како овдешните....... Не сакав никој да се моли за мене
не се молев ни јас.сакав да биде онака како што ќе
одлучи Бог. Секое мое будење, наутро, првата помисла
ми беше , јас се разбудив, Ти благодарам Господе..!
Ти си знаеш, како треба ...! Тоа не беа молитви, туку
еден вид Благодарност до Бог, што ми подарува ново утро , ден, вечер....
Сега неколку дена сум дома, многу подобра од како заминав
следнава недела пак се враќам, да ги дозавршам терапиите
И се надевам дека се ќе биде во ред, и дека мојот 24 ти
роденден ќе си го славам тука, а не горе на небото
со Тоше...како што си помислив.

Многу сум им благодарна на Православие и Евангелос..
...а највеќе на Тетратка, кој постојано
беше со мене   ...      
секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2010 во 23:28

 Odlicna poucna slucka Blagoj, mnogu trogatelna љубов
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2010 во 23:14


      Drugo razmisluvanje

Eden mlad student na eden fakultet trgnal vo prosetka so svojot profesor. Dodeka setale i razgovarale videle pored patot nekolku para na stari cevli koi ocigledno pripagale na nekoj siromasen selanec koj vo blizinata rabotel na poleto.
Studentot mu rekol na profesorot: ''Ajde da se poseguvame so selanecot; ke mu gi sokrieme cevlite, a potoa ke se sokrieme pozadi grmuskite i ke ja posmatrame negovata reakcia koga ke dojde da gi zeme.''
Profesorot mu odgovoril: ''Momce nikogas ne se seguvaj na smetka na tuga nevoqa ili siromastvo. Bidejki si bogat, mozes da si dozvolis pogolemo zadovolstvo od ovoj siromah. Stavi zlatna paricka vo negovite cevli, a potoa ke se sokrieme i ke ja posmatrame negovata reakcija..
''Studentot se slozil i taka napravile. Stavil zlatna paricka i se sokrile vo najbliskata grmuska. Koga selanecot ja zavrsil svojata rabota dosol da si gi zeme cevlite i paltoto. Dodeka go oblekuval paltoto, ja stavil edna noga vo cevelot i primetil deka ima nesto vnatre vo cevelot.
Prvo pomislil deka e nekoe kamence, no sepak potoa videl deka toa e zlatna paricka. Bil iznenaden, poglednal vo zlatnata paricka i okolu sebe. Se vrtel naokolu da vidi dali ima nekoj, no ne videl nikogo. Ja stavil zlatnata paricka vo svojot dzep i pocnal da go obuva i drugiot cevel.
Na negovo iznenaduvanje i vo drgiot cevel pronasol zlatana paricka. Odednas pocnale da go opfa- kaat custvata.
Kleknal na kolena, ja krenal glavata kon neboto i silno pocnal da se moli na Boga vo znak na blagodarnost. Vo molitvata toj pocnal da spomnuva za negovata bolna i bespomosna zena, za negovite gladni deca koi bile bez leb, i se zablagodaril za nevidlivata raka koja mu ispratila pari. Blagodarejki na tie pari tie ke bidat spaseni.
Studentot ostanal bez zborovi, negovite oci se napolnile solzi. Potoa profesorot go zaprasal:''Dali bi bil posreken koga bi se nasalil so ovoj selanec, otkolku sega?'' Studnetot mu odgovoril: ''me naucivte edna lekcija koja nikogas nema da ja zaboravam.
Sega navistina gi razbiram ovie zbori sto porano ne gi razbirav! ''Poveke e blagosloven onoj koj daruva, otkolku onoj sto prima!''
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2010 во 13:29
ДЕТЕ СО ДАР НА ПРОЗОРЛИВОСТ


Во септември пред неколку години во Онколошкиот оддел на Универзитетската болница во Риос владееше голем неред. Малиот Димитарче неодложно го бараше болничкиот свештеник. Сакаше задолжително да се причести.

Имаше 13 години. Речиси година и пол се наоѓаше на таа клиника. Една мала главоболка го доведе тука. Лекарите дијагнозираа рак на мозокот. Неговото потекло беше од Фиери, од Албанија. Неговите родители беа некрстени. Неколку години живееја во Патра. Тој, за кусо време по неговото доаѓање во болницата, посака да се крсти. Слушна за Христа и сакаше да стане Негово „дете“. Се крсти „Во името на Отецот, и Синот, и Светиот Дух“, се разбира откако беше поучен во верата.

Сите го засакаа на клиниката. Ракот напредуваше брзо и веќе го беше лишил од видот. Воопшто не гледаше, ништо и никого. Но слушаше со големо и чудесно трпение. Не се жалеше. Велеше дека Бог го љуби многу. Се молеше и ги молеше неговите родители да го прават истото.

Сите кои го посетуваа сфаќаа дека ова дете не е обично. Постојано зборуваше за Бога. Секогаш беше љубезен и радосен. Неговото лице блескаше. Сакаше често да се причестува со Светите Дарови. Кога понекогаш мајка му ќе беше во некој друг дел од клиниката, викаше: „Мајко, дојди брзо. Доаѓа попчето со Христос. Се качува по скалите. Дојди да ме подготвиш“. И така и се случуваше. Свештеникот доаѓаше и го наоѓаше Димитарче седнат на креветот, со отворена уста како побожно се прекрстува. Иако не го знаеше точното време кога ќе дојде свештеникот со Чесните Дарови, со дарот на прозорливост го гледаше како доаѓа, и покрај тоа што имаше две затворени врати што ја делеа собата од ходникот од каде што доаѓаше свештеникот. Тоа го потврдува и побожната госпоѓа Марија Галиацату којашто доброволно се грижеше за ова дете. „Госпоѓо Марија, сакам да ви кажам нешто“, - ì рече еднаш. „Кога доаѓа попчето со Христос, го гледам на скалите како се качува и до него гледам два високи, убави човека во бела облека кои се наклонуваат кон Светиот Путир и со раширени раце го пазат“.

Еднаш лекарот го праша: „Како си, Димитарче, како ти оди?“ Му одговори: „Господине лекар, меже ли да ви кажам нешто одблизу? Јас сум добар. А вие не грижете се што замина вашата сопруга. Бог ќе биде со вас зашто сте добар човек“. Лекарот остана неподвижен некое време. Никој не знаеше за тажниот настан што се случи претходниот ден во неговиот дом, за тоа, дека неговата жена го напушти и зеде друг маж.

„Тоа е дете Божјо“ – велеа оние кои го познаваа.

Кога се причести за последен пат не можеше веќе да седи исправен на креветот но со радост и копнеж Го прими Христа лежејќи на креветот. „Благодарам многу“, - прошепоти и потоа се упокои.

Свештеникот, кој, кога отиде утредента на гробиштата за да му изврши на Димитарче трисагија, рече: „Првпат во мојот живот гледам вакво тело. Неговото лице е насмеано, блеска и има боја на килибар“.

Неговите родители многу Го засакаа Христа и сакаат и тие да се крстат.



Превод од грчки:

Ѓакон Јани Мулев




Изменето од Maran Ata - 19.Мај.2010 во 13:31
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Мај.2010 во 09:16

Поради послушание кон братот, крокодилите не му наштетиле и воскреснал мртовец

Двајца родени браќа стапиле во манастир. Еден од нив бил голем подвижник, а другиот имал големо послушание. Кога аввата му велел: направи го тоа – тој го правел, направи го она – тој и тоа го правел.

Заради ова послушание, тој бил фален од браќата на манастирот. Подвижникот бил обземен од завист кон него. „Ќе го искушам – си велел во себе, – братот мој, дали има вистинско послушание?“

Отишол кај аввата и му рекол: „Пушти го мојот брат со мене, треба да одам до едно место.“ Аввата се согласил.

Патувајќи заедно, тие стигнале до една река во која имало многу крокодили. Подвижникот, сакајќи да го искуша братот, рекол: „Влези во реката и помини низ неа.“ Тој слегол, дошле крокодилите и почнале да го лижат неговото тело, а нему не му наштетиле. Подвижникот, гледајќи го тоа, му рекол на братот: „Излези од водата, да одиме понатаму“.

Продолжувајќи го патот, тие виделе мртво тело како лежи на патот. Подвижникот му рекол на братот: „Ако имавме со себе нешто од стар материјал, ќе го покриевме мртовецот.“ Младиот брат одговорил: „Да се помолиме, можеби Бог ќе го воскресне“. Кога тие застанале на молитва, мртовецот воскреснал, а подвижникот почнал да се фали: „Поради моето подвижништво воскресна мртовецот“.

Бог тоа му го открил на аввата на манастирот, како подвижникот го искушал братот со крокодилите и како воскреснал мртовецот. Кога тие се вратиле во манастирот, аввата му рекол на подвижникот: „Зошто ти така постапи со својот брат? Знај дека неговото послушание беше причината за воскреснување на мртвиот“. (Еп. Игнатиј, Старечник С. 465. № 57)


+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
Rita.MD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Јули.2009
Статус: Офлајн
Поени: 719
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Rita.MD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2010 во 23:15
Стапалки во песокот (Footsteps in the sand)



Една ноќ, еден човек имал сон.
Тој сонувал дека одел по плажата заедно со Господа.

Низ темното небо блеснувале сцени од неговиот живот.
За секоја сцена, тој забележал два пара на стапалки во песокот.
Едните му припаѓале на него и другите на Господ.

Кога последната сцена од неговиот живот блеснала пред него,
тој погледнал назад во трагата на босите нозе во песокот.
Тој забележал дека многу пати по должината на патот на неговиот живот
има само еден пар на стапалки.
Тој, исто така забележал дека тоа се случило во
најтешките и најтажнните моменти во неговиот живот.
Ова му пречело и тој го прашал Господ за тоа.

"Господе, Ти рече дека штом еднаш ќе решам да те следам,
ќе одиш со мене по целиот пат.
Но јас забележав дека за време на
проблематичните времиња во мојот живот постои
само еден пар на стапалки.
Јас не разбирам зошто кога ми требаше најмногу, Ти
ме оставаше? "

Господ одговори: "Моје скапоцено, скапоцено дете.
Те сакам и никогаш нема да те оставам.
За време на вашите моменти на испитување и страдање,
кога ќе видиш само еден пар на стапалки во песокот,
Тоа беше тогаш, кога Јас те носев."




Бог е навистина најпрекрасен!



Изменето од Rita.MD - 16.Мај.2010 во 23:17
A religion that gives nothing, costs nothing, and suffers nothing, is worth nothing. - M. Luther
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,160 секунди.