|
Веронаука!!! |
Внеси реплика | страница <1 89101112 34> |
Автор | |||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Почело је почело!
Колку пати имам речено дека религиите се многу лоша појава кои го раделуваат човекот и се иницијлен елемент на предизвикување омраза!
Е требало, ама кој да мисли во таа еуфориија. Се збрлавеа да се воведе оваа проклета веронаука. Ма луѓе, не за џабе го ставив насловот на мојот текст http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=3955&PN=14 „Еуфорија на догмата“. Еве, се испаѓа на виделина! Само, кој мене ме „шиша“!
Со закон не е дозволено или поточно нема определено (барем колку јас знам) дали да се носи или не. Штом нешто со закон не е забрането, тоа е дозволено. Според ова испаѓа дека девојчето можела да носи шамија. Но, тука сега има друг правен акт, а тоа е Правилникот во училиштето, според кој, носењето се забранува. И овој правен акт треба да се почитува и применува од страна на сите во тоа училиште.
Па веронауката не е престојување цел ден во училиште! Ако сакаат, на тој час по веронаука нека си носат, но потоа треба да се придржуваат кон пропишаните норми. Во спротивно, што ќе биде од училиштето ако секој си „писне“ да се облекува по свое верско или било какво убедување, па да почнат христијанчињата да одат со црни мантии, епитрахили, капи ..., муслиманките со шамии или уште подобро со зар и фереџе, па будистите со некоја чалма на главата па ...! Ами ако некој се облече, или подобро речено, ако се соблече како хинду? (Сетете се како се носеше Махатма Ганди). Ептен ќе се покажеме во вистинско светло пред светот за „соживот“ и верска толеранција, светот кој ете, секаде го забранува истакнувањето на верските обележја. |
|||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Епа каква е таа веронаука која не ти дозволува да ги носиш симболите на својата вера? За ова навреме требало да подразмислат надлежните. |
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Zboruvam na osnova na ova...ne napamet...ili od licno ubeduvanje...
---------------------------------------------------------------------------------------- Директорот Исмаили сметал дека ученичката К.Е. го нарушува правилникот на училиштето во кој било прецизирано дека на учениците им се забранува да носат шамии, капи или верски симболи. Во училиштето се школуваат деца од различна национална и верска припадност, па тоа можело да влијае врз меѓусебните односи, сметал директорот. Тој неколку пати ја повикал ученичката и побарал таа да ги почитува нормите на училиштето. Меѓутоа, К.Е. продолжила да ја носи шамијата и да отстапува во облекувањето од другите ученици кои на настава доаѓале со еднообразни униформи. Откако ученичката се пожалила кај локалната власт дека и се нарушени правата, градоначалникот на Тетово, Хазби Лика, го разрешил директорот на училиштето. Според Државниот просветен инспекторат, Лика немал право да го стори тоа. |
|||
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Значи сепак ти смета,сакал/а да признаеш или не. |
|||
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Да треба да се почитуваат.А требало и директорот да ги почитува,зошто носењето шамија е дозволено со закон. |
|||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
mene ne mi smeta,..ama ,devojche nekoe od 12-13 godini zamotano u glava,..na trieset stepeni,...treba na nego da mu smeta,...i na tebe,..ako e tvoe,..shto go machish so pridrzuvanje na ,...neshto,..
|
|||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Shamijata ne smeta...smeta prekrshuvanje na ucilishniot pravilnik koj go donele clenovite na Roditelskiot sovet. Pravilata treba da se pocituvaat.
|
|||
deshad
Сениор Регистриран: 13.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 1350 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
А што ти смета пак шамијата тебе или на тој директорот а?
|
|||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
zemi ti stavi si polametarski krst na vrat,..pa, ke vidish dali nema da im smeta,..
a, shto ima vrska brojanica so shamija,..sigurno i ti ne znaesh... |
|||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||
polzavce
Сениор Регистриран: 14.Октомври.2008 Локација: Angola Статус: Офлајн Поени: 1325 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Нека си носат девојчињата шамии ако сакаат...... Па зар мене да не ми даваат да влезам во училиште со крст на ланчето или да им смета бројаницата на раката? |
|||
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ushte ,..devojchinjata sami da odluchile da gi nosat,..dobro bi bilo!,..
|
|||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|||
mamamd
Сениор Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Mozno li e ova da e rezultat na Veronaukata vo ucilishte????...
УЧЕНИЧКА ВО ТЕТОВО ПОВЛЕЧЕ НИЗА КОНФРОНТАЦИИ Шамија го откри верскиот раздор Градоначалникот на Тетово, Хазби Лика, ќе мора да го врати на работа Љатиф Исмаили, директорот на Економското училиште „8 Септември“ во Тетово, кој минатата недела беше разрешен поради тоа што не и дозволувал на ученичка од прва година да носи шамија на главата за време на наставата. Државниот просветен инспекторат смета дека градоначалникот немал право да го разреши директорот и оти во најкраток рок треба да го врати на работа. Директорот Исмаили сметал дека ученичката К.Е. го нарушува правилникот на училиштето во кој било прецизирано дека на учениците им се забранува да носат шамии, капи или верски симболи. Во училиштето се школуваат деца од различна национална и верска припадност, па тоа можело да влијае врз меѓусебните односи, сметал директорот. Тој неколку пати ја повикал ученичката и побарал таа да ги почитува нормите на училиштето. Меѓутоа, К.Е. продолжила да ја носи шамијата и да отстапува во облекувањето од другите ученици кои на настава доаѓале со еднообразни униформи. Откако ученичката се пожалила кај локалната власт дека и се нарушени правата, градоначалникот на Тетово, Хазби Лика, го разрешил директорот на училиштето. Според Државниот просветен инспекторат, Лика немал право да го стори тоа. - Ние не спориме дали девојката има право да носи шамија или не, туку инсистираме да се почитуваат донесените акти. Ниту во Уставот ниту во законите нема никаква забрана за носење на каков било вид облека во училиштата. Но, ако училиштето има правилник, тој треба да се почитува. Правилникот не го донесува директорот, туку Советот на родители. Градоначалникот постапил многу избрзано во овој случај. Тој нема право на тоа. Може да разрешува само по предлог на училишниот одбор - вели Роберт Георгиев, директор на Државен просветен инспекторат. Според Георгиев, на првиот човек на Тетово ќе му биде кажано дека неговата одлука не важи и тој ќе мора да ја повлече. - Ако градоначалникот Лика не го почитува законот, тогаш ќе му ги одземеме ингеренциите - дециден е Георгиев. Во училиштето никој не сака да го коментира случајот, а ниту во кабинетот на градоначалникот. Во Исламската верска заедница бараат да се почитува правото на верските слободи. - Шамијата е верско обележје. Жената е должна да ја покрива главата и никој не треба поради тоа да ги исклучува од образованието девојчињата од исламска вероисповед. Особено затоа што е тоа во согласност со законите. Правилникот е акт од мошне низок ранг и тој мора да биде ускладен со законските прописи - вели Јакуп Селимовски, директор на секторот за верско образование во ИВЗ. Ова не е прв случај ученички да носат шамии во средно училиште. Првпат таков случај беше забележан во 1992 година, во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово. Во 1993 година шамии носеле и три ученички од СДУ „Зеф Љуш Марку“ во Скопје, а потоа и поголема група ученички во гимназија во Гостивар. Ученички со шамија може да се видат и во Средното медицинско училиште во Скопје. Во светот остро се дебатира за носењето на шамиите. Во Франција и во Турција, кои инсистираат на секуларноста, е забрането исламско облекување во државни институции, како што се судовите и јавните сервиси, како и во училишта што се финансираат со државни пари. Во Германија две 18-годишни муслимански студентки беа исклучени од факултетот во Бон затоа што се појавиле на предавања покриени со шамија. Неколку интелектуалци и политички групи во земјите од ЕУ бараат носењето на шамиите да биде забрането, а Холандија е прва што најави дека ќе воведе таква забрана. Како одговор на тоа, група муслимански жени организираа демонстрации во холандскиот парламент во Хаг. |
|||
nelson
Сениор НАИВЕН НА МАЈКА Регистриран: 11.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 6313 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
.....i devalvacija na ...se i sesto!
|
|||
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
|||
Majkl
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 3019 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Комунистичката идеологија, поточно квази-комунизмот направи и многу црнила, не велам не, но наместо да ги задржиме позитивните елементи, се дозволува, дури и се подржува враќање на она што еднаш беше надминато. Де-еволуција... Деградација... Изменето од Majkl - 23.Јануари.2009 во 18:38 |
|||
Внеси реплика | страница <1 89101112 34> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |