ЕУ преку ноќ најави укинување на визите за Србија
Комесарот
за правда Франко Фратини наскоро доаѓа во Скопје. Какво ќе биде
неговото објаснување за различните аршини кон земјите од Западен Балкан
околу визите
За една недела Србија ќе добие повеќе отколку Македонија за цела деценија
Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска
Брисел - Европската комисија вчера донесе одлука да започне
преговори за укинување на визниот режим кон Србија и стартот веќе е
закажан на 30 јануари, практично две недели по оваа одлука. Ваквата
вест вчера одекна како бомба во Брисел, кој вообичаено за вакви потези
троши години, и тоа со земји кои се напреднати во евроинтеграцијата, а
не како Србија, која нема ни потпишано Спогодба за асоцијација и
стабилизација.
Веста беше најголема шлаканица што го добила
досега Македонија како земја- кандидат за ЕУ, која пет и повеќе години
исполнува некакви услови за олеснување на визниот режим, а сега чекаше
дополнителни за евентуално да дојде до укинување на визите.
Дека
не е збор за шега, туку сериозна намера на Брисел, потврди вчера самиот
еврокомесар за правда, Франко Фратини, соопштувајќи преку портпаролот
дека техничките подготовки биле толку напреднати во Србија што може да
ги започнат веднаш преговорите, дотолку повеќе што од март годинава
оваа земја ќе ги издаде и првите биометриски пасоши.
Портпаролот
на Фратини, Фризо Абинг, одлуката ја оцени како „конкретна, важна, па и
историска“, користејќи го како аргумент сознанието на Брисел дека
директните контакти меѓу луѓето биле клучен елемент за подобра
соработка на Унијата со Србија. Започнувањето преговори за укинување на
визниот режим со Западен Балкан беше најавено во Стратегијата на ЕК за
проширување од ноември минатата година, но како подолгорочен процес кој
требаше да биде клучно ветување за регионот на мартовскиот самит, како
еден вид втор дел на Солунската агенда.
Во Брисел одлуката на
Фратини вчера беше дочекана како обид да се влијае на изборите во
Србија, каде што радикалите земаат замав, но и како уште еден морков во
кошничката добра волја на ЕУ спрема Белград, за да го олесни наоѓањето
решение за Косово и за европската мисија таму. Дипломати од регионот
ваквата најава ја оценија како политички невкусна, иако се знае што
стои зад неа, бидејќи ги искарикира сите правила што важеа досега,
процедурите и критериумите за укинување на визниот режим. Во ЕК
оправдувањата со години беа дека нема клима за укинување на визите
спрема регионот, дека министрите за внатрешни работи се тие кои имаат
главен збор, а тие се најкрутиот одлучувачки сегмент во Унијата, дека
регионот е многу порозен безбедносно и на границите и дека тоа треба да
биде процес, а не моментална одлука. Оцена на дипломатите е дека
очигледно, кога сака Брисел сите одлуки се можни, па и тоа земја која
не гарантира дека ќе ги исполни условите за потпишување спогодба за
асоцијација и стабилизација да биде прва земја-кандидат за укинување на
визите.
Одлуката за започнувањето на преговорите со Србија вчера
предизвика бура на прес-конференцијата на Европската комисија, а
портпаролите Кристина Наѓ и Фризо Абинг не можеа да објаснат што ќе се
случи со преговорите ако на изборите во Србија победат радикалите и
дали е легално можно да се подели Спогодбата за асоцијација и
стабилизација на два дела, бидејќи визниот режим очигледно не припаѓа
на тоа ниво на односи.
За да ги смират страстите, Абинг и Наѓ
најавија дека исти преговори Европската комисија ќе започне и со
другите земји од Западен Балкан, и тоа многу брзо – наредните недели
или месеци! „Ќе продолжиме со преговори и со другите земји. Техничките
подготовки во Србија сега се такви што можеме да почнеме со неа, а
другите земји ќе следуваат“, изјави Наѓ на прес-конференцијата. Таа не
знаеше дали одлуката има легална основа во Спогодбата за асоцијација,
која Србија во моментов ја нема, но посочи дека вообичаено некои делови
од неа се применуваат веднаш, а некои чекаат. Таа му порача на Белград
да преземе итни мерки и да ја забрза соработката со Хашкиот суд, за на
28 јануари, односно два дена пред почнувањето на преговорите, да може
да се потпише Спогодбата и да се отвори пат за укинувањето на визниот
режим, откако ќе се исполнат условите што во текот на преговорите ќе и'
се испорачаат на земјата. Прашан зошто токму сега носат ваква одлука и
колку време може да траат преговорите до укинување на визите, Абинг
одговори дека не знае, но дека со оглед на искуството со олеснувањето
на визниот режим кое стартуваше на 1 јануари годинава, тие можат да
завршат за кратко време.
Иако навредлива, оваа одлука на ЕК ќе
мора да повлече преговори и со Македонија за укинување на визниот режим
ако Брисел сака да си ја задржи кредибилноста, но колку ќе трае
процесот потоа, тешко е да се каже, бидејќи очигледно ЕУ се движи
најбрзо само кога е исправена пред ургентна ситуација, која бара повеќе
од кога и да е примена на нејзината славна политика за „морковот и
стапот“.
Пред една недела ЕУ и' ги укина фондовите за помош на
Хрватска поради лошо менаџирање со средствата, и тоа откако два месеца
претходно објави дека е земја звезда пример во регионот. Хрватска го
доби стапот поради рибарскиот спор со Словенија и Италија, а Србија
добива отстапки во низа изминатите месеци, бидејќи ЕУ е во безизлез
околу Косово.
Еврокомесарот Франко Фратини на 20 идниот месец
ќе дојде во посета на Македонија, па тоа е шанса да се потсети дека во
регионот има и други земји, а во нив други граѓани кои плаќаат
катастрофална цена поради тоталната изолација.
Izgleda samo Srbite necinat da bidat izolirani za EU....a kade sme nie?
Dali Makedonskite politicki sili se premnogu servilni kon samata EU, stom neznaat strategija so koja bi ja razbudile zaspanata EU, kako sto toa go napravi Srbija, otvoreno priklonuvajki se kon Rusija,za da ja dovede EU vo pozicija da mora da nudi nesto za vozvrat, za da pobedi demokratijata(zapadot) vo Srbija na izborive za pretsedatel, i taa polesno da se otkaze od Kosovo?
Zosto Makedonija nebese sposobna da izdejstvuva slicno nesto kako Srbija, tuku samo servilno pravese reformi za naseto "drago malcinstvo" nedobivajki nisto za vozvrat?
Vo kolku EU i NATO misii dosega bila Srbija?
Kolku vojnici vo EU misii izgubila Srbija????
Kade se tie strogi kriteriumi za Srbija od strana na EU koi nam sekoj den ni gi drobat na televizija da gi ispolnime?????
Biometriski pasosi, granici, informaticki sistemi, dogovori za stabilizacija i asocijacija,efikasni sudstva, nulta koriupcija? Kandidatski status?????
Komentari na temava?!
Изменето од Neonic - 19.Јануари.2008 во 04:02