IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - Лустрација и кога ќе се проветриме?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Лустрација и кога ќе се проветриме?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 26>
Автор
Порака Обратен редослед
novace Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Август.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3067
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај novace Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Лустрација и кога ќе се проветриме?
    Испратена: 07.Јуни.2015 во 13:28


Каде лежи, се тегне и се проѕева зајакот !?


- Додека ние хипнотизирани се ѕвериме кон иднината наречена ЕУ и НАТО, за чудо на вистината за Македонија решението лежи, се проѕева и се тегне во минатото. 

- Не ме глејте ко да сум пијан Дедо Мраз во револуционерен камп. Ја земаме владата од 1995 година и ја ставаме да ни води држава до следниот априли-ли-ли.

- И таа беше транзициска. Башка, таква влада не сме имале досега. Не се сеќавате? 

- Најдемократски сами излегоа на избори, противници им беа само логиката и здравиот разум

 Ја земаме владата од 1995 година и ја ставаме да ни води држава до следниот априли-ли-ли. 
И таа беше транзициска. 
Башка, таква влада не сме имале досега. Не се сеќавате?
 Најдемократски сами излегоа на избори, противници им беа само логиката и здравиот разум. Сами и владееја, што е сосема нормално кога еден е изборот. 
Ни се случи атентат, ама така маестрално го решија што Кенеди, Освалд и Руби топтан ни позавидеа. Работниците ги унапредија во филозофи, а се знае дека на мислители не им треба работа, зашто мораат да му ја мислат.
 На Грчиштана им збиберија таква привремена спогодба што и ден-денес не можат да излезат од шашардисаност. 
Плус Љубчо за сите нив има снимени разговори кои ние треба да ги преслушаме. Не се правете мутави, тоа сега е законски. 
Да, Груевски го озакони јавното слушање приватни муабети со неговиот познат акт „Фуфка ми е да апсам, ме притискаат“. Така што, ем имаме докажана влада на која транзицијата и е во крв до колена и приватизација, ем си имаме нивни муабетчиња кои едвај ги чекаме затоа што ние сме од раѓање начулени за туѓи интими. 
Само на Заев нејќеме да му ги слушаме телефонските гугуткања. 
Тој доволно јавно ја бламира својата личност што на човек природно му доаѓа да крене циркуски летачки шатор пред портите на апсурдот.
 Што би рекол другар ми, кога го слушаш веднаш ти станува јасно дека рибата смрди од пердувите.

Сега, откако ја вративме во иднината, време е да договориме кој ќе ја владее транзициската влада.
 Не, нема владата да владее, скраја да е, не дај боже на министер Фрчко да му дадете одврзани раце, може да одлепи, па да почне да нѐ убедува дека Хунзите се Македонци. 
Владата ќе ја водат сериозни луѓе за несериозни времиња. 
За џабе ли се тука мистер Бејли, баќушка Орав и хер Хан?
 За да имаме фер-избори во априли-ли-ли, Бејли најпрво мора да ни спроведе попис. 
За него тоа е вагинален чад. 

Паметни луѓе учат од грешки во минатото, па затоа Џес нема да ја направи грешката од 2004 година кога за џабе се броевме и арчевме пари. Ќе ги препише резултати и ете сме попишани. Потоа му го даваме МВР на ремонт. 
Треба ли полицијата да е демократска по американски? 
Срамота е џандари со гумени К*ршуми, како мали деца да се! 
А што ако утре на некоја недемократска и неслободоумна будала му текне да крене камп пред транзициската влада, а тој камп, не дај боже, да нема никаква врска со Сорос? 

На Орав му го даваме прочистувањето избирачки список. 
Естонска крв има, знаат они мајчини, уште во Втора светска војна прочистувале списоци, има да ни онади сè живо по избирачки список. Хан ќе биде задолжен за правдата.
 Треба ли Зврлевски да одмори, мајку му стара? 
Од процесирање кривични, пуч му се случи на процесорот во главата. 
Нека се одмори, а Хан, ко што го дал господ австриски прецизен, може и Крива Паланка да ја исправи.
Ќе ни ја скоцка правдата по хашки, ќе го премести Меѓународниот суд од Хаг кај нас. 

Да, на тој суд мислам, никој жив по светот што не го есапи за меродавен, особено ако Македонија тужи и победи, ама светски е бе, плус го содржи зборот „меџународен“, а знаете дека кај нас таа придавка се доживува како продолжеток за пенис. 
Ме интересира само како тројцава наши губернатори им се пуваат на другарчињата кога се враќаат дома, у нивно маало. 
Излегува Бејли со „бред енд батер“ во безбол-ракавица да си поигра кога, ене го, оној фалбаџијата од карши, му се церека: „Џес, Џес, вујче Сем ми купи нааа толкав хеликоптер, ама не ти го давам“.
 Наш Џес го дочекува спремно: „Пфф, хеликоптер. А мене чичко Обама ми купи цела држава и јас сум главен во неа“.

Сериозност настрана, брзо ќе дојде априли-ли-ли, месецот совршен за избори на кои јас нема да гласам. 
Не сум злобен, само ми излезе една неодложна работа баш тој ден кога ќе се гласа, ама ветувам дека ќе излезам на септемвриските предвремени избори истата година, кои ќе мора да се случат оти во постаприлски мај ќе има револуција против режимот. 
Инаку, од доверливи камперски извори дознав дека конечно ќе слушнеме и „бомби“ од опозицијата. Ви пренесувам само две реплики за да ви навлажнам начулени уши. 

З.З ѝ вели на Р.Ш, „Малее, каква програмичка ќе искараме, раја нема да знае од квалитетен живот дека да се црпне!“, а таа му враќа, „Шшшт бе, немој да си зуцнал некаде, има неспособни што може да ни ја дрпнат генијалната програма. 
Затоа ќе ја пишуваме откако ќе победиме.“

Автор: Александар Русјаков / alekrusjakov@gmail.com
намигнување


Изменето од novace - 07.Јуни.2015 во 13:55
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2015 во 02:35
Originally posted by fiks fiks напиша:

Кристално чисто???

Горазд, дали ти го знаеш човекот кој го лустрираа, или поточно судијата за кој се прави муабет?


Не ,лично не го познавам,но
Ги знам методи на едно КОМУНИСТИЧКО врме ,како е да се КОДОШЕН,НАМЕСТЕН и ЕТИКЕТИРА;ѕочно ги знам кои се ови е нелуѓе што се дрзнаа да го ИЗМЕНАТ законот и да лустрираат од ПОЛИТИЧКИ И РЕВАНШИСТИЧКИ причини.
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Април.2015 во 22:13
Кристално чисто???

Горазд, дали ти го знаеш човекот кој го лустрираа, или поточно судијата за кој се прави муабет?
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2015 во 18:52
Ете конечно и ДОКАЗ за местење во фамозната Лустрација на личности кои не им се допаѓаат на властодржците
http://libertas.mk/видео-аџиев-лустрирал-по-желба-на-јанк/

(ВИДЕО) Аџиев лустрирал по желба на Јанкуловска, Протоѓер и Милошоски, а оверувале Груевски и Мијалков     

и    http://libertas.mk/транскрипт-сдсм-лустраторите-со-сашо/

(ТРАНСКРИПТ) СДСМ: Лустраторите со Сашо Мијалков оделе на состаноци кај Груевски

Ова колку да стане кристално чисто како Лустраторите и наредбодавците треба да бидат Лустрирани и нормално поука за оние кои се фатија за последното лустрирање на новинарката Јадранка Костова и ликуваа на тоа како треба да се уништи живот.

ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2015 во 07:19
Ne treba ni pod razno da se ukine, naprotiv treba da se razmisluva za zajaknuvanje na lustracijata bidejki ke treba da se lustriraat mnogu kodosi na segasnata vlast
Кон врв
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2015 во 17:19
Лустрацијата во МК нема смисла. Уште еден инструмент за уништување на неистомислениците на власта. Треба веднаш да се укине, заедно со сите досегашни решенија.

 
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2015 во 00:26

Ви ги префрлив постовите за последнава лустрација на соодветната тема, да не се чудите кај ви се. мир

Јас сум за лустрација на сите кодоши, па и овие денешниве. Се надевам дека во некое идно време и ним ќе им дојде редот.
А новинариве да не се однесуваат како да се заштитени мечки, сензибилна им била и чувствителна професијата, не знам што.... Едно е да си имаш извори на информации, друго е да ги добиваш тие информации клеветејќи некој друг.

Не знам ова за Јадранка, ми изгледа малку гротескно да се удри таков црн печат само врз основа на една белешка.... Ама по се изгледа ептен е точна онаа народната за Македонците: првиот комита, вториот војвода, третиот кодош....тага




Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2015 во 13:24
Фрчковски,кој е еден од многумината досега прогласени од Аџиев за кодош, на дебата во телевизијата Алсат М изјави дека опозицијата располага со снимени телефонски разговори од кои ке се видело дека лично премиерот Груевски е нарачател на лица кои треба да се дискредитираат со лустрирање,па дури и дека како што изјави професорот,го темпирал и времето кој и кога од неговите неистомисленици требе да биде прогласен за кодош, согласно моменталните потреби на како што рече професорот неговиот режим.

За ова и се околу Политичката Лустрација на младокомуњарите од ДПМНЕ,слушајте утре во најновата бомба на Опозицијата.
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
Polar Bear Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Канада
Статус: Офлајн
Поени: 1152
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Polar Bear Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2015 во 09:31
Кои се следните за лустрација? Груевски, Мијалков, Јанакиевски, Ставрески, Латас, онаа убавата со бркови? Кој уште? Јавниот обвинител, онаа коконата што пушела, а и најголемиот дел од лустрационата комисија? Има ли уште?
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
Кон врв
Buggyman Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Јуни.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1308
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Buggyman Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2015 во 19:29
Лустрациска го објави досието на Јадранка Костова

На интернет страницата на Комисијата за верификација на фактите попладнево е објавено решението бр. 08-214/1, со кое е лустрирана Јадранка Костова, главен и одговорен уредник „Фокус“, за периодот кога таа била новинарка во Македонската телевизија.

Според Комисијата, во Државниот архив на Македонија, во личното досие бр. 7451, постојат документи за соработка на Костова со органите на државната безбедност.

Во решението за лустрацијата се тврди дека Костова самоиницијативно давала информации до ливе од Службата за државна безбедност, за две лица кои ги величале Тодор Александров и Ванчо Михајлов. Таа наводно соработувала со СДБ во периодот од 1993 до 1996 и давала информации за лицата со кои соработувала, под изговор дека ќе се прават интервјуа, се тврди во решението на комисијата.

Јадранка Костова пред да биде објавено решението на комисијата реагираше дека се работи за невистини.

„Она што го сметав тогаш за неуспешен обид за полициска местенка, еве, денес, успешно го користат за мое оцрнување. Настанот за кој што знаеше цела информативна програма, нашата транспарентна битка да не ни се подметнуваат етикети, сега добила демек конспиративност, како некакво мое кодошење“.

Костова објаснува дека во времето кога ја водела емисијата „Без наслов, но со повод“ на МТВ, поради провокации врз бугарофилска основа, од извесен организатор, тогаш реагирала до министерот за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски и до шефот на УБК Добри Величковски, бидејќи сметала оти на редакцијата и се прават полициски местенки.

Колегите на Костова од Новинарскиот пленум денеска протестираа пред Комисијата за лустрација, но нејзиниот претседател Аџиев ги уверувал претставниците на Пленумот дека во случајот на Костова било постапувано неселективно и според законот.
---------------------------------

Госпоѓо Јадранка Костова, вие како новинар професионално требавте да пренесете што дел од народот мисли и како новинар не треба да бидете испровоцирани. Вие го прекршивте правилото на новинарството, сте направиле чекор кој што не се совпаѓал со вашата идеологија (како професионален новинар сте биле ДОЛЖНА да го пренесете во етерот таквиот став), воедно сте пријавиле лица со нивен личен став и со тоа сте станале доушник на власта наместо новинар. Оправдување НЕМА.

Изменето од Buggyman - 30.Март.2015 во 19:31
Homo homini lupus est...
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Ноември.2010 во 09:39
Кој да чека 7 дена да види што ќе прикаже Тачиизненадување

Ќе го лустрираме претседателот на Комисијата. Ќе откриеме многу бројки од неговите влогови во банки и тоа по 300, 400, 500 илјади. Ќе одиме на суд, но многу бргу и на друго место. Претседателот, со оглед дека е неспособен од секој аспект, не знае дека постои друга, многу итна процедура при што ќе се најде во многу тешка ситуација
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2010 во 23:56
Аиии Тачи, тргна во напад. Она што го спомнаа за контото на претседателот на лустрацискана комисија шпекулација ли е или вистина?збунетост

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Ноември.2010 во 19:53
Интересна информација која зборува многу за  “деполитизација“ на комисиите, институциите, одлуките...А зошто им е дефектолог?збунетост

Нови турбуленции меѓу лустраторите


Зад тројцата историчари, исто толку правници и новинари, по еден политиког и дефектолог кои решаваат кого ќе прогласат за кодош, стои сооднос од седуммина блиски на власта и четворица опозициски претставници.


Изменето од mamamd - 14.Ноември.2010 во 19:54
Кон врв
marsovec Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 18.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај marsovec Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Ноември.2010 во 12:18
Како ќе бидат во чекор со времето....кога се изгубени во времето....а и полесно е да се раскажуваат прикаски отколку нработа...па економија....па секирации...доколку се чесни....Вака крадуцкај и лажуцкај....а ова лустрацијава е за лажуцкање...Народот се надевам дека ја сватил веќе играва на политичарите....даПлукање...како по улиците...еден на друг...и лигавење кон народот...кој најповеќе го влечат за нос и ограбуваат...не
СЕ Е КОНЕЧНО САМО ГЛУПОСТА Е БЕСКОНЕЧНА - САМО КАЈ НАС
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 26>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,355 секунди.