![]() |
|
Копа Америка |
Внеси реплика ![]() |
страница 123 5> |
Автор | |
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Испратена: 25.Јули.2011 во 05:48 |
Уругвај шампион на Копа Америка
Уругвај - Парагвај 3:0 (2:0) Фудбалерите на Уругвај триумфираа на овогодинешното натпреварување на Копа Америка, откако во финалниот меч одигран во Буенос Аирес го совладаа Парагвај со 3:0. Суарез ја искористи одбиената топка да веќе во 12. минута го доведе Уругвај во водство, за Форлан во 42. минута одлично да шутира од косо од левата страна за убедливо водство. Парагвај не можеше да ја наметне својата игра и да воспостави вистинска рамнотежа на теренот, за во самиот финиш од мечот Форлан да ја искористи деконцентрацијата во одбраната на противникот и да го постигне својот втор погодок на мечот, а трет за неговата селекција. По четвртото место освоено на минатогодишното Светско првенство, Уругвај својата одлична форма ја потврди и со триумфот на Копа Америка. Покрај тоа Уругвај со 15. трофеи на Копа Америка стана рекордер по бројот на освоени пехари во ова натпреварување, бидејќи сега има еден триумф повеќе до Аргентина. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Парагвај до финалето на Копа Америка без победа! Парагвајците во полуфиналето ја елиминираа Венецуела на пенали со 5:3 откако немаше голови по 120 минути игра Прво финале на Копа Америка за фудбалската репрезентација на Парагвај по 1979 година. Во полуфиналето на шампионатот на Јужна Америка, во Мендоза, Парагвајците ја совладаа Венецуела на пенали со 5:3, откако немаше голови во регуларните 90 минути и двете продолженија по 15 минути. Решавачкиот удар од белата точка го реализира Дарио Вега, а потоа парагвајскиот голман Жусто Вилјар го одбрани обидот на Франклин Лусена и ја испрати својата земја во мечот за титулата против Уругвај што ќе се игра во недела во Буенос Аирес. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Уругвај во финалето на Копа Америка
Фудбалерите на Уругвај, полуфиналистите на минатогодишното Светско првенство, го потврдија својот кам бек во врвот на светскиот фудбал со пласманот во финалето на Копа Америка. Уругвај го совлада Перу со 2:0 со головите на Суарез во 53. и 58. минута. Перу беше внимателен, па и на уругвај му беше потребно доста време да го скрши отпорот на противникот. Голманот Фернандез не успеа да го скроти шутот на Форлан од околу 25 метри, за Суарез да го собере отпадокот и да ја затресе мрежата за прв гол. Пет минути подоцна Переира одлично го проигра Суарез, кој мирно го заобиколи голманот и го постигна својот трет гол на овој шампионат. Уругвај така по 1999. повторно ќе игра во финалето на Копа Америка, каде ќе има можност да ја освои титулата з апрв пат од 1987. година. Доколку тоа им појде од нога, фудбалерите на Уругвај со 15 титули ќе станат најтрофејна екипа во ова натпреварување. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Сензација: Елиминиран и Бразил
Бразил - Парагвај 0:0 (0:0, по пенали 0:2) По Аргентина од Копа Америка се простија и фудбалерите на Бразил, кои не успеаа да го совладаа Парагвај, притоа промашувајќи ги сите четири пенали. Два погодоци од белата точка беа доволни Парагвај да се пласира во полуфиналето. "Кариоките" беа подобри во текот на најголемиот дел од мечот, но голманот на Парагвај Виљар беше несовладлив. И покрај фактот дека имаа подобри шанси Бразилците никако не успеаваа да ја испратат топката в мрежата на противникот. Тоа доведе до голема нервоза на теренот, а "сметката" ја платија Леива од бразил и Алкараз од Парагвај, кои на крајот на првото продолжение заработија црвени картони. Бидејќи нем аше подогоци се пристапи кон изведување пенали, а Бразилците дури четири пати беа непрецизни од белата точка. Елано, Тијаго Силва, Сантос и Фред не успеаа да ја затресат мрежата, па победата за Парагвај беше неизбежна. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Јужна Америка ќе добие нов шампион бидејќи после Аргентина, елиминиран е и првиот фаворит за титулата, освојувачот на последните две титули, Бразил. „Кариоките“ освоија четири од последните пет континентални првенства, но оваа година во Аргентина, на стадионот во Ла Плата беа запрени од Парагвај. Парагвајците се пласираа беѓу четирите најдобри селекции во Јужна Америка со победата над Бразил по изведувањето на пенали. Во регуларниот дел победникот не беше одлучен, иако Бразил константно напаѓаше. Имаа 14 шутеви кон голот, додека Парагвајците се заканија само три пати. Шансата за победа ја прокоцка Александре Пато, во 75-та минута. Сè се смени по изведувањето на пеналите. Бразилците на три пати го промашија голот, а еден удар одбрани голманот на Уругвај, Виљар, кој е најзаслужен за победата на неговата репрезентација. Парагвај во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот Чиле-Венецуела. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Копа Америка остана без домаќинот Аргентина! Уругвај подобар во ударите од белата точка со 5:4, откако по основниот дел четврт-финалниот меч заврши 1:1 Фудбалската репрезентација на Уругвај се пласира во полуфиналето на Копа Америка по победата над домаќинот на турнирот, Аргентина, со 5:4 на пенали. Мечот во регуларното време заврши 1:1, немаше голови ниту во продолженијата, а обата тима на крајот останаа со играч помалку на теренот. Уругваецот Диего Перез доби втор жолт картон во 38 минута, Маскерано, пак, поцрвени во 87. минута. Стрелци на головите од игра беа Перез за Уругвај во 6 минута и Игуаин во 17. минута за Аргентина. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Уругвај го фати последниот воз Репрезентацијата на Уругвај го совлада Мексико во последниот натпревар од групата Ц и се пласираше во четвртфиналето од Копа Америка Уругвајците завршија втори на табелата иако по првите две кола имаа освоено само два бода. Минималниот триумф над Мексико од 1:0 беше доволен за опстанок на турнирот. ГРУПА Ц 1. Чиле 2 1 0 4:2 7
2. Уругвај 1 2 0 3:2 5 3. Перу 1 1 1 2:2 4 4. Мексико 0 0 3 1:4 0 * Чиле, Уругвај и Перу се пласи |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Аргентина во четвртфиналето на „Копа Америка“![]() До триумфот на стадионот „Марио Кемпес“ во Кордоба рано утрово по македонско време „гаучосите“ стигнаа со двата гола на Серхио Агуеро во 45. и 52.минута и голот на Ангел Ди Мариа во 63.минута. Со овој натпревар се комплетираше 3.коло, а воедно и беше последен во рамките на групата „А“. На првиот дуел од 3.коло Колумбија со 2:0 ја совлада Боливија. Табела: Колумбија 7 бодови, Аргентина 5, Костарика 3 и Боливија 1. Сигурни учесници во четвртфиналето се Колумбија и Аргентина, додека Костарика ќе го чека исходот на натпреварите од 3.коло во групата „Б“ и ќе се надева на евентуален подобар скор од третопласираната репрезентација во оваа група за пласман во следната фаза. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Бразил спаси кожа
И покрај ремито против најтрофејната репрезентација на светот, напаѓачот на Парагвај, Роке Санта Круз призна дека е малку разочаран од конечниот резултат. Чиле и Перу се на чекор до пласман во четвртфиналето, додека Мексико е првата репрезентација која веќе ги спакува куферите. Резултати: |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Мексико се запозна со Санчез и Видал
Без победник, но со по еден гол во двете мрежи, заврши вториот дуел во истата група, меѓу репрезентациите на Уругвај и Перу. Четвртопласирана екипа од СП 2010, со напаѓачкото трио Форлан-Суарез-Кавани, не успеа да го совлада ослабениот Перу, кој во Аргентина допатува без клучните играчи Фарфан, Пизаро, Забрана и Рамирез Резултати: Уругвај - Перу 1:1 (Суарез 45' - Гереро 24'), Чиле - Мексико 2:1 (Паредес 67', Видал 73' - Араухо 41'). |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Нејмар и Бразилците немоќни против Венецуела
Откако домаќинот Аргентина го отвори натпреварувањето на Копа Америка со кикс против Боливија (1-1), истата приказна им се случи и на фудбалерите на Бразил. Тие во 1. коло од групата Б одиграа 0-0 против Венецуела. Од Бразил, како и Аргентина, се очекуваше многу и се очекува и во иднина на ова првенство на кое домаќин е Аргентина. Како што домашните навивачи сите надежи ги полагаат во Лео Меси, така Бразилците својата репрезентација ја испратија со еднжа желба, да стане првак на Јужна Америка, а се очекува ѕвезда на првенството да биде 19-годишниот играч на Сантос Нејмар. "Новиот Пеле" играше 90 минути во Ла Плата, но ниту тој, ниту сите останати Бразилци не покажаа ништо особено. Секако, Бразил беше подобар, диктираше темпо, но ништо од тоа не материјализираа. Разиграни и креативни беа во првиот дел, додека во второто полувреме Бразилците на создадоа ниту една вистинска шанса. Најблизу до погодок беа во првата четвртина од дуелот, кога на пример, Пато со удар од десетина метри топовски ја погоди стативата. Во првиот дел Пато, Робињо и Нејмар солидно комбинираа, но и пречесто сакаа да дриблаат, што на крајот се покажа претерано себично. По сето тоа во Бразилците се вовлече и безидејност, па и нервоза, а венецуелската одбранбена игра беше се послна и поцврста, па на крајот успеаа да ја сочуваат својата мрежа против угледниот противник. За одбележување е уште и фактот дека за бразилската селекција и младиот Ганзо ги одигра сите 90 минути во средниот ред. |
|
![]() |
|
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Колумбија се справи со Коста РикаСелекцијата на Колумбија постигна минимална победа со 1-0 во првиот натпревар од Групата А на Копа Америка против Коста Рика. Покрај тоа што беа фаворити на натпреварот, колумбијците не покажаа ништо особено, па со минимални залагања успеаа да стигнат до значајните три поени и да застанат на врвот од табелата во својата група. Противникот пак играше со 10 играчи од 28. минута, кога црвен картон заработи РАндал Бренис. Едиснтвениот погодок на натпреварот беше дело на Адриан Рамос во 45. минута од средбата. Во крајна линија Колумбија освои значајни три поени и излезе на лидерскта позиција во групата А, пред Аргентина и Боливија кои во првиот дуел си ги поделија поените, а Коста Рика останува на последната позиција без освоени поени. |
|
![]() |
|
op12eh ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Април.2011 Статус: Офлајн Поени: 242 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница 123 5> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |