|
Сладолед торти |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 08.Декември.2020 во 20:15 |
Без печење: Брз рецепт за торта со омилениот сладоледПробајте го овој рецепт за торта без печење подготвена од само 3 состојки. Потребни ви се бисквити, малку путер и вашиот омилен сладолед. Потребни состојки:
Начин на подготовка:
Изменето од Valerija - 08.Декември.2020 во 20:15 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Десерт на денот: Лесна торта со редени слоеви сладоледОвој летен десерт ќе ви дојде како одлично чоколадно освежување, а се подготвува многу лесно. Можете да одберете вкусови и состојки по ваша желба, а ние ги предлагаме следниве: Потребни состојки:
Начин на подготовка:Изменето од Valerija - 29.Ноември.2020 во 10:11 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Декоративно и вкусно – ледена торта од сладолед и овошјеДоколку сакате слатки работи, а меѓу нив е секако и сладоледот, време е да ги искомбинирате вашите омилени десерти во еден – ледена торта со сладолед, кекси и овошје. Се подготвува лесно и брзо, а за изгледот навистина нема потреба да објаснуваме премногу, фотката кажува сè... Потребни состојки:
Начин на подготовка:Изменето од Valerija - 12.Август.2019 во 16:02 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сладолед торта совршена за жешките денови: Потребни ви се три состојки и 15 минути време- 250 грама благи бисквити; Во блендер ставете 10 парчиња од бисквитите и обработете ги до ситни парчиња. Додадете го путерот и мешајте во блендерот додека смесата не се соедини. Мешавината од бисквитите и путерот ставете ја во сад за печење. Над тоа ставете го сладоледот и нежно распоредете го по целата површина. Потоа над сладоледот ставете го овошјето. Тортата ставете ја во замрзнувач најмалку 8 часа, односно додека не стане цврста. Наздравје! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Десерт на денот: Сладолед-торта со прелив од карамелЗа пролетните денови предлагаме да се „засладите“ со сладолед-торта прелиена со карамел прелив, која се топи во уста! Оние кои сакаат да експериментираат во кујната задолжително треба да го подготват ова слатко задоволство. Изгледајте го видеото, прочитајте ја постапката и пробајте го десертот на кој нема никој да одолее. Потребни состојки:
Начин на подготовка:Во мало тавче истурете 1 шолја шеќер и ставете ги на рингла постојано мешајќи додека не добиете карамел. Истурете ја смесата во калап и тргнете го настрана. Во друго тавче, додадете ги водата, какаото и 4-те лажици шеќер. Мешајте на среден оган додека да се стопи и формира сируп. Истурете ја чоколадната мешавина врз карамелот и ставете ги во замрзнувач 30 минути. Во тавче ставете ги кондензираното млеко, обичното млеко, 3 жолчки и екстракт од ванила. Мешајте постојано додека се на тивок оган и додека не се направи густа смеса. Тргнете го тавчето од оган и оставете да се излади. Изматете ги белките и постепено додавајте го шеќерот додека не добиете смеса како шлаг. Истурете ја смесата во таа со пудингот од кондензирано млеко. Додадете во смесата слатка павлака за готвење. Мешавината истурете ја во калапот врз замрзнатото чоколадо и карамел. Оставете во фрижидер 3 часа и свртете ја обратно при сервирање. Изменето од Valerija - 08.Април.2019 во 09:16 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сладолед торта од праски Состојки за подлога 220 гр путер 200 гр шеќер во прав 250 гр мелени бисквити 50 гр сецкани бадеми 50 грс сецкано чоколадо 1 лажиче екстракт од ванила за фил околу 1 л сладолед од ванила 5-6 праскиПодготовка на подлогата Најпрво шеќерот во прав се мати заедно со путерот кој е на собна температура, па се додаваат другите состојки и се замесува убаво да се изедначи смесата. Од една третина се расукува тенка кора (меѓу два листа хартија за печење) и се сечи едно парче за подлога во големина на плехот во која ќе ја редите тортата. Другиот дел од смесата ќе го искористиме за обложување на дното и за формирање на среднишниот дел, кој може да го направите наједноставно како салама во должина на плехчето, а јас бидејќи поводот беше годишнина од брак, се потрудив да го направам во форма на срце. Редење на тортата Плехот (со големина 30цмх11цм) го обложуваме со најлонска фолија, и на дното ставаме од смесата. Го оставаме малку да се стегне, па истураме од сладоледот (околу 1/3 од вкупната количина), во кој сме ги додале праските (излупени и исецкани на парчиња). Ставаме во замрзнувач, да се стегне убаво сладоледот. Врз сладоледот, ја ставаме саламата(срцето) која ја формиравме од бисквитното тесто, па повторно истураме сладолед, да се пополни плехчето речиси до горе. Ставаме во замрзнувач да се стегне и овој сладолед. На крај, ја ставаме последната кора од бисквитното тесто, притиснуваме убаво да се залепи, да не останат празнини, и пак враќаме во замрзнувач. Тортата ја превртуваме врз чинија, и сечеме парчиња. Уживајте во ова ледено освежување! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сладолед торта Состојки За кора 6 белки прстофат сол 1 ванила 12 лажици шеќер 3 лажици брашно 6 лажици мелен орев 1/2 пециво 150гр. ситно сецкан орев 100гр. суво грозје Прв фил 4 жолчки 100гр. шеќер 2 кесички рум шеќер 250мл. млеко 1 бело чоколадо 1 кесичка желатин 5 лажици ладна вода 200мл. слатка павлака Втор фил 1/2л. млеко 5 лажици шеќер 1 ванила 2 пудинга од ванила 5 жолчки 1 бело чоколадо 1 путер (маргарин) 125гр. шеќер во прав За одозгора шам од 3 белки 225гр. шеќер или 50гр. шлаг пена 100мл. ладно млекоНајнапред го полеваме сувото грозје со врела вода да го покрие. Оставаме така да постои, набубри зрното. Потоа убаво се цеди и суши на кујнска хартија. 150-те грама орев ситно го сецкаме. Тава со пречник од 28 цм. ја намрсуваме со маргарин (путер) и цело дно го покриваме со орев и суво грозје.(Видете на дополнителната фотограгија.) Белките ги матиме во густа пена, па ги додаваме шеќерите, намалуваме на брзината на миксерот и додаваме брашното, мелениот орев и пецивото. Ставаме да се пече во загреана рерна околу 15 мин. на 200 степени. За првиот фил, најпрво го полеваме желатинот со ладна вода и оставаме да набубри. Жолчките ги матиме со шеќерите и ги додаваме во зовриеното млеко.Вариме на умерен оган додека се згустат, нешто како послаб пудинг. Се трга од оган и се додава чоколадото, се меша убаво да се растопи. Се додава набубрениот желатин, исто се меша, можи и со миксер, додека се растопи. Се остава да се излади. Во ладно се додава, миксирајќи со миксер, претходно изматената слатка павлака. За вториот фил, пудинзите се раствораат со малку млеко, а остатокот се става да се зоврие со шеќерите.Штом зоврие се додава разматениот пудинг и се продолжува со варење на умерен оган.Кога почнува да се згустува пудингот, се додаваат изматените жолчки.Се продолжува да се вари додека се добие убава густина. (*На овој начин, на додавање на жолчките, добивате крем кој е беспрекорно мазен, без ниту едно грутче.) Се трга од оган и се додава белото чоколадо, мешајќи со миксер го растопуваме. Оставаме да излади. За тоа време пенасто го матиме путерот со шеќерот. Во не потполно изладениот пудинг го додаваме и убаво миксираме. За одозгора правиме шам од белките. Постапката може да ја видите тука хттпЧ//моирецепти.мк/пост/%Д0%Б2%Д0%Б0%Д1%81%Д0%Б8%Д0%БД%Д0%Б0-%Д1%82%Д0%БЕ%Д1%80%Д1%82%Д0%Б0-2. Или премачкајте со шлаг пена. Финална постапка -кората превртена нагоре со оревот и сувото грозје нагоре-прв фил -втор фил -шам или шлаг Украсете по желба. Уживајте!!! |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Торта од сладолед Состојки 1 кесичка сладолед од лешник 1 кесичка сладолед од ванила 400мл. ладно млеко 200гр. бисквити (зависно од садот) 1 шоља инстант кафе 20гр. чоколадо во прав 5-6 парчиња бисквити, рендано чоколадо, оревиСладоледот се спрема вообичаено по упатство, во оној дел од лешник се става чоколадото во прав, бисквитите се топат во инстант кафе и се реди ред од нив најдолу во погоден длабок сад-дно кое не лепи или ставете фолија за свежо. Над бисквити се става по една кутлача лајца од ванила кремот и тоа почнувајќи од средината на садот, врз неа кутлача лајца од кремот-лешник, се истура цела содржина така наизменично држејќи се до средишниот дел од садот (како кај зебра кексот). Нареден чекор е замрзнување, се сечи како парче торта. Декорација направив од бисквити, крупни струганки од чоколадо и оревчиња, се е по избор,слатко и ледено.. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Чоколадна сладолед торта Состојки 600 мл. слатка павлака 100 гр. чоколадо за готвење 100 гр. млечно чоколадо 100 гр. бело чоколадо за готвење 150 гр. нугат крем 6 лажици какао 1 лажичка мешавина зачинка за медењаците 1/2 лажичка чили во прав 1 лажичка ванилин шекќер 1/2 пакетче желатин или 3 листа желатин 4 жолчки 3 јајца 50 гр. шеќер- Изматете ја павлаката и вратете во фрижидерот да стои додека се приготвува останатиот дел. - Во засебни садчиња ставете ги насецканите чоколада, додадете во секој сад од по 50 гр. нугат крем - над пареа нека се стопат. 1. Во стопеното црно чоколадо измешајте 3 лажици какао, зачинот за медењаци и измешајте да се добие еднолична смеса. 2. Во стопеното млечно чоколадо додадете 2 лажици какао и чили во прав. Измешајте во еднолична смеса. 3. Во стопеното бело чоколадо додадете 1 лажица какао и ванила шеќерот и измешајте во еднолична смеса. Желатинот пригответе го според упатството на кесата. Ако е во листови тогаш само ставете во ладна вода, а потоа се цеди и понатаму се продолжува исто како и желатинот во гранули. Оставете да набабри. - Жолчките и јајцата заедно со шеќерот сматете ги пенесто над пареа. Исцедете го желатинот и измешајте во смесата. Симнете садот од пареата и матете додека смесата, а потоа поделете ја на три еднакви дела и додадете кај деловите од чоколадата. - Изматената слатка павлака поделете ја на три еднакви дела, додадете во приготвените три чоколади делови и измешајте да се спојат во еднолична смеса. Оформување - Изберете модла или некој сад со зафатнина од 1, 5 до 2 л. Постелете со проѕирна фолија и почнете да ги ставате деловите така што најпрво во садот ставете ја смесата од белата чоколада. Нека одстои во фрижидер одредено време околу 30 мин. Извадете и ствете го вториот дел од нугатот и млечното чоколадо. Исто така ставате да одстои во фрижидер за да на крај го ставите третиот дел од се додека не оцените дека безбедно без да се измеша ќе го ставите вториот дел кој е од чоколадата за готвење. Сладоледна торта е веќе оформена и ставете ја повторно во фрижидер да одстои повеќе време или најдобро преку ноќ. Извадете ја превртувајки ја да горниот дел биде одоздола, потоа декорирајте како вие сакате. Од вака приготвената торта треба да добиете Сладоледно Омбре. Кај мене многу не се разликуваат боите токму поради белата чоколада. Белото чоколадо кое јас го користев не беше баш-баш добро и такво какво што треба да го даде саканиот резултат. Но, како и да е - вкусно е. Ова чоколадно сладоледно омбре е по рецепт на Зринка која дополнително сакав да ја изненадам приготвувајки го, заради првенството и нејзините огнени дечки. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова е најубавата сладолед – торта за летните денови!Не постои човек на светов кој не сака вкусен сладолед, а ако истиот е комбиниран со уште повкусна торта, тогаш имате полн погодок. Оваа сладолед – торта е највкусното и најбрзото нешто за ова лето, а веќе знаеме дека целото ваше семејство ќе ужива во нејзиното консумирање. Потребни ви се неколку состојки и малку време за приготвување на овој сладок десерт, а постапката ја читате во продолжение. 100 гр.сладолед во прав со вкус на чоколада 100 гр.сладолед во прав со вкус на ванила или страчатела Две чаши млеко 300 гр.Плазма бисквити или пишкоти Пола чаша приготвено Нес кафе 200 гр. Шлаг Една чаша кисела вода Матете го сладоледот со миксер според упатството на кесичката додека не стане густа смеса. Додавајте по малку млеко и внимавајте сладоледот да не биде многу редок. Направете го кафето и подгответе го садот во кој ќе ја ставите сладолед – тортата. Обложете го со фолија и почнете со тортата. Потопете ги бисквитите во кафето и ставете еден ред на дното, па ставете од сладоледот од ванила, па повторно бисквити, па ред од сладоледот од чоколадо и завршете со ред бисквити. Оставете ја тортата преку ноќ во ладилник добро да се замрзне. Следното утро извадете ја тортата од садот или калапот и украсете ја со шлагот кој ќе го изматите со ладна кисела вода. Изменето од Valerija - 03.Август.2018 во 13:09 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Торта сладолед совршена за летните горештини!Веруваме дека и вие сте големи обожаватели на сладоледот како и ние, а тој е еден од омилените десерти токму во овој летен период. Покрај тоа што тој самиот по себе е доволен, верувајте дека уживањето ќе биде уште поголемо доколку го послужите како торта. Денеска за вас имаме еден супер рецепт за сладолед – торта која се прави побрзо од што можете да си замислите. Доколку имате повеќе слободно време, тогаш тортата направете ја со домашен сладолед, а овој рецепт што денеска ви го предлагаме е направен со купен сладолед. Базата на тортата е многу лесна и едноставна, а единствено треба да внимавате на тоа истата да е добро изладена за да не се стопи сладоледот. 200 гр. чоколадо за готвење 100 гр. Путер 100 гр. Шеќер 75 гр. Брашно 3 јајца 2 лажици какао во прав Една лажица екстракт од ванила ¼ лажица сол Загрејте ја рерната на 180 степени и подгответе ја тавата за печење. Стопете ја чоколадата на тивок оган заедно со путерот. Измешајте го шеќерот, какаото во прав и ванилата, а потоа ставајте едно по едно јајце и брзо мешајте. На крајот, ставете го и брашното, но внимавајте да не ви останат грутки. Печете ја околу половина час и извадете ја откако претходно ќе проверите дали е добро печена со помош на чепкалка за заби. Добро изладете го тестото пред да почнете со сладоледот. Купете еден сладолед од ванила, еден од јагоди и малку шумско овошје за украсување. Погрижете се сладоледот да биде малку растопен за да може да го распределите по површината на тестото. Прво ставете го едниот сладолед, па замрзнете, па ставете го другиот и повторно замрзнете. Пред да послужите, украсете со шумското овошје и топено чоколадо по избор. Пријатен апетит! Изменето од Valerija - 07.Јули.2018 во 09:47 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Торта од сладолед Состојки 100 гр чоколадо 50 гр маргарин 75 гр експандиран ориз (оризови снегулки) 1 пакетче прав за сладолед од ванила или страчатела Користени Делимано производиЧоколадото растпоете го на пареа. Додајте го маргаринот и тргнете го садот од оган. Мешајте додека се растопи и маргаринот, па додадете ги постепено оризовите снегулки. Мешајте цело време за смесата убаво да се изедначи. Калапот со пречник 20 см намастете го со масло. Ако немате таков на кој се вадат страниците, ставете во фиксен алу или најлон фолија, за да можите после тоа лесно да го извадите. Истурете ја смесата и добро распоредете тенко по дното и страниците. Оставете во фрижидер да се стегни. За тоа време прашокот за сладолед пригответе го спрема упатството на кесичката. Можите да додадете и стугано чоколадо во него, по желба. Кога смесата во калапот ќе се здрви, извадете ја од него и пренесете ја на чинија за сервирање. Наполнете ја внатрешноста со сладоледот и одозгора украсете со чоколадни трошки или стругано чоколадо. Вратете ја во замрзнувачот додека се стегни сладоледот. Сечете на парчиња и ладете се. Овој рецепт си има и своја зимска варијанта. Наместо сладолед можите да ја наполните со готов фил од ванила, кој исто така ќе го припремите спрема упатството на пакувањето или едноставно, ставете го вашиот омилен крем од ванила. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бразилска сладолед торта со наполитанки за летно освежувањеНајдобар начин да се разладите во летните денови е со сладолед, но ако сте љубител на благото, нема подобра комбинација од торта со сладолед. Овој рецепт за бразилска сладолед торта се подготвува лесно, а ќе ви биде одлично летно освежување. Потребни состојки:
Начин на подготовка:За подготовка на сосот од карамел измиксирајте ги хоплата, кондензираното млеко, путерот, шеќерот и чоколадото во прав. Ставете ги на шпорет и гответе околу 30 минути со повремено мешање додека сосот не згусне. Оставете го да се излади. Во меѓувреме смелете ги наполитанките и извадете го сладоледот малку да се стопи на собна температура. Калапот за торта обложете го со хартија или фолија и на дното истурете две третини од издробените наполитанки. Прелијте ги со две третини од сосот од карамел и со две третини од сладоледот од ванила, а потоа израмнете ја смесата. Потоа врз сладоледот повторно додадете ги преостанатите издробени наполитанки и прелијте со сос од карамел, а најгоре покријте со остатокот од сладоледот. Оставете го десертот во замрзнувач неколку часа или најдобро преку ноќ. Пред да го послужите, извадете го од фрижидер и оставете го 20 минути за да не го јадете смрзнат и ладен. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сладолед торта Состојки Темен фил 2 кесички сладолед од лешник 1 пакување од 18гр топло чоколадо 350мл ладно домашно млеко 3-4 големи лажици несквик Бел фил 1 кесичка сладолед страчатела 150мл ладно томашно млеко бисквит 200-300гр бисквити 100гр инстант кафеСладоледот од лешник го матиме убаво со 350 гр млеко. Откако убаво ќе се измати го додаваме топлото чоколадо и несквикот. И повторно матиме. Го матиме и страчателата сладолед со млекото. Во куглов ставаме фолија и ставаме од чоколадниот фил расфрлено. Потоа од белиот и се така додека не завршат двата сладоледи. Но да бидат како еден вид зебра. Најодозгора редиме бисквити потопени во инстант кафе. На здравје. Изменето од Valerija - 07.Јули.2018 во 09:42 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |