|
Алергија |
Внеси реплика | страница 123 13> |
Автор | |
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 07.Март.2014 во 13:37 |
Пролетта, покрај топли денови, со себе носи и низа алергии. Симптомите кои ги мачат алергичните во овој дел од годината се кивавица, солзи во очите и гре**ње на грлото. Сепак, како и за секој проблем, и за овој постои решение кој може да ја олесни кивавицата и болката во грлото. Еве 7 најефикасни предлози: Камилица - Со антивоспалително дејство камилицата помага кај сувите очи. Држeте 3-5 минути оладени вреќички чај од камилица на очите и повторувајте ја постапката неколку пати во денот. Коприва - Благотворно дејство има на надразнетите очи и кивавицата, а за да ги ублажите симптомите на подолг временски период земајте таблети од коприви или чај од сушени листови. Нане - Нането е одличен лек за затнати дишни патишта. Во текот на денот доволна е една инхалација од 10 минути за да почувствувате подобрување. Мајчина душица - Чајот од мајчина душица помага при лечење на кашлањето, гушењето предизвикано од алергии, а покрај тоа го смирува воспалението на грлото. Мед - Благотворно дејство има над неколку минутното кашлање и затнатите дишни патишта. Една лажица мед во топла шолја чаj може да ви помогне повеќе отколку што мислевте. Ѓумбир - Ја ублажува иритацијата на воспаленото грло, а посебно е делотворен во комбинација со мед. Направете чај од свеж ѓумбир така што во врела вода ќе ставите 5 грама свежо рендан ѓумбир и ќе го варите десетина минути. Потоа прецедете и додајте лажица мед. Лута пиперка - Одличен извор на биофлавоноиди кои ги ублажуваат сите хемикалии кои предизвикуваат воспаленија и алергии. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пеколен јуни за алергичните на поленДолгата и ладна зима и предвременото лето резултираа со истовремено расцветување на повеќе видови булки, поради што јуни ќе биде најлош месец за луѓето со алергија во последните неколку децении, предупредуваат екпертите. Комбинацијата од долгата зима и раната пролет која залетано ни донесе високи летни температури, доведува до тоа нивото на полен оваа година да биде највисоко во последните 50 години, поради што милиони луѓе ќе патат од пролетната алергија, пишува „Daily Mail“. Професорот Рој Кенеди, еден од највлијателните алерголози во Британија, предупредува дека во јуни нивото на полен во воздухот ќе биде највисоко, и ги посоветувал сите оние кои имаат проблеми со алергија редовно да носат наочари, да ја менуваат облеката и да се тушираат што почесто, како и да го избегнуваат честото излегување и прошетки. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пет начини да ја ублажите алергијатаМногу луѓе страдаат од алергија на почетокот од пролетта, но и промената на животните навики може да ви предизвика проблеми. Еве што уште, освен лековите може да ви биде од помош.
1. Елиминирајте ги опасностите колку што е можно Елиминирајте ги сите билки на кои што сте пречувствителни. Доколку е можно останете повеќе време во затворен простор, додека цветаат билките, избегнувајте долго задржување во природа, а активностите извршувајте ги подоцна. Пожелно е да носите очила за сонце. Неколку пати дневно мијте ги лицето и очите, а после „контактот“ со природата, променете ја веднаш облеката и исперете ја старата. 2. Винавајте што јадете Некои производи можат да влијаат негативно на вас, додека некои ви помагаат да се изборите со симтомите. Поради своите состојки, особено витаминот Ц, може да ве заштити од алергија и астма. Кората од јаболка содржи антиоксиданси кои го подобруваат функционирањето на плуќата, а слични состојќи содржат и лукот, доматот, портокалот и јагодите. Антиоксидансите кои се скриени во црното грозје имаат силни моќи кои докажано делуваат врз симптомите на алергија. Од друга страна избегнувајте целер, праски, киви и дињи, бидејќи истите можат да го предизвикаат дополнителни потешкотии. 3. Внесувајте доволно витамин Ц Алергиските стимуланси создаваат хистамин, одговорен за вообичаените сезонски тешкотии кои се поврзани со алергијата: кивање, течење на носот. Со додавањето на оптимална доза Витамин Ц, се намалува делувањето на хистаминот. Погрижете се во текот на денот да внесете 2.000 мг витамин Ц. 4. Рибино масло како додаток во исхраната Оваа, здрава врста на масло има антиинламаторен ефект, поради што се користи при лечење и первенција на срцеви заболувања. Корисно е и во терапијата за покачен холестерол во крвта, за хидратација на кожата, како и за подобрување на фунциите на дигестивниот систем. Се препорачува конзумирање на 2.000-6.000 мг. дневно, заедно со храна. 5. Користете природни лекови Камилицата има својства, кои помагаат при црвенило и солзење на очите. Држете три до пет минути оладена ќесичка од чај од камилица на очите. Копривата делува како антихистаминик кои помага да се намалат симптомите на алергија како што е чешањето на очите. Со цел да ги ублажите симптомите пијте чај од коприва, а можете да пронајдете и таблети со екстракт од коприва. Нането е добро за дишните патишта, а најдобро е да пиете чај од свежи или сушени листови нане. Чајот од мајчина душичка помага кај лечењето на кашлица или гушење предизвикано од алергија. Лутата пиперка е богата со витамини кои спречуваат ослободување на хистамин, кверцетин, како и други хемикалии кои предизвикуваат воспаление и симптоми на алергија.
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Алергии кои се појавуваат на есенОсвен
во пролет, алергиите често се јавуваат и во есен кога цветат некои
растенија како амброзијата, камилица и сончогледот. Тогаш се зголемува и
влажноста во воздухот, поради што во есенските денови има најмногу
алергии на мувлата. Доколку во вашиот дом има многу влага или ќошиња
каде што се насобира мувлата, користете антифунгициден спреј или пак тие
ќошиња премачкајте ги со боја против мувла. Исто така, треба да ги
замените и старите, оштетени теписи и поправете ги чешмите од кои капе
вода.
Без алергии
Третирање на симптомите |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Sabrina 81
Нов член Регистриран: 12.Септември.2011 Статус: Офлајн Поени: 1 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Jas go imam istiot problem veke 4 meseci Xronicna Urtikarija, pravev Vida Test poveke od 40 alergeni ispitav i mi bea negativni. A bez Lekovi ne mozam da opstanam eden den da ne primam lekovi jas sum celata isipana po celo telo i lice.Pricina sega za sega nikoj ne moze da mi pomogne Navistina mi e mnogu tesko da ziveam vaka ako nekoj go ima istiot problem izleceno Baram Pomos i Sovet
|
|
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кога се јавува алергија имуниот систем неправилно и бурно реагира на безопасни материи, бидејќи ги заменува со антигени. Одбранбен систем - Избегнување на алергени, |
|
gOJDO
Сениор Регистриран: 01.Јули.2010 Локација: Eritrea Статус: Офлајн Поени: 115 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас пак, сум алергичен на ќотек. Кога ме тепаат потекувам и помодрувам...
|
|
BisernA
Сениор Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
се отепувам од кивање... многу ми е смачено... кивам по 10тина пати во низа и ниеден проклет лоратадин или ринолан не ми помага...
|
|
ANITA11
Сениор Регистриран: 04.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 21488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
alergiite se dosta prosireni i rasprostraneti vo poslednite godini
|
|
Glenn
Сениор Тата-Мата Регистриран: 14.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3166 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И јас како поголемиот дел од луѓето сум алергична на поленов прав, кожата многу лесно ми се иритира и при допир до некои хемиски супстанци ми се јавува црвенило и отежнато дишење, како солна киселина на пр. за домашна употреба.
Алергиите на одредена храна како и нетолерантност на организмот кон одредени храни е исто така многу актуелен проблем во светот.
Имам забележано дека организмот не ми поднесува некои житарки како овес.
Еднаш користев млеко за тело од овес и забележав дека кожата ми реагира бурно, со осип,пецкање и чешање. Исто така и кога јадам овесна каша понекогаш ми предизвикува надувување на стомакот и непријатно чувство на застој. Затоа ја избегнувам максимално.
|
|
Beauty fades, dumb is forever
|
|
BellaGrandma
Сениор Game over Регистриран: 10.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 20029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Основни сознанија за алергиите
Со доаѓањето на пролетта почнува „нападот" на алергиите. Оние чии организми не можат да им се спротивстават почнува да ги мачат кивавица, јадеж во носот, имаат изобилна секреција од него, потоа главоболка, солзење на очите, кашлање, тешко дишат, немаат воздух, им свири и чкрипи во градите, ги боли градниот кош, лесно се заморуваат и се чувствуваат скршено и болно. Утврдено е дека во последниве децении дошло до значителен пораст на зачестеност на алергиски болести во светот, а се повеќе се јавуваат во епидемиски размери и стануваат се поголем светски проблем. Еве што велат и порачуваат стручњаците: Алергиските болести, како што се алергискиот ринитис со или без воспаление на синусите и коњуктивит и астма, се најзачестени хронични незаразни болести. Ги напаѓаат лица од сите возрасти, од раното детство до длабоката старост. Се смета дека промените на начинот на живот, особено на традиционалниот начин на исхрана, факторите на внатрешната (грињи, мувла, влакно на пес и мачка, лебарки) и надворешната средина (полени), загадувањето на внатрешната и се поголемата загаденост на надворешна животна средина влијаат врз порастот на овие заболувања. За особено ризично се смета пушењето на мајката во текот на бременоста, но и подоцна, во текот на доењето и растењето на детето. Доколку возрасно лице или дете ги имаат наведените симптоми кои главно одат без температура, а слабо реагираат на класична терапија, траат или се повторуваат често во текот на годината или, пак, секогаш во ист период, треба да се изврши испитување во правец на можно постоење на алергија. Тоа може да се изврши во специјализирани установи, а меѓу другото вклучува и кожни алергиски тестови. Најчесто алергиско заболување е алергискиот ринитис. Неговото појавување варира и повеќекратно се разликува помеѓу различни земји, а постојат големи разлики дури и во рамките на една земја помеѓу градски и селски подрачја. Се смета дека во светот над 500 милиони луѓе боледуваат од оваа болест, а од нив повеќе од 40% (200 милиони) се деца. Зачестеноста на алергискиот ринитис во земјите на ЕУ се движи од 16,9% до 28,5%. Тој може да биде повремен (кај 71% заболени) или постојано присутен. Според степенот на влијание врз секојдневните активности, спортот, работата, школувањето и нормалниот сон се одредува степенот на неговата тежина така што може да биде со благ, умерен или тежок степен. Симптомите опфаќаат кивање, печење и јадеж во носот, затнатост, губење на чувството за мирис и секреција од носот, што може да биде предно или задно со слевање на секретот низ ждрелото. Симптомите најчесто се јавуваат наутро, но можат да бидат постојано присутни и не мораат сите да се јават кај секој заболен. Ринитисот често се јавува здружен со други алергиски заболувања и состојби- со астмата, алергискиот коњуктивитис, екцематозни промени на кожата, акутно и сериозно воспаление на средното уво, воспаление на синусите и полипоза на носот. Кога станува збор за алергиско хронично воспаление на синусите, одамна е забележано дека тоа исто така мошне често се јавува здружено со астма. Од 31% до 72% од лицата со астма истовремено има и хронично воспаление на синусите. Освен затнатоста на носот, гнојни секреции, кашлање, често е присутна и главоболка, додека температурата не е чест симптом. Врз основа на хроничната алергиска секреција, кај 60% до 75% доаѓа до секундарна бактериска инфекција. Како и алергискиот ринитис, и ова заболување значително го оштетува квалитетот на животот на заболените лица, а особено влијае врз натамошниот тек и на прогнозата на болеста на заболени од астма. Возрасните лица и децата со астма имаат повеќе ноќни тегоби, повеќе изостанување од работа (училиште), користат повеќе класични лекови за астма, имаат почести влошувања на основната болест, повеќе хоспитализации и воопшто речено, присуството на воспаление на слузницата на горните дишни патишта е важен знак на прогресивно оштетување на функцијата на целиот систем за дишење. Обидот за превенција на појавата на алергиски болести не дал резултати. Правени се многу студии поврзани со исхраната, елиминацијата на внатрешните алергени и слично, но решенија засега нема. Бидејќи не можеме да го спречиме јавувањето на алергиските заболувања, можеме да влијаеме врз намалувањето на јачината на симптомите или дури и нивно изостанување во ризичната сезона. Прво треба да се направи обид со отстранување на алергените од внатрешната средина, врз која лицето е сензибилно, или да се направи обид да се одбегне изложување на надворешните алергени кога се тие во најголеми концентрации. Се разбира, тоа е мошне тешко зашто се тие широко распространети алергени со кои сме постојано во контакт- полените и домашните грињи. Фармаколошката терапија е делотворна и достапна, а во зависност од степенот на тежината на заболувањето се даваат еден, два или повеќе лекови истовремено, за што решава лекарот во договор со пациентот. Најдобро е лековите да се воведат неколку недели пред очекувањето на појава на алергенот и пред јавувањето на симптомите. Освен класичната терапија, постепено се менуваат сфаќањата во врска со лечењето на алергиските заболувања, зашто секогаш ги има оние што се загрижени поради негативното дејство на лековите врз организмот. Може да се проба со лекови за алергиски ринитис од областа на алтернативната медицина, хомеопатски лекови од растително потекло, кои се во употреба низа години. Им се даваат и на возрасни и на деца, можат да се користат самостојно, но и како дополнение на традиционални лекови. Брзо дејствуваат, а нивната подносливост е одлична. Тоа се полинол, кој се користи кај алергискиот ринитис и со чија употреба се почнува две недели пред очекуваните тегоби и Cinnabsin за акутно и хронично воспаление на слузницата на носот и синусите. Комбинираниот хомеопатски лек полинол во составот го има и интересното растение Galphimiа, кое потекнува од езготичните краишта на Латинска Америка т.е. Мексико, каде што традиционално се користело кај лечењето на астма и алергии. Во периодот пред цутењето на растенијата, на чиј полен сте алергични, полинолот треба да се користи 4-6 недели како превентива. Во секој случај, благодарение на големиот спектар на лекови што се на располагање, нема причини возрасно лице или дете со алергиско заболување да нема задоволувачки квалитет на животот во кој било дел од годината. Затоа е важно навреме да се постави дијагноза и барем 2 недели пред појавата и на алергените и на симптомите да се започне со соодветна терапија. |
|
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.
|
|
BisernA
Сениор Регистриран: 27.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 4662 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
некаде на интернетов прочитав дека годинава количеството на полен во воздухот било највисоко во последниве дваесет години.... можеби затоа си се најдовме толку ,,другарчиња,,.... хаха... јас уште сум си со затнат нос, не верувам дека чешмата моја ( носот ) некогаш ќе запре да тече.... само, додека пијам лоратадин немам многу секрет кој би предизвикал бронхит
поздрав,.... и апчиу |
|
pane_juventus
Сениор Регистриран: 07.Јуни.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 1048 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Eve da vi kazam i jas sum alergicen na polen a mozebi i na drugo,ne znam.
Do lani ne tolku,ama godinava alergijava me utepa i mislam koga ke me fane cela sila mi ja zema.Ocite kako bocki da imam vo niv,nosot cesma,a kivanje do beskraj.Pijam cetirizin,loratadin i ponekogas zirtek,a od sprejovite koristam bekonaze i kolku tolku pomagaat.Pozdrav. Изменето од pane_juventus - 01.Јуни.2010 во 23:50 |
|
vodolija_89
Група Регистриран: 29.Мај.2009 Статус: Офлајн Поени: 78 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
i jass um takov ova vreme celio sum zatnat pa ni odam na doktor samo kapki kapam za nos so se zema za nos edni grcki otrivin
|
|
Внеси реплика | страница 123 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |