|
Регионална комисија за воените злосторства |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | |
novace
Сениор Регистриран: 06.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 3067 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 23.Декември.2010 во 10:50 |
И видете ја „благодарноста„ на КАЧАЦИТЕ кон Мавровските работници..оти им граделе Автопат на ХИЕНИТЕ..и како овие им се „заблагодариле„ за тоа...
Изменето од novace - 23.Декември.2010 во 10:50 |
|
Не сум доктор , ама стално сум опкружен со пациенти
|
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во Сабота ќе се верификува обврската на државите подписнички.
Обврска на државите за соработка со Комисијата 1. Сите органи на потписничките се должни да соработуваат со Комисијата и да ѝ овозможат делотворно извршување на задачите во согласност со Статутот.
2. Надлежните органи на власта во државите потписнички, на барање на Комисијата благовремено ќе обезбедат пристап на податоци, вклучувајќи ја можноста за земање изјави од претставник на државна институција и спроведување на теренско истражување, освен ако со тоа би биле прекршени прописите на државите потписнички за тајност на податоците.
3. Податоците или документите кои за цел имаат прикривање на сторени кривични дела, или кои се однесуваат на тешки повреди на основните човекови права, не се сметаат за тајна.
4. Во случај ако државата смета дека откривањето на одреден податок или документ кој го бара Комисијата би било спротивно на прописите за тајност на податоците, ќе се преземат сите разумни мерки со цел да се надмине спорната ситуација со заедничко ангажирање на Комисијата и државата. Овие мерки подразбираат:
(а) изјаснување на Комисијата за релевантноста на податокот и/или документот кој го бара;
(б) договор за условите на откривање на податокот, вклучувајќи, меѓу другото, делумно откривање на содржината на документот, ограничување на објавувањето на податокот и примена на други мерки за заштита на доверливоста на податокот. |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Следната седница на РЕКОМ во Македонија е на 18 Декември 2010 година. Во меѓувреме на 11 Декември 2010 година РЕКОМ е во Приштина а потоа доваѓаат кај нас.
|
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
http://www.korekom.org/news/read/153 Од и за, косултативната седница на РЕКОМ одржана на 20.11.2010 година, во Скопје
Сите екс YU Републики, сега држави од 1991 година до 2001 година поминаа низ неминовниот процес на делба кој секогаш и секаде резултира со војна/и. Во овакви процеси војните се од најразличен вид- карактер, но секогаш пратени со егоистичкиот мотив- мене ми припаѓа повеќе. Критичните години 1991/94 согласно договорот Глигоров – Аџиќ Република Македонија ги помина безболно ако не ги земаме во обзир македонските жртви во Хрватска, Словенија, Босна, кои во таа 1991 година се затекна во составот на тогашната ЈНА. Заминувањето на екс YU армијата беше без никакви последици по човечки животи но со штети по објектите кои таа ги напушташе. По нејзиното заминување остана само отворено или недефинирано прашаењето со северната граница во целост. По условното завршување на војната со Хрватска и Босна, СРЈ го отпочна- продолжи или интензивира веќе поодамна почнатиот фронт за решавање на внатрешните проблеми со тогаш АП Косово, сега Р. Косово. Во тој процес на решавање на внатрешните проблеми кај северниот сосед неминoвно беше да се наметне и друг проблем кој се пресели кај нас со бегањето- на албанското население со што ни се наметна проблемот со бегалците (попознат како бегалска криза) кој створи криза во нашата држа. Ова Македонија свесно го стори давајки им можност на жителите на Косово да ја избегнат војната и да дојдат во Македонија онаму каде имаа и свои блиски; поточно во западна, северо- западна и северна Македонија. Во почетокот на бегалската криза Македонија беше хумана држава се до моментот кога и самата се соочи со кризата која и се наметна со згрижувањето на бегалците од Косово за кои меѓународниот фактор ветуваше помош од секаков вид.Мeѓународната заедница не само што не пружи помош туку Македонија се соочи и со фактот дека секој додатно населен од Косово кај нас веќе преставува потенцијална опасност за реализирање на вековните аспирации за созддавање на голема Албанија. Кризата во Македонија се продлабочуваше. Во еден момент од МНР се реагираше кај меѓународната заедница која ветуваше помош за бегалците дека не го почитува ветеното- односно не дава никаква помош за бегалците. На таа реакција меѓународната заедница одговори со.........,,зар толкав терет ви се тие луѓе кои може да се сместат во стотина автобуси?,,...на ова следуваше одговор од нашето МНР поточно од сега веќе покојниот Борис Трајковски кој остро им возвраќа: ,,ако не се терет тогаш земетесиги кај вас,,. Следната година Борис Трајковски стана претседател на Република Македонија на редовните претседателски избори.Но, Македонија се повеќе се соочуваше со кризата на која како додаток и се случуваше и наглата сомниелна приватизација на народниот имот. Сето ова погоре во 2001 година резултираше со војна. Големо е прашањето дали воопшто требаше да ни се случи војната - 2001 ???? Независно од СЕ таа се случи на начин поразличен од војните во Хрватска, Босна, Косово. Уште поразличен од воената интервенција на САД- НАТО врз тогаш СРЈ. Но, и оваа војна иако од домашниот фактор не е призната и квалификувана како војна сепак беше војна. Тоа ни го кажа и Хашкиот Трибунал со ослободителната пресуда на Љубе Бошковски кој во 2001 година беше министер за внатречшни работи. Против него беше покренато обвинение за случајот(масакрот) Раштански лозја. Трибуналот го отфрли обвинението против него и го ослободи поради командна одговорост.......условно кажано Бошковски примил НАРЕДБА од врховниот командант (тогаш претседателот на РМ, Борис Трајковски) на единствените ОС на РМ, а според тогаш постоечкиот закон за Одбрана и согласно уставните одредби, само во услови кога државата е воено загрозена претседателот на државата е и врховен командант на едиствените ОС. Не треба да заборавиме дека и самиот почеток за ОДБРАНА на Македонија резултираше со НАРЕДБАТА за ангажирање/мобилизирање на резервниот состав со нагласување да се постапи по Елаборатот од 1997 година кој акт е наменет за Одбрана на државата во услови кога е загрозен уставниот поредок, територијалниот интегритет и суверенитетот на државата. За жал овој акт не беше доследно применет со што беа повредени одредби од домашното и меѓународното воено право. Не треба да се изостави фактот дека ако не беше војна или поточно ако не беа утврдени две завојувани страни организирани во свои воени формации немаше да дојде ни до Охридскиот Рамковен Договор на 13 Август 2001 година на кој покрај другото се донесе и Одлуката за разоружување позната под името НЕОПХОДНА ЖЕТВА. Значи; во 2001 година имавме две воено спротивставени страни и тоа терористи организирани во свои воени формации со главна команда во Призрен- Косово чии командант беше Али Ахмети, и од друга страна ангажирани за одбрана на државата единствените Оружени Сили на Република Македонија. Сето ова кажу дека во 2001 година на Македонија и се случи војна. Војна, но сепак поразлична од друѓите војни во државите кои произлегоа од распадот на СФРЈ. Условно, војните завршија низ сите екс YU простори но зад себе оставија достаболни траги, доста нерешени работи, доста мистерии и други нејаснотии. Трибуналот во Хаг се обиде во својот мандат да реши доста од тоа што се случуваше кај Нас и што се случуваше ширум екс YU просторите, но за жал само делумно успеа во тоа. Поради тоа неминовно беше да произлезе РЕКОМ која би требало да реши и разјасни доста од нејасното, мистериозното и нерешеното. Но, како сега тоа да го реализира РЕКОМ???? На сите досегашни ДЕБАТИ, земајкија во обзир и ДЕБАТАТА од 20/21 Јануари 2010 година на тема: Историја и апокрифи- Демитологизација и демистификација на 2001 година, сите учесници своите дискусии ги изнесувавме пристрасно но и со факти (велам со факти за нас припадниците на единствените ОС, политичкиот блок и аналитичарите на неалбанскиот дел). Истот го чинеа и преставниците на ОНА/УЧК, и тоа без да изнесат факти но, говорејки дека ги имаат. На наредните Дебати/сесии- седници треба да седнеме растеретени од сето она кое го носиме во себе како товар/белег од војната 2001 година и од неа да го извлечеме само поучното, како би можеле успешно да ја завршиме во најголем процент задачата која ни престои. Без било какви предрасуди да одпочнеме со: 1.Утврдување на бројките на погинатите во и за времена дејствијата и надвор од нив каде причина за погинување се самите воени дејствија во близина на местото каде тие се навоѓаат во тоа време. 2.Утврдување на бројката на масакрираните 3.Утврдување на бројката на исчезнатите 4.Утврдување на бројката на повредените 5.Утврдување на бројката на раселените кои сеуште не можат да се вратат во своите домови, и 6.Да се изнајде начин/модел како да им се помогне на ЖИВИТЕ ЖРТВИ, директни учесници во војната и на нивните семејства (како пример мора да се земе италијанската влада која за своите мисионери кои само неколку месеци престојува на балканските простори за нивна рехабилитација од ПТСР годишно издвојува по пет милиони евра). Порaди веродостојност на податокот да се види написот во неделникот ФОКУС број 602 од Јануари 2007 година. 7.Утврдување на бројката на починатите од ПТСР- како последица од дејствијата во војната- 2001 година. Сето ова укажува дека мора да имаме сериозен пристап кон ЗАДАЧИТЕ КОИ НИ ПРЕСТОЈУВААТ, за да не им оставиме на генерациите после Нас нерешени и неразјаснети прашања. Не смееме да дозволиме ниту една педа од територијата поради било какви предрасуди да се оддели од Република Македонија. Мораме да создадеме клима за соживот, но мораме и реално да ги решиме сите задачи кои ни престојат а кои ни ги овозможува РЕКОМ. Сите процеси кои ќе ги водат комисиите мора да се транспарентни. Јазвност/транспарентност пред се ако сакаме резултати во работата. Мораме да се надминемесамите себе доколку имаме воља во зацртаното да успееме. На крај верувам дека на сесијата која ни престои ќе бидеме поефективни а со тоа и официјално ќе ја отпочнеме сериозната и одговорна задача која е доста осетлива и дека нема во Нас да владеат индивидуалните чувства и емоции.
Активен учесник во војната 2001 Припадник на командата во зона Запад Сега, член на РЕКОМ Изменето од orlov - 05.Декември.2010 во 18:14 |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Poshto vekje rabotime kako REKOM slobodno kje ti kazjam deka so Kosovo rabotata odi dobro i tokmu od tamu se pochna. Hrvatska e na red a potoa Bosna zaedno so Repulika Srpska. Chinjenica e deka najgolemiot problem kje go imame vo Makedonija bidejki pritisocite i opstrukciite pochnaa odma po samoto formiranje odnosno od najavata deka kje se odrzji sesija na REKOM vo Skopje. Znachi site se spremni samo nie- nashata vlada teshko deka kje dademe svoj pridones a mozje i da se sluchi da ne ni se dozvoli i dda rabotime na taa problematika. Zasega rabotitte ovaka stojat. Изменето од Анастеа - 03.Септември.2010 во 22:17 |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
Polar Bear
Сениор Регистриран: 04.Декември.2007 Локација: Канада Статус: Офлајн Поени: 1152 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ubavo sto ke se formira komisija... Ama kako ke gi nateraat Hrvatite, Albancite i Mudzahedinite od Bosna da ucestvuvaat i da priznaat deka cesto sami si gi ubivale svoite civili za da go svrtat javnoto mnenie protiv Srbija? Eve vi edna emisija sto otkriva malku od pozadinata na vojnata vo Jugoslavija. Izgledajte gi site devet delovi, interesni se. Vakvi emisii ima se poveke na zapadnite mediumi, a ne samo na srpskite. Brojot na zaginatite nema nikogas da se doznae, zatoa sto pobednickite strani povekekratno i namerno go zgolemuvaat, so znaenje i poddrska od zapadnite sili - a tie sigurno nema da priznaat deka lazat.
Изменето од Анастеа - 03.Септември.2010 во 22:16 |
|
Jа сам за демократију и слободу на говор, сакам песну, пиво, вино, ракију и жене!
|
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Vo zabluda si. Makedonci, samo vo gradot na Sashgko Gjeshovski sem nego ima ushte dvajca poginati od raspadot na ex YU. Vkupnata brojka i taa e poznata. Od taa 1991 godina odnese 60 zjrtvi samo od Makedonija. Znachi opravdano e formirana REKOM. |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
Elmo
Нов член Gresnik i Otpadnik Регистриран: 20.Август.2010 Статус: Офлајн Поени: 13 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Pa spored mene nie vo Makedonija prvo treba da rascistime koj od makedoncite ucestvuval vo vojnite vo poranesna Jugoslavija i kakva bila negovata uloga.Zrtvi Makedonci sem Gesovski nema ama vo borbite koi donele zrtvi ucestvuvale i makedonci. Tuka mislam na makedoncite pripadnici na JNA podocna na ARM za koi se povleceni krivicnite prijavi vo Hrvatska posle 2000 godina i mislam na oficeri na JNA srbi koi se vo Makedonija a koi isto taka ucestvuvaa vo ramki na JNA vo borbenite dejstvija Bosna i Hrvatska. Inaku HAG si ja tera rabotata pa se znae brojkata na zrvite sigurno. I krivcite za zrtvite se znaat. Ima dokumentarci dosta za tie raboti samo koj ima vreme da gi gleda. |
|
Sakam da kazam neznam da recam
|
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Podobro e da zemesh da prostudirash podolu linkot vo site negovi segmenti pa potoa da desh svoe mislnje. Pogledajgo i spotot i toj mnogu kazjuva. http://www.zarekom.org/bhms-lat/spot |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
brza
Сениор Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...a, ...koliu nevini i zrtvi padnale,..i ...
...se ushte ke pagjaat tuka,.. ...na nikoj ne go ni,...zabole.....? za ovie,...dve decenii...?!?! |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein |
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Од конференцијата на РЕКОМ во Скопје,
Војните низ поранешна Југославија завршија, но фактите за злосторствата се уште остануваат мистерија. Зборувајќи за европските интеграции, политичките елити во новоформираните држави заговараат свртување кон иднината и заборав, додека семејствата на над 16.000 исчезнати и натаму тргаат по тајните гробници на своите најблиски. Коалиција на невладини, медиуми и поединци од целиот регион со намера ова да го промени. Заговараат формирање на мешовита меѓудржавна комисија која ќе има задача во рок од 3 години да направи регистар на сите жртви од 91 до 2001 ва и на околностите во кои загинале. На тој начин, според идејата, треба да се дојде до фактите за настаните, кои потоа ќе бидат од корист и на историчарите и политичарите, но и на судовите. „Сите воени злосторства и сите потешки случаи на кршење на човековите права ќе бидат предмет на работа на оваа Комисија, така што таа ќе настојува да ја утврди сликата за целиот настан, да ги утврди во секој таков поединечен настан и околностите и сторителите и причините и тие настани да ги доведе во некаква корелација“, изјави Лазар Стојановиќ, Фонд за хуманитарно право - Белград. Иницијатива постои веќе 4 години, а треба да кулминира во април и мај идната година кога се планира да се соберат 1.000.000 потписи, и со нив од сите влади да се бара да ја прифатат идејата и да учествуваат во формирањето на Комисијата. „Идејата засега е Комисијата да ја сочинуваат луѓе со висок морал, кои имаат чисто минато и се разбира, не политичари. Веројатно владите ќе бараат членови на Комисијата да бидат и политичари, но ние како иницијатори на таа идеја веројатно ќе се обидеме да не бидат или да бидат во многу мал број“, вели Ветон Муја НВО активист од Косово. Идејата во земјава се уште е во зачеток, но доколку успее ќе овозможи конечно расветлување на фактите и за настаните од конфликтот во 2001-вата, во кој и по скоро 10 години не е познато колку точно жртви имаше и во кои околностите загинале. Изменето од orlov - 25.Август.2010 во 00:08 |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Повеќе за РЕКОМ,
поглдајте...... Статут на Коалицијата РЕКОМ http://www.korekom.org/public/fck_files/Statut%20KoREKOM-28_05_2009%281%29.pdf Членови на Коалицијата РЕКОМ http://www.korekom.org/webpage/52 15 години од крајот на војната во Хрватска и Босна и речиси 11 години од војната во Косово, семејствата на 16.000 исчезнати и натаму трагаат по тајните гробници на своите најблиски. Изменето од Анастеа - 03.Септември.2010 во 22:10 |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МЕСТА ВО КОИ СЕ НАПРАВЕНИ КОНСУЛТАЦИИ,
http://www.zarekom.org/bhms-cir/inicijativa-na-filmu Во Македонија воведната косултативната седница се одржа на 20/21 Јануари 2010 година. Званичната консултација за отворање на Канцеларија на РЕКОМ и нејзината работа се одржа н 03 Јули 2010 година. |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
orlov
Сениор army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Вредно да се погледа, за да би се сватила и суштината на
РЕКОМ, http://www.korekom.org/ http://www.zarekom.org/bhms-cir/spot ЗОШТО ,,РЕКОМ..? http://www.zarekom.org/bhms-cir/zasto-rekom Изменето од Анастеа - 03.Септември.2010 во 22:10 |
|
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
|
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |