Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Тема: Обврските на Кумот и Кумата Испратена: 14.Август.2015 во 16:00 |
ОБВРСКИ НА КУМОТ/КУМАТА НА СВАДБАЕдна од најважните улоги на свадбата ги има кумот/кумата. Во минатото кумството се наследувало, а денес најчесто во Македонија, прво се прашува стариот кум на младоженецот дали би сакал повторно да биде кум и да го венча. Но многу почесто кумот е личен избор на самите млади, а тоа е најчесто некој добар другар/другарка на младоженецот или невестата.
Зошто постои кум на свадба? Обичајот да се има кум на свадба е поврзано со постарите верувања, кога младоженецот тргнувал да ја ”фати” невестата. Најчесто, неколку добри прилатели вклуќувајќи и еден лидер го подржувале, добро наоружани. Овие така наречени ”војници” го бранеле младоженецот од други мажи кои се обидувале исто така да одат по невестата, или пак и против фамилијата на невестата од каде што таа требало да биде украдена. Како што минувале вековите и опасноста од киднапирањето на невестата пополека стивнувало, обичајот останал, така што денес кумот и старосватите, го подржуваат младоженецот на свадбата.
Дали можете да бидете кум/а? Кум/а на свадба не може да биде некој што не е крстен во црква, исто така и неможе да се венча некој што не е крстен. Доколку не сте крстени ќе морате тоа да го направите пред свадбата. Без разлика дали имате партнер/ка или не, и дали сте маж или жена, можете да бидете кум/а.
Кои се обврските и трошоците? Треба да присуствувате на целата свадба од самиот почеток до крај. Вие доаѓате заедно со младоженецот по невестата и ја имате една од најважните улоги на свадбата, веднаш после младоженците. Во однос на обврските на кумот и кумата за време на венчањето во црква треба да обезбедат свеќи и платно, и да се плати дел од трошокот за црквеното венчање. Во врска со точната сума треба да се консултирате во црквата и да го поделите трошокот со сваросватот. Постапката на венчањето ќе ви ја објасни попот. Кумот е и сведок на венчањето во матично што значи ќе треба да присуствувате и таму. Кумот/кумата доколку сакаат треба да донесат торта на свадбата. Во врска со ова треба да се консултирате со невестата , младоженецот и со ресторанот, бидејќи во ресторан не е дозволено сами да си донесете торта. Бидермаерот на невестата најчесто и го подарува кумот/кумата, и тоа кога ќе дојдат по невестата, но во врска со ова секако ќе се консултирате со невестата. Дозволете и неа сама да си го одбере бидермаерот, а вие платете го и однесете и го на денот на свадбата. И, секако треба да обезбедите подарок кој најчесто е во консултација со младоженците, и најчесто е пари. Секако треба да бидете спремни и за музиката која е со вас во текот на целиот ден, и која цело време ќе се врти околу вас и околу младоженците, секако и за нив спремете пари. Во Македонија во различните делови од земјата постојат повеќе обичаи кога се во прашање свадбите. Но, овие кои ги набројавме погоре се најважните.
Секако за крај потребно е многу позитивна енергија и да уживате во кумството, бидејќи и тоа е еден од најубавите моменти во животот.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Март.2015 во 09:47 |
Зошто не се одбива кумството? Секој од нас барем еднаш во животот слушнал дека понуденото кумство не се одбива, но дали знаете зошто е тоа така?Кога велиме кум првата асоцијација која ни паѓа на памет е пријател за цел живот, кој никогаш нема да ве предаде и секогаш ќе биде покрај вас како дел од вашето семејство и на него може во секое време да се потпрете. Кумството спаѓа во духовно сродство и може да биде во форма на кум на крштевка и кум на венчавка. Кумот има посебно место на свадбата како и на сите прослави. А денес ќе се свртиме кон изреката зошто кумството не се одбива и што може да се случи ако се одбие кумството. Едно од верувањата е дека ако одбиете да бидете кум на венчавка во текот на целиот живот ќе ве следи несреќа и никогаш нема да ја најдете својата сродна душа, затоа што пред Бог сте одбиле да сведочите. Некои веруваат дека покрај несреќата во љубовта, одбивањето на кумството носи и осаменост до крајот на животот, односно покрај себе нема да имате вистински пријател. Друго верување е дека кога ќе се одбие да се крсти дете вие никогаш нема да имате деца. Притоа кумот е личност од доверба. Но сега кумството е поинакво. Старите кумства биле одржувани многу долго, а денес се набљудуваат низ материјалната призма. Но ни венчавањето ни крштевањето не можат без него. Исто така кумот при крштевањето се колне пред Бог дека ќе се грижи за тоа мало дете, што значи дека тој ќе преземе одговорност за тоа дете, ако на родителите нешто им се случи. Тоа е морална одговорност на кумот. Доколку нешто се случи, тој станува старател на детето. Кумот е важен дел од секое семејство и самата традиција на нашиот народ, па така советуваме внимателно да го бирате, а кога ќе го изберете ценете го и почитувајте го.
Изменето од Valerija - 26.Март.2015 во 09:47
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
zamislena
Сениор
Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Февруари.2011 во 12:46 |
Обврските се големи ...но задоволството е уште поголемо....
Напорно но убаво .... овојпат се правеа .... заедно
Прилепско ~ Скопски ....обичаи....
Попот еден шегаџија невиден...........две реченици сериозни ...
пет ...смешки ............
|
|
zagor
Сениор
Уникатен песимист
Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Ноември.2010 во 13:27 |
...овде ништо не сум кажал.
еве вака..треба да купат торта!
|
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|
gOJDO
Сениор
Регистриран: 01.Јули.2010
Локација: Eritrea
Статус: Офлајн
Поени: 115
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Август.2010 во 17:56 |
Зависно од тоа како размислуваат и кои се кумата, кумашинката, кумот и кумашинот такви и ќе бидат обврските на кумот.
Ако се зборува за нашите затуцани и пагански адети најчесто се се сведува на глумење лудило и материјална и друга корист.
Елем, што значи кумот според православнато христијанство. Родителот е биолошки татко, додека пак кумот е духовен татко на твоите деца. Треба да ги води во животот и да им помага не само материјално туку и духовно. А тоа значи да го воспитува, да се грижи за него и да го насочува и помага во животот на секаков морален начин.
Кај нас малку кумови правилно го сватиле кумството, а потоа и го примениле. За да се биде кум не е доволно да си кул и да се истакнеш со ку*цање кеш на свадбата и крштевката на кумашинот. Ниту пак кум е оној кој, за да се покаже кој е кој, ќе ти потрфла кеш и ќе ти брка работи додека е на функција и власт.
|
|
BiBi_G
Сениор
СТАРОСЕДЕЛЕЦ
Регистриран: 27.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 3175
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Август.2010 во 14:22 |
zamislena напиша:
И така ..јас неодамна бев кума.... ....старо кумство
уште од прадедо ми....
Ги истерав сите адети.... менував бурми на младите...
ги ставав круните..успеав без да се допрат ....
... вртев кругови околу младите...со свеќи во раце ....
Попот го праша Старосватот дали ја знае ...Оче наш.... а мене не ... .....
Во секој случај беше нешто незаборавно..или мене така ми се
чинеше затоа што ми беше прв пат.... за понатаму ќе си знам....
затоа што .... не чекаат уште шест момци ... кои ни се поделени
на мене и на сестра ми.....
Значи јас ќе бидам уште три пати ...... Кума .....
..Не ми беше јасно само ..зошто попот додека ги менував три пати
бурмите...десна рака горе лева доле.... ...зошто младите ги
нарекуваше со .... Раб Александар и Рабиња Марија .... | Значи јас ќе бидам уште три пати ...... Кума .....
значи...под итно кум да си најдеш...не за друго,барем финансиски да те помогне
се сеќавам на муабетот од баба ми...во една прилика рече - што е Господ на небото,тоа е кумот на земјата... мислам дека ова се’ кажува...
Изменето од BiBi_G - 05.Август.2010 во 14:24
|
NO MATTER WHAT WILL HAPPEN I WILL ALWAYS SMILE!
|
|
Calipso
Модератор
Primarius
Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Август.2010 во 01:30 |
zamislena напиша:
И така ..јас неодамна бев кума.... ....старо кумство
уште од прадедо ми....
Ги истерав сите адети.... менував бурми на младите...
ги ставав круните..успеав без да се допрат ....
... вртев кругови околу младите...со свеќи во раце ....
Попот го праша Старосватот дали ја знае ...Оче наш.... а мене не ... .....
Во секој случај беше нешто незаборавно..или мене така ми се
чинеше затоа што ми беше прв пат.... за понатаму ќе си знам....
затоа што .... не чекаат уште шест момци ... кои ни се поделени
на мене и на сестра ми.....
Значи јас ќе бидам уште три пати ...... Кума .....
..Не ми беше јасно само ..зошто попот додека ги менував три пати
бурмите...десна рака горе лева доле.... ...зошто младите ги
нарекуваше со .... Раб Александар и Рабиња Марија .... |
Раб/Рабиња -Божји слуга
Со овие зборови попот ги претставува пред Бога,додека ги венча младите.
Исто е и со починатиот на погреб,помен..
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент: Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
|
|
zamislena
Сениор
Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Август.2010 во 22:49 |
По Прилепски ...Кумот ...го викаат Нумко а Кумата Нумка
|
|
LiDivio
Модератор
Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Август.2010 во 22:42 |
zamislena напиша:
Мислиш да не ,,плаќа,, нели
Тоа не е обврска туку само ,,адет,, кој не се практикува секаде.. |
Нема врска, битно на Сицилија се практикува... (Кум1)
|
|
zamislena
Сениор
Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Август.2010 во 22:27 |
Мислиш да не ,,плаќа,, нели
Тоа не е обврска туку само ,,адет,, кој не се практикува секаде..
Ваму зетот си ,,плати,, и претплати ...... ....
...Можеби ми прогледаа на мене дека бев Кума...а Кум немаше .....
|
|
LiDivio
Модератор
Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Август.2010 во 21:47 |
Обврската на Кумот е да даде ,,понуда,, што нема да можат да ја одбијат...на врата...
|
|
zamislena
Сениор
Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14566
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Август.2010 во 20:13 |
И така ..јас неодамна бев кума.... ....старо кумство
уште од прадедо ми....
Ги истерав сите адети.... менував бурми на младите...
ги ставав круните..успеав без да се допрат ....
... вртев кругови околу младите...со свеќи во раце ....
Попот го праша Старосватот дали ја знае ...Оче наш.... а мене не ... .....
Во секој случај беше нешто незаборавно..или мене така ми се
чинеше затоа што ми беше прв пат.... за понатаму ќе си знам....
затоа што .... не чекаат уште шест момци ... кои ни се поделени
на мене и на сестра ми.....
Значи јас ќе бидам уште три пати ...... Кума .....
..Не ми беше јасно само ..зошто попот додека ги менував три пати
бурмите...десна рака горе лева доле.... ...зошто младите ги
нарекуваше со .... Раб Александар и Рабиња Марија ....
|
|
mamamd
Сениор
Почесна конзулка
Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Февруари.2010 во 20:21 |
Porano (vo prvata polovina na minatiot vek)spored kazuvanjata na starite kumstvoto bilo nasledno (staro kumstvo) i bilo golem sram da se napushti. Sega modernite vreminja nosat i moderni obicai. Mozebi i skapotijata go napravi svoeto, ama retko koj se nafakja 2 pati po red da bide kum. najcesto za kum se kano nekoj blizok drugar, za koj potoa decata nekako go otkazuvaat i si biraat svoj nov kum. Licno imam dve nasledeni kumstva koi zdravje boze planiram da im gi ostavam i na decata ako sakaat da gi prifatat. Sepak kumstvoto se broi vo rod, pa ubavo e da se zacuva.
|
|
brza
Сениор
Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Февруари.2010 во 19:25 |
.....i da go odvrzuvaat keseto....odvreme na vreme.
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
|
Зошто не се одбива кумството?