|
Убиен православен мисионер - свештеник!!! |
Внеси реплика | страница 123 11> |
Автор | ||
Niko777
Сениор Регистриран: 12.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 170 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 21.Март.2010 во 02:43 |
|
Evangelos,
може, те молам, да го тргнеш тој канон од твојот потпис, или барем да го замениш со Библиска референца ? На една страна ги одбиваш 10те Божји Заповеди, а тука промовираш некакви човечки правила и прописи. Премногу се поклопува со: (Марко 7:6-9) 6 А Тој (Исус) им рече: „Добро пророкуваше Исаија за вас лицемерите, како што е напишано: ‘Овој народ Ме почитува со усните, а нивното срце е далеку од Мене; 7 напразно Ме почитуваат, учејќи науки, што се човечки повелби.’ 8 Вие ја оставате Божјата заповед, а го држите човечкото предание. 9 Вие добро ја укинувате - продолжи Тој - Божјата заповед, за да го држите вашето предание!” Поздрав, ------------------------------------------------- http://www.mkbible.net (Коринтјаните 7:19)19 Обрезанието е ништо, и необрезанието е ништо, туку извршувањето на Божјите заповеди. 20 Секој нека остане онаков каков е повикан! ------------------------------------------------- Изменето од Niko777 - 21.Март.2010 во 03:17 |
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Преговарај кај модераторот, па ако тој ми дозволи да отварам тема за секој библиски христијанин што бил убиен (или прогонет), тогаш ќе почнам со отварањето на темите. |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
KINGDAVID
Сениор Solomon's father Регистриран: 09.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 9420 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Postpolno se soglasuvam so tvojot post. |
||
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Sekoe ubistvo e za osuda, bez razlika dali se raboti za svestenik, novinar, biznismen ili bilo koja druga profesija...Verskite fanatici gi ima na sekoj cekor taka da nisto ne e cudno...Barem donekade ova ubistvo e rasvetleno..
|
||
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ретко?! преку 200.000 свештеници,монаси и епископи само во РУСИЈА пратени во СИБИРСКИТЕ ГУЛАЗИ. Па и не е баш многу ретко за сечии стандарди. Па бујрум бе евангелосе со нови теми ,кој забранил да се отвoри тема за убиен мисионер од која било домининација?! И ако се сеќаваш оваа вест првин и беше поставена на верските вести но поради што имаше многу реплики баш за тој случај се отвори како посебна тема. А башка тоа беше во време кога имаше загреани христијанско-муслимански дебати а меѓу другото и да не му пречиме на ел_кесвер кој нон стоп праќа постови за тоа какви се не биле Римокатолицине.
Ова твоево "што ми се сонило тоа ми се рекло" е ептен во твој стил.Еве ја те поканувам да отвориш нова тема за пострадани БАПТИСТИ или библиски христијани како мисионери.Еве ја изразувам јавно желба да читам за тоа како Македонските(или барем некој од поближниве земји) "библиски" христијaни се УБИВАНИ И ГОНЕТИ. али да се разбереме "интернет мачеништво" не се признава! Изменето од ahmar1 - 19.Март.2010 во 15:15 |
||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
||
EvAngelos
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не ми е јасно, зошто оваа вест околу убиството на православниов свештеник не ја ставивте во темата „Верски Вести“? На што ќе личи форумов ако за секој убиен свештеник/мисионер ние отвораме посебна тема? Можеби во православието ова се случува ретко, ама во другите деноминации тоа е редовна пракса и ако сите отвараат посебна тема за тоа, форумот ќе биде блокиран од такви теми.
Можеби сакавте со ова да покажете дека ете и православната црква е прогонувана, но со самото тоа што отворивте посебна тема за тоа, докажавте дека тоа е прередок случај во православието - што индирекно пак објавува дека православните организации не му пркосат многу на ѓаволот, па затоа и не ги закачка многу. А колку е тоа доблест за една организација која се нарекува „црква“, размислете... |
||
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
||
Maran Ata
Сениор Регистриран: 29.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 3669 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
РАЗОТКРИЕНО Е УБИСТВОТО НА ПРАВОСЛАВНИОТ СВЕШТЕНИК ДАНИИЛ СИСОЕВ
Органите на редот во Русија го открија извршителот на убиството на православниот свештеник Даниил Сисоев, кој беше убиен во московскиот храм "Свети апостол Тома" во ноември 2009 година. Во соопштението се вели дека во декември минатата година за проверка на учеството во извршени злосторства во Махачкала е уапсен граѓанинот Бексултан Карибеков од Киргизија. Задржаниот дал вооружен отпор, фрлил граната и стрелал по соработниците на полицијата. Во пресметката бил убиен. Анализите на пиштолот, со кој стрелал, покажаа дека со тоа оружје било извршено убиството на отец Даниил Сисоев. "Во овој момент истрагата доби неоспорни докази дека токму со овој пиштол бил убиен Даниил Сисоев. Ова го потврди главата на Иследничкото управување на Обвинителството на Руската федерација во Москва - Анатолиј Багмет. "Безочното убиство на Даниил Сисоев, убиен во храмот на "Апостол Тома" во Москва, во ноември 2009 година, е откриено. Може категорично да се зборува за учеството на Бексултан Карибеков во ова злосторство", рече тој. По убиството на свештеникот во текот на минатата година, исламистичката организација "Информационо-аналитички оддел на Генералштабот на Вооружените сили на вилаетот на Ингушетија, имарат Кавказ" ја презеде одговорноста за убиството на свештеникот. Во соопштението на организацијата се велеше дека свештеникот е убиен од нејзин активист поради подигрување со исламот. Во Московска Патријаршија, сепак сметаат дека е уште рано да се стави точка на случајот за убиството на свештеникот. Главата на прес-службата на МП - свештеник Владимир Вигилјански, рече: "Јас, се разбира, чувствувам задоволство од фактот дека има некаква јасност, поврзана со тоа безочно кривично дело. Но, имам сомневања дека убиството е откриено целосно. Едно дело е откриено целосно кога е позната секоја алка од синџирот, мотивација, и тогаш може да се спречат и други злосторства, слични на ова. Сега, сепак, постои целосна нејасност", рече претставникот на МП. Извор: Двери БГ Изменето од Maran Ata - 19.Март.2010 во 05:39 |
||
+ Љубовта покрива многу гревови +
|
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
превод на македонски: ЗА СМРТТА НА МОЈОТ СОПРУГ (изјава на сопругата на убиениот свештеник ) Драги браќа и сестри, ви благодарам за вашата поддршка и молитвите. Ова е болка, која не може да се изрази со зборови. Ова е болката доживеана од оние кои стоеја под Крстот на Спасителот. Ова е радост, која не може да се искаже со зборови, ова е радоста доживеана од оние кои дојдоа до празниот Гроб. О, смрт, каде е твоето осило? ‘Отец Даниил ја предвиде својата смрт неколку години пред да се случи. Тој отсекогаш сакаше да се удостои со маченички венец и Господ му го даде тој венец. Оние кои го стрелаа, сакаа како обично да плукаат во лицето на Црквата, како што некогаш плукаа во лицето на Христа. Но тие не ја постигнаа својата цел, оти не е можно да се плука во лицето на Црквата. Отец Даниил се искачи на својата Голгота токму во Црквата која тој ја изгради, таа црква на која и го посвети целото свое време и целата своја сила. Него го убија како древниот пророк - помеѓу олтарот и жртвеникот и тој се удостои на маченичкиот повик. Тој умре за Христа, Кому му служеше со сите свои сили. ‘Многу често ќе ми кажеше дека се плаши дека нема доволно време да направи сè. Постојано брзаше. Понекогаш, како човек знаеше да претера, погрешно да ги процени работите, да се сопне, да направи грешки, но не направи ниту една грешка за она главното; животот целосно му го посвети НЕМУ. ‘Јас не можев да разберам зошто толку брзаше. Последните 3 години беше секогаш зафатен служејќи. Никогаш не земаше слободен ден или одмор. Јас роптав, одвреме-навреме сакав едноставно среќа, мојот сопруг и таткото на моите деца да биде со моите деца и со мене. Но друг пат беше подготвен за него. Имаше обичај да каже дека ќе го убијат. Јас ќе го прашав на кого ќе не остави нас, мене и трите деца. Тој ќе ми одговореше дека ќе не остави во сигурни раце "ќе ве предадам на Мајката Божја, таа Ќе се грижи за вас". Овие зборови беа заборавени прерано. Ми кажа во кои одежди да го закопаме. Тогаш јас се пошегував дека нема потреба да се зборува за тоа, бидејќи сеуште не знаеме кој кого ќе го погреба. Тој ми рече дека јас ќе го погребам него. Како нашиот разговор сврти на погреби,јас не се сеќавам на деталите но знам дека реков дека никогаш не сум била на погреб на свештеник. И тој рече дека не е важно, бидејќи јас ќе бидам на неговиот погреб. Сега се сеќавам на многу зборови кои добија своја смисла. Сега моите сомнежи се разрешија, недоразбирањата исчезнаа. Ние не се збогувавме во овој живот, не си побаравме прошка еден од друг, не се прегрнавме. Тоа беше обичен ден: утрото отиде на Литургија и јас не го видов повеќе. Зошто тој ден не отидов во Црквата да го пресретнам? Си помислив на тоа, но решив дека е подобро да направам вечера и да ги подготвам децата во кревет. Не отидов заради децата-РАКАТА не ме пушти. Но претходната вечер отидов во Црквата и го сретнав. Почуствував како темни облаци да се собираа над нас. И во последните неколку денови се трудев да поминам повеќе време со него. Целата последна недела размислував за смртта и за животот после смртта. Не можев да го смислам ни едното ни другото. Тие денови во главата ми се вртеа зборовите: смртта ти диши во врат. Последната недела ми беше така тешко, како огромен товар да беше ставен врз мене. Јас не сум скршена. Тој ме подржува, јас се чувствувам како тој да стои покрај мене. Тогаш си кажавме толку мили зборови, какви што си немавме кажано целиот живот претходно. Дури сега сфаќам колку многу се сакавме. Поменот за 40 дена на отец Даниил ќе биде вечерта на неговиот именден и славата на идната црква, 29 Декември, и 30 Декември е славата на светиот пророк Даниил. Според пророштвото на старецот, црквата ќе биде изградена но отец Даниил нема да служи во неа. Вториот дел од пророштвото веќе се исполни. Матушка Јулија Сисоева |
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
ahmar1
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 712 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Пред некој ден прочитав(на светосавие) дека всушност отецот Даниеле Cисoев не бил етнички Русин туку ТАТАР.
Припаѓа на една под група на татарскиот народ која се вика Татари-крестјани. Тоа се всушност Татари муслимани кои се преобратиле во православие во периодот од 15-17 век. Инаку ова се поклопува со историскиот перид кога русите го освоиле татарсиот кананат со седиште во Казан(денешна република татаристан). И денес бројат некаде околу 320.000 луѓе.(во пописот од 1926 биле 200.000) Навидум не се разликуваат од Русите бидејќи имат руски имиња и презимиња. |
||
Илја дин,Илја бил ел Месија+++
нема друга вера освен правоверната,Христос е Месијата+++ |
||
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
kako da gi prepoznaeme laznite proroci....predavanje na svestenomacenikot:
|
||
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
pocit od najmladite...:
|
||
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
aladin
Сениор Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
poslednata propoved(na zemnata liturgija) na macenikot Hristov .........
http://www.youtube.com/watch?v=unIrR38NHf8 crkvata vo koja sto sluzese Изменето од aladin - 13.Декември.2009 во 12:19 |
||
Tetratka
Сениор Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
изјава на сопругата на о. Даниил по неговата смрт...
http://mission-center.com/index.php?option=com_content&view=article&id=333:-q-q&catid=1:all-news&Itemid=18 Кој знае руски... нека ужива... колку ли храбра е оваа жена... |
||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||
Внеси реплика | страница 123 11> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |