IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Како Црквата Христова ја воспева Мајката
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Како Црквата Христова ја воспева Мајката

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака Обратен редослед
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Како Црквата Христова ја воспева Мајката
    Испратена: 20.Април.2009 во 18:37
Темата ја затворам, заради спамирање со постови. Ортофил имаш и опомена за тоа.
Не постирајте повеќе од три поста едно по друго.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Orthophill Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 62
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Orthophill Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 18:34
Песнословците твои Богородице, жив и неисцрпен извор, во собор духовен утврди ги и во твојата божествена слава со венци на слава удостој ги.

Твоите песнословци, Богородице, живи и обилни източниче, лик обединителен, духовно утвърди в божествената твоя слава, с венци на слава удостои.
Нема поголемо богатство од девственоста! - св Григориј Ниски
Кон врв
Orthophill Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 62
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Orthophill Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 18:30
Ох, сироти Евангелосе, зарем не гледаш дека Црквата и пее и на Богородица? Св Јован Дамаскин испеал дури и псалтир Богородичен! Сепак овој ден, Пасха Господова, го сотвори Господ за да се радуваме и ај не се расправам повеќе со тебе, ќе си се радувам во Христа Бога воскреснатиот!
Нема поголемо богатство од девственоста! - св Григориј Ниски
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 18:24
Црквата Христова не ја воспева Марија, туку Го воспева Бог. Впрочем, затоа и се нарекува Црква Христова, а не Црква Марина.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
skalica Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 16.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 64
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај skalica Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 18:17




Ангелот ѝ пееше на Благодатната: Чиста Дево, радувај се и пак ќе речам: радувај се! Твојот Син, воскресна тридневен од гробот и мртвите ги подигна, луѓе, веселете се!

Блескај, блескај, Нов Ерусалиме, зашто славата Господова на Тебе засветли. Ликувај, сега, и весели се Сионе; Ти, пак, Чиста, радуј се, Богородице, за воскресението на Рожбата Твојa.




Прости ми, Господи, јас сум грешен човек!
Кон врв
pravoveren Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 12.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 28
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pravoveren Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 17:55





   Додека Гаврил ти благовестеше: Дево, радувај се! со гласот се овоплотуваше Господарот на сите, во тебе - светиот ковчег, како што рече праведниот Давид. Се покажа поширока од небесата, носејќи Го твојот Создател. Слава Му на Оној, Кој се всели во тебе, слава Му на Оној Кој произлезе од тебе, слава Му на Оној Кој нè ослободи со твоето раѓање!







Изменето од pravoveren - 20.Април.2009 во 17:55
Bog e VISTINA
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 17:39
Такво ветување Бог не дал, дека ќе ги вознесе во слава оние кои ја величаат Марија. Но ако ја полагате вашата вера во некој си ткн. "Велико Саботен задостојник", тоа веќе е друга работа - избор на вера.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Orthophill Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 62
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Orthophill Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 17:33
Драги Евангелосе, јас само си праќам пораки поврзани со темата! И цврсто верувам дека, Господ ќе постапи онака како што ветува Велико Саботниот задостојник, дека ќе не вознесе во слава непрекинато како Бог, нас кои со вера и љубов ја величаме Мајката Негова!
Нема поголемо богатство од девственоста! - св Григориј Ниски
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 17:28
Леле мајкоооо, спаирање невидено среќа За 10мин успеа да копи-пејстира две страни неразбирливи текстови.
Којзнае како ќе реагираат модераторите на ова
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Orthophill Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 62
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Orthophill Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 17:27
ЗАДОСТОЈНИЦИ
Впскресение Христпвп ( глас 1-и)
Ангел вопияше благодатней, Чистая Дево радуйся, и паки реку, радуйся: Твой Сын воскресе
тридневен от гроба, и мертвыя воздвигнувый, людие веселитеся.
Светися, светися, новый Иерусалиме: слава бо Господня на тебе возсия, ликуй ныне и
веселися, Сионе. Ты же, Чистая, красуйся, Богородице, о востании Рождества Твоего.
Обрезание Гпсппдпвп (Василиева литургија)
О Тебе радуется, Благодатная, всякая тварь, ангельский собор и человеческий род!
Освященный Храме и Раю словесный, девственная похвало, из Неяже Бог воплотися и
младенец бысть, прежде век Сый Бог наш: ложесна бо Твоя престол сотвори и чрево Твое
пространнее небес содела. О Тебе радуется, Благодатная, всякая тварь, слава Тебе.
Рпждествп Христпвп ( глас 1-и)
Величай, душе моя, Честнейшую и Славнейшую горних воинств, Деву Пречистую, Богородицу.
Любити убо нам яко безбедное страхом удобее молчание, любовию же, Дево, песни ткати,
спротяженно сложенныя, неудобно есть, но и, Мати, силу, елико есть произволение, даждь.
Бпгпјавление ( глас 2-и)
Величай, душе моя, Честнейшую горних воинств Деву Пречистую Богородицу. Недоумеет всяк
язык благохвалити по достоянию, изумевает же ум и премирный пети Тя, Богородице; обаче,
благая сущи, веру приими, ибо любовь веси Божественную нашу: Ты бо христиан еси
предстательница, Тя величаем.
Сретение Гпсппдпвп ( глас 3-и)
Богородице Дево, упование христианом, покрый, соблюди и спаси на Тя уповающих. В законе
сени и писаний образ видим, вернии: всяк мужеский пол, ложесна разверзая, свят Богу. Тем
перворожденное Слово Отца безначальна, Сына первородящася Материю неискусомужно,
величаем.
Впзнесение Гпсппдпвп ( глас 5-и)
Величай, душе моя, вознесшагося от земли на небо Христа Жизнодавца.Тя паче ума и словесе
Матерь Божию, в лето Безлетнаго неизреченно рождшую вернии единомудренно величаем.
Влегуваое на Гпсппд Исус Христпс вп Ерусалим ( глас 4-и)
Бог Господь и явися нам, составите праздник, и веселящеся приидите, возвеличим Христа, с
ваиями и ветвьми, песньми зовуще: благословен Грядый во имя Господа Спаса нашего!
Педесетница ( глас 4-и)
Радуйся, Царице, матеродевственная славо: всяка бо удобообращательная благоглаголивая
уста витийствовати не могут, Тебе пети достойно; изумевает же ум всяк Твое Рождество
разумети. Темже Тя согласно славим.
Препбражение Гпсппдпвп ( глас 4-и)
Величай, душе моя, на Фаворе преобразившагося Господа. Рождество Твое нетленно явися,
Бог из боку Твоею пройде, яко Плотоносец явийся на земли, и с человеки поживе. Тя,
Богородице, тем вси величаем.
Впздвижение на Чеснипт Крст ( глас 8-и)
Таин еси, Богородице, рай, невозделанно возрастивший Христа, Имже Крестное живоносное
на земли насадися древо. Тем ныне возносиму, покланяющеся ему, Тя величаем.
Впведение вп храм на Пресвета Бпгпрпдица ( глас 4-и)
Яко одушевленному Божию кивоту, да никакоже коснется рука скверных; устне же верных,
Богородице немолчно глас Ангела воспевающе, с радостию да вопиют: истинно вышши всех
еси, Дево Чистая.
Благпвештение ( глас 4-и)
Благовествуй, земле, радость велию, хвалите, небеса, Божию славу. Яко одушевленному
Божию Кивоту, да никакоже коснется рука скверных. Устне же верных Богородице немолчно,
глас Ангела воспевающе, с радостию да вопиют: радуйся, Благодатная, Господь с Тобою.
Успение на Пресвета Бпгпрпдица ( глас 1-и)
Ангели Успение Пречистыя видевше, удивишася, како Дева восходит от земли на небо.
Побеждаются естества уставы в Тебе, Дево чистая, девствует бо рождество, и Живот
предобручает смерть; по рождестве Дева, и по смерти жива, и спасаеши присно, Богородице,
наследие Твое.
Рпждествп на Пресвета Бпгпрпдица ( глас 8-и)
Величай, душе моя, преславное рождество Божия Матере. Чужде матерем девство, и странно
девам деторождение; на Тебе, Богородице, обоя устроишася. Тем Тя вся племена земная
непрестанно величаем.
Лазарева сабпта ( глас 1-и)
Сотвори державу мышцею Своею: низложи бо сильныя со престол, и вознесе смиренныя Бог
Израилев. В нихже посети нас Восток с высоты, и направил ны есть на путь мира.
Велики четвртпк ( глас 6-и)
Странствия Владычня, и безсмертныя Трапезы на горнем месте, высокими умы, вернии
приидите насладимся, возшедша слова, от Слова научившеся, Егоже величаем.
Велика сабпта ( глас 6-и)
Не рыдай Мене, Мати, зрящи во гробе, Его же во чреве без семене зачала еси Сына: востану бо
и прославлюся, и вознесу со славою непристанно, яко Бог, верою и любовию Тя величающия.
Препплпвение ( глас 8-и)
Чужде матерем девство, и странно девам деторождение; на Тебе, Богородице, обоя
устроишася. Тем Тя вся племена земная непрестанно величаем.
Нема поголемо богатство од девственоста! - св Григориј Ниски
Кон врв
Orthophill Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 62
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Orthophill Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 17:26
Сабота
Радувај се О Дево Богородице, засолн и заштита на мојата исцрпена душа, моја слатка надеж на спасението! Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Радувај се Ти Која не ја наруши девственоста со раѓањето! Радувај се Ти Која ги прими даровите од мудреците и го објави нивнато поклонение пред Него Кој беше роден од Тебе и ги чу преславните зборови на овчарите кои се однесуваа на Него и сите овие нешта ги положи во срцето свое! Радувај се Ти Која исполнета со радост го најде детето Исус, Твојот Син и Бог, во храмот помеѓу учителите на Законот! Радувај се, оти ја искуси страотната болка на измачувањето на Крстот, Распетието и Смртта на Твојот Син и Бог! Радувај се Ти Која по сите овие маки беше светло развеселена со Воскресението на преслаткиот Исус на третиот ден! Радувај се Ти која го покажа Вознесението на Синот и Бог во небесната слава! Радувај се Ти Која заедно со учениците Господови од Него го прими Светиот Дух, Кој слезе долу во горната одаја во вид на огнени јазици! Радувај се оти живееше како ангел на земјата! Радувај се оти ги надминуваш во чистота и светост сите ангелски редови и сите хорови на светителите! Радувај се зашто си славно возвеличана со слегувањето во Тебе Твојот Син и Бог! Радувај се Ти Која ја повери својата душа во Неговите свети раце! Радувај се Ти Која со тело славно беше вознесена на небесата! Радувај се Ти Која им се јави на апостолите кои Бога Го проповедаа, на третиот ден од упокоението! Радувај се Ти Која си овенчана на небесата на Отецот и Синот и Светиот Дух со венецот на вечното Царство! Радувај се Ти Која беше востоличена во слава близу престолот на Пресвета Троица! Радувај се Ти преку Која Бог се помири со човекот! Радувај се, Царице Која владееш над небесните и земните нешта! Радувај се зашто ништо не е невозможно со Твоето посредување! Радувај се, оти сите што со вера ти прибегнуваат, се спасени! Радувај се затоа што преку Тебе нажалените наоѓаат утеха, болните исцеление, несреќните скора помош! Ти се молам, Господарке исполнета со милост, избави ме од грешната тага и подај ми ја радоста на спасението, утешителните солзи, постојаната скрушеност, вистинското покајание и совршеното исправање! Не ме презирај, Господарке, но милосрдно прими ги овие радсони извици од мене кутриот, и дојди ми на помош во мојата немоќ, во оној страшен час кога мојата душа ќе се раздели од моето презрено тело, дојди тогаш, Те молам во моја помош и избави ме од вечната казна, мене кој сум виновен во грев, за да не бидам радост на демоните и храна за огнената Геена. Да, моја Господарке, не дозволувај мојата душа да ги види грозните и страшни закани и мачења на демоните подготвени за грешниците но, оди пред мене и спаси ме мене Твојот слуга во тој страотен час, за да можам да Те славам Тебе низ вековите, моја единствена надеж и Посредничка на моето спасение. Амин.
Нема поголемо богатство од девственоста! - св Григориј Ниски
Кон врв
Orthophill Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 62
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Orthophill Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 17:25
Петок
Тебе Ти го поверувам мојот живот на заштита и на Тебе после Бога, ја полагам сета надеж на моето спасение, Господарке и Дево Богородице. Јас Твојот слуга, Ти се молам, не ме презирај мене кој имам многу гревови, но види ја мојата тага и возматеност и подај ми олеснување и утеха, за да не се изгубам потполно. Испружи ја твојата десна рака, Пречиста, подигни ме од милта на моите злодела и положи ме на чистото пасиште на заповедите на Христа, мојот Цар и Господ, за можам секогаш да дејствувам поткрепен од Него. Избави ме Госпоѓо, од моите страшни гревови и со своето мајчинско посредување кај Твојот Син и Господ, прати ми покајние на спасение. Ти Која ја покажа неискажливата Светлина, осветли ја мојата духовна темнина и грешноста која е таму. Радост моја, избави ме од невидливите непријатели кои ме опкружуваат; затоа што моето мноштво гревови е тешко, моите непријатели се многу жестоки, смртта е близу, совеста ме обвинува, огнената Геена ме страши, црвот кој не спие, крцкањето со заби, се тресам од страв од крајната темнина на Тартар, зашто тие сакаат да ме земат поради моите зли дела. Тешко мене! Што ќе правам тогаш, кому ќе прибегнам, за да ми биде спасена душата? Кон Тебе самата, Преслатка Богородице Маријо, Која ја засладуваш горкоста на смртта за оние кои се надеваат на Тебе и оние кои плачат пред Тебе ги избавуваш од страшната Геена. Помогни ми, Предобра, затоа што тогаш ќе немам друга помош освен Тебе, Сеопеана. Спаси ме тогаш од ужасот и свирепоста на демоните во часот на смртта; спаси ме од злобните духови и воздушните митарства по смртта: Покажи ми го, Те молам, покажи ми го тогаш Твоето најблескаво присуство; Господарке, и не ме напуштај мене беспомошниот, сомилосна Мајко! Приклони ја милоста кон мене лишениот од милост поради моите дела и моли го Него Кој се воплоти, Христос Нашиот Господ и Спасител, Кој ја излеа пречистата Крв на Крстот, за да можам и јас да примам простување на гревовите и вечно спасение и да го славам Твоето неискажливо сострадание, Богородице, и милосрдното посредување во бесконечните векови. Амин.

Нема поголемо богатство од девственоста! - св Григориј Ниски
Кон врв
Orthophill Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 62
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Orthophill Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 17:24
Четврток
Кој може достојоно да Те благословува, Пресвета Дево: чии усни се способни да го химнословат Твоето величие кое е над сето поимање? Преславни се таинствата кои ги извршуваш, Богородице, повозвишени од мислата и зборот. Со убавината на девството и блескавоста на чистотата ги зачуди херувимите, а серафимите трепереа во почитание: зашто чудото на безгрешното Раѓање ниту ангелски ниту човечки јазик може да го објави. Зашто од Тебе Беспочетниот и Единородниот Син Божји, Бог Словото, неискажливо вочовечувајќи се, беше роден и живееше меѓу луѓето, и Тебе како Мајка Негова Те воздигна, покажувајќи Те за Царица на сето создание и сигурен засолн на спасението. Затоа, сите кои притекнуваат под Твојата заштита, турнати од маки и невољи, од Тебе во изобилство примаат утеха и исцеление и спасени се од опасности. Бидејќи Ти навистина си Мајка на сите кои се натажени и натоварени, Радост на нажалените, исцеление на болните, заштита на младината, потпора во староста, слава на праведните, на грешниците надеж за спасение и патеводителка на покајанието; на сите кои ти прибегнуваат со вера и љубов Ти секогаш им помагаш и посредуваш за нив, О, Предобра. Те молам огнена Посредничке на христијаните и мене помогни ми бидејќи јас сум во очај поради моите дела: посредувај за мене, за да не загинам потполно во гревови; бидејќи немам друго засолниште и заштита, освен Тебе, Господарке на мојот живот: не ме напуштај, не презирај ме, и преку само за Тебе знајните судови, спаси ме, зашто си блажена во сите векови. Амин.

Нема поголемо богатство од девственоста! - св Григориј Ниски
Кон врв
Orthophill Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 62
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Orthophill Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 17:23
Среда
О, Богородице, Ти си мојата надеж, и тврдина на надежта блага и прибежиште мене кој сум истоштен од присуството на страстите! Спаси ме од сите непријатели кои ја прогонуваат мојата душа, и ја ловат преку различните искушенија; затоа што на патот по кој одам тие сокрија многу замки, многу соблазни, многу неправди, многу измами на душата и телото кои ме измамија на гревовни падови и јас, бедникот, веќе наседнав на мамките на непријателот кој ме врза и ме држи: и што ли ќе правам, јас безнадежниот? Не знам! Зошто ако се обидам да се покајам, моето бесчуствие, тежеста на срцето и бессолзието ме сопираат! Ридам пред мојата проколната состојба! Оф леле за мојот губиток! Се пеплосувам од моето сиромаштво! Кому тогаш да се обратам јас виновниот? Единствено на Тебе, сострадална Мајко на нашиот Господ и Спасител, надеж на безнадежните, тврдина и заштита за оние кои Ти прибегнуваат! Не се одвраќај од мене валканиот: бидејќи Те имам Тебе за единствена утеха во мојот живот, О Дево Маријо Богородице, и се дрзнувам само Тебе во секоја мака да Ти прибегнувам: не ме напуштај, туку и во овој живот и во часот на мојата смрт дојди ми на помош, моја Помошничке, бивајќи победителка над засрамените мои непријатели, кои се ништожни пред Тебе, Господарке и Посредничке на моето спасение. Амин.
Нема поголемо богатство од девственоста! - св Григориј Ниски
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 3,937 секунди.