IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - За смирението
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

За смирението

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 14>
Автор
Порака Обратен редослед
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: За смирението
    Испратена: 16.Мај.2009 во 22:03
Сега јас ќе се потрудам да напишам нешто...

4 чекори до мирот со Бог.

Како да дојдеш до Божјиот мир?

1. чекор- Божјата цел: Мир + вечен живот.

Бог те љуби и сака да живееш во мир со Него, и сака да добиеш вечен живот.

И така, бидејќи сме оправдани преку вера, имаме мир со Бог, преку нашиот Господ Исус Христос. (Послание до Римјаните 5:1)

2. чекор- Ако Божјата замисла била да имаме мир со Него, зошто тогаш луѓето се во непријателство во Него?

Нашиот проблем: Грев + одвоеност

Бог не не создал како роботи и автоматски потчинети кон Него. Напротив, Тој ни дал слободна волјаи слобода на избор. Но, како Адам и Ева, ние обично го отстрануваме од Бог. (1 Мојсеева- Битие 3). Оној наш погрешен избор е наречен грев, којшто не одвојува од Бог.
Библијата вели..
Зашто сите згрешија и лишени се од Божјата слава...а залужението за гревот е смрт. ( Римјаните 3:23;6:23)

3. чекор- Божјиот лек: Голготскиот крст

Исус умре на крстот и воскресна од мртвите да ја плати казната за нашите гревови, Тој е единствениот одговор за решавање на одвојувањето со Бог.
Но Бог ја покажа Својата љубов спрема нас, со тоа што Христос умре за нас додека уште бевме грешници.(Римјаните 5:8)

Зашто еден е Бог, и еден е Посредникот меѓу Бог и лугето-човекот Исус Христос.(1 Послание до Тимотеј 2:5)

Бог ни го овозможи единствениот пат; нам ни преостанува да се одлучиме!

4. чекор- Нашиот дел: Прифаќање на Исус Христос

Ние можеме да го примиме Исус Христос откако ќе поверуваме во Неговата порака Неговата порака: дека Тој единствено може да не спаси!

Сите пророци сведочат за Него дека секој кој верува во Него добива проштевање на неговите гревови преку Неговото име. (Дела Апостолски 10:43)

Да не се вознемирува вашето срце; верувајте во Бог и верувајте во Мене! (Евангелие според Јован 14:1)

А на сите што го примија им даде власт да станат Божји деца- на оние кој веруваат во Неговото име. (Евангелие според Јован 1:12)

Човекот - Бог
Страв - Мир
Грев - Прошка
Одвојување - Заедништво
Вечна смрт - Вечен живот

Како можеш да го прифатиш Господ Исус да биде твој Спасител?
1.Признај си ги своите гревови пред Него.
2. Одврати се од нив( покај се ).
3. Поверувај дека Исус Христос умрел наместо тебе на крстот и дека воскреснал од мртвите.
4. Повикај го преку молитва за да ти го промени животот и да го управува твоето срце преку Светиот Дух и прими го како свој личен Спасител.

Како да се молиш?

Господе Исус!
Признавам дека сум грешник и дека ми треба прошка, верувам дека си умрел поради моите гревови и сакам да те следам.
Те молам, влези во моето срце и обнови го мојот живот. Амин!

Бог ти дава сигурност преку Неговото Слово- Библијата.
Ако искрено го помоли со ова молитва и го замоли Господ Исус Христос да дојде во твојот живот, дали знаеш што доби од него?

Секој, кој че го повика Господовото име, ќе биде спасен. (Римјаните 8:39)

Кој го има Синот, има живот; кој го нема Синот, нема живот. Ова ви го напишав вам кои верувате во името на Божјиот Син, за да знаете дека имате вечен живот.( 1 Послание до Јован 5:12-13)

Твојот нов живот

Кога ќе го прифатиш Исус Христос како свој Спасител, ќе доживееш повторно рагање во Божјото семејство преку делото на Светиот Дух, кој започнува да живее во тебе, како и во секој верник. Ова се нарекува новорагање или преобразба. Нека Бог те благоствови во твојот прекрасен нов живот во Исус Христос, кој ти овозможи да бидеш повторно со Него!

Самата помисла дека имаме вечен живот не води кон мирот со Бог, а мир е: Да нема страв, да нема грев, да нема осаменост и смрт...Мир е да си во состојба на радост во трепет и стравопочит кон Бог, мир е да си во состојба на вера и надеж.Мир е да си во состојба на љубов кон лугето како што се сакаш себе, и љубов кон Бог кој го сакаш повеќе од самиот себе си.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Мај.2009 во 00:44
Свети Силуан Атонски вели:

Смирената душа, и кога Господ секој ден би ја земал на небото, и би ѝ ја покажувал сета небесна слава во којашто пребива Он, и љубовта на Серафимите и Херувимите, и на сите Светии, и тогаш научена од опит ќе вели:

„Ти, Господи, ми ја покажуваш Својата слава, затоа што го љубиш Своето создание. Но, мене дај ми плач и сила да Ти благодарам Тебе. Тебе Ти прилега слава, на небото и на земјата, а мене ми прилега да плачам за моите гревови”.

Инаку нема да ја сочуваш благодатта на Светиот Дух, што ти ја дава Господ за бадијала, заради Својата милост.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Април.2009 во 00:22
Смирението е онаа добродетел којашто чудесно помага да се примени совршеното христолико послушание. Напротив, егоизмот и гордоста се противат на неговото стекнување.
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Април.2009 во 23:58
Свети Исак Сирин вели:

Како што сенката го следи телото, Божјата милост го следи смиреноумието. Труди се да бидеш ништожен, и ќе се исполниш со чест Божја. Не барај чествувања кога внатрешно си полн со рани. Отклонувај се од честа и не ја љуби, да не би станал нечестив. Кој и да трча по честа, таа бега од него, а тој кој бега од честа, таа го следи, и таквиот човек ќе стане проповедник на смирението на сите луѓе. Ако заради вистината се обвинуваш, Бог ќе допушти сите созданија созданија да те пофалуваат, отварајќи ги пред тебе дверите на славата на Создателот.
Во времето кога смирението царува во тебе, душата твоја ќе ти се покорува, и заедно со неа се` ќе ти се покорува, затоа што во твоето срце се раѓа мир од Бога. А ако си надвор од ова, ќе бидеш прогонуван од страстите и од појави. Навистина Господи, ако самите не се смириме, нема да престанеш да не` смируваш. Вистинското смирение се раѓа од познанието, а вистинското познание се раѓа од искушението.

Со смиреноумието доаѓа обуздување и воздржание, а славата е служителка на блудот и дело на гордоста. Смиреноумието, поради воздржанието, ја украсува душата со голема мудрост.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2009 во 18:06
Da, vidov i toj neka si odgovori ako saka... a jas se obrativ kon tebe so prashanje...
Do what is right, come what may...
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2009 во 12:13
Зидарски ако не забележа, јас не се обратив конкретно до Макариос.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2009 во 06:13
А дали Макариос (конкретно), со нешто ти покажал дека нема смирение (или барем не се стреми кон него)?!
Do what is right, come what may...
Кон врв
AlDra Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 823
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај AlDra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2009 во 02:28
Некаде практично да ја покажевте смиреноста? Доста теоретизиравте, те ова е она е. Дајте на дело да се покаже тоа!
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2009 во 02:10
Налетав на интересна мисла, со која може постојано да се смируваме:

Секој кој Црквата не ја признава за своја Мајка, не го признава ни Бога за свој Татко!
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2009 во 02:42
Има некои кои се борат да се задобијат со смирение, со тоа што ќе се сеќаваат на смртта, со размислување за своите гревови, сметајќи се себеси дека се земен прав и дека ништо добро не сториле во овој живот, плачејќи за своите гревови и понижувајќи се со мисли, жалостејќи се со болка во срцето заради сопствените падови, сметајќи во својот ум дека се недостојни за милоста Божја.  
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2009 во 22:47
Сакам повторно да се навратиме на малку подзаборавените теми. Да се потсетиме, што претставува смирението?

Свети Макариј Велики вели дека смиреноумен е оној човек кој стигнал до крајното смирение, односно до слободата.

„Како се придобива целосно бестрастие?" - го запрашале некои старец Јосиф. А тој одвратил: „Со целосно смирение."
Кон врв
Maran Ata Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 29.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3669
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Maran Ata Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2008 во 05:44
Старец Пајсиј Светогорец

Мислам дека дури и животните се подобри од нас, така што и пред нив се смирувам и им сум послушен. Утрово, кога се разденуваше, бев уморен зашто се молев цела вечер. Освен тоа бев исцрпен и од болеста, така што одлучив да се одморам. Набрзо, потоа, слушнав мачка која мјаукаше како да и треба нешто. Навистина сакав да се одморам, но се смирив и постапив спротивно на својата волја. И бев послушен на мачката и одговорив на нејзиниот повик. Отидов да ѝ ја отворам вратата. Почна да врне и ја пуштив внатре да не ја наврне. Што мислиш сега? Дали требаше да му бидам послушен на тоа животно? Јас мислам дека требаше.
+ Љубовта покрива многу гревови +
Кон врв
La Ninja Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
She Hulk

Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај La Ninja Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2008 во 18:09
Остана голема%20насмевка тој што е баниран

Изменето од blueprayer - 07.Ноември.2008 во 18:09
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
Кон врв
makarios Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 20.Октомври.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај makarios Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Ноември.2008 во 04:16
Остана ли смирен човек на форумот?
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 14>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.