IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Интима > Љубов
  Активни теми Активни теми RSS - Љубовта и хороскопските знаци
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Љубовта и хороскопските знаци

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 13>
Автор
Порака Обратен редослед
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Љубовта и хороскопските знаци
    Испратена: 28.Март.2014 во 23:18
Катастрофални љубовни комбинации според хороскопскиот знак

Овен – Вага

Овенот секогаш ќе ја води неодлучната вага. Тој се смирува со нејзината рамнотежа и учи за дипломатските односи и правила. Проблемот може да настане кога Овенот е во фаза на акција, а Вагата тежи кон мир и блага пасивност. Тогаш е неопходен компромис. Добро е што Овенот е секогаш подготвен на нешто ново, а Вагата е прилагодлива, па само со ваков став ќе може да опстојат.

Бик – Скорпија

Ова е прилично еротична комбинација затоа што и двајцата сакаат да уживаат во животот и љубовта. Сензуални се и секогаш се сложуваат во сексот, а проблемот може да се јави кога и двајцата ќе ја покажат отворено својата посесивност и љубомора. Доколку пронајдат пристојно решение, врската може да опстои. Главната разлика се наоѓа во темпераментот.

Близнаци – Стрелец

Овие два знаци може да опстојат само ако некаде отпатуваат заедно. Близнакот ќе зборува постојано, а Стрелецот филозофски ќе размислува. Двајцата се отворени и друштвени, а проблемот може да настане затоа што Близнакот е приземен знак, додека Стрелецот сака да лета високо. Токму затоа повеќето врски се осудени на пропаст.

Рак – Јарец

Ова е длабока и искрена врска. И двата знаци се амбициозни, но Ракот е популарен повеќе од Јарецот. Овој пар тежнее кон семејство и дом, па додека Јарецот работи и заработува, Ракот ја создава емотивната страна. Проблемот може да се јави во периодот кога Јарецот ќе биде успешен и ќе се сврти исклучиво кон својата кариера, додека Ракот очекува нешто повеќе на приватно поле.

Лав – Водолија

Ова е идеален пар за сите видови на забава. Лавот обожава публика, а Водолијата секогаш има оригинални идеи. Тие привлекуваат внимание и идеални се за дружба. Лавот сака деца, а Водолијата сака да биде слободна. Тука може да настане голем проблем, кога Лавот ќе се обиде да ги наметне своите принципи. Водолијата може да игнорира одредено време, а потоа да се препушти на тоталната слобода во која ужива.

Девица – Риби

Ова е врска во која има постојано надмудрување. И двата знаци се интелектуални типови, а може да имаат нерасчистени и нејасни цели заради тоа што немаат доволно храброст. И додека Девицата сака сè што е уредно, кај Рибите е обратно. Не е ни чудо што оваа љубовна врска постојано се справува со ситни кавги и несогласувања. Рутините за Рибите се неподносливи, додека Девицата го сака деталниот план на животот.

»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Септември.2013 во 23:58
Хм, од секогаш сум мислел дека тоа се глупости, ама имет по нешо...ама па не се сеќавам која шо знак беше голема насмевка
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Септември.2013 во 15:53
Секој од нас љуби поинаку, заведува на свој начин, привлекува...Ама, гоооолемо влијание на сe ова имаат хороскопските знаци.

Овен
Девојките родени во знакот на Овен знаат да сакаат, ама кога ќе заврши љубовта, за тоа е секогаш "виновно" момчето, посебно ако им се вовлекло под кожа и не можат да го заборават. Утеха бараат во пријателите и најблиските, некој пред кого ќе можат да си ја отворат душата и кој ќе ги слуша внимателно. Сите Овни сакаат веднаш да си го решат љубовниот проблем кој ги мачи. А ако не успеат за неколку дена, ќе го преболат момчето со нова симпатија (потенцијална љубов).

Бик
Овие девојки многу тешко се отвораат пред момчето што им се допаѓа, но кога Бикот еднаш ќе му кажат што чувствуваат, тогаш тоа ќе му го повторуваат постојано, за да си знае. Не се заљубуваат лесно, на повеќето момци прво им ги бараат маните на доблестите. Лесно се ранливи, посебно ако се силно заљубени. Тагуваат долго по загубената љубов. Заведуваат со храна, подароци и допири.

Близнаци
Девојките родени во знакот на Близнаци многу често знаат околу себе да кренат ѕид со кој се штитат од момчињата за кои не се сигурни дали ќе остаат покрај нив или ќе ги повредат. Ако почувствуваат љубовна болка, им треба многу време да го заборават момчето заради кое страдаат. Заводливи се, шармантни и со отворена тактика за освојување му приоѓаат на момчето што им се допаѓа. Кога ќе се заљубат вистински, ништо не може да им застане на патот до нивниот љубовен "плен".

Рак
Девојките Ракови знаат да сакаат со целото срце, ама знаат и како да ја потиснат болката заради загубената љубов. Постојано насмеани и ведри, овие девојки заведуваат со позитивната енергија и насмевката, а ниедно момче не може да му одолее на тоа. Постојано се во потрага по љубов, не знаат и не сакаат да бидат сингл во ниту еден момент од животот. Љубовните маки им го нарушуваат мирот, ама кај Раковите, за среќа, траат кратко.

Лав
Девојките Лавови се силни и доминантни, дури и во љубовта. Секогаш знаат што (кого) сакаат и лесно им е да го добијат тоа со својот заводлив поглед и слаткоречивост. Не се откажуваат додека момчето на коешто мислат не е нивно! Но, тие се и многу нежни и ранливи, па кога момчето ќе ги повреди, им треба време да закрепнат. Кога страдаат заради љубовта, тоа го знаат сите, без разлика дали им се блиски или се сретнуваат прв пат.

Девица
За девојките Девици можеби сте слушнале дека се безчуствителни, но тие не можат да живеат без љубов. Сакаат момчето да е тоа што ќе ги заведе, самите скоро никогаш не се решаваат на таков чекор. Кога страдаат за љубовта, тоа го прават многу, многу тивко, болката ја чуваат во себе, па затоа сите мислат дека се силни. Овие девојки не сакаат никој да ги сожалува. А кога љубат, тоа го прават со целото свое срце.

Вага
Девојките Ваги се вистински тактичари, дури и кога е љубовта во прашање. Два пати мерат пред да пресечат. Не се впуштаат лесно во љубовни авантури, ниту пак лесно се откажуваат од љубовта. Ако некој постојано им подарува цвеќе или ситници, Вагите ќе бидат вечно насмеани, среќни и заљубени. Тие не сакаат никакви љубовни совети, ниту тешење. Само самите можат да си помогнат кога ќе останат без момчето што го сакаат. Кога ги мачи љубовна болка, најдобар пријател им се колачите.

Скорпија
Скорпиите се најверојатно најзаводливот знак во хороскопот. Сакаат да сакаат и да бидат сакани. Кога ќе се заљубат, забораваат на се освен на момчето. Кога ќе останат сами, ако е момчето тоа што ја прекинало врската, можат и со месеци да тагуват и да не излегуваат од дома. Не сакаат љубовните маки или среќа да ги делат со другите, туку доживувањата љубоморно си ги чуваат за себе.

Стрелец
Девојките Стрелци знаат како да стрелаат директно во машкото срце и да го уловат момчето што им се допаѓа. Ако не успеат во тоа, тогаш си бараат нова цел. Кога се заљубени, се околу нив е розово. Кога се повредени, се затвораат во својот свет на албуми со фотогафии и спомени за да си ја намалат болката. Сакаат да подаруваат, да се бакнуваат и да се гушкаат, така ја покажуваат својата заљубеност.

Јарец
Девојките родени во знакот на Јарец се многу чувствителни, па мал погрешен збор од момчето може да ги повреди. Кога се заљубени, мислите им се постојано кој момчето кое е предмет на нивното обожавање. Во главата си правт еден куп филмови и сценарија, замислуваат средби и разговори. Кога ќе раскинат со момчето, им треба долго, долго време за да го преболат.

Водолија
Иако не делуваат така, Водолиите може да чуствуваат толку голема љубовна болка, што на моменти не знаат што е реалност, а што нивна фантазија. Овие девојки најчесто страдаат сами, во тишина. Но, кога се заљубени, праваат и даваат сe за момчето кое им го разубавува денот. Сакаат да се галат, дури и премногу, а тоа понекогаш им пречи на момчињата.

Риби
Девојките Риби не се лесно заљубливи. Тие повеќе ја сакаат љубовта, отколку момчето со кое се во врска. Не се романтични, не паѓаат на подароци и шарм. Ама, ако тој ги повреди, првата работа на која помислуваат е како да му се одмаздат на момчето. Оваа желба, за среќа, им проаѓа брзо, посебно ако додека го коваат планот, запознаат друг тип што ќе им го насочи паметот кон љубов - нивната причина за постоење.
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Август.2013 во 23:50
Имате позитивен поглед на животот каде што е топло, златно и богато со живот. Верувате дека и кога Сонцето заоѓа, сонот и надевањето не исчезнуваат, бидејќи ќе се родат со новиот ден.
pozz do viki123 голема насмевка
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Август.2013 во 11:18
Секој хороскопски знак има си има свои особини во сите свери на модерното живеење. Некои карактеристики се толку очигледни што дури ги издаваат припадниците на тој знак. Како на пример неодлучноста на вагата, или инаетот на Јарецот и Бикот, своеглавоста на Овенот итн. Влијанието на планетите се чувствува на секоја индивидуа во сите свери, па и во љубовната.

Овен
Имате пристап на љубовта. Кога ќе видите некој кој ви се допаѓа, веднаш тргнувате во напад.

Бик

Луѓето се заљубуваат во вас штом ве запознаат. Делувате опуштено, полни со самодоверба и премногу сте привлечни. Но, вакви сте во живо и затоа избегнувајте да се запознавате преку интернет.
Близнаци

Вашата планета е Меркур, планетата на умот. Значи вашиот потенцијален партнер треба да е интелигентен. Не поднесувате неинтелигентни личности.
Рак

Вие сте премногу таинствена и дискретна личност, иако не се гледате себеси како такви. Мислите дека премногу ги изнесувате интимните детали. Се плашите да не откриете премногу, пребрзо и со тоа да ја изгубите личноста која ви се допаѓа.
Лав

Имате позитивен поглед на животот каде што е топло, златно и богато со живот. Верувате дека и кога Сонцето заоѓа, сонот и надевањето не исчезнуваат, бидејќи ќе се родат со новиот ден.
Девица

Сакате да бидете постојано во добра форма и сакате да го покажете вашето тело. Тоа е затоа што вашето тело е ваш храм.
Вага

Вагата има репутација дека е неодлучна, но вистина е дека кога станува збор за љубовта, брзо донесува одлуки. Причина поради која можете да звучите збунето е кога сте на состанок со одредена личност, не знаете како да ја одбиете на убав начин.
Скорпија

Ако сте родени во знакот на Скорпија, знакот на сексот, тогаш знаете што да правите. Нема да имате проблем да го возбудите оној кој ви се допаѓа. Вашиот проблем е да размените чувства.
Јарец

Вие знаете како е кога го носите целиот свет на рамења и тоа го правите успешно. Поради тоа често привлекувате ” возрасни деца
Водолија

Водолијата е постојано во потрага по личност преку која може да ја истакне својата вистинска личност и автентичност и кога ќе ја пронајде, останува со неа засекогаш.
Риби

Вие можете да почувствувате бескрајна љубов, омраза, болка и надеж, притоа без да осудувате некого. Затоа имате неверојатна емпатија и сочувство.

»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
ekszi88 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
In Love

Регистриран: 10.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7008
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ekszi88 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2012 во 08:05
Јас кога прашав дали си одговараат Скорпија и Овен само ми кажаа категорично НЕ! голема насмевка
Never apologize for being sensitive or emotional. Let this be a sign that you've got a big heart aren't afraid to let others see it. Showing your emotions is a sign of strength!!
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2012 во 19:17
црвенеење
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2012 во 18:54
Originally posted by viktorija123 viktorija123 напиша:

da be - se bara zhenski oven

ova ko oglasi da e... газење од смеење 

p.s - ne se sekiraj ne sum oven смеење


глупчо



ubu be
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2012 во 18:43
Риби

 Рибите се преголеми сонувачи за близнаците,......................

++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++++

...изненадување
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
viktorija123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Nishto Posebno, tuku EDNO

Регистриран: 04.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7300
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај viktorija123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2012 во 16:50
da be - se bara zhenski oven

ova ko oglasi da e... газење од смеење 

p.s - ne se sekiraj ne sum oven смеење


Изменето од viktorija123 - 04.Мај.2012 во 16:50
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
Кон врв
zverka_ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 11.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6604
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zverka_ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2012 во 16:44
Никој не е способен поуспешно да изврши неверство од Близнаците. Тие внимаваат да не бидат откриени и навистина им успева. Лесно се впуштаат во неверство, а најчесто во тој нивни чин ги вплеткуваат и своите пријатели кои им служат за да ги прикријат.......кул.......газење од смеење
Јас сум 99% сигурна дека луѓето ме озборуваат,но 100% сум сигурна дека баш "ме заболи" за тоа!!!
Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2012 во 15:15
Originally posted by Schatzii7 Schatzii7 напиша:

Љубовни комбинации


Стрелец

Најдобра комбинација: Стрелците ги покажуваат своите најдобри карактеристики во романсите кои произлегле од пријателства. Нивниот идеален партнер е авантурист кој е полн со енергија. На стрелците многу им е важно партнерот да има ист став како нивниот. Најмногу им одговараат овните.


се бара женски овен
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2012 во 14:53
Љубовни комбинации

Овен

Најдобра комбинација: Секогаш активни и авантуристички настроени, овните бараат партнер кој ќе биде покрај нив. Најмногу си одговараат со спонтаните стрелци, од кои ќе добиваат бескрајна поддршка. Оваа комбинација изобилува со романтични чувства, но и смеа и возбуда. Забавната водолија е исто така одличен партнер за овенот.

Најлоша комбинација: Овните не сакаат да бидат спасувани од други. Тие се независни и рамноправни со партнерот. Заради ова, не им одговараат надмоќни знаци, каков што е бикот, затоа што тој никогаш нема да ја разбере нивната индивидуалност, или ракот кој постојано има потреба од покажување емоции.

Бик

Најдобра комбинација: Топли и полни со љубов и поддршка, на бикот му треба партнер кој постојано ќе му дели комплименти, па дури и подароци, со што Бикот ќе почувствува дека е ценет. Кај партнерот најмногу ги цени верноста и посветеноста, карактеристики кои ги поседуваат раковите.

Најлоша комбинација: Биковите сакаат стабилност и безбедност. Не сакаат игри и нема да останат со некој со кој немаат иднина. Овенот и водолијата се знаци кои постојано имаат потреба да доаѓаат и да си одат, со што ќе предизвикаат посесивност кај Бикот и затоа се најлоша комбинација за овој знак.

Близнаци

Најдобра комбинација: Моногамијата не им е силна страна на близнаците, познати по својата расеаност. Партнерот на Близнаците треба пред сè, да биде постојано ментално стимулиран за да може да ги задржи покрај себе. На близнаците најмногу им одговараат екстровертните лавови, иако и овенот и водолијата се исто толку спонтани како и близнаците.

Најлоша комбинација: Близнаците не сакаат премногу емоционални партнери. Чувствителните риби ќе бидат само повредени од самостојноста на близнаците. Девиците пак, брзо можат да им здодеат. Љубоморните скорпии нема да можат да го издржат тестот на заводливиот магнетизам карактеристичен за Близнаците.

Рак

Најдобра комбинација: По природа несигурниот рак бара романтичен, посветен и заштитнички настроен партнер. Идеалниот партнер за него е оној кој знае да сака безусловно, исто како и самиот рак, но е доволно силен да помогне кога ракот ќе се најде во емоционални турбуленции. Според овие карактеристики, на раковите најмногу им одговараат скорпиите.

Најлоша комбинација: Верноста (која се граничи со посесивност) и чувствителноста на раковите им помага полесно да се обврзат на моногамна врска. Колку силни и да се претставуваат, штом бидат повредени, нема да можат да ја сокријат својата болка. Треба да ги избегнуваат близнаците, затоа што нивната слобода може да ја повреди самодовербата на ракот.

Лав

Најдобра комбинација: Можеби е тоа нивната страсна природа, но повеќето лавови бараат партнер кој ќе може целосно да им го посвети своето вниманите за да се чувствуваат задоволни во врската. Лавовите најдобро си одговараат со посветените бикови или романтичните риби кои уживаат да ги задоволуваат потребите на лавот.

Најлоша комбинација: Штом ќе започнат врска, лавовите се целосно посветени на партнерот. Понекогаш знаат да бидат дури и љубоморни. Флертувањето на партнерот со други може да го скрши срцето на Лавот и штом еднаш ќе бидат предадени, лавовите не простуваат и не забораваат. Стрелецот може да биде добар избор за лавот, но неговата заводлива природа едноставно може да биде премногу за него.

Девица

Најдобра комбинација: Ладнокрвната девица тешко дека ќе биде привлечена од некоја смешна романса, но штом еднаш се вљуби, таа е безусловно посветена на партнерот. Девиците бараат трпелив партнер кој не сака да брза. Јарецот, познат по неговата стабилност и внимателниот пристап кон животот, е одличен партнер за Девицата.

Најлоша комбинација: Бидејќи девиците се многу практични кога станува збор за одлуки поврзани со чувствата, па затоа нивната физичка интимност повеќе се темели на усовршување на техниката, отколку на страста. Ако имаат партнер чиј сексуален нагон го надминува оној на девицата, може да се појави љубомора или преголема самокритичност. За девиците најдобро е да ја избегнуваат огнената скорпија.

Вага

Најдобра комбинација: Елегантни и шармантни, вагите постојано бараат почит од оние кои им значат. Нивниот идеален партнер би требал да ужива додека тие го „задушуваат“ со љубов, пстојано подарувајќи му цвеќе, чоколади или посветувајќи му песни. Водолијата може да ѝ понуди на вагата таква романса и да ги задоволи нејзините потреби.

Најлоша комбинација: Вагите владеат со седмата куќа на партнерството, што го прави овој знак исклучително верен. Од сите видови партнерства, вагите најмногу го сакаат бракот, па така, ако партнерот не е подготвен да се обврзе на подолг рок, само ќе ѝ го скрши срцето на вагата. Девицата, позната како променлив знак, е многу непредвидлива и затоа вагите треба да го одбегнуваат овој знак.

Скорпија

Најдобра комбинација: Хипнотизирачки, опсесивни и љубоморни, но крајно неодоливи, скорпиите се познати по тоа што во еден момент се загреани, а веќе наредниот се ладни. Скорпиите бараат партнер кој цврсто стои на земја додека се обидува да го привлече нивното внимание. Страста за нив е задолжителна, па кога се работи за сексуалната хемија, биковите се најдобар избор за нив.

Најлоша комбинација: Скорпиите целосно му се посветуваат на партнерот, притоа очекувајќи го истото и од него. Додека се безусловно верни, скорпиите истовремено можат да бидат и сомнителни и лути. Знаците кои постојано бараат внимание, како раковите и близнаците, се најлошиот избор за скорпиите.

Стрелец

Најдобра комбинација: Стрелците ги покажуваат своите најдобри карактеристики во романсите кои произлегле од пријателства. Нивниот идеален партнер е авантурист кој е полн со енергија. На стрелците многу им е важно партнерот да има ист став како нивниот. Најмногу им одговараат овните.

Најлоша комбинација: Стрелците ја сакаат својата слобода и никогаш нема да се откажат од неа. Кога се работи за врските, за стрелците е многу важно да го задржат чувството за сопственото постоење и не можат да бидат со партнер кој ја задушува и ограничува нивната слобода. Најлош избор за стрелецот е скорпијата.

Јарец

Најдобра комбинација: Водени од успехот, на јарецот му треба партнер кој е подеднакво амбициозен во неговите цели. Јарците бараат зрел, одговорен и доверлив партнер. Вредниот бик кој има тенденција за обврзување, е одличен избор за јарецот.

Најлоша комбинација: Јарецот е внимателен со своето срце, но штом ќе се вљуби, тој со текот на времето станува сè повеќе посветен на партнерот. По малку сомнителни, јарците можат да бидат доста љубоморни. Заводливите знаци, како што се близнаците, кои слободно флертуваат со други, се најлош избор за јарците.

Водолија

Најдобра комбинација: Според водолијата, комуникацијата е најважен елемент за секоја успешна врска. Потребен им е партнер кој интелектуално ќе ги стимулира, ќе ја разбере нивната индивидуална природа и ќе ги почитува како рамноправни. На водолијата најмногу ѝ одговара вагата.

Најлоша комбинација: Помалку емотивни, водолиите најмногу ја сакаат својата независност. И покрај тоа, ги почитуваат барањата и обврските на партнерот. Иако се чини дека водолиите знаат да збеснат на моменти, тие се навистина верни и не поднесуваат љубоморно однесување од страна на партнерот. За водолиите најлош избор се скорпиите.

Риби

Најдобра комбинација: Најчувствителниот астролошки знак, рибите, бараат партнер кој ќе може да ја разбере нивната емотивна природа и ќе им понуди безбедност. Рибите ќе му дадат на својот партнер сè што имаат и токму заради тоа се доста ценети од спротивниот пол. Заслужуваат партнер кој е посветен и внимателен. Најмногу им одговараат водените знаци, рак и скорпија.

Најлоша комбинација: На рибите им треба трпелив и сочувствителен партнер, а не некој кој ќе ги осудува дека се премнигу емотивни. Тие анализираат сè и на работите гледаат како да се или целосно црни, или целосно бели. Рибите се преголеми сонувачи за близнаците, кои не можат да им ја обезбедат духовната и емотивна врска која им е потребна на рибите.
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2011 во 01:46
Originally posted by ...Well... ...Well... напиша:

Originally posted by blueprayer blueprayer напиша:

и тоа шо викаш....ке прашам некој шо ме знае појке плазење


...abe ne za drugo, sum zaborail kao beshe so riba, da ne tropam sea n apamet nesho ne za drugo, ali onaka generalno mislam deka beshe ok...плазење

МИСЛИШ ОД САМАТА/САМИОТ СЕБЕ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.