IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > АРХИВА > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Символот на верата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Символот на верата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака Обратен редослед
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Символот на верата
    Испратена: 08.Јуни.2008 во 05:05
Извонредно објаснување на Троиството!
Благодарам за постот. Ќе продолжиме утре точка по точка...
Do what is right, come what may...
Кон врв
Al_Masih_Qam Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 113
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Al_Masih_Qam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2008 во 23:10
Верувам во Едниот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и земјата, на сè видливо и невидливо.

Бог на христијанското Откровение, Бог на Светото Писмо и Светото Предание на верата на Црквата – не е безлично суштество, не е безличен Апсолут, незаинтересиран за судбините на човекот. Монотеизмот на христијанте - не е монотеизмот на философите. Но, тој исто така, се разликува од ограничувачкиот монотеизам на таквите религиозни традиции, како јудаизмот и исламот, кои, признавајќи го живиот и личeн Бог на Стариот Завет, сепак, не дозволуваат дека тој Бог како Личност се разликува од својата совршена Суштина и, така да се рече, способен е да излезе од Својата единечност, да биде повеќе, отколку едно Лице, ограничено од Својата единственост. Полнотата на откровението – е наследство на Новиот Завет: Синот Божји стана човек и нè направи способни да го примиме Светиот Дух, кој исходи од Отецот.

Едниот и личен Бог на христијанството – е Триединство на Лицата. Затоа воскреснатиот Христос и ги испратил своите ученици „да ги научат сите народи, крстејќи ги во името на Отецот и Синот и Светиот Дух” (Мт. 28, 19). „Верувам” на Црквата е разоткривање на таа христијанска формула за крштевање.

Почетниот член на Символот, во кој ние ја исповедуваме верата „во Едниот Бог”, се однесува на Првото Лице на Пресвета Троица, односно на Отецот, кој е личностното начело на неразделното Божество, Кое подеднакво е својствено на Трите Лица. Сите Трoоица - Отецот, Синот и Светиот Дух – се Бог; не „три Бога”, туку „еден Бог “, една Суштина, една субстанција или Природа во три Ипостаси, Лица.

Заради тоа совршено единство на Божественото Битие, меѓу Лицата на Пресвета Троица нема друга разлика, освен во облиците (модусите) на постоење на секое од Лицата: нераѓањето на Отецот (Кој постои како нероден), раѓањето на Синот (Кој постои како роден), исходењето на Духот (Кој исходи од Отецот). Ќе речеме и дека тие лични својства установуваат тројствена врска, која, дозволувајќи да ги разликуваме Отецот, Синот и Светиот Дух, треба да нè научи да ги сооднесуваме позитивно секое Лице со двте други Лица и никогаш да не ги разделуваме во нашите мисли. Така, кога говориме за Отецот „Седржител” и „Творец”, нема да забораваме дека Тој сè створил преку своето Слово (Јн. 1, 3), и дека истата таа творечка сила Му е својствена и на животворечкиот Дух (Јов. 33, 4).

Ќе забележиме дека, изразот Седржител, буквално значи „Господар на сè”, то ест Бог Кој сè одржува во постоење. Само Бог на Библијата, Кој го откри Своето име на Мојсеј, кога му рече „Јас сум Оној Кој Е” (Изл. 3, 14), само Тој е – „Творецот” во абсолутната смисла на овој збор: Создавач на битието од небитие. Тој не е „Божествениот Уредувач, не е „Димиург” на философите, устроителот на вечната, бесформна материја, на некаков претбитиен хаос. Ако Бог створил сè „од ништо”, не треба да се мисли дека постоело некакво „ништо” (како можност за битието). „Ништо” - не е начело, кое би можело да се противпостави на совршеното Битие на Бога. Тој израз добива смисла само во однос кон битието на создаденото, кое започнало да постои без никаков претходен услов (Бит. 1, 1), туку само според семоќната волја на Бога. Сепак, не треба да се мисли ни дека отсуството на надворешни услови нè задолжува да претпоставуваме, небаре Бог создал сè „од Самиот Себе”, по пат, на некакава еманација или „екстериоризација”. Светот – не е оштетено или намалено Божество, туку битие сосема ново, кое Творецот го повикал во живот, Чие творештво не било условено од никаква внатрешна нужност. Творењето – е акт сосема слободен, дарствен акт на Божјата волја, а не несвесно, неволно дејство. Градбата на вселената не тера да ја признаеме добрината, мудроста, љубовта на Создавачот, Кој го исполнил светот со смисла и му дал повисока предназначеност, така што (светот) го потчинил на личностните и слободни суштества, створени „според образот и подобието на Бога” (Бит. 1, 26-27).

Библискиот израз „небо и земја” (Бит. 1, 1), со кој е означен целиот космос, сето она, што постои и е створено од Бога, во толкувањето на светите отци добива разделителна смисла, укажувајќи на постоењето на духовна реалност и на телесна реалност, невидливиот свет на „небесните духови” и видливиот свет, со кој ние сме тесно сврзани со биолошките услови на нашето земно постоење. Гледаме, дека тоа разделување на „небо” и „земја” никако не води кон „геоцентрична” космологија. Воопшто, треаб да се каже, дека „конфликтот меѓу науката и религијата” во овој проблем изгледа вештачки.

Навистина, истражувањето на космичките простори нема да ни ја отвори духовната безмерност на створената вселена, ниту пак, атомската физика, анализирајќи ја градбата на материјата, ќе ни даде да ја познаеме таа семоќна Енергија на Творецот, кој му дава постоење на „сè видливо и невидливо.”

(Свиток)
AL MASIH QAM! HAQQAN QAM!
ВОИСТИНУ ВОСКРЕСЕ ХРИСТОС БОГ!
Кон врв
Al_Masih_Qam Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 113
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Al_Masih_Qam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2008 во 23:08
"Пред да пристапиме кон изучување на христијанските догмати, кои се збиено изразени во Символот на верата, ќе кажеме неколку зборови за историјата на тоа „правило на верата”, кое добило во Црквата сила на вселенски авторитет.

До почетокот на IV век „символите” (т.е. кратките формули на христијанската вера), воглавно биле поврзани со крштението и катехизацијата (како што се нарекува подготовката за крштевање). Со тоа се објаснува нивната многубројност и изменливост во зависност од поместните практики на една или друга Црква. Тие формули на исповедание, кои новокрстените ги кажувале во денот на своето крштение, во II век се нарекувале „правила” или „канони” на верата.

Символот со сегашниот облик, кој одговара на неопходноста точно да се определи православното учење наспроти учењата на еретиците, се појавува во IV век. Оние символи што биле донесени на соборите веќе не се поврзани исклучиво со на крштението, туку добиваат посуштинско значење во животот на Црквата.

Никејскиот Символ на верата бил првиот догматски символ, прфатен од Вселенскиот Собор одржан во 325 г. Тој „крштелен” символ на определена (поместна) Црква – најверојатно, на Ерусалимската Црква - богословите го преработиле, го прошириле, за поточно да го изрази исповедањето на Божественоста на Христа (против учењето на Ариј).

Никејскиот Символ имал вселенски авторитет на Констатинополскиот Собор (381), на Ефескиот (431) и на Халкидонскиот (451) Собор, како догматско исповедание на верата.

Никео-Цариградскиот Символ на верата, кој се ползува во наше време, има само општа сличност со првиот, Никејски Символ.

Првобитно тој бил едно од изразувањата на „никејската вера” со подробно изложено исповедување на Божественоста на Христа, кое по 370 година се родило од крштелните антиохиско-ерусалимските символи. Овој литургиски символ најверојатно бил поправен од Отците на Вториот Вселенски Собор за употреба при крштевањето, без намера да го замени Никејскиот Символ. Тој бил прогласен заедно со Никејскиот Символ на IV (Халкидонскиот) Собор како официјално призната догматска формула и како таков влегол во литургиската практика на империската престолнина. Кон крајот на V век овој Константинополски литургиски Символ на верата е признат како целосно и завршено формулирање на Никејскиот Символ, кого и го заменил.

Нему му претстоело да биде прифатен насекаде како вистинско „правило на верата”, и тој ги истиснува другите христијански символи, крштелни или соборни. Шестиот Вселенски Собор (680) го потврдува неизменливиот карактер на Никео-Цариградскиот Символ на верата..."

(Свиток)
AL MASIH QAM! HAQQAN QAM!
ВОИСТИНУ ВОСКРЕСЕ ХРИСТОС БОГ!
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2008 во 23:43
Колку да потсетам и да се вратиме на побитниот (за оваа тема) муабет...

Originally posted by zidarski zidarski напиша:

Та, да се вратиме на темата...

1. Верувам во едниот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и земјата, на сé видливо и невидливо.

Самиот текст почнува со фразата Верувам... поставува услов за прифаќање на верата, или поставува основа, упатство кон неа...?
Do what is right, come what may...
Кон врв
Al_Masih_Qam Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 113
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Al_Masih_Qam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2008 во 17:22
Јасно е дека станува збор за византиско-грчкото читање на старогрчката бета (вита), но она што се јавува кај нас е нешто многу поинтересно од само различен начин на читање на еден и ист збор. Секое од двете различни читања со текот времето добива различно значење. Ништо лошо, на против.
AL MASIH QAM! HAQQAN QAM!
ВОИСТИНУ ВОСКРЕСЕ ХРИСТОС БОГ!
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2008 во 17:12

Messenger, наспроти тралалајќите на Al Masih Qam дека зборот "символ" е некаков си различен збор од зборот "симбол" во македонскиот јазик, дозволи ми да ти ја укажам вистинската причина зошто овој архаичен збор е "символ", а не "симбол".

Проблемот е во тоа што православието, при преводите од грчката православна литература, има превземено многу грцизми. Во грчкиот јазик не постојат буквите "Б" и "Ш". Затоа овој збор во грчкиот јазик е "символ",  а не "симбол". И православните наместо да го преведат овој збор со адекватниот наш збор "симбол", тие го превземале грчкиот збор "символ".

Ова не е единствен пример за грцизми во православието. Скоро сите имиња на личности, градови и места во православната Библијата се грцизми. Зошто? Затоа што православните не ги вршат своите преводи (на Стариот Завет) од еврејските манускрипти, туку од Септуагината (Грчкиот превод на Стариот Завет). И бидејќи во грчкиот јазик ги нема буквите "Б" и "Ш", букви кои изобилуваат во еврејскиот јазик, сите имиња кои се направени од Септуагинтата се ОСАКАТЕНИ.

Види колку немудро постапуваат со преводите. Во еврејскиот и македонскиот јазик постојат буквите Б и Ш. И наместо тие да преведуваат од еврејските ракописи (Масоретскиот текст), тие вршат превод од превод (не дозволено во Обиденетото Библиско Друштво) и затоа буквата Б преминува во буквата В, и Буквата Ш преминува во буквата С. И така ги добиваме имињата Вирсаева (а треба Бетшеба), Ветил (а треба Бетел), Сапфира (а треба Шапира), Варнава (а треба Барнаба) итн.

Зошто е ова важно? Затоа што многу од зборовите во еврејскиот јазик се кованици, кои откако ќе се разделат говорат многу за потеклото на зборот и за неговото значење. Пример, ако вие на еден евреин му кажете Ветил, на него тоа ништо нема да му значи. Но ако му кажете Бетел, е тоа веќе е друга приказна, затоа што на еврејски зборот Бет значи Дом, а зорот Ел значи Бог, а Бетел значи Божји Дом. Варнава исто така не значи ништо, додека Барнаба (Бар-наба) значи син на утеха. Итн.
 
(Забелешка: Многу од тие грцизми на еврејските имиња се поправени во новиот ревидиран превод на Светото Писмо, кој беше направен се разбира под долгогодишно инсистирање на библиските цркви врз МПЦ, која иако беше инертна на оваа мала реформација, сепак попушти под притисок на Обиденетото Библиско Друштво намигнување)
 
Од да не се одалечувам од темата, поентата ми беше дека зборот Символ е грцизам, а неговиот македонски еквивалент е зборот Симбол.
Поздрав!


Изменето од EvAngelos - 31.Мај.2008 во 17:25
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Al_Masih_Qam Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 113
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Al_Masih_Qam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2008 во 14:26
Македонскиот литературен јазик е посебно прашање, но воопшто не пречи тука да прозбориме а тоа. Јазикот е нешто што е подложно на постојано менување, надополнување, примање на нови форми и навраќање на старите. Тоа важи за сите европски јазици (особено германскиот, рускиот, хрватскиот, бугарскиот, г*чкиот) па и за македонскиот. Не можеме за речникот на Конески да се држиме како слепци за стап. Тоа е само една фаза од развојот на МК јаз., и крајно време е да продолжиме понатаму. Нормално е да се прават кованици, нови зборови и сл. Кога се прават тие работи, подобро е да се бараат оригинални решенија основани на словенскиот јазичен клуч, отколку да се голтаат „латинизми“, „англицизми“, „интернационализми“ и сл. Македонскиот јазик на има способноста за тоа, тој дава и премногу простор за такво нешто. Треба само да се погледнат преводите на Михаил Петрушевски или книгите на Славко Јаневски - за да се сфати што се македонскиот јазик може да направи и да изрази.
AL MASIH QAM! HAQQAN QAM!
ВОИСТИНУ ВОСКРЕСЕ ХРИСТОС БОГ!
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2008 во 02:38
Торжествено - свечено...
Темата за литературниот македонски јазик е посебен муабет - од една страна можеби си во право со муабетот, од друга страна, 80% од нацијата зборува на јазик и користи зборови сосема различни од литературниот, кој е скалапен доста набрзина и со многу малку поправки понатаму (реално, само две). Јазикот е жива материја и се менува, се развива и се додаваат зборови и изрази. При формирањето на македонскиот јазик - тој е осакатен страшно од брзањето и од разни политички одлуки. Затоа има толку беден речник, додека говорниот македонски јазик (особено одредени наречја) имаат неверојатна ризница на изрази и зборови. Но тоа е друга тема...
Do what is right, come what may...
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2008 во 02:32
Ne vi precham vo muabetot, prodolzhete da komunicirate na kakov jazik miluvate, samo povtorno prashuvam sto znachi zborot торжествено?

Osven po moderatorska dolzhnost, poveke ne komentiram na ovaa tema.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2008 во 02:25
Месинџер, ова е добро прашање, и одамна се спремам да го поставам како посебна тема... Во врска со зборот Символ - има друго значење... но конкретно за користењето на старо-словенски јазик, можеме да отвориме посебна тема, за да не ја растураме оваа... Мислам дека ќе биде многу интересно да се чујат коментари на по тоа прашање.
Do what is right, come what may...
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2008 во 02:23
Koga e vo prashanje preciznosta na izrazuvanjeto i govorot, treba tokmu toa da se pravi - da se govori literaturno, a ne onaka kako sto se govorelo pred iljada godini, neshto sto denes se narekuva arhaichno i isfrleno od upotreba.

Tokmu toa mi beshe poentata.

I toa nema apsolutno nikakva vrska so sakanjeto ili nesakanjeto na crkvata i pravenje nekomu kjejfovi. Zarem govorenjeto literaturen jazik znachi pravenje nekomu kjejf ?

Neli tokmu poradi podobroto razbiranje Bibliskite tekstovite se prevedeni od starogrchki jazik? Neli tokmu poradi toa popovite go zboruvaat literaturniot makedonski jazik koga direktno im se obrakjaat na vernicite?

Mozhebi za MPC ova e formalnost, no za mene znachi neshto mnogu vazhno vo deneshneto reprezentiranje na crkvata i mi pokazhuva deka taa si zhivee vo nekoi minati i nepostoechki vreminja, potpolno diskonektirana so realnosta na segashninata. I potoa se chudime zoshto ima se pomalu vernici i lugjeto baraat duhovna uteha na drugi mesta.

P.S. Me interesira kakva terminologija ke upotrebuvate vo natamoshnite komentiranja na ovaa tema so cel poprecizno da se izjasnite i poprecizno da bidete razbrani od chlenovite na forumov - literaturen makedonski jazik ili nekakva arhaichna meshavina.

Изменето од Messenger - 31.Мај.2008 во 02:26
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
zidarski Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zidarski Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2008 во 02:21
Та, да се вратиме на темата...

1. Верувам во едниот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и земјата, на сé видливо и невидливо.

Самиот текст почнува со фразата Верувам... поставува услов за прифаќање на верата, или поставува основа, упатство кон неа...?
Do what is right, come what may...
Кон врв
Al_Masih_Qam Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 113
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Al_Masih_Qam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2008 во 23:34
„Символ“ и „симбол“ кај нас не се употребуваат со исто значење. Символот означува краток збиен текст, кој има за цел најконцизно да ја изрази суштината на она што сака да го опише (во случајов - христијанската вера).

Во прашање е прецизност во изразувањето, а тоа е нешто што по никоја основа не може да се гледа како непотребна или лоша работа.

На оние луѓе кои им е вообичаено да одат секоја недела во Црква, вообичаени им се и зборовите како „символ“. На оние кои Црквата не ја сакаат - и да ги исфрлиме од употреба ваквите зборови, пак ќе се најде нешто што нема да им е по ќеф.
AL MASIH QAM! HAQQAN QAM!
ВОИСТИНУ ВОСКРЕСЕ ХРИСТОС БОГ!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2008 во 01:39
I sto e pobitno ako se upotrebi zborot "simvol" vmesto "simbol" ?

I sto e pobitno, dali da se upotrebi arhaizam (i lugjeto verojatno da ne te razberat kako sto treba), samo zatoa sto taka se zborelo pred iljada godini ili da se upotrebi soodveten zbor ( i sigurno site da te razberat) sto se upotrebuva denes?

Dali vrednosta na sodrzhinata na kazhanoto ke se zgolemi ako se upotrebi arhaizam ili ke se namali ako se upotrebi soodveten deneshen zbor?

Dali mozhebi upotrebata na arhaizmi ne pravi da zvuchime poproduhoveno i poavtentichno? Taka lugjeto ke imaat poveke respekt kon kazhanoto?

Sto e poentata tuka so upotrebata na takviot rechnik?

Изменето од Messenger - 30.Мај.2008 во 01:42
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.