IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Поучни случки
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Поучни случки

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 23>
Автор
Порака Обратен редослед
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Поучни случки
    Испратена: 03.Мај.2013 во 03:40

                                         ИСУС НАША СУДБИНА ( Вилхелм Буш)

  Во градот Либек има една прекрасна стара црква, Либечката катедрала. Таму се наоѓа една прекрасна слика на распетие што ја насликал сликарот Ханс Мемлинг во 15 век.

Во 1942 г. имало бомбардирање на градот и црквата пламнала, па постоела опасност се' да изгори. Еден непознат војник, ризикувајќи го својот живот, се втурнал во црквата заедно со неколку пријатели и ја спасил сликата.

Набргу по војната јас држев предавања во Либек. Еден ден, директорот на една уметничка галерија ми рече: "Kaj мене во визбата се наоѓа прочуената слика на Мемлинг. Ако сакаш да ја видиш, со задоволство ќе ти ја покажам. 

Јас не сакав да ја пропуштам таа шанса. Заедно со директорот и со уште еден пријател, отидовме во визбата. 

Сликата беше прекрасна: војници на коњи вооружени со копја, војници што фрлаат ждрепка, толпа народ, расплакани жени под крстот, фарисеи како се подбиваат. Над сите се издигаат три крста.

Тогаш забележав нешто чудно: сред таа турканица, под самиот крст имаше една чистинка, едно празно место. 

"Toa e чудно", реков јас, "што бара едно празно место точно под крстот на Исуса. Што сакал сликарот да каже со ова? "

Средновековните сликари, всушност, сакале да пренесат некоја подлабока порака со своите слики. Тие биле на некој начин експресионисти. Тогаш мојот пријател ми појасни: "Мислам дека сликарот сакал да му каже на гледачот: 'Овде, под Исусовиот крст, има едно празно место. Заземи го ти!' "

Често си размислувам за таа слика и се сеќавам на зборовите во песната:

Таму на крстот на Голгота,
Гревот мој вечно е закован!
Крвта на Исус се пролеа, 
Знам, и за мене.

Да, јас се радувам бидејќи под Исусовиот крст има едно слободно место. И за тебе има едно слободно место. Дали твоето место ќе остане засекогаш празно?

Hans Memling_ Crucifixion

Hans Memling - Crucifixion 




Изменето од KINGDAVID - 03.Мај.2013 во 03:44
   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Септември.2012 во 17:36

Големо количество злато пронајднено во домот на мртов Американец


Американските власти пронашле златни поголемо количество злато (монети и плочки) во домот на веќе починат Американец.

На крајот на јуни соседите на Волтер Самаско повикале полиција бидејќи од неговиот дом се разнесувал непријатен мирис. Тој бил доста чуден човек, кој живеел сам.
Кога полицијата влегла во домот, се чини дека 69-годишниот Валтер бил мртов повеќе од еден месец. Властите утврдиле дека починал од срцеви проблеми.
Мажот имал официјално 200.000 долари на банкарска сметка.
Властите, мѓу другото сепак нашле кутии со злато во гаражата и почнале со темелно пребарување на домот. Пронашле златни монети, плочи и англиски сувенири од 1840-тата година, доволно за да наполнат две колички. Сето злато е во вредност од 7 милиони долари.
Инаку Самаско и неговата мајка живееле во 3-собната куќа од 1970-та година. Горе-долу во тоа време тие почнале да собираат злато. Самаско бил чуден според мислењето на соседите, многу ја мразел тамошната Влада.




Поука: голи сме дошле и голи ќе си одиме.

Не вреди животот да се потроши во собирање и чување земни богатства.






Изменето од Messenger - 18.Септември.2012 во 17:37
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
KINGDAVID Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Solomon's father

Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9420
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај KINGDAVID Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Септември.2012 во 23:32

                                    ПРИКАЗНА ЗА ПЕПЕРУТКАТА

Еден човек гледал како некоја пеперутка се мачи неколку часови да излезе од својот кожурец .

Не можејќи повеќе да гледа како пеперутката се мачи и се бори, одлучил да и' помогне. 

Земал ножици, го расекол кожурецот и пеперутката конечно излегла.

Човекот бил многу радосен што и' помогнал на пеперутката да излезе и сакал да види како пеперутката ќе почне да лета.

Но, тоа не се случило. Крилјата на пеперутката биле неразвиени, а телото и' било слабо.

Човекот продолжил да ја надгледува пеперутката , очекувајќи дека сепак некако крилата на пеперутката ќе се отворат, зголемат и рашират, и дека некако телото на пеперутката сепак ќе зајакне.

За жал, тоа не се случило.

Пеперутката целиот свој живот го поминала лазејќи наоколу со своето слабо тело и неразвиени крилја. 


Тогаш човекот сфатил дека иако имал добра намера, и' одмогнал на пеперутката. 

Тој не знаел дека тешкотиите со кои пеперутката се соочувала додека се мачела да излезе од кожурецот и' биле потребни , затоа што кога таа се борела, крвта од телото и' преминувала во крилјата така да кога ќе се ослободи ќе може да биде способна да лета.


Така е и во животот на луѓето.

 За да можеме да бидеме силни и издржливи во животот, понекогаш ни се потребни тешкотии и борби за да можеме духовно да раснеме и да станеме посилни и поспремни да се соочиме со  сите предизвици кои ни ги донесува животот. 






 



Изменето од KINGDAVID - 03.Септември.2012 во 23:34
   SOLI DEO GLORIA
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2012 во 12:14

ОРЕЛОТ И ПИЛИЊАТА

„И така, ако сте воскреснале заедно со Христос,
барајте го она што е горе!“ Кол. 3:1.

Еден селанец еднаш фатил едно младо орле, го врзал
со канап за ногата и го пуштил во својот кокошарник.
Не поминало многу време и орлето почнало да се
однесува како пилињата – научило да прета и да
колве по земјата! Птицата што некогаш владеела на
небото, сега била задоволна со понизниот живот на
една кокошка.

Еден ден, на гости кај селанецот дошол еден овчар
од високите планини, каде што живеат орлите. Кога
го здогледал орелот, овчарот му рекол на селанецот:
„Голема срамота е да ја чуваш оваа птица врзана во
кокошарникот! Зошто не ја пуштиш на слобода?“
Селанецот се согласил и го пресекол канапот. Но,
орелот си продолжил да прета и да колве низ дворот,
како и порано. Овчарот го зел орелот и го поставил
на еден висок ѕид. Првпат, по толку месеци, орелот го
здогледал небесното пространство и сјајното сонце.
Раширувајќи ги своите крилја, се вивнал во спирален
лет кон височините. Најпосле, повторно се однесувал
како орел.
Можеби, и ти си се одомаќил во кокошарникот на овој
свет, заборавајќи на своето небесно место како Божјо
дете. Напушти го својот грев и барај го она што е
горе! Како во случајот со орелот, сè уште не е доцна
повторно да се вивнеш во небесните височини!


„ОД НЕБЕСНИТЕ ВИСОЧИНИ,
ПОГЛЕДОТ КОН СВЕТОТ Е СОСЕМА ПОИНАКОВ!“
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Klara-D Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Klara-D Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Мај.2012 во 08:59
     Селски   Муабети 
 
Едно вредно семејство имало само едно магаре. Кога мајката, таткото и детето се враќале од својата нива, детето го качиле на магарето за да не оди пеш.


Тогаш целото село зборувало „како не му е срам на детето да ги остави родителите кои цел ден работеле уште да си ги мачат нозете!“.

Другиот ден мајката се враќала на магарето, но тогаш луѓето во селото зборувале „како не ѝ е срам на мајката, не ѝ е жал детето да оди пешки?!“.

Следниот ден таткото се качил на магарето, ама тогаш целото село зборувало „како може маж да дозволи неговата уморна жена и дете да се влечат пеш покрај него!?“.

Четвртиот ден сите тројца се стиснале на магарето, а луѓето биле вџашени - „Па, како не им е жал за кутрото магаре?!“.

Следниот ден сите тројца се враќале пешки, крај магарето, а селаните им се смееле - „Што глупави луѓе! Си имаат магаре, а цел пат се мачат пешки!“.

Поука извлечете си сами и обидете се барем денес да не коментирате туѓи магариња....!!!

Кон врв
alexa_1 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Април.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1378
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај alexa_1 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2012 во 19:38
Лебот и скапоценостите

Еден крал решил да даде дел од своето богатство за милостина.

Тој посакал да дознае што ќе се случи со неговиот дар. Затоа го повикал кај себе пекарот и му рекол да испече две векни леб. Во едната да стави скапоценостите, а другата да ја направи само од брашно и вода.

Пекарот требал да одбере двајца од своите муштерии и да им ги даде векните. Еден, кој бил добродетел и еден кој бил грешен.

Следното утро во пекарницата дошле двајца муштерии. Едниот бил облечен во дервишка руба и изгледал како вистински добродетел, иако всушност бил вистински грешник. Другиот пак, кој веднаш ги подал своите пари, пекарот воопшто не го сакал.

Пекарот му го дал лебот со скапоцености на дервишот, а обичната векна на другиот муштерија.

Кога ја зел својата векна, лажниот дервиш почувствувал дека таа е потешка од обично. Ја зел во дланките, ја опипал и кога ги почувствувал скапоцените камења помислил дека брашното не е добро замесено. Но кога го погледнал пекарот, неговото сурово лице, решил да не се буни и му се обратил на другиот купувач:

-„Ајде да се замениме со лебовите. Ми изгледа како да си гладен, а мојата векна е поголема од твојата!“

Другиот човек со смирен поглед му го дал својот леб на лажниот дервиш и го зел неговиот.

Кралот ја гледал случката од внатрешната одаја на пекарницата, но навистина не разбрал кој од нив е добродетел, а кој грешник.

Откако ги размениле лебовите, муштериите заминале. Кралот оставил се на Божјата воља.

Вистинскиот добродетел откако ги пронашол скапоценостите во лебот, ги употребил за добри дела.

- „Јас направив како што ми беше кажано!“ – рекол пекарот.

- „Судбината не е во нашите раце!“ – рекол царот.

- „Многу паметно постапив!“ – се радувал лажниот дервиш.
Човек гледа добро само со срцето, најсуштественото е невидливо за очите.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2012 во 16:19
Амин!

Моментот на смртта е последната шанса за човековото просветлување...

... пред да почине татко ми, осознавајќи ја илузијата на световниот живот во кој тој толку многу веруваше, ми рече - "животов бил лук и вода".

Блажени се оние кои тоа го осознале уште додека се млади.



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2012 во 15:26
Се надевам нема да бидам офтопик со приказнава,
но ептен ми се допадна и морав да ја постирам.да

Мудра приказна: Богатство за еден час

Еден човек работел цел живот и многу штедел, па собрал цело богатство, сонувајќи како еден ден кога веќе нема да работи, ќе го потроши на уживање и на размислување како најдобро да ги вложи парите.

Одеднаш, пред него се појавил Ангелот на смртта кој дошол по неговиот живот.

Човекот заплакал, очаен и навел илјада причини за да може барем уште малку да поживее, но Ангелот не попуштал.

Подари ми само уште три дена и ќе ти дадам половина од моето богатство“ – го преколнувал човекот, но ангелот ги игнорирал неговите зборови и го повлекол за раката.

Подари ми само уште еден ден, те молам, и сето она што сум го стекнал со толку многу напор и пот ќе биде твое“.

Но, Ангелот воопшто не обрнал внимание на неговите зборови.

Човекот на крајот успеал да го убеди барем да го остави уште неколку минути за да напише една порака:

Кој и да ја пронајде оваа порака, ако има доволно за живот, нека не губи време на собирање и трупање богатство, туку нека ужива! Јас со сето мое богатство не успеав да купам ниту еден час живот!

Кога ќе умре милионер луѓето прашуваат: „Колку пари оставил?, логичниот одговор е: „Сè“


»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2012 во 11:33


МОЈАТА НОВА КУЌА


„Животот на човекот не зависи од изобилието на неговиот имот“ Лука 12:15.Тајната на задоволството е да бидеш задоволен таму каде што си и со тоа што го имаш. Самото богатство никогаш не носи среќа. Јаков вели дека Бог „ги избра сиромасите од овој свет да бидат богати во верата и наследници на царството“ (Јаков 2:5).
Павле бил среќен човек, бидејќи научил да биде задоволен од сè (Фил. 4:11). Тој, натаму вели: „Голема печалба е да биде човек благочестив и задоволен...“ (1Тим. 6:6). Тој не барал многу, зашто вели: „Кога имаме храна и обле-ка, со тоа да бидеме задоволни“ (1Тим. 6:8). Натаму, во Библијата се вели: „Бидете задоволни со она што го имате“ (Евр. 13:5).
Еден свештеник минувал низ сиромашно црнечко предградие и на покривот на една шупа, во која, очигледно, живеело некое семејство, го забележал домакинот како ја чита Библијата. Го прашал која книга ја чита, на што старецот му одговорил: „Добрата книга!“ А на прашањето што чита од „Добрата книга“, старецот одговорил: „Читам за новата куќа што се гради за мене и моето семејство, горе на небото. Господине тоа ќе биде куќа, вистинска куќа!“ Како да сакал да каже дека не се грижи што уште малку време ќе живее во шупа, наскоро го очекува небесна палата во Божјиот Дворец. На лицето на старецот се огледувало задоволство и среќа.
Свештеникот раскажува како си заминал засрамен, но и благодарен за оваа необична проповед за задоволство и во најголема сиромаштија.

„НЕЗАДОВОЛСТВОТО НЕ ДОАЃА ЗАТОА ШТО МНОГУ НИ ТРЕБА, ТУКУ ЗАТОА ШТО МНОГУ БАРАМЕ“.
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Март.2012 во 11:22

МРТОВ ДОКАЗ“


„Умртвете ги своите земни членови, односно пороците... “ (Колос. 3:5)


Во Библијата се вели дека христијаните треба да се однесуваат така што ќе покажат „мртви докази“ за својата жива вера. Секојдневно треба да се трудат да ги умртвуваат оние телесни желби и пороци кои го компромитираат името што го носат (христијани).

Неодамна се потсетив уште еднаш на тоа дека пороците можат да бидат лоша реклама за Евангелието што го разгласуваме. Патував со еден човек кој веднаш ме праша каква е мојата животна филозофија. Му реков дека јас сум христијанин. На тоа и тој се пофали дека и самиот е христијанин, па дури ми цитираше некои стихови од Библијата.
Меѓутоа, проблемот беше во тоа што тој мој сопатник беше мртов пијан! Тоа зборуваше гласно, па можеа да го чујат сите, се изјаснуваше дека е христијанин, ме натера само да се срамам пред луѓето наоколу. Неговото однесување и мирисот на алкохол што се ширеше од целото негово тело, беше најдобрата антиреклама за христијанството.


Колку често веродостојноста на христијанството е доведена во прашање поради нашето неуредно живеење и однесување! Немаме право да очекуваме од луѓето да веруваат во пораката што ја разгласуваме, ако со своето однесување ја компромитираме. Секој христијанин треба да се заложи да живее во сообразност со тоа што го проповеда. И да ја користи силата на Светиот Дух која му е ставена на располагање не за сензации, туку за умртвување на своите несвети пороци. Само со такви „мртви докази“ се потврдува живата вера.


„ЧОВЕК КОЈ ДАВА ДОБАР СОВЕТ, А ЛОШ ПРИМЕР, Е ИЗГУБАНА ИНВЕСТИЦИЈА!“
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Март.2012 во 11:22

Вистински настан


Ова е вистински настан за осмогодишно девојче кое знае-ло дека љубовта може да биде чудна.
Нејзиниот мал брат морал да умре поради туморот на мозокот. Родите-лите биле сиромашни, но го заложиле целиот свој имoт се со цел да го спасат.
Една вечер таткото и кажал на натажената мјка: „Вака повеќе не може. Мислам дека дојдовме до крајот, него може само чудо да го спаси.“
Девојчето сето тоа го слушало прикриена зад вратата. Потрчала во својата соба, ја скршила својата мала каса и тивко отишла во најблиската аптека,трпеливо чекала, а кога дошла на ред, се издолжила на нејзините прсти и пред аптекарот ги истурила сите ситни пари што ги имала.
„Што би ти сакала, душо?“ „Тоа е за мојот брат, господине, многу тешко е болен. Дојдов да купам чудо.“ „Не те разбрав доволно“, рекол аптекарот.
„Се вика Андрија. Има нешто што му расте на главата, тато рече дека е готов, дека може само чудо да го спаси. Јас многу го сакам мојот брат, затоа ги донесов сите пари да купам чудо.“ Аптекарот тажно се насмевнал и рекол: „Но ние не продаваме чуда.“ „Ако немам доволно пари, можам уште да побарам. Колку чини едно чудо?“ Во аптеката се затекнал висок и посебен човек со озбилнио лице кој со интерес го слушал разговорот. Додека аптекарот немоќно ги ширил своите раце, девојчето си ги собирало своите пари.
Високиот човек и пришол и ја запрашал: „Зошто плачеш? Што се случило?“ „Господинот аптекар не сака да ми продаде чудо и не сака да ми каже колку чини тоа чудо. Тоа е за мојот брат Андрија, кој е многу тешко болен. Мајка ми вели дека треба да оди на операција, а тато вели дека немаме пари да ја плати операцијата и затоа тој рече дека само може чудо да го спаси брат ми.
Јас донесов се што имам.“ „Колку имаш?“ „Еден долар и единаесет центи ... Но знаете“, прозборела тивко, „јас можам да побарам уште...“
Човекот се насмевнал.. „Мис-лам дека нема да треба.Чудото за твојот брат чини точно еден долар и единаесет центи!“ Со едната рака ги собрал ситните пари а со другата рака нежно ја загрлил и ја повеле со себе.
„Одведи ме дома кај твоите“, рекол, „сакам да го видам твојот брат и да разговарам со татко ти и мајка ти. Можеби ќе најдеме чудо што им е потребно.“ Девојчето се насмевнало не кажувајќи ништо., таа знаела дека тоа чудо чини еден долар и единаесет центи.
Овој човек бил најпознатиот хирург во тоа место. Детето било успешно оперирано. Секако, и љубовта и верата на сестра му на Андрија се засметани во цената...
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
Blagoj_s Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 28.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3057
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blagoj_s Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2012 во 21:45


Последното возење


Пред дваесетина години возев такси за да заработам за живот. Еднаш, добив повик да земам патник сред ноќ. Пристигнав пред една зграда која беше потоната во мракот, освен еден мал прозорец на приземјето, низ кој се пробиваше слаба светлина.

Во вакви околности, повеќето возачи само ќе ѕирнеа, ќе почекаа не повеќе од минута или две, а потоа ќе заминеа. Но, сум видел многу сиромашни и беспомошни луѓе кои немаа избор освен да земат понекогаш такси. Па, иако ситуацијата мирисаше на опасност, јас сепак отидов до вратата. Можеби на патникот му е потребна мојата помош – си помислив и тропнав.

“Само една минута” – ми одговори старечки, изнемоштен глас.

Можев да слушнам како нешто се влече по подот. По долга пауза, вратата се отвори. Пред мене стоеше една ситна старица во нејзините 80 – ти години. Беше облечена во фустан со шари, а во раката држеше најлонска кеса.

Станот изгледаше како да не живеел никој со години. Мебелот беше прекриен со чаршафи. Немаше часовници на ѕидовите, ниту предмети на полиците. Во аголот имаше кутија, исполнета со стари фотографии и стаклени предмети.

“Ќе ми помогнете ли да ја однесам мојата торба до автомобилот?” – рече таа. Ја однесов торбата до автомобилот, а потоа се вратив да и помогнам на старицата. Ја зедов под рака и полека се движевме по работ на тротоарот. Таа почна да ми се заблагодарува што и помагам.

“Тоа не е ништо – велам јас. Јас едноставно се обидувам да ги третирам сите жени, онака како што би сакал и мајка ми да биде третирана”

“Ох, па ти си навистина добро момче” – рече таа. Кога ја сместив на задното седиште, старицата ми подаде лист со адреса и ме праша дали може да возам низ центарот на градот.

“Но, тоа е подолгиот пат” – и одговорив брзо.

“Не ми пречи, јас и онака никаде не брзам” – ми одговори, a јас видов во ретровизорот дека очите и се полни со солзи.

“Јас немам семејство. Многу сум болна и лекарот рече дека нема да живеам долго” – почна да зборува.

Јас го исклучив таксиметарот и прашав: “Покажете ми каде сакате да ве возам?”

Следните два часа возевме низ градот. Таа ми ја покажа зградата во која некогаш работела. Возевме низ соседството каде таа и нејзиниот сопруг живееле кога биле млади. Ме однесе до еден стар магацин за мебел, кој некогаш бил сала за танцување и каде таа била најпопуларна девојка, која преубаво танцувала. Ми раскажуваше за минатите денови, за нејзината младост, а очите и искреа како повторно да ги преживува најубавите моменти од нејзиниот живот. Понекогаш ќе ми речеше да застанам покрај некоја зграда или агол, а таа седеше во тишина, не изустувајќи ништо.

Кога се појави првиот зрак на утрото, над хоризонтот тивко ми рече: “Уморна сум, ајде да одиме сега”.

Возевме во тишина до адресата што ми ја даде.

Пристигнавме пред една ниска градба, со патека која водеше до голем трем. Две болничарки излегоа од куќарката, веднаш штом застанавме. И помогнаа да излезе и внимателно ја седнаа во инвалидска количка. Јас и ја подадов најлонската торба, а таа ме праша:

“Колку ти должам?” – завирувајќи со збрчканата дланка во торбата.

“Ништо” – реков.

“Но треба да заработиш за живот” – ме прекори.

“Постојат и други патници” – се намевнав.

Речиси без размислување, се наведнав и ја прегрнав. Таа ме држеше цврсто.

“Ти и даде на една старица момент на радост. Ти благодарам.” – прошепоти.

Ја стиснав нејзината изнемоштена рака уште еднаш, а потоа таа влезе во куќарката. Зад нејзе се затвори вртата. Тоа беше звукот на затварање на еден живот.

Повеќе не качив ниеден патник, тој ден. Возев бесцелно, изгубен во мислите. Остатокот од денот го поминав во молчење и тишина. Што ако таа старица налеташе на некој нервозен возач или некој нестрплив да ја заврши својата смена? Што ако не тропнев на вратата и си заминев, без да ја почекам? Чувствував како никогаш да не сум сторил ништо поважно во мојот живот. Ние мислиме дека сме среќни кога животот се врти околу нашите убави моменти. Но најубавите случувања се секогаш поврзани со другите. Можеби не дочекуваат неспремни, можеби за нас се само ситница, но некому му значат се.

Затоа свртете се околу себе. Таму секогаш има некој на кој му треба вашата помош. Тоа не мора да е нешто големо… може да е убав збор, прегратка, насмевка или стисок на старечка рака. Така ќе знае дека не е сам, а тоа живот значи!

* Вистинита приказна, раскажана од таксистот Kent Nerburn
www.myspace.com/sblagoj
Кон врв
goran-twin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 02.Јануари.2012
Статус: Офлајн
Поени: 385
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај goran-twin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Февруари.2012 во 13:06
ГОЛЕМО ЧУДО НА МАЈКАТА БОЖЈА

Декември 2004 година, Саудио-арабиец, муслиман, се појави пред неколку новинарски агенции, за да ја раскаже следнава неверојатна приказна, која ја доживеал и која го променила неговиот живот (Оваа приказна е пренесена преку ТВ и радио-станици, интернет и е раширена преку сите медиуми ширум цела Саудиска Арабија, Сирија, Палестина и се разбира, во сите соседни држави.
Пред неколку години овој човек се оженил со многу богата муслиманка, но неплодна. Како што минувале годините, и покрај сите нивни напори и големи медицински трошоци (со многу лекари), тие останале бездетни. Неговите родители го советувале да се ожени со друга жена (бидејќи локалниот закон дозволувал четири брака). Иако изморен од сè, загрижен и скршен тој не го прифатил родителскиот совет, туку со својата жена, отпатувал на одмор во Сирија. Таму изнајмиле автомобил со возач кој воедно бил и водач по местата кои планирале да ги посетат. Како што одминувал одморот, возачот забележал дека парот е полн со горчина, страдање и жалост. Зближувајќи се со нив, тој плашливо ги прашал зошто изгледаат така потиштено – да не е тоа, затоа што се незадоволни од неговата услуга? Парот му се доверил на возачот, дека причина за нивната тага е тоа што не можат да имаат деца. Тогаш возачот им рекол, кој исто така бил муслиман, дека во Сирија православните христијани, имаат манастир на Пресвета Богородица и многу луѓе кои немаат деца наоѓаат прибежиште кај Нејзината чудотворна икона. Тие одат во манастирот и добиваат масло од кандилото кое гори пред чудотворната икона. А потоа „Марија“ им дава на христијаните според нивната вера, сè што тие сакаат.

Очигледно возбудени Саудио-арабиецот и неговата жена го замолиле возачот да ги однесе во манастирот „Владичица на христијаните“ во Сајданај и му ветиле: „Ако добиеме дете, потоа ќе се вратиме овде и ќе ти дадеме тебе 20.000 долари, а на манастирот 80.000 долари.
Тие отишле во манастирот и направиле како што им било кажано. Подоцна, се вратиле во својата татковина и по некое време, жената останала бремена. Неколку месеци подоцна таа родила прекрасно момче. Тоа е вистинско чудо на нашата Владичица Богородица!

Набрзо, бидејќи неговата сопруга се породила, Саудио-арабиецот се вратил во Сирија за да го исполни ветувањето кое го дал. По неговото доаѓање тој му се јавил на истиот возач и го замолил да се најдат на аеродромот во Дамаск. Но, возачот, лукав и расипан, убедил двајца свои пријатели да дојдат со него на аеродромот, да го пречекаат богатиот Саудио-арабиец, да му ги земат парите и да го убијат. Додека го возеле, не знаејќи дека планираат да го убијат, им ветил на пријателите на возачот дека ќе им даде по 10.000 долари. Тие незадоволни од тоа, свртеле од патот кој води до манастирот, отишле на едно пусто место и го убиле Саудио-арабиецот, му ја отсекле главата и ги исекле на парчиња останатите делови од телото (раце и нозе). Заслепени од страв и совладани од ужасниот чин, кој штотуку го извршиле, тие ги ставиле неговите телесни остатоци во багажникот на автомобилот, плашејќи се да ги остават таму. Откако ги зеле неговите пари, часовник, и сè што имал, тие барале уште поосамено место за да го фрлат телото.

На главниот пат, среде патување, нивниот автомобил се изгасил. Тројцата мажи излегле да утврдат зошто се изгаснал моторот. Еден поминувач застанал да им помогне, но тие, уплашени да не се открие нивното страшно злосторство, се направиле дека не им треба никаква помош. Поминувачот заминувајќи забележал дека капе крв на задната страна од автомобилот и повикал полиција да провери бидејќи целата таа ситуација, со тројцата мажи, му изгледала многу сомнителна.
Пристигнала полицијата и видела крв под автомобилот на патот, и им наредила да го отворат багажникот. Кога го отвориле багажникот, што ќе видат: Саудио-арабиецот излегол надвор, повеќе од очигледно и чудесно, жив и полн со сила и им рекол: „Токму сега, ПРЕСВЕТАТА заврши со шиењето на мојот врат, овде десно (покажувајќи им го местото на своето Адамово јаболко), откако претходно заврши со останатите делови од телото“.
Гледајќи го ова, тројцата криминалци веднаш го изгубиле разумот – полуделе. Полицајците ги привеле, а криминалците почнале да пелтечат како е можно Саудио-арабиецот, кого што го убиле, му ја отсекле главата, повторно да биде жив.

Саудио-арабиецот дошол на клиника да ги помине испитувањата на лекарите, кои потврдиле и посведочиле дека шевовите кои биле направени се многу совршени и нови, па тоа го потврдило чудесниот настан. Шевовите биле, а и уште се видливи!
Кога Саудио-арабиецот излегол од багажникот тој се видел себеси буквално, повторно составен, и тој непрестајно го тврди и исповеда тоа – дека ПРЕСВЕТАТА го вратила неговото тело и го воскреснала со помош на Нејзиниот Син.

Веднаш потоа, ги повикал своите роднини да дојдат во Сирија, и тие отишле заедно во манастирот „Пресвета Сајданајска“ и принеле молитви, пофалби и славословија, и наместо првичниот дар од 80.000 долари (како што ветил), сега дал 800.000 долари на Пресвета Богородица.
Денес, кога овој човек зборува во детали за ова огромно чудо, тој ја почнува својата приказна со зборовите: „Кога бев муслиман, ми се случи ова…“ што покажува дека тој веќе не е муслиман, ниту било кој во неговото семејство.
Ова чудо го вчудовиди целиот арапско-муслимански свет и целиот Блиски Исток.
ОЖИВУВА ГОСПОД НАШИОТ БОГ, И ДАВА СЕКОМУ СПОРЕД НЕГОВАТА ВЕРА!
Кон врв
*moon* Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 7657
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај *moon* Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Февруари.2012 во 01:41
MNOGU POUCNA...ZAVISI OD CITACOT
Ако го победиш моментот ти си најсилниот човек на светот
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.