IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - како да ја препознаеме вистинската религи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

како да ја препознаеме вистинската религи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 10>
Автор
Порака Обратен редослед
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: како да ја препознаеме вистинската религи
    Испратена: 08.Јуни.2009 во 13:10
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

...
Добро, кога го рече тоа помислив дека истото се однесува само на сегашниве религии. Е сега, кога убаво си кажа(вте) ти (и Спирос) за вашето видување на вашите сопствени религии, што мислите, дали и припадниците на другите религии (поранешни и денешни) мислат исто како вас, дека токму нивните вери (теологии) се оние вистинските?

Тоа е така и во ред, за на крајот да излезе на виделина која вера е ВИСТИНСКА ЉУБОВ а која само човечка (или ангелска) егоистичка конструкција!

Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2009 во 08:17
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

Не ми е јасно од како си добил впечаток дека јас длабоко во себе сум согледал дека нешто не "штима" во мојата вера (немој религија те молам)...

Тоа го заклучив од твоето големо познавање на теолошкото учење. Сметав дека кога човек толку многу е завлезен во некоја област, не ја прима таа материја здраво за готово (како другите понеупатени верници), туку има прилика да прави по длабоки анализи, за да ги спознае како позитивните, така и негативние работи.
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

... Мислам дека во мојот одговор го опфатив и тоа прашање кога ти реков дека јас верувам дека само христијанската вера е вера во вистината, а сите други се лажни. Нивните верници си верувале дека тие религии се вистинити, дека нивните богови се реални, ама јас верувам дека тие биле лажни. Не знам што повеќе од ова очекуваш да ти одговорам.

Добро, кога го рече тоа помислив дека истото се однесува само на сегашниве религии.
Е сега, кога убаво си кажа(вте) ти (и Спирос) за вашето видување на вашите сопствени религии, што мислите, дали и припадниците на другите религии (поранешни и денешни) мислат исто како вас, дека токму нивните вери (теологии) се оние вистинските?
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2009 во 23:41
Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:


...Искрено, сакам да знам што мислиш за тие поранешни, сега веќе изумрени, религии и за луѓето кои верувале во нив!


Сите догми, религии, системи, заедници, ... што несе вистински втемелени во СОВРШЕНАТА ЉУБОВ БОЖЈА, порано или покасно ќе паднат во дупка!

Кој се противи на ВИСТИНАТА, тој ќе биде превоспитан од *Животот!

Знаете Кој е *Животот?
Знаете Кој - во својата пасивност - ги руши догмите, системите, кралевствата, религиите, ... што и се противат на ЉУБОВТА?


Зошто се *бунат народите, и племињата смислуваат лоши работи?
Се креваат царевите земски, и кнезовите се собираат заедно против Господа и Неговиот Помазаник.

    




Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2009 во 23:39
...

Изменето од spiros - 06.Јуни.2009 во 23:42
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2009 во 12:48
Не ми е јасно од како си добил впечаток дека јас длабоко во себе сум согледал дека нешто не "штима" во мојата вера (немој религија те молам).
 
Мислам дека во мојот одговор го опфатив и тоа прашање кога ти реков дека јас верувам дека само христијанската вера е вера во вистината, а сите други се лажни. Нивните верници си верувале дека тие религии се вистинити, дека нивните богови се реални, ама јас верувам дека тие биле лажни. Не знам што повеќе од ова очекуваш да ти одговорам.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јуни.2009 во 12:26
Originally posted by EvAngelos EvAngelos напиша:

... Секој си верува дека неговата вера е најдобрата, инаку зошто би останал во неа,...  Јас, како христијанин, верувам дека христијанската вера е вистинита т.е. вера во вистината, а сите други се лажни. Колку и да ти изгледа ова "нетолерантно", во секој друг случај би те излажал среќа

Убаво е што признаваш дека мислиш дека твојата вера е онаа вистинската. Тоа си е твое право и никој неможе да ти го оспори. Но, сепак мислам (да не речам убеден сум) дека длабоко во себе, сепак согледуваш дека има нешто што не „штима“ во твојата религија (како и во другите). Овој впечаток го добив од твоето познавање на теологијата. Неможе човек како тебе, со такво студирање на една теолошка доктрина, да не воочи некој недостаток. Е сега, дали за тоа јавно ќе се произнесеш или не, реков, тоа си е твоја работа. Во тоа во што јас верувам, си признав, ги има тие недостатоци кои ги наведов! Но, морам да признам дека се чудам зошто ти (и др. верници) не признавате за недостатоците на вашите вери? Нели е малку симптоматично ова?

И, btw. не ми одговори на прашањето под Р.Ѕ. од мојот претходен пост! Искрено, сакам да знам што мислиш за тие поранешни, сега веќе изумрени, религии и за луѓето кои верувале во нив!
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 23:58
Шалом алеихем, Евангелос!

Сите пагански вери што свестно или несвестно упатуваат на СОВРШЕНАТА не се потполно лажни, но за жал и не се потполно совршени како што тоа беше и е ХРИСТОВАТА!




Originally posted by Zlatnik Zlatnik напиша:

... Но ете, и покрај вербата во безграничната љубов кон погоре наведените, сепак, поради разни причини (мои, нивни или од трети лица), доаѓа до разделување со девојката (жената) или децата...


Како можеме да ја препознаеме вистинската религија?      
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 19:42

Интересна вера Златник, ти благодарам што ја сподели со нас големо%20гушкање

Секој си верува дека неговата вера е најдобрата, инаку зошто би останал во неа, освен ако не му е вперен пиштол или нож под грклан од некој друг, но дури и тогаш, само надворешно ке верува, а внатрешно не.
Јас, како христијанин, верувам дека христијанската вера е вистинита т.е. вера во вистината, а сите други се лажни. Колку и да ти изгледа ова "нетолерантно", во секој друг случај би те излажал среќа


Изменето од EvAngelos - 05.Јуни.2009 во 19:42
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 18:54
Е ај, накратко!намигнување

Верувам во машини.
  • Седнувам во автомобил и знам дека е добар (мотор, волан, менувач ...) и верувам дека ќе ме однесе на саканото одредиште (инаку не би ни седнал во негоплазење)
  • На работно место машината е исправна, беспрекорно работи и имам верба дека работата ќе се зврши на време
Но ете, и покрај мојата сигурност и верба во нив, може да се случи да откаже моторот или менувачот на автомобилот или некој дел на машината.
Верувам во љубов
  • ја сакам девојката (жената) со целото свое срце. Таа моја љубов  е несебично возвратена (еееххх, барем верувам дека е така мечтаење)
  • го сакам сопственото дете повеќе од мене
Но ете, и покрај вербата во безграничната љубов кон погоре наведените, сепак, поради разни причини (мои, нивни или од трети лица), доаѓа до разделување со девојката (жената) или децата.
Верувам во морал
  • не сакам некого да навредам
  • пристојно се однесувам секогаш и секаде
Но ете, поради мојата субјективност во оценување на исправноста на некои мои постапки, сум придонел кон нанесување навреда кон некого или поради нечие однесување и јас некултурно сум се однесувал во дадена ситуација
Верувам во другарство
  • верувам во другарот, односно во неговите карактерни особини кои на некој начин се слични со моите
  • прифаќање на другарот без некоја користољубива причина (да очекуваш утре тој да ти возврати за некоја твоја моментална услуга)
Но ете, и покрај вербата во тие начела на другарството сепак доаѓа до разделување на другарите

Како што гледаш, таа е реалноста во која јас живеам, тоа во што јас верувам има негативни страни. Но иако има и такви моменти, кога се губи предметот на верба, јас и понатаму верувам во истите. Не давам да ме поколебаат одделни случаи. А ти (претпоставувам и другите верници) велиш дека она во што ти веруваш е безгрешно! изненадување

Р.Ѕ. Што мислиш, дали асирците, египјаните, елините, римјаните, словените ... верувале дека нивните религии имале недостаток, негативност? Или пак сметале дека се беспрекорни, безгрешни, без недостаток, со еден збор за нив тие биле идеални? И тие верувале во тоа дека токму нивните богови се оние вистинските и верувале дека токму нивните религии ќе бидат вечни! И? Каде е сега таа нивна „идеалност“?размислување
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 15:09
Златник, никој не рече дека атеистичките верувања се во ист кош со теистичките, но сепак и едните и другите се верувања и затоа, доколку едните подлежат на критика, зошто да не подлежат и другите?
Свесен сум дека сите атеисти не веруваат во исто и дека меѓу нив си има различни вери, но затоа јас не прашав во множина, туку те прашав тебе како индивидуалец кои се негативните работи во твојата вера?
Какви машини, каков човек, тоа не се објекти за вера. Можеш ти да кажеш дека ти веруваш дека машините ќе го заменат или нема да го заменат човекот. Можеш да кажеш дека веруваш дека моралот постои, непостои, дека е апсолутен, релативен, дека љубовта постои, дека е условна или безусловна... ете вака од прилика треба да си ги дефинираш своите верувања, а не да кажеш само "веруваш во машините" среќа Што веруваш за или околу нив? Дека постојат? Па и животните знаат дека постојат, тоа не е вера.
Верата стапува на сцена кога се подигнуваат прашања од минатото, од иднината или пак од сегашноста за работи кои не ги гледаме, кои ни се недостапни за сетилата, или не се до крај недефинирани, испитани и сл.
Па така ти можеш да кажеш: Јас верувам дека светот настанал некоја експлозија во минатото, дека вечно постои, дека настанал од ова или она, дека го посрала некоја кокошка, било што.. тоа се вика изјава на вера. Или пак можеш да кажеш дека веруваш во повеќе опции, можеш да кажеш дека веруваш дека тоа прашање е недостапно за човекот. Некој верува дека тоа прашање е достапно, некој верува дека не е . Сето тоа е вера.
Слично можеш да веруваш и за иднината. Да веруваш дека светот оди во оваа или во онаа насока. Дека по смртта настапува ова или она. Ете такви работи се веруваат, а не машините, човекот среќа
 
Ајде сега, ако си расположен, кажи ни во што веруваш за горните прашања или слични на нив, и кои се негативните работи во таа вера. Бујрум.


Изменето од EvAngelos - 05.Јуни.2009 во 15:10
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 14:51
Значи да си „писнеме“ сега сите да си пишуваме за тоа во што веруваме, а кое не е бог!? збунетостизненадување
Еве јас верувам во машините, на пример. Или во човекот. Или во моралот, другарството, љубовта ... И сега треба да пишувам за нив?ма%20ајде Јасно е поставен насловот на темата. Се знае за што се мисли под „религии“. А и да зборуваме за тие нетеистички верувања, сепак тие не би можеле да се сведат во ист кош со теистичките верувања, бидејќи тие „норми“ на верување, на однесување не се пишани. Овие верувања секој си ги доживува за себе, како тој лично си ги чувствува. Значи, овде нема некоја општоприфатена пишана доктрина која секој треба слепо и без поговор да ја следи, како што е случај кај теистичките учења.
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 14:33
Златник, јас знам дека ти веруваш дека Бог не постои. Не те ни повикувам да кажуваш негативни работи за Бог, туку те повикувам да кажеш негативни работи за својата вера во тие други работи што не се Бог нели. Темава не е ексклузивна за Бог, туку е општа.
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 14:26
Не ни очекував некој верник да каже дека има некоја (барем една) негативна работа во сопствената вера. Токму затоа и го поставив прашањето, да видам колку сте самокритични, колку сте реални.

Бидејќи порано реков дека јас верувам во многу други работи, можам да кажам негативни работи за нив. Но, затоа што не верувам во постоењето на бог, не би имало никаква основа, не би било логично да кажувам нешто негативно (или позитивно) за нешто во што не верувам. Едноставно, во неверувањето (за разлика од теизмите) нема некоја доктрина (како да не верувашглупчо), па да се наоѓаат нејзини слаби (негативни) точки.

Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
EvAngelos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Doulos Evangelos

Регистриран: 28.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9913
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај EvAngelos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јуни.2009 во 13:50
Zlatnik, а можеш ли ти да кажеш некоја негативна работа од твојата вера?
Јас ете за себе ќе си кажам, во мојата христијанска вера нема негативни работи (за верата зборам, а не за нејзините вакви или онакви практиканти). Ете јас за себе кажав, ајде сега тебе да те чуеме. Има иили нема во твојата вера негативни работи?
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 10>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.