|
Дали сте знаеле дека...??? |
Внеси реплика | страница 123 9> |
Автор | |
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 18.Април.2014 во 22:21 |
Дали сте знаеле дека.....
При гушкањето се ослободува хормонот "Oxytocin", а тој ја зголемува довербата помеѓу гушнатите...... |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дали сте знаели дека -
кои се петте најпаметни животни после човекот ? 1.Шимпанзе 2.Делфин 3.Орангутан 4.Слон 5.Гавран
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
04.03.2014 беше светскиот ден на палачинките?
|
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Најдосадните работни места на светотЕве ја листата на најдосадните. Ќе приметите дека на пример популарниот маркетинг се наоѓа на високото четврто место.
|
|
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
- Ако умрете во Амстердам без најблиските и никој не дојде на вашиот
погреб, поет ќе напише песна за вас и ќе ја рецитира на вашиот погреб.
- Главниот преведувач во европскиот парламент, Лоанис Икономоу, течно зборува 32 светски јазици. - Норвешка добива 98-99% од својата електрична енергија преку хидроцентрали, повеќе од која било друга земја. - На Фејсбук постојат околу 30 милиони профили на луѓе кои се починати. - Диктаторот Сталин толку го мразел својот син, што кога тој безуспешно се обидел да се самоубие, Сталин искоментирал „Тој не може ни да пука право“. За време на војната кога неговиот син бил киднапиран од страна на Германците, Сталин ја одбил размената со војници за да го врати назад. - Помеѓу 1939 и 1989 во Шпанија биле украдени околу 300.000 новороденчиња од страна на поврзана мрежа за криминал, која се состоела од доктори, медицински сестри, свештеници и калуѓерки. Тие им кажувале на родителите дека нивните деца умреле. |
|
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ОРГИНАЛНИОТ ЏЕЈМС БОНД ПУШЕЛ МАКЕДОНСКИ ТУТУН Повеќето од оние кои што некогаш слушнале за најпознатиот таен агент во светот Џејмс Бонд, веројатно знаат дека тој поседува дозвола за убивање, постојано е опкружен со убави жени и обожава да пие вотка мартини. Сепак за нас Македонците многу поинтересна е една друга, не толку позната негова навика. Во романите за овој таен агент, повеќе пати, е спомнато дека Бонд е и страстен пушач, и тоа не на било какви, туку на На почетокот од „Мунрејкер“, третиот по ред роман за агентот 007 кој што има и филмска верзија со Роџер Мур во главната улога, цигарите кои што ги пуши Џејмс Бонд се детално опишани: „Бонд ја извади својата црна бронзена кутија за цигари и својата црна оксидирана Ронсон запалка и ги стави на полицата покрај него. Тој запали цигара, една од оние со македонска смеса тутун, со три златни прстени на крајот, кои што Морландс од улицата Гросвенор ги произведуваше за него…“ Ваквите цигари се екстра јаки, со повисока количина на никотин од обичните и немаат филтер. Македонската смеса за цигарите се состоела од турски и балкански тутун, од кои последниот веројатно бил произведуван во Македонија по што и смесата го добива називот. Во металната кутија на Џејмс Бонд собирало вкупно 50 од овие цигари. Дека тој пуши цигари произведени од Морландс е спомнато и во воопшто првиот роман од серијалот за него „Казино Ројал“, а според романот „Тандербол“ од 1961 година, навиката да пуши цигари Бонд ја стекнал во своите тинејџерски години. И самиот креатор на агентот 007, писателот Иан Флеминг, уште од триесетите години на минатиот век пушел исти такви рачно изработени цигари, кои што исто како Џејмс Бонд, ги набавувал од Морландс, специјализирана продавница за тутун од улицата Гросвенор број 83, во Лондон. Трите златни прстени на цигарите биле поставени за време на Втората светска војна за да корелираат со командантскиот чин на Флеминг, чин кој што го има и неговата креација Џејмс Бонд. Иан Флеминг пушел и до 80 цигари на ден, што се смета дека е главна причина за неговата смрт. Сепак случајот со Џејмс Бонд е малку поинаков, па така навиката да пуши нему дури и му го спасува животот. Во романот „Од Русија со љубов“ единствена пречка на патот на куршумот наменет да заврши во неговото срце е металната кутија со цигари и една книга. Во филмските верзии со Шон Конери во главната улога, иако Бонд пуши цигари, тоа не е ни приближно колку што е опишано во романите на Иан Флеминг. Традицијата на пушење цигари ја продолжува и Џејмс Бонд на Џорџ Лејзенби, како и оној толкуван од актерот Тимоти Далтон. Со преземањето на главната улога од страна на Роџер Мур, наместо цигари, Џејмс Бонд започнува да пуши пури. Мур дури и во својот договор со продуцентите издејствувал да биде вметната посебна клаузула со која што би му се овозможила бесплатна достава на пури за време на снимањето. Во времето кога Иан Флеминг ги пишувал романите за Џејмс Бонд пушењето било сметано за џентлменска навика, но денес, кога штетното влијание на цигарите е докажано, ситуацијата е многу поразлична. Па така Бонд интерпретиран од Даниел Крејг, како и од Пирс Броснан претходно, воопшто и не пуши. За оваа одлука на продуцентите, самиот Крејг има изјавено: „Можам да разнесам нечија глава, но не смеам да запалам добра пура.“ |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Знаете ли кои се најпопуларни имиња на Балканот?Истражувањата во земјите на западен Балкан покажале дека Драган, Амар, Лука, Иван, Милица, Амина, Лана, Марија и Јелена се најзастапени имиња во овој дел на светот. Во Босна и Херцеговина се најзастапени Амар и Лука, а женски Амина и Марија. Во Хрватска најчесто на децата им се даваат имињата Лука, Иван, Марко, Лана, Миа и Луција. Во Црна Гора пак најпопуларни се Марко, Никола, Јелена и Милица. Најраспространети имиња во Македонија се Александар, Зоран и Никола а од женските имиња доминираат Марија, Биљана и Елена. Во Словенија се Лук, Ник и Жан, додека девојчињата најчесто го добиваат името Ева, Сара и Лара. |
|
viktorija123
Сениор Nishto Posebno, tuku EDNO Регистриран: 04.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 7300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
... i kje im treba srekjata...
|
|
There is no doer..... But if you have one, let him do self-inquiry.
|
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДЕНЕС Е ОФИЦИЈАЛНИОТ ДЕН НА МАЖИТЕ
Немавме поим, дека и мажите имаат свој 8. Март. Да, имаат, но тој се вика 19. Ноември, односно денес е интернационалниот Ден на мажите. За прв пат почнува да се празнува во 1999 година и тоа во Тринидад и Тобаго, а потоа добива свои локални организации и во други земји, како на пример, Островот на мажите, ако може да го сметаме и ние за официјална земја, како што тоа го прави Википедија. Овој ден, на некој начин е признаен и од УНЕСКО, бидејќи госпоѓа Ингеборг Бреинс како претставник на УНЕСКО еднаш изјавила дека „ова е одлична идеја и ќе му даде на светот побеќе рамнотежа помеѓу половите“. Исто така додала и дека би сакала да соработува со организаторите. Госпоѓа Бреинс е директор на здружението кое е под капа на УНЕСКО, наречено „Жени и културата на мирот“. Иако некои го сметаат 23 февруари за ден на мажите, сепак овој ден е вистинскиот еквивалент на 8. Март, а ширум светот, организациите кои го одбележуваат овој ден, се обидуваат да ја кренат свеста пред сè за здравјето на мажите и младите момчиња. Исто така се трудат да ја исправат лошата слика за мажите генерално, како пол кој што е груб и социјално непримерен, земајќи за пример мажи од јавниот живот кои можат да се профатат како вистински примери за тоа како еден маж може и треба да изгледа. Кај нас, заедно со поголемиот дел од светот, нема здружение кое го одбележува овој ден, а најблиску до нас, на Балканот е Босна и Херцеговина каде денес ќе биде избран „Најмаж“ на Босна и Херцеговина. Денот ќе се одбележи и во 50-ина други земји ширум светот. Епа ај..среќен ви 8ми Март |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Факти за човековото тело
1. Храната патува 7 секунди од устата до стомакот. 2. Човечката коса може да издржи тежина до 3 килограми. 3. Човековата клучна коска на бутот е посилна од цемент. 4. Просечниот машки полов орган е 3 пати поголем од должината на неговиот палец. 5. Женското срце чука побрзо од машкото. 6. На човековото стапало живеат милијарда бактерии. 7. Жените трепкаат 2 пати повеќе од мажите. 8. Човековата кожа тежи 2 пати повеќе од мозокот. 9. Кога стоиме мирно, телото користи 300 мускули. 10. Без плунката не може да се растопи ниту едно парче храна, ниту да го осетите вкусот. 11. Жените завршија со читање. Мажите се уште си го мерат палецот. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Човечкото срце кога пумпа крв, произведува доволно силен притисок за крвта да шприцне на 10 метри. Оргазмот на свињата трае 30 минути! Буба Швабата може да живее 9 дена без глава, се' додека не умре од глад. Удирајќи ја главата во ѕид се трошат 150 калории на час. Мажјакот богомолка не може да се пари додека главата му е поврзана со телото. Женката го започнува сексуалниот чин со откинување на главата на мажјакот. Мувата може да скокне 350 пати повисоко од должината на нејзиното тело. Тоа е како човекот да прескокне фудбалски стадион. Сомот има преку 27.000 сензори за вкус. Некои лавови се парат преку 50 пати дневно! На пеперутките сетилото за вкус им е сместено на стапалата. Најсилен мускул во телото е јазикот. Деснаците живеат во просек 9 години подолго од леваците. Слоновите се единствени животни кои не можат да скокаат. Урината на мачката свети под лампа. Окото на нојот е поголемо од неговиот мозок. Морската ѕвезда нема мозок. Поларните мечки се леваци. Луѓето и делфините се единствени суштества кои имаат секс од забава. |
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
|
Внеси реплика | страница 123 9> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |