IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - HPV и HPV вакцина
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

HPV и HPV вакцина

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 12>
Автор
Порака
sofia Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 17
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sofia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: HPV и HPV вакцина
    Испратена: 27.Октомври.2007 во 22:04
Во последно време има многу голем број на млади девојки инфицирани од овој вирус на ХПВ и на негови под типови кои можат да бидат многу инвазивни.
Мислам дека тоа се должи на нередовни прегледи,лош начин на живот,стрес,пад на имунитет,манување на сексуални партнери,и некористење на средства за контрацепција(кондоми).
Кое е вашето мислење!



Изменето од Biba_G - 18.Јануари.2009 во 22:40
Кон врв
Miriam Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Април.2007
Локација: United States
Статус: Офлајн
Поени: 336
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Miriam Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2007 во 03:38
Абе донекаде се сложувам, треба да се користат кондоми, да се внимава со бројот на партнери, да се прават редовни Пап тестови. Меѓутоа не би рекла дека ХПВ е проблем "во последно време". Едноставно, до пред 50тина години не се знаело толку многу за вирусот и не се поставувала дијагнозата. Исто така, многу битен момент во приказната се и интересите на фармацевтските компании - последниве 2-3 години се надувува опасноста од ХПВ (не знам дали и во Македонија, ама овде во Америка дефинитивно) за да се прошири употребата на новата вакцина Гардасил.

Кога сум кај вакцината, да не ја има некој ставено? Се става до 26 години и имам уште неколку месеци да размислам...Читам различни мислења и не знам дали ми се даваат $360 за нешто што не е сосема испитано, ама сепак може да биде и корисно.




Try again. Fail again. Fail better.
Кон врв
sofia Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 19.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 17
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sofia Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2007 во 15:06
Не сум детално запознаена за состојбата за оваа проблематика ва САД но овде е многу поразлично.Мислам и убедена сум, дека дека овде сеуште нема развиено здраствена гинеколошка култура до висок степен за редовно контролирање на состојбата и здравјето.
Воведоа и бесплатни гин.прегледи и pap.брисови со цел сите да ги извадат од дома и да ги натераат да одат на прегледи.
 Уште не се знаат статистичките резултати.
И сигирна сум не е многу врева за ништо.
Овде почнаа со вакцината пред пола година и повеќе,и сите  зависно од  индикации ја  примаат.Ти советувам и ти  да ја  примиш  за  пари не штеди:ЗДРАВЈЕТО СО ПАРИ НЕ СЕ КУПУВА.
И онаа  старата  медицинската:ПОДОБРО Е ДА  СЕ СПЕЧИ ОТКОЛКУ ДА СЕ ЛЕЧИ.
Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2007 во 21:53
..

Изменето од ACELERA - 18.Мај.2010 во 21:36
Кон врв
Isis Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

CATALYST

Регистриран: 19.Јануари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 5871
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Isis Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Октомври.2007 во 21:58
..


Изменето од ACELERA - 18.Мај.2010 во 21:31
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2007 во 00:38
Otidov u kalugeri...ovoa zenive stanaa podvizni bioloski oruzja
Кон врв
Kristin969 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Октомври.2007
Локација: Scotland
Статус: Офлајн
Поени: 340
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kristin969 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2007 во 09:08
среќа a zamisli toa ako go resat zenite.......
Ljubov i Svetlina!
Кон врв
zbunet Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Претседник Зеленковски

Регистриран: 24.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 15549
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zbunet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Октомври.2007 во 13:56
Kolku sme bile ranlivi, ke mi se iskezi, ke mi zadise megu vrat i uvo...i op !...hopla !...pardon hpv
Кон врв
Синдарела Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Бањана Пепелашка

Регистриран: 06.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 2604
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Синдарела Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Декември.2007 во 23:41
Самиот збор ХПВ, означува вирус, т.е. Human Papilloma Virus. Се пренесува САМО преку сексуален однос, и тоа најчести пренесувачи се мажите (жените сами не можат да си го пренесат, нели?

Како таков, во зависност од кој под тип е (кое се утрвдува преку типизација), многу тешко се лечи, т.е. нема лек за истиот, туку само се следи неговото развивање. Ако се утврди присуство на ваков вирус, се прави биопсија, т.е. се зема мало делче од грлото на матката, за да се утврди до кој стадиум е развиен.

Може да биде CIN 1, CIN 2 и CIN 3. Првото е доказ за некакви не толку значајни промени на клетките на матката. Вториот се води како поризичен, а третиот е веќе аларм за можна појава на рак на матката.

Во денешно време, многу е честа појавата на овој вирус.

Како и да е, денес на канал 5 КАЈ СЛАВИЦА,  кажаа дека во основа и не е толку ризичен, барем првите 2 фази,бидејќи со добра дисциплина и волја за стварно здрав живот имунитетот се зајакнува и циновите исчезнуваат,но кога сме кај 3-ката и нагоре тоа се веќе стварно опасни стадиуми кај кои треба оперативен зафат!

Постојат лекови, вагиналитети и сл. за овој вирус, меѓутоа кај нас се` уште не се одобрени за да се пуштат во употреба.
Вирусот живее подолго на гениталиите и секаде каде има слузокожа, дури и во голтникот( каде може да се најде при орален секс со личност инфицирана од овој вирус)

Симптоми нема, се детектира при рутински гинеколошки преглед како абнормален папа тест кај жените.Кај мажите нема промени, ретко предизвикува брадавици(поради и што вирусот е наречен папилома=брадавица) но тоа се појавува најголем процент кај хомосексуалците.
Мажите се само преносители, а промените се јавуваат кај жените.Дилема е како после решен проблем со хпв-то, кој не е целосно решен, да се продолжи нормален сексуален живот...

Некаде пишува дека ни кондомот не е 100% сигурност за да не дојде до повторно заболување од овој вирус, и како единствено решение е апстиненцијата...

Еве совет кој не е никаква гаранција ама помага во побрзото заздравување: кантарион масло, помешано со маслиново, на тампон, чуда прави (докажано од гинеколог, и од тие што го проб
Кон врв
Antiqua Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Март.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1790
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Antiqua Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2007 во 09:06

Papillomaviruses are a diverse group of DNA-based viruses that infect the skin and mucous membranes of humans and a variety of animals. Over 100 different human papillomavirus (HPV) types have been identified.

Some HPV types may cause warts while others may cause a subclinical infection resulting in precancerous lesions. All HPVs are transmitted by skin-to-skin contact.

A group of about 30-40 HPVs is typically transmitted through sexual contact and infect the anogenital region. Some sexually transmitted HPVs -- types 6, 11, may cause genital warts. However, other HPV types which may infect the genitals do not cause any noticeable signs of infection.

Persistent infection with a subset of about 13 so-called "high-risk" sexually transmitted HPVs, including types 16, 18, 31, 33, 35, 39, 45, 51, 52, 56, 58, 59, and 68 — different from the ones that cause warts — may lead to the development of cervical intraepithelial neoplasia (CIN), vulvar intraepithelial neoplasia (VIN), penile intraepithelial neoplasia (PIN), and/or anal intraepithelial neoplasia (AIN). These are precancerous lesions and can progress to invasive cancer. HPV infection is a necessary factor in the development of nearly all cases of cervical cancer.

A cervical Pap smear with HPV DNA testing is used to detect cellular abnormalities and the presence of HPV. This allows targeted surgical removal of condylomatous and/or pre-cancerous lesions prior to the development of invasive cervical cancer. Although the widespread use of Pap testing has reduced the incidence and lethality of cervical cancer in developed countries, the disease still kills several hundred thousand women per year worldwide. A recently approved HPV vaccine, Gardasil, that blocks initial infection with four of the most common sexually transmitted HPV types may lead to further decreases in the incidence of HPV-induced cancer.

Veni Vidi Vici
Кон врв
Antiqua Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 31.Март.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1790
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Antiqua Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Декември.2007 во 09:10
Вирусот ХПВ (хуман папилома вирус) се пренесува по сексуален пат и може да предизвика тумор на грлото. Истражувањето извршено во Институтот Johns Hopkins во Балтимор, САД со намера да се открие поврзаноста меѓу туморот на грлото и сексуалната активност опфатило 100 испитаници со тумор на грло и 200 здрави луѓе. Се покажало дека лицата инфицирани со ХПВ имаат 32 пати зголемен ризик за развој на карцином на грлото во однос на здравите луѓе.
Според наодите од студијата, имањето орлен секс со повеќе партнери е главниот ризик фактор за појава на ХПВ-рак на грло. Но, според истражувачите на студијата и преносот на инфекцијата од уста на уста е исто така можен. 
Како во плунката, вирусот се наоѓа и во гениталните органи, во урината како и во спермата. За разлика од голем број на луѓе кои имаат асимптоматска инфекција со ХПВ, кај оние заразени од високо-ризични типови - како ХПВ тип 16-може да се јави орален, анален, цервикален, вулварен и рак на пенисот.

 Според студијата постои силна поврзаност меѓу присуството на вирусот и ракот на грлото-ХПВ тип 16 бил присутен во 72% од случаите со рак на грло ( вклучувајќи и рак на крајници и на базата на јазикот) кај пациентите вклучени во студијата. Испитаниците кои имале повеќе од 6 партнери со кои имале орален секс имале 9 пати поголем ризик за појава на ХПВ-поврзан карцином. 

  "Потполно е сигурно дека инфекцијата со ХПВ е голем ризик фактор“- prof. Maura L. Gillison,  при Клиниката за Онкологија и епидемиологија на Johns Hopkins, Балтимор, главен истражувач на студијата. Резултатите од студијата можат да ја објаснат се поголемата појава на рак на грлото кај младите луѓе, кои не се пушачи и не пијат алкохол. 

    "Ја воочуваме промената во популацијата која заболува од овој тип на карцином во последните 10 години. Сметаме дека тоа е резултат на слободното сексуално однесување. Младите денес не знаат дека со орален секс се шират многу полови болести како сифилис, гонореја и СИДА“- prof. Gillison. 
„Се е поголема потребата од воведување на задолжително вакцинирање против ХПВ, иако противниците на вакцинирањето сметаат дека секој родител треба да донесе сопствена одлука за тоа“. 

 Ракот на грло обично се лечи со зрачење, хемотерапија и хируршки операции. Со хируршки операции во раната фаза на карциномот тој може успешно да се отстрани, но како последица од операцијата можат да се јават отежнато зборување и голтање.
Veni Vidi Vici
Кон врв
Ena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Декември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 798
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2007 во 00:32
Не е нормална работава со ХПВ-то, не е можно секоја втора девојка и жена да го има.....
Што е со генерацииве???
Рај за очите,пекол за душата, а чистилиште за џебот сме ние жените ....хахахах....
Кон врв
Tonchie Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Поискрен од Мона Лиза

Регистриран: 02.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 290
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tonchie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Декември.2007 во 19:19
Нина уште си мала, не бери гајле. Сепак добро е што знаеш што е тоа.

Минатата недела на работа отворив Вест и таму имаше опширна статија  за ХПВ.
Притоа ми текна да го прашам колегата (22 годишен студент на приватен факултет во Скопје) дали знае што е тоа ХПВ.
Тој ми кажа дека ја видел додека ја читав статијата и дека сега веќе знае, претходно немал поим.

Мислам дека ќе биде многу добро да се направат кампањи за информирање на младите со ХПВ, исто како што има кампањи за информирање за ХИВ/СИДА.

###############
Во продолжение, најавената статија

ГРАЃАНИТЕ НЕ ЗНААТ ШТО Е ХУМАН ПАПИЛОМА ВИРУС
ХПВ е марка автомобил
На анкетата спроведена меѓу граѓаните за да се испита дали и колку се запознати со хуман папилома вирусот, дел од нив одговориле дека ХПВ е марка на автомобил, засилувач на звук или прехранбен производ

ХПВ е марка на автомобил, засилувач, вид производ од прехранбената индустрија. Ова се дел од одговорите кои граѓаните ги давале прашани дали знаат што е тоа ХПВ или хуман папилома вирус.
Во рамките на кампањата за превенција од рак на грлото на матката, Невладината и граѓанска асоцијација за заштита од хуман папилома вирусот (ХПВ) спровела анкета меѓу граѓаните за да испита колку тие се запознати со оваа проблематика. Биле испитани и машка и женска популација од сите возрасни групи. Резултатите кои ги добиле биле разочарувачки. Многу мал бил бројот на граѓаните кои знаеле што е ХПВ. Поголем дел од испитаниците, откако ќе биле запрашани дали знаат што е тоа ХПВ, одговарале дека знаат, меѓутоа кога било побарано од нив да објаснат што е тоа, молчеле и го избегнувале одговорот. Меѓу испитаниците имало и такви што одговориле дека ХПВ е најнов модел на марка автомобил, кој се уште не е увезен во нашата земја. Имало и одговори дека ХПВ е засилувач, односно технички уред кој се користи за да може музичките системи да емитуваат посилен звук. Дел од граѓаните, пак, мислеле дека ХПВ е прехранбен производ.
Кога членовите од невладината организација им објасниле дека ХПВ е инфекција која се пренесува по сексуален пат и е предизвикувач на рак на грлото на матката, граѓаните зачудено ги гледале и барале да им се објасни како се добива и се лекува оваа инфекција.
Директорката на Клиниката за гинекологија Адела Поп Стефанија вели дека не зачудуваат резултатите од истражувањето, бидејќи досега многу малку се зборувало во јавноста за овој вирус и дури пред половина година за првпат кај нас е регистрирана вакцината против ХПВ.
"Резултатите од спроведената анкетата се разочарувачки бидејќи, според светските истражувања, дури половина од сексуално активното население е ХПВ инфицирано. Во Македонија секоја година 200 жени заболуваат од рак на грлото на матката и затоа граѓаните треба да прават редовни гинеколошки прегледи и ПАП тестови за да се открие навреме ХПВ инфекцијата. Ние спроведовме кампања секоја жена еднаш годишно да може да направи бесплатен ПАП тест. Досега се направени околу 10.000 тестирања, а морам да кажам дека одsивот кај жените е многу голем", вели докторката Поп Стефанија.
Според светските истражувања, секоја година ХПВ е одговорен за 500.000 нови случи на рак на грлото на матката, а дури половина од нив завршуваат со смрт.
За да се намали смртноста предизвикана од ХПВ вирус, од пред 6 месеци и кај нас е регистрирана вакцина против ХПВ. Таа е наменета за девојчиња и жени на возраст од 9 до 26 години, како и за момчиња на возраст од 9 до 15 години. Во моментов се вршат испитувања за ефикасноста на вакцината кај жени на возраст од 26 до 45 години.
"Со оваа вакцина се препорачува да се вакцинираат сите девојчиња и момчиња пред да почнат со сексуален живот. Сега засега вакцината граѓаните треба сами да си ја купат и чини 135 евра. Вакцинирањето е во три дела. Откако ќе се прими првата доза од вакцината, треба да поминат два месеца за втората доза, и уште четири месеци за да се прими и третата доза. Правиме напори оваа вакцина да ја ставиме на товар на Фондот за здравство и да биде воведена коко задолжителна. Во моментов Велика Британија, Франција и Ирска имаат воведено задолжително вакцинирање против ХПВ, а во соседството, односно во Словенија и во Хрватска, се водат преговори ХПВ вакцината да биде задолжителна и на товар на Фондот за здравство", објаснува директорката на Гинекологија Поп Стефанија.
Голем број од пациентите што дошле на тестирање на Клиниката за гинекологија и кај кои бил откриен ХПВ биле тинејџерки. Според Поп Стефанија, тоа е нормално бидејќи денеска младите многу рано почнуваат да имаат сексуални односи со своите партнери. На Клиниката за гинекологија се уште ја немаат точната бројка на инфицирани со ХПВ. Велат дека кон почетокот на наредната година ќе ги обработат сите податоци од ПАП тестирањата, направени во текот на годинава, и ќе имаат бројка колку од пациентите се инфицирани со ХПВ. Но од Гинекологија велат дека бројката на инфицирани е многу поголема од онаа што ќе се добие од обработка на тестовите, бидејќи голем е бројот на жени и мажи кои не се тестираат.

***

Што е ХПВ

Хуман папилома вирусот (ХПВ) е најчестата инфекција која се пренесува по сексуален пат, но и по асексуален пат. Како ризик фактори кои влијаат врз појавување на инфекцијата се промискуитетот, пушењето, оралните контрацепции, нарушување на имуниот систем. Постојат 100 типови на ХПВ кои напаѓаат различни делови од телото на човекот. Околу 30 типови на ХПВ ги напаѓаат женските генитални органи. Од нив 13 типови на ХПВ се сметаат за високо ризични, односно за предизвикувачи на рак на грлото на матката.
ХПВ се пренесува преку директен контакт со ХПВ инфицирана личност. Контактот вклучува вагинален, анален и орален секс. Употребувањето на кондоми при сексуалниот однос го намалува ризикот од појава на ХПВ, меѓутоа не ја исклучува целосно можноста од инфицирање.
Некои типови на ХПВ предизвикуваат појава на брадавици на гениталиите, во некои случаи брадавици може да се појават и на други делови од телото. Лицата кај кои се појавиле брадавици на гениталиите не смеат да имаат сексуални односи додека тие не бидат отстранети. Со тоа се спречува можноста од ширење на ХПВ на партнерите.
Во повеќето случаи ХПВ инфекцијата не се манифестира и нема симптоми по кои заразените би можеле без преглед да откријат дека се носители.
Знаците на вирусот можат да се покажат и дури и по неколку години од инфицирањето . Околу 80 отсто од мажите и жените во одреден период од нивниот живот се инфицирани со ХПВ, но повеќето од нив никогаш не ни дознаваат дека се инфицирани.
ХПВ не може да се открие преку тестирање со земање на крв туку исклучително преку ПАП тест.
Нема начин за лекување на овој вирус. Тој самиот исчезнува од организмот на заразениот. Од 70 до 90 отсто од случаите имунитетот на човекот го исфрла вирусот од организмот, па силниот имунитет е единствениот лек против ХПВ.
Ана Антевска
Немам потпис, ама имам профил на YouTube
Кон врв
Goddes of Chaos Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Април.2007
Локација: Ecuador
Статус: Офлајн
Поени: 337
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Goddes of Chaos Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2008 во 21:54
Dali moze da se prenese preku baknuvanje i preku plunka.??
dali na pr. ako nekoj ima genitalen hpv mislam ranicka moze da ja prenese preku baknuvanje usta na usta, ne oralen sex??
dali nekoj ima vakva informacija?збунетост
 
Narodot za najmudra kniga ja smeta onaa koja e najnerazbirliva za nego.-A.Hitler
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,515 секунди.