IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Како да се згусне храната на здрав начин
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Како да се згусне храната на здрав начин

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13922
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Како да се згусне храната на здрав начин
    Испратена: 16.Јануари.2024 во 11:46
Можеме да ги задржиме традиционалните јадења наследени од нашите баби, но да ги направиме во малку поздрава варијанта. Особено кога станува збор за запршките


Бабите се пример! Освен кога станува збор за запршки… Веројатно сега ќе кажете дека сите сме пораснале на традиционалните запршки направени од брашно, масло и црвен пипер. Така е, ама сепак, денес сите претпочитаме некои поздрави верзии дури и кога станува збор за традиционалните јадења од нашите баби.

Ако сте и вие во оваа група на луѓе кои сакаат да воведат некои поздрави идеи во својата исхрана, еве неколку едноставни трикови.

Компири
Во јадењето што го правите додадете компири кои ќе го згуснат. Варените компири можете да ги испасирате или да ги згмечите со вилушка на крајот од готвењето.

Кнедли
Кон крајот на времето за готвење, во јадењето сварете ги домашните кнедли од гриз и од јајце.

Блендирање
Ако јадењето ви е премногу ретко, еден дел од него изблендирајте со блендер.

Јачмен, просо, ориз
Кон крајот на готвењето додадете житарки кои ќе го згуснат и ќе го збогатат оброкот.

Брашно и вода
Ако сосот ви е премногу редок, добро измешајте ги брашното и водата и додајте ги во сосот кон крајот на готвењето. За разлика од класичната запршка, овој трик е поздрав бидејќи го избегнувате пржењето на брашното на масло.

Чиа семе
Додадете неколку лажички на крајот од готвењето. Не претерувајте! Лажичка до две се сосема доволни.
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.