IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Богомили
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Богомили

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Богомили
    Испратена: 13.Јули.2015 во 00:56

Учењето на Богомилите

Кочо Рацин


Ако идеолозите на државната вера учеле како светов е создаден от еден бог, богомилите им застанале спроти со учењето за двете вечни сили – доброто и злото. Развивајки ја понатакај идеологијата на манихеите, тиа викале, дека не е верно да бог ја создал земјава за седум дена и ја наредил како што ја гледаме. За богомилите бог бил апсолутно добар, тој бил олицетворение на истината, а таја се навогја во искрената и чистата човечка мисла. Само кога таква мисла мисли, се јавуе бог на човека, но штом мислата човечка е зоплетена со земни и материјални работи – престануела да биде божја. Затова богомилите учеле дека човекот со телото го создаде сатанаил, а бог му ја даде само душата. Бог нема ништо со овова што е на земјава, демек не е вистина оти тој ги дал и поповите и феодалите и сета лошотиа што идела от ним. И така богомилите дошле до заклучение дека сета вера на државното христианство е лажна, дека по црквите владеат гјаволите, и дека земјата на феодалите им ја дал гјаволот, а не господ. И сега кај нас има една таква народна сказна, во која се кажуе како гјаволот му ја дава на Адама земјата под кирија.

Сметајки така да е земјата дадена от гјавола, богомилите учеле како е и секое владение над неја гјаволско. Бидејки пак това да чини темелот на феодализамот, не можело да биде инаку, а да не се разбере како и феодалите, и бољарите и секоа власт и држава се от натемаго. Било после логично да се дојде до мислата, до која дошле и богомилите, да на светов не требе да има ни господари ни роби, ами тој требе да се уреди така, да сите бидат равноправни. За да се живее пак како што требе, демек како што е по Вистината – бог, не требе да има ни цркви, ни крстови, ни звонци, ни камбаани. Сичко това е гјаволско, учеле богомилите, оти вистината божја е проста и му се јавуе на секој човек во неговата чиста савест.

Било после природно дека против такво учење се дигнало се што живеело тогај от народна мака – и поповите и калугерите и феодалите со ним, оти богомилската вера го подкопуела темелот на нимната влас. Ние денеска убаво знаеме како и колкаво било гонението против богомилите. Има многу славјански, грчки и римски повели и закони, каде богомилството е осудено како „пагубна ерес“, и на сите богомили фрлена анатема. Најпознати се от тија „Беседата на пресвитер Козма против еретиците“ и „Синодик царја Борила“. Во „Синодикот“ не толку, ама во „Беседата” е најубаво изложено сето учење на богомилите. Отаде може да се види сето учење за социјалната реформа што сакале да ја направат богомилите, чунки многу други книги што ги пишале сами се изгорени, а и самите богомили немале никаков напишан програм за своето уредуење, ами сакале да се живее просто по старохристијански. Еве накратко што се гледа отаде, демек што со прво учеле во народот богомилите:

1. Богомилите учеле дека господ не го создал небето, земјата и сичко што се навогја на неја, па и феодалното уредуење на светов.

2. Своите верни ги учеле да го мразат крстот, да не го целивајат, да не му се клањајат, чунки па крст Евреите го распнале Исус, човекот што учел најголемите вистини, па како може христианец да милуе крст?

3. Говореле дека причеста не е по заповед божја, не е тело и дух божји, ами, викале, „просто брашно и вода“ и „сок от винова лоза“.

4. За редот што владеел во црквата, за нејзиното уредуење со главатари, владици и разни јадачи, за нимниот раскош, за манастирите, калугерите и поповите, викале да се гјаволски, ги мразеле и плукале.

5. Стариот завет, пророците и сичко што они учеле, како и 10 заповеди од Мојсеа, не ги признавале како гјаволски.

6. Учеле, дека Исус Христос не бил роден от никаква богородица, ами от проста жена, и бил прост човек, дурмаджија, а Евреите го распнале на крст оти ги критикуел и учел што е вистина. Не веруеле да воскреснал, не признавале да има задгробен живот, и учеле, дека душата е искра от истината што се стива со пламењот – вечниот бог.

7. Ги некјеле иконите, ги фрлале от црквите, и ги сметале за прости штици. Викале, тија што се на ним не се светци ами прости човеци а само теле можело да мисли да е човек светец.

8. Не признавале никакво крштавање, ни со вода ни со „дух“.

9. Не веруеле да Христос правел чудеса и викале да е това сичко измислено от поповите.

10. Учеле дека феодалите и господарите не се от бога, никоа власт над човека не е от бога, и ги мразеле и нагрдуеле сите силници и јадачи на светов, и на секој роб му викале да не работи на господарот свој.

11. Сакале да се уреди општествениот живот на старохристиански и старославјански начин. Не признавале никаква власт и от сичко на веков највечку ја ценеле слободата на савеста и на човека.

От сичко овова мислиме да е јасно у што било това матно но толку опасно учение на богомилите. Најнапред што ни пагја во очи от овова е, дека богомилите први се дигајат против верските догми како окови на човечкиот разум и сакајат слобода за мислата. Само разумот, како искричка божја, бил вистина, а не догмите што учеле лаги. Ете зошто работата изпагјала страшна; штом човек не живее како што учи црквата, сичко стануе фалшиво и лажно — и феодалите и црквата и се што они учат. Човек бил слободен да го отврли злото и да заживее по својата совест, по разумот и правдата, а таја викала да се сметнат феодалите и господарите и секоа власт над човека. Ете, тука почнала европејската Реформација!

Но богомилите не живееле во времето кога феодализмот бил зрел да падне. Тогај не биле создадени онија условиа, у кои човек можел да живее без цареви и господари. Грагјанското општество, што го смени феодалното, одвај беше појавено, и това во некои градови по северна Италија и јужна Франција. На Балканот живееше едно гнило Византијско царство и неколку нови славјански. Но славјаните, каде што се појави богомилството, уште немаја свое царство, и си живеаја по старославјанскиот, аграрно-демократски начин на животот. И ете зошто кога ги завладаја славјанските феодали и кога тија почнаја да им го газат тој демократизам, да ги поробујат, да им ја зимајат земјата и учат после како се това стануе со некоа виша сила – ете кога богомилството се јави како опозиција спроти ним.

И токмо сега идеме до онова, откај ке се види, зошто богомилството е едно чисто македонско јавление, никнало во онија особени условија, во кои живеале македонските славјански племиња. Овова е за нас многу важно, не само оти богомилството е наше културно наследие, ами оти е и една важна историческа пројава на нашиот народ, коа остави големи следи во неговиот живот. Еден краток историски преглед ке ни помогне да видиме това.

http://loza.mk/2015/06/учењето-на-богомилите/


Изменето од Messenger - 13.Јули.2015 во 00:58
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2015 во 01:00

Богомилството придонело за просветните идеи во средниот век

Маја Ангеловска-Панова

Дуалистичко-религиозните учења, во конкретниот случај проследени преку богомилството и катаризмот, биле насочени против црквата во нејзиното институционално значење, но и против официјалниот догматизам и култно-обреден систем. Територијалната идентификација за појавата на богомилството се поврзува со Југозападна Македонија, додека, катаризмот, пак, својот доминантен импулс го реализирал во земјите на Западна Европа, поконкретно во Италија и јужна Франција.

Дејствувајќи од аспект на опозиција овие алтернативни форми на религиозно произнесување афирмирале еден поинаков теологизам заснован на сопствена и автентична егзегеза на евангелските принципи содржани во Светото писмо. Уште во самиот почеток треба да се истакне дека односот на богомилите и катарите кон Стариот и Новиот завет во голема мера бил детерминиран од традицијата на постарите еретички искуства, какви што биле манихејството, масилијанството и павликијанството. Хронолошки првите и речиси идентични податоци за отфрлање на Мојсеевите и пророчките книги од Стариот завет се содржат во писмото на цариградскиот патријарх Теофилакт и во беседата на Презвитер Козма. Ефтимиј од Акмонија соопштува дека богомилите, инаку „непријатели на Бога и штитоносци на ѓаволот“ не го читале Стариот завет што се потврдува и кај цариградскиот патријарх Герман Втори, според кого богомилите „ги отфрлале и хулеле на Стариот завет и на Мојсеј“.

Нешто попрецизно и поинакви податоци се среќаваат кај Ефтимиј Зигавен, висок црковен достоинственик и апологет на христијанството. Имено, тој истакнува дека богомилите ги „отфрлаат сите Мојсееви книги заедно со Бога, за којшто се говори во нив“. Според Зигавен, од Стариот завет, богомилите ги „почитувале единствено Псалтирот и Книгата на шеснаесетте пророци“. Непочитувањето на Стариот завет со исклучок на Псалтирот, било практика и меѓу босанските богомили (патарени) кои верувале дека „законот на Мојсеј бил даден од ѓаволот и ѓаволот му се јавил на Мојсеја в оган“. Солунскиот митрополит Симеон говори дека богомилите ги отфрлиле „боговдахновените слова на пророците и на Мојсеј и пресветите псалми на Давид“.

Во принцип изворите се единствени околу заклучокот дека богомилите не го прифатиле Стариот завет, особено Мојсеевите книги, токму поради фактот што биле во расчекор со клучните аспекти од социјално-етичката доктрина на богомилите. Од друга страна, пак, не е исклучена можноста како што соопштува Ефтимиј Зигавен, повикувајќи се на директно сведочење на Василиј, главниот протагонист на богомилството во периодот помеѓу 11-12 век, дека се користеле со некои од старозаветните канонски книги. Можно е да се претпостави дека овие варијанти на целосно отфрлување, односно делумно прифаќање на старозаветните книги произлегуваат од вкрстувањето на дуелистичката идејна насоченост, во смисла поддржување на умерените, или, пак на апсолутните дуалистички тенденции. Приврзаниците на умерено ориентираниот дуализам веројатно правеле отстапки во однос на прифаќањето на некои од старозаветните книги, како што впрочем за тоа говори и Ефтимиј Зигавен, наспроти екстремните дуалисти, кои веројатно ги отфрлиле во целост.

Дилемите околу прецизирање на ставот кон Стариот завет била присутна и меѓу катарите од Конкорецо. „Тие го отфрлуваат целиот Стар завет – истакнува Рајнериј Сакониј, мислејќи дека го создал ѓаволот, со исклучок на оние зборови што се содржани во Новиот завет преку Христа и апостолите… Исто така, сите тие го отфрлаат Мојсеј и многумина од нив се двоумат за Аврам, Исак, Јаков и останатите патријарси. Во таа смисла се изјаснил и проследувачот на албигојството Петар Сарнаиски, според кого: „Треба да се знае дека тие-еретиците прифаќаа двајца творци, еден на невидливите нешта, кого го нарекуваат добар Бог, и друг на видливите, наречен зол Бог. На добриот Бог му го препишуваа Новиот завет… освен извесни делови, пренесени од него во Новиот завет, коишто од почит кон последниот, го сметаа за достоен да го прифатат“.

Односот на богомилите кон Стариот завет бил во директна зависност од филозофскиот аспект на нивното учење. Отфрлувањето на Стариот завет се јавува како последица од недостаток на спиритуализам, на кој инсистирале и богомилите и катарите, особено во толкувањето на духовното и материјалното, односно идеалното и земното. Самиот спиритуализам претставувал важен сегмент од богомилскиот и воопшто од европскиот дуализам, формиран под силно влијание на источните дуалистички учења, коишто во даден момент претставувале тренд во Византија, јужнословенскиот свет и во Западна Европа. Имено, настапила една нова етапа на маргинализирање на античноста за сметка на збогатувањето на христијанската религија со ирано – малоазиски елементи, со чиешто посредство се појавило и првобитното христијанство.

Постои претпоставка дека верзијата од Новиот завет што била во оптек меѓу катарите претставува превод на латински јазик од словенската верзија на Св. Кирил и Методиј.

Резимирано во целина и на компаративно методолошко ниво богомилско-катарскиот комплекс на идеи придонел за афирмација на еден алтернативен мисловен процес како своевидна можност за избор, кој меѓу другото се одразил и во автентичната интерпретација на евангелските принципи содржани во Светото писмо. Со тенденцијата за пофлексибилна, попоетска и условно филозофска егзегеза на Новиот завет, богомилството и катаризмот дале значаен придонес во развојот на препознатливите културно – просветни идеи во периодот на средниот век.


Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2015 во 01:03
Карактеристики и симболика на Богомилството

Религиозната основа на која настанало Богомилството е Христијанството, во неговиот изворен облик. Богомилите за себе велеле дека се „крстјани“ и за Христос имале извонредна почит. Тргнувајќи од ставовите од почетоците на Христијанството, тие сметале дека за поединецот да му се обрати на бога, не му се потребни посредници – луѓе од црковната институција, кои веќе биле длабоко огрешени во лакомоста и неморалот, ниту пак е неопходен црковен објект. Тие, во почетокот, своите проповеди и нивните духовни покрстувања, ги изведувале најчесто на отворен простор во близина на селото, односно градот.
Во почетокот на X век веќе се појавуваат и првите пишани документи кои зборуваат за почетокот на Богомилството. Тоа е една листа анатеми од провинцискиот синодик на православието, донесена помеѓу 912 и 925 година, за време на патријархот Никола. Во речиси исто време се појавува полемиката на Јован Егзарх, со дуалистичките еретици. Овие документи ги поткрепува и житието на Св. Климент, во кое се зборува за „лошата ерес“ во охридската област, по Климентовата смрт.

И покрај ваквата основа на нивното учење, тие го отфрлиле Христијанскиот монотеизам, а го прифатиле теолошкиот дуализам. Според нив целиот видлив и материјален свет е создаден од двата бога, богот на светлината и на темнината, на доброто и на злото, кои паралелно постојат во светот и во секого од нас. Со светот владее постојаниот двоен принцип на создавањето и на уривањето. На тој начин тие ја објаснувале и социјалната неправда, постоењето на богатите феудалци и црквата и сиромашното закрепостено селанство. „… Да му се рече на светот од ‘светиот феудален строј’ дека ‘не е создаден од бога’, туку од ‘Ѓаволот’, дека во него нема ‘света вистина’, туку ‘вечна борба’… во која ‘слепи фарисеи’ ја задушуваат вистината на ‘словото божје’, дека човекот не треба да верува, туку треба да мисли… дека има смисла човекот да живее, да има висок и совршен идеал – борба со сето што е од ‘сотоната и од сотонско потекло’, но не само во самите нас, туку во прв ред во општеството, во општественото устројство, во општествениот живот… дека светот на господарите и болјарите е светот на ‘сотоната’ и треба да пропадне и дека само светот на слободата и еднаквоста на ‘децата божји’ е свет што треба да се извојува. Во темната средновековна ноќ, во времето на ‘светата тишина’, во часот кога и нашите православци на изгубеното и уништено човечко суштество му го закопаа длабоко и разумот и свеста… – во тој час и низ таа ноќ, мистично мрачниот дуалистички збор екна и најмногу возможно човечки, навистина епохално историски.“

Отпрвин како верско-опозициона секта, Богомилството ги мобилизирало народните маси во борба против сè појакото феудално поробување. Тивкиот и прикриен револт, се претворил во отворен и бурен протест, па движењето се претворило во вистинско социјално реформаторско движење со отворени стремежи за промена на општествениот поредок, при што најизразено било нивното барање за „укинување на сите општествени установи што ги водел феудализмот.“

Најважното еретичко жариште на Богомилството, воедно и првата црковна општина, била во Македонија, во областите кои ги населувале племето Драговити. Од тука Богомилството било пренесено во целото Повардарие, потоа на целата територија на Македонија, а од тука било проширено во Бугарија, Србија, Босна, а поминало и во Италија, Франција и некои други земји. Многу длабоки траги остава дуализмот во градовите на Северна Италија и Јужна Франција, каде што станал идеал на граѓанството. Во Италија дуалистите се познати како Патарени, а во Франција – Катари, со тоа што и едните и другите ја сметале Драговитската Богомилска општина за своја матица.

За нивното влијание на развојот на дуалистичките движења, како и за нејзините врски со новооформената еретичка црква во Италија и Франција, но и за организацијата и функционирањето на Богомилската црква на Балканот, едно од најзначајните сведоштва представуваат актите на Катарскиот собор одржан во 1167 година во Сан Феликс во Караман, близу Тулуз, во Франција. На овој собор председавал папата Никита од Цариград, приврзаник на еретичката црква од Драговитија, а од одлуките на овој собор се познати „седумте цркви на Азија“, меѓу кои се споменуваат “ecclesia Romanae, Dragumetae, Meliguae, Bulgariae I Dalmatiae”.
Врз основа на достапната литература, според Драгојловиќ, може да се докаже вистински континуитет во развојот на Богомилската ерес, од почетните рудиментарни форми до потполно автентична и теолошки заокружена целина, меѓутоа и вистинска хронолошка врска помеѓу временски одвоените вести, од почетокот на X, па сè до средината на XV век, само во Македонија, во областите каде што живееле Македонските Драговити. Во останатите делови на Балканот и Мала Азија, се појавувало повремено, прекинувано повеќепати со подолги периоди на затишје.
Она што за нашето понатамошно истражување е многу интерсно, е симболиката која ја употребувале Богомилите, како и остатоците во материјалната култура, обичаите и верувањата, кои можеме да ги сретнеме и денеска.
Своето непочитување на храмовите како „Домови Божји“, го темелеле на Матеевото Евангелие , во кое како место за молитва (според македонскиот превод), се препорачува „скришна соба“ во нивните домови. Сведоштвото за постоење на молитвени простории наоѓаме во легендите за поп Богомил, според кои неговото родно место е селото Богомила, во чија близина се наоѓа и неговиот гроб, каде бил изграден параклис, кој на Богомилите им служел како молитвен дом.
За симболиката која ја користеле Богомилите имаме повеќе сведоштва. Првото известување го наоѓаме кај Александар Матковски, кој ги наведува заклучоците до кои дошол Александар Соловјев, дека на Богомилските надгробни споменици многу чест симбол е младата месечина, чии краци се поставени нагоре, а помеѓу нив е поставена ѕвезда. Оваа симболика нема ништо заедничко со Турскиот симбол. Соловјев ја објаснува иконографијата на Богомилите, односно длабокото симболичко значење што го изразуваат сонцето и месечината, кои биле сметани за небески кораби, т.е. „за живеалишта на душата на праведните пред заминувањето во рајот“.

 знакот на богомилите

Знакот на богомилите, месечина со ѕвезда со краци завртени нагоре

 знакот на богомилите на куќа

Знакот на богомилите аплициран на порта на куќа во с. Кракорница

Д-р Милош Константинов, во својот фељтон во весникот Нова Македонија, користејќи ги податоците до кои дошол авторот Антон

Глогов, во својата книга „Богомилското учење и историјата на Богомилството“, вели дека симболот кој го почитувале Богомилите се две вкрстени елипси, под агол од деведесет степени. Вертикалната елипса ја симболизира силата на создавањето, додека хоризонталната – силата на разурнувањето. Овој симбол немале право на себе да го носат ниту првосвештениците, како што немале право да носат други симболи или украси. Единствено нешто по кое се разликувале од останатите свештеници е тоа што носеле црвено расо, наместо црно, и имале жезол, со украс во вид на сонце на неговиот врв. Без жезолот не се движеле никаде и во никое време.

врз зглобот на десната рака, само кај Совршените Богомили
Многу различна е облеката што ја носат оние лица кои се наоѓале на чело на сечовечката екуменска заедница. Таа е доста сликовито, но непрецизно опишана. Во секој случај ја одразува симболиката која ја користеле Богомилите. Таа личност во секое време, преку својата облека, требала „да го одразува блесокот на сонцето, нежната светлина на месечината, трепкавите ѕвезди и синилото на небесните височини, како и прекрасните зеленила на земјата“.
На обичните Богомили им било забрането да носат какви било украси и накит. Меѓутоа, постоело одликување, кое што се доделувало на поединци за вонредни заслуги, во вид на ланче на кое било прикачено парче бигор. Ова одликување тие можеле да го носат само во текот на петте „мртви дни“, кои, според Богомилскиот календар, поделен на триесетишестдневни месеци, остануваат на крајот на годината. Овие пет дена, како и останатите шеесет неработни дена од шестдневната недела, Богомилите им ги посветувале на силата на создавањето.
Драгољуб Драгојловиќ, изнесува податок според Евтимије Периблепта, дека „овие безбожници, фундијати или богомили, не ги почитуваат иконите, но дека куќите во кои ги одржуваат молитвените обреди, однадвор и одвнатре ги зографисуваат и украсуваат“.
Во поглед на симболиката со која што ги илуминирале своите ракописни евангелија, дадени се податоците од Козма Презвитер. Полемизирајќи со учењето на Богомилите, тој пишува дека тајната на евхаристијата ја создал самиот Господ и дека таа преставува „суштествено тело“ Христово, а не неговиот образ, кој еретиците симболички го преставувале во Матеевото евангелие со ликот на херувим, во Марковото со ликот на теле, во Лукиновото со ликот на лав, а во Јовановото со ликот на орел.




Изменето од Messenger - 13.Јули.2015 во 01:04
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2015 во 01:08

Импликациите на Богомилството


Богомилското движење, со својата длабоко-народна, верска, и политичка програма станало многу масовно, меѓутоа не било во состојба да го оствари својот политички идеал – прахристијанското општество на еднаквост. Во тогашните недоволно развиени општествени услови, тие можеле да ја развијат само својата културна дејност, која оставила траен печат на севкупното понатамошно творештво. За влијанието на Богомилството врз народниот бит, Рацин го напишал следното: „Нашата народна култура, нашиот богат народен фолклор, неисцрпната ризница на нашиот народ низ многувековното искушение – повеќе се дело на Богомилството, одошто од влијанието на православјето… Има ли во нашето народно минато повозвишена појава, повозвишен идеал и посветла цел, но што е Богомилската? Колку луѓе и денеска се напојуваат од него, мислејќи дека се опираат врз најдобрите народни традиции, иако можеби и не знаат колку е тоа длабоко народно, истовремено и суштински Богомилско“.


Неоспорна оставнина на Богомилството е борбата за духовно ослободување од црковните авторитети и од идејата за непроменливоста на општествените односи. Поттикнувањето на идејата за личниот однос кон Господ, исклучувањето на посредниците – свештеници и попови, претставува стремеж кон јакнењето на индивидуалноста на личноста, на нејзината снага да создава и да живее без стегите на духовната зависност од Црквата. Тоа во суштина е и ортодоксниот прахристијански идеал, за кој дознаваме преку евангелијата, а посебно преку гностичките евангелија на останатите осум апостоли чии записи не се вклучени во Новиот Завет и евангелието по Марија Магдалена. Јакнењето на индивидуалноста и организирањето отпор против експлоатацијата, црковна или феудална, претставува чин, преку кој индивидуата станува свесна за својата можна активна улога во светот.

Во исто време со разнишувањето на стегите, со чија помош во средновековието поредокот опстојувал, се развиваат креативните и интелектуални потенцијали на поединецот. Длабоко-човековите потреби за слободно живеење и работа, го наоѓаат својот потстрек во Богомилството. Стигнувајќи до најшироките народни маси, борејќи се за нивното достоинство, Богомилството претставува основа за понатамошни духовни, културни и политички револуции, не само на нашиот простор, туку и многу пошироко во Европа, преку дејноста на Катарите и Патарените. Различниот поглед на светот, спротивставен на доктрината на официјалната црква, овозможува основа за развој на мислата и стремежите на луѓето отелотворени преку можеби најголемата културна револуција на постхристијанското време – Хуманизмот и Ренесансата.

Добро познати ни се расправите за појавите и причините кои се основа за развојот на хуманизмот и ренесансата, меѓу кои основната е во широкото граѓанство отворено прифатениот дуализам на катарите и патарените, а со самото тоа се поставува Богомилската мисла како основната иницијација на развојот на слободната граѓанска мисла, односно како нејзин вистински дострел – неслутениот развој на науката и уметноста.

Токму затоа, воопшто не изненадува податокот дека единствените слики кои што претставуваат претходница на Ренесансните слики, според општо прифатените византолошки и средновековни расправи, се настанати токму во Македонија, во колевката на Богомилската „еретичка“ мисла – фреските Оплакувањето на Христ – познатата Пиета во црквата во Нерези од XИИ век – 1164 год., како најизразити претставник на новиот дух во живописот во Македонија и останатите фрески од таа црква, како фреските од црквата во К*рбиново, исто така од XИИ век – 1191 год.


За овие дела на нашите непознати зографи Димитар Ќорнаков напишал: „Тоа што можела и не го сторила Византија, го создале нашите зографи, во нашите македонски средновековни цркви и манастири. И додека во византиската средновековна уметност има претстави со смирени изрази на ликовите, без нагласени гестикулации и чувства, нашиот зограф ги надминал тие рамки и на своевиден начин ја искажал човековата драма со бол и тага, на начин кој не му бил својствен на неговите претходници…“.

Анонимниот, но затоа, по своите квалитети, голем зограф се определил за она што е суштинско. Имено, поворката која го пренесува Христовото тело, зографот ја „сопрел“ во моментот кога Богородица паѓа на колена, оставајќи ги неприродно разделените нозе; тоа е она коешто во Византија никаде не се јавува; и така во скутот го држи мртвото тело Христово, прегрнато и му го целива лицето… Пред Нерези, ниту еден сликар не успеал да створи толку големо дело.

Анета Светиева, бележејќи ја дејноста на нерешките мајстори и јачината на нивното дело, вели: „Маските од Света Софија овде се тргнати; покажан е набојот – немирот на живите луѓе. Светософиското надреално, го губи предзнакот: станува реално. И светителските лица се разновидни, лични, особени. И Христовото тело е поинакво, дури влакнесто. Ако драматичноста и реализмот се носачи на предренесансата, тогаш нерешкиот мајстор им претходи цел век…“.

Византологот Габриел Мие, уште во далечната 1916 година, осознавајќи ја посебноста на сликарството во Македонија, нарекувајќи ја сликописна ризница од општо Византиско значење, го воведе поимот „македонска школа“. Нејзината поставеност иуxта глобалните богословски одредници диктирани од престолнината, новите научни сознанија ја прават уште појасно согледлива.

Дури во последната деценија на 20-тото столетие, многу скромно и срамежливо, се појавува претставата за значењето на Македонските фрески во општиот развој на дводимензионалната ликовната уметност во светски рамки. Веројатно ќе ја најдеме снагата, но и валидните аргументи за да ја окарактеризираме со местото што навистина го заслужува – не претходница, но вистинскиот почеток на Ренесансата.

Таа тоа и го заслужува со снагата на елементите и со уметничкиот израз којшто го носи во себе. Тоа е и реалната консеквенца на револуционерната Богомилска мисла, која со бројноста на своите следбеници на нашите простори, но особено со јачината на својот однос кон општествните прилики, како и кон поединецот и неговата внатрешна снага, широко ги отвора вратите за да може да се размавне креативноста на поединецот, ослободена од душевните стеги, но и од општо прифатените тогашни византиски канони.

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2015 во 01:11

Богомилизам – “Македонска Ренесанса”


Богомилите учеле дека постојат два бога: Богот на доброто и Богот на злото. Богот на злото го создал целиот материјален свет, па и човекот, а Богот на доброто душата на човекот. Богомилите ги отфрлале сите молитви, освен “Оче наш”, не ги почитувале ни крстот, ни иконите, ни црквите. Се молеле дома и меѓусебно се исповедале. Побунетите на бискупите им ја оспорувале власта над верниците. Го отфрлале Стариот завет и го признавале само Евангелието. Ги поттикнувале верниците на непокорност кон оние што се на власт. Проповедале сиромаштија и остро истапувале против богатите и нивното богатство.

Појавата на учењето за двата бога, т.н. дуалистичка хереза, е израз на револтот против хиерархијата на христијанската црква, која ја користи идејата за Господ за да ги држи во покорност верниците. Таа, исто така, е израз и на револтот против државната власт, која се потпира на христијанската црква, како на идеолошко средство на своето владеење. Добро е речено дека оваа двојна хереза го акуелизира вечното прашање што го поставува човекот: зошто Господ на едни им дава многу добра, а малку зла, а на други многу зла, а малку добра? Идеолошки, богомилското движење во Македонија во целост беше насочено против византиските и бугарските освојувачи, против новоформираните домашни феудални господари и против црквата, која, како што вели и Презвитер Козма, била крајно расипана.

Антифеудалната суштина на богомилството се огледа во неговите општествено-политички ставови и во рамките на мистично-религиозните концепции и затоа потпора имало, главно, кај посиромашните маси. Проповедајќи демократија во сиромаштијата, скромен и едноставен живот, непослушност кон власта, богомилството содржело силна антифеудална нота и го поттикнувало народот на бунт и револт.

Подеталното анализирање на карактерот на богомилството ќе не доведе до битната констатација дека тоа, со самиот факт оти се свртело против царот и болјарите, против владејачката номенклатура, која беше, пред се и над се, составена од Бугари, значи богомилското движење за Македонските Словени имало и ослободителен карактер. Н. П. Благоев со право увидел дека Македонија била центар на опозицијата против цар Петар, не само затоа што тој на незаконски начин дошол до престолот, туку и затоа што богомилството во тоа време било единствено борбено движење во Македонија. Драговичката и Мелничката црква, на пример, биле претставници на екстремната ориентација, за разлика од бугарската богомилска црква, која била за помирен и поумерен став. Клучен податок дека богомилството поседувало и јасни белези на ослободително движење е вистината дека комитопулите Давид, Мојсеј, Арон и Самоил, синови на комитот Никола, го прифатија учењето и како негови приврзаници кренаа востание (869 год.), што доведе до ослободување на Македонија од Бугарското царство, создавање на првата словеномакедонска држава и дефинитивно оформување на Македонците како народ. Симпатиите на цар Самоил кон богомилите и нивното бројно учество во неговото востание и во востанието на неговите браќа, просто се објаснува: богомилите биле единствената делумно организирана антивизантиска партија во Македонија со јасна словенска и народна ориентација. Интересно: востанието на Македонските Словени избувнало онаму каде што било најсилно учењето на богомилите. Тоа било на просторот ограден со тријаголникот Вардар – Охрид – Шар Планина.

Противмерките на Византија и Бугарија против ова “зло” биле жестоки. Цариградскиот патријарх Теофилакт ќе го советува царот Петар: “Оние, пак, што остануваат во зло, болни од непокајување, божјата црква ќе ги отсече како изгниени и сосема погубни делови и ќе ги предаде на вечна осуда… Општествените закони на христијанството… предвидуваат смрт за нив, особено кога се гледа дека злото се влече сè повеќе, напредува и мнозина погубува”.

Наспроти се, богомилството се проширило, првин во Бугарија и Босна, потоа во Италија и Јужна Франција, и станало движење кое влијаело на текот на историските настани.

http://loza.mk/2015/05/bogomilizam-makedonska-renesansa/

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2015 во 01:15
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2015 во 01:17

Движењето на Богомилите

Основен извор претставен во печатена форма за движењето на богомилите во 10ти век е Беседата за Богомилите од Презвитер Козма, напишана со цел да се осудат богомилите и да се оттргнат масите од нив, да не станат еретици. Козма истакнува дека прв учител и распространувач на богомилството бил попот Богомил. Меѓу населението од селата во планината Бабуна е зачувана една легенда за попот Богомил. Според името на планината, подоцна богомилите уште ги викале и бабуни. Легендата укажува дека поп Богомил бил роден во селото Богомила. Тука живеел и умрел, а гробот му се наоѓал до самото село во селото Богомила. Тука живеел и умрел, а гробот му се наоѓал до самото село во цкрвиштеизградено во земјата кое на богомилите им служело како молитвен дом. Слично такво скривалиште има и во пештерата до селото Нежилово. Учеле дека постои борба меѓу доброто и злото, и дека на крајот ќе победи доброто. Тие проповедале дека богатите се слуги на ѓаволот, па кој им се потчинува ним – тој всушност му се спротивставува на Бога.  Учеле дека сиот видлив свет со неговите закони и поредоци не бил создаден од бога, туку од ѓаволот. Пропагирале дека секој може да му се моли на бога и без свештениците.

Македонија

Богомилите се делеле на три категории:

Совршени Богомили

Обични Верници

Слушатели

Раководната улога ја имале првите. Тие се сметале за вистински христијани.

http://loza.mk/2015/04/bogomilite-od-makedonija/

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2015 во 01:18

Тајната книга на Богомилите

Статија на Проф. Д-р Маја Ангеловска-Панова 

Една од повеќето особености на богомилството претставува и неговиот културолошки феномен проследен преку интегралното имплементирање на филозофските аспекти на учењето, книжевните состави со оригинален богомилски статус и оние со интерполација, како и преку одразот на богомилството во македонскиот и воопшто во балканскиот фолклор.

tainata kniga

Во тој контекст, книжевно-творечката активност на богомилите имала приоритено значење, меѓу другото и поради фактот што книжевните состави претставувале своевидна програма за суштината на учењето, но и непосреден механизам за дисперзија на ереста на пошироко географско рамниште. Типичен пример за книжевно-еретичка трансмисија претставува Тајната книга во литературата позната и под насловот Јованово или Лажно Евангелие. Зачувана е во две латински верзии Каркасонска од XII век, идентификувана во Архивата на инквизицијата во Каркасон, Франција и Виенска со потекло од XIV век. Последниот ракопис го содржи целосниот наслов на делото кој гласи: Испрашување на Јован, апостол и евангелист, на светата вечера на царството небесно за управувањето на светот, за Седржителот и за Адам(Ioannis et Apostoli et Evangelistae Interrogatio in coena sancta regni coelorum de ordinatione mundi et de Principe et de Adam). Компаративната анализа на ракописите укажува на фактот дека станува збор за едно исто дело, со извесни разлики во подробностите и јазикот, што ја зголемува веројатноста потеклото на оригиналот да се поврзе со друго јазично подрачје, и тоа според две одделни верзии. Повеќето од истражувачите сметаат дека оригиналниот текст на Тајната книга потекнува од јужнословенските средини, наспроти Б.Хамилтон и М.Барбер, коишто во поново време ја промовираат тезата за грчко потекло на Тајната книга, продуцирана од најтесното опкружување на попот Василиј во почетокот на XII век. Но, верзијата што Назариј (filius major во рамките на катарските комуни) ја пренел во Италија за своите мисионерски цели, во согласност со податоците од Анселмо Александриски, напишана на лош латински јазик, според овие истражувачи, претставува превод од старословенски текст.

Определбата на оригиналната јазична провениенција на Тајната книга и нејзиното хронолошко датирање е во директна зависност од изворниот материјал, којшто во конкретниот случај третира податоци единствено за латинскиот превод. Несомнено е дека потребата од постоење на латинскиот превод се поврзува со мисионерската дејност на Назариј во Ломбардија, чија основна цел била распространување на богомилските идеи меѓу приврзаниците на катаризмот. Тајната книга била преведена на латински јазик најверојатно во средината на XII век, зашто веќе во 1170 година Назариј презентирал дел од нејзината содржина пред своите слушатели. Имено, тоа е директно потврдено кај Рајнериј Сакони, поранешен приврзаник на катарите, кој подоцна преминал во редот на Домениканците, а во периодот од 1254 до 1259 година бил инквизитор во Ломбардија. Во неговото дело под насловИзложување на братот Рајнериј од редот на браќата проповедници, за катарите и за бедниците од Лион (Summa fratris Raynerii de ordine fratrum praedicatorum, de Catharis et pauperibus de Lugduno), се истакнува: “Навистина Назариј, нивниот епископ и најстар раководител, пред мене и пред многумина други кажал дека блажената Богородица била ангел и дека Христот не примил човечка природа, туку ангелска природа или небесно тело” (Nazarius vero quondam eorum episcopus et antiquissimus coram me et multis aliis dixit quod beata Virgo fuit angelus et quod Christus non assumsit naturam humanam sed angelicam sive corpus caeleste).

Првиот впечаток при анализа на Тајната книга како извонредно респектирано дело во богомилските средини секако е формата на презентирање на дуализмот, космогониско-ешатолошките и сотиролошките компоненти како фундаментални постулати на апостазичното учење. Имено, во делото, апостолот Јован ја предизвикува беседата, поставувајќи му прашања на Исус, чии одговори не се предадени директно од него, туку со посредство на Јован. Почетната сцена претставува воведување на читателот во евангелскиот расказ за Тајната вечера, при што Јован, потпрен на градите на Исус прашува: “Господе кој ќе те предаде”? На што следи одговорот: “Оној што ќе ја потопи раката во чинијата, во него ќе влезе Сатаната и тој ќе ме предаде” (Domine, quis tradet te? Et Dominus dixit mihi: qui intinxerit manum in catino, et introibit in eum Sathanas, ille tradet me). Уште на самиот почеток доаѓа до израз диференцијацијата на двете основни начела – добро и зло, олицетворени во ликот на Исус и Сатаната, што секако претставува пандан на богомилскиот умерен дуализам.

Дејствието на апокрифот почнува во моментот кога Сатаната ќе се соочи со желбата за славољубие, па “…ќе посака да го постави престолот над облаците и да биде еднаков на Севишниот” (…volens ponere tronum super nubes et esse similis Altissimo). Овој мотив е идентично претставен и во Паноплиа Догматика, инаку релевантен антибогомилски извор во кој авторот Евтимиј Зигавен со истиот книжевен израз констатира: “ќе го постави престолот над облаците и ќе биде еднаков на Севишниот”.

Во функција на предочената цел Сатаната им се обратил на ангелите, ветувајќи им дека ќе царува заедно со нив. Сцената со ангелите на кои тој им ветува намалување на даноците има повеќекратна функција. Од една страна таа го претставува стремежот на човекот во средновековното општество кон подобар живот, но од друга страна пак имплицира на човековата немоќ да остане во сферата на нематеријалната божественост. Очигледно перцепцијата за божественоста била детерминирана од образецот со кој човекот се соочувал во своето секојдневие, а не обратно како што налага Светото писмо. Впрочем и во Тајната книга, независно од фактот што борбата се води на универзален план, сепак таа поттикнува на асоциации за една конкретна историска епоха, општествена дејствителност и социјално зло како творби на ѓаволот. Не случајно во основата на целиот текст преовладува историјата на Сатаната, кој е претставен како синоним на гордост, ревност и завист со нескриена амбиција да управува самостојно и самоволно.

Откако ги создал земните творби “…тој науми да го создаде и човекот за да му служи и зеде од земјата глина и направи човек според својот изглед” (…cogitavit facere hominem in servitio sibi, et tulit de limum terra et fecit hominem similem sibi). “И му заповеда на ангелот од второто небо да влезе во телото од глина и зеде од него и направи друго тело во вид на жена” (Et praecepit angelo secundi coeli interoire in corpus luti, et tulit de eo et fecit aliud corpus in forma mulieris). Расказот за создавањето на земниот свет во споредба со истиот, содржан во Паноплиа Догматика е претставен во подробности и пројавува поголема сличност со Библијата, со таа разлика што Библијата како творец на се го наведува добриот Бог, додека во Тајната книга таа функција му е доделена на лошиот ѓавол. Исконскиот грев на Адам и Ева, поттикнат од Сатаната во рајската градина, претставувал создавање на луѓе што не се нарекувале рожби на Бога, туку рожби на ѓаволот и на змијата што сугерира на основната богомилска мисла за телото како творба на дијаболизмот и за душата создадена од Бога.

Царувањето на Сатаната над човечките суштества траело седум дни, кои се поистоветувале со седум века. Сатаната го повикал својот служител Енох, заповедајќи му да напише седумдесет и шест книги, според кои луѓето требало да извршуваат свештенички дејствија. Во оваа епизода од Тајната книга се споменува Мојсеј, кому Сатаната му дал три дрва наменети за распнувањето на Исус. Личностите на Енох и Мојсеј, споменати во овој контекст имаат негативна конотација, токму поради фактот што биле третирани како мисионери на Сатаната. Овој сегмент од Тајната книга во содржинска смисла пројавува сличности со апокрифот Повеста за крсното дрво, кој бил познат многу порано, пред појавата на богомилството.

На крајот, пратен од Бога, Исус слегол на земјата, влегол и излегол од увото на мајка му Марија, претставена како ангел, за да ја исполни својата мисија, спасувајќи го човечкиот род. Во овој дел од книгата доаѓа до израз идејата за потенцирање на докетистичката природа на Исус Христос, карактеристична за богомилите, како и за непорочното зачнување на Марија, што во конкретниот случај го надминува и канонското предание. Со цел да ја спречи мисијата на Исус, Сатаната го испратил “својот ангел – пророк Илија, кој крштева со вода и кој се нарекува Јован Крстител” (misit angelum suum Elyam prophetam baptizantem in aqua, qui vocatur Johanes Baptista). Вистинското крштевање на кое се инсистира во Тајната книга е преку Светиот Дух, но се наметнува прашањето: зошто целиот свет го прифаќа крштевањето на Јован, на што се надоврзува одговорот на Исус: “…затоа што нивните дела се лоши и не одат до светлината. Учениците на Јован се женат и ќе се женат, а моите ученици не се женат и ниту ќе се женат, туку се како Божји ангели на небото во небесното царство” (ideo, quia opera eorum mala sunt et non veniunt ad lucem. Discipuli Johannis nubunt et nubuntur, discipuli autem mei non nubunt nec nubuntur, sed sunt sicut angeli Dei in coelo in regno coelorum). Овој пасус во содржинска смисла кореспондира со радикалниот аскетизам, како основен критериум за достигнување на моралното совршенство. Покрај постот и контемплацијата, претендентите за категоријата совршени биле обврзани во фунција на својата религиска посветеност да ги напуштат своите семејства и брачните партнери.

Последниот дел од Тајната книга, каде што се зборува за второто Христово пришествие, претставува реминисценција на воспоставените канонско-апокрифни нормативи. И покрај фактот што второто Христово пришествие ќе биде проследено со космичка катастрофа, сепак кон самиот крај содржината по својот основен патос добива оптимистичка конотација. “И тогаш ќе се разоткрие Синот човечки во својата слава, и сите светци и ангели заедно со него…Недостижна слава и почит ќе има за оние што го чуваат ангелскиот живот, а оние пак што и се потчинуваат на неправдата ќе добијат гнев, бес, мака и незадоволство” (Et tunc manifestabitur Filius hominis in gloria sua, omnesque sancti et angeli cum eo…gloria et honor inaccessibilis custodientibus angelicam vitam, et obedientes iniquitati, iram et furorem et anguistam et indignationem accipient).

Општ впечаток при анализата на текстот во целина е дека авторот на Тајната книга не претендира кон подробно интерпретирање на библиските мотиви, развивајќи, притоа, тези и антитези. Напротив, настаните за кои говори ги презентира ин медиас рес, без примена на реторски вештини и многу цитати. Меѓу изворите на Тајната книга се препознаваат Толковната палејаКнига за Енох,Видение на ИсаијаОткровение на Варух и канонскатаАпокалипса. Композицијата на Тајната книга, користенити извори и книжевниот израз упатуваат на претпоставка дека нејзиниот автор имал високо богословско образование. Во недостиг на конкретен изворен материјал, единствен аргумент врз чијашто основа може “условно” да се определи карактерот на Тајната книга е нејзината содржина што имплицира на еретички елементи, во принцип карактеристични за богомилите.

Имено, уште на самиот почеток се наметнува дилемата: дали изборот на апостолот Јован, којшто ја поттикнува и ја води беседата во Тајната книга е случаен или пак тенденциозен, особено поради позитивистичкиот став на богомилите кон неговата личност, а уште повеќе кон Евангелието според Јован, кое го користеле максимално во својата религиозно-обредна практика. Оттука реална изгледа претпоставката дека изборот на Јован бил во функција на идејата за поткрепа на авторитетот на Тајната книга во богомилските средини.

Седумвековното владеење на Сатаната над човечкиот род, нихилизмот кон пророкот Мојсеј, потенцирањето на докетистичката природа на Исус Христос, значењето на духовното крштевање наспроти крштевањето со вода, молитвата Оче наш како симбол на тајната евхаристија се сегменти од Тајната книга кои во најголем дел се речиси идентично презентирани и во Паноплиа Догматика. Впрочем општ впечаток е дека двете дела пројавуваат многу сличности во однос на космогонискиот мит и ешатологијата, засновани на религиско-филозофската концепција на умерениот дуализам и гностицизмот. Доколку станува збор за некаква разлика поме|у двете дела, секако треба да се истакне дека таа се однесува исклучиво на начинот на презентирање на содржината, што е сосем разбирливо ако се има предвид нивната функција и употребната вредност. Имено, основните богомилски поставки во Тајната книга се претставени суптилно и тие треба да се идентификуваат, зашто се наменети за еден потесен круг на приврзаниците на учењето, додека во Паноплиа Догматика, како релевантен антибогомилски извор, еретичките компоненти се децидни и се засноваат на личното сведочење на попот Василиј, главниот протагонист на богомилството за време на владеењето на императорот Алексиј I Комнин (1081-1118 година).

И покрај фактот што некои од истражувачите упатуваат на манихејското потекло на Тајната книга, не треба да се занемари фактот дека богомилството претставува своевидна симбиоза од постарото еретичко наследство, меѓу кое било и манихејството, така што доколку и станува збор за некакво “позајмување”, тоа било прифатено и вметнато во концепцијата на богомилскиот религиско-идеолошки инвентар. Голем дел од начелата на богомилството, во принцип се преземени од постарите еретички искуства и со самото инкорпорирање се третираат како составен дел од богомилската идеологија. И додека во Тајната книга отпочеток докрај преовладува умерениот дуализам, манихеите биле приврзаници на апсолутниот дуализам, изразен преку верувањето за постоење на две спротивставени божества, независни едно од друго, богот на доброто или светлината и богот на злото односно темнината.

Според тоа голема е веројатноста Тајната книга да се оквалификува како апокрифен состав, настанат за потребите на богомилите во периодот од крајот на 11 и почетокот на 12 век. Тоа е период кога богомилството го доживеало својот најголем подем со јасно изразена тенденција да се распространува во соседните балкански земји, а со извесна модифицираност и во земјите на Западна Европа. По некоја аналогија на нештата тоа се можеби и посредните историски индикатори, коишто упатуваат на старословенска јазична провениенција на оригиналниот текст. Со концепцијата на Тајната книга се воведува еден нов пристап кон пишаното слово во средновековната книжевност, при што канонските мотиви подлежат на филозофска оцена и на дополнителна литературна обработка. Како книжевен жанр во кој еден религиски систем се спротивставува на друг, во случајот богомилскиот на официјалниот, Тајната книга е многу блиска до Откровенијата. Изобилството на книжевно-творечка имагинација и наративност придонесува оваа книга како синоним за богомилскиот окултизам да се вброи меѓу позначајните дела на средновековната апокрифна книжевност, уште повеќе што нејзината употребна вредност го надминува локалниот карактер и добива интернационални димензии и литературен статус.




Изменето од Messenger - 13.Јули.2015 во 01:19
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2015 во 01:22

Календарот на Богомилите


Догма: Во почетокот беше мртвата точка.

Во календарот на богомилите годината се состоела од десет месеци. Секој месец имал по 36 дена, а секоја седмица по 6 дена. Менувањето на месеците било Јар, Фиар, Мар, Рар, Јуар, Аврар, Севар, Окар, Ноар и Декар.

Според 36те етапи на првиот дел од постанокот на светот тие 10 месеци и нивните соодветни божества се нарекувале и со други имиња, поледователно: Ар (земја), Шо (вода), Му (Снце), Ко (зеленило), Јо (трудот), Хо (топлината), Цо (плодот), Ри (бербата), Со (Тргувањето), и Еае (веселењето). Овие именувања на месеците биле исфрлени од богомилите сметаќи ги за туѓи на словенскиот јазик усвоен од нив. Богомилите ги исфрлиле имињата и од двете главни божества Ра (творечката сила), бог на доброто и Зо (уништувачката сила), бог на злото. Последните две имиња дадени на двете главни богомилски божества, како и оние на десетте божества споменати погоре воделе корен сосема туѓ за богомилите.поради кое што се забранувало нивното споменување се со цел за да бидат заборавени. Откако ќе поминат десетте месеци од богомилскиот календар на обичната година се додаваат 5 мртви дена, без име, празници, посветени на силата на креирањето/создавањето, а за престапната година се додава уште еден мртов ден посветен на силата на уништувањето. Тие 5 или 6 мртви дена на крајот на годината и ден денес се нарекуваат мртви во некои делови на етничка Македонија. Шесте седмици во месецот имале по 6 дена чии што имиња се скоро исти како денешните. Секој шести ден бил празник, а празнувањето преку работните 5 дена било забрането. Именувањето на дните преку календарната година со човечки имиња било исто така забрането.

Броењето на годините на богомилите почнало според етап 33 од раѓањето на човековдахнувачот, од раѓањето Христово.

Главните божества на богомилите биле силата на создавањето и силата на уништувањето кои што не носеле никакви други имиња.


Anton Glogov bogomilskoto ucenie

Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,232 секунди.