|
DIY - Саксии за Вашиот дом или двор |
Внеси реплика | страница 123> |
Автор | ||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 08.Февруари.2014 во 22:20 |
|
Направи сам: Креативни саксииОбичните саксии за цвеќиња можат да изгледаат здодевно и обично имаат високи цени. Ако сакате нешто интересно, а сепак не сакате да давате многу пари, овие идеи се совршени за вас. Погледнете како од неискористените предмети во вашата куќа можете да направите оригинални саксии за вашиот дом. 1. Цвеќе во стакло Погледнете ја сликата и ќе забележите дека саксиите се всушност мали стаклени тегли за детска храна. Сигурно не сте размислувале да ги искористите на овој начин, но според сликите можеме сите да се согласиме дека навистина се неодоливи. Дополнителна корист е тоа што можат да се користат како вазни и свеќници. Можат лесно да се вклопат во домашната атмосфера или да бидат интересен украс на вашата градина. Што ви е потребно? Стаклени тегли, даска, метална кружна стега, електрична дупчалка, завртки, кука и тенко јаже. Прво исчистете ја даската ако е потребно. Направете план каде ќе ги сместите вашите саксии. Доближете ја стегата до даската, направете дупка со дупчалката и прицврстете ја со завртка. Повторете ја постапката со останатите стеги. Ставете ги стаклените тегли во стегите и добро прицврстете, за да не паднат. На даската прицврстете една или две куки кои ќе послужат за закачување, или пак издупчете дупки низ кои ќе го провлечете јажето и ќе ја закачите даската на ѕид.
Преостанува да ги наполните саксиите со земја и да засадите цвеќиња. 2. Цвеќе во метална кутија Многу едноставна и креативна идеја. Земете стара метална кутија која нема некоја посебна корист во вашиот дом, и искористете ја како саксија. Се што треба да направите е да ја наполните со земја и да насадите цвеќиња. 3. Цвеќе во фиоки Прв чекор што треба да го направите, откако ќе најдете плакар или фиокар кој не го употребувате повеќе, е да го заштитите со средство за заштита од вода и влага. Откако ќе се исуши добро, поделете ги фиоките на два дела, предните делови наполнете ги со земја а, во задните делови ставите каменчиња или некоја друга цврста материја која ќе спречи да се превртат. Цигли можете да поставете под целиот плакар за да може водата слободно да паѓа како и под последната фиока. Извадете ги дршките и залепете им парче дрво и повторно вратете ги на плакарот |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Саксија за цвеќе од дрвен трупец
Направете вдлабнатина во дрвото |
||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Саксии со прекрасен дизајн кој сами го избирате, саксии кои се едноставни за изработка. Овозможуваат поголема впечатливост на цвеќињата. Одберете камчиња, земете лепак и започнете да креирате.
|
||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Обичните саксии за цвеќиња можат да изгледаат здодевно и обично имаат високи цени. Ако сакате нешто интересно, а сепак не сакате да давате многу пари, овие идеи се совршени за вас. Погледнете како од неискористените предмети во вашата куќа можете да направите оригинални саксии за вашиот дом. Погледнете ја сликата и ќе забележите дека саксиите се всушност мали стаклени тегли за детска храна. Сигурно не сте размислувале да ги искористите на овој начин, но според сликите можеме сите да се согласиме дека навистина се неодоливи. Дополнителна корист е тоа што можат да се користат како вазни и свеќници. Можат лесно да се вклопат во домашната атмосфера или да бидат интересен украс на вашата градина. Стаклени тегли, даска, метална кружна стега, електрична дупчалка, завртки, кука и тенко јаже. Прво исчистете ја даската ако е потребно. Направете план каде ќе ги сместите вашите саксии. Доближете ја стегата до даската, направете дупка со дупчалката и прицврстете ја со завртка. Повторете ја постапката со останатите стеги. Ставете ги стаклените тегли во стегите и добро прицврстете, за да не паднат. На даската прицврстете една или две куки кои ќе послужат за закачување, или пак издупчете дупки низ кои ќе го провлечете јажето и ќе ја закачите даската на ѕид. Преостанува да ги наполните саксиите со земја и да засадите цвеќиња.
Нареден пат коа ќе отворите некоја конзерва наместо да ја фрлате, зачувајте и употребете ја како саксија за цвеќиња. Чисти конзерви (отстранете ја амбалажата) супер лепило, јаже и дупчалка. Потребни ви се и работи за украсување. Делот со украсувањето го препуштаме целосно на вас. Техничкиот дел е доста едноставен започнува со дупчење на дупки во конзервата, протнување на јажето низ тие дупки и закачување некаде по своја желба. Многу едноставна и креативна идеја. Земете стара метална кутија која нема некоја посебна корист во вашиот дом, и искористете ја како саксија. Се што треба да направите е да ја наполните со земја и да насадите цвеќиња. Зарем не сте воодушевени од оваа идеја? Можеби не е најпрактична, но дефинитивно е креативна и уникатна. Прв чекор што треба да го направите, откако ќе најдете плакар или фиокар кој не го употребувате повеќе, е да го заштитите со средство за заштита од вода и влага. Откако ќе се исуши добро, поделете ги фиоките на два дела, предните делови наполнете ги со земја а, во задните делови ставите каменчиња или некоја друга цврста материја која ќе спречи да се превртат. Цигли можете да поставете под целиот плакар за да може водата слободно да паѓа како и под последната фиока. Извадете ги дршките и залепете им парче дрво и повторно вратете ги на плакарот. Финалниот резултат е навистина креативна мини градина. |
||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Направи сам: Саксии од стари чадориУште една идеја за разубавување на вашата градина. Ако сте љубител на шаренилото во дворот, сега е идеално време да испробате нешто ново. Соберете ги старите чадори на едно место и добро разгледајте им ги шарите. Одберете цветови кои се во согласност со нивните бои и вклучете ја креативноста. Отворете го чадорот и наполнете го од внатрешната страна со земја, а потоа засадете го цвеќето. Саксијата од веќе искористен чадор можете да ја поставите некаде на тревата или да ја закачите некаде на терасата. За помалку од половина час дворот можете да го претворите во одлично осмислена креативна целина. Погледнете како може да изгледа вашиот двор со помош на само неколку чадори. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Направи сам: Шарени лакирани саксии за на терасаЗа сите кои уживаат во пролетната декорација и не пропуштаат ниту една можност да си го освежат дворот или балконот, ова ќе биде вистински предизвик, но и повод за креативно уживање. Шарените и уникатни саксии внесуваат ведрина во просторот каде ќе ги поставите, а можете да ги направите за само 5 минути, со помош на шарени лакови за нокти.
Во пластичниот сад наполнете вода, ставете ги ракавиците и полека истурајте лак во водата. Внимателно, во тенки линии за да не потоне. Најмногу можете да помешате 3 бои, и тоа прво онаа која е најсветла. Откако ќе го додадете вториот лак во водата, помешајте и дизајнирајте со чепкалка. Затоа што лакот брзо се суши, ова мора да го правите многу брзо. Ако лакот сепак ви се исуши или не се шири по површината, додадете малку ацетон во водата. Почнете од едниот крај и приближете ја саксијата до површината на водата. Ќе забележите како лакот сам се лепи за неа. Повторувајте ја постапката додека ја ротирате саксијата, додека не ја постигнете посакуваната шара. На крајот, кога ќе завршите, ставете ја саксијата на парче хартија да се исуши. Задолжително пропрскајте со лак за коса за да не почне да се лупи. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Направи сам: Висечки саксии од стар лустерДоколку сте биле доволно мудри да го сочувате стариот ретро лустер наместо да го фрлите, сега можете да го испробате овој брз и ефектен проект за вашиот двор. За овој весел „направи сам“ проект потребно ви е:

Направи сам: Од скршени саксии до мини рајски градиниСоздавањето на минијатурни, бајковити градини од скршени саксии изминативе неколку месеци прерасна во летен тренд кој мора да го има секој двор. Доколку несакајќи ви се искрши омилената саксија, сега имате можност да и дадете нова, уште попрекрасна намена. Делчињата кои ви останаа соберете ги на едно место и добро размислете како ќе ги искористите. Важно е само да не ви се поткрши дното, за да може да ја наполните со земја и да ја украсите со разни цветчиња, зелени растенија или фигури и стари предмети кои може и сами да ги изработите. За овој направи сам проект потребна ви е голема фантазија, зеленило, билки и неколку искршени стари саксии кои мислевте дека се за во отпад. Основната постапка изгледа вака: Со тоа на терасата или во дворот ќе добиете неколку мали градини, како и украси кои ќе му дадат повпечатлив и поавтентичен изглед на вашиот двор. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Направи сам: Цвеќе во стар трупец од дрвоИмате тераса, двор или балкон на кој би сакале да поставите интересни саксии во кои до израз ќе дојдат цвеќињата кои веќе долго време ги чувате? Наш предлог е да пронајдете неколку неискористени трупци, шупливи дебели гранки или стебла кои ќе се обидете да ги претворите во нешто модерно и уникатно. Овие неколку предлози се вклопуваат во секој амбиент, а ви дозволуваат да засадите какво растение и да посакате. Трупецот од пресечено дрво во дворот на кој одамна не знаете што да му правите, конечно можете да го наполните со омиленото цвеќе. Издлабете го, посипете земја и засадете. Дел од стебло од било кое дрво може да биде одлична саксија за цвеќе. На истиот начин засадете ги цвеќињата, со таа разлика што оваа вазна или саксија, наречете ја како сакате, можете да ја преместите во било кој дел од дворот. Дел од стебло со природно издлабен дел може да биде прекрасна саксија која можете да ја поставите веднаш до дрвената ограда. Хоризонтално поставеното стебло може да биде одлична висока саксија која ќе ја поставите веднаш до влезната врата. Цветната градина од неколку издлабени стебла е одлична доколку имате повеќе простор во дворот кој не знаете како да го пополните. Распоредете ги стеблата на неколку места и создадете прекрасна целина. Уште пак ако сте доволно креативни и умешни да изведете голема саксија на ногарки? Уникатна декорација! Гранките од бреза исто така се одлична декорација на едноличните саксии кои нема ни да се гледаат. Заврзете ги околу саксијата и инстантно добивате нова и природна декорација. Покрај тоа што во дворот изгледаат одлично, саксиите од тенки гранки би биле одлична декорација во домот. Погледнете како овие идеи ќе изгледаат кога ќе ги приментите во вашиот двор... |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Направи сам: Креативни саксииОбичните саксии за цвеќиња можат да изгледаат здодевно и обично имаат високи цени. Ако сакате нешто интересно, а сепак не сакате да давате многу пари, овие идеи се совршени за вас. Погледнете како од неискористените предмети во вашата куќа можете да направите оригинални саксии за вашиот дом. Погледнете ја сликата и ќе забележите дека саксиите се всушност мали стаклени тегли за детска храна. Сигурно не сте размислувале да ги искористите на овој начин, но според сликите можеме сите да се согласиме дека навистина се неодоливи. Дополнителна корист е тоа што можат да се користат како вазни и свеќници. Можат лесно да се вклопат во домашната атмосфера или да бидат интересен украс на вашата градина. Стаклени тегли, даска, метална кружна стега, електрична дупчалка, завртки, кука и тенко јаже. Прво исчистете ја даската ако е потребно. Направете план каде ќе ги сместите вашите саксии. Доближете ја стегата до даската, направете дупка со дупчалката и прицврстете ја со завртка. Повторете ја постапката со останатите стеги. Ставете ги стаклените тегли во стегите и добро прицврстете, за да не паднат. На даската прицврстете една или две куки кои ќе послужат за закачување, или пак издупчете дупки низ кои ќе го провлечете јажето и ќе ја закачите даската на ѕид. Преостанува да ги наполните саксиите со земја и да засадите цвеќиња.
Нареден пат коа ќе отворите некоја конзерва наместо да ја фрлате, зачувајте и употребете ја како саксија за цвеќиња. Чисти конзерви (отстранете ја амбалажата) супер лепило, јаже и дупчалка. Потребни ви се и работи за украсување. Делот со украсувањето го препуштаме целосно на вас. Техничкиот дел е доста едноставен започнува со дупчење на дупки во конзервата, протнување на јажето низ тие дупки и закачување некаде по своја желба. Многу едноставна и креативна идеја. Земете стара метална кутија која нема некоја посебна корист во вашиот дом, и искористете ја како саксија. Се што треба да направите е да ја наполните со земја и да насадите цвеќиња. Зарем не сте воодушевени од оваа идеја? Можеби не е најпрактична, но дефинитивно е креативна и уникатна. Прв чекор што треба да го направите, откако ќе најдете плакар или фиокар кој не го употребувате повеќе, е да го заштитите со средство за заштита од вода и влага. Откако ќе се исуши добро, поделете ги фиоките на два дела, предните делови наполнете ги со земја а, во задните делови ставите каменчиња или некоја друга цврста материја која ќе спречи да се превртат. Цигли можете да поставете под целиот плакар за да може водата слободно да паѓа како и под последната фиока. Извадете ги дршките и залепете им парче дрво и повторно вратете ги на плакарот. Финалниот резултат е навистина креативна мини градина. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Внеси реплика | страница 123> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |