IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - Богојавление
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Богојавление

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Alcinov Кликни и види ги опциите
Група
Група


Регистриран: 27.Јануари.2013
Статус: Офлајн
Поени: 52
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Alcinov Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Богојавление
    Испратена: 28.Јануари.2013 во 00:13
Малку каснам, ама нема да ми се налутите. Текстов е напишан на денот кога се прославува Богојавление. Па, повелете.

Реки народ денес се упатија кон водите каде беше извршен еден ритуал- фрлањето на   крстот. Тоа е начинот на кој доминантната религија во нашата земја го празнува празникот Богојавление. За жал, како и сите други празници, така и овој минувајќи низ вековите на себе акумулирал толку многу традиции. Толку многу празниците сме ги накитиле со несуштински белези, што веќе и сме заборавиле на она што е најважно. Па така, на Бадник ни е најважно во кого се паднала паричката, на Велигден- чие јајце ќе биде најтврдо и ќе успее да ги искрши туѓите јајца, на Богојавление, пак, наградата е многу повеќе комерцијална отколку кај другите празници- оној кој ќе успее да го фати крстот ќе се стекне и со материјална корист. Или подобро речено- само со материјална корист. Да, ќе повторам: САМО материјална корист. Затоа што начинот на кој ги славиме христијанските празници не носат ни малку духовна корист.

Би сакал да знам што ли им се врткаше во глава на сите оние луѓе кои отидоа денес на фрлањето на крстот. Зошто ли одеа таму? Што очекуваа да видат и да добијат? Од друга страна, се прашувам како ли оние кои требаше духовно да го збогатат народот (а тоа се верските лидери) гледаа на овој настан? Тие денес ја имаа уникатната можност да го работат она за кое се определиле. За оние кои скокаа по крстот веќе ми е јасно. ,,Светиот лап-топ’’ беше во нивните умови и срца. Затоа за нив не се ни прашувам што размислуваа. Но, ме интересира како народов се задоволува со толкава површност. Зар воопшто не сакаме да ѕирнеме малку под површината, да научиме нешто повеќе? Зашто знаете… без разлика на тоа кој ќе го фати крстот сепак оној немиот посматрач освен што ќе земе во шишенце од ткн. света вода, друга добивка и нема да има. Сепак, и покрај духовната празнотија кој година по година народот ја ,,добива’’ сепак празнувањето на Богојавление станува хит. Дури веќе почна да се прикажува на телевизија. Во Охрид, градот кој сакаме да го претставиме како ,,Балканскиот Ерусалим’’, сакаат да постават некаков Гинисов рекорд. Што друго да кажам освен: ,,Ех, оваа моја чудесна земја!’’

Би сакал секој од нас пред да продолжи со читањето на овој текст, да се обиде да одговори на следниве прашања.

1. Што празнуваме на овој ден?

2. Дали Исус Христос го фатил крстот во реката Јордан?

3. Од кого бил крстен Исус Христос и на која возраст?

4. Зошто бил крстен Исус Христос?

5. И зошто Христовото крштевање е важно за нас?

А еве ги и одговорите на овие прашања. На овој ден се слави празникот Богојавление. Денес си спомнуваме за моментот кога Бог го прекина четиривековниот молк и повторно му се објави на човештвото. Богочовекот Исус Христос беше крстен во водите на реката Јордан од страна на Јован Крстителот, на Негови триесетина години. И не, Исус не го фати крстот на овој ден. Тој го понесе Сопствениот крст неколку години подоцна. Но, за Него крстот не значеше лаптоп, телевизор и парична награда. За Него крстот не значеше честитки од народните водачи. За Него крстот не значеше никаква добивка. Баш напротив, за Него крстот значеше загуба. За Исус крстот значеше смрт. За Исус крстот значеше откажување од оние кои Му беа најблиски. Таму, на крстот Голготски Синот Божји го даде Својот живот за ние преку вера во Него да живееме. На тој крст, Јагнето Божјо беше принесено како жртва со која се платени нашите гревови. ,,Зашто Оној, Кој не знаеше грев, Бог за нас го направи грев, та преку Него да станеме праведност Божја’’ одекнуваат моќно зборовите на апостолот Павле запишани во Второто Послание до Коринтјаните. Но, ниту Јован Крстителот, ниту Исус, ниту кој било друг не скокна по крстот во реката Јордан. Што се случи тој ден на реката Јордан? Јован Крстителот проповедаше покајание и приближување на Царството Небесно. Кај него доаѓаше народ од Јудеја, Ерусалим и од целиот Јордански крај за да бидат крстени. Внимавајте, во тоа време крштевањето е невообичаена работа! Евреите го имаа својот ритуал на обрежување кој се случуваше во 8миот ден од животот на новороденчето. Сепак, Јован Крстителот по Божји налог започна да крштева луѓе дури и од Божјиот народ. Евреите сметаа дека со самото тоа што тие се синови Авраамови тие немаат потреба од нешто друго. Заборавија дека многу поважно е обрежувањето на срцето, а не простото обрежување на телото. Јован Крстителот им проповедаше покајание и спроведуваше крштевање токму меѓу Божјиот народ. И народот доаѓаше да биде крстен- што значи дека и Евреите ја согледуваа потребата од нановораѓање. Тие разбираа дека не е доволно само да бидеш Евреин по потекло и да ги имаш извршено сите церемонии. Службата на Јован Крстителот е едно сведоштво дека и Евреите признаваа дека треба нешто повеќе од празните форми, дека е потребн а трансформација на содржината, промена на срцето и умот. Всушност, самиот збор ,,Покајание’’ или ,,Метаноја’’ значи промена на умот! Евреите доаѓаа и признаваа: ,,Не можеме вака, потребна ни е промена!’’ Крштевањето никако не смее да се сфати како еден религиски ритуал, како уште една форма која треба да биде извршена. Крштевањето е многу повеќе од тоа- тоа е завет кој го склучуваме со Бога! Дека крштевањето на Јован Крстителот не беше само празен ритуал, зборува и фактот дека тој побара од самите верски водачи на Израелскиот народ (фарисеите и садукеите) да создадат плод достоен за покајание. Колку револуционерно, зар не? На народот кој практично беше потопен во ритуали и разноразни начини како да се исполнат законите и традициите, Јован Крстителот им проповедаше покајание!

Но, не проповедаше само покајание! Јован Крстителот имаше и една друга задача- тој беше оној кој го најави Месијата! Најдобро е сега да му дадеме збор нему: ,,Јас ве крштавам со вода за покајание, но Оној што оде по мене е посилен од мене; јас не сум достоен да Му ги понесам ни обувките; Тој ќе ве крсти со Светиот Дух и со оган. Лопатата е во рацете Негови и Тој ќе го очисти гумното Свое и ќе Си го прибере житото во амбар, а плевата ќе ја изгори со оган што не гасне.” (Евангелие по Матеј 3:11,12). И тогаш доаѓа Исус Христос, Месијата, да биде крстен. Си велите: ,,Но, зошто Исус да биде крстен со Јовановото крштевање, кое беше крштевање за покајание? Зар Исус имаше сторено некаков грев, та сега е потребно да се покае и да бара прошка?’’ Доколку си го поставувате ова прашање, честитам! Одлично размислувате! На ист начин размислуваше и Јован Крстителот додека го одвраќаше Исуса од крштевањето! Еве ги повторно неговите зборови кои Му ги упати на Исус: ,,Јас треба од Тебе да бидам крстен, а Ти кај мене ли доаѓаш!?” (Евангелие по Матеј 3:14). Безгрешниот дојде да се крсти кај Јован, а Неговиот одговор беше: ,,Остави го сега тоа, зашто нам ни претстои да ја исполниме секоја правда.’’ Се сеќавате на стихот од апостолот Павле кој веќе го цитирав погоре? ,,Зашто Оној, Кој не знаеше грев, Бог за нас го направи грев, та преку Него да станеме праведност Божја’’ Оној Кој не знаеше грев, Безгрешниот Исус стана грев. Синот Божји стана Син Човечки, за да можат чедата човечки да станат чеда Божји. Во Божјите очи ние, иако грешници, преку Христовата жртва сме оправдани. Христос стана нашата правда! Оној кој преку вера во Христа е облечен во Божјите очи е оправдан. Исус живееше праведен живот наместо нас грешниците и кога умре- Тој не умре поради некој Свој грев. Тој умре поради нашите гревови и ја задоволи правдата која велеше дека ,,платата, што ја дава гревот, е смрт’’ но, милостивиот Бог преку Христос ни даде подарок: ,,а подарокот од Бога е живот вечен во Христос Исус, нашиот Господ.’’ (Послание до Римјаните 6:23). Христос се роди поради нас, Христос страдаше поради нас, Христос умре поради нас. А денес го славиме Христовото крштевање, кое се случи поради нас. Во Христовото крштевање гледаме пример на послушност: Христос беше послушен во се’, послушен во отелотворувањето во ваков свет полн со грев, послушен во крштевањето, послушен во службата, послушен дури до самата смрт! И во сево ова, Христос е нашиот пример.

Но, централното случување на Богојавление беше моментот кога Бог се објави. Во многу ситуации на многу начини Бог му се објави на човекот иако воопшто не е должен да го прави тоа. По Падот во грев, човекот заслужува вечно да биде одвоен од Небесниот Отец. Но, сепак, поради Неговата огромна милост, Бог ни се објавува. Додека народот стоеше на брегот на Јордан чекајќи да биде крстен од Јован, народот го немаше слушнато Божјиот глас со векови! Се чинеше како Бог да го напуштил Својот народ. Но, кога Исус беше крстен и кога излезе од водата, се отворија небесата и Духот Божји слезе над Него како гулаб. Глас од небесата говореше: „Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја!” Бог се јави! Бог се јави да го објави Својот Единороден Син Кој е во потполност според Божјата волја! Бог се јави да му даде на човекот повторно нова шанса. Бог се јави да го спаси човекот од гревот! Бог се јави да го спаси човекот од смртта! Ете, драги мои, тоа е пораката која ја носи Богојавление.

Но, наместо да ја славиме оваа порака, кај нас празникот Богојавление е некаква традиција која се накалемила и која гледаме дека денес се прилагодува на новите трендови па така си наоѓа свое оправдание и причина за постоење. Наместо овој ден и сите тие собири да се искористат за да се проповеда оваа Радосна Вест дека Бог се објави и дека Бог е Бог на милост и благодат, дека Бог преку крстот на Својот Син сака да создаде мир меѓу тебе и Него… вниманието на стотици илјадници Македонци денес беше насочено кон тоа кој ќе го фати крстот. Наместо да се прашаме што добивме од Оној Кој пред речиси 2.000 години го понесе Својот крст, ние се прашуваме кој го фати крстот во Вардар оваа година. Наместо да се прашуваме и да благодариме за се’ што ни даде Бог преку крстот Христов, ние се прашуваме што ќе добие денес оној кој во Вардар го фати крстот. Нека не биде така повеќе! Нека отсега, не само на празници туку и во секојдневието, наш фокус биде Оној за Кој Бог Отецот кога се јави рече: „Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја!”
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2013 во 20:12



Originally posted by Alcinov Alcinov напиша:

... Нека отсега, не само на празници туку и во секојдневието, наш фокус биде Оној за Кој Бог Отецот кога се јави рече: „Овој е Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја!”



АМИН!
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.