|
35mm color film |
Внеси реплика |
Автор | |
flashblic
Нов член Регистриран: 21.Јуни.2011 Статус: Офлајн Поени: 23 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 12.Септември.2011 во 23:38 |
Здраво,
Ќе искоментира некој нешто за Konica vx100 и fuji c200? Ги има на зелено пазарче... Друго, каде се' во СК може да се купи колор филм и кое фото-студио би ми го препорачале за развивање и печатење? Или кои колор филмови ги користите и кои се нивните предности, без разлика дали ги има тука или не. Во моментов на Praktica-ta возам fuji c200, но кога тогаш ќе ми треба нешто подобро, па би си сакал да ги знам опциите. Инаку веќе развив една ролна. За среќа тестна беше, пошто од студиото кај што ми развиваа и печатеа не сум баш задоволен, имаше гребаници и трошки. Поздрав Изменето од flashblic - 12.Септември.2011 во 23:55 |
|
Pero_DzULA
Сениор Регистриран: 21.Март.2008 Статус: Офлајн Поени: 236 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Grebanicite i troskite ti se od samiot aparat, a za film, ako sakas DOBAR kje si zemes SKAP, t.e. ne od tie za 100-200 denari od na pazar...
|
|
NIKON D200 + AF-S NIKKOR 18-70mm 1:3.5-4.5G IF ED + AF NIKKOR 70-300mm 1:4-5.6 G + NIKKOR AF 50mm f/1.8D
|
|
flashblic
Нов член Регистриран: 21.Јуни.2011 Статус: Офлајн Поени: 23 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Негативот е ОК, пробав и на друго место: ни трага ни глас од гребаницитe, а трошките се во прифатливи количини. |
|
Tegla
Сениор Регистриран: 16.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 2213 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Гребаници и трошки се нормална работа за колор филм. Поготово гребаниците. Филмот е многу осетлив што е невозможно да нема гребаница од апаратот, премотување назад во кутија, машина за развивање, хемија итн, итн...
Трошките се најчесто прашина или бигор од тврда вода во развивањето. Затоа професионалните скенери на принт машините во фото студијата, како и помалите скенери имаат технологија за елиминирање на гребаници на колор филм. Најупотребувана е Digital ICE од Kodak, која на професионалните е во реално време, додека на помалите скенери одзема мноогу време. Затоа ако ги споредиш принтовите со скеновите од фото студио, принтовите може и да немаат гребаници, а на скенот да има. Околу филмовите. За жал кај нас повеќе нема од кај да се купи добар филм од Fuji и Kodak. Бизнисот комплетно е замрен и нема никаква логика да се продаваат филмови во продавница. Она што го купуваш на пазар е или стара роба со многу поминат рок или кинески копии кои не вредат ни пет пари и само го уништуваат задоволството. Добри филмови може да се најдат по фото студијата и тоа Centuria (ex Konika), Ferania и некој ефтин Fuji. Од поефтините филмови би ти препорачал Fuji Superia и Kodak Gold. Од поскапите преферирам Kodak. Најдобар начин за набавка на добри филмови е нарачка од странство од B&H и слични, или како што се збори дека набрзо ќе има PayPal кај нас, од Ebay. Од друга страна кај нас од Трансакта може да се набават Ilford црно бели филмови, хемикалии, хартија за само д си ги развиваш и печатиш дома. Црно белиот филм многу потешко се гребе, лесно се равива, а потоа можеш да го однесеш во фото студио да ти го скенираат и да си направиш фотки. Дури можеш и за песпари да најдеш мал копир апарат за дома да си правиш црно бели принтови до 20x30 па и поголеми во зависност од копирот и просторот. Ова го куцам додека во моментов ми се скенираат 4 филмови. Среден формат. Kodak Portra i Fuji NPH. |
|
That is called grain. It is supposed to be there.
|
|
flashblic
Нов член Регистриран: 21.Јуни.2011 Статус: Офлајн Поени: 23 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
фала, Тегла. Би те прашал уште нешто; Kај принтови ДО 20x30, дали има забележителна разлика во квалитетот помеѓу 35мм и среден формат?
Поздрав |
|
Zoran K
Модератор Регистриран: 17.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 3244 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Imav shansa ekstenzivno da gi koristam Portra i NPH i spored moeto iskustvo, vo sporedba so drugite filmovi, ovie se najdobri. A od niv dvata go preferiram NPH, osobeno za 35mm.
|
|
Tegla
Сениор Регистриран: 16.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 2213 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Разлика има и на 800x800 на екран, а не пак на принт. Драматична разлика. |
|
That is called grain. It is supposed to be there.
|
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |