IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Фобии
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Затворена темаФобии

 Внеси реплика Внеси реплика
Автор
Порака
Martin1990 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 25.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2
Директен линк до овој коментар Тема: Фобии
    Испратена: 25.Март.2011 во 10:22
1. Арахнофобија
Арахнофобијата претставува страв од пајаци; тоа е најчестата фобија и од неа страдаат голем број на луѓе, во помала или поголема мера. Луѓето со арахнофобија чувствуваат силно чувство на немир кога ќе се соочат со пајак, а исто така можат да се јават и телесни симптоми како потење и треперење секогаш кога ќе видат пајак. Арахнофобијата е почеста кај жените отколку кај мажите.

2. Акрофобија
Акрофобијата претставува страв од височини. Овој страв е тесно поврзан и со други фобии, како стравот од паѓање. Повеќето луѓе со акрофобија постојано избегнуваат да одат на повисоки места, бидејќи таквите посети кај нив предизвикуваат непријатни психолошки и физиолошки симптоми. Акрофобијата е многу честа, и повеќето луѓе општо земено чувствуваат страв од височини, повеќе или помалку.
3. Клаустрофобија
Клаустрофобијата е страв од затворен простор; вообичаено кај луѓето се развива овој претеран страв како резултат на чувство на заробеност. Луѓето со ова нарушување, особено ако истото е поизразено, избегнуваат да одат во затворени простори како пештери, тунели, па дури и лифтови.
4. Аерофобија
Аерофобијата е страв од летање. Многу луѓе страдаат од ова нарушување, и поради истото тешко се решаваат на патување со авион. Аерофобијата предизвикува силно чувство на нервоза и паника. Самото влегување во авион може да биде доволно некои луѓе да добијат напади на паника, меѓутоа паниката најчесто ги обзема овие луѓе при самото полетување на авионот, како и при приземјувањето, а се разбира паниката е многу поинтензивна кога авионот минува низ турбуленции.
5. Некрофобија
Тука станува збор за постојан страв од умирање или пак од мртви луѓе. И на повеќето луѓе не им се допаѓа помислата на смртта, но луѓето погодени од ова нарушување развиваат вистинска опсесија со смртта. Понекогаш овој страв е поврзан и со стравот од непознатото. Во најтешките случаи овие луѓе не само што се вознемируваат кога ќе видат мртовец, туку и кога ќе видат мртво животно, или пак кога ќе видат мртовец во весник или на телевизија доживуваат напади на силна вознемиреност.
6. Страв од темнината
Стравот од темнината уште е познат и по името никтофобија или скотофобија. Најчесто овој страв се јавува во периодот на во детството; повеќето луѓе го надраснуваат овој страв како што созреваат, но кај некои тој останува и во возрасниот период. Стравот од темнина може негативно да се одрази на навиките за спиење кај личноста, како и врз социјалните навики воопшто.
7. Офидиофобија
Офидиофобијата претставува страв од змии. Повеќето луѓе се плашат од змии, но некои луѓе чувствуваат силни симптоми на вознемиреност при самата помисла на змии, а не дај Боже и навистина да видат една.

8. Страв од забар
Сите ние се чувствуваме нелагодно при посета на забар, но некои луѓе штом ќе седнат на столчето добиваат вистински напади на паника, па така овие луѓе прават се што можат за да не отидат на забар, дури и кога навистина имаат потреба од такво нешто. Оваа фобија се развива како резултат на негативни искуства од минатото, како и на страв од болка.

9. Кинофобија
Кинофобијата е страв од кучиња. Овој страв речиси секогаш се јавува како последица на непријатно искуство со куче во минатото, како на пример ако личноста како дете била нападната од куче. Но покрај тоа, кинофобијата може да се развие и како последица на негативното претставување на кучињата во филмовите или телевизиските содржини.

10. Хемофобија
Хемофобијата е страв од крв и од крвавење. Повеќето луѓе кои што страдаат од оваа фобија се плашат од крв поради негативната претстава за крвта и крвавењето со која што се стекнуваат преку медиумите. Но вообичаено оваа фобија се развива и како последица на непријатно искуство од минатото.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2011 во 11:05
Јас имам страв од глушеци и забари.грицкање%20ноктиКога треба да одам на забар и сум полумртов веќе.....скелет
Кон врв
ANITA11 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 04.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 21488
Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2011 во 16:14
jas po se izgleda na skoro se sum fobicnaгрицкање%20нокти...изненадување
Кон врв
Iron Man Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
железен раз бираш

Регистриран: 11.Јануари.2009
Локација: Antarctica
Статус: Офлајн
Поени: 8032
Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2011 во 20:35
на живина

голема%20насмевка
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2011 во 23:28
Fobofobia...strav od,...da ne te fati strav! да
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
gonzo Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Мачкозил

Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2011 во 23:45

Бидејќи во фобиите не најдов ништо мистично или астрологично темава е затворена а вие можете да продолжите во една од следниве
Стравови/фобии или па  Фобија




                                     
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,797 секунди.